бесплатен превоз Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/besplaten-prevoz/ За подобро да се разбереме Mon, 28 Oct 2024 21:37:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png бесплатен превоз Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/besplaten-prevoz/ 32 32 Бесплатниот автобуски превоз во Куманово трае до 31октомври, Советот ќе разгледува дали ќе продолжи до крајот на годинава https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/besplatniot-avtobuski-prevoz-vo-kumanovo-trae-do-31oktomvri-sovetot-ke-razgleduva-dali-ke-prodolzhi-do-krajot-na-godinava/ Mon, 28 Oct 2024 22:22:30 +0000 https://republika.mk/?p=831881

Советниците во општина Куманово утре ќе ја разгледуваат одлуката дали да се продолжи субвенционирањето на општинскиот линиски превоз на подрачјето на општината.

Со донесување на одлуката за субвенционирање на општински линиски превоз на патници на подрачјето на Општина Куманово произлезе голем интерес од граѓаните корисници на општинскиот линиски превоз, па според тоа субвенционирање на општински линиски превоз на патници на подрачјето на општината ќе продолжи и во следните два месеци од 2024 година. Од самиот почеток оваа мерка се покажа како оправдана, а како крајни корисници на јавен превоз се граѓаните кои се најзасегнати од секојдневното зголемување на цените, па од тие причини Општина Куманово одлучи да издвои средства од буџетот за период уште од два месеци заклучно со 31. 12.2024 година. За општинскиот линиски превоз на патници на подрачјето на општина со што би се ублажила економската криза за сите учесници во општинскиот линиски превоз, велат од општината.

Одлуката за изменување за субвенционирањето на општинскиот линиски превоз на патниците на подрачјето на Куманово опфаќа и измена на член кој се однесува на средствата при што за субвенционирање на општинскиот линиски превоз на патници општина Куманово од Буџетот на Општина Куманово ќе издвои 60.000.000 денари со данок на додадена вредност за период дванаесет месеци почнувајќи од 1 јануари годинава, заклучно со 31 декември годинава. Со претходната измена субвенциониранио линиски превоз траеше до крајот на овој месец.

Од општината сметаат дека донесување на одлуката за субвенционирање на општински линиски превоз на патници до крајот на годинава произлегува од големиот интерес на граѓаните корисници на општинскиот линиски превоз.

Опозицијата постојано реагираше и бараше оваа одлука да се преиначи, бидејќи како што укажуваа во неколку наврати го поддржуваат бесплатниот превоз кој според нив треба да оди по купен билет при што граѓаните ќе имаат увид како и зошто се трошат нивните пари и бараа да се надминат аномалиите на кои укажуваа граѓаните. Дел од граѓаните пак реагираат дека одредени категории граѓани ја злоупотребуваат мерката и бараат од превозниците, учениците да имаат предност при користење на превозот во термините кога почнува првата и втората смена во средните и основните училишта од градот. Дел од кумановци сметаат дека е прескап проект кој е во интерес исклучиво на жителите од приградските населби. Тие реагираа за одлуката, укажувајќи дека е потребно општината да формира претпријатие за вршење на дејноста.

Општината ја правда одлуката како оправдана, укажувајќи дека се ублажила енергетската криза подобрен е на семејниот буџет, намален е на сообраќајниот метеж во централното градско подрачје и загадувањето на животната средина.

The post Бесплатниот автобуски превоз во Куманово трае до 31октомври, Советот ќе разгледува дали ќе продолжи до крајот на годинава appeared first on Република.

]]>

Советниците во општина Куманово утре ќе ја разгледуваат одлуката дали да се продолжи субвенционирањето на општинскиот линиски превоз на подрачјето на општината.
Со донесување на одлуката за субвенционирање на општински линиски превоз на патници на подрачјето на Општина Куманово произлезе голем интерес од граѓаните корисници на општинскиот линиски превоз, па според тоа субвенционирање на општински линиски превоз на патници на подрачјето на општината ќе продолжи и во следните два месеци од 2024 година. Од самиот почеток оваа мерка се покажа како оправдана, а како крајни корисници на јавен превоз се граѓаните кои се најзасегнати од секојдневното зголемување на цените, па од тие причини Општина Куманово одлучи да издвои средства од буџетот за период уште од два месеци заклучно со 31. 12.2024 година. За општинскиот линиски превоз на патници на подрачјето на општина со што би се ублажила економската криза за сите учесници во општинскиот линиски превоз, велат од општината.
Одлуката за изменување за субвенционирањето на општинскиот линиски превоз на патниците на подрачјето на Куманово опфаќа и измена на член кој се однесува на средствата при што за субвенционирање на општинскиот линиски превоз на патници општина Куманово од Буџетот на Општина Куманово ќе издвои 60.000.000 денари со данок на додадена вредност за период дванаесет месеци почнувајќи од 1 јануари годинава, заклучно со 31 декември годинава. Со претходната измена субвенциониранио линиски превоз траеше до крајот на овој месец. Од општината сметаат дека донесување на одлуката за субвенционирање на општински линиски превоз на патници до крајот на годинава произлегува од големиот интерес на граѓаните корисници на општинскиот линиски превоз. Опозицијата постојано реагираше и бараше оваа одлука да се преиначи, бидејќи како што укажуваа во неколку наврати го поддржуваат бесплатниот превоз кој според нив треба да оди по купен билет при што граѓаните ќе имаат увид како и зошто се трошат нивните пари и бараа да се надминат аномалиите на кои укажуваа граѓаните. Дел од граѓаните пак реагираат дека одредени категории граѓани ја злоупотребуваат мерката и бараат од превозниците, учениците да имаат предност при користење на превозот во термините кога почнува првата и втората смена во средните и основните училишта од градот. Дел од кумановци сметаат дека е прескап проект кој е во интерес исклучиво на жителите од приградските населби. Тие реагираа за одлуката, укажувајќи дека е потребно општината да формира претпријатие за вршење на дејноста. Општината ја правда одлуката како оправдана, укажувајќи дека се ублажила енергетската криза подобрен е на семејниот буџет, намален е на сообраќајниот метеж во централното градско подрачје и загадувањето на животната средина.

