бесир Дурмиши Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/besir-durmishi/ За подобро да се разбереме Fri, 25 Oct 2024 11:05:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png бесир Дурмиши Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/besir-durmishi/ 32 32 Дурмиши не отфрла дискусија за минималната плата https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/durmishi-ne-otfrla-diskusija-za-minimalnata-plata/ Fri, 25 Oct 2024 11:05:20 +0000 https://republika.mk/?p=830938

Кога ќе биде вратен Буџетот од првичната собраниска расправа со забелешките и предлозите по амандманите на пратениците, ќе се одржи седница на Економско-социјалниот совет на која ќе бидат разгледани ставките за раст на платите оваа и идната година, рече денеска претседателот на ССМ Слободан Трендафилов.

Според министерот за економија Бесар Дурмиши, барањата на синдикалците, како зголемувањето на минималната плата, ќе се стават на дневен ред наредниот период и ќе се дискутира дали има можности за нејзно зголемување.

На последната седница на Економско-социјалниот совет добивме ветување од премиерот и министерот за економија дека по поминувањето на првичниот филтер во Владата и на собраниската комисија, кога ќе го вратат Предлог-буџетот со забелешки и предлози по амандманите на пратениците, ќе се одржи седница на Економско-социјалниот совет на која ќе ги гледаме ставките за раст на платите кои треба да се случат и годинава и наредната година. Лично ме охрабрува тоа што реториката од „нема, нема, нема“, полека се изнаоѓаат средства за раст на платите во секторите кои годинава не добија плата. Растот на минималната плата треба да биде предвиден во новиот буџет, но ќе треба да се предвидат средства и оваа година доколку се случи тоа што е можно поскоро, зашто животот на граѓаните станува се поскап па тешко е да се преживее со 370 евра кога синдикалната кошничка е преку 1 000 евра - изјави Трендафилов, одговорајќи на новинарски прашања пред одбележувањето на Европската недела на безбедност и здравје при работа.

Дурмиши е дециден дека зголемување или намалување на минималната плата во вонредна состојба може да се дискутира и дебатира само во рамки на Економско-социјалниот совет, меѓу синдикатите и работодавачите.

Пред две недели е формирано ова тело и во наредниот период нивните барања ќе се стават на дневен ред, како што е минималната плата и ќе се дискутира дали има можности или не, за нејзно зголемување. Донесувањето ад-хок одлуки за зголемување на минималната плата во вонредна состојба не ја регулира економијата - рече Дурмиши.

На прашањето како го коментира Предлог-законот за зголемување на минималната плата што го поднесе СДСМ, Дурмиши одговори дека претходната власт ја остави економијата во катастрофална состојба. Порача и дека „имаат повеќе работа во својата партија, отколку да се занимаваат со минималната плата“.

Тие ја оставија економијата во катастрофална состојба заедно со ДУИ. Мислам дека имаат повеќе работа во својата партија, отколку да се занимаваат со минималната плата. Ние ја добивме довербата од граѓаните, во наредниот период треба да мислиме и на продуктивноста на работниците, па потоа и за покачување на минималната плата за сите граѓани - подвлече министерот.

The post Дурмиши не отфрла дискусија за минималната плата appeared first on Република.

]]>

Кога ќе биде вратен Буџетот од првичната собраниска расправа со забелешките и предлозите по амандманите на пратениците, ќе се одржи седница на Економско-социјалниот совет на која ќе бидат разгледани ставките за раст на платите оваа и идната година, рече денеска претседателот на ССМ Слободан Трендафилов. Според министерот за економија Бесар Дурмиши, барањата на синдикалците, како зголемувањето на минималната плата, ќе се стават на дневен ред наредниот период и ќе се дискутира дали има можности за нејзно зголемување.
На последната седница на Економско-социјалниот совет добивме ветување од премиерот и министерот за економија дека по поминувањето на првичниот филтер во Владата и на собраниската комисија, кога ќе го вратат Предлог-буџетот со забелешки и предлози по амандманите на пратениците, ќе се одржи седница на Економско-социјалниот совет на која ќе ги гледаме ставките за раст на платите кои треба да се случат и годинава и наредната година. Лично ме охрабрува тоа што реториката од „нема, нема, нема“, полека се изнаоѓаат средства за раст на платите во секторите кои годинава не добија плата. Растот на минималната плата треба да биде предвиден во новиот буџет, но ќе треба да се предвидат средства и оваа година доколку се случи тоа што е можно поскоро, зашто животот на граѓаните станува се поскап па тешко е да се преживее со 370 евра кога синдикалната кошничка е преку 1 000 евра - изјави Трендафилов, одговорајќи на новинарски прашања пред одбележувањето на Европската недела на безбедност и здравје при работа.
Дурмиши е дециден дека зголемување или намалување на минималната плата во вонредна состојба може да се дискутира и дебатира само во рамки на Економско-социјалниот совет, меѓу синдикатите и работодавачите.
Пред две недели е формирано ова тело и во наредниот период нивните барања ќе се стават на дневен ред, како што е минималната плата и ќе се дискутира дали има можности или не, за нејзно зголемување. Донесувањето ад-хок одлуки за зголемување на минималната плата во вонредна состојба не ја регулира економијата - рече Дурмиши.
На прашањето како го коментира Предлог-законот за зголемување на минималната плата што го поднесе СДСМ, Дурмиши одговори дека претходната власт ја остави економијата во катастрофална состојба. Порача и дека „имаат повеќе работа во својата партија, отколку да се занимаваат со минималната плата“.
Тие ја оставија економијата во катастрофална состојба заедно со ДУИ. Мислам дека имаат повеќе работа во својата партија, отколку да се занимаваат со минималната плата. Ние ја добивме довербата од граѓаните, во наредниот период треба да мислиме и на продуктивноста на работниците, па потоа и за покачување на минималната плата за сите граѓани - подвлече министерот.

