Бесмира Ејупи Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/besmira-ejupi/ За подобро да се разбереме Mon, 17 Jun 2024 08:30:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Бесмира Ејупи Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/besmira-ejupi/ 32 32 Дипломатката на Бујар доби и дипломатски пасош https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/diplomatkata-na-bujar-dobi-i-diplomatski-pasosh/ Mon, 17 Jun 2024 08:30:01 +0000 https://republika.mk/?p=788331

Поранешната ТВ презентерка, Бесмира Ејупи, заминува на испомош во Бон, Германија, веќе утре, пишува „Скопје1“. За издавање на дипломатски пасош потребни се најмалку 15 дена, но, не и сега. Таа треба да го добие во најкус можен период, за во вторник да биде на своето ново работно место. Министерот за надворешни работи во заминување, во „последна секунда“ и ги спакува куферите на Ејупи.

Ејупи ќе работи на издавање на пасоши, ако се следи одговорот на МНР. Оттаму посочуваат дека има наплив на иселеници кои бараат патни исправи, а Ејупи ќе го средува хаосот. Помошен персонал како Ејупи е потребен оти е сезона на годишни одмори, па нема кој да работи.

The post Дипломатката на Бујар доби и дипломатски пасош appeared first on Република.

]]>

Поранешната ТВ презентерка, Бесмира Ејупи, заминува на испомош во Бон, Германија, веќе утре, пишува „Скопје1“. За издавање на дипломатски пасош потребни се најмалку 15 дена, но, не и сега. Таа треба да го добие во најкус можен период, за во вторник да биде на своето ново работно место. Министерот за надворешни работи во заминување, во „последна секунда“ и ги спакува куферите на Ејупи. Ејупи ќе работи на издавање на пасоши, ако се следи одговорот на МНР. Оттаму посочуваат дека има наплив на иселеници кои бараат патни исправи, а Ејупи ќе го средува хаосот. Помошен персонал како Ејупи е потребен оти е сезона на годишни одмори, па нема кој да работи.

The post Дипломатката на Бујар доби и дипломатски пасош appeared first on Република.

]]>
Бујар Османи ја испраќа ТВ водителката Бесмира Ејупи на испомош во амбасадата во Германија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/bujar-osmani-ja-ispraka-tv-voditelkata-besmira-ejupi-na-ispomosh-vo-ambasadata-vo-germanija/ Sat, 15 Jun 2024 12:04:58 +0000 https://republika.mk/?p=787829

ТВ водителката Бесмира Ејупи која пред две години не успеа да стане конзул, сега доби дипломатска мисија со потпис на министерот за надворешни работи во заминување Бујар Османи, тврдат извори во МНР за порталот Експрес.

Како што објави порталот, министерот за надворешни работи во заминување Бујар Османи денеска потпишал решенија за праќање дипломати на испомош во македонски дипломатски конзуларни претставништва низ светот.

На списокот е и ТВ водителката новинарката Бесмира што тој во 2022 година сакаше да ја прати за Генерален конзул во Њујорк, но се повлече под притисок од јавноста.

Според извори во МНР, објави Експрес, Османи сега потпишал Ејупи да оди една година на испомош во конзулатот во Бон, Германија.

Под притисок од медиумите Османи во септември 2022 година прозна дека Ејупи била префрлена во МНР од Министерството за политички систем кое го водеше Артан Груби.

Тој тогаш рече дека Ејупи била вработена затоа што имало потреба од педесетина нови вработувања заради пензионирање на дел од персоналот.

Прашањето за Бесмира Ејупи стана актуелно откако почнаа да кружат информации дека се размислува за нејзино назначување за конзул во Њујорк и во друг случај кога истовремено била ангажирана и земала плата од Државното правобранителство и неколку општини, а за целиот едногодишен ангажман добила околу 12.000 евра, објави тогаш ТВ21.

The post Бујар Османи ја испраќа ТВ водителката Бесмира Ејупи на испомош во амбасадата во Германија appeared first on Република.

]]>

ТВ водителката Бесмира Ејупи која пред две години не успеа да стане конзул, сега доби дипломатска мисија со потпис на министерот за надворешни работи во заминување Бујар Османи, тврдат извори во МНР за порталот Експрес. Како што објави порталот, министерот за надворешни работи во заминување Бујар Османи денеска потпишал решенија за праќање дипломати на испомош во македонски дипломатски конзуларни претставништва низ светот. На списокот е и ТВ водителката новинарката Бесмира што тој во 2022 година сакаше да ја прати за Генерален конзул во Њујорк, но се повлече под притисок од јавноста. Според извори во МНР, објави Експрес, Османи сега потпишал Ејупи да оди една година на испомош во конзулатот во Бон, Германија. Под притисок од медиумите Османи во септември 2022 година прозна дека Ејупи била префрлена во МНР од Министерството за политички систем кое го водеше Артан Груби. Тој тогаш рече дека Ејупи била вработена затоа што имало потреба од педесетина нови вработувања заради пензионирање на дел од персоналот. Прашањето за Бесмира Ејупи стана актуелно откако почнаа да кружат информации дека се размислува за нејзино назначување за конзул во Њујорк и во друг случај кога истовремено била ангажирана и земала плата од Државното правобранителство и неколку општини, а за целиот едногодишен ангажман добила околу 12.000 евра, објави тогаш ТВ21.

The post Бујар Османи ја испраќа ТВ водителката Бесмира Ејупи на испомош во амбасадата во Германија appeared first on Република.

]]>
Несудената конзулка, Бесмира Ејупи, го вратила безбедносниот сертификат https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nesudenata-konzulka-besmira-ejupi-go-vratila-bezbednosniot-sertifikat/ Sun, 16 Oct 2022 20:09:03 +0000 https://republika.mk/?p=561808

Откако беше обелоденето во јавноста дека го добила безбедносниот сертификат – државна тајна, поранешната ТВ водителка, Бесмира Ејупи експресно го вратила. Таа сега е вработената во МНР, на чие чело е Бујар Османи, па го вратила сертификатот во Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации.

Со тоа, откако беше објавено во медиумите, Ејупи индиректно признава дека во добивањето на сертификатот државна тајна има незаконитост во која, како што објавија повеќе медиуми, се вмешани високи функционери на АНБ, ДБКИ, МНР и индиректно во државното правобранителство.

Доделувањето на сертификатот е проблематичен, а во вечерашната емисија КОД на ТВ Телма, е објавено истражување како четири политички кариери од двете страни на власта, заедно работеле во конкретниот случај за вработување на несудената конзулка во Њујорк.

Во емисијата КОД е објавено и тоа дека во февруари годинава имало сериозен хакерски напад врз четири големи банки во Македонија.

The post Несудената конзулка, Бесмира Ејупи, го вратила безбедносниот сертификат appeared first on Република.

]]>

Откако беше обелоденето во јавноста дека го добила безбедносниот сертификат – државна тајна, поранешната ТВ водителка, Бесмира Ејупи експресно го вратила. Таа сега е вработената во МНР, на чие чело е Бујар Османи, па го вратила сертификатот во Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации. Со тоа, откако беше објавено во медиумите, Ејупи индиректно признава дека во добивањето на сертификатот државна тајна има незаконитост во која, како што објавија повеќе медиуми, се вмешани високи функционери на АНБ, ДБКИ, МНР и индиректно во државното правобранителство. Доделувањето на сертификатот е проблематичен, а во вечерашната емисија КОД на ТВ Телма, е објавено истражување како четири политички кариери од двете страни на власта, заедно работеле во конкретниот случај за вработување на несудената конзулка во Њујорк. Во емисијата КОД е објавено и тоа дека во февруари годинава имало сериозен хакерски напад врз четири големи банки во Македонија.

The post Несудената конзулка, Бесмира Ејупи, го вратила безбедносниот сертификат appeared first on Република.