The post Бесплатниот автобуски превоз во Куманово трае до 31октомври, Советот ќе разгледува дали ќе продолжи до крајот на годинава appeared first on Република.

]]>
Утре јавниот превоз е бесплатен од 18 часот поради „Бела ноќ“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/utre-javniot-prevoz-e-besplaten-od-18-chasot-poradi-bela-nok/ Fri, 04 Oct 2024 17:22:23 +0000 https://republika.mk/?p=822841

Поради oвогодинешното издание на „Бела ноќ“, што ќе се одржи на повеќе централни локации низ градот во текот на утрешниот ден, в сабота, на 5 октомври, во периодот од 18 до два часот наредниот ден, превозот на патниците во јавниот градски превоз ќе биде бесплатен, информираат попладнево од Јавното сообраќајно претпријатие – Скопје.

The post Утре јавниот превоз е бесплатен од 18 часот поради „Бела ноќ“ appeared first on Република.

Од 1 јуни Загреб воведува бесплатен јавен превоз за своите жители со над 65 години https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/od-1-juni-zagreb-voveduva-besplaten-javen-prevoz-za-svoite-zhiteli-so-nad-65-godini/ Mon, 08 Apr 2024 12:43:53 +0000 https://republika.mk/?p=763831

Од 1 јуни право на бесплатен јавен превоз ќе имаат граѓаните кои живеат во Загреб кои имаат 65 години и повеќе, соопштија од Градот Загреб.

Со оглед на тоа што има речиси 160.000 мажи и жени од Загреб кои можат да го искористат ова право, овозможен е преоден период во кој бесплатното користење на транспортната услуга е можно по приложување на важечка лична карта која покажува престој во градот Загреб и дека корисниците наполниле 65 години.

Преодниот рок важи од 01.06.2024 година до 30.09.2024 година, а во наведениот период, мажите и жените од Загреб на возраст над 65 години ќе можат да подигнат бесплатен годишен купон со важност од 12 месеци.

Градоначалникот на Загреб, Томислав Томашевиќ изјави дека со тоа се олеснува мобилноста на старите лица и се намалуваат нивните трошоци за живот.

The post Од 1 јуни Загреб воведува бесплатен јавен превоз за своите жители со над 65 години appeared first on Република.

]]>

Од 1 јуни право на бесплатен јавен превоз ќе имаат граѓаните кои живеат во Загреб кои имаат 65 години и повеќе, соопштија од Градот Загреб. Со оглед на тоа што има речиси 160.000 мажи и жени од Загреб кои можат да го искористат ова право, овозможен е преоден период во кој бесплатното користење на транспортната услуга е можно по приложување на важечка лична карта која покажува престој во градот Загреб и дека корисниците наполниле 65 години. Преодниот рок важи од 01.06.2024 година до 30.09.2024 година, а во наведениот период, мажите и жените од Загреб на возраст над 65 години ќе можат да подигнат бесплатен годишен купон со важност од 12 месеци. Градоначалникот на Загреб, Томислав Томашевиќ изјави дека со тоа се олеснува мобилноста на старите лица и се намалуваат нивните трошоци за живот.  

The post Од 1 јуни Загреб воведува бесплатен јавен превоз за своите жители со над 65 години appeared first on Република.

]]>
Арсовска се премисли, сепак ќе се гради БРТ во Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/arsovska-se-premisli-sepak-ke-se-gradi-brt-vo-skopje/ Thu, 09 Nov 2023 12:50:57 +0000 https://republika.mk/?p=699916

По две години отстранување на пречките на проектот предизвикани од претходното градско раководство, градот Скопје конечно ќе добие нов транспортен систем, се вели во денешното соопштение од Град Скопје.

Системот за Брз автобуски превоз доби зелено светло од меѓународните партнери со што започнува неговата реализација во главниот град. Проектот подразбира изградба на два нови терминали, на транспортни центри, обезбедување на непречено сообраќање на автобусите, како и набавка на нови еколошки автобуси кои користат ЦНГ. Во основниот идеен проект беа истакнати детектираните сериозни пречки за реализација кои благодарение на посветеноста и работата на градската администрација се надминати и со нивно отстранување се овозможува непречена реализација на овој проект. Градот Скопје и покрај сите блокади продолжува со заложбите кои ќе им овозможат на граѓаните модерен и навремен јавен градски превоз, надминувајќи ги проблемите со кои се соочува и ЈСП и граѓаните кога станува збор за градскиот превоз. Во нашите искрени заложби за модерен и еколошки градски превоз нема да не сопрат ниту блокадите во Советот на Град Скопје ниту структурните проблеми со кои се соочува ЈСП, а се наследени од претходните раководства на претпријатието. Новите еколошки автобуси и ревидираниот систем значително ќе го намалат сообраќајниот хаос во главниот град и ќе овозможат јавниот превоз да се одвива непречено, а доцнењето да биде минато. Затоа е важно се што е во интерес на граѓаните да се реализира, а тие да добијат градски превоз како што доликува на главниот град, се вели во соопштението.

