безбеден град Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bezbeden-grad/ За подобро да се разбереме Wed, 27 Nov 2024 13:12:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png безбеден град Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bezbeden-grad/ 32 32 Тошковски: За пофункционален систем „Сејф сити“ отворена можност да ги искористиме искуствата од ОАЕ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/toshkovski-za-pofunktsionalen-sistem-sejf-siti-otvorena-mozhnost-da-gi-iskoristime-iskustvata-od-oae/ Wed, 27 Nov 2024 13:12:34 +0000 https://republika.mk/?p=842319

Во рамки на посетата на Министерството за внатрешни работи на Обединетите Арапски Емирати, министерот Панче Тошковски остварил работни посети и на Одделот за менаџирање на сообраќајот, системот „Safe City” и Академијата за цивилна одбрана.

Имав одлична можност одблиску да видам како функционира еден современ систем за побезбеден град во кој се имплементирани највисоките технолошки достигнувања како што е вештачката интелигенција, а во функција на поголема безбедност, помалку криминал, како и помалку жртви од сообраќајни незгоди. Имајќи предвид дека сме во фаза на имплементација на ваков сличен систем и во нашата држава, од особена корист ќе биде поголема соработка со МВР на ОАЕ сѐ со цел користење на искуствата кои ги имаат стекнато во овој дел, потенцираше министерот Тошковски.

Како што соопштуваат од МВР, во Академијата за цивилна одбрана министерот Тошковски се запознал со капацитетите за обука кои ги имаат во делот на справувањето со пожари, особено во делот на специјализирани тренинзи во симулирани ситуации на пожар во различни објекти.

The post Тошковски: За пофункционален систем „Сејф сити“ отворена можност да ги искористиме искуствата од ОАЕ appeared first on Република.

]]>

За да се исклучи човечки фактор и избегнување на плаќање на казна, „Сејф сити“ ќе е целосно дигитализиран процес https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/za-da-se-iskluchi-chovechki-faktor-i-izbegnuvane-na-plakane-na-kazna-sejf-siti-ke-e-tselosno-digitaliziran-protses/ Mon, 18 Nov 2024 08:05:44 +0000 https://republika.mk/?p=839010

Mеѓуресорска работна група, составена од членови на Министерството за внатрешни работи и Министерството за правда и професори од Правниот факултет во Скопје работи на измените на Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата и Законот за прекршоците.

Како што потенцираше министерот за внатрешни работи Панче Тошковски по работниот состанок со меѓуресорската група, овие измени се неопходни за целосна имплементација и ставање во функција на системот за електронско детектирање на сообраќајни прекршоци, познат како „Безбеден град”.

Нашата визија е следејќи ги европските стандарди, да спроведеме целосна дигитализација на овој процес, така што ќе го исклучиме човечкиот фактор кој би овозможил избегнување на плаќање на казната. Системот автоматски ќе ги детектира, евидентира и процесира прекршоците, обезбедувајќи поголема ефикасност и ефективност, потенцираше министерот Тошковски.

Министерот Тошковски истакна дека ставањето во функција на овој систем е еден од приоритетите на новата Влада, со единствена цел да се подобри безбедноста на патиштата и да се намали бројот на жртви.

The post За да се исклучи човечки фактор и избегнување на плаќање на казна, „Сејф сити“ ќе е целосно дигитализиран процес appeared first on Република.

]]>

Mеѓуресорска работна група, составена од членови на Министерството за внатрешни работи и Министерството за правда и професори од Правниот факултет во Скопје работи на измените на Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата и Законот за прекршоците. Како што потенцираше министерот за внатрешни работи Панче Тошковски по работниот состанок со меѓуресорската група, овие измени се неопходни за целосна имплементација и ставање во функција на системот за електронско детектирање на сообраќајни прекршоци, познат како „Безбеден град”.
Нашата визија е следејќи ги европските стандарди, да спроведеме целосна дигитализација на овој процес, така што ќе го исклучиме човечкиот фактор кој би овозможил избегнување на плаќање на казната. Системот автоматски ќе ги детектира, евидентира и процесира прекршоците, обезбедувајќи поголема ефикасност и ефективност, потенцираше министерот Тошковски.
Министерот Тошковски истакна дека ставањето во функција на овој систем е еден од приоритетите на новата Влада, со единствена цел да се подобри безбедноста на патиштата и да се намали бројот на жртви.

