беспилотно летало Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bespilotno-letalo/ За подобро да се разбереме Sun, 07 Apr 2024 06:43:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png беспилотно летало Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bespilotno-letalo/ 32 32 Израел врши воздушни напади во источен Либан, се налути зашто Хезболах собори израелски дрон над либанска територија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/izrael-vrshi-vozdushni-napadi-vo-istochen-liban-se-naluti-zashto-hezbolah-sobori-izraelski-dron-nad-libanska-teritorija/ Sun, 07 Apr 2024 06:43:25 +0000 https://republika.mk/?p=763305

Израел рано денеска почна со воздушни напади во долината Бека во источен Либан, соопштија двајца либански официјални лица, пренесоа британските медиуми. Ова се случи неколку часа откако израелско беспилотно летало беше соборено над Либан.

Изворите велат дека израелскиот напад бил насочен кон камп за обука на групата Хезболах во селото Јанта, во близина на границата со Сирија. Еден од нападите бил насочен кон градот Сафри, источниот град Баалбек.

Групата ја презеде одговорноста за вчерашното соборување на израелското беспилотно летало.

Хезболах разменува прекуграничен оган со израелските сили од 8 октомври.

 

The post Израел врши воздушни напади во источен Либан, се налути зашто Хезболах собори израелски дрон над либанска територија appeared first on Република.

]]>

Израел рано денеска почна со воздушни напади во долината Бека во источен Либан, соопштија двајца либански официјални лица, пренесоа британските медиуми. Ова се случи неколку часа откако израелско беспилотно летало беше соборено над Либан. Изворите велат дека израелскиот напад бил насочен кон камп за обука на групата Хезболах во селото Јанта, во близина на границата со Сирија. Еден од нападите бил насочен кон градот Сафри, источниот град Баалбек. Групата ја презеде одговорноста за вчерашното соборување на израелското беспилотно летало. Хезболах разменува прекуграничен оган со израелските сили од 8 октомври.  

The post Израел врши воздушни напади во источен Либан, се налути зашто Хезболах собори израелски дрон над либанска територија appeared first on Република.

]]>
МВР: Пребаравме, но не најдовме урнато летало во нивите кај Бујковци https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/mvr-prebaravme-no-ne-najdovme-urnato-letalo-vo-nivite-kaj-bujkovci/ Fri, 01 Apr 2022 20:44:15 +0000 https://republika.mk/?p=482137

По информациите од жители на скопското село Бујковци дека попладнето виделе непознато летало во низок лет, кое најверојатно се урнало, од МВР за Канал 5 велат дека постапиле по дојавата и испратиле полициски екипи на местото, но тие не нашле никакво летало.

Во меѓувреме, од МВР контактирале со Агенцијата за цивилно воздухопловство и во други релевантни институции, од каде исто така не добиле потврда за какво било летало во тој реон во тоа време.

Очевидци од Бујковци за Телма изјавиле дека виделе „бело летало кое лета многу ниско“ и за кое претпоставувале дека потоа се урнало. На новинарите не ми беше дозволено да се доближат до реонот кој го пребаруваше полицијата.

The post МВР: Пребаравме, но не најдовме урнато летало во нивите кај Бујковци appeared first on Република.

]]>

По информациите од жители на скопското село Бујковци дека попладнето виделе непознато летало во низок лет, кое најверојатно се урнало, од МВР за Канал 5 велат дека постапиле по дојавата и испратиле полициски екипи на местото, но тие не нашле никакво летало. Во меѓувреме, од МВР контактирале со Агенцијата за цивилно воздухопловство и во други релевантни институции, од каде исто така не добиле потврда за какво било летало во тој реон во тоа време. Очевидци од Бујковци за Телма изјавиле дека виделе „бело летало кое лета многу ниско“ и за кое претпоставувале дека потоа се урнало. На новинарите не ми беше дозволено да се доближат до реонот кој го пребаруваше полицијата.

The post МВР: Пребаравме, но не најдовме урнато летало во нивите кај Бујковци appeared first on Република.