The post Арсовска се премисли, сепак ќе се гради БРТ во Скопје appeared first on Република.

Бесплатен јавен превоз за сите граѓани за време на „Бела ноќ“ 2023 https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/besplaten-javen-prevoz-za-site-gragani-za-vreme-na-bela-nok-2023/ Fri, 29 Sep 2023 14:44:22 +0000 https://republika.mk/?p=686421

Градот Скопје и оваа година обезбеди бесплатен јавен превоз за сите граѓани за време на одржувањето на традиционалната културна манифестација „Бела ноќ“ 2023.

Бесплатниот превоз ќе може да го користат сите граѓани во периодот од 18 часот во сабота (30.09.2023 година) до 05 часот во недела (01.10.2023 година).

Традиционалната манифестација „Бела ноќ“, која годинава се одржува по 19.пат, за граѓаните ќе понуди изложби, перформанси, инсталации, концерти, театарски претстави и филмски проекции што ќе се одржуваат на повеќе локации во градот и ќе ја слават културата и уметноста во Скопје како Европска престолнина културата за 2028 година.

The post Бесплатен јавен превоз за сите граѓани за време на „Бела ноќ“ 2023 appeared first on Република.

]]>

Градот Скопје и оваа година обезбеди бесплатен јавен превоз за сите граѓани за време на одржувањето на традиционалната културна манифестација „Бела ноќ“ 2023. Бесплатниот превоз ќе може да го користат сите граѓани во периодот од 18 часот во сабота (30.09.2023 година) до 05 часот во недела (01.10.2023 година). Традиционалната манифестација „Бела ноќ“, која годинава се одржува по 19.пат, за граѓаните ќе понуди изложби, перформанси, инсталации, концерти, театарски претстави и филмски проекции што ќе се одржуваат на повеќе локации во градот и ќе ја слават културата и уметноста во Скопје како Европска престолнина културата за 2028 година.

The post Бесплатен јавен превоз за сите граѓани за време на „Бела ноќ“ 2023 appeared first on Република.

]]>
Ќе продолжи бесплатниот превоз во Куманово https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ke-prodolzhi-besplatniot-prevoz-vo-kumanovo/ Thu, 29 Jun 2023 14:03:14 +0000 https://republika.mk/?p=656490

Локалната власт во Куманово размислува да ја продолжи мерката бесплатен автобуски превоз. Претседателката на Советот, Ивана Ѓорѓиевска денеска кажа дека на наредната седница ќе се разгледа извештајот за користа што ја имаат граѓаните од функционирањето на мерката последниов период.

- На наредната седница ќе се најде информација во врска со бесплатниот автобуски превоз. Субвенционирањето се покажа како една од поуспешните мерки што ги изгласавме како Совет. Мојот личен став е дека субвенционирањето треба да продолжи до крајот на годинава, изјави Ѓорѓиевска.

Таа рече дека освен економскиот бенефит што го остваруваат жителите, се развива и свеста и кумановци стекнуваат навика за важноста од користењето автобуски превоз. Советниците на идната седница ќе ја разгледаат анализата, бројот на корисници, бенефитите, но и недостатоците во однос на некои линии, ефектите во однос на аерозагадувањето и намалувањето на сообраќајниот метеж.

Со одлуката на Советот од април годинава граѓаните можат да ја користат мерката до септември. За оваа намена тогаш беа одвоени дополнителни 15 милиони денари од општинскиот буџет за 26 линии. Опозицијата во Советот тогаш реагираше дека одлуката се носи без анализа за придобивките од мерката во првите три месеци и кажа дека е потребна поголема одговорност при носење на одлука, со која се трошат значителни средства од парите на граѓаните.

Првично, одлуката на Советот се однесуваше на користење на превозот за сите граѓани од јануари до јуни, за што беа одвоени 30 милиони денари.

The post Ќе продолжи бесплатниот превоз во Куманово appeared first on Република.

]]>

Локалната власт во Куманово размислува да ја продолжи мерката бесплатен автобуски превоз. Претседателката на Советот, Ивана Ѓорѓиевска денеска кажа дека на наредната седница ќе се разгледа извештајот за користа што ја имаат граѓаните од функционирањето на мерката последниов период. - На наредната седница ќе се најде информација во врска со бесплатниот автобуски превоз. Субвенционирањето се покажа како една од поуспешните мерки што ги изгласавме како Совет. Мојот личен став е дека субвенционирањето треба да продолжи до крајот на годинава, изјави Ѓорѓиевска. Таа рече дека освен економскиот бенефит што го остваруваат жителите, се развива и свеста и кумановци стекнуваат навика за важноста од користењето автобуски превоз. Советниците на идната седница ќе ја разгледаат анализата, бројот на корисници, бенефитите, но и недостатоците во однос на некои линии, ефектите во однос на аерозагадувањето и намалувањето на сообраќајниот метеж. Со одлуката на Советот од април годинава граѓаните можат да ја користат мерката до септември. За оваа намена тогаш беа одвоени дополнителни 15 милиони денари од општинскиот буџет за 26 линии. Опозицијата во Советот тогаш реагираше дека одлуката се носи без анализа за придобивките од мерката во првите три месеци и кажа дека е потребна поголема одговорност при носење на одлука, со која се трошат значителни средства од парите на граѓаните. Првично, одлуката на Советот се однесуваше на користење на превозот за сите граѓани од јануари до јуни, за што беа одвоени 30 милиони денари.