]]>
Османи лаже за Бесмира: Има барање за издавање безбедносен сертификат доверливо, што значи „почетников“ ќе чита државни тајни https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/osmani-laze-za-besmira-ima-baranje-za-izdavanje-bezbednosen-sertifikat-doverlivo-shto-znachi-pochetnikov-kje-chita-drzavni-tajni/ Thu, 08 Sep 2022 16:49:26 +0000 https://republika.mk/?p=548764

Оф леле лажење на Бугар Османи, коментира твитер профилот „Раскажувачот“

Бесемира не е вработена во протокол како почетник туку во сектор правни работи..

Плус има барање за издавање за безбедносен сертификат доверливо, што значи „почетников“ ќе чита државни тајни... - пишува на објавата.

https://twitter.com/toilet_paper10/status/1567618330202087425?t=ZPpr0r3vSAZe6co5L2PyYQ&s=07&fbclid=IwAR2W_-AwzSlxdGN6eL_fPGhipX4pUM-A5jg8nqFc7yr6gB5FLSbYKI642hw

The post Османи лаже за Бесмира: Има барање за издавање безбедносен сертификат доверливо, што значи „почетников“ ќе чита државни тајни appeared first on Република.

]]>

Оф леле лажење на Бугар Османи, коментира твитер профилот „Раскажувачот“
Бесемира не е вработена во протокол како почетник туку во сектор правни работи..   Плус има барање за издавање за безбедносен сертификат доверливо, што значи „почетников“ ќе чита државни тајни... - пишува на објавата.
https://twitter.com/toilet_paper10/status/1567618330202087425?t=ZPpr0r3vSAZe6co5L2PyYQ&s=07&fbclid=IwAR2W_-AwzSlxdGN6eL_fPGhipX4pUM-A5jg8nqFc7yr6gB5FLSbYKI642hw

The post Османи лаже за Бесмира: Има барање за издавање безбедносен сертификат доверливо, што значи „почетников“ ќе чита државни тајни appeared first on Република.

]]>
Мицковски: Спорно е, Бујар, спорно е затоа што… https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mickovski-sporno-e-bujar-sporno-e-zatoa-shto/ Wed, 07 Sep 2022 19:45:13 +0000 https://republika.mk/?p=548497

Ивор Мицкоски ја коментира изјавата на министерот за надворешни работи Бујар Османи, кој грчевито ја брани одлуката ТВ-прездентерката Ејупи да биде вработена во Министерството за надовреншни работи.

https://republika.mk/vesti/makedonija/osmani-ekspresno-odgovori-na-grkovska-ejupi-e-vrabotena-kako-sorabotnik-vo-protokol-se-e-po-zakon/

Спорно е Бујар, спорно е затоа што преку вашата фабрика за партизација наречена Министерство за политички систем, вработувате во МНР лице кое како хонорарец добивало пари и задачи за кое е предвидено да ги извршуваат вработени лица според систематизација.
Спорно е што тој систем го користите од 2017-та и така имате потрошено преку 2,5 милиони евра.
Спорно е и што според ДКСК, со таа пракса сторено е кривично дело по член 353-в(став 5) од Кривичниот законик, „несовесно работење во службата“.
Спорно е и што ја планиравте на мала врата да ја бутнете за конзул.
Спорно е што криевте дека е вработена и што обвинувавте за шовинизам.
Така да, се е спорно, а особено спорна е партизацијата и кронизмот кои бесрамно ги спроведувате, особено во време на најголема криза(ваши зборови), пишува Мицковски.

The post Мицковски: Спорно е, Бујар, спорно е затоа што… appeared first on Република.

]]>

Ивор Мицкоски ја коментира изјавата на министерот за надворешни работи Бујар Османи, кој грчевито ја брани одлуката ТВ-прездентерката Ејупи да биде вработена во Министерството за надовреншни работи. https://republika.mk/vesti/makedonija/osmani-ekspresno-odgovori-na-grkovska-ejupi-e-vrabotena-kako-sorabotnik-vo-protokol-se-e-po-zakon/
Спорно е Бујар, спорно е затоа што преку вашата фабрика за партизација наречена Министерство за политички систем, вработувате во МНР лице кое како хонорарец добивало пари и задачи за кое е предвидено да ги извршуваат вработени лица според систематизација. Спорно е што тој систем го користите од 2017-та и така имате потрошено преку 2,5 милиони евра. Спорно е и што според ДКСК, со таа пракса сторено е кривично дело по член 353-в(став 5) од Кривичниот законик, „несовесно работење во службата“. Спорно е и што ја планиравте на мала врата да ја бутнете за конзул. Спорно е што криевте дека е вработена и што обвинувавте за шовинизам. Така да, се е спорно, а особено спорна е партизацијата и кронизмот кои бесрамно ги спроведувате, особено во време на најголема криза(ваши зборови), пишува Мицковски.
 
The post Мицковски: Спорно е, Бујар, спорно е затоа што… appeared first on Република.

]]>
Османи експресно ѝ одговори на Грковска: Ејупи е вработена како соработник во протокол, нема ништо спорно https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/osmani-ekspresno-odgovori-na-grkovska-ejupi-e-vrabotena-kako-sorabotnik-vo-protokol-se-e-po-zakon/ Wed, 07 Sep 2022 17:11:25 +0000 https://republika.mk/?p=548437

Денеска на прес-конференција министерот за надворешни работи Бујар Османи соопшти дека се потребни уште минимум 50 нови вработувања за да се надополнат потребите во ресорното министерство.

Османи информира дека само оваа година се пензионираат 18 лица во МНР и додаде оти мора да се вработуваат нови лица.

На новинарско прашање за вработувањето на Бесмира Ејупи во МНР, Османи посочи дека во текот на оваа година од Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците се преземени вкупно 13 соработници, вклучувајќи ја Ејупи. Дел од нив, како што рече, се во рамки на таа систематизација од К-5 Програмата, дел преку директна спогодба.

„Делумно е точна информацијата, преземена е од Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците на позиција соработник во протокол, што е почетна позиција во МНР. Во моментов имаме огласи за 16 нови соработници, кој е во тек,“ рече Османи и додаде дека сите оние кои сакаат да работат во дипломатијата на почетни позиции имаат можност да аплицираат.

Османи нагласи дека е неточна информацијата оти Ејупи е советник зошто се потребни од 10 до 15 години во ресорното министерство, со многу положени испити и работно искуство за да преминете од помлад соработник во советник. Османи не гледа ништо спорно во овој процес.

https://republika.mk/vesti/makedonija/grkovska-osmani-da-kaze-kako-e-vrabotena-besmira-ejupi-vo-mnr/

На новинарско прашање дали ќе реферира за Ејупи пред собраниската Комисија за надворешни работи и оти тоа го побарал претседателот на оваа комисија Антонио Милошоски, Османи рече дека нема ништо спорно во ова вработување и оти тоа е направено во целосна законска процедура, како што се преземени и сите други, вкупно 16 преземања оваа година во МНР. Истакна дека МНР е отворено за сите државјани на земјава и тие може да аплицираат за работа, на некои позиции со средно, а на други со високо образование.
Османи посочи дека Ејупи не е ниту конзул, ниту кандидат за конзул, туку помлад соработник или на почетничка позиција во МНР.

На новинарско прашање дали на затворена седница на Влада, Сеад Садиковски, актуелен заменик директор на Агенцијата за стокови резерви е назначен за генерален конзул во Торонто, Османи рече „штом рековте затворена седница, тоа значи дека не можам да коментирам". Додаде дека за амбасадори се бара агреман, а за конзули се бара егзекватура исто така од државата домаќин. Соопшти дека додека не се добие егзекватура за кандидатот, не може да се објави името бидејќи има ризик да се одбие, и итн. Тој не сакаше да ги коментира имињата и нивното образование и најави дека навреме граѓаните ќе бидат информирани.

Министерот Османи на прес-конференцијата во МНР рече дека има право со закон да има тројца специјални советници, а има само едно место пополнето, а другите се празни. Османи рече дека во МНР има вработени со договор онолку колку што дозволува Министерството за финансии.

