беспилотни летала Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bespilotni-letala/ За подобро да се разбереме Sun, 03 Nov 2024 07:44:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png беспилотни летала Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bespilotni-letala/ 32 32 Русија ноќеска соборила 19 украински беспилотни летала https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/rusija-nokeska-soborila-19-ukrainski-bespilotni-letala/ Sun, 03 Nov 2024 07:44:42 +0000 https://republika.mk/?p=833618

Руските сили за противвоздушна одбрана ноќеска уништија 19 украински беспилотни летала, соопшти денеска руското Министерство за одбрана.

Шеснаесет од 19-те беспилотни летала се соборени над Ростовската област.

Останатите беа пресретнати над регионите Белгород и Брјанск“, се наведува во соопштението на руското Министерство објавено на Телеграм. 

 

The post Русија ноќеска соборила 19 украински беспилотни летала appeared first on Република.

]]>

Руските сили за противвоздушна одбрана ноќеска уништија 19 украински беспилотни летала, соопшти денеска руското Министерство за одбрана.

Шеснаесет од 19-те беспилотни летала се соборени над Ростовската област.

Останатите беа пресретнати над регионите Белгород и Брјанск“, се наведува во соопштението на руското Министерство објавено на Телеграм. 

 

The post Русија ноќеска соборила 19 украински беспилотни летала appeared first on Република.

]]>
Руското МО соопшти дека во текот на ноќта се уништени 50 украински беспилотни летала https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ruskoto-mo-soopshti-deka-vo-tekot-na-nokta-se-unishteni-50-ukrainski-bespilotni-letala/ Fri, 05 Jul 2024 08:05:27 +0000 https://republika.mk/?p=793645

Руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека во текот на ноќта уништило 50 украински беспилотни летала во руските региони Ростов и Крастодар, како и во јужниот украински регион Запорожје, што Москва го има анектирано.

Во текот на ноќта кога режимот на Киев се обиде да изврши терористички напади врз Руската Федерација, руската противвоздушна одбрана уништи 14 беспилотни летала на територијата Краснодар, 26 над регионот Запорожје и десет над Ростов, соопшти Министерството за одбрана преку каналот Телеграм.

Иако Москва тврди дека го анектирала регионот Запорожје во јужна Украина, руската војска не го контролира целосно регионот.

Претходниот ден две лица беа убиени во руските напади во областа Запорожје. Запорожје е редовно мета на руски напади, а во еден напад на крајот на јуни седум лица загинаа, а 40 беа ранети.

Осум лица беа ранети пред два дена во нападот на украинските дронови врз трафостаница на нуклеарната централа Запорожје, јави групацијата „Росатом“, што укажува дека бројот на украинските напади се зголемува.

Од почетокот на офанзивата врз Украина во февруари 2022 година руската војска повеќе пати ги нападна Запорожје и соседните градови, но во последните недели ги концентрираше своите напори на истокот на земјата, а не на југот.

The post Руското МО соопшти дека во текот на ноќта се уништени 50 украински беспилотни летала appeared first on Република.

]]>

Руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека во текот на ноќта уништило 50 украински беспилотни летала во руските региони Ростов и Крастодар, како и во јужниот украински регион Запорожје, што Москва го има анектирано. Во текот на ноќта кога режимот на Киев се обиде да изврши терористички напади врз Руската Федерација, руската противвоздушна одбрана уништи 14 беспилотни летала на територијата Краснодар, 26 над регионот Запорожје и десет над Ростов, соопшти Министерството за одбрана преку каналот Телеграм. Иако Москва тврди дека го анектирала регионот Запорожје во јужна Украина, руската војска не го контролира целосно регионот. Претходниот ден две лица беа убиени во руските напади во областа Запорожје. Запорожје е редовно мета на руски напади, а во еден напад на крајот на јуни седум лица загинаа, а 40 беа ранети. Осум лица беа ранети пред два дена во нападот на украинските дронови врз трафостаница на нуклеарната централа Запорожје, јави групацијата „Росатом“, што укажува дека бројот на украинските напади се зголемува. Од почетокот на офанзивата врз Украина во февруари 2022 година руската војска повеќе пати ги нападна Запорожје и соседните градови, но во последните недели ги концентрираше своите напори на истокот на земјата, а не на југот.

The post Руското МО соопшти дека во текот на ноќта се уништени 50 украински беспилотни летала appeared first on Република.

]]>
Украина: Уништени 12 проектили и 31 беспилотно летало за време на руските воздушни напади ноќеска https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ukraina-unishteni-12-proektili-i-31-bespilotno-letalo-za-vreme-na-ruskite-vozdushni-napadi-nokeska/ Sun, 26 May 2024 09:01:00 +0000 https://republika.mk/?p=781763

Украинските воздухопловни сили соопштија дека уништиле 12 проектили и 31 дрон лансирани од Русија за време на серијата руски воздушни напади во текот на ноќта.

Нема информации што се случило со двата руски хиперсонични ракети „Кинжал“. Украинските власти се уште не соопштуваат детали каде биле насочени ракетите.

Воздухопловните сили соопштија дека проектили и беспилотни летала биле соборени над делови од јужна, централна, западна и северна Украина.

The post Украина: Уништени 12 проектили и 31 беспилотно летало за време на руските воздушни напади ноќеска appeared first on Република.

]]>

Украинските воздухопловни сили соопштија дека уништиле 12 проектили и 31 дрон лансирани од Русија за време на серијата руски воздушни напади во текот на ноќта. Нема информации што се случило со двата руски хиперсонични ракети „Кинжал“. Украинските власти се уште не соопштуваат детали каде биле насочени ракетите. Воздухопловните сили соопштија дека проектили и беспилотни летала биле соборени над делови од јужна, централна, западна и северна Украина.

The post Украина: Уништени 12 проектили и 31 беспилотно летало за време на руските воздушни напади ноќеска appeared first on Република.

]]>
Украина нападна руски рафинерии со беспилотни летала https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ukraina-napadna-ruski-rafinerii-so-bespilotni-letala/ Sun, 28 Apr 2024 09:10:44 +0000 https://republika.mk/?p=771868

Нафтената рафинерија во Славјанск во руската област Краснодар беше принудена да прекине некои работи откако беше оштетена во напад од украински беспилотни летала, го цитира државната новинска агенција ТАСС денешното соопштение на раководството на рафинеријата.