The post За да се исклучи човечки фактор и избегнување на плаќање на казна, „Сејф сити“ ќе е целосно дигитализиран процес appeared first on Република.

]]>
Тошковски: Ставањето во функција на проектот „Безбеден град“ е приоритет на Владата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/toshkovski-stavaneto-vo-funktsija-na-proektot-bezbeden-grad-e-prioritet-na-vladata/ Sat, 16 Nov 2024 17:34:08 +0000 https://republika.mk/?p=838614

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денес одржа работен состанок со меѓуресорската работна група, составена од членови на Министерството за внатрешни работи и Министерството за правда и професори од Правниот факултет во Скопје, која работеше на измените на Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата и Законот за прекршоците.

Овие измени се неопходни за целосна имплементација и ставање во функција на системот за електронско детектирање на сообраќајни прекршоци, познат како “Безбеден град”. Нашата визија е следејќи ги европските стандарди, да спроведеме целосна дигитализација на овој процес, така што ќе го исклучиме човечкиот фактор кој би овозможил избегнување на плаќање на казната. Системот автоматски ќе ги детектира, евидентира и процесира прекршоците, обезбедувајќи поголема ефикасност и ефективност, потенцираше министерот Тошковски.

Министерот Тошковски истакна дека ставањето во функција на овој систем е еден од приоритетите на новата Влада, со единствена цел да се подобри безбедноста на патиштата и да се намали бројот на жртви.

The post Тошковски: Ставањето во функција на проектот „Безбеден град“ е приоритет на Владата appeared first on Република.

Ќе нема веќе „повикај пријател“: Камерите на „Сејф сити“ наскоро ќе ги испорачаат првите казни https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ke-nema-veke-povikaj-prijatel-kamerite-na-sejf-siti-naskoro-ke-gi-isporachaat-prvite-kazni/ Sat, 09 Nov 2024 08:44:36 +0000 https://republika.mk/?p=835776

Во текот на следната година ќе почне автоматското казнување на возачите во сообраќајот кои ќе бидат снимени од камерите на системот Сејф сити, најави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Министерот не може да прецизира точно кога ќе почне, можно е во јануари, но најверојатно подоцна, затоа што ќе треба да се направат и законски измени за да се озвозможи автоматското казнување на сторителите на прекршоците.

Целта на овој систем, категоричен е Тошковски, е да се намали трицифрениот број на жртвите во сообраќајот, а не да се собираат пари од граѓаните.

Според министерот, претходната власт на СДСМ и ДУИ не презела соодветни чекори за овој систем да се имплементира целосно до крај. Не направиле план за тоа како ќе се поставуваат камерите, а не утврдиле ниту како ќе се одвива наплатата на казните. За да се решат овие прашања, формирана и работна група.

Како и сè друго, и ова си го терале како процес „буцни прачка, пиј вино“. Така не бива. Ние сакаме навистина системски да ги решиме проблемите, но заклучно со 2024 година, нема теорија. Се надевам дека заклучно со 2025 година ќе можам да им презентирам на граѓаните систем кој што функционира, барем во Тетово, Скопје и во Куманово. Потоа се надевам дека ќе констатираме намален број на човечки жртви. Целата е таа, а не наплата на пари од граѓаните, вели Тошковски.

Тој додаде дека територијата на Скопје сè уште не е целосно покриена со камери.

Кога се тестирал системот, на 20 отсто од камерите биле констатирани 2.000 прекршоци.

Според Тошковски, со системот ќе завршат и ургенциите за укинување на казните.

Една од придобивките на Сејф сити е тоа што нема да има повеќе јави му се на Петре, на Трајче, на министерот, на главниот инспектор, на помошникот, на градоначалничката, туку едноставно компјутер ќе е. Нема кому да е јавите. Едноставно, ќе треба да му ѕвоните на компјутерот. Од таа страна нема да ви одговорат, посочи министерот.

Министерот рече и дека се потребни одредени законски измени за воспоставување на систем којшто ќе ги казнува оние кои управуваат моторно возило спротивно на закон, исклучувајќи го човечкиот фактор за одлуката дали треба или не треба да биде казнет.