The post Османи експресно ѝ одговори на Грковска: Ејупи е вработена како соработник во протокол, нема ништо спорно appeared first on Република.

]]>

Денеска на прес-конференција министерот за надворешни работи Бујар Османи соопшти дека се потребни уште минимум 50 нови вработувања за да се надополнат потребите во ресорното министерство. Османи информира дека само оваа година се пензионираат 18 лица во МНР и додаде оти мора да се вработуваат нови лица. На новинарско прашање за вработувањето на Бесмира Ејупи во МНР, Османи посочи дека во текот на оваа година од Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците се преземени вкупно 13 соработници, вклучувајќи ја Ејупи. Дел од нив, како што рече, се во рамки на таа систематизација од К-5 Програмата, дел преку директна спогодба.
„Делумно е точна информацијата, преземена е од Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците на позиција соработник во протокол, што е почетна позиција во МНР. Во моментов имаме огласи за 16 нови соработници, кој е во тек,“ рече Османи и додаде дека сите оние кои сакаат да работат во дипломатијата на почетни позиции имаат можност да аплицираат.
Османи нагласи дека е неточна информацијата оти Ејупи е советник зошто се потребни од 10 до 15 години во ресорното министерство, со многу положени испити и работно искуство за да преминете од помлад соработник во советник. Османи не гледа ништо спорно во овој процес. https://republika.mk/vesti/makedonija/grkovska-osmani-da-kaze-kako-e-vrabotena-besmira-ejupi-vo-mnr/ На новинарско прашање дали ќе реферира за Ејупи пред собраниската Комисија за надворешни работи и оти тоа го побарал претседателот на оваа комисија Антонио Милошоски, Османи рече дека нема ништо спорно во ова вработување и оти тоа е направено во целосна законска процедура, како што се преземени и сите други, вкупно 16 преземања оваа година во МНР. Истакна дека МНР е отворено за сите државјани на земјава и тие може да аплицираат за работа, на некои позиции со средно, а на други со високо образование. Османи посочи дека Ејупи не е ниту конзул, ниту кандидат за конзул, туку помлад соработник или на почетничка позиција во МНР. На новинарско прашање дали на затворена седница на Влада, Сеад Садиковски, актуелен заменик директор на Агенцијата за стокови резерви е назначен за генерален конзул во Торонто, Османи рече „штом рековте затворена седница, тоа значи дека не можам да коментирам". Додаде дека за амбасадори се бара агреман, а за конзули се бара егзекватура исто така од државата домаќин. Соопшти дека додека не се добие егзекватура за кандидатот, не може да се објави името бидејќи има ризик да се одбие, и итн. Тој не сакаше да ги коментира имињата и нивното образование и најави дека навреме граѓаните ќе бидат информирани. Министерот Османи на прес-конференцијата во МНР рече дека има право со закон да има тројца специјални советници, а има само едно место пополнето, а другите се празни. Османи рече дека во МНР има вработени со договор онолку колку што дозволува Министерството за финансии.

The post Османи експресно ѝ одговори на Грковска: Ејупи е вработена како соработник во протокол, нема ништо спорно appeared first on Република.

]]>
Грковска: Османи да каже како е вработена Бесмира Ејупи во МНР https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/grkovska-osmani-da-kaze-kako-e-vrabotena-besmira-ejupi-vo-mnr/ Wed, 07 Sep 2022 09:25:09 +0000 https://republika.mk/?p=548217

Министерот Бујар Османи е должен да ја информира јавноста дали 28-годишната Бесмира Ејупи е вработена во македонското МНР и зошто била избрана за таква позиција, за Дојче Веле објаснува Славица Грковска, заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење.

Според членот 9 од Кодексот за етичко однесување на членови на Владата, Османи е должен да одговара на прашања на јавноста за аспекти од работењето на институцијата со која раководи. Министерот за надворешни работи има обврска да биде транспарентен и да ја информира јавноста дали таа личност е вработена во институцијата, во каква постапка и зошто е токму таа избрана за таа позиција – вели Грковска за ДВ.

Всушност, ако вицепремиерката Грковска не добие одговор од МНР, таа е должна да преземе мерки согласно етичкиот Кодекс.

Засега одговор од МНР нема. Ејупи, за која се шпекулираше дека првично била предложена за генерален конзул во Њујорк на затворена седница на Владата, сега пак е во центарот на вниманието откако на веб-страницата „Отворени финансии“ беше обзнаено дека примала хонорари од неколку места, вклучително и од „Македонски Железници“, што претпријатието го потврди велејќи дека изборот на членови на надзорниот одбор го врши Владата.

Додека јавноста очекува одговори, за случајот се заинтересира ДКСК. За премиерот пак, случајот со Ејупи е „шовинизам кон жените“.

Јас гледам во континуитет, и тоа што не ми се допаѓа е една висока доза шовинизам од страна на опозицијата, особено насочена кон жените, тоа во континуитет се случува и тоа не е добро – изјави премиерот.

The post Грковска: Османи да каже како е вработена Бесмира Ејупи во МНР appeared first on Република.

]]>

Министерот Бујар Османи е должен да ја информира јавноста дали 28-годишната Бесмира Ејупи е вработена во македонското МНР и зошто била избрана за таква позиција, за Дојче Веле објаснува Славица Грковска, заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење.
Според членот 9 од Кодексот за етичко однесување на членови на Владата, Османи е должен да одговара на прашања на јавноста за аспекти од работењето на институцијата со која раководи. Министерот за надворешни работи има обврска да биде транспарентен и да ја информира јавноста дали таа личност е вработена во институцијата, во каква постапка и зошто е токму таа избрана за таа позиција – вели Грковска за ДВ.
Всушност, ако вицепремиерката Грковска не добие одговор од МНР, таа е должна да преземе мерки согласно етичкиот Кодекс. Засега одговор од МНР нема. Ејупи, за која се шпекулираше дека првично била предложена за генерален конзул во Њујорк на затворена седница на Владата, сега пак е во центарот на вниманието откако на веб-страницата „Отворени финансии“ беше обзнаено дека примала хонорари од неколку места, вклучително и од „Македонски Железници“, што претпријатието го потврди велејќи дека изборот на членови на надзорниот одбор го врши Владата. Додека јавноста очекува одговори, за случајот се заинтересира ДКСК. За премиерот пак, случајот со Ејупи е „шовинизам кон жените“.
Јас гледам во континуитет, и тоа што не ми се допаѓа е една висока доза шовинизам од страна на опозицијата, особено насочена кон жените, тоа во континуитет се случува и тоа не е добро – изјави премиерот.
 
The post Грковска: Османи да каже како е вработена Бесмира Ејупи во МНР appeared first on Република.

]]>
Бесмира Ејупи била и член на Надзорниот одбор на Македонски железници – инфраструктура https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/besmira-ejupi-bila-i-chlen-na-nadzorniot-odbor-na-makedonski-zeleznici-infrastruktura/ Tue, 06 Sep 2022 17:24:05 +0000 https://republika.mk/?p=538367

Листата на институции од кои Бесмира Ејупи добивала хонорари е уште подолга – покрај тоа што во исто време заработила 12 илјади евра од четири општини и Државното правобранителство, Ејупи од 11 мај 2021 година до 16 август 2022 од Владата била поставена и во Надзорниот одбор на Јавното претпријатие „Железници – инфраструктура“, објави Алсат.

Ејупи, инаку телевизиска презентерка, стана позната во јавноста во февруари, кога беше објавено дека таа на затворена владина седница била именувана за генерален конзул во Њујорк, САД. Владата тоа не го демантираше директно, поради законската забрана за откривање информации од затворена седница, но министерот за надворешни работи Бујар Османи рече дека нема именувано конзул со тоа име. Потоа се дозна за бројните хонорарни ангажмани на Ејупи и нејзината сестра, од повеќе државни и локални институции.

