без плата Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bez-plata/ За подобро да се разбереме Thu, 18 Jan 2024 10:37:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png без плата Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bez-plata/ 32 32 На вработените во ЈСП повторно им касни плата, најавен бојкот https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/na-vrabotenite-vo-jsp-povtorno-im-kasni-plata-najaven-bojkot/ Thu, 18 Jan 2024 10:37:58 +0000 https://republika.mk/?p=734319

Репрезентативните синдикати во Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) Скопје ги повикуваат советниците од Советот на Град Скопје итно да свикаат седница за гласање за субвенционирање на ЈСП, во спротивно, како што најавуваат, во понеделник нема да работат.

- Репрезентативните синдикати во Јавното сообраќајно претпријатие Скопје ги повикуваат советниците од Советот на Град Скопје итно да свикаат седница на Советот со една единствена точка на дневен ред, а тоа е гласање за субвенционирање на ЈСП. Бидејќи истите тие советници го изгласаа буџетот на градот Скопје за 2024 година. Тоа значи, доколку не донесат одлука до недела, 21 јануари 2024 година, во понеделник, вработените во базите и другите сектори, нема да работат, бидејќи не е исплатена во законски рок изработената декемвриска плата, велат од синдикатите.

Законски рок за исплата на декемврискаа плата, како што информираа оттаму, е 15 јануари, а следната редовна седница на Советот на Град Скопје е закажана за 31 јануари.

The post На вработените во ЈСП повторно им касни плата, најавен бојкот appeared first on Република.

]]>

Вработените во „Печатница“ која треба да ги печати учебниците и „Службен весник“ немаат земено плата https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/vrabotenite-vo-pechatnitsa-koja-treba-da-gi-pechati-uchebnitsite-i-sluzhben-vesnik-nemaat-zemeno-plata/ Mon, 11 Sep 2023 14:01:49 +0000 https://republika.mk/?p=680920

Вработените во „Печатница Напредок принт“ и „Напредок 1“ кои преку „Просветно дело“ се ангажирани за издавање на дел од учебниците за средно образование за државните институции и кои подолг временски период го печатат „Службен весник“, веќе два месеца немаат добиено плата од работодавачот (управителот), со што се загрозува навременото печатење на учебниците, како и на „Службениот весник“, соопшти Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ).

Според ССМ, со ова, освен што се нанесува штета кон вработените со неисплаќањето на платите, ќе се нанесе штета и на образовниот процес, како и на редовната објава на сите службени акти во Службениот весник.

-Работниците веќе со години немаат навремено здравствено осигурување, а 80 отсто од нив се над 50 години старост и лекувањата ги плаќаат на приватно. Управителот на Печатниците, иако наплаќа државни пари, пари од граѓаните и од даноците, не исплаќа редовно плата ниту пак здравствено осигурување кон вработените, а што во изминатиот период по пријави на ССМ е констатирано брзо и ефикасно и од страна на Државниот инспекторат за труд, наведува ССМ.

Сојузот бара државните институции веднаш да преземат мерки за да не се доведе во прашање печатењето на учебниците и на Службениот весник.

-Работниците се подготвени да ги преземат сите чекори и преку протест и евентуален штрајк да го остварат ова егзистенцијално работничко право на плата и со тоа да си овозможат подостоинствен живот за себе и за своите семејства, а ние, заедно со Синдикатот ССДМ при ССМ ќе застанеме со работниците и ќе им ја дадеме целосната поддршка во борбата за остварување на нивните права од работен однос, велат од ССМ. мч/дма/

The post Вработените во „Печатница“ која треба да ги печати учебниците и „Службен весник“ немаат земено плата appeared first on Република.

]]>

Вработените во „Печатница Напредок принт“ и „Напредок 1“ кои преку „Просветно дело“ се ангажирани за издавање на дел од учебниците за средно образование за државните институции и кои подолг временски период го печатат „Службен весник“, веќе два месеца немаат добиено плата од работодавачот (управителот), со што се загрозува навременото печатење на учебниците, како и на „Службениот весник“, соопшти Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ). Според ССМ, со ова, освен што се нанесува штета кон вработените со неисплаќањето на платите, ќе се нанесе штета и на образовниот процес, како и на редовната објава на сите службени акти во Службениот весник. -Работниците веќе со години немаат навремено здравствено осигурување, а 80 отсто од нив се над 50 години старост и лекувањата ги плаќаат на приватно. Управителот на Печатниците, иако наплаќа државни пари, пари од граѓаните и од даноците, не исплаќа редовно плата ниту пак здравствено осигурување кон вработените, а што во изминатиот период по пријави на ССМ е констатирано брзо и ефикасно и од страна на Државниот инспекторат за труд, наведува ССМ. Сојузот бара државните институции веднаш да преземат мерки за да не се доведе во прашање печатењето на учебниците и на Службениот весник. -Работниците се подготвени да ги преземат сите чекори и преку протест и евентуален штрајк да го остварат ова егзистенцијално работничко право на плата и со тоа да си овозможат подостоинствен живот за себе и за своите семејства, а ние, заедно со Синдикатот ССДМ при ССМ ќе застанеме со работниците и ќе им ја дадеме целосната поддршка во борбата за остварување на нивните права од работен однос, велат од ССМ. мч/дма/  

The post Вработените во „Печатница“ која треба да ги печати учебниците и „Службен весник“ немаат земено плата appeared first on Република.

]]>