бесплатен роаминг Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/besplaten-roaming/ За подобро да се разбереме Tue, 06 Dec 2022 10:21:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png бесплатен роаминг Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/besplaten-roaming/ 32 32 Од 1 октомври 2023 поевтин роаминг со ЕУ, до 2027 ќе се укине https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/od-1-oktomvri-2023-poevtin-roaming-so-eu-do-2027-kje-se-ukine/ Tue, 06 Dec 2022 19:09:28 +0000 https://republika.mk/?p=582491

На Самитот за Западен Балкан – Европска Унија  што се одржува денеска во Тирана телекомуникациските оператори од земјите од ЕУ и ЗБ  потпишаа Договор со кој ќе се овозможи намалување на цените за роаминг меѓу ЕУ и регионот од следната година.

Со Договорот се отвора патот за почеток на процесот за укинување на тарифата за роаминг меѓу земјите од Европската Унија и Западен Балкан.  По долги преговорите  Европската комисија и Регионалниот совет за соработка (РСС), предводени од генералниот секретар Мајлинда Брегу постигнаа договор со мобилните телефонски оператори во Европа и на Балканот за намалување на роаминг тарифите.

Потпишувањето на Декларацијата за роаминг ќе гарантира значително намалување на трошоците за роаминг од 1 октомври 2023 година. Тарифите блиски до националните нивоа на цени се планира да се постигнат до 2027 година.

Операционализацијата на Декларацијата треба да овозможи намалување на оперативните трошоци на бизнисмените, да го поттикне бизнисот надвор од матичните граници и да даде дополнителен поттик на туризмот во регионот на Западен Балкан.

По стапувањето во сила на регионалниот договор за намалување на цените на роаминг, со кој беше укинат роамингот во Западен Балкан од јули 2021 година, Советот за регионална соработка, во соработка со Европската комисија, операторите од Европската унија и од Западен Балкан, како и со властите од регионот, работеа на намалување на цените на роаминг меѓу ЕУ и регионот.

На 1 јули минатата година се укина роамингот за телефонски разговори, СМС пораки и интернет меѓу Македонија, Србија, Црна Гора, Албанија, Косово и Босна и Херцеговина. Со тоа се заокружи примената на Договорот од Вториот дигитален самит од 2019 година меѓу шесте држави од Западен Балкан.

Владината делегација на Самитот од државава, ја предводи премиерот  Димитар Ковачевски, а учествиават и вицепремиерот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ и министерот за надворешни работи Бујар Османи.вт/лв/

 

The post Од 1 октомври 2023 поевтин роаминг со ЕУ, до 2027 ќе се укине appeared first on Република.

]]>

На Самитот за Западен Балкан – Европска Унија  што се одржува денеска во Тирана телекомуникациските оператори од земјите од ЕУ и ЗБ  потпишаа Договор со кој ќе се овозможи намалување на цените за роаминг меѓу ЕУ и регионот од следната година. Со Договорот се отвора патот за почеток на процесот за укинување на тарифата за роаминг меѓу земјите од Европската Унија и Западен Балкан.  По долги преговорите  Европската комисија и Регионалниот совет за соработка (РСС), предводени од генералниот секретар Мајлинда Брегу постигнаа договор со мобилните телефонски оператори во Европа и на Балканот за намалување на роаминг тарифите. Потпишувањето на Декларацијата за роаминг ќе гарантира значително намалување на трошоците за роаминг од 1 октомври 2023 година. Тарифите блиски до националните нивоа на цени се планира да се постигнат до 2027 година. Операционализацијата на Декларацијата треба да овозможи намалување на оперативните трошоци на бизнисмените, да го поттикне бизнисот надвор од матичните граници и да даде дополнителен поттик на туризмот во регионот на Западен Балкан. По стапувањето во сила на регионалниот договор за намалување на цените на роаминг, со кој беше укинат роамингот во Западен Балкан од јули 2021 година, Советот за регионална соработка, во соработка со Европската комисија, операторите од Европската унија и од Западен Балкан, како и со властите од регионот, работеа на намалување на цените на роаминг меѓу ЕУ и регионот. На 1 јули минатата година се укина роамингот за телефонски разговори, СМС пораки и интернет меѓу Македонија, Србија, Црна Гора, Албанија, Косово и Босна и Херцеговина. Со тоа се заокружи примената на Договорот од Вториот дигитален самит од 2019 година меѓу шесте држави од Западен Балкан. Владината делегација на Самитот од државава, ја предводи премиерот  Димитар Ковачевски, а учествиават и вицепремиерот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ и министерот за надворешни работи Бујар Османи.вт/лв/  

The post Од 1 октомври 2023 поевтин роаминг со ЕУ, до 2027 ќе се укине appeared first on Република.

]]>
ЕУ воведува бесплатен роаминг за украинските бегалци https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/eu-voveduva-besplaten-roaming-za-ukrainskite-begalci/ Sat, 09 Apr 2022 07:45:52 +0000 https://republika.mk/?p=485670

Дваесет и четири мобилни оператори од ЕУ и три украински телекомуникациски компании потпишаа договор за обезбедување бесплатен роаминг за време на меѓународни разговори меѓу ЕУ и Украина, се наведува во соопштението објавено на веб-страницата на Европската комисија.

Целта на потпишаните документи е да им се помогне на „раселените Украинци во Европа да останат во контакт со семејството и пријателите дома“.

Во соопштението на Европската комисија се наведува дека телекомуникациските оператори им поделиле милиони бесплатни СИМ-картички на бегалците од Украина. Повиците за нив низ земјите од ЕУ ќе бидат бесплатни.

The post ЕУ воведува бесплатен роаминг за украинските бегалци appeared first on Република.

]]>

Дваесет и четири мобилни оператори од ЕУ и три украински телекомуникациски компании потпишаа договор за обезбедување бесплатен роаминг за време на меѓународни разговори меѓу ЕУ и Украина, се наведува во соопштението објавено на веб-страницата на Европската комисија. Целта на потпишаните документи е да им се помогне на „раселените Украинци во Европа да останат во контакт со семејството и пријателите дома“. Во соопштението на Европската комисија се наведува дека телекомуникациските оператори им поделиле милиони бесплатни СИМ-картички на бегалците од Украина. Повиците за нив низ земјите од ЕУ ќе бидат бесплатни.

The post ЕУ воведува бесплатен роаминг за украинските бегалци appeared first on Република.

]]>