Ејупи деновиве повторно е во фокусот, откако се дозна дека била вработена во МНР, а тоа е можен чекор кон нејзиното станување дипломатка по забрзана постапка.

Телевизијата објави и дека Ејупи како член на Надзорниот одбор на ова јавно претпријатие со задоцнување го доставила Анкетниот лист до Антикорупциската комисија и за тоа платила и парична казна, по што доставила комплетен анкетен лист.

Иако во јуни Антикорупциската комисија покрена иницијатива за кривична одговорност за четворица градоначалници и иницијатива за морална одговорност за државниот правобранител, кој во истиот период ја ангажирал Ејупи, нејзината соработка со Државното правобранителство продолжила и тоа може да се види и на страницата „Отворени финансии“, каде последната уплата за Ејупи била регистрирана на 5 август.

Од друга страна, МНР и понатаму молчи за информациите кои кружат во јавноста за Бесмира Ејупи. Од МНР ниту ја потврдуваат ниту ја демантираат информацијата дека таа од неодамна работи кај нив. Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски изјави дека ќе бараат министерот Бујар Османи во Собранието, во Комисијата за надворешна политика, да појасни за случајот со Ејупи.

Случајот со Бесмира Ејупи стана актуелен, кога беше предложена за конзул во Њујорк, а во исто време наводно била на платен список и од Државниот правобранител, од општина Сарај, општина Чаир, општина Брвеница и општина Петровец.

The post Бесмира Ејупи била и член на Надзорниот одбор на Македонски железници – инфраструктура appeared first on Република.

]]>

Листата на институции од кои Бесмира Ејупи добивала хонорари е уште подолга – покрај тоа што во исто време заработила 12 илјади евра од четири општини и Државното правобранителство, Ејупи од 11 мај 2021 година до 16 август 2022 од Владата била поставена и во Надзорниот одбор на Јавното претпријатие „Железници – инфраструктура“, објави Алсат. Ејупи, инаку телевизиска презентерка, стана позната во јавноста во февруари, кога беше објавено дека таа на затворена владина седница била именувана за генерален конзул во Њујорк, САД. Владата тоа не го демантираше директно, поради законската забрана за откривање информации од затворена седница, но министерот за надворешни работи Бујар Османи рече дека нема именувано конзул со тоа име. Потоа се дозна за бројните хонорарни ангажмани на Ејупи и нејзината сестра, од повеќе државни и локални институции. Ејупи деновиве повторно е во фокусот, откако се дозна дека била вработена во МНР, а тоа е можен чекор кон нејзиното станување дипломатка по забрзана постапка. Телевизијата објави и дека Ејупи како член на Надзорниот одбор на ова јавно претпријатие со задоцнување го доставила Анкетниот лист до Антикорупциската комисија и за тоа платила и парична казна, по што доставила комплетен анкетен лист. Иако во јуни Антикорупциската комисија покрена иницијатива за кривична одговорност за четворица градоначалници и иницијатива за морална одговорност за државниот правобранител, кој во истиот период ја ангажирал Ејупи, нејзината соработка со Државното правобранителство продолжила и тоа може да се види и на страницата „Отворени финансии“, каде последната уплата за Ејупи била регистрирана на 5 август. Од друга страна, МНР и понатаму молчи за информациите кои кружат во јавноста за Бесмира Ејупи. Од МНР ниту ја потврдуваат ниту ја демантираат информацијата дека таа од неодамна работи кај нив. Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски изјави дека ќе бараат министерот Бујар Османи во Собранието, во Комисијата за надворешна политика, да појасни за случајот со Ејупи. Случајот со Бесмира Ејупи стана актуелен, кога беше предложена за конзул во Њујорк, а во исто време наводно била на платен список и од Државниот правобранител, од општина Сарај, општина Чаир, општина Брвеница и општина Петровец.

The post Бесмира Ејупи била и член на Надзорниот одбор на Македонски железници – инфраструктура appeared first on Република.

]]>
Дипломатијата продолжува да пропаѓа: Бесмира Ејупи може не стана генерален конзул во Њујорк, ама затоа се вработи во МНР https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/diplomatijata-prodolzuva-da-propagja-besmira-ejupi-moze-ne-stana-generalen-konzul-vo-njujork-ama-zatoa-se-vraboti-vo-mnr/ Mon, 05 Sep 2022 07:48:11 +0000 https://republika.mk/?p=547511

Скандалот со ТВ презентерката Бесмира Ејупи добива ново продолжение. Јавноста овој тв лик го памети по скандалозниот обид да биде именувана како генерален конзул во Њујорк, но и како лик на кој и биле исплатени 12 илјади евра на име на хонорари од неколку институции, за што постои и истрага. Е сега Бесмира Ејупи е вработена во Министерството за надворешни работи кај Бујар Османи, кој пред само извесно време тврдеше дека не ја познава дотичната личност обвинува ВМРО-ДПМНЕ.

Бесмира Ејупи е вработена од неодамна е вработена како соработник во одделението за правни работи во МНР, а почната е процедура за издавање на безбедносен сертификат „доверливо“.Ковачевски веројатно ќе продолжи да молчи, како и минатиот пат кога скандалозно беше именувана за генерален конзул,  затоа што или никој не го прашува или не смее да се меша. Ете затоа македонската дипломатија се наоѓа на ова дереџе. Бујар Османи и ДУИ имаат добиено одврзани раце од Ковачевски и СДС да прават што сакаат и како сакаат.Ова мора да има крај.

The post Дипломатијата продолжува да пропаѓа: Бесмира Ејупи може не стана генерален конзул во Њујорк, ама затоа се вработи во МНР appeared first on Република.

Бесмира Ејупи сега вработена и во МНР https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/besmira-ejupi-sega-vrabotena-i-vo-mnr/ Sun, 04 Sep 2022 12:04:17 +0000 https://republika.mk/?p=547315

Македонската дипломатија меѓународно е девастирана, македонските национални интереси, македонската посебност и идентитет се распродаваат, а Бујар Османи се занимава со ново вработување во МНР на омилената ТВ презентерка на ДУИ, соработничката на општините водени од ДУИ, лицето без кое државниот правобранител Фехми Стафа не можеше да функционира, добитникот на најмалку 12.000 евра годишно хонорари, Бесмира Ејупи, истакна на денешната прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

Тој посочи дека буџетот е празен, државата е во кризна состојба, а власта се занимава со ухлебување на функционерски миленици!

Бесмира Ејупи, несудената генерална конзулка во Њујорк, од неодамна е нововработена во Министерството за надворешни работи, соработник во одделението за правни работи. Веќе е почната постапка за добивање картичка за евидентирање на влез и на излез на Ејупи, како и влез во компјутерскиот систем, за што според информациите е почната процедура за безбедносен сертификат „доверливо“ за Бесмира Ејупи. Според информациите, додека тече истрагата за исплатите на над 12.000 евра за една година од институции водени од ДУИ кон Бесмира Ејупи, државниот правобранител, Фехми Стафа тврдеше дека не можел да функционира без неа, додека се уште не е слегната прашината за повлечениот предлог на Влада таа да биде именувана како генерален конзул во Њујорк, Бујар Османи ја презема и вдомува Бесмира Ејупи во МНР, нагласи Стоилковски,

Истакна дека македонската дипломатија е во нокаут, а институциите служат за задоволување на апетитите и фрустрациите на функционери на ДУИ-СДСМ.

