бесплатно Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/besplatno/ За подобро да се разбереме Thu, 09 May 2024 08:44:43 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png бесплатно Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/besplatno/ 32 32 Бесплатни работилници за филм за млади од 15 до 25 години https://arhiva3.republika.mk/scena/film/besplatni-rabotilnitsi-za-film-za-mladi-od-15-do-25-godini/ Thu, 09 May 2024 07:23:12 +0000 https://republika.mk/?p=776142

Едукацијата на млади таленти од областа на филмот е целта на мрежата на филмски фестивали и организации Edu Cuts што е формирана во рамките на проектот „Култура и креативност за Западен Балкан“, кој се спроведува со поддршка на Британскиот совет. Иницијатор на мрежата е „Планет-М“ од Скопје, организатор на Филмскиот фестивал „Џифони Македонија“, а партнери се: „Филм арт“ од Пожега, Србија (организатор на фестивалот и кампот за документарни филмови Интеракција), Здружението на млади уметници од Сараево, БиХ (организатор на Telemach Omladinski Filmski Festival), PriFest од Приштина, Косово (Организатор на PriFest International Film Festival) и Подгорица филм фестивал од Црна Гора, (организатор на истоимениот фестивал).

Во текот на годинава во склоп на фестивалите на мрежата ќе се реализираат 10 креативни работилници за младите таленти од Западен Балкан на кои ги развиваат и снимаат своите први кратки или долгометражни филмови.

Во тек е повикот за првата онлајн-работилница за развој на први филмови со експерти од платформата First Film First (www.firstfilmsfirst.com). Повикот е отворен најдоцна до 15 мај за млади помеѓу 15 и 25 години, кои имаат идеја или сценарио за снимање на краток филм. Работилницата ќе почне во втората половина на мај со повеќе учесници и ќе се реализира во 5 работни дена во тек на две недели (според потребите и напредокот на проектите).

Во јуни на втората работилница ќе се квалификуваат најдобрите проекти од првата работилница како и понапредни проекти кои се спремни за продукција и ќе може да се пријават дирекно за втората работилница. Овие две работилници ќе се реализираат на зум-платформата. Можат да се пријават средношколци, студенти од филмски и сродни факултети (филмска и телевизиска режија, продукција, камера, монтажа, сценарио/драматургија), инфлуенсери, професионалци, полупрофесионалци или аматери од Западен Балкан. Работилниците се бесплатни за сите учесници, а познавањето на англискиот јазик е задолжително. Повеќе за работилниците и за начинот на пријавување, на следниот ЛИНК.

Учеството на работилниците вклучува едукација, интеракции со експерти и врсници од земјите од Западен Балкан кои споделуваат заеднички интереси во производството на видео содржини со подготвеност за тимска работа под надзор на менторите. Најдобрите три кратки филмски проекти како награда ќе добијат поддршка со бесплатно користење на опрема за снимање на филмовите (6K камера, објективи, тон и др.) .

Проектот исто така предвидува и поддршка за мобилност при што на најмалку 20 млади филмаџии ќе им бидат покриени патните трошоци за да учествуваат на креативни работилници во други земји каде ќе ги прошируваат своите знаења и ќе ги развиваат нивните идни проекти. Ова е единствена можност за младите таленти од Западен Балкан да ги развиваат и снимат своите први кратки филмови со поддршка од филмски експерти.

Мрежата EDU CUTS опфаќа филмски фестивали и организации кои се фокусирани на промоција и имплементација на едукација и мобилност на младите таленти. (www.educuts.com)

Проектот „Култура и креативност за Западен Балкан“ финансиран од Европската Унија и поддржан од British Council, за цел да го поттикне дијалогот во Западен Балкан преку зајакнување на културните и креативните сектори за зголемено социо-економско влијание.

The post Бесплатни работилници за филм за млади од 15 до 25 години appeared first on Република.