]]>
Што ги вознемири жителите? Од МВР велат дека не нашле паднат дрон или било какво летало https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/shto-gi-voznemiri-zitelite-od-mvr-velat-deka-ne-nashle-padnat-dron-ili-bilo-kakvo-letalo/ Fri, 01 Apr 2022 19:12:22 +0000 https://republika.mk/?p=482105

Во атарот на селото Арачиново попладнево не паднало никакво летало, велат од МВР за Канал 5, откако претходно денеска жители од  Бујковци пријавиле дека  паднало некакво летало, дрон или друг објакт. Очевидците за Телма кажаа дека виделе бело летало кое многу ниско се движело над нивите и претпоставувале дека воздухопловот паднал.

https://republika.mk/vesti/makedonija/prijava-za-somnitelen-vozduhoplov-vo-nizok-let-kaj-skopskiot-aerodrom-policija-na-teren/

Некои шпекулации велат дека е можно и да паднал дрон како оној во близина на Загреб, но од МВР велат дека ниту од цивилната пловидба ниту од другите надлежни служби веста дека имало пад на некакво летало, не е потврдена.

The post Што ги вознемири жителите? Од МВР велат дека не нашле паднат дрон или било какво летало appeared first on Република.

]]>

Во атарот на селото Арачиново попладнево не паднало никакво летало, велат од МВР за Канал 5, откако претходно денеска жители од  Бујковци пријавиле дека  паднало некакво летало, дрон или друг објакт. Очевидците за Телма кажаа дека виделе бело летало кое многу ниско се движело над нивите и претпоставувале дека воздухопловот паднал. https://republika.mk/vesti/makedonija/prijava-za-somnitelen-vozduhoplov-vo-nizok-let-kaj-skopskiot-aerodrom-policija-na-teren/ Некои шпекулации велат дека е можно и да паднал дрон како оној во близина на Загреб, но од МВР велат дека ниту од цивилната пловидба ниту од другите надлежни служби веста дека имало пад на некакво летало, не е потврдена.

The post Што ги вознемири жителите? Од МВР велат дека не нашле паднат дрон или било какво летало appeared first on Република.

]]>
Пријава за сомнителен воздухоплов во низок лет кај скопскиот аеродром, полиција на терен https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/prijava-za-somnitelen-vozduhoplov-vo-nizok-let-kaj-skopskiot-aerodrom-policija-na-teren/ Fri, 01 Apr 2022 18:40:19 +0000 https://republika.mk/?p=482098

Полициски екипи го обезбедуваат атарот на селото Бујковци каде очевидци велат дека виделе бело летало кое многу ниско се движело над нивите и претпоставувале дека воздухопловот паднал, јавува Телма. На телевизиската екипа не и бил дозволен пристап до местото кое го обезбедува полицијата и врши увид.

Се работи за летало кое не е пријавено во Агенцијата за цивилна и воздушна пловидба.

Според првичните информации, жителите тврделе дека се работи за беспилотно летало дрон.

Во моментот на пријавување на инцидентот, според информациите на Телма, немало ниту еден пријавен воздухоплов во воздух на територија на цела Македонија. Исто така немало пријавени информации за дронови, особено поради тоа што во реонот околу аеродромот е забрането летање со беспилотни дронови.

Повеќе на Телма

The post Пријава за сомнителен воздухоплов во низок лет кај скопскиот аеродром, полиција на терен appeared first on Република.

]]>

Полициски екипи го обезбедуваат атарот на селото Бујковци каде очевидци велат дека виделе бело летало кое многу ниско се движело над нивите и претпоставувале дека воздухопловот паднал, јавува Телма. На телевизиската екипа не и бил дозволен пристап до местото кое го обезбедува полицијата и врши увид. Се работи за летало кое не е пријавено во Агенцијата за цивилна и воздушна пловидба. Според првичните информации, жителите тврделе дека се работи за беспилотно летало дрон. Во моментот на пријавување на инцидентот, според информациите на Телма, немало ниту еден пријавен воздухоплов во воздух на територија на цела Македонија. Исто така немало пријавени информации за дронови, особено поради тоа што во реонот околу аеродромот е забрането летање со беспилотни дронови. Повеќе на Телма

The post Пријава за сомнителен воздухоплов во низок лет кај скопскиот аеродром, полиција на терен appeared first on Република.