Ќе треба да се направат одредени законски измени и да се утврдат чекорите кои што ќе се преземат во иднина, за на крајот на денот имаме систем којшто ќе ги казнува сите оние кои управуваат моторно возило спротивно на закон, исклучувајќи го човечкиот фактор во одлуката дали треба или не треба казна. Се надевам дека во текот на 2025 година ќе имаме финална имплементација на овој проект, рече вчера Тошковски.

The post Ќе нема веќе „повикај пријател“: Камерите на „Сејф сити“ наскоро ќе ги испорачаат првите казни appeared first on Република.

]]>

Во текот на следната година ќе почне автоматското казнување на возачите во сообраќајот кои ќе бидат снимени од камерите на системот Сејф сити, најави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Министерот не може да прецизира точно кога ќе почне, можно е во јануари, но најверојатно подоцна, затоа што ќе треба да се направат и законски измени за да се озвозможи автоматското казнување на сторителите на прекршоците. Целта на овој систем, категоричен е Тошковски, е да се намали трицифрениот број на жртвите во сообраќајот, а не да се собираат пари од граѓаните. Според министерот, претходната власт на СДСМ и ДУИ не презела соодветни чекори за овој систем да се имплементира целосно до крај. Не направиле план за тоа како ќе се поставуваат камерите, а не утврдиле ниту како ќе се одвива наплатата на казните. За да се решат овие прашања, формирана и работна група.
Како и сè друго, и ова си го терале како процес „буцни прачка, пиј вино“. Така не бива. Ние сакаме навистина системски да ги решиме проблемите, но заклучно со 2024 година, нема теорија. Се надевам дека заклучно со 2025 година ќе можам да им презентирам на граѓаните систем кој што функционира, барем во Тетово, Скопје и во Куманово. Потоа се надевам дека ќе констатираме намален број на човечки жртви. Целата е таа, а не наплата на пари од граѓаните, вели Тошковски.
Тој додаде дека територијата на Скопје сè уште не е целосно покриена со камери. Кога се тестирал системот, на 20 отсто од камерите биле констатирани 2.000 прекршоци. Според Тошковски, со системот ќе завршат и ургенциите за укинување на казните.
Една од придобивките на Сејф сити е тоа што нема да има повеќе јави му се на Петре, на Трајче, на министерот, на главниот инспектор, на помошникот, на градоначалничката, туку едноставно компјутер ќе е. Нема кому да е јавите. Едноставно, ќе треба да му ѕвоните на компјутерот. Од таа страна нема да ви одговорат, посочи министерот.
Министерот рече и дека се потребни одредени законски измени за воспоставување на систем којшто ќе ги казнува оние кои управуваат моторно возило спротивно на закон, исклучувајќи го човечкиот фактор за одлуката дали треба или не треба да биде казнет.
Ќе треба да се направат одредени законски измени и да се утврдат чекорите кои што ќе се преземат во иднина, за на крајот на денот имаме систем којшто ќе ги казнува сите оние кои управуваат моторно возило спротивно на закон, исклучувајќи го човечкиот фактор во одлуката дали треба или не треба казна. Се надевам дека во текот на 2025 година ќе имаме финална имплементација на овој проект, рече вчера Тошковски.

The post Ќе нема веќе „повикај пријател“: Камерите на „Сејф сити“ наскоро ќе ги испорачаат првите казни appeared first on Република.

]]>
Сите сакаме ред, да спиеме навечер без гласна музика, без да „летаат“ со 180 по „Партизанска“, вели Тошковски и најави казни за секој прекршок https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/site-sakame-red-da-spieme-navecher-bez-glasna-muzika-bez-da-letaat-so-180-po-partizanska-veli-toshkovski-i-najavi-kazni-za-sekoj-prekrshok/ Wed, 03 Jul 2024 18:39:47 +0000 https://republika.mk/?p=793189

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски порача дека системот „Безбеден град“ многу набрзо ќе биде ставен во функција, и тоа првично во Скопје, Тетово и Куманово.