На некои локации Украина систематски ја таргетира руската енергетска инфраструктура, во обид да ја наруши руската економија, а со тоа и нејзината способност да ги финансира нејзините воени напори.

Украински разузнавачки извор за Ројтерс изјавил дека Украина рано утринава со беспилотни летала ги нападнала нафтените рафинерии Илски и Славјанск во руската област Краснодар, предизвикувајќи пожари во објектите. Истиот извор рече дека украинските беспилотни летала го гаѓале и воениот аеродром Кушчевск во истиот регион во текот на ноќта.

Руското Министерство за одбрана објави дека руските единици за противвоздушна одбрана уништиле 66 украински беспилотни летала над регионот Краснодар и уште две над полуостровот Крим, кој Русија го анектираше од Украина во 2014 година.

The post Украина нападна руски рафинерии со беспилотни летала appeared first on Република.

]]>

Нафтената рафинерија во Славјанск во руската област Краснодар беше принудена да прекине некои работи откако беше оштетена во напад од украински беспилотни летала, го цитира државната новинска агенција ТАСС денешното соопштение на раководството на рафинеријата. На некои локации Украина систематски ја таргетира руската енергетска инфраструктура, во обид да ја наруши руската економија, а со тоа и нејзината способност да ги финансира нејзините воени напори. Украински разузнавачки извор за Ројтерс изјавил дека Украина рано утринава со беспилотни летала ги нападнала нафтените рафинерии Илски и Славјанск во руската област Краснодар, предизвикувајќи пожари во објектите. Истиот извор рече дека украинските беспилотни летала го гаѓале и воениот аеродром Кушчевск во истиот регион во текот на ноќта. Руското Министерство за одбрана објави дека руските единици за противвоздушна одбрана уништиле 66 украински беспилотни летала над регионот Краснодар и уште две над полуостровот Крим, кој Русија го анектираше од Украина во 2014 година.

The post Украина нападна руски рафинерии со беспилотни летала appeared first on Република.

]]>
Албанија ги вклучува дроновите „Бајрактар“ во откривање случаи на одгледување канабис https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/albanija-gi-vkluchuva-dronovite-bajraktar-vo-otkrivane-sluchai-na-odgleduvane-kanabis/ Sat, 13 Apr 2024 13:45:28 +0000 https://republika.mk/?p=765710

Министерот за внатрешни работи Таулант Бала денеска најави дека од идната недела ќе се користат беспилотни летала „Бајрактар“ за контрола на албанската територија и откривање случаи на одгледување канабис, што ќе го надополни воздушниот мониторинг од авионите на Guardia di Finanza.

Тој најави дека 2024 година треба да биде година кога на „феноменот на одгледување и тргување со канабис ќе му биде зададен истребувачки удар“.

- Јас од средината на јули минатата година кога ја презедов функцијата кажав дека 2024 година треба да биде година кога треба да му зададеме истребувачки удар на феноменот на одгледување канабис и сакам да потврдам дека покрај следењето од воздух преку протоколот за соработка што го имаме со Guardia Di Finanza оваа година, почнувајќи од следната недела ќе почнеме да ги користиме и „Бајрактар“ беспилотни летала, кои ќе вршат систематски мониторинг на целата територија на Република Албанија со фокус на борбата против феноменот на одгледување наркотици, главно канабис сатива, изјави Бала.

Додаде дека со беспилотните летала ќе се следат сите други форми на криминал, вклучително и еколошките, дивоградбите, како и во рамки на мерките поврзани со туристичката сезона.

Три турски беспилотни летала „Бајрактар“ на Албанија и беа испорачани на почетокот на месец март годинава.

Што се однесува до состојбата со канабисот, според Бала, во текот на минатата година запленети биле четири тони канабис и уништени 293 илјади стебла од ова наркотично растение.

The post Албанија ги вклучува дроновите „Бајрактар“ во откривање случаи на одгледување канабис appeared first on Република.

]]>

Министерот за внатрешни работи Таулант Бала денеска најави дека од идната недела ќе се користат беспилотни летала „Бајрактар“ за контрола на албанската територија и откривање случаи на одгледување канабис, што ќе го надополни воздушниот мониторинг од авионите на Guardia di Finanza. Тој најави дека 2024 година треба да биде година кога на „феноменот на одгледување и тргување со канабис ќе му биде зададен истребувачки удар“.
- Јас од средината на јули минатата година кога ја презедов функцијата кажав дека 2024 година треба да биде година кога треба да му зададеме истребувачки удар на феноменот на одгледување канабис и сакам да потврдам дека покрај следењето од воздух преку протоколот за соработка што го имаме со Guardia Di Finanza оваа година, почнувајќи од следната недела ќе почнеме да ги користиме и „Бајрактар“ беспилотни летала, кои ќе вршат систематски мониторинг на целата територија на Република Албанија со фокус на борбата против феноменот на одгледување наркотици, главно канабис сатива, изјави Бала.
Додаде дека со беспилотните летала ќе се следат сите други форми на криминал, вклучително и еколошките, дивоградбите, како и во рамки на мерките поврзани со туристичката сезона. Три турски беспилотни летала „Бајрактар“ на Албанија и беа испорачани на почетокот на месец март годинава. Што се однесува до состојбата со канабисот, според Бала, во текот на минатата година запленети биле четири тони канабис и уништени 293 илјади стебла од ова наркотично растение.

The post Албанија ги вклучува дроновите „Бајрактар“ во откривање случаи на одгледување канабис appeared first on Република.

]]>
Украинската војска се пофали дека ги соборила сите 17 руски дронови истрелани кон нејзина територија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ukrainskata-vojska-se-pofali-deka-gi-soborila-site-17-ruski-dronovi-istrelani-kon-nejzina-teritorija/ Sun, 07 Apr 2024 07:39:23 +0000 https://republika.mk/?p=763328

Украинската војска соопшти дека нејзините сили ги собориле сите ударни беспилотни летала камикази лансирани од Русија.