The post Ќе продолжи бесплатниот превоз во Куманово appeared first on Република.

]]>
Денеска не се гласаше за нови 250 еко автобуси, туку за ново задолжување од 10 милиони евра https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/deneska-ne-se-glasashe-za-novi-250-eko-avtobusi-tuku-za-novo-zadolzhuvane-od-10-milioni-evra/ Thu, 26 Jan 2023 13:50:01 +0000 https://republika.mk/?p=601305

Денеска не се гласаше и расправаше за Проект за нови 250 еко автобуси какви вети Арсовска за „Модерно Скопје“, туку за ново задолжување од 10 милиони евра кое е без објаснување за условите, слепо, без дебата и без план, велат од советничка група во Советот на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за Обнова на Македонија.

Скопје има потреба од нови автобуси, но не и од задолжување без образложение за нов криминал и задоволување на приватни интереси.

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје и Коалицијата за Обнова на Македонија нема да поддржи задолжување без објаснување. Нема информации на колку години е тоа задолжување, дали има градот и ЈСП финансиска моќ, од каде ќе е задолжувањето, дали однапред е тоа договорено?

Нема да поддржиме задолжување без да се каже колкава е каматната стапка, каков е грејс периодот и условите за тоа. Арсовска нема информации какви автобуси ќе набавува, на каков погон.

Арсовска беше должна да објасни зошто нема јавна расправа и анкета за новото задолжување што е обврска согласно закон.

Дали Арсовска е сигурна дека со 10 милиони евра може да се купат 50 еко автобуси? Пред истиов совет веќе ЈСП во инвестициската програма предвиди 4 милијарди денари за набавка на хибрид автобуси, какви се тие автобуси, и дали тие автобуси се истите за кои ќе се задолжува сега Арсовска?

Слепа поддршка за ново задолжување дадоа фолирантите од Левица, криминогената ДУИ, и уценетата ГРОМ, а причините зошто се дава слепа поддршка е затоа што се работи за богато корумпирана структура која крева раце за се што е потребно.

Од друга страна СДС прави политика бидејќи го штити своето неработење и хаосот кое само Арсовска го продолжи, велат од советничката група.

The post Денеска не се гласаше за нови 250 еко автобуси, туку за ново задолжување од 10 милиони евра appeared first on Република.

]]>

Денеска не се гласаше и расправаше за Проект за нови 250 еко автобуси какви вети Арсовска за „Модерно Скопје“, туку за ново задолжување од 10 милиони евра кое е без објаснување за условите, слепо, без дебата и без план, велат од советничка група во Советот на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за Обнова на Македонија.
Скопје има потреба од нови автобуси, но не и од задолжување без образложение за нов криминал и задоволување на приватни интереси. Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје и Коалицијата за Обнова на Македонија нема да поддржи задолжување без објаснување. Нема информации на колку години е тоа задолжување, дали има градот и ЈСП финансиска моќ, од каде ќе е задолжувањето, дали однапред е тоа договорено? Нема да поддржиме задолжување без да се каже колкава е каматната стапка, каков е грејс периодот и условите за тоа. Арсовска нема информации какви автобуси ќе набавува, на каков погон. Арсовска беше должна да објасни зошто нема јавна расправа и анкета за новото задолжување што е обврска согласно закон. Дали Арсовска е сигурна дека со 10 милиони евра може да се купат 50 еко автобуси? Пред истиов совет веќе ЈСП во инвестициската програма предвиди 4 милијарди денари за набавка на хибрид автобуси, какви се тие автобуси, и дали тие автобуси се истите за кои ќе се задолжува сега Арсовска? Слепа поддршка за ново задолжување дадоа фолирантите од Левица, криминогената ДУИ, и уценетата ГРОМ, а причините зошто се дава слепа поддршка е затоа што се работи за богато корумпирана структура која крева раце за се што е потребно. Од друга страна СДС прави политика бидејќи го штити своето неработење и хаосот кое само Арсовска го продолжи, велат од советничката група.

The post Денеска не се гласаше за нови 250 еко автобуси, туку за ново задолжување од 10 милиони евра appeared first on Република.

]]>
Во Битола бесплатен автобуски превоз до зимскиот центар Нижо Поле https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/vo-bitola-besplaten-avtobuski-prevoz-do-zimskiot-tsentar-nizho-pole/ Wed, 04 Jan 2023 07:40:06 +0000 https://republika.mk/?p=593360

Општинскиот штаб за заштита и спасување на Општина Битола одлучи од денеска и во наредните три денови на битолчани да им овозможи бесплатен автобуски превоз до зимскиот центар Нижо Поле, со цел помош на граѓаните во услови на влошена состојба на амбиенталниот воздух во градот.

Од Општинскиот кризен штаб известија дека бесплатен превоз за граѓаните на Општина Битола до Ски центар „Нижо Поле“ ќе се одвива денеска, утре и во петок со време на поаѓање во 9:00, 11:00 и 13:00 часот на две автобуски линии, односно прва линија со поаѓање од Автобуска станица - Спортска сала „Боро Чурлевски“ - улица „Партизанска“ - улица „Васко Карангелевски“ - Ружа Делчева - Лавчанска населба - Брусничка населба до Нижо Поле, а втората линија ќе поаѓа од Ат пазар - Бела Чешма - Шехерезада - Булевар „1 Мај“ - Довлеџик до Нижо Поле.

