бесплатен влез во музеите Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/besplaten-vlez-vo-muzeite/ За подобро да се разбереме Fri, 17 May 2024 12:07:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png бесплатен влез во музеите Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/besplaten-vlez-vo-muzeite/ 32 32 Утре, на 18 мај бесплатен влез во музеите во Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/v-sabota-na-18-maj-besplaten-vlez-vo-muzeite-vo-makedonija/ Fri, 17 May 2024 12:02:46 +0000 https://republika.mk/?p=779182

„Музеи за едукација и истражување“ е мотото под кое утре ќе се одбележи Меѓународниот ден на музеите, 18 Мај, датум кој музејските институции низ светот со разновидни активности го одбележуваат од 1977 година.

На овој ден, музеите во земјава традиционално ги отворат своите врати и овозможуваат бесплатен влез за посетителите кои можат да ги видат актуелните изложби и да се запознаат со движното културно богатство.

Музеите, освен својот придонес како платформа за размена на идеи и знаења, имаат значајна улога во образованието и се афирматори на темите што денес силно го засегаат светот, а кои чекаат да бидат истражени и споделени.

Музејските институции ги поттикнуваат идните генерации на креативен, динамичен и интересен начин да се осврнат на комплексните општествени предизвици на денешницата, да се информираат за причините и последиците од човековото влијание врз природата и да развијат критичко размислување и лична одговорност неопходна за градење одржливо општество.

Меѓународниот ден на музеите традиционално се одбележува секоја година на 18 мај со цел промоција на значењето на музејските институции во современото општество. Денот посветен на музеите е востановен од Меѓународниот совет на музеите – ИКОМ со седиште во Париз.

 

The post Утре, на 18 мај бесплатен влез во музеите во Македонија appeared first on Република.

]]>

„Музеи за едукација и истражување“ е мотото под кое утре ќе се одбележи Меѓународниот ден на музеите, 18 Мај, датум кој музејските институции низ светот со разновидни активности го одбележуваат од 1977 година. На овој ден, музеите во земјава традиционално ги отворат своите врати и овозможуваат бесплатен влез за посетителите кои можат да ги видат актуелните изложби и да се запознаат со движното културно богатство. Музеите, освен својот придонес како платформа за размена на идеи и знаења, имаат значајна улога во образованието и се афирматори на темите што денес силно го засегаат светот, а кои чекаат да бидат истражени и споделени. Музејските институции ги поттикнуваат идните генерации на креативен, динамичен и интересен начин да се осврнат на комплексните општествени предизвици на денешницата, да се информираат за причините и последиците од човековото влијание врз природата и да развијат критичко размислување и лична одговорност неопходна за градење одржливо општество. Меѓународниот ден на музеите традиционално се одбележува секоја година на 18 мај со цел промоција на значењето на музејските институции во современото општество. Денот посветен на музеите е востановен од Меѓународниот совет на музеите – ИКОМ со седиште во Париз.  

The post Утре, на 18 мај бесплатен влез во музеите во Македонија appeared first on Република.

]]>
Денеска бесплатен влез во музеите и на локалитетите по повод Светскиот ден на спомениците и локалитетите https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/deneska-besplaten-vlez-vo-muzeite-i-na-lokalitetite-po-povod-svetskiot-den-na-spomenitsite-i-lokalitetite/ Thu, 18 Apr 2024 08:27:02 +0000 https://republika.mk/?p=767437

По повод 18 Април, Светскиот ден на спомениците и археолошките локалитети, денеска е овозможен слободен влез во сите национални установи од областа на заштитата на културното наследство, кои ќе бидат отворени во текот на целиот ден, со што граѓаните ќе имаат можност да се запознаат со археолошките локалитети и спомениците низ државава.

Од Министерството за култура соопштија дека птворени ќе бидат вратите на националните установи: заводи и музеи во Битола, Штип, Охрид, Прилеп и во Струмица; Стоби и Хераклеја; Спомен-куќа на Тоше Проески; Археолошки музеј; Национална галерија со сите свои објекти; Музеј на современата уметност; Музеј на македонската борба; Историски музеј во Крушево; Музеј на албанската азбука; Уметничка галерија во Тетово; „Д-р Никола Незлобински“ во Струга; Музеј на Западна Македонија во НОВ – Кичево; Музеј на тетовскиот крај; Природонаучен музеј; Музеј на Македонија; музеите во Куманово и во Гевгелија.

Меѓународниот совет за споменици и локалитети (ИКОМОС) во 1982 година го прогласи 18 Април за Светски ден на културното наследство, а ИКОМОС секоја година препорачува тема за прославата и активностите на тој ден организирани од страна на националните и меѓународните научни комитети.

Секоја година темите се актуелни, и се однесуваат на подигнување на свеста на јавноста за значењето на светското културно наследство, за заштитата, чувањето и афирмацијата на непроценливото богатство откриено преку археологијата.

Годинашна тема за Меѓународниот ден на спомениците и локалитетите, се додава во соопштението, е „Катастрофи и конфликти низ призмата на Венецијанската повелба“.

На тригодишното генерално собрание на ИКОМОС во 2023 година во Синдеј, темата „Наследство отпорно на катастрофи и конфликти – подготвеност, одговор и закрепнување“ беше избрана како тема за Тригодишниот научен план 2024 – 2027 година. За таа цел, ИКОМОС Македонија во текот на април го разгледува скопскиот земјотрес во 1963 година и неговиот ефект врз културното наследство низ призмата на годинашната тема.