Бујар Османи и Димитар Ковачевски коишто тврдеа дека не ја познаваат Бесмира Ејупи, коишто го криеја предлогот на Влада таа да биде генерален конзул во Њујорк, сега мора да одговорат за вработувањето на Бесмира Ејупи во МНР? Османи и Ковачевски мора директно и прецизно да одговорат зошто Бесмира Ејупи е вработена во МНР? Дали вдомувањето на Бесмира Ејупи во МНР и обезбедувањето на сертификат за доверливост и се потребни за да може полесно да го премостат јазот и скандалот, и конечно да може да ја испратат како дипломат, конзул или амбасадор во Њујорк? Османи и Ковачевски мора да одговорат како е можно лице зад кое што се води истрага за огромен финансиски скандал, можни злоупотреби и префрлање огромна сума буџетски пари, сега да биде вработено во МНР, да му се издава безбедносен сертификат и да биде дел од дипломатската мрежа? Османи и Ковачевски мора да одговорат со што тоа Бесмира Ејупи ги задолжила до таму, што откако Фехми Стафа е разрешен како државен правобранител, таа да биде вработена во МНР на Бујар Османи?, прашува портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.

Ова е срамно и ја покажува вистинската слика за самоволието и девастацијата на македонската дипломатија. За ова се потребни одговори, одговорност и секако отворање истраги од сите надлежни институции. Ова мора да има крај!

https://youtu.be/-jKKHG9NcJE

The post Бесмира Ејупи сега вработена и во МНР appeared first on Република.

]]>

Македонската дипломатија меѓународно е девастирана, македонските национални интереси, македонската посебност и идентитет се распродаваат, а Бујар Османи се занимава со ново вработување во МНР на омилената ТВ презентерка на ДУИ, соработничката на општините водени од ДУИ, лицето без кое државниот правобранител Фехми Стафа не можеше да функционира, добитникот на најмалку 12.000 евра годишно хонорари, Бесмира Ејупи, истакна на денешната прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски. Тој посочи дека буџетот е празен, државата е во кризна состојба, а власта се занимава со ухлебување на функционерски миленици!
Бесмира Ејупи, несудената генерална конзулка во Њујорк, од неодамна е нововработена во Министерството за надворешни работи, соработник во одделението за правни работи. Веќе е почната постапка за добивање картичка за евидентирање на влез и на излез на Ејупи, како и влез во компјутерскиот систем, за што според информациите е почната процедура за безбедносен сертификат „доверливо“ за Бесмира Ејупи. Според информациите, додека тече истрагата за исплатите на над 12.000 евра за една година од институции водени од ДУИ кон Бесмира Ејупи, државниот правобранител, Фехми Стафа тврдеше дека не можел да функционира без неа, додека се уште не е слегната прашината за повлечениот предлог на Влада таа да биде именувана како генерален конзул во Њујорк, Бујар Османи ја презема и вдомува Бесмира Ејупи во МНР, нагласи Стоилковски,
Истакна дека македонската дипломатија е во нокаут, а институциите служат за задоволување на апетитите и фрустрациите на функционери на ДУИ-СДСМ.
Бујар Османи и Димитар Ковачевски коишто тврдеа дека не ја познаваат Бесмира Ејупи, коишто го криеја предлогот на Влада таа да биде генерален конзул во Њујорк, сега мора да одговорат за вработувањето на Бесмира Ејупи во МНР? Османи и Ковачевски мора директно и прецизно да одговорат зошто Бесмира Ејупи е вработена во МНР? Дали вдомувањето на Бесмира Ејупи во МНР и обезбедувањето на сертификат за доверливост и се потребни за да може полесно да го премостат јазот и скандалот, и конечно да може да ја испратат како дипломат, конзул или амбасадор во Њујорк? Османи и Ковачевски мора да одговорат како е можно лице зад кое што се води истрага за огромен финансиски скандал, можни злоупотреби и префрлање огромна сума буџетски пари, сега да биде вработено во МНР, да му се издава безбедносен сертификат и да биде дел од дипломатската мрежа? Османи и Ковачевски мора да одговорат со што тоа Бесмира Ејупи ги задолжила до таму, што откако Фехми Стафа е разрешен како државен правобранител, таа да биде вработена во МНР на Бујар Османи?, прашува портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.
Ова е срамно и ја покажува вистинската слика за самоволието и девастацијата на македонската дипломатија. За ова се потребни одговори, одговорност и секако отворање истраги од сите надлежни институции. Ова мора да има крај! https://youtu.be/-jKKHG9NcJE

The post Бесмира Ејупи сега вработена и во МНР appeared first on Република.

]]>
Поради хонорарите на несудената конзулка Бесмира Ејупи, ДКСК бара кривичен прогон на правобранителот Стафа и на градоначалниците Беџети, Ганиу, Пајазити и Митевски https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/poradi-honorarite-na-nesudenata-konzulka-besmira-ejupi-dksk-bara-krivichen-progon-na-pravobranitelot-stafa-i-na-gradonachalnicite-bedzeti-ganiu-pajaziti-i-mitevski/ Wed, 01 Jun 2022 19:43:25 +0000 https://republika.mk/?p=509923

Откако беше откриено дека за една година во пет различни институции несудената конзулка Бесмира Ејупи заработила околу 12 илјади евра од државниот и од повеќе општински буџети, ДКСК покрена постапка, а на денешната седница донесе одлука да поднесе иницвијатива за кривичен прогон на Државниот правобранител Фехми Стафа, како и на градоначалниците Блерим Беџети (Сарај), Висар Ганиу (Чаир), Енвер Пајазити (Брвеница) и Борче Митовски (Петровец).

Тие ги потпишувале договорите на дело со Бесмира Ејупи во 2021-вата година. Според договорите Ејупи требало да оди секојдневно на работа во повеќе институции што е и физички невозможно. Покрај тоа во извештаите за сработеното, за Ејупи било впишувана една те иста содржина. Ејупи се уште е на државна плата од парите на граѓаните во Државното правобранителство.

-Основа за овој предмет се написите кои се појавија во медиумите во однос на исплата на средства по однос на договор за дело на едно лице од повеќе институции, односно како што е познато за новинарката Бесмира Ејупи која по основ на договори за дело добивала средства од четири општини и од една државна институција. Имајќи предвид дека нашиот закон во член 2 вели дека под корупција се подразбира злоупотреба на функција јавно овластување службена должност или положба за остварување корист директно преку посредник за себе и за други, јасно е дека за овие ситуации постои таква можност за кривично гонење, рече Катица Николовска член на ДКСК која на денешната седница го образложи предметот од документите што ги добиле од институциите.

Таа појасни дека до сите инволвирани институции било испратено барање да доставаат соодветна документација поврзана со овој случај. Од добиените документи, рече Николовска, се гледа дека ова лице со Државното правобранителство има два договора од март 2021 и сѐ уште активен во 2022 година со делокруг на работни задачи од Одделение на општи и заеднички работи, работно место за кое веќе имало вработено едно лице.

Карактеристично, според Николовска, е дека во извештаите за извршените работи секој месец се користени исти зборови, иста содржина, ист распоред, дури се користел еден терк за секој месечен извештај.

Името на Бесмира Ејупи стана актуелно откако беше обелоденето дека иако нема никакво искуство во надворешната политика, МНР ја предложило за нареден генерален конзул во Њујорк. По реакциите на јавноста, владата и МНР беа приморани да се откажат од својата идеја, скапо платената административка да биде дипломат во „Големото јаболко“. Засега нема никаква иницијатива за враќање на парите кои ги земала од државни институции каде одговорни лица биле од ДУИ (4) и од ВМРО-ДПМНЕ (1).

The post Поради хонорарите на несудената конзулка Бесмира Ејупи, ДКСК бара кривичен прогон на правобранителот Стафа и на градоначалниците Беџети, Ганиу, Пајазити и Митевски appeared first on Република.