– Во соработка со СВР Битола, ќе се спроведуваат зголемени контроли и пренасочување на тешките товарни возила, со цел да се спречи нивно влегување во градот, како и да се овозможи побрз проток на клучни раскрсници и тесни грла во градот, Општинскиот инспекторат и СВР Битола со свои екипи, ќе вршат зголемени контроли на терен, на начинот на работа и загревање на приватните капацитети и домаќинствата, а со претходно побарана помош преку јавување на телефонскиот број 047236019, тимови на ОО Црвен крст, ќе вршат достава на храна и лекови на хронично болни и изнемоштени лица, соопштија од ОКШ-Битола.

На битолчани им се препорачува да носат заштитни маски, за што во соработка со ОО Црвен крст, ќе бидат поставени пунктови за бесплатно делење на маски во Новиот пазар, Градскиот пазар и на Широк Сокак, соопштија од ОКШ по синоќешниот состанок со кој претседаваа градоначалникот Тони Коњановски и претседателката на општинскиот Совет, Габриела Илиевска.

The post Во Битола бесплатен автобуски превоз до зимскиот центар Нижо Поле appeared first on Република.

]]>

Општинскиот штаб за заштита и спасување на Општина Битола одлучи од денеска и во наредните три денови на битолчани да им овозможи бесплатен автобуски превоз до зимскиот центар Нижо Поле, со цел помош на граѓаните во услови на влошена состојба на амбиенталниот воздух во градот. Од Општинскиот кризен штаб известија дека бесплатен превоз за граѓаните на Општина Битола до Ски центар „Нижо Поле“ ќе се одвива денеска, утре и во петок со време на поаѓање во 9:00, 11:00 и 13:00 часот на две автобуски линии, односно прва линија со поаѓање од Автобуска станица - Спортска сала „Боро Чурлевски“ - улица „Партизанска“ - улица „Васко Карангелевски“ - Ружа Делчева - Лавчанска населба - Брусничка населба до Нижо Поле, а втората линија ќе поаѓа од Ат пазар - Бела Чешма - Шехерезада - Булевар „1 Мај“ - Довлеџик до Нижо Поле. – Во соработка со СВР Битола, ќе се спроведуваат зголемени контроли и пренасочување на тешките товарни возила, со цел да се спречи нивно влегување во градот, како и да се овозможи побрз проток на клучни раскрсници и тесни грла во градот, Општинскиот инспекторат и СВР Битола со свои екипи, ќе вршат зголемени контроли на терен, на начинот на работа и загревање на приватните капацитети и домаќинствата, а со претходно побарана помош преку јавување на телефонскиот број 047236019, тимови на ОО Црвен крст, ќе вршат достава на храна и лекови на хронично болни и изнемоштени лица, соопштија од ОКШ-Битола. На битолчани им се препорачува да носат заштитни маски, за што во соработка со ОО Црвен крст, ќе бидат поставени пунктови за бесплатно делење на маски во Новиот пазар, Градскиот пазар и на Широк Сокак, соопштија од ОКШ по синоќешниот состанок со кој претседаваа градоначалникот Тони Коњановски и претседателката на општинскиот Совет, Габриела Илиевска.  

The post Во Битола бесплатен автобуски превоз до зимскиот центар Нижо Поле appeared first on Република.

]]>
Куманово во наредните 6 месеци со бесплатен градски автобуски превоз https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kumanovo-vo-narednite-6-mesetsi-so-besplaten-gradski-avtobuski-prevoz/ Tue, 27 Dec 2022 21:05:04 +0000 https://republika.mk/?p=590724

Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски информира дека на денешната Седница, Советот на општината го прифати неговиот предлог и едногласно донесе одлука за субвенционирање на јавен линиски превоз во наредните шест месеци со тенденција да продолжи и во иднина.

Со оваа одлука граѓаните во наредниот период ќе можат бесплатно да го користат јавниот линиски превоз за своите потреби. Во време на економско-енергетска криза граѓаните на Општина Куманово добиваат можност за значителни заштеди во семејниот буџет. Со ова, ќе придонесеме за намалување на сообраќајниот метеж во централното градско подрачје и намалување на загадувањето. Дополнително, ќе се стремиме да се унапреди нивото на услуга во јавниот линиски превоз во Куманово и да стимулираме што е можно повеќе граѓани да користат јавен превоз за сопствените потреби, потенцира Димитриевски.

The post Куманово во наредните 6 месеци со бесплатен градски автобуски превоз appeared first on Република.

Неисполнетото ветување на Данела повторно актуелно – скопјани ќе добиле бесплатен превоз https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/neispolnetoto-vetuvanje-na-danela-povtorno-aktuelno-skopjani-kje-dobile-besplaten-prevoz/ Sat, 03 Dec 2022 10:03:13 +0000 https://republika.mk/?p=581271

В.д. директорот на Јавното сообраќајно претпријатие Александар Стојковски во интервју за МИА вели дека дека автобусите на ЈСП се технички исправни и најавува нови вработувања за возачи поради одлив на кадар по основ на пензионирање.

Ветува и дека скопјани ќе добијат бесплатен јавен превоз, ветување кое беше дадено во предизборната кампања од страна на градоначалничката Данела Арсовска.

Вели дека работите се ставени во мирување поради актуелната економска и енергетска криза, но дека се прават подготовки за да се реализира ветеното пред граѓаните на главниот град.

-Да, скопјани ќе добијат бесплатен јавен превоз. Ние изминатиот период почнавме со фазни продготовки, односно сакавме бесплатниот јавен превоз да го воведуваме во фази, но поради економската криза којашто во моментов се случува на светско и на глобално ниво, тоа го оставивме во мирување, но тоа не значи дека не ги правиме подготовките за да се реализира ветеното, рече Стојковски во интервјуто.