]]>
Хрватските радарски системи го следеле беспилотното летало што се урна во Загреб https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/hrvatskite-radarski-sistemi-go-sledele-bespilotnoto-letalo-shto-se-urna-vo-zagreb/ Fri, 11 Mar 2022 14:44:21 +0000 https://republika.mk/?p=471389

Хрватските радарски системи го регистрирале и следеле беспилотното летало што се урна во Загреб, од неговиот влез од Унгарија околу 22 часот и 57 минути се до падот. Тоа се движело со брзина од 700 километри на час и во хрватскиот воздушен простор било седум минути, изјави денеска на вонредна прес-конференција хрватскиот министер за одбрана Марио Баножиќ.

Прашан зошто немало реакција кога леталото бил забележано на радарите, Баножиќ одговорил со прашање „што реално би можеле да направат за седум минути“.

„Мораме да ги споредиме сигналите на радарските системи, дали требало да се издаде предупредување или се работи за собирање податоци“, изјави Баножиќ.

Началникот на Генералштабот на хрватските вооружени сили, адмирал Роберт Храњ изјави дека авионите МИГ не биле подигнати кога леталото било забележано на радарот.

„Инцидентот е сериозен. Дознавме многу, но во тек е интензивна истрага“, изјави Храњ.

Прашан за шпекулациите дека леталото било вооружено, Храњ рече дека „првите информации не ја поддржуваат таа теза“.

„Интегрираната воздушна и ракетна одбрана на НАТО ја следеше патеката на летот на објектот што на крајот се урна во Загреб“, изајви за „Вечерњи лист“ претставник на Алијансата.

Хрватската контрола на летање, објави дека леталото немало транспондер (уред за комуникација) и затоа не бил детектиран со секундарни радари што се користат за контрола на цивилни летови.

Станува збор за беспилотно летало со тежина од шест тони и опсег од 1.000 километри, кое било користено од вооружените сили на СССР во 70-тите и 80-тите на минатиот век, но истрагата треба да покаже кој го користел.

Советникот на министерот за одбрана на Украина, Маркијан Лубкјивски денеска за загрепски „Јутарњи лист“ изјави дека авионот што паднал во паркот во Загреб не е украински и дека очекува официјално соопштение од украинското Министерство за надворешни работи во соработка со Генералштабот на украинската армија.

Руската амбасада во Хрватска, коментирајќи го падот на леталот за „Индекс“, соопшти дека руските сили немаат такви беспилотни летала во својот арсенал од 1991 година, односно, од распадот на Советскиот Сојуз

The post Хрватските радарски системи го следеле беспилотното летало што се урна во Загреб appeared first on Република.

]]>

Хрватските радарски системи го регистрирале и следеле беспилотното летало што се урна во Загреб, од неговиот влез од Унгарија околу 22 часот и 57 минути се до падот. Тоа се движело со брзина од 700 километри на час и во хрватскиот воздушен простор било седум минути, изјави денеска на вонредна прес-конференција хрватскиот министер за одбрана Марио Баножиќ. Прашан зошто немало реакција кога леталото бил забележано на радарите, Баножиќ одговорил со прашање „што реално би можеле да направат за седум минути“. „Мораме да ги споредиме сигналите на радарските системи, дали требало да се издаде предупредување или се работи за собирање податоци“, изјави Баножиќ. Началникот на Генералштабот на хрватските вооружени сили, адмирал Роберт Храњ изјави дека авионите МИГ не биле подигнати кога леталото било забележано на радарот. „Инцидентот е сериозен. Дознавме многу, но во тек е интензивна истрага“, изјави Храњ. Прашан за шпекулациите дека леталото било вооружено, Храњ рече дека „првите информации не ја поддржуваат таа теза“. „Интегрираната воздушна и ракетна одбрана на НАТО ја следеше патеката на летот на објектот што на крајот се урна во Загреб“, изајви за „Вечерњи лист“ претставник на Алијансата. Хрватската контрола на летање, објави дека леталото немало транспондер (уред за комуникација) и затоа не бил детектиран со секундарни радари што се користат за контрола на цивилни летови. Станува збор за беспилотно летало со тежина од шест тони и опсег од 1.000 километри, кое било користено од вооружените сили на СССР во 70-тите и 80-тите на минатиот век, но истрагата треба да покаже кој го користел. Советникот на министерот за одбрана на Украина, Маркијан Лубкјивски денеска за загрепски „Јутарњи лист“ изјави дека авионот што паднал во паркот во Загреб не е украински и дека очекува официјално соопштение од украинското Министерство за надворешни работи во соработка со Генералштабот на украинската армија. Руската амбасада во Хрватска, коментирајќи го падот на леталот за „Индекс“, соопшти дека руските сили немаат такви беспилотни летала во својот арсенал од 1991 година, односно, од распадот на Советскиот Сојуз