]]>

Едукацијата на млади таленти од областа на филмот е целта на мрежата на филмски фестивали и организации Edu Cuts што е формирана во рамките на проектот „Култура и креативност за Западен Балкан“, кој се спроведува со поддршка на Британскиот совет. Иницијатор на мрежата е „Планет-М“ од Скопје, организатор на Филмскиот фестивал „Џифони Македонија“, а партнери се: „Филм арт“ од Пожега, Србија (организатор на фестивалот и кампот за документарни филмови Интеракција), Здружението на млади уметници од Сараево, БиХ (организатор на Telemach Omladinski Filmski Festival), PriFest од Приштина, Косово (Организатор на PriFest International Film Festival) и Подгорица филм фестивал од Црна Гора, (организатор на истоимениот фестивал). Во текот на годинава во склоп на фестивалите на мрежата ќе се реализираат 10 креативни работилници за младите таленти од Западен Балкан на кои ги развиваат и снимаат своите први кратки или долгометражни филмови. Во тек е повикот за првата онлајн-работилница за развој на први филмови со експерти од платформата First Film First (www.firstfilmsfirst.com). Повикот е отворен најдоцна до 15 мај за млади помеѓу 15 и 25 години, кои имаат идеја или сценарио за снимање на краток филм. Работилницата ќе почне во втората половина на мај со повеќе учесници и ќе се реализира во 5 работни дена во тек на две недели (според потребите и напредокот на проектите). Во јуни на втората работилница ќе се квалификуваат најдобрите проекти од првата работилница како и понапредни проекти кои се спремни за продукција и ќе може да се пријават дирекно за втората работилница. Овие две работилници ќе се реализираат на зум-платформата. Можат да се пријават средношколци, студенти од филмски и сродни факултети (филмска и телевизиска режија, продукција, камера, монтажа, сценарио/драматургија), инфлуенсери, професионалци, полупрофесионалци или аматери од Западен Балкан. Работилниците се бесплатни за сите учесници, а познавањето на англискиот јазик е задолжително. Повеќе за работилниците и за начинот на пријавување, на следниот ЛИНК. Учеството на работилниците вклучува едукација, интеракции со експерти и врсници од земјите од Западен Балкан кои споделуваат заеднички интереси во производството на видео содржини со подготвеност за тимска работа под надзор на менторите. Најдобрите три кратки филмски проекти како награда ќе добијат поддршка со бесплатно користење на опрема за снимање на филмовите (6K камера, објективи, тон и др.) . Проектот исто така предвидува и поддршка за мобилност при што на најмалку 20 млади филмаџии ќе им бидат покриени патните трошоци за да учествуваат на креативни работилници во други земји каде ќе ги прошируваат своите знаења и ќе ги развиваат нивните идни проекти. Ова е единствена можност за младите таленти од Западен Балкан да ги развиваат и снимат своите први кратки филмови со поддршка од филмски експерти. Мрежата EDU CUTS опфаќа филмски фестивали и организации кои се фокусирани на промоција и имплементација на едукација и мобилност на младите таленти. (www.educuts.com) Проектот „Култура и креативност за Западен Балкан“ финансиран од Европската Унија и поддржан од British Council, за цел да го поттикне дијалогот во Западен Балкан преку зајакнување на културните и креативните сектори за зголемено социо-економско влијание.

The post Бесплатни работилници за филм за млади од 15 до 25 години appeared first on Република.

]]>
Пензионерите во Кавадарци ќе се возат бесплатно во градскиот превоз https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/penzionerite-vo-kavadartsi-ke-se-vozat-besplatno-vo-gradskiot-prevoz/ Tue, 14 Nov 2023 16:40:13 +0000 https://republika.mk/?p=701529

На барање на пензионерите, Советот на Општина Кавадарци на денешната 35. седница донесе одлука за бесплатен градски превоз за пензионерите. Пензионерите бесплатниот превоз ќе можат да го користат во вторник, четврток, сабота и недела.

Советниците ја донесоа едногласно оваа одлука.

 

 

The post Пензионерите во Кавадарци ќе се возат бесплатно во градскиот превоз appeared first on Република.

]]>

На барање на пензионерите, Советот на Општина Кавадарци на денешната 35. седница донесе одлука за бесплатен градски превоз за пензионерите. Пензионерите бесплатниот превоз ќе можат да го користат во вторник, четврток, сабота и недела. Советниците ја донесоа едногласно оваа одлука.    

The post Пензионерите во Кавадарци ќе се возат бесплатно во градскиот превоз appeared first on Република.

]]>
Само денес – бесплатни стрипови во Скопје и во Битола https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/samo-denes-besplatni-stripovi-vo-skopje-i-vo-bitola/ Sat, 26 Nov 2022 07:29:52 +0000 https://republika.mk/?p=578415

Повеќе од 500 стрипови денеска, од 10:00 до 15:00 часот, бесплатно ќе бидат поделени во стрип-книжарницата „Бункер“ во рамки на „Ден на бесплатни стрипови“.

По 2017 година, стрип книжарницата „Бункер“ повторно организира „Ден на бесплатни стрипови“.

Се работи за манифестација која првпат се одржа во Соединетите Американски Држави во 2002 година, а потоа се прошири и во многу други земји. Во првите шест години поделени се повеќе од 12 милиони бесплатни стрипови во над 30 земји. Целта е промовирање и ширење на стрип-културата.

Во „Ден на бесплатни стрипови“ се вклучуваат и голем број на домашни издавачи и поединци. Стриповите ќе бидат делени по принципот „прв дојден, прв услужен“. Секој посетител ќе има право да земе најмногу два стрипа од претходно направената листа.