The post Неисполнетото ветување на Данела повторно актуелно – скопјани ќе добиле бесплатен превоз appeared first on Република.

]]>

В.д. директорот на Јавното сообраќајно претпријатие Александар Стојковски во интервју за МИА вели дека дека автобусите на ЈСП се технички исправни и најавува нови вработувања за возачи поради одлив на кадар по основ на пензионирање. Ветува и дека скопјани ќе добијат бесплатен јавен превоз, ветување кое беше дадено во предизборната кампања од страна на градоначалничката Данела Арсовска. Вели дека работите се ставени во мирување поради актуелната економска и енергетска криза, но дека се прават подготовки за да се реализира ветеното пред граѓаните на главниот град.
-Да, скопјани ќе добијат бесплатен јавен превоз. Ние изминатиот период почнавме со фазни продготовки, односно сакавме бесплатниот јавен превоз да го воведуваме во фази, но поради економската криза којашто во моментов се случува на светско и на глобално ниво, тоа го оставивме во мирување, но тоа не значи дека не ги правиме подготовките за да се реализира ветеното, рече Стојковски во интервјуто.

The post Неисполнетото ветување на Данела повторно актуелно – скопјани ќе добиле бесплатен превоз appeared first on Република.

]]>
ЈСП: Бесплатен превоз за „Бела ноќ“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/jsp-besplaten-prevoz-za-bela-nokj/ Thu, 29 Sep 2022 11:13:25 +0000 https://republika.mk/?p=555562

Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) Скопје денеска соопшти дека ќе овозможи бесплатен јавен превоз по повод традиционалната културна манифестација „Бела ноќ 2022“. Право на бесплатен превоз ќе имаат сите граѓани од 18 часот во сабота (1 октомври) до 5 часот во недела (2 октомври).

Потсетуваме дека во функција се и ноќните линии, а возниот ред е достапен на веб-страницата на ЈСП Скопје“, соопштува ЈСП.

„Бела ноќ“ и годинава ќе биде мултимедијална вечер со богата културна програма која ги опфаќа сите културни установи. Ќе има изложби, театарски претстави на отворено, настапи на камерен оркестар, кино проекции, магионичарско и жонглерско шоу, настапи на диџеи и поетски читања.

The post ЈСП: Бесплатен превоз за „Бела ноќ“ appeared first on Република.

Бесплатен јавен превоз за „Бела ноќ“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/besplaten-javen-prevoz-za-bela-nokj/ Thu, 29 Sep 2022 09:12:39 +0000 https://republika.mk/?p=555475

ЈСП Скопје и годинава ќе овозможи бесплатен јавен превоз по повод одржувањето на традиционалната културна манифестација „Бела ноќ 2022“.

Право на бесплатен превоз ќе имаат сите граѓани во период од 18 часот во сабота (1.10.2022 год) до 05 часот во недела (2.10.2022 год).

Потсетуваме дека во функција се и ноќните линии, а возниот ред е достапен на веб страницата на ЈСП Скопје (www.jsp.com.mk).

The post Бесплатен јавен превоз за „Бела ноќ“ appeared first on Република.

]]>

ЈСП Скопје и годинава ќе овозможи бесплатен јавен превоз по повод одржувањето на традиционалната културна манифестација „Бела ноќ 2022“. Право на бесплатен превоз ќе имаат сите граѓани во период од 18 часот во сабота (1.10.2022 год) до 05 часот во недела (2.10.2022 год). Потсетуваме дека во функција се и ноќните линии, а возниот ред е достапен на веб страницата на ЈСП Скопје (www.jsp.com.mk).  

The post Бесплатен јавен превоз за „Бела ноќ“ appeared first on Република.

]]>
Сојузот на средношколци ја поддржува најавената мерка за бесплатен превоз во лето https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/sojuzot-na-srednoshkolci-ja-poddrzuva-najavenata-merka-za-besplaten-prevoz-vo-leto/ Sat, 09 Jul 2022 07:09:20 +0000 https://republika.mk/?p=526168

Сојузот на средношколци ја поздравува и поддржува предлог-мерката предложена од градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска за обезбедување бесплатен јавен превоз за средношколците и во текот на летниот распуст за полесно извршување на воннаставните активности и феријалната пракса кај некои струки.

-Во таа насока, особено нè радува дека Град Скопје презема вакви мерки по средбата која ја имавме со градоначалничката во март годинава како и подоцнежниот состанок со советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата на нивниот отворен ден. На обете средби ние ги повторивме нашите барање и добивме гаранции дека градоначалничката и Советот на Град Скопје ќе работат на нив. Со предложената мерка се предлага да се наменат дополнителни 50 милиони денари за организирање и спроведување на бесплатниот ученички превоз, со што оваа буџетска ставка ќе има вкупна сума од 92 милиони денари, стои во соопштението.

Апелираат на политички консензус и ги повикуваат сите 45 советници да ја поддржат оваа мерка која е во интерес на средношколците.

Од Сојузот на средношколци информираат дека интензивно работат на изменување на предложеното законско решение за праведен јавен превоз за сите средношколци со цел тоа да биде прифатливо за сите.

The post Сојузот на средношколци ја поддржува најавената мерка за бесплатен превоз во лето appeared first on Република.

