безбедно Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bezbedno/ За подобро да се разбереме Tue, 18 Jun 2024 12:15:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png безбедно Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bezbedno/ 32 32 Безбедно е капењето во Дојранско езеро https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/bezbedno-e-kapeneto-vo-dojransko-ezero/ Tue, 18 Jun 2024 12:15:19 +0000 https://republika.mk/?p=788762

Последните испитувања на водата од Дојранското Езеро од страна на Центарот за јавно здравје Велес покажаа дека е во одлична состојба и е безбедна за капење и рекреација на луѓето.

Ова го објави градоначалникот на Дојран, Анго Ангов, повикувајќи се на добиените резултати од извештаите на здравствената установа.

Според неодамнешните извештаи од тестирањата на здравствената безбедност на водата од Дојранското Езеро, примероци земени од Градската плажа, плажата кај хотелот “Полин” и плажата “Гранико” од страна на Центарот за јавно здравје, институција со докажан квалитет која успешно работи години наназад, докажано е дека водата кај трите плажи е во одлична состојба и не постои пречка луѓето слободно да се капат и да уживаат во рекреативни активности во водата, објави Ангов.

Додава дека резултатите од испитувањата на езерската вода се идентични со лани, односно се повторува непроменета одлична состојба и покажува параметри кои не се одразуваат штетно по здравјето на луѓето.

Инаку, во текот на летниот период од страна на Центарот за јавно здравје, Велес, неколку пати се земаат примероци од езерската вода за тестирање.

The post Безбедно е капењето во Дојранско езеро appeared first on Република.

]]>

Последните испитувања на водата од Дојранското Езеро од страна на Центарот за јавно здравје Велес покажаа дека е во одлична состојба и е безбедна за капење и рекреација на луѓето. Ова го објави градоначалникот на Дојран, Анго Ангов, повикувајќи се на добиените резултати од извештаите на здравствената установа.
Според неодамнешните извештаи од тестирањата на здравствената безбедност на водата од Дојранското Езеро, примероци земени од Градската плажа, плажата кај хотелот “Полин” и плажата “Гранико” од страна на Центарот за јавно здравје, институција со докажан квалитет која успешно работи години наназад, докажано е дека водата кај трите плажи е во одлична состојба и не постои пречка луѓето слободно да се капат и да уживаат во рекреативни активности во водата, објави Ангов.
Додава дека резултатите од испитувањата на езерската вода се идентични со лани, односно се повторува непроменета одлична состојба и покажува параметри кои не се одразуваат штетно по здравјето на луѓето. Инаку, во текот на летниот период од страна на Центарот за јавно здравје, Велес, неколку пати се земаат примероци од езерската вода за тестирање.

The post Безбедно е капењето во Дојранско езеро appeared first on Република.

]]>
Градоначалникот на Центар ги уверува граѓаните: Безбедно е во Дебар Маало, патролираат поголем број полицајци https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/gradonachalnikot-na-tsentar-gi-uveruva-graganite-bezbedno-e-vo-debar-maalo-patroliraat-pogolem-broj-politsajtsi/ Sun, 24 Sep 2023 12:09:53 +0000 https://republika.mk/?p=684686

Поголем број полицајци патролираат во општина Центар, односно во Дебар маало, по неколкуте инциденти што се случија на тој потег последните денови.

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски, по состаноците со Игор Стаменковски Командир на ПС Беко и Орце Спасовски Началник на ЕВР Центар и Бит Пазар, добил уверување дека поголем број полицајци ќе патролираат низ Центар, до декември.

Герасимовски апелира и до родителите будно да ги следат децата, да работат со нив на превенција од насилство, алкохолизирање и најважно злоупотреба на дрога која е огромна опасност кај младите.

Тој ги повикал родителите да потпишат петиција со која Министерство за внатрешни работи, Министерство за образование и Министерство за труд и социјална политика и МОН, да изнајдат мерки и механизми за намалување на меѓуврсничкото насилство и девијантното однесување.

– Бараме измена на одредени членови во законите. Самата петиција, се собираат потписи и ќе биде доставена до сите медиуми. Ако сте прошетале деновиве низ Дебар маало и низ општината, може да забележите зголемено присуство на полицијата кои се на улиците. Целта ни е онаа малолетна деликвенција и оние немили настани да ги искорениме – рече Герасимовски на прес-конференција каде се промовираа „Маалските игри“.

Герасимовски ги посочи бездомниците како дел од проблемот и вели дека без разлика што тие ги отсрануваат импровизираните живеалишта на бездомниците од неколку локации, вклучително и спроти МОН, тие повторно се враќаат, а за да се реши тој проблем, потребен е поголем ангажман од МТСП.

 

The post Градоначалникот на Центар ги уверува граѓаните: Безбедно е во Дебар Маало, патролираат поголем број полицајци appeared first on Република.

