бетон Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/beton/ За подобро да се разбереме Sat, 20 Jul 2024 19:42:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png бетон Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/beton/ 32 32 „Пуцко Петрол“ за 5 милиони евра ја купи зградата на „Бетон“ кај Министерство за економија https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/putsko-petrol-za-5-milioni-evra-ja-kupi-zgradata-na-beton-kaj-ministerstvo-za-ekonomija/ Sat, 20 Jul 2024 19:42:42 +0000 https://republika.mk/?p=798826

Управната зграда во Скопје на некогашниот градежен гигант Бетон која неодамна беше огласена на банкарски оглас како дел од извршна и стечајна постапка, е веќе продадена, дознава ТВ21.

Според информации на ТВ21, оваа зграда е купена од нафтената компанија Пуцко Петрол за 5,1 милион евра.

Овој деловен објект се наоѓа веднаш зад Министерство за Економија и е изграден во 2012, а според НЛБ Банка проценет е на 4.952.967 евра.

The post „Пуцко Петрол“ за 5 милиони евра ја купи зградата на „Бетон“ кај Министерство за економија appeared first on Република.

]]>

Управната зграда во Скопје на некогашниот градежен гигант Бетон која неодамна беше огласена на банкарски оглас како дел од извршна и стечајна постапка, е веќе продадена, дознава ТВ21. Според информации на ТВ21, оваа зграда е купена од нафтената компанија Пуцко Петрол за 5,1 милион евра. Овој деловен објект се наоѓа веднаш зад Министерство за Економија и е изграден во 2012, а според НЛБ Банка проценет е на 4.952.967 евра.

The post „Пуцко Петрол“ за 5 милиони евра ја купи зградата на „Бетон“ кај Министерство за економија appeared first on Република.

]]>
За влакно избегнаа смрт: Се сруши бетон од зграда во Нови Сад кога поминуваа две момчиња https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/za-vlakno-izbegnaa-smrt-se-srushi-beton-od-zgrada-vo-novi-sad-koga-pominuvaa-dve-momchina/ Sat, 29 Jul 2023 08:29:11 +0000 https://republika.mk/?p=666533

На социјалните мрежи е објавена видео снимка на која се гледа како две момчиња за влакно избегнаа сигурна смрт по невремето што го зафати Нови Сад.

Момчињата за малку ќе настрадаа кога дел од бетон падна од зградата покрај која поминуваа.

На видеото, снимено од камера од автомобил во близина, може да се види како момчињата кои минувале меѓу зградите успеале да го избегнат бетонот кој се урнал во последен момент.

https://twitter.com/XeniaKsenija21/status/1683909272499900417?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1683909272499900417%7Ctwgr%5Edfa9fbe18689a11654e3db8d28f8bcf606f4896a%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fulica.mk%2Fd181d0b5-d181d180d183d188d0b8-d0b1d0b5d182d0bed0bd-d0bed0b4-d0b7d0b3d180d0b0d0b4d0b0-d0b2d0be-d0bdd0bed0b2d0b8-d181d0b0d0b4-d0b4d0b2%2F

The post За влакно избегнаа смрт: Се сруши бетон од зграда во Нови Сад кога поминуваа две момчиња appeared first on Република.

]]>

На социјалните мрежи е објавена видео снимка на која се гледа како две момчиња за влакно избегнаа сигурна смрт по невремето што го зафати Нови Сад. Момчињата за малку ќе настрадаа кога дел од бетон падна од зградата покрај која поминуваа. На видеото, снимено од камера од автомобил во близина, може да се види како момчињата кои минувале меѓу зградите успеале да го избегнат бетонот кој се урнал во последен момент. https://twitter.com/XeniaKsenija21/status/1683909272499900417?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1683909272499900417%7Ctwgr%5Edfa9fbe18689a11654e3db8d28f8bcf606f4896a%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fulica.mk%2Fd181d0b5-d181d180d183d188d0b8-d0b1d0b5d182d0bed0bd-d0bed0b4-d0b7d0b3d180d0b0d0b4d0b0-d0b2d0be-d0bdd0bed0b2d0b8-d181d0b0d0b4-d0b4d0b2%2F

The post За влакно избегнаа смрт: Се сруши бетон од зграда во Нови Сад кога поминуваа две момчиња appeared first on Република.