Во објава на социјалните мрежи, украинскиот Генералштаб соопшти дека руските сили ја нападнале Украина, користејќи 17 нападни беспилотни летала, но дека украинските единици за воздушна одбрана ги уништиле секој од нив.

The post Украинската војска се пофали дека ги соборила сите 17 руски дронови истрелани кон нејзина територија appeared first on Република.

]]>

Украинската војска соопшти дека нејзините сили ги собориле сите ударни беспилотни летала камикази лансирани од Русија. Во објава на социјалните мрежи, украинскиот Генералштаб соопшти дека руските сили ја нападнале Украина, користејќи 17 нападни беспилотни летала, но дека украинските единици за воздушна одбрана ги уништиле секој од нив.

The post Украинската војска се пофали дека ги соборила сите 17 руски дронови истрелани кон нејзина територија appeared first on Република.

]]>
Украина користи дронови со вештачка интелигенција за да напаѓа цели длабоко во Русија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ukraina-koristi-dronovi-so-veshtachka-inteligentsija-za-da-napaga-tseli-dlaboko-vo-rusija/ Sat, 06 Apr 2024 17:17:53 +0000 https://republika.mk/?p=762902

Украина со директно учество на нејзините западни сојузници, ги планира летовите на ударните беспилотни летала кои напаѓаат цели во Руската Федерација, објави „Си-Ен-Ен“, повикувајќи се на извор.

Летовите се однапред договорени со нашите сојузници и беспилотните летала следат план за да можеме да погодиме цели со точност од неколку метри“, изјавил украинскиот извор.

Во написот на „Си-Ен-Ен“ се наведува дека ваквите напади се овозможени со употреба на дронови со подолг дострел и основни способности за вештачка интелигенција, што ја зголемува нивната прецизност.

https://republika.mk/vesti/svet/ukraina-ja-napadna-ruskata-vozduhoplovna-baza-vo-rostovskata-oblast-i-unishti-shest-ruski-voeni-avioni/

 

The post Украина користи дронови со вештачка интелигенција за да напаѓа цели длабоко во Русија appeared first on Република.

]]>

Украина со директно учество на нејзините западни сојузници, ги планира летовите на ударните беспилотни летала кои напаѓаат цели во Руската Федерација, објави „Си-Ен-Ен“, повикувајќи се на извор.
Летовите се однапред договорени со нашите сојузници и беспилотните летала следат план за да можеме да погодиме цели со точност од неколку метри“, изјавил украинскиот извор.
Во написот на „Си-Ен-Ен“ се наведува дека ваквите напади се овозможени со употреба на дронови со подолг дострел и основни способности за вештачка интелигенција, што ја зголемува нивната прецизност. https://republika.mk/vesti/svet/ukraina-ja-napadna-ruskata-vozduhoplovna-baza-vo-rostovskata-oblast-i-unishti-shest-ruski-voeni-avioni/  

The post Украина користи дронови со вештачка интелигенција за да напаѓа цели длабоко во Русија appeared first on Република.

]]>
Началникот на британскиот Генералштаб: 80% од падовите на украинските дронови се поради руското електронско војување https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/nachalnikot-na-britanskiot-generalshtab-80-od-padovite-na-ukrainskite-dronovi-se-poradi-ruskoto-elektronsko-vojuvane/ Thu, 14 Mar 2024 08:39:48 +0000 https://republika.mk/?p=754613

Началникот на Генералштабот на вооружените сили на Велика Британија, генерал Патрик Сандерс, изјави дека украинските беспилотни летала во пгромна мера се покажуваат немоќни поради ефектот на руските системи за електронско војување.

Најреволуционерниот аспект на овој конфликт (во Украина), кој може да се нарече „Кембриска експлозија“, е ненадејната појава на автономни (беспилотни) системи во големи количини. Сепак, не сите такви системи се ефективни, па неодамна беше евидентирано дека 80 отсто од (украинските) беспилотни летала не можат да навлезат поради електромагнетното опкружување и ефективноста на руските системи за електронско војување“, изјави Сандерс.

https://republika.mk/vesti/svet/dejli-telegraf-ruskata-sposobnost-za-elektronsko-vojuvane-i-ovozmozhuva-prevlast-na-frontot-vo-ukraina/

The post Началникот на британскиот Генералштаб: 80% од падовите на украинските дронови се поради руското електронско војување appeared first on Република.

]]>

Началникот на Генералштабот на вооружените сили на Велика Британија, генерал Патрик Сандерс, изјави дека украинските беспилотни летала во пгромна мера се покажуваат немоќни поради ефектот на руските системи за електронско војување.
Најреволуционерниот аспект на овој конфликт (во Украина), кој може да се нарече „Кембриска експлозија“, е ненадејната појава на автономни (беспилотни) системи во големи количини. Сепак, не сите такви системи се ефективни, па неодамна беше евидентирано дека 80 отсто од (украинските) беспилотни летала не можат да навлезат поради електромагнетното опкружување и ефективноста на руските системи за електронско војување“, изјави Сандерс.
https://republika.mk/vesti/svet/dejli-telegraf-ruskata-sposobnost-za-elektronsko-vojuvane-i-ovozmozhuva-prevlast-na-frontot-vo-ukraina/

The post Началникот на британскиот Генералштаб: 80% од падовите на украинските дронови се поради руското електронско војување appeared first on Република.

]]>
Албанија набави беспилотни летала Бајрактар од Турција https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/albanija-nabavi-bespilotni-letala-bajraktar-od-turtsija/ Tue, 05 Mar 2024 19:41:32 +0000 https://republika.mk/?p=751660

Вооружените сили на Албанија добија нови летала со далечинско управување Bayraktar TB2. Турското беспилотно летало е наменето за набљудување како и за дејствување против цели на теренот.

Вчера претставниците на Албанците и на НАТО ја отворија новата воздушна база на НАТО во градот Кучова. Покрај обновената инфраструктура и говорите на високи гости, вниманието на новинарите го привлече и новото воено оружје во вооружувањето на албанското воено воздухопловство (Forca Ajrore e Republika së Shqipërisë).

Потврдата дека земјата почнала да го користи ТБ2 дојде на мрежата Х (поранешен Твитер) од Халук Бајрактар, извршен директор на Бајрактар.