]]>

Поголем број полицајци патролираат во општина Центар, односно во Дебар маало, по неколкуте инциденти што се случија на тој потег последните денови. Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски, по состаноците со Игор Стаменковски Командир на ПС Беко и Орце Спасовски Началник на ЕВР Центар и Бит Пазар, добил уверување дека поголем број полицајци ќе патролираат низ Центар, до декември. Герасимовски апелира и до родителите будно да ги следат децата, да работат со нив на превенција од насилство, алкохолизирање и најважно злоупотреба на дрога која е огромна опасност кај младите. Тој ги повикал родителите да потпишат петиција со која Министерство за внатрешни работи, Министерство за образование и Министерство за труд и социјална политика и МОН, да изнајдат мерки и механизми за намалување на меѓуврсничкото насилство и девијантното однесување.
– Бараме измена на одредени членови во законите. Самата петиција, се собираат потписи и ќе биде доставена до сите медиуми. Ако сте прошетале деновиве низ Дебар маало и низ општината, може да забележите зголемено присуство на полицијата кои се на улиците. Целта ни е онаа малолетна деликвенција и оние немили настани да ги искорениме – рече Герасимовски на прес-конференција каде се промовираа „Маалските игри“.
Герасимовски ги посочи бездомниците како дел од проблемот и вели дека без разлика што тие ги отсрануваат импровизираните живеалишта на бездомниците од неколку локации, вклучително и спроти МОН, тие повторно се враќаат, а за да се реши тој проблем, потребен е поголем ангажман од МТСП.  

The post Градоначалникот на Центар ги уверува граѓаните: Безбедно е во Дебар Маало, патролираат поголем број полицајци appeared first on Република.

]]>
МВР со апел до граѓаните: Возете одговорно за безбедни празници! https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/mvr-so-apel-do-gragjanite-vozete-odgovorno-za-bezbedni-praznici/ Sat, 24 Dec 2022 14:13:10 +0000 https://republika.mk/?p=589483

Денеска (24.12.2022) Министерството за внатрешни работи и Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот во Охрид реализираа активности од зимската и новогодишната кампања и делеа едукативен материјал за да ги потсетат возачите на законската обврска за задолжително носење на зимска опрема, како и да ги почитуваат правилата и прописите во сообраќајот за време на претстојните новогодишни празници и особено, да не седнуваат зад воланот доколку пиеле алкохол.. „Новогодишните празници се карактеризираат со поголема раздвиженост на луѓето, празнично расположение и поголема густина во сообраќајот, но не смеат да се запостават ни ниските температури и лизгавите коловози.

Затоа, РСБСП на возачите им препорачува: да не конзумираат алкохол кога управуваат со моторно возило, да ја прилагодат брзината според условите на патот, да не користат мобилен телефон додека возат, задолжително да користат сигурносен појас, да направат зимска проверка на возилото, да се почитува растојанието меѓу возилата, да се избегнува нагло сопирање на возилото и сл. Возете одговорно за среќна и безбедна 2023 година“, рече претседателката на РСБСП Гордана Кожуваровска.

Помошникот министер за односи со јавност во МВР Тони Ангеловски потенцира дека доколку некој пиел алкохол никако не смее да управува возило. „Особено сега во деновите кога се организираат бројни забави, како и за време на новогодишната прослава сите треба да бидеме одговорни за да имаме безбеден сообраќај. Доколку пиете, никако не возете, затоа што тоа може да биде кобно за вас, но и за другите учесници во сообраќајот. Покрај овие апели кои што секојдневно ги упатуваме, веќе на улиците и патиштата може да ги забележите засилените контроли од страна на полицијата, со цел да се санкционираат оние кои со непочитувањето на правилата ја загрозуваат безбедноста на сообраќајот. Мораме сите заеднички да придонесеме за да имаме безбедни и среќни празници“, рече Ангеловски.

The post МВР со апел до граѓаните: Возете одговорно за безбедни празници! appeared first on Република.

]]>

Денеска (24.12.2022) Министерството за внатрешни работи и Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот во Охрид реализираа активности од зимската и новогодишната кампања и делеа едукативен материјал за да ги потсетат возачите на законската обврска за задолжително носење на зимска опрема, како и да ги почитуваат правилата и прописите во сообраќајот за време на претстојните новогодишни празници и особено, да не седнуваат зад воланот доколку пиеле алкохол.. „Новогодишните празници се карактеризираат со поголема раздвиженост на луѓето, празнично расположение и поголема густина во сообраќајот, но не смеат да се запостават ни ниските температури и лизгавите коловози. Затоа, РСБСП на возачите им препорачува: да не конзумираат алкохол кога управуваат со моторно возило, да ја прилагодат брзината според условите на патот, да не користат мобилен телефон додека возат, задолжително да користат сигурносен појас, да направат зимска проверка на возилото, да се почитува растојанието меѓу возилата, да се избегнува нагло сопирање на возилото и сл. Возете одговорно за среќна и безбедна 2023 година“, рече претседателката на РСБСП Гордана Кожуваровска. Помошникот министер за односи со јавност во МВР Тони Ангеловски потенцира дека доколку некој пиел алкохол никако не смее да управува возило. „Особено сега во деновите кога се организираат бројни забави, како и за време на новогодишната прослава сите треба да бидеме одговорни за да имаме безбеден сообраќај. Доколку пиете, никако не возете, затоа што тоа може да биде кобно за вас, но и за другите учесници во сообраќајот. Покрај овие апели кои што секојдневно ги упатуваме, веќе на улиците и патиштата може да ги забележите засилените контроли од страна на полицијата, со цел да се санкционираат оние кои со непочитувањето на правилата ја загрозуваат безбедноста на сообраќајот. Мораме сите заеднички да придонесеме за да имаме безбедни и среќни празници“, рече Ангеловски.

The post МВР со апел до граѓаните: Возете одговорно за безбедни празници! appeared first on Република.

]]>