]]>
На плажа во Драч бетонска мешалка истура малтер во морето https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/na-plazha-vo-drach-betonska-meshalka-istura-malter-vo-moreto/ Wed, 04 Jan 2023 19:30:00 +0000 https://republika.mk/?p=593704

Камион се движи по плажа и истура бетон во море. Според албанскиот портал News1.al, кој го објави ова видео на својот официјален профил на „Инстаграм“,  станува збор за една од плажите во Драч, Албанија.

На видеото се гледа како возило се движи и од бетонската мешалка истура малтер во морето.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by News1.al (@news1.al)

The post На плажа во Драч бетонска мешалка истура малтер во морето appeared first on Република.

]]>

Камион се движи по плажа и истура бетон во море. Според албанскиот портал News1.al, кој го објави ова видео на својот официјален профил на „Инстаграм“,  станува збор за една од плажите во Драч, Албанија. На видеото се гледа како возило се движи и од бетонската мешалка истура малтер во морето.
 
View this post on Instagram
 

A post shared by News1.al (@news1.al)

The post На плажа во Драч бетонска мешалка истура малтер во морето appeared first on Република.

]]>
Отворена предстечајна постапка на ДГ Бетон АД Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/otvorena-predstechajna-postapka-na-dg-beton-ad-skopje/ Tue, 08 Nov 2022 12:32:07 +0000 https://republika.mk/?p=571409

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) информира дека е отворена предстечајна постапка на ДГ Бетон АД Скопје. Апелира сите работници и доверители во наредниот период да се приклучат кон постапката и да се информираат во Основниот граѓански суд Скопје. Најавува дека Синдикатот за градежништво, индустрија и проектирање на Република Македонија – СГИП во наредните денови ќе ги информира членовите на синдикатот на кој начин да ги остварат своите побарувања од ДГ БЕТОН АД Скопје.

Како што соопшти ССМ, Основниот граѓански суд Скопје по предлог на СГИП и синдикалците и работниците од ДГ Бетон АД Скопје на 1 ноември донел Решение со кое се поведува претходна постапка за испитување на условите за отварање стечајна постапка на должникот ДГ БЕТОН АД Скопје.

Со Решението, укажува ССМ, се определува општа забрана за располагање со имотот на должникот, се забранува одредување или спроведување на присилно извршување или обезбедување против должникот, се забранува исплати од сметките на должникот, се повикуваат должниците на должникот своите обврски да ги исполнуваат, итн. Постапувајќи по предлогот за отварање на стечајна постапка, судот оценил дека во конкретниот случај се исполнети условите за поведување на стечајна постапка.

Со вака донесеното Решение, газдите веќе не се газди и тие сега исто како и работниците ќе треба да чекаат некој друг во случајот привремениот стечаен управник да им дава согласност и да одлучува место нив, а работниците и синдикалците заедно со синдикатот СГИП при ССМ очекуваат голема ефикасност и одговорност од страна на привремениот стечаен управник и судот во постапувањето по предметот и заштита на нивните интереси како доверители. Апелираме сите работници и доверители во наредниот период да се приклучат кон постапката и да се информираат во Основниот граѓански суд Скопје, а синдикатот СГИП во наредните денови ќе ги информира членовите на синдикатот на кој начин да ги остварат своите побарувања од ДГ БЕТОН АД Скопје, стои во соопштението.

Според ССМ, ДГ Бетон АД Скопје на работниците им должи шест неисплатени бруто плати, регрес за годишен одмор за 2021-ва и 2022-ра година, а сметките му се блокирани повеќе од 45 дена што беше и главна причина работниците своите права да ги остварат пред суд.