]]>

Откако беше откриено дека за една година во пет различни институции несудената конзулка Бесмира Ејупи заработила околу 12 илјади евра од државниот и од повеќе општински буџети, ДКСК покрена постапка, а на денешната седница донесе одлука да поднесе иницвијатива за кривичен прогон на Државниот правобранител Фехми Стафа, како и на градоначалниците Блерим Беџети (Сарај), Висар Ганиу (Чаир), Енвер Пајазити (Брвеница) и Борче Митовски (Петровец).
Тие ги потпишувале договорите на дело со Бесмира Ејупи во 2021-вата година. Според договорите Ејупи требало да оди секојдневно на работа во повеќе институции што е и физички невозможно. Покрај тоа во извештаите за сработеното, за Ејупи било впишувана една те иста содржина. Ејупи се уште е на државна плата од парите на граѓаните во Државното правобранителство. -Основа за овој предмет се написите кои се појавија во медиумите во однос на исплата на средства по однос на договор за дело на едно лице од повеќе институции, односно како што е познато за новинарката Бесмира Ејупи која по основ на договори за дело добивала средства од четири општини и од една државна институција. Имајќи предвид дека нашиот закон во член 2 вели дека под корупција се подразбира злоупотреба на функција јавно овластување службена должност или положба за остварување корист директно преку посредник за себе и за други, јасно е дека за овие ситуации постои таква можност за кривично гонење, рече Катица Николовска член на ДКСК која на денешната седница го образложи предметот од документите што ги добиле од институциите.
Таа појасни дека до сите инволвирани институции било испратено барање да доставаат соодветна документација поврзана со овој случај. Од добиените документи, рече Николовска, се гледа дека ова лице со Државното правобранителство има два договора од март 2021 и сѐ уште активен во 2022 година со делокруг на работни задачи од Одделение на општи и заеднички работи, работно место за кое веќе имало вработено едно лице. Карактеристично, според Николовска, е дека во извештаите за извршените работи секој месец се користени исти зборови, иста содржина, ист распоред, дури се користел еден терк за секој месечен извештај. Името на Бесмира Ејупи стана актуелно откако беше обелоденето дека иако нема никакво искуство во надворешната политика, МНР ја предложило за нареден генерален конзул во Њујорк. По реакциите на јавноста, владата и МНР беа приморани да се откажат од својата идеја, скапо платената административка да биде дипломат во „Големото јаболко“. Засега нема никаква иницијатива за враќање на парите кои ги земала од државни институции каде одговорни лица биле од ДУИ (4) и од ВМРО-ДПМНЕ (1).

The post Поради хонорарите на несудената конзулка Бесмира Ејупи, ДКСК бара кривичен прогон на правобранителот Стафа и на градоначалниците Беџети, Ганиу, Пајазити и Митевски appeared first on Република.

]]>
Со овие амбасадори власта ги срами и своите граѓани и земјите каде што ги праќа https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/so-ovie-ambasadori-vlasta-gi-srami-i-svoite-gragjani-i-zemjite-kade-shto-gi-prakja/ Fri, 01 Apr 2022 06:58:22 +0000 https://republika.mk/?p=481693

Дипломатијата со оваа власт на СДСМ и ДУИ, администрирана од Ковачевски, тоне секој ден, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

На листата скандалозни одлуки за именувања на кои веќе се наоѓаат ТВ презентерката, синот на аналитичарот, колоритниот транзициски лик Фрчкоски, вечниот функционер Жерновски, сега се придодаваат и испраќањето на Теута Арифи, Виктор Димовски и Зоран Попов. Ова покажува дека дипломатската служба се доживува како монета за поткусурување на меѓупартиски дилови. Теута Арифи како предлог за амбасадор во ЕУ е многу навредливо и за Европската Унија и за граѓаните во Македонија. Ликот кој се покажа како исклучително неспособен градоначалник, кој остави зад себе урбан и еколошки хаос, кој ја заглави општината во долгови, кој одделувал милиони денари преку 800 сомнителни договори за вработувања, оваа влада го предлага да ја застапува Македонија и граѓаните пред ЕУ. Не помалку скандалозна е и одлуката за именување на Зоран Попов за амбасадор во САД и Виктор Димовски за амбасадор во Франција. И двајцата освен партиско - политички функции немаат никаква заслуга за Македонија, ниту пак капацитет, за да бидат назначувани на вакви значајни позиции, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Според нив СДСМ ги погазува професионалците во дипломатија и за жал создава скандал дипломатија која ја срами Македонија кај што ќе стигне.

The post Со овие амбасадори власта ги срами и своите граѓани и земјите каде што ги праќа appeared first on Република.

Oсмани прашува: Дали реакцијата за Бесмира беше што е млада жена или затоа што е Албанка? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/osmani-prashuva-dali-reakcijata-za-besmira-beshe-shto-e-mlada-zena-ili-zatoa-shto-e-albanka/ Thu, 10 Mar 2022 12:02:08 +0000 https://republika.mk/?p=470615

Не го знам тоа име, никогаш не сум запознал човек со такво име и презиме и затоа ова ќе го сметам повеќе за шпекулација врз основа на разговори во владата.Никогаш немало одобрено одлука на влада за такво решение иако немам право да коментирам прашања од затворена седница.

Ова е реакцијата на министерот за надворешни работи Бујар Османи за несудената конзулка Бесмира Ејупи.

Одлука одобрена од влада за тоа лице никогаш немало. Не ја знам госпоѓата, никогаш не сум ја сретнал во животот. Дали реакцијата беше што е жена, дали затоа што е млада, дали затоа што е Албанка-прашува Османи во интервју за „Макфакс“.

The post Oсмани прашува: Дали реакцијата за Бесмира беше што е млада жена или затоа што е Албанка? appeared first on Република.

Ковачевски: За Бесмира Ејупи првпат слушнав на вести https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-za-besmira-ejupi-prvpat-slushnav-na-vesti/ Wed, 09 Mar 2022 21:40:06 +0000 https://republika.mk/?p=470310

Јас немам потпишано одлука Бесмира Ејупи да биде генерален конзул во Њу Џерси, истакна премиерот Димитар Ковачевски во вечерашното гостување на ТВ24.

Ние таму имаме конзул кој е дипломат со кариера и таму ќе остане веројатно до крај на мандатот. Не постои план за негово отповикување – рече Ковачевски.

Во однос на прашањето дали одлука за Ејупи била донесена на затворена владина седница, тој рече дека за одлуките на вакви седница не може да коментира, бидејќи информациите се класифицирани.

Јас не ја познавам Ејупи. За нејзиното име првпат слушнав на вести. Не можам да навлезам во шпекулации кои ја предложил – посочи Ковачевски.

Во однос на кризата со којашто се соочува Македонија поради конфликтот помеѓу Русија и Украина, премиерот вели дека не може да се предвиди до каде ќе се продлабочува.

Ако ја гледаме цената на нафтата во последните пет дена, таа дневно расте по 100 долари. Очекувам тоа да биде по нагорна линија и тоа е резултат на војната што се води во Украина. Тоа предизвика диснбаланс на светските берзи, пред сѐ на енергенсите и електричната енергија. Само ја зголеми и ја продлабочи кризата и влијаеше на цената на храната на светските берзи. Најголем дел се зголемени за над 50 отсто, а на јагленот е петпати зголемена цената. Тоа предизвика негативни економски последици кај нас. Владата уште во средината на минатата година донесе одлука за намалување на стапката на ДДВ – рече Ковачевски.

Тој повтори дека имаме доволни количини резерви со нафта.

Имаме резерви на нафта согласно нашите потреби, ние можеме да ја купиме цела нафта на светот, но мораме да ја складираме некаде. Производителите на нафта низ целиот свет плаќаа за чување на нафтата низ секакви складови. Цената на нафтата која ја имаме во резерва е со пониска цена, но количините се ограничени и тие што можете да ги купите и тие што може да ги складирате – рече Ковачевски.

The post Ковачевски: За Бесмира Ејупи првпат слушнав на вести appeared first on Република.

Антикорупциска отвори случај за несудениот конзул Бесмира Ејупи https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/antikorupciska-otvori-sluchaj-za-nesudeniot-konzul-besmira-ejupi/ Fri, 04 Mar 2022 12:38:30 +0000 https://republika.mk/?p=467773

Државната комисија за спречување на корупцијата отвори случај по допрен глас дека несудениот генерален конзул во Њујорк, Бесмира Ејупи, добивала исплати од пет буџетски корисници.