Новото беспилотно летало Bayraktar TB2 изврши прелет над повторно отворената база во Кучова.

Албанија го потпиша договорот за купување на авиони ТБ2 во декември 2022 година. Само три месеци пред потпишувањето на договорот, премиерот Еди Рама изјави дека ќе се нарачаат шест авиони, но по потпишувањето на договорот рече дека се купени три летала без екипаж, пренесува Euronews Albania.

Вредноста на аранжманот не е објавена, но Еди Рама на крајот на 2022 година објави дека е договорено „поволно“ купување. Договорот со турски Бајрактар ​​предвидува обука на персоналот, како и логистичка поддршка.

https://twitter.com/haluk/status/1764595744479064477?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1764595744479064477%7Ctwgr%5E71be8a7e126e4d462d5be640e53339bc528402f4%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.slobodenpecat.mk%2Fvideo-albanija-nabavi-bespilotni-letala-bajraktar-od-turcija%2F

The post Албанија набави беспилотни летала Бајрактар од Турција appeared first on Република.

]]>

Вооружените сили на Албанија добија нови летала со далечинско управување Bayraktar TB2. Турското беспилотно летало е наменето за набљудување како и за дејствување против цели на теренот. Вчера претставниците на Албанците и на НАТО ја отворија новата воздушна база на НАТО во градот Кучова. Покрај обновената инфраструктура и говорите на високи гости, вниманието на новинарите го привлече и новото воено оружје во вооружувањето на албанското воено воздухопловство (Forca Ajrore e Republika së Shqipërisë). Потврдата дека земјата почнала да го користи ТБ2 дојде на мрежата Х (поранешен Твитер) од Халук Бајрактар, извршен директор на Бајрактар. Новото беспилотно летало Bayraktar TB2 изврши прелет над повторно отворената база во Кучова. Албанија го потпиша договорот за купување на авиони ТБ2 во декември 2022 година. Само три месеци пред потпишувањето на договорот, премиерот Еди Рама изјави дека ќе се нарачаат шест авиони, но по потпишувањето на договорот рече дека се купени три летала без екипаж, пренесува Euronews Albania. Вредноста на аранжманот не е објавена, но Еди Рама на крајот на 2022 година објави дека е договорено „поволно“ купување. Договорот со турски Бајрактар ​​предвидува обука на персоналот, како и логистичка поддршка. https://twitter.com/haluk/status/1764595744479064477?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1764595744479064477%7Ctwgr%5E71be8a7e126e4d462d5be640e53339bc528402f4%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.slobodenpecat.mk%2Fvideo-albanija-nabavi-bespilotni-letala-bajraktar-od-turcija%2F

The post Албанија набави беспилотни летала Бајрактар од Турција appeared first on Република.

]]>
Рама: Беспилотните летала „Бајрактар“ наскоро дел од вооружените сили на Албанија https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/rama-bespilotnite-letala-bajraktar-naskoro-del-od-vooruzhenite-sili-na-albanija/ Tue, 12 Dec 2023 19:36:25 +0000 https://republika.mk/?p=722323

Беспилотните летала „Бајрактар“ наскоро ќе станат дел од вооружените сили, објави на Фејсбук албанскиот премиер Еди Рама споделувајќи видео од беспилотните летала.

Тој притоа нагласи дека тие припаѓаат на „највисока технологија на летање што се користи за воени, полициски и цивилни мисии“.

– Комплетирањето на Албанија со флотата на овие беспилотни летала е од особено значење во однос на нашата национална безбедност и безбедноста на Алијансата, како усогласеност со обврските што произлегуваат од Стратегијата за национална безбедност, воената стратегија и целите на капацитетите на НАТО, напиша Рама и додаде дека неговата земја е посветена на користење на најнапредната технологија во одбраната на нејзината територија.

Албанија е прва земја во регионот која официјално потпиша договор за набавка на беспилотни летала „Бајрактар ТБ2″ од турско производство.

Договорот беше потпишан во декември минатата година, за шест летала, во вредност од осум милиони евра.

Рама тогаш изјави дека беспилотните летала ќе бидат вооружени и подготвени за борба и изрази надеж дека тоа „никогаш нема да се случи“.

Албанската армија ќе ги користи беспилотните летала и за набљудување и извидувачки операции на територија против шверц на дрога, спречување пожари, поплави или каква било терористичка активност.

Компанијата Бајрактар обучи 30 припадници на албанската армија кои ќе бидат задолжени за операции со леталата, кои ќе бидат управувани од воздухопловната база Кучово, 80 километри јужно од Тирана.

Оваа база се реновира за поддршка на операциите за воздушно снабдување на НАТО, за логистичка поддршка на воздухопловната полиција, како и за обука и воени вежби.

The post Рама: Беспилотните летала „Бајрактар“ наскоро дел од вооружените сили на Албанија appeared first on Република.

]]>

Беспилотните летала „Бајрактар“ наскоро ќе станат дел од вооружените сили, објави на Фејсбук албанскиот премиер Еди Рама споделувајќи видео од беспилотните летала. Тој притоа нагласи дека тие припаѓаат на „највисока технологија на летање што се користи за воени, полициски и цивилни мисии“.
– Комплетирањето на Албанија со флотата на овие беспилотни летала е од особено значење во однос на нашата национална безбедност и безбедноста на Алијансата, како усогласеност со обврските што произлегуваат од Стратегијата за национална безбедност, воената стратегија и целите на капацитетите на НАТО, напиша Рама и додаде дека неговата земја е посветена на користење на најнапредната технологија во одбраната на нејзината територија.
Албанија е прва земја во регионот која официјално потпиша договор за набавка на беспилотни летала „Бајрактар ТБ2″ од турско производство. Договорот беше потпишан во декември минатата година, за шест летала, во вредност од осум милиони евра. Рама тогаш изјави дека беспилотните летала ќе бидат вооружени и подготвени за борба и изрази надеж дека тоа „никогаш нема да се случи“. Албанската армија ќе ги користи беспилотните летала и за набљудување и извидувачки операции на територија против шверц на дрога, спречување пожари, поплави или каква било терористичка активност. Компанијата Бајрактар обучи 30 припадници на албанската армија кои ќе бидат задолжени за операции со леталата, кои ќе бидат управувани од воздухопловната база Кучово, 80 километри јужно од Тирана. Оваа база се реновира за поддршка на операциите за воздушно снабдување на НАТО, за логистичка поддршка на воздухопловната полиција, како и за обука и воени вежби.

