Бесир Деари Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/besir-deari/ За подобро да се разбереме Thu, 18 Aug 2022 17:47:09 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Бесир Деари Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/besir-deari/ 32 32 Финансиската полиција привремено ја води „вечниот“ полицаец од ДУИ, Бесир Деари https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/finansiskata-policija-privremeno-ja-vodi-vechniot-policaec-od-dui-besir-deari/ Thu, 18 Aug 2022 17:47:09 +0000 https://republika.mk/?p=541781

До избор на нов директор на Управата за финансиска полиција, функцијата привремено ќе ја врши в.д.заменик директорот на финасиската полиција Бесир Деари.

Деари од октомври 2020-тата е заменик директор во УФП каде владата го назначи откако си даде оставка од заменик-директор на Бирото за јавна безбедност, функција на која беше од 2002-ра до 2020-та со неколку години години пауза, две во опозиција, а беше и функционер во Железници.

Деари така во МВР го заработи прекарот „вечен“ бидејќи им беше заменик на директорите на БЈБ Бранко Бојчевски, Цане Чапрагоски, Љупчо Тодоровски-Радникот, Горанчо Савевски, Митко Чавков, Лазе Велковски и актуелниот Сашо Тасевски.

Речиси невидливиот кандидат на ДУИ беше заменик на 7 директори, а функцијата си ја вршеше во мандати на и во време на ВМРО-ДПМНЕ и во време на 9 министри што од СДСМ. Што од ВМРО-ДПМНЕ, што технички министри (Хари Костов, Силјан Аврамовски, Љубомир Михајловски, Гордана Јанкулоска, Митко Чавков, Оливер Андонов, Оливер Спасовски, Агим Нухиу и Наќе Чулев).

Во времето на протестите кои кулминираа со крвавиот четврток пролетта 2017-та, Чавков го предлагал Деари да биде началник на оперативниот штаб „Платформа“, но тој се откажал по што со него раководеше токму тогашниот директор Митко Чавков (министер привремено беше Агим Нухиу).

По разрешувањето на Велковски во август 2018-та година, Деари исто така привремено како заменик ја вршеше директорската позиција, највисока во полициската хиерархија.

Инаку на веб сајтот на финансиската полиција, страницата резервирана за Бесир Деари стои празна и без ниту еден податок за човекот кој ја води оваа управа за борба со финансиски и функционерски криминал и злоупотреби до избор на нов директор.

The post Финансиската полиција привремено ја води „вечниот“ полицаец од ДУИ, Бесир Деари appeared first on Република.

]]>

До избор на нов директор на Управата за финансиска полиција, функцијата привремено ќе ја врши в.д.заменик директорот на финасиската полиција Бесир Деари. Деари од октомври 2020-тата е заменик директор во УФП каде владата го назначи откако си даде оставка од заменик-директор на Бирото за јавна безбедност, функција на која беше од 2002-ра до 2020-та со неколку години години пауза, две во опозиција, а беше и функционер во Железници. Деари така во МВР го заработи прекарот „вечен“ бидејќи им беше заменик на директорите на БЈБ Бранко Бојчевски, Цане Чапрагоски, Љупчо Тодоровски-Радникот, Горанчо Савевски, Митко Чавков, Лазе Велковски и актуелниот Сашо Тасевски. Речиси невидливиот кандидат на ДУИ беше заменик на 7 директори, а функцијата си ја вршеше во мандати на и во време на ВМРО-ДПМНЕ и во време на 9 министри што од СДСМ. Што од ВМРО-ДПМНЕ, што технички министри (Хари Костов, Силјан Аврамовски, Љубомир Михајловски, Гордана Јанкулоска, Митко Чавков, Оливер Андонов, Оливер Спасовски, Агим Нухиу и Наќе Чулев). Во времето на протестите кои кулминираа со крвавиот четврток пролетта 2017-та, Чавков го предлагал Деари да биде началник на оперативниот штаб „Платформа“, но тој се откажал по што со него раководеше токму тогашниот директор Митко Чавков (министер привремено беше Агим Нухиу). По разрешувањето на Велковски во август 2018-та година, Деари исто така привремено како заменик ја вршеше директорската позиција, највисока во полициската хиерархија. Инаку на веб сајтот на финансиската полиција, страницата резервирана за Бесир Деари стои празна и без ниту еден податок за човекот кој ја води оваа управа за борба со финансиски и функционерски криминал и злоупотреби до избор на нов директор.

The post Финансиската полиција привремено ја води „вечниот“ полицаец од ДУИ, Бесир Деари appeared first on Република.

]]>