]]>

Сојузот на средношколци ја поздравува и поддржува предлог-мерката предложена од градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска за обезбедување бесплатен јавен превоз за средношколците и во текот на летниот распуст за полесно извршување на воннаставните активности и феријалната пракса кај некои струки. -Во таа насока, особено нè радува дека Град Скопје презема вакви мерки по средбата која ја имавме со градоначалничката во март годинава како и подоцнежниот состанок со советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата на нивниот отворен ден. На обете средби ние ги повторивме нашите барање и добивме гаранции дека градоначалничката и Советот на Град Скопје ќе работат на нив. Со предложената мерка се предлага да се наменат дополнителни 50 милиони денари за организирање и спроведување на бесплатниот ученички превоз, со што оваа буџетска ставка ќе има вкупна сума од 92 милиони денари, стои во соопштението. Апелираат на политички консензус и ги повикуваат сите 45 советници да ја поддржат оваа мерка која е во интерес на средношколците. Од Сојузот на средношколци информираат дека интензивно работат на изменување на предложеното законско решение за праведен јавен превоз за сите средношколци со цел тоа да биде прифатливо за сите.

The post Сојузот на средношколци ја поддржува најавената мерка за бесплатен превоз во лето appeared first on Република.

]]>
Бесплатен железнички превоз за студенти, средношколци и пензионери од 1 мај https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/besplaten-zeleznichki-prevoz-za-studenti-srednoshkolci-i-penzioneri-od-1-maj/ Tue, 26 Apr 2022 06:53:24 +0000 https://republika.mk/?p=493587

Согласно мерките за намалување на трошоците на живот за граѓаните, Владата на Република Македонија преку Министерството за транспорт и врски и Железници на Република Македонија Транспорт АД-Скопје донесе одлука да се воведе бесплатен превоз во железничкиот сообраќај и тоа:

  • Бесплатен превоз на млади лица до 27 години, секоја прва и трета недела во месецот, во период на викенд денови од петок од 12 часот, до понеделник до 12 часот

  • Бесплатен превоз на стари лица, жени до 62 години и мажи до 64 години секој втор викенд во месецот (петок, сабота и недела);

  • Бесплатен превоз за студенти секој четврток

  • И бесплатен превоз за сите ученици во средното образование и тоа еднаш неделно во среда

Бесплатниот превоз се воведува од 1 мај 2022 година, согласно возниот ред на Железници на Република Македонија Транспорт АД-Скопје за 2022 година.

Со оваа мерка овозможуваме континуирана поддршка на граѓаните се со цел  поттикнување на железничкиот сообраќај како најевтин и еколошки превоз.

The post Бесплатен железнички превоз за студенти, средношколци и пензионери од 1 мај appeared first on Република.

]]>

Согласно мерките за намалување на трошоците на живот за граѓаните, Владата на Република Македонија преку Министерството за транспорт и врски и Железници на Република Македонија Транспорт АД-Скопје донесе одлука да се воведе бесплатен превоз во железничкиот сообраќај и тоа:  
  • Бесплатен превоз на млади лица до 27 години, секоја прва и трета недела во месецот, во период на викенд денови од петок од 12 часот, до понеделник до 12 часот
 
  • Бесплатен превоз на стари лица, жени до 62 години и мажи до 64 години секој втор викенд во месецот (петок, сабота и недела);
 
  • Бесплатен превоз за студенти секој четврток
 
  • И бесплатен превоз за сите ученици во средното образование и тоа еднаш неделно во среда
Бесплатниот превоз се воведува од 1 мај 2022 година, согласно возниот ред на Железници на Република Македонија Транспорт АД-Скопје за 2022 година.   Со оваа мерка овозможуваме континуирана поддршка на граѓаните се со цел  поттикнување на железничкиот сообраќај како најевтин и еколошки превоз.

The post Бесплатен железнички превоз за студенти, средношколци и пензионери од 1 мај appeared first on Република.

]]>
Се воведува бесплатен превоз во железничкиот сообраќај од 1 мај 2022 година https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/se-voveduva-besplaten-prevoz-vo-zeleznichkiot-soobrakjaj-od-1-maj-2022-godina/ Sat, 23 Apr 2022 11:34:20 +0000 https://republika.mk/?p=492643

Владата, преку Министерството за транспорт и врски и „Железници - Транспорт АД-Скопје“ донесе одлука да се воведе бесплатен превоз во железничкиот сообраќај и тоа:

- Бесплатен превоз на млади лица до 27 години, секоја прва и трета недела во месецот, во период на викенд денови од петок од 12 часот, до понеделник до 12 часот

- Бесплатен превоз на стари лица, жени до 62 години и мажи до 64 години секој втор викенд во месецот (петок, сабота и недела);

- Бесплатен превоз за студенти секој четврток

- Бесплатен превоз за сите ученици во средното образование и тоа еднаш неделно во среда

Бесплатниот превоз се воведува од 1 мај 2022 година, согласно возниот ред на Железници за 2022 година.

The post Се воведува бесплатен превоз во железничкиот сообраќај од 1 мај 2022 година appeared first on Република.

]]>

Владата, преку Министерството за транспорт и врски и „Железници - Транспорт АД-Скопје“ донесе одлука да се воведе бесплатен превоз во железничкиот сообраќај и тоа: - Бесплатен превоз на млади лица до 27 години, секоја прва и трета недела во месецот, во период на викенд денови од петок од 12 часот, до понеделник до 12 часот - Бесплатен превоз на стари лица, жени до 62 години и мажи до 64 години секој втор викенд во месецот (петок, сабота и недела); - Бесплатен превоз за студенти секој четврток - Бесплатен превоз за сите ученици во средното образование и тоа еднаш неделно во среда Бесплатниот превоз се воведува од 1 мај 2022 година, согласно возниот ред на Железници за 2022 година.