Покрај бесплатните стрипови, стрип-книжарницата „Бункер“ ќе понуди и 30 отсто попуст на целокупниот асортиман.

Новина е и што годинава во соработка со „Светот на Биби“ еден дел од стриповите ќе бидат подарувани и во нивната продавница во Битола, со што настанот добива регионален карактер.

The post Само денес – бесплатни стрипови во Скопје и во Битола appeared first on Република.

]]>

Повеќе од 500 стрипови денеска, од 10:00 до 15:00 часот, бесплатно ќе бидат поделени во стрип-книжарницата „Бункер“ во рамки на „Ден на бесплатни стрипови“. По 2017 година, стрип книжарницата „Бункер“ повторно организира „Ден на бесплатни стрипови“. Се работи за манифестација која првпат се одржа во Соединетите Американски Држави во 2002 година, а потоа се прошири и во многу други земји. Во првите шест години поделени се повеќе од 12 милиони бесплатни стрипови во над 30 земји. Целта е промовирање и ширење на стрип-културата. Во „Ден на бесплатни стрипови“ се вклучуваат и голем број на домашни издавачи и поединци. Стриповите ќе бидат делени по принципот „прв дојден, прв услужен“. Секој посетител ќе има право да земе најмногу два стрипа од претходно направената листа. Покрај бесплатните стрипови, стрип-книжарницата „Бункер“ ќе понуди и 30 отсто попуст на целокупниот асортиман. Новина е и што годинава во соработка со „Светот на Биби“ еден дел од стриповите ќе бидат подарувани и во нивната продавница во Битола, со што настанот добива регионален карактер.

The post Само денес – бесплатни стрипови во Скопје и во Битола appeared first on Република.

]]>
Утре и в понеделник бесплатен паркинг на зонските паркинзи во Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/utre-i-v-ponedelnik-besplaten-parking-na-zonskite-parkinzi-vo-skopje/ Sat, 23 Apr 2022 20:58:24 +0000 https://republika.mk/?p=492811

За време на Велигденските празници нема да се врши наплата на зонските паркинзи во недела 24.04.2022 и понеделник 25.04.2022, информираат од Јп Градски паркинг-Скопје.

Со редовна наплата ќе работат катните гаражи Беко и 26 Јули, паркиралиштата: Кочо Рацин, Градска Болница, Треска и клинички центар Мајка Тереза.

На сите верници од православна вероисповед им ги честитаме велигденските празници со христијанскиот поздрав ,,Христос Воскресе!" , порачаа од претпријатието.

The post Утре и в понеделник бесплатен паркинг на зонските паркинзи во Скопје appeared first on Република.

]]>

За време на Велигденските празници нема да се врши наплата на зонските паркинзи во недела 24.04.2022 и понеделник 25.04.2022, информираат од Јп Градски паркинг-Скопје. Со редовна наплата ќе работат катните гаражи Беко и 26 Јули, паркиралиштата: Кочо Рацин, Градска Болница, Треска и клинички центар Мајка Тереза.
На сите верници од православна вероисповед им ги честитаме велигденските празници со христијанскиот поздрав ,,Христос Воскресе!" , порачаа од претпријатието.

The post Утре и в понеделник бесплатен паркинг на зонските паркинзи во Скопје appeared first on Република.

]]>
Бесплатен паркинг на зонските паркинзи во Скопје за Велигденските празници https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/besplaten-parking-na-zonskite-parkinzi-vo-skopje-za-veligdenskite-praznici/ Fri, 22 Apr 2022 09:31:48 +0000 https://republika.mk/?p=492176

За време на Велигденските празници нема да се врши наплата на зонските паркинзи во недела 24.04.2022 и понеделник 25.04.2022, информираат од Јп Градски паркинг-Скопје.

Со редовна наплата ќе работат катните гаражи Беко и 26ти Јули, паркиралиштата: Кочо Рацин, Градска Болница, Треска и клинички центар Мајка Тереза.

На сите верници од православна вероисповед им ги честитаме велигденските празници со христијанскиот поздрав ,,Христос Воскресе!" , порачаа од претпријатието.

The post Бесплатен паркинг на зонските паркинзи во Скопје за Велигденските празници appeared first on Република.

]]>

За време на Велигденските празници нема да се врши наплата на зонските паркинзи во недела 24.04.2022 и понеделник 25.04.2022, информираат од Јп Градски паркинг-Скопје. Со редовна наплата ќе работат катните гаражи Беко и 26ти Јули, паркиралиштата: Кочо Рацин, Градска Болница, Треска и клинички центар Мајка Тереза.
На сите верници од православна вероисповед им ги честитаме велигденските празници со христијанскиот поздрав ,,Христос Воскресе!" , порачаа од претпријатието.

The post Бесплатен паркинг на зонските паркинзи во Скопје за Велигденските празници appeared first on Република.

]]>