Сите сакаме ред, кој не сака ред? Сите сакаме да има ред, сите сакаме да спиеме навечер без да има гласна музика, сите сакаме да имаме мир без да „летаат“ со 180 по „Партизанска“ и по другите булевари во Скопје. Над 95 проценти од луѓето, па и повеќе, сакаат да има ред и поредок. Е сега, за да имаме ред и поредок, еден од условите коишто, според мене, треба да ги сториме во иднина е целосна имплементација на „Безбеден град“, првично во Скопје, Тетово, Куманово. Тоа значи дека секој којшто поминал на црвено треба да биде казнет, тоа значи дека секој којшто погрешно паркирал треба да биде казнет, тоа значи дека секој којшто возел со поголема брзина од дозволената треба да биде казнет. Тоа е во интерес на сите граѓани, рече тошковски.

Министерот посочи дека пред да биде имплементиран, потребно е да се направат одредени законски измени и да се дефинираат деталите околу тоа како ќе функционира.

Претходно имале малку поинаква визија од таа јас што ја имам, од аспект на имплементација, но генерално тоа е тоа. Ќе се казнува сопственикот на возилото. Да, тука има дали требало така, дали можело така, во многу голем број европски држави е така и треба да се внимава кога ќе се даде на управување возилото од страна на сопственикот. Има сега тука ако е на правно лице, има работи коишто ќе треба да се потсредат. Ќе треба да се среди доставата како ќе оди, да не испадне сега дека се изгубиле предметите при доставата, итн. Тоа се делови коишто мораат да се имплементираат, рече Тошковски.

Сепак, Тошковски смета дека по неговото ставање во функција ќе треба да има одреден период на предупредување, едукација и превенција.

Тоа значи дека најмалку месец дена откако ќе биде имплементиран и функционален, ќе треба силна кампања за да не испадне дека државата има за цел да ги казнува финансиски граѓаните. Не, државата треба да има за цел да создаде ред и поредок. И, нормално, нормални сообраќајници во Скопје, да не гинат цело време луѓе по скопските улици и сите останати улици во Македонија, порача Тошковски.

The post Сите сакаме ред, да спиеме навечер без гласна музика, без да „летаат“ со 180 по „Партизанска“, вели Тошковски и најави казни за секој прекршок appeared first on Република.

Казни на адреса ќе стигаат после законските измени, засега само се поставуваат нови камери за „Безбеден град“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kazni-na-adresa-ke-stigaat-posle-zakonskite-izmeni-zasega-samo-se-postavuvaat-novi-kameri-za-bezbeden-grad/ Mon, 20 May 2024 14:25:12 +0000 https://republika.mk/?p=780205

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денес оствари работна средба на Единицата за оперативно-технички работи при Бирото за јавна безбедност во чија надлежност е системот за видеонадзор на сообраќајниците познат како „Безбеден град“.

Во рамки на посетата министерот беше запознаен со работата на оваа организациска единица, тековните активности и проблеми од делокругот на нивната работа.

Во тој контекст беше истакнато дека во моментот ваков систем е поставен само во Скопје, Куманово и Тетово, има недостаток на покриеност на многу значајни крстосници, а голем дел од камерите и опремата која се користи во овој систем е технички застарена, а дел и неисправна. Исто така бев информиран за наградбата на системот која е во тек, а која опфаќа замена на постојните камери со нови и проширување на системот со нови камери на точки кои досега не беа покриени. Водено, во фаза на тестирање е системот за автоматско евидентирање на сообраќајни прекршоци за чие целосно ставање во функција потребно е да се направат и соодветни законски измени, издвои министерот Тошковски од средбата.

Во иднина треба во континуитет да се инвестира во овој дел, да се прошири и во другите градови низ државата, како и да се распредели дополнителен кадар со цел оваа организациска единица да работи непречено во текот на 24 часа, бидејќи е од круцијално значење за обезбедување на поволна безбедносна состојба.

The post Казни на адреса ќе стигаат после законските измени, засега само се поставуваат нови камери за „Безбеден град“ appeared first on Република.

