без маски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bez-maski/ За подобро да се разбереме Wed, 09 Feb 2022 20:45:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png без маски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bez-maski/ 32 32 Шаќири: Се уште е рано да се следи настава без маски https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/shakjiri-se-ushte-e-rano-da-se-sledi-nastava-bez-maski/ Wed, 09 Feb 2022 20:45:55 +0000 https://republika.mk/?p=456451

Бројката на отсутни ученици и наставници на дневно ниво е околу 0,02 што не значи дека сите тие се отсутни поради Ковид-19, изјави вечерва министерот за образование и наука Јетон Шаќири.

Тој во централниот дневник на телевизија „Сител“ истакна дека ќе ги почитуваат одлуките што ги носи Комисијата за заразни болести кои се однесуваат на образовниот процес. Смета дека се уште е рано да се следи настава без маски.

Министерството има секојдневна комуникација со сите основни и средни училишта. Бројките на отсутни наставници и ученици во сите основни и средни училишта се движат околу 0,02 на дневна основа што не значи дека сите тие се болни од Ковид-19, рече Шаќири.

Апелираше сите учесници во образованиот процес да ги почитуваат препораките за заштита од Ковид-19 и надвор од училиштата затоа што, како што посочи, според епидемиолошките анкети, има случаи во кои лицата позитивни на Ковид изјавиле дека имале контакт за време на викендот.

Во однос на реакциите на дел од родителите дека како дел од препораките се отвораат прозорци за време на наставата, Шаќири со став дека проветрувањето на училниците треба да се прави за време на одморите.

Прашан дали реформата со дигиталните учебници ќе продолжи, Шаќири рече дека многу важно ќе биде во следниот период да се земат предвид проценките на сите чинители во овој процес. Негов личен став е дека покрај дигиталните учебници, децата треба да имаат и печатени учебници. Истакна дека е отворен за дијалог со сите засегнати страни со цел да се креира долгорочна стратегија во образованието

The post Шаќири: Се уште е рано да се следи настава без маски appeared first on Република.

]]>

Бројката на отсутни ученици и наставници на дневно ниво е околу 0,02 што не значи дека сите тие се отсутни поради Ковид-19, изјави вечерва министерот за образование и наука Јетон Шаќири. Тој во централниот дневник на телевизија „Сител“ истакна дека ќе ги почитуваат одлуките што ги носи Комисијата за заразни болести кои се однесуваат на образовниот процес. Смета дека се уште е рано да се следи настава без маски.
Министерството има секојдневна комуникација со сите основни и средни училишта. Бројките на отсутни наставници и ученици во сите основни и средни училишта се движат околу 0,02 на дневна основа што не значи дека сите тие се болни од Ковид-19, рече Шаќири.
Апелираше сите учесници во образованиот процес да ги почитуваат препораките за заштита од Ковид-19 и надвор од училиштата затоа што, како што посочи, според епидемиолошките анкети, има случаи во кои лицата позитивни на Ковид изјавиле дека имале контакт за време на викендот. Во однос на реакциите на дел од родителите дека како дел од препораките се отвораат прозорци за време на наставата, Шаќири со став дека проветрувањето на училниците треба да се прави за време на одморите. Прашан дали реформата со дигиталните учебници ќе продолжи, Шаќири рече дека многу важно ќе биде во следниот период да се земат предвид проценките на сите чинители во овој процес. Негов личен став е дека покрај дигиталните учебници, децата треба да имаат и печатени учебници. Истакна дека е отворен за дијалог со сите засегнати страни со цел да се креира долгорочна стратегија во образованието

The post Шаќири: Се уште е рано да се следи настава без маски appeared first on Република.

]]>