The post Се воведува бесплатен превоз во железничкиот сообраќај од 1 мај 2022 година appeared first on Република.

]]>
Oд петок се враќа бесплатниот превоз за пензионерите, ќе важи 4 дена неделно https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/od-petok-se-vrakja-besplatniot-prevoz-za-penzionerite-kje-vazi-4-dena-nedelno/ Wed, 23 Mar 2022 11:01:40 +0000 https://republika.mk/?p=477080

Од петок (25.03.2022 год) започнува да важи одлуката за бесплатен јавен превоз за возрасни лица. Бесплатниот превоз се однесува на категоријата лица - жени над 62 години и мажи над 64 години и ќе важи во вторник, петок, сабота и недела.

Со ова олеснување на трошоците на граѓаните ќе бидат опфатени околу 80.000 корисници на јавниот превоз во Скопје кои ќе имаат право да го користат превозот бесплатно, четири дена во неделата.

Воведувањето на бесплатниот превоз за возрасни лица е во согласност со одлуката на Советот на Град Скопје за дотации или давање на субвенции на Јавното сообраќајно претпријатие и средствата за оваа намена се обезбедени од Буџетот на Град Скопје. Морам да напоменам дека освен што се ослободуваат возрасните лица во посочените денови од трошоци за автобуски превоз, бесплатен превоз веќе имаат и учениците средношколци во средните училишта чијшто основач е Град Скопје, редовните студенти на додипломски студии на државните универзитети во Скопје, како и лицата со попреченост, истакна на денешната прес конференција, в.д.директорот на ЈСП, Иван Илиевски. Возрасните лица кои сакаат да користат бесплатен превоз во вторник, петок, сабота и недела, треба да поседуваат персонализирана електронска картичка „Скопска“ и при користење на јавен превоз да се валидираат, а истата картичка се приложува и во случај на линиска контрола.

Персонализирањето на картичките се врши во некои од седумте центри за персонализација на ЈСП Скопје.

Илиевски повтори дека наследената тешка финансиската состојба на претпријатието, односно загубата од 3 млн евра, како и кредитот за набавените МАН возила, кој почна да се отплаќа од пред два месеца, нема да бидат причина за евентуални проблеми при реализација на ветените проекти на Град Скопје кои се однесуваат на јавниот превоз и неговите корисници.

Се соочуваме со големи предизвици, скок на цената на нафтените деривати, на природниот гас. Споредбено со декември минатата година, трошоците за гориво и гас се зголемени во просек за 33%. Ова е и ќе биде тешка година за сите, а ние како претпријатие бараме начин да ги сведеме на нула непродуктивните трошоци. Тешко е, но не се откажуваме. Откажувањето не е опција во нашиот случај. Затоа и на инцијатива на градоначалничката оваа година има дотации за бесплатен превоз за возрасни граѓани, потенцираше Илиевски.

Додаде дека во последниот период согласно стратегијата и барањата на граѓаните беа пуштени во употреба дополнителни автобуски линии, а беа вратени во функција и претходно укинатите ноќни линии.

ЈСП со Градот Скопје во следниот период ќе работи на дополнителна консолидација и дополнителни анализи кои се однесуваат на јавниот превоз и ќе изнаоѓа решенија за проблемите се со цел да им излеземе во пресрет на барањата на граѓаните, додаде в.д. директорот на претпријатието.

The post Oд петок се враќа бесплатниот превоз за пензионерите, ќе важи 4 дена неделно appeared first on Република.

]]>

Од петок (25.03.2022 год) започнува да важи одлуката за бесплатен јавен превоз за возрасни лица. Бесплатниот превоз се однесува на категоријата лица - жени над 62 години и мажи над 64 години и ќе важи во вторник, петок, сабота и недела. Со ова олеснување на трошоците на граѓаните ќе бидат опфатени околу 80.000 корисници на јавниот превоз во Скопје кои ќе имаат право да го користат превозот бесплатно, четири дена во неделата.
Воведувањето на бесплатниот превоз за возрасни лица е во согласност со одлуката на Советот на Град Скопје за дотации или давање на субвенции на Јавното сообраќајно претпријатие и средствата за оваа намена се обезбедени од Буџетот на Град Скопје. Морам да напоменам дека освен што се ослободуваат возрасните лица во посочените денови од трошоци за автобуски превоз, бесплатен превоз веќе имаат и учениците средношколци во средните училишта чијшто основач е Град Скопје, редовните студенти на додипломски студии на државните универзитети во Скопје, како и лицата со попреченост, истакна на денешната прес конференција, в.д.директорот на ЈСП, Иван Илиевски. Возрасните лица кои сакаат да користат бесплатен превоз во вторник, петок, сабота и недела, треба да поседуваат персонализирана електронска картичка „Скопска“ и при користење на јавен превоз да се валидираат, а истата картичка се приложува и во случај на линиска контрола.
Персонализирањето на картичките се врши во некои од седумте центри за персонализација на ЈСП Скопје. Илиевски повтори дека наследената тешка финансиската состојба на претпријатието, односно загубата од 3 млн евра, како и кредитот за набавените МАН возила, кој почна да се отплаќа од пред два месеца, нема да бидат причина за евентуални проблеми при реализација на ветените проекти на Град Скопје кои се однесуваат на јавниот превоз и неговите корисници.