]]>

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денес оствари работна средба на Единицата за оперативно-технички работи при Бирото за јавна безбедност во чија надлежност е системот за видеонадзор на сообраќајниците познат како „Безбеден град“. Во рамки на посетата министерот беше запознаен со работата на оваа организациска единица, тековните активности и проблеми од делокругот на нивната работа.
Во тој контекст беше истакнато дека во моментот ваков систем е поставен само во Скопје, Куманово и Тетово, има недостаток на покриеност на многу значајни крстосници, а голем дел од камерите и опремата која се користи во овој систем е технички застарена, а дел и неисправна. Исто така бев информиран за наградбата на системот која е во тек, а која опфаќа замена на постојните камери со нови и проширување на системот со нови камери на точки кои досега не беа покриени. Водено, во фаза на тестирање е системот за автоматско евидентирање на сообраќајни прекршоци за чие целосно ставање во функција потребно е да се направат и соодветни законски измени, издвои министерот Тошковски од средбата.
Во иднина треба во континуитет да се инвестира во овој дел, да се прошири и во другите градови низ државата, како и да се распредели дополнителен кадар со цел оваа организациска единица да работи непречено во текот на 24 часа, бидејќи е од круцијално значење за обезбедување на поволна безбедносна состојба.

The post Казни на адреса ќе стигаат после законските измени, засега само се поставуваат нови камери за „Безбеден град“ appeared first on Република.

]]>
Се поставуваат нови камери во Скопје, од МВР велат дека ќе се користат за документирање на сообраќајни прекршоци https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/se-postavuvaat-novi-kameri-vo-skopje-od-mvr-velat-deka-ke-se-koristat-za-dokumentirane-na-soobrakajni-prekrshotsi/ Thu, 21 Dec 2023 15:35:07 +0000 https://republika.mk/?p=725349

Ќе пристигаат ли казни за сообраќајни прекршоци на домашна адреса? Вакви муабети се раширија меѓу корисниците на социјалните мрежи откако беа забележани нови камери на скопските раскрсници. Уреди во сина боја се поставуваат до веќе постоечките камери, а од МВР за „Република“ велат дека тоа се камери кои се поставуваат во рамките на проектот „Безбеден град”.

На прашањата дали се планира воведување на казни за брзо возење, поминување на црвено светло и слични сообраќајни прекршоци кои се регистрирани од овие камери, од Министерството велат дека тие сè уште се поставуваат и дека откако сите предвидени ќе бидат поставени, ќе се користат за документирање на сообраќајни прекршоци.

Потенцираат и дека камерите сè уште не се во функција.

По завршувањето на сите потребни активности околу овој проект соодветно ќе ја известиме јавноста, велат од Министерството.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски неодамна ја најави надоградбата на системот „Сејф сити“, но зборуваше за вклучување на автопатиштата низ државата и други поголеми градови.

Во овој момент го имаме само во Скопје, Куманово и Тетово, а во тек е процес на надграба на целиот овој систем. Надградбата ќе ги вклучи и автопатиштата низ државата и овие три градови и тука ќе се вклучи, секако, и електронското утврдување на собраќајните прекршоци. Идејата е да се прошири, пред се, во големите градови кадешто имаме поголема фреквенција на луѓе. Штип е е еден од тие градови, иако мораме да кажеме дека Истокот, подрачјето на Штип е мирно, стабилно, меѓутоа секаде кадешто имаме видео надзор имаме подобрување на безбедносната состојба, но ни помага и во откривачката дејност на јавната безбедност, рече Спасовски во одговор на новинарското прашање.

The post Се поставуваат нови камери во Скопје, од МВР велат дека ќе се користат за документирање на сообраќајни прекршоци appeared first on Република.