Претходно медиуми објавија дека на сметката на ТВ-презентерката се исплатени 39 трансакции од Државното правобранителство и општините Сарај, Петровец, Чаир и Брвеница.

28-годишната Ејупи на владина седница беше потврдена како кандидат за генерален конзул во Њујорк – Њу Џерси, а Владата по 48 часа го повлече предлогот. Тоа го насочи вниманието на јавноста кон нејзините хонорари исплатени од институциите.

The post Антикорупциска отвори случај за несудениот конзул Бесмира Ејупи appeared first on Република.

]]>

Државната комисија за спречување на корупцијата отвори случај по допрен глас дека несудениот генерален конзул во Њујорк, Бесмира Ејупи, добивала исплати од пет буџетски корисници. Претходно медиуми објавија дека на сметката на ТВ-презентерката се исплатени 39 трансакции од Државното правобранителство и општините Сарај, Петровец, Чаир и Брвеница. 28-годишната Ејупи на владина седница беше потврдена како кандидат за генерален конзул во Њујорк – Њу Џерси, а Владата по 48 часа го повлече предлогот. Тоа го насочи вниманието на јавноста кон нејзините хонорари исплатени од институциите.

The post Антикорупциска отвори случај за несудениот конзул Бесмира Ејупи appeared first on Република.

]]>
Несудената конзулка Бесмира наплатила 12.000 евра од пет државни институции https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nesudenata-konzulka-besmira-naplatila-12-000-evra-od-pet-drzavni-institucii/ Thu, 03 Mar 2022 11:46:58 +0000 https://republika.mk/?p=467000

Бесмира Ејупи, поранешна ТВ-презентерка која Владата сакаше да ја испрати за генерален конзул во Њујорк, за нецела година инкасирала буџетски средства од скоро 12 илјади евра преку 39 трансакции реализирани во текот на ланската и тековната година, пишува најновиот број на неделникот Фокус.

Според податоците од базата „Отворени финансии“, Ејупи во периодот 2021-2022 година фигурира како примател на средства од 5 буџетски органи под ставката 425990, со која, според Правилникот за класификација на расходите, се означуваат „други договорни услуги“.

Најмногу трансакции и најголема исплата кон Ејупи е регистрирана од Државното правобранителство на чело со Фехми Стафа, од каде преку 11 трансакции, главно од износ од по 24.900 денари, и се исплатени вкупно 247.658 денари или околу 4.000 евра, почнувајќи од април лани па се до февруар годинава.

Ист број на трансакции кон Ејупи се регистрирани и од Општина Чаир, кои, со исклучок на една, изнесуваат по 9.000 денари, така што нивната вкупна вредност достигнува 94.935 денари или околу 1.500 евра

The post Несудената конзулка Бесмира наплатила 12.000 евра од пет државни институции appeared first on Република.

]]>

Бесмира Ејупи, поранешна ТВ-презентерка која Владата сакаше да ја испрати за генерален конзул во Њујорк, за нецела година инкасирала буџетски средства од скоро 12 илјади евра преку 39 трансакции реализирани во текот на ланската и тековната година, пишува најновиот број на неделникот Фокус. Според податоците од базата „Отворени финансии“, Ејупи во периодот 2021-2022 година фигурира како примател на средства од 5 буџетски органи под ставката 425990, со која, според Правилникот за класификација на расходите, се означуваат „други договорни услуги“. Најмногу трансакции и најголема исплата кон Ејупи е регистрирана од Државното правобранителство на чело со Фехми Стафа, од каде преку 11 трансакции, главно од износ од по 24.900 денари, и се исплатени вкупно 247.658 денари или околу 4.000 евра, почнувајќи од април лани па се до февруар годинава. Ист број на трансакции кон Ејупи се регистрирани и од Општина Чаир, кои, со исклучок на една, изнесуваат по 9.000 денари, така што нивната вкупна вредност достигнува 94.935 денари или околу 1.500 евра  

The post Несудената конзулка Бесмира наплатила 12.000 евра од пет државни институции appeared first on Република.

]]>
Димитров: До кога ќе поставуваме директори на училишта и болници по партиска линија? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dimitrov-do-koga-kje-postavuvame-direktori-na-uchilishta-i-bolnici-po-partiska-linija-2/ Wed, 23 Feb 2022 14:53:28 +0000 https://republika.mk/?p=462581

Минатата седмица се прошири информација дека тв-презентерката Бесмира Ејупи е избрана за конзул во Њујорк, по што МНР веднаш ја смири „топката“ потенцирајќи дека Македонија веќе има конзул во овој град.

Запрашан за целата оваа конфузна ситуација, некогашниот министер за надворешни работи, Никола Димитров даде дипломатски одговор за тоа.

Јас не ја гледам политиката како на ти, дај ми. Ми беше јасно и јасно е дека партиите кај нас си бараат позиции. Тоа мора да биде се помалку и помалку. До кога ќе поставуваме по партиска линија директори на училишта и болници? Треба да има надолен тренд на политички поставувања и човекот да ги исполнува критериумите, рече тој во Студио 10 на ТВ24.

The post Димитров: До кога ќе поставуваме директори на училишта и болници по партиска линија? appeared first on Република.

]]>

Минатата седмица се прошири информација дека тв-презентерката Бесмира Ејупи е избрана за конзул во Њујорк, по што МНР веднаш ја смири „топката“ потенцирајќи дека Македонија веќе има конзул во овој град. Запрашан за целата оваа конфузна ситуација, некогашниот министер за надворешни работи, Никола Димитров даде дипломатски одговор за тоа.
Јас не ја гледам политиката како на ти, дај ми. Ми беше јасно и јасно е дека партиите кај нас си бараат позиции. Тоа мора да биде се помалку и помалку. До кога ќе поставуваме по партиска линија директори на училишта и болници? Треба да има надолен тренд на политички поставувања и човекот да ги исполнува критериумите, рече тој во Студио 10 на ТВ24.

The post Димитров: До кога ќе поставуваме директори на училишта и болници по партиска линија? appeared first on Република.

]]>
Зошто од влада демантираат само за Бесмира, а не и за синот на Алберт Муслиу? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/zoshto-od-vlada-demantiraat-samo-za-besmira-a-ne-i-za-sinot-na-albert-musliu/ Fri, 18 Feb 2022 08:14:42 +0000 https://republika.mk/?p=460213

Владата администрирана од Пиунот Ковачевски се заплетка со скандалот за именување на конзули во Њујорк и Чикаго, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Додаваат дека откако неколку медиуми врз основа на владини извори потврдија дека Владата на затворена седница ги именувала тв презентерката Бесмира Ејупи за генерален конзул во Њујорк, а Петрит Муслиу за генерален конзул во Чикаго, владата невешто демантира. Патем, потенцираат од партијата, демантот е делумен , односно се однесува само за изборот на Бесмира Ејупи, а не и за Петрит Муслиу, синот на провладиниот аналитичар Алберт Муслиу.

Ова, според ВМРО-ДПМНЕ, отвора нови дилеми.

Прво, дали владата ја лаже македонската јавност, сега откако пукна скандалот и се обидува да фалсификува и крие одлуки од затворената седница, бидејќи медиумите ја потврдија веста од повеќе владини избори претходно?

Второ, зошто чекаа 24 часа за да ја демантираат веста и дали во овие 24 часа била направена злоупотреба?

Трето, зошто демантираат само за иборот на Бесмира Ејупи, а не и за изборот на Петрит Муслиу, синот на аналитичарот Алберт Муслиу кој можеби е поскандалозен случај? Молкот значи одобрување.

Четврто, според кој критериум Муслиу синот бил избран за конзул во Чикаго и дали при изборот одлучна била активноста на аналитичарот Муслиу таткото во изминатиот период на одбрана на владата на СДСМ и ДУИ?

