бети пеева Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/beti-peeva/ За подобро да се разбереме Tue, 26 Sep 2023 17:19:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png бети пеева Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/beti-peeva/ 32 32 Пеева: Да се истражи зошто институциите што треба да ја заштитат жртвата не го прават тоа https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/peeva-da-se-istrazhi-zoshto-institutsiite-shto-treba-da-ja-zashtitat-zhrtvata-ne-go-pravat-toa/ Tue, 26 Sep 2023 17:47:11 +0000 https://republika.mk/?p=685385

Одговорноста на институциите за вчерашното свирепо убиство на 46-годишната жена во Кочани треба да се истражи, смета Бети Пеева од НВО „ЕХО“-Штип, која со години работи со жртвите на секоков вид на насилство.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/ubienata-kochanchanka-nekolkupati-barala-pomosh-od-politsijata-poradi-napagachot/

Посочува дека според информациите кои беа споделени од институциите и медиумите може да се заклучи дека некои институции не постапувале со должно внимание за заштита на жртвата. Пеева смета дека семејството на жртвата сега може да ги тужи и институциите. Според теренските активности на ЕХО, институциите во одредени општини постапуваат несериозно и со должно внимание, но, како што вели има иннституции во голем број општини кои веднаш реагираат и ги заштитуваат жртвите.

Нема да генерализирам, бидејќи не станува збор за сите институции во сите општини. Меѓутоа ние можеме да детектираме општини, каде што навистина ова е огромен проблем и каде што институциите треба да ја заштитат жртвата не го прават тоа, не се однесуваат професионално и не се однесуваат со должно внимание. Токму поради ова доаѓа до вакви последици, навистина трагични, за коишто со години наназад предупредуваме дека се случуваат и ќе се случуваат, вели Пеева.

Невладината „ЕХО“ работи со жртвите кои трпат насилство без разлика дали тоа е физичко, психичко, економско или некое друго. Вчерашното убиство на жената пред прагот на нејзиниот дом во раните утрински часови е фемицид или родово базирано убиство на жена.

Пеева вели дека според анализите од 2018 до 2022 година имаат регистрирано и докажано вкупно 17 фемициди, убиства на жени заради тоа што се жени. Нашата земја нема ваков регистер, но според неа, позитивното е тоа што од март годинава фемицидот е инкриминиран. Согласно измените во Кривичниот законик сторителите на фемицид се соочуваат со повисоки и построги затворски казни, кои се движат од 10 години до доживотна казна затвор.

The post Пеева: Да се истражи зошто институциите што треба да ја заштитат жртвата не го прават тоа appeared first on Република.

]]>

Одговорноста на институциите за вчерашното свирепо убиство на 46-годишната жена во Кочани треба да се истражи, смета Бети Пеева од НВО „ЕХО“-Штип, која со години работи со жртвите на секоков вид на насилство. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/ubienata-kochanchanka-nekolkupati-barala-pomosh-od-politsijata-poradi-napagachot/ Посочува дека според информациите кои беа споделени од институциите и медиумите може да се заклучи дека некои институции не постапувале со должно внимание за заштита на жртвата. Пеева смета дека семејството на жртвата сега може да ги тужи и институциите. Според теренските активности на ЕХО, институциите во одредени општини постапуваат несериозно и со должно внимание, но, како што вели има иннституции во голем број општини кои веднаш реагираат и ги заштитуваат жртвите.
Нема да генерализирам, бидејќи не станува збор за сите институции во сите општини. Меѓутоа ние можеме да детектираме општини, каде што навистина ова е огромен проблем и каде што институциите треба да ја заштитат жртвата не го прават тоа, не се однесуваат професионално и не се однесуваат со должно внимание. Токму поради ова доаѓа до вакви последици, навистина трагични, за коишто со години наназад предупредуваме дека се случуваат и ќе се случуваат, вели Пеева.
Невладината „ЕХО“ работи со жртвите кои трпат насилство без разлика дали тоа е физичко, психичко, економско или некое друго. Вчерашното убиство на жената пред прагот на нејзиниот дом во раните утрински часови е фемицид или родово базирано убиство на жена. Пеева вели дека според анализите од 2018 до 2022 година имаат регистрирано и докажано вкупно 17 фемициди, убиства на жени заради тоа што се жени. Нашата земја нема ваков регистер, но според неа, позитивното е тоа што од март годинава фемицидот е инкриминиран. Согласно измените во Кривичниот законик сторителите на фемицид се соочуваат со повисоки и построги затворски казни, кои се движат од 10 години до доживотна казна затвор.

The post Пеева: Да се истражи зошто институциите што треба да ја заштитат жртвата не го прават тоа appeared first on Република.

]]>