бескаматни кредити Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/beskamatni-krediti/ За подобро да се разбереме Thu, 05 May 2022 11:43:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png бескаматни кредити Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/beskamatni-krediti/ 32 32 Бескаматни кредити за компании погодени од енергетската и економската криза https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/beskamatni-krediti-za-kompanii-pogodeni-od-energetskata-i-ekonomskata-kriza/ Thu, 05 May 2022 11:43:45 +0000 https://republika.mk/?p=498013

Микро, мали и средни компании, трговци поединци и занаетчии погодени од енергетската и економската криза од 11 мај 2022  година ќе можат да аплицираат за средства од новата бескаматна кредитна линија наменета за обртни средства на Развојна банка.

Јавниот повик ќе трае 15 дена, а барањето за кредит компаниите може да го достават електронски на посебна е-маил адреса.

Компаниите треба да бидат на листата на прифатливи класи на дејности за кредитирање, објавена во јавниот повик.

Минималниот износ на кредит е 185.000 денари, додека максималниот е 3.000.000 денари. Кредитот ќе има рок на отплата од 12 и од 18 месеци со вклучен грејс период од 6 месеци и во двата случаи.

„За корисниците на оваа кредитна линија предвидена е грант компонента од 10 проценти за субјектите кои ќе користат рок на отплата од 18 месеци, односно 20 проценти за субјектите кои ќе користат рок на отплата од 12 месеци. Грејс периодот и во двата случаи е до 6 месеци“, објави Развојна банка.

Субјектите кои користеле кредит од ,,Ковид 3” и ,,Ковид 4”, нема да можат да ја користат кредитната линија. Субјектите кои користеле кредит од „Ковид 1“ и/или „Ковид 2“ и немаат неизмирени достасани обврски во износ поголем од 10.000 денари на денот на аплицирање (11 мај 2022), ќе можат да ја користат оваа бескаматна кредитна линија.

Јавниот повик е објавен денеска, 05.05.2022 година и ќе трае 15 дена сметано од 11 мај 2022 година од 09:00 часот до 26 мај 2022 година до 09:00 часот. Поднесувањето на кредитните барања ќе се одвива по електронски пат на е-маил адресата eekriza@mbdp.com.mk.

The post Бескаматни кредити за компании погодени од енергетската и економската криза appeared first on Република.

]]>

Микро, мали и средни компании, трговци поединци и занаетчии погодени од енергетската и економската криза од 11 мај 2022  година ќе можат да аплицираат за средства од новата бескаматна кредитна линија наменета за обртни средства на Развојна банка. Јавниот повик ќе трае 15 дена, а барањето за кредит компаниите може да го достават електронски на посебна е-маил адреса. Компаниите треба да бидат на листата на прифатливи класи на дејности за кредитирање, објавена во јавниот повик. Минималниот износ на кредит е 185.000 денари, додека максималниот е 3.000.000 денари. Кредитот ќе има рок на отплата од 12 и од 18 месеци со вклучен грејс период од 6 месеци и во двата случаи.
„За корисниците на оваа кредитна линија предвидена е грант компонента од 10 проценти за субјектите кои ќе користат рок на отплата од 18 месеци, односно 20 проценти за субјектите кои ќе користат рок на отплата од 12 месеци. Грејс периодот и во двата случаи е до 6 месеци“, објави Развојна банка.
Субјектите кои користеле кредит од ,,Ковид 3” и ,,Ковид 4”, нема да можат да ја користат кредитната линија. Субјектите кои користеле кредит од „Ковид 1“ и/или „Ковид 2“ и немаат неизмирени достасани обврски во износ поголем од 10.000 денари на денот на аплицирање (11 мај 2022), ќе можат да ја користат оваа бескаматна кредитна линија. Јавниот повик е објавен денеска, 05.05.2022 година и ќе трае 15 дена сметано од 11 мај 2022 година од 09:00 часот до 26 мај 2022 година до 09:00 часот. Поднесувањето на кредитните барања ќе се одвива по електронски пат на е-маил адресата eekriza@mbdp.com.mk.

The post Бескаматни кредити за компании погодени од енергетската и економската криза appeared first on Република.

]]>