]]>

Ќе пристигаат ли казни за сообраќајни прекршоци на домашна адреса? Вакви муабети се раширија меѓу корисниците на социјалните мрежи откако беа забележани нови камери на скопските раскрсници. Уреди во сина боја се поставуваат до веќе постоечките камери, а од МВР за „Република“ велат дека тоа се камери кои се поставуваат во рамките на проектот „Безбеден град”. На прашањата дали се планира воведување на казни за брзо возење, поминување на црвено светло и слични сообраќајни прекршоци кои се регистрирани од овие камери, од Министерството велат дека тие сè уште се поставуваат и дека откако сите предвидени ќе бидат поставени, ќе се користат за документирање на сообраќајни прекршоци. Потенцираат и дека камерите сè уште не се во функција.
По завршувањето на сите потребни активности околу овој проект соодветно ќе ја известиме јавноста, велат од Министерството.
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски неодамна ја најави надоградбата на системот „Сејф сити“, но зборуваше за вклучување на автопатиштата низ државата и други поголеми градови.
Во овој момент го имаме само во Скопје, Куманово и Тетово, а во тек е процес на надграба на целиот овој систем. Надградбата ќе ги вклучи и автопатиштата низ државата и овие три градови и тука ќе се вклучи, секако, и електронското утврдување на собраќајните прекршоци. Идејата е да се прошири, пред се, во големите градови кадешто имаме поголема фреквенција на луѓе. Штип е е еден од тие градови, иако мораме да кажеме дека Истокот, подрачјето на Штип е мирно, стабилно, меѓутоа секаде кадешто имаме видео надзор имаме подобрување на безбедносната состојба, но ни помага и во откривачката дејност на јавната безбедност, рече Спасовски во одговор на новинарското прашање.

The post Се поставуваат нови камери во Скопје, од МВР велат дека ќе се користат за документирање на сообраќајни прекршоци appeared first on Република.

]]>
Спасовски: Ќе се надградува системот „Сејф сити“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/spasovski-ke-se-nadgraduva-sistemot-sejf-siti/ Tue, 12 Dec 2023 09:56:30 +0000 https://republika.mk/?p=722074

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, најави дека ќе се надградува системот „Сејф сити“, а тоа ќе ги вклучи автопатиштата низ државата и други поголеми градови.

Спасовски ова го изјави во одговор на новинарско прашање по денешната посета на СВР Штип, при што најави дека и овој град е еден од тие во кој може да се прошири овој систем.

Во овој момент го имаме само во Скопје, Куманово и Тетово, а во тек е процес на надграба на целиот овој систем. Надградбата ќе ги вклучи и автопатиштата низ државата и овие три градови и тука ќе се вклучи, секако, и електронското утврдување на собраќајните прекршоци. Идејата е да се прошири, пред се, во големите градови кадешто имаме поголема фреквенција на луѓе. Штип е е еден од тие градови, иако мораме да кажеме дека Истокот, подрачјето на Штип е мирно, стабилно, меѓутоа секаде кадешто имаме видео надзор имаме подобрување на безбедносната состојба, но ни помага и во откривачката дејност на јавната безбедност, рече Спасовски во одговор на новинарското прашање.

The post Спасовски: Ќе се надградува системот „Сејф сити“ appeared first on Република.

]]>

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, најави дека ќе се надградува системот „Сејф сити“, а тоа ќе ги вклучи автопатиштата низ државата и други поголеми градови. Спасовски ова го изјави во одговор на новинарско прашање по денешната посета на СВР Штип, при што најави дека и овој град е еден од тие во кој може да се прошири овој систем.
Во овој момент го имаме само во Скопје, Куманово и Тетово, а во тек е процес на надграба на целиот овој систем. Надградбата ќе ги вклучи и автопатиштата низ државата и овие три градови и тука ќе се вклучи, секако, и електронското утврдување на собраќајните прекршоци. Идејата е да се прошири, пред се, во големите градови кадешто имаме поголема фреквенција на луѓе. Штип е е еден од тие градови, иако мораме да кажеме дека Истокот, подрачјето на Штип е мирно, стабилно, меѓутоа секаде кадешто имаме видео надзор имаме подобрување на безбедносната состојба, но ни помага и во откривачката дејност на јавната безбедност, рече Спасовски во одговор на новинарското прашање.

The post Спасовски: Ќе се надградува системот „Сејф сити“ appeared first on Република.

]]>
Борците за ИСИС и Ал Каеда, повратници од Сирија и Ирак, не се на листата Безбеден град? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/bortsite-za-isis-i-al-kaeda-povratnitsi-od-sirija-i-irak-ne-se-na-listata-bezbeden-grad/ Tue, 21 Mar 2023 12:36:27 +0000 https://republika.mk/?p=622042

Оливер Спасовски бега од одговори кога и дали е извршен претрес и дали е одземен калашниковот од куќниот пријател на Сашо Тасевски од Ласкарци, потсети на денешната прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски.