The post Рама: Беспилотните летала „Бајрактар“ наскоро дел од вооружените сили на Албанија appeared first on Република.

]]>
САД со беспилотни летала над Газа се обидуваат да ги лоцираат заложниците https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/sad-so-bespilotni-letala-nad-gaza-se-obiduvaat-da-gi-lotsiraat-zalozhnitsite/ Fri, 03 Nov 2023 17:36:03 +0000 https://republika.mk/?p=697929

Пентагон потврди дека САД вршат невооружени летови со беспилотни летала над Појасот Газа за да помогнат во напорите за лоцирање на околу 240 заложници кои ги држи Хамас

Во поддршка на напорите за откривање на заложниците, САД спроведуваат невооружени летови на беспилотни летала над Газа, како и обезбедуваат совети и помош за поддршка на нашиот израелски партнер додека работат на нивните напори за враќање на заложниците – истакна портпаролот на Пентагон, Пет Рајдер.

 

The post САД со беспилотни летала над Газа се обидуваат да ги лоцираат заложниците appeared first on Република.

]]>

Пентагон потврди дека САД вршат невооружени летови со беспилотни летала над Појасот Газа за да помогнат во напорите за лоцирање на околу 240 заложници кои ги држи Хамас
Во поддршка на напорите за откривање на заложниците, САД спроведуваат невооружени летови на беспилотни летала над Газа, како и обезбедуваат совети и помош за поддршка на нашиот израелски партнер додека работат на нивните напори за враќање на заложниците – истакна портпаролот на Пентагон, Пет Рајдер.
 

The post САД со беспилотни летала над Газа се обидуваат да ги лоцираат заложниците appeared first on Република.

]]>
Соборени беспилотните летала кои утринава нападнаа две руски бази во Саратов и Рјазан https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/soboreni-bespilotnite-letala-koi-utrinava-napadnaa-dve-ruski-bazi-vo-saratov-i-rjazan/ Mon, 05 Dec 2022 19:56:36 +0000 https://republika.mk/?p=582321

Министерството за одбрана на Русија соопшти дека руската армија ги соборила украинските беспилотни летала кои рано утринава нападнале две нејзини воздушни бази и дека при овие напади тројца војници биле убиени од шрапнели.
Уште четворица руски војници се повредени од, како што е соопштено, остатоци од дронови кои биле пресретнати во базите во руските региони Саратово и Рјазан.
Според Москва, два руски воени авиони биле лесно оштетени од остатоците од беспилотните летала.
Украина не ја коментираше можната причина за експлозиите во базите во Саратов и Рјазан.
Претходно руските медиуми објавија за две експлозии во бази во Русија.
Властите на регионот Саратов, лоциран покрај бреговите на реката Волга, објавија дека ги проверуваат извештаите за експлозија во зоната на воздухопловната база Енгелс, каде се наоѓаат стратешките бомбардери Ту-95 и Ту-60, способни да носат нуклеарно оружје.

Гувернерот на Саратов, Роман Бусгарин изјави дека цивилни објекти не се оштетени.

The post Соборени беспилотните летала кои утринава нападнаа две руски бази во Саратов и Рјазан appeared first on Република.

]]>

Министерството за одбрана на Русија соопшти дека руската армија ги соборила украинските беспилотни летала кои рано утринава нападнале две нејзини воздушни бази и дека при овие напади тројца војници биле убиени од шрапнели. Уште четворица руски војници се повредени од, како што е соопштено, остатоци од дронови кои биле пресретнати во базите во руските региони Саратово и Рјазан. Според Москва, два руски воени авиони биле лесно оштетени од остатоците од беспилотните летала. Украина не ја коментираше можната причина за експлозиите во базите во Саратов и Рјазан. Претходно руските медиуми објавија за две експлозии во бази во Русија. Властите на регионот Саратов, лоциран покрај бреговите на реката Волга, објавија дека ги проверуваат извештаите за експлозија во зоната на воздухопловната база Енгелс, каде се наоѓаат стратешките бомбардери Ту-95 и Ту-60, способни да носат нуклеарно оружје. Гувернерот на Саратов, Роман Бусгарин изјави дека цивилни објекти не се оштетени.

The post Соборени беспилотните летала кои утринава нападнаа две руски бази во Саратов и Рјазан appeared first on Република.

]]>
„Игра на дронови“: Снимена директна битка на беспилотни летала во Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/igra-na-dronovi-snimena-direktna-bitka-na-bespilotni-letala-vo-ukraina/ Mon, 14 Nov 2022 09:46:53 +0000 https://republika.mk/?p=573562

Војната во Украина, практично од самиот почеток, се карактеризира со масовна употреба на беспилотни летала, како од украоинска, така и од руска страна.

Нивото на употреба на дронови е даа мерка што има голем број случаи на директна борба меѓу беспилотни летала на двете страни.

На социјалните мрежи е обвјавено видео на кое се гледа како изгледа вистинска „војна на дронови“.

The post „Игра на дронови“: Снимена директна битка на беспилотни летала во Украина appeared first on Република.

]]>

Војната во Украина, практично од самиот почеток, се карактеризира со масовна употреба на беспилотни летала, како од украоинска, така и од руска страна. Нивото на употреба на дронови е даа мерка што има голем број случаи на директна борба меѓу беспилотни летала на двете страни. На социјалните мрежи е обвјавено видео на кое се гледа како изгледа вистинска „војна на дронови“.

The post „Игра на дронови“: Снимена директна битка на беспилотни летала во Украина appeared first on Република.