Срамота и крајно потценувачки е тоа што пиунот Ковачевски се крие и молчи за овој скандал од кој се гледа дека дипломатијата на сдсм и дуи е водена од презентер на вести и непотизам. Еве оставаме простор дека Ковачевски и воопшто да не бил информиран бидејќи коалициските партнери го сметаат за небитен во кадровската политика, велат оттаму.

The post Зошто од влада демантираат само за Бесмира, а не и за синот на Алберт Муслиу? appeared first on Република.

]]>

Владата администрирана од Пиунот Ковачевски се заплетка со скандалот за именување на конзули во Њујорк и Чикаго, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Додаваат дека откако неколку медиуми врз основа на владини извори потврдија дека Владата на затворена седница ги именувала тв презентерката Бесмира Ејупи за генерален конзул во Њујорк, а Петрит Муслиу за генерален конзул во Чикаго, владата невешто демантира. Патем, потенцираат од партијата, демантот е делумен , односно се однесува само за изборот на Бесмира Ејупи, а не и за Петрит Муслиу, синот на провладиниот аналитичар Алберт Муслиу. Ова, според ВМРО-ДПМНЕ, отвора нови дилеми.
Прво, дали владата ја лаже македонската јавност, сега откако пукна скандалот и се обидува да фалсификува и крие одлуки од затворената седница, бидејќи медиумите ја потврдија веста од повеќе владини избори претходно? Второ, зошто чекаа 24 часа за да ја демантираат веста и дали во овие 24 часа била направена злоупотреба? Трето, зошто демантираат само за иборот на Бесмира Ејупи, а не и за изборот на Петрит Муслиу, синот на аналитичарот Алберт Муслиу кој можеби е поскандалозен случај? Молкот значи одобрување. Четврто, според кој критериум Муслиу синот бил избран за конзул во Чикаго и дали при изборот одлучна била активноста на аналитичарот Муслиу таткото во изминатиот период на одбрана на владата на СДСМ и ДУИ?

Срамота и крајно потценувачки е тоа што пиунот Ковачевски се крие и молчи за овој скандал од кој се гледа дека дипломатијата на сдсм и дуи е водена од презентер на вести и непотизам. Еве оставаме простор дека Ковачевски и воопшто да не бил информиран бидејќи коалициските партнери го сметаат за небитен во кадровската политика, велат оттаму.

The post Зошто од влада демантираат само за Бесмира, а не и за синот на Алберт Муслиу? appeared first on Република.

]]>
Османи се правда: Не постои предлог за испраќање на Бесмира Ејупи во конзулатот во САД https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/osmani-se-pravda-ne-postoi-predlog-za-isprakjanje-na-besmira-ejupi-vo-konzulatot-vo-sad/ Thu, 17 Feb 2022 18:40:41 +0000 https://republika.mk/?p=460073

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи денес демантираше дека има одлука за испраќање на Бесмира Ејупи во македонскиот конзулат во Њу Џерси, САД.

-Шпекулации се информациите. Уште вчера портпаролите демантираа. Ние имаме конзул во Њу Џерси, Јордан Панов и тој има мандат до 2023 година. Не можам да кажам зошто тие нецелосно информации излегоа од затворената седница на Владата, затоа што изнесување информации од таква седница е казниво со закон, рече Османи во гостувањето на Дневникот на ТВ Сител.

Според него, сите имиња за конзули и дипломати, додека не се добие потврда од земјата каде што се испраќаат, се доверливи и не можат да се објават.

-Нема таков предлог од Владата или МНР за повлекување на актуелниот конзул и именување на нов. Во службен весник не излезе таква одлука, значи нема никаков предлог, потенцира Османи.

The post Османи се правда: Не постои предлог за испраќање на Бесмира Ејупи во конзулатот во САД appeared first on Република.

Мицковски: Со „конзулот“ повторно се проблематизираат сите измислени позиции за кои некој зема плата од наш џеб https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mickovski-so-konzulot-povtorno-se-problematiziraat-site-izmisleni-pozicii-za-koi-nekoj-zema-plata-od-nash-dzeb/ Thu, 17 Feb 2022 11:09:44 +0000 https://republika.mk/?p=459798

Според членот 5 од Кодексот, носителите на извршни функции во своето работење се посветени исклучиво на јавниот интерес на и општото добро на Македонија и нејзините граѓани. Според членот 6, водат сметка со своето однесување да не наштетат на интересот или угледот на Македонија, Владата и институциите со кои раководат. Според членот 9, одговараат неселективно, навремено и аргументирано на прашања и коментари на јавноста и засегнатите страни за сите аспекти од своето работење и работењето на својата институција, потенцира Ивор Мицковски во случајот со 28-годишната водителка Бесмира Ејупи за која на затворена седница беше преложено да стане генерален конзул на Македонија во Њујорк, САД.

Со ова се обврзани да одговорат: кој е јавниот интерес за општото добро на Македонија со одобрувањето на конкретниот предлог за генерален конзул во Њујорк, дали и како со тој предлог се штити угледот на земјата и институциите, и зошто се бегаше од транспарентен одговор на овие прашања?, потенцира Мицковски.

https://republika.mk/vesti/makedonija/od-vladata-treba-da-odgovorat-koj-e-javniot-interes-za-opshtoto-dobro-na-makedonija-so-odobruvanjeto-na-predlogot-za-generalen-konzul-vo-njujork/

Уствари со ова именувањето свако јаки нестручни особи за конзулати или што и да е, повторно се проблематизираат сите измислени позиции по Влади и министерства, као национални координатори, први вицепремиери, вицепремиери за корупција и заменици за добро владеење, болумента советници и аналисти на медиуми кои се платени да изигриваат мебел, да се алармираат и водат хајки само на владини критики, да не прават апсолутно ништо додека зимаат плата, или просто да ловат путер и драпаат мадиња, коментира во свој стил Мицковски.

The post Мицковски: Со „конзулот“ повторно се проблематизираат сите измислени позиции за кои некој зема плата од наш џеб appeared first on Република.

]]>

Според членот 5 од Кодексот, носителите на извршни функции во своето работење се посветени исклучиво на јавниот интерес на и општото добро на Македонија и нејзините граѓани. Според членот 6, водат сметка со своето однесување да не наштетат на интересот или угледот на Македонија, Владата и институциите со кои раководат. Според членот 9, одговараат неселективно, навремено и аргументирано на прашања и коментари на јавноста и засегнатите страни за сите аспекти од своето работење и работењето на својата институција, потенцира Ивор Мицковски во случајот со 28-годишната водителка Бесмира Ејупи за која на затворена седница беше преложено да стане генерален конзул на Македонија во Њујорк, САД.
Со ова се обврзани да одговорат: кој е јавниот интерес за општото добро на Македонија со одобрувањето на конкретниот предлог за генерален конзул во Њујорк, дали и како со тој предлог се штити угледот на земјата и институциите, и зошто се бегаше од транспарентен одговор на овие прашања?, потенцира Мицковски.
https://republika.mk/vesti/makedonija/od-vladata-treba-da-odgovorat-koj-e-javniot-interes-za-opshtoto-dobro-na-makedonija-so-odobruvanjeto-na-predlogot-za-generalen-konzul-vo-njujork/ Уствари со ова именувањето свако јаки нестручни особи за конзулати или што и да е, повторно се проблематизираат сите измислени позиции по Влади и министерства, као национални координатори, први вицепремиери, вицепремиери за корупција и заменици за добро владеење, болумента советници и аналисти на медиуми кои се платени да изигриваат мебел, да се алармираат и водат хајки само на владини критики, да не прават апсолутно ништо додека зимаат плата, или просто да ловат путер и драпаат мадиња, коментира во свој стил Мицковски.

The post Мицковски: Со „конзулот“ повторно се проблематизираат сите измислени позиции за кои некој зема плата од наш џеб appeared first on Република.

]]>