The post Хрватските радарски системи го следеле беспилотното летало што се урна во Загреб appeared first on Република.

]]>
Беспилотното летало што падна во Загреб е од советско производство https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/bespilotnoto-letalo-shto-padna-vo-zagreb-e-od-sovetsko-proizvodstvo/ Fri, 11 Mar 2022 09:12:19 +0000 https://republika.mk/?p=471152

Беспилотното летало што падна во Загреб синоќа е од советско производство објави Н1 повикувајќи се на неофицијални информации. Како што објави Н1 се работи за беспилотно летало, од советско производство, најверојатно во сопственоост на руската или украинската армија кое се корист за извидување. Образложението како се нашло тука е дека или останало без гориво или без ориентација или се расипало.

Сè уште нема официјални информации што е објектот кој доцна синоќа се урна во населбата Јарун во Загреб. Н1 објави дека Министерството за внатрешни работи соопшти дека имало на адресата „Јарунска бб“ пронашле кратер, додека во пошироката зона пронашле два падобрани за кои претходно добиле пријави од граѓани и упатија апел до граѓаните да не споделуваат снимки/фотографии од местото на настанот преку социјалните мрежи.

Од Министерството за одбрана на Хрватска засега ниту го потврдуваат ниту го демантираат настанот, а министерот за одбрана Марио Баножиќ кусо изјави дека „Министерството за одбрана спроведува истражни дејствија“.

Повикувајќи се на експерти Н1 јави дека дометот на вакви летала е 1 000 километри, и е на млазен погон, нема тркала за вообичаено слетување, туку тоа го прави со падобрани што го објаснува податокот дека во околината се пронајдени два падобрани.

 

The post Беспилотното летало што падна во Загреб е од советско производство appeared first on Република.

]]>

Беспилотното летало што падна во Загреб синоќа е од советско производство објави Н1 повикувајќи се на неофицијални информации. Како што објави Н1 се работи за беспилотно летало, од советско производство, најверојатно во сопственоост на руската или украинската армија кое се корист за извидување. Образложението како се нашло тука е дека или останало без гориво или без ориентација или се расипало. Сè уште нема официјални информации што е објектот кој доцна синоќа се урна во населбата Јарун во Загреб. Н1 објави дека Министерството за внатрешни работи соопшти дека имало на адресата „Јарунска бб“ пронашле кратер, додека во пошироката зона пронашле два падобрани за кои претходно добиле пријави од граѓани и упатија апел до граѓаните да не споделуваат снимки/фотографии од местото на настанот преку социјалните мрежи. Од Министерството за одбрана на Хрватска засега ниту го потврдуваат ниту го демантираат настанот, а министерот за одбрана Марио Баножиќ кусо изјави дека „Министерството за одбрана спроведува истражни дејствија“. Повикувајќи се на експерти Н1 јави дека дометот на вакви летала е 1 000 километри, и е на млазен погон, нема тркала за вообичаено слетување, туку тоа го прави со падобрани што го објаснува податокот дека во околината се пронајдени два падобрани.  

The post Беспилотното летало што падна во Загреб е од советско производство appeared first on Република.

]]>