]]>
Иран призна дека испорачувал борбени дронови на Русија, но пред војната во Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/iran-prizna-deka-isporachuval-borbeni-dronovi-na-rusija-no-pred-vojnata-vo-ukraina/ Sat, 05 Nov 2022 10:36:48 +0000 https://republika.mk/?p=569847

Иранскиот министер за надворешни работи, Хосеин Амир Абдолахиан, призна дека неговата земја и дала дронови на Русија, но рече дека тие и биле предадени на Москва пред почетокот на војната со Украина, во која беспилотни летала од иранско производство го бомбардираа Киев.

Коментарите на министерот за надворешни работи дојдоа по неколкумесечни збунувачки пораки од Иран за испорака на оружје, додека Русија користеше беспилотни летала за да ги нападне украинската енергетска инфраструктура и цивилните цели.

И дадовме ограничен број беспилотни летала на Русија месеци пред војната во Украина, изјави Амир Абдолахијан за медиумите по состанокот во Техеран.

Претходно, иранските власти ги негираа тврдењата дека Техеран ја снабдува Русија со оружје. Претходно оваа недела, иранскиот амбасадор во Обединетите нации ги нарече обвинувањата „целосно неосновани“ и го повтори ставот на Иран дека одржува неутралност во војната.

САД и нивните западни сојузници во Советот за безбедност го повикаа генералниот секретар Антонио Гутереш да испита дали Русија користела ирански беспилотни летала за да напаѓа цивили во Украина.

Признавајќи ја испораката, Амир Абдолахијан истакна дека Иран не забележал никаква употреба на нивните беспилотни летала во Украина. Тој изјави дека Иран останува посветен на ставање крај на конфликтот.

Ако (Украина) има какви било документи дека Русија користела ирански беспилотни летала во Украина, тие треба да ни ги достават. Ако ни се докаже дека Русија користела ирански беспилотни летала во војната против Украина, нема да останеме рамнодушни на ова прашање, изјави иранскиот шеф на дипломатијата.

The post Иран призна дека испорачувал борбени дронови на Русија, но пред војната во Украина appeared first on Република.

]]>

Иранскиот министер за надворешни работи, Хосеин Амир Абдолахиан, призна дека неговата земја и дала дронови на Русија, но рече дека тие и биле предадени на Москва пред почетокот на војната со Украина, во која беспилотни летала од иранско производство го бомбардираа Киев. Коментарите на министерот за надворешни работи дојдоа по неколкумесечни збунувачки пораки од Иран за испорака на оружје, додека Русија користеше беспилотни летала за да ги нападне украинската енергетска инфраструктура и цивилните цели.
И дадовме ограничен број беспилотни летала на Русија месеци пред војната во Украина, изјави Амир Абдолахијан за медиумите по состанокот во Техеран.
Претходно, иранските власти ги негираа тврдењата дека Техеран ја снабдува Русија со оружје. Претходно оваа недела, иранскиот амбасадор во Обединетите нации ги нарече обвинувањата „целосно неосновани“ и го повтори ставот на Иран дека одржува неутралност во војната. САД и нивните западни сојузници во Советот за безбедност го повикаа генералниот секретар Антонио Гутереш да испита дали Русија користела ирански беспилотни летала за да напаѓа цивили во Украина. Признавајќи ја испораката, Амир Абдолахијан истакна дека Иран не забележал никаква употреба на нивните беспилотни летала во Украина. Тој изјави дека Иран останува посветен на ставање крај на конфликтот.
Ако (Украина) има какви било документи дека Русија користела ирански беспилотни летала во Украина, тие треба да ни ги достават. Ако ни се докаже дека Русија користела ирански беспилотни летала во војната против Украина, нема да останеме рамнодушни на ова прашање, изјави иранскиот шеф на дипломатијата.

The post Иран призна дека испорачувал борбени дронови на Русија, но пред војната во Украина appeared first on Република.

]]>
Беспилотни летала во Србија, Приштина тврди: „Не се наши, предизвикуваат паника“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/bespilotni-letala-vo-srbija-prishtina-tvrdi-ne-se-nashi-predizvikuvaat-panika/ Wed, 02 Nov 2022 07:45:50 +0000 https://republika.mk/?p=568547

Косовскиот министер за одбрана Арменд Мехај изјави дека беспилотните летала кои биле забележани над областа Рашка не потекнуваат од територијата на т.н. на Косово.

Мехај на Фејсбук напиша дека таквите тврдења се „само изговор за зголемување на бројот на војници на српската армија околу границата со Косово“ и „средство за ширење паника меѓу граѓаните“.

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ изјави дека авионите МиГ-29 на Војската на Србија биле подигнати откако беспилотните летала снимиле активности во копнената безбедносна зона.

Таа објасни дека наредбата ја дал претседателот на Србија Александар Вучиќ како врховен командант и дека наредбата сега е трајна.

Доколку се повторат вакви работи, ќе ги собориме тие авиони, што би го направила секоја земја“, изјави Брнабиќ за РТС, без да прецизира од каде летале беспилотните летала

The post Беспилотни летала во Србија, Приштина тврди: „Не се наши, предизвикуваат паника“ appeared first on Република.

]]>

Косовскиот министер за одбрана Арменд Мехај изјави дека беспилотните летала кои биле забележани над областа Рашка не потекнуваат од територијата на т.н. на Косово. Мехај на Фејсбук напиша дека таквите тврдења се „само изговор за зголемување на бројот на војници на српската армија околу границата со Косово“ и „средство за ширење паника меѓу граѓаните“. Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ изјави дека авионите МиГ-29 на Војската на Србија биле подигнати откако беспилотните летала снимиле активности во копнената безбедносна зона. Таа објасни дека наредбата ја дал претседателот на Србија Александар Вучиќ како врховен командант и дека наредбата сега е трајна.
Доколку се повторат вакви работи, ќе ги собориме тие авиони, што би го направила секоја земја“, изјави Брнабиќ за РТС, без да прецизира од каде летале беспилотните летала

The post Беспилотни летала во Србија, Приштина тврди: „Не се наши, предизвикуваат паника“ appeared first on Република.

]]>
Иран и се закани на Албанија со напади со беспилотни летала и ракети https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/iran-i-se-zakani-na-albanija-so-napadi-so-bespilotni-letala-i-raketi/ Tue, 01 Nov 2022 18:17:05 +0000 https://republika.mk/?p=568422

Силите на Иранската револуционерна гарда им се заканија на американските бази на Блискиот Исток, на Израел и на Албанија со напади со беспилотни летала и ракети.