The post Дурмиши не отфрла дискусија за минималната плата appeared first on Република.

]]>
До петок ќе биде изготвена есенската потрошувачка кошница, се прават симулации за ограничување на цените или маржите https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/do-petok-ke-bide-izgotvena-esenskata-potroshuvachka-koshnitsa-se-pravat-simulatsii-za-ogranichuvane-na-tsenite-ili-marzhite/ Wed, 11 Sep 2024 11:27:35 +0000 https://republika.mk/?p=815354

До петок треба да биде изготвена есенската потрошувачка кошница со околу 100 прехранбени производи, јавува МИА. Работната група во која има членови од министерствата за економија, земјоделство и финансии, ќе направи симулација за ограничување на цените или на маржите.

Значи ќе се направат пресметки со намалување на маржите на 5, 10 или 15 проценти на трговија на мало или замрзнување на цените на одредено ниво. Симулацијата треба да даде информација кое ќе биде најповолното решение за крајните цени за потрошувачите и какви ќе бидат фискалните импликации од оваа мерка - вели во изјава за МИА министерот за економија Бесар Дурмиши.

Предлогот и симулацијата на есенската потрошувачка кошница, како што посочува Дурмиши, ќе биде доставена до Владата на следната седница и ќе се донесе одлука за намалување на цените на овие основни прехранбени производи за крајните потрошувачи.

Нашата цел е да им излеземе во пресрет на граѓаните се со цел да има подобрување на животниот стандард. Исто така сакам да кажам дека оваа есенска потрошувачка кошница во наредниот период ќе продолжи да се применува во вид на божиќна потрошувачка кошница, рамазанска потрошувачка кошница, велигденска потрошувачка кошница со измена на листата на производи кои ќе бидат опфатени во зависност од периодот во кој ќе се применува - вели Дурмиши.

И премиерот Христијан Мицкоски денеска на прес-конференција потврди дека се подготвува есенска кошничка со производи кои граѓаните најмногу ги употребуваат.

Во однос на Законот за нефер трговски практики, министерот Дурмиши вели дека овој закон останува на сила и дека рабатот и дополнителните трошоци од листата на 2.548 тарифни броеви на земјоделски и прехранбени производи во трговија на мало и трговија на големо ќе бидат ограничени на 10 проценти почнувајќи од 28 септември.

https://republika.mk/vesti/makedonija/vo-interes-na-graganite-se-podgotvuva-esenska-i-proletna-koshnichka-so-proizvodi-koi-najmnogu-se-upotrebuvaat/

The post До петок ќе биде изготвена есенската потрошувачка кошница, се прават симулации за ограничување на цените или маржите appeared first on Република.

]]>

До петок треба да биде изготвена есенската потрошувачка кошница со околу 100 прехранбени производи, јавува МИА. Работната група во која има членови од министерствата за економија, земјоделство и финансии, ќе направи симулација за ограничување на цените или на маржите.
Значи ќе се направат пресметки со намалување на маржите на 5, 10 или 15 проценти на трговија на мало или замрзнување на цените на одредено ниво. Симулацијата треба да даде информација кое ќе биде најповолното решение за крајните цени за потрошувачите и какви ќе бидат фискалните импликации од оваа мерка - вели во изјава за МИА министерот за економија Бесар Дурмиши.
Предлогот и симулацијата на есенската потрошувачка кошница, како што посочува Дурмиши, ќе биде доставена до Владата на следната седница и ќе се донесе одлука за намалување на цените на овие основни прехранбени производи за крајните потрошувачи.
Нашата цел е да им излеземе во пресрет на граѓаните се со цел да има подобрување на животниот стандард. Исто така сакам да кажам дека оваа есенска потрошувачка кошница во наредниот период ќе продолжи да се применува во вид на божиќна потрошувачка кошница, рамазанска потрошувачка кошница, велигденска потрошувачка кошница со измена на листата на производи кои ќе бидат опфатени во зависност од периодот во кој ќе се применува - вели Дурмиши.
И премиерот Христијан Мицкоски денеска на прес-конференција потврди дека се подготвува есенска кошничка со производи кои граѓаните најмногу ги употребуваат. Во однос на Законот за нефер трговски практики, министерот Дурмиши вели дека овој закон останува на сила и дека рабатот и дополнителните трошоци од листата на 2.548 тарифни броеви на земјоделски и прехранбени производи во трговија на мало и трговија на големо ќе бидат ограничени на 10 проценти почнувајќи од 28 септември. https://republika.mk/vesti/makedonija/vo-interes-na-graganite-se-podgotvuva-esenska-i-proletna-koshnichka-so-proizvodi-koi-najmnogu-se-upotrebuvaat/