Наместо во декември годинава работодавачот заедно со работниците да прослави јубилеј од 75 години постоење, дочека стечај на компанијата поради лошото менаџирање и покрај сите напори на Синдикатот да се изнајде решение за состојбата во која се наоѓаат работниците, оценува ССМ.

The post Отворена предстечајна постапка на ДГ Бетон АД Скопје appeared first on Република.

]]>

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) информира дека е отворена предстечајна постапка на ДГ Бетон АД Скопје. Апелира сите работници и доверители во наредниот период да се приклучат кон постапката и да се информираат во Основниот граѓански суд Скопје. Најавува дека Синдикатот за градежништво, индустрија и проектирање на Република Македонија – СГИП во наредните денови ќе ги информира членовите на синдикатот на кој начин да ги остварат своите побарувања од ДГ БЕТОН АД Скопје. Како што соопшти ССМ, Основниот граѓански суд Скопје по предлог на СГИП и синдикалците и работниците од ДГ Бетон АД Скопје на 1 ноември донел Решение со кое се поведува претходна постапка за испитување на условите за отварање стечајна постапка на должникот ДГ БЕТОН АД Скопје. Со Решението, укажува ССМ, се определува општа забрана за располагање со имотот на должникот, се забранува одредување или спроведување на присилно извршување или обезбедување против должникот, се забранува исплати од сметките на должникот, се повикуваат должниците на должникот своите обврски да ги исполнуваат, итн. Постапувајќи по предлогот за отварање на стечајна постапка, судот оценил дека во конкретниот случај се исполнети условите за поведување на стечајна постапка. Со вака донесеното Решение, газдите веќе не се газди и тие сега исто како и работниците ќе треба да чекаат некој друг во случајот привремениот стечаен управник да им дава согласност и да одлучува место нив, а работниците и синдикалците заедно со синдикатот СГИП при ССМ очекуваат голема ефикасност и одговорност од страна на привремениот стечаен управник и судот во постапувањето по предметот и заштита на нивните интереси како доверители. Апелираме сите работници и доверители во наредниот период да се приклучат кон постапката и да се информираат во Основниот граѓански суд Скопје, а синдикатот СГИП во наредните денови ќе ги информира членовите на синдикатот на кој начин да ги остварат своите побарувања од ДГ БЕТОН АД Скопје, стои во соопштението. Според ССМ, ДГ Бетон АД Скопје на работниците им должи шест неисплатени бруто плати, регрес за годишен одмор за 2021-ва и 2022-ра година, а сметките му се блокирани повеќе од 45 дена што беше и главна причина работниците своите права да ги остварат пред суд. Наместо во декември годинава работодавачот заедно со работниците да прослави јубилеј од 75 години постоење, дочека стечај на компанијата поради лошото менаџирање и покрај сите напори на Синдикатот да се изнајде решение за состојбата во која се наоѓаат работниците, оценува ССМ.

The post Отворена предстечајна постапка на ДГ Бетон АД Скопје appeared first on Република.

]]>
„Пуцко Петрол“ влегува во скопски „Бетон“: Медиумите пишуваат, оттаму демантираат https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/pucko-petrol-vleguva-vo-skopski-beton-mediumite-pishuvaat-ottamu-demantiraat/ Fri, 29 Apr 2022 11:26:31 +0000 https://republika.mk/?p=495208

Нафтената компанија „Пуцко Петрол“, еден од најголемите добитници на државни зделки за снабдување со нафтени деривати, влегува во скопски „Бетон“, објави денеска Фактор . Порталот оваа информација ја добиле од неколку неофицијални извори.

„Република“ во текот на вчерашниот ден побара официјален одговор дали е точна оваа информација, но оттаму истата беше демантирана.

Не е точно дека „Пуцко Петрол“ влегува во Бетон - изјавија од нафтената компанија.

Според податоците за компанијата објавени на Берзата, „Бетон“ минатата година ја завршил со огромна загуба од 12,4 милиони евра или близу 760 милиони денари.