Во видео што последно е објавено на апликацијата Телеграм, иранската револуционерна гарда го гаѓа кампот на МЕК во Манез, Драч, каде што се сместени над 3.000 муџахедини, објавувајќи сателитски фотографии од него, пренесува „abcnews.al“.

Во видеозаписот, целите на иранските беспилотни летала и проектили се појавуваат една по друга, вклучувајќи ги градовите Тел Авив, американската база во регионот и кампот на МЕК кај Драч.

На крајот, Иранците тврдат дека „имаат се под контрола и може да гаѓаат кога ќе посакаат“.

Албанија е мета на Иран по прифаќањето на муџахедините на МЕК, кои важат за противници на режимот на ајатоласите. Неодамна Албанија беше жртва на кибер-напад од страна на Иранците, кои успеаја да добијат еден тон доверливи информации од системот, коментира телевизијата.

The post Иран и се закани на Албанија со напади со беспилотни летала и ракети appeared first on Република.

]]>

Силите на Иранската револуционерна гарда им се заканија на американските бази на Блискиот Исток, на Израел и на Албанија со напади со беспилотни летала и ракети. Во видео што последно е објавено на апликацијата Телеграм, иранската револуционерна гарда го гаѓа кампот на МЕК во Манез, Драч, каде што се сместени над 3.000 муџахедини, објавувајќи сателитски фотографии од него, пренесува „abcnews.al“. Во видеозаписот, целите на иранските беспилотни летала и проектили се појавуваат една по друга, вклучувајќи ги градовите Тел Авив, американската база во регионот и кампот на МЕК кај Драч. На крајот, Иранците тврдат дека „имаат се под контрола и може да гаѓаат кога ќе посакаат“.
Албанија е мета на Иран по прифаќањето на муџахедините на МЕК, кои важат за противници на режимот на ајатоласите. Неодамна Албанија беше жртва на кибер-напад од страна на Иранците, кои успеаја да добијат еден тон доверливи информации од системот, коментира телевизијата.

The post Иран и се закани на Албанија со напади со беспилотни летала и ракети appeared first on Република.

]]>
ЕУ му се закани на Иран со санкции: Имало докази дека ирански дронови се користат во Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/eu-mu-se-zakani-na-iran-so-sankcii-imalo-dokazi-deka-iranski-dronovi-se-koristat-vo-ukraina/ Wed, 19 Oct 2022 13:54:52 +0000 https://republika.mk/?p=563153

Портпаролката на Европската Унија, Набила Масрали, порача дека ЕУ собрала „докази“ кои покажуваат дека Иран испорачувал дронови што Русија ги користи против Украина.

Масрали, која е портпаролка на европскиот шеф за надворешна и безбедносна политика Жозеп Борел, најави дека Унијата подготвува санкции против Техеран.

Сега кога собравме доволно докази, работиме на јасен европски одговор, брз и цврст - порача Масрали.

Дипломатски извор, информира дека списокот со санкции е доставен до земјите-членки на Унијата и се очекува одлука за нив во текот на неделата.

Иран негира дека и испорачал беспилотни летала на Русија, а Кремљ соопшти дека нема информации дали се користени ирански беспилотни летала камикази. На 18 октомври, британското разузнавање ги идентификуваше беспилотните летала што ги користи Русија како ирански, а американскиот Стејт департмент процени дека ирански беспилотни летала биле користени во нападот на Киев на 17 октомври.

The post ЕУ му се закани на Иран со санкции: Имало докази дека ирански дронови се користат во Украина appeared first on Република.

]]>

Портпаролката на Европската Унија, Набила Масрали, порача дека ЕУ собрала „докази“ кои покажуваат дека Иран испорачувал дронови што Русија ги користи против Украина. Масрали, која е портпаролка на европскиот шеф за надворешна и безбедносна политика Жозеп Борел, најави дека Унијата подготвува санкции против Техеран.
Сега кога собравме доволно докази, работиме на јасен европски одговор, брз и цврст - порача Масрали.
Дипломатски извор, информира дека списокот со санкции е доставен до земјите-членки на Унијата и се очекува одлука за нив во текот на неделата. Иран негира дека и испорачал беспилотни летала на Русија, а Кремљ соопшти дека нема информации дали се користени ирански беспилотни летала камикази. На 18 октомври, британското разузнавање ги идентификуваше беспилотните летала што ги користи Русија како ирански, а американскиот Стејт департмент процени дека ирански беспилотни летала биле користени во нападот на Киев на 17 октомври.

The post ЕУ му се закани на Иран со санкции: Имало докази дека ирански дронови се користат во Украина appeared first on Република.

]]>
Западни разузнавачи: Русија добила стотици ирански дронови подготвени за делување во Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/zapadni-razuznavachi-rusija-dobila-stotici-iranski-dronovi-podgotveni-za-deluvanje-vo-ukraina/ Fri, 26 Aug 2022 08:31:31 +0000 https://republika.mk/?p=544300

Aмерикански медиуми, повикувајќи се на западни разузнавачи, објавуваат дека Русија набавила стотици беспилотни летала од Иран и дека тие би можеле да се користат во војната против Украина. Како што коментираат медиумите, таквите испораки се вршат и покрај предупредувањата на САД до Техеран да не ги испраќа дроновите.

Не е јасно дали Русија почнала да ги користи беспилотните летала против украински цели, но најверојатно тие се во состојба на готовност и подготвени за употреба.

Наводната испорака е уште еден знак за она што се чини дека е се поблиска воена соработка меѓу долгогодишните сојузници.

Како што коментираат медиумите, соочена со економски санкции и ограничувања на синџирите на снабдување поради војната во Украина, Русија се повеќе се свртува кон Иран како клучен партнер и снабдувач на оружје.

Минатиот месец Белата куќа првпат јавно предупреди дека Иран планира да и достави на Москва „стотици“ вооружени беспилотни летала. Неколку дена подоцна, Вашингтон наведе дека руските претставници двапати го посетиле Иран за да преговараат за трансферот.