Спасовски бега од одговор дали во МВР има регистрирано пиштол Глок 9 мм на име од листата за проверки Безбеден град, а сега бега од одговори и дали и зошто борци-повратниците од Сирија и Ирак, доброволците во ИСИС и Ал Каеда, не се на листата Безбеден Град, вклучително и членови од повеќе познати криминални групи во Скопје. Борците од ИСИС и Ал Каеда се познати по суровоста, минале низ траумите, сведочеле или можеби извршувале ѕверства, а сега не се дел од листата на МВР од лица безбедносен интерес? Дали Спасовски и МВР веруваат дека овие луѓе не би требало да бидат дел од безбедносниот интерес во Скопје? Дали можеби криминалните групи Беланоца, Кондово, Барон, се непознати за полицијата па нивни членови нема на листата Безбеден град? Спасовски може да продолжи да бега од одговори и одговорност, но факт е дека Скопје и Македонија се дават во насилен криминал, факт е дека затвореници излегуваат кога сакаат, а брутални мафијашки ликвидации се случуваат на 300 метри од владата. Сето тоа е резултат на фактот дека нема јасна линија на поделба на криминалци и оние што се борат против криминалот, уште повеќе, што институциите шуруваат со криминалот, рече тој.

https://youtube.com/watch?v=bw14cpNF48s&feature=shares

The post Борците за ИСИС и Ал Каеда, повратници од Сирија и Ирак, не се на листата Безбеден град? appeared first on Република.

Дали МВР регистрирала пиштол марка „Глок“ на лице од листата „Безбеден град“? https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/dali-mvr-registrirala-pishtol-marka-glok-na-litse-od-listata-bezbeden-grad/ Sun, 19 Mar 2023 11:54:21 +0000 https://republika.mk/?p=621209

МВР на Оливер Спасовски се обидува со молк да забошоти огромен скандал.Дали во МВР е регистрирано оружје, пиштол Глок, калибар 9 милиметри, на лице со одобрение за оружје, Шукри Асани од Сарај, роден 1996 година?

Дали Шукри Асани од Сарај, роден 1996 година, е во првите пет на листата „Безбеден град“ за следење, листа на топ 50 поврзани со тежок криминал?,прашува Наум Стоилковски.

А, зошто МВР, молчи за ова?

Комисијата за дозволите, одобренијата за оружје е составена од Оливер Спасовски, а водена од неговиот пулен Музафер Каришиќ. Скандалот е уште поголем со тоа што токму Каришиќ е творец на планот „Безбеден град“!

https://www.youtube.com/watch?v=9359iek-GqU&embeds_euri=https%3A%2F%2Fvmro-dpmne.org.mk%2F&source_ve_path=MjM4NTE&feature=emb_title

Творецот на овој план и список дава дозвола за оружје на лице во врвот на овој план и список!Молкот повеќе не е опција за Спасовски, ниту за МВР, молкот е само обид да стивне скандалот којшто открива поврзаност, шурување на врвот на МВР на Спасовски со криминалот.

The post Дали МВР регистрирала пиштол марка „Глок“ на лице од листата „Безбеден град“? appeared first on Република.

Спасовски: „Безбеден град“ не може да контролира сообраќај, но ќе го надградиме https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/spasovski-bezbeden-grad-ne-moze-da-kontrolira-soobrakjaj-no-kje-go-nadgradime/ Thu, 03 Feb 2022 10:34:42 +0000 https://republika.mk/?p=453475

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска информираше дека се очекува наскоро да биде завршена финансиската конструкција за новиот систем „Безбеден град“ (Safe city), додавајќи дека постоечкиот не може да контролира сообраќај, а идејата е да се направи систем којшто покрај за јавната безбедноста, ќе се користи и за контрола на сообраќајот.

– Во однос на „Безбеден град“ ја правиме финансиската конструкција која не е мала. Јас очекувам дека наскоро ќе ја заокружиме таа финансиска конструкција и ќе го започнеме процесот. Ќе барам секако поддршка и од вас медиумите и од граѓаните во однос на реализацијата на овој проект, бидејќи ќе биде многу важен, бидејќи ќе го исклучиме човечкиот фактор, нема да имаме селективност во ниту еден случај, ќе биде транспарентно и јас се надевам дека тоа многу ќе помогне во подигањето на јавната свест за сообраќајната култура, генерално кај граѓаните на Македонија, нагласи Спасовски.