Ова следува откако во 2020 година градежната компанија имала минимална добивка од околу пет илјади евра, додека, пак, во 2019 година добивката изнесувала 639 илјади евра. Ова значи дека низ текот на годините работењето на „Бетон“ Скопје одело се повеќе во зоната на негативата, за лани да заврши со неславна бројка на загуба од 12,4 милиони евра. Во минатата година значително се намалени и вкупните приходи од редовните активности на компанијата.

Во акционерската структура на „Бетон“ доминира познатиот бизнисмен Минчо Јорданов. Според податоците на Ценгтралниот депозитар за хартии од вредност, најголем поединечен акционер на „Бетон“ е REPRO ONE LIMITED, која поседува 22,22 отсто од акциите, ARROWCREST LIMITED располага со 19,94 проценти, РЖ Техничка контрола АД има 5,04 отсто, додека, пак, WOLLES TRADING CORP има на располагање 21,34 проценти од акциите.

Инаку, „Пуцко Петрол“ е компанија основана во 1991 година, а работи на трговија на големо, со цврсти, течни и гасовити горива и слични производи.Според Клуб 200, „Пуцко Петрол“ во 2019 година имала приход од 46,4 милиони евра, и раст на приходот од 13,48 проценти. Нејзината добивка во таа година изнесувала 2,8 милиони евра. Компанијата има 164 вработени. Сопственик на „Пуцко Петрол“ е Асмир Јахоски, син на поранешниот градоначалник на општина Пласница и сегашен пратеник од редовите на ДУИ, Исмаил Јахоски.

 

The post „Пуцко Петрол“ влегува во скопски „Бетон“: Медиумите пишуваат, оттаму демантираат appeared first on Република.

]]>

Нафтената компанија „Пуцко Петрол“, еден од најголемите добитници на државни зделки за снабдување со нафтени деривати, влегува во скопски „Бетон“, објави денеска Фактор . Порталот оваа информација ја добиле од неколку неофицијални извори. „Република“ во текот на вчерашниот ден побара официјален одговор дали е точна оваа информација, но оттаму истата беше демантирана.
Не е точно дека „Пуцко Петрол“ влегува во Бетон - изјавија од нафтената компанија.
Според податоците за компанијата објавени на Берзата, „Бетон“ минатата година ја завршил со огромна загуба од 12,4 милиони евра или близу 760 милиони денари. Ова следува откако во 2020 година градежната компанија имала минимална добивка од околу пет илјади евра, додека, пак, во 2019 година добивката изнесувала 639 илјади евра. Ова значи дека низ текот на годините работењето на „Бетон“ Скопје одело се повеќе во зоната на негативата, за лани да заврши со неславна бројка на загуба од 12,4 милиони евра. Во минатата година значително се намалени и вкупните приходи од редовните активности на компанијата. Во акционерската структура на „Бетон“ доминира познатиот бизнисмен Минчо Јорданов. Според податоците на Ценгтралниот депозитар за хартии од вредност, најголем поединечен акционер на „Бетон“ е REPRO ONE LIMITED, која поседува 22,22 отсто од акциите, ARROWCREST LIMITED располага со 19,94 проценти, РЖ Техничка контрола АД има 5,04 отсто, додека, пак, WOLLES TRADING CORP има на располагање 21,34 проценти од акциите. Инаку, „Пуцко Петрол“ е компанија основана во 1991 година, а работи на трговија на големо, со цврсти, течни и гасовити горива и слични производи.Според Клуб 200, „Пуцко Петрол“ во 2019 година имала приход од 46,4 милиони евра, и раст на приходот од 13,48 проценти. Нејзината добивка во таа година изнесувала 2,8 милиони евра. Компанијата има 164 вработени. Сопственик на „Пуцко Петрол“ е Асмир Јахоски, син на поранешниот градоначалник на општина Пласница и сегашен пратеник од редовите на ДУИ, Исмаил Јахоски.  

The post „Пуцко Петрол“ влегува во скопски „Бетон“: Медиумите пишуваат, оттаму демантираат appeared first on Република.

]]>