The post Западни разузнавачи: Русија добила стотици ирански дронови подготвени за делување во Украина appeared first on Република.

]]>

Aмерикански медиуми, повикувајќи се на западни разузнавачи, објавуваат дека Русија набавила стотици беспилотни летала од Иран и дека тие би можеле да се користат во војната против Украина. Како што коментираат медиумите, таквите испораки се вршат и покрај предупредувањата на САД до Техеран да не ги испраќа дроновите. Не е јасно дали Русија почнала да ги користи беспилотните летала против украински цели, но најверојатно тие се во состојба на готовност и подготвени за употреба. Наводната испорака е уште еден знак за она што се чини дека е се поблиска воена соработка меѓу долгогодишните сојузници. Како што коментираат медиумите, соочена со економски санкции и ограничувања на синџирите на снабдување поради војната во Украина, Русија се повеќе се свртува кон Иран како клучен партнер и снабдувач на оружје. Минатиот месец Белата куќа првпат јавно предупреди дека Иран планира да и достави на Москва „стотици“ вооружени беспилотни летала. Неколку дена подоцна, Вашингтон наведе дека руските претставници двапати го посетиле Иран за да преговараат за трансферот.

The post Западни разузнавачи: Русија добила стотици ирански дронови подготвени за делување во Украина appeared first on Република.

]]>
САД стравуваат дека Русија ќе купи софистицирани дронови од Иран за фронтот во Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/sad-stravuvaat-deka-rusija-kje-kupi-sofisticirani-dronovi-od-iran-za-frontot-vo-ukraina/ Fri, 12 Aug 2022 16:55:50 +0000 https://republika.mk/?p=539739

Високи америкаснки официјални претставници веруваат дека има јасни индиции оти Русија планира да набави нови ирански беспилотни летала. Како што објави „Си-Ен-Ен“, САД веруваат дека Русите веќе неколку недели тренираат со ирански беспилотни летала кои ќе ги воведат во војната во Украина.

Од телевизијата додаваат дека тоа е најнов показател дека официјална Москва има намера да купи ирански беспилотни летала и да ги користи во Украина.

Во изминатите неколку недели, руските официјални лица тренираат во Иран како дел од договорот за пренос на ирански беспилотни летала во Русија - вели за Си-Ен-Ен, неименуван американски функционер.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, минатиот месец изјави дека нема коментар за прашањето околу беспилотните летала. Си-Ен-Ен минатиот месец, цитирајќи го американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливан, објави дека руска делегација посетила воздухопловна база во централен Иран најмалку двапати месечно за да ги проучува воените беспилотни летала.

https://www.youtube.com/watch?time_continue=1&v=HXflEET06bA&feature=emb_title

Во јуни, Иран и ги покажа на Русија своите беспилотни летала Шахед-129 и Шахед-191 во базата Кашан, јужно од Техеран. И двата модели можат да носат проектили со прецизно наведување.

Саливан во јули изјави дека Вашингтон верува дека Иран ќе и продаде на Русија стотици беспилотни летала кои Москва би можела да ги користи во војната во Украина.

Украинската војска користи беспилотни летала Бајрактар ​​од турско производство за уништување на руски командни пунктови, тенкови и ракетни системи земја-воздух. Досега Русите го користеа домашното производство Орлан-10 за извидувачки летови и електронско војување. Сепак, Си-Ен-Ен пишува дека Русите имаат проблеми да ги надополнат празните магацини, поради што, како што сметаат американските власти, се обратиле кон Иран.

Истовремено и Украина се обидува да ги засили своите редови со беспилотни летала. Киев бара од САД помоќни беспилотни летала, како што е беспилотното летало „Сив орел“, но Пентагон засега ја одложува испорката, бидејќи стравува дека Москва ќе го сфати тоа како провокација, што би можело да доведе до ескалација на конфликтот.

The post САД стравуваат дека Русија ќе купи софистицирани дронови од Иран за фронтот во Украина appeared first on Република.

]]>

Високи америкаснки официјални претставници веруваат дека има јасни индиции оти Русија планира да набави нови ирански беспилотни летала. Како што објави „Си-Ен-Ен“, САД веруваат дека Русите веќе неколку недели тренираат со ирански беспилотни летала кои ќе ги воведат во војната во Украина. Од телевизијата додаваат дека тоа е најнов показател дека официјална Москва има намера да купи ирански беспилотни летала и да ги користи во Украина.
Во изминатите неколку недели, руските официјални лица тренираат во Иран како дел од договорот за пренос на ирански беспилотни летала во Русија - вели за Си-Ен-Ен, неименуван американски функционер.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, минатиот месец изјави дека нема коментар за прашањето околу беспилотните летала. Си-Ен-Ен минатиот месец, цитирајќи го американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливан, објави дека руска делегација посетила воздухопловна база во централен Иран најмалку двапати месечно за да ги проучува воените беспилотни летала. https://www.youtube.com/watch?time_continue=1&v=HXflEET06bA&feature=emb_title Во јуни, Иран и ги покажа на Русија своите беспилотни летала Шахед-129 и Шахед-191 во базата Кашан, јужно од Техеран. И двата модели можат да носат проектили со прецизно наведување. Саливан во јули изјави дека Вашингтон верува дека Иран ќе и продаде на Русија стотици беспилотни летала кои Москва би можела да ги користи во војната во Украина. Украинската војска користи беспилотни летала Бајрактар ​​од турско производство за уништување на руски командни пунктови, тенкови и ракетни системи земја-воздух. Досега Русите го користеа домашното производство Орлан-10 за извидувачки летови и електронско војување. Сепак, Си-Ен-Ен пишува дека Русите имаат проблеми да ги надополнат празните магацини, поради што, како што сметаат американските власти, се обратиле кон Иран. Истовремено и Украина се обидува да ги засили своите редови со беспилотни летала. Киев бара од САД помоќни беспилотни летала, како што е беспилотното летало „Сив орел“, но Пентагон засега ја одложува испорката, бидејќи стравува дека Москва ќе го сфати тоа како провокација, што би можело да доведе до ескалација на конфликтот.

The post САД стравуваат дека Русија ќе купи софистицирани дронови од Иран за фронтот во Украина appeared first on Република.

]]>