 

The post Денеска бесплатен влез во музеите и на локалитетите по повод Светскиот ден на спомениците и локалитетите appeared first on Република.

]]>

По повод 18 Април, Светскиот ден на спомениците и археолошките локалитети, денеска е овозможен слободен влез во сите национални установи од областа на заштитата на културното наследство, кои ќе бидат отворени во текот на целиот ден, со што граѓаните ќе имаат можност да се запознаат со археолошките локалитети и спомениците низ државава. Од Министерството за култура соопштија дека птворени ќе бидат вратите на националните установи: заводи и музеи во Битола, Штип, Охрид, Прилеп и во Струмица; Стоби и Хераклеја; Спомен-куќа на Тоше Проески; Археолошки музеј; Национална галерија со сите свои објекти; Музеј на современата уметност; Музеј на македонската борба; Историски музеј во Крушево; Музеј на албанската азбука; Уметничка галерија во Тетово; „Д-р Никола Незлобински“ во Струга; Музеј на Западна Македонија во НОВ – Кичево; Музеј на тетовскиот крај; Природонаучен музеј; Музеј на Македонија; музеите во Куманово и во Гевгелија. Меѓународниот совет за споменици и локалитети (ИКОМОС) во 1982 година го прогласи 18 Април за Светски ден на културното наследство, а ИКОМОС секоја година препорачува тема за прославата и активностите на тој ден организирани од страна на националните и меѓународните научни комитети. Секоја година темите се актуелни, и се однесуваат на подигнување на свеста на јавноста за значењето на светското културно наследство, за заштитата, чувањето и афирмацијата на непроценливото богатство откриено преку археологијата. Годинашна тема за Меѓународниот ден на спомениците и локалитетите, се додава во соопштението, е „Катастрофи и конфликти низ призмата на Венецијанската повелба“. На тригодишното генерално собрание на ИКОМОС во 2023 година во Синдеј, темата „Наследство отпорно на катастрофи и конфликти – подготвеност, одговор и закрепнување“ беше избрана како тема за Тригодишниот научен план 2024 – 2027 година. За таа цел, ИКОМОС Македонија во текот на април го разгледува скопскиот земјотрес во 1963 година и неговиот ефект врз културното наследство низ призмата на годинашната тема.  

The post Денеска бесплатен влез во музеите и на локалитетите по повод Светскиот ден на спомениците и локалитетите appeared first on Република.

]]>
Денеска бесплатен влез во сите музеи во Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/deneska-besplaten-vlez-vo-site-muzei-vo-makedonija/ Thu, 18 May 2023 07:46:11 +0000 https://republika.mk/?p=641998

„Музеи, одржливост и благосостојба“ е мотото под кое денеска ќе се одбележи Меѓународниот ден на музеите, 18 Мај, датум кој музејските институции низ светот со разновидни активности го одбележуваат од 1977 година.

На овој ден, музеите во земјава традиционално ќе ги отворат своите врати и ќе овозможат бесплатен влез за посетителите, ќе поставуваат изложби, ќе организираат промоции, работилници и разни едукативни активности, со цел да го доближат движното културно наследство до што поголем дел од јавноста.

Музеите, освен својот придонес како платформа за размена на идеи и знаења, имаат значајна улога во промоцијата на одржливост и благосостојба, можат да инспирираат, да образоваат и да иницираат позитивни промени во различни аспекти на животот за сите нас. Постојат многу начини за музеите да придонесат за постигнување на целите за одржлив развој: од поддршка на климатските активности и поттикнување на инклузивноста, до справување со социјалната изолација и подобрување на менталното здравје.

Меѓународниот ден на музеите се одбележува на 18 мај – датум избран на Генералното собрание на Меѓународниот совет на музеите – ИКОМ во 1977 година во Москва. Целта на одбележувањето е да се насочи вниманието на јавноста од целиот свет кон музејската дејност.

 

The post Денеска бесплатен влез во сите музеи во Македонија appeared first on Република.

]]>

„Музеи, одржливост и благосостојба“ е мотото под кое денеска ќе се одбележи Меѓународниот ден на музеите, 18 Мај, датум кој музејските институции низ светот со разновидни активности го одбележуваат од 1977 година. На овој ден, музеите во земјава традиционално ќе ги отворат своите врати и ќе овозможат бесплатен влез за посетителите, ќе поставуваат изложби, ќе организираат промоции, работилници и разни едукативни активности, со цел да го доближат движното културно наследство до што поголем дел од јавноста. Музеите, освен својот придонес како платформа за размена на идеи и знаења, имаат значајна улога во промоцијата на одржливост и благосостојба, можат да инспирираат, да образоваат и да иницираат позитивни промени во различни аспекти на животот за сите нас. Постојат многу начини за музеите да придонесат за постигнување на целите за одржлив развој: од поддршка на климатските активности и поттикнување на инклузивноста, до справување со социјалната изолација и подобрување на менталното здравје. Меѓународниот ден на музеите се одбележува на 18 мај – датум избран на Генералното собрание на Меѓународниот совет на музеите – ИКОМ во 1977 година во Москва. Целта на одбележувањето е да се насочи вниманието на јавноста од целиот свет кон музејската дејност.  

The post Денеска бесплатен влез во сите музеи во Македонија appeared first on Република.

]]>