Тој посочи дека за проектот се потребни поголеми финансиски средства, за кои очекува дека ќе бидат обезбедени и додаде дека постојат неколку модели кои ги разгледуваат.

Спасовски објасни дека тоа не мора да значи надградба на постоечкиот систем, туку може да се одлучи за друго решение – јавно-приватно партнерство, вложување во друга компанија или слично.

Во однос на актуелниот систем на „Безбеден град“ добро е да погледате, да истражите. Ние имавме една власт до 2017 година која што вложуваше во прислушување на граѓаните и затоа јас наследив долг од 40 милиони евра, затоа немаа полицајците униформи, затоа немаа возила, немаа други работи, бидејќи имавме таква определба која што ја имавме, а системот за безбеден град беше поврзан и се користел исклучиво за Управата за безбедност и контраразузнавање, нагласи министерот за внатрешни работи.

Тој потенцираше дека треба да се одбере опцијата која што е најповолна за МВР и за државата.

– Инаку кој и да го одбереме од тие системи ќе мора да има одржување. Тука немаме дилема. Дали ќе имаме ефикасност? Јас истакнав дека очекувам пред се системот да помогне во јакнењето на јавната свест. Гледате колку се подобрени резултатите со тоа што колегите се нон стоп на патиштата и нон стоп во контрола. Имаме сериозно намалување на бројот на жртви во сообраќајот. Во 2013 имавме 198 жртви, 2021 имаме 11 жртви. Тоа е благодарение на посветеноста и на работата или ако сакате од моментот додека јас раководам со МВР. Од 2016 година до денеска, имаме постојан пад на жртвите во сообраќајот, намалувањето на тешки телесни повреди, на сериозни штети итн. Ова е комплексен проблем. Мора и образовниот систем да преземе дел од одговорноста затоа што сообраќајната култура се стекнува од мали нозе, меѓутоа наше е да направиме се за да го подобриме тој систем на безбедност на патиштата, посочи Спасовски.

На новинарско прашање околу информациите за јавни набавки од компании кои се на „црни листи“, министерот истакна дека сите набавки коишто се прават се објавуваат во Бирото за јавни набавки.

– Можете да извршите увид во секоја една набавка која што е направена, така што во тој дел апсолутно постапките се одвиваат многу транспарентно. Е сега, во однос на набавките коишто се во делот на безбедноста, тие се многу мали набавки и такви фирми коишто се наоѓаат на „црни листи“ во моментот не се соработници на Министерството, потнецираше Спасовски.

The post Спасовски: „Безбеден град“ не може да контролира сообраќај, но ќе го надградиме appeared first on Република.

]]>

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска информираше дека се очекува наскоро да биде завршена финансиската конструкција за новиот систем „Безбеден град“ (Safe city), додавајќи дека постоечкиот не може да контролира сообраќај, а идејата е да се направи систем којшто покрај за јавната безбедноста, ќе се користи и за контрола на сообраќајот.
– Во однос на „Безбеден град“ ја правиме финансиската конструкција која не е мала. Јас очекувам дека наскоро ќе ја заокружиме таа финансиска конструкција и ќе го започнеме процесот. Ќе барам секако поддршка и од вас медиумите и од граѓаните во однос на реализацијата на овој проект, бидејќи ќе биде многу важен, бидејќи ќе го исклучиме човечкиот фактор, нема да имаме селективност во ниту еден случај, ќе биде транспарентно и јас се надевам дека тоа многу ќе помогне во подигањето на јавната свест за сообраќајната култура, генерално кај граѓаните на Македонија, нагласи Спасовски.
Тој посочи дека за проектот се потребни поголеми финансиски средства, за кои очекува дека ќе бидат обезбедени и додаде дека постојат неколку модели кои ги разгледуваат. Спасовски објасни дека тоа не мора да значи надградба на постоечкиот систем, туку може да се одлучи за друго решение – јавно-приватно партнерство, вложување во друга компанија или слично.