Бесија Иљази Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/besija-ilazi/ За подобро да се разбереме Wed, 25 Sep 2024 10:10:43 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Бесија Иљази Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/besija-ilazi/ 32 32 Директорката што не знаеше македонски обвинета за злоупотреба на службена положба https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/direktorkata-shto-ne-znaeshe-makedonski-obvineta-za-zloupotreba-na-sluzhbena-polozhba/ Wed, 25 Sep 2024 08:27:55 +0000 https://republika.mk/?p=819459

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднел обвинителен предлог против поранешната организациска директорка на Јавна здравствена установа – Универзитетска клиника за токсикологија Бесија Иљази за злоупотреба на службена положба и овластување.

Обвинетата, во својство на организациски директор на Јавна здравствена установа – Универзитетска клиника за токсикологија, ги пречекорила своите службени овластувања со намера да овозможи противправна имотна корист за 17 лица. Постапувајќи спротивно на Законот за спречување корупција и судир на интереси, Изборниот законик и Законот за здравствена заштита во мај годинава склучувала договори за дело со лицата за нивно работно ангажирање на Клиниката, по што ретроактивно издавала платни налози со кои им исплаќала месечен надомест за нивен претходен наводен работен ангажман. На списокот додавала и лица со кои воопшто не бил склучен договор за дело и на кои исто така им се исплаќал надомест за наводно извршени работи, соопшти денеска Јавното обвинителство.

На овој начин буџетот на Клиниката, како што е наведено во соопштението, бил оштетен за сума од 659.781 денар, а истовремено на ангажираните лица им била овозможена противправна имотна корист.

The post Директорката што не знаеше македонски обвинета за злоупотреба на службена положба appeared first on Република.

]]>

Тошковски: Кривична пријава против организациската директорка од Токсикологија, Бесија Иљази https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/toshkovski-krivichna-prijava-protiv-organizatsiskata-direktorka-od-toksikologija-besija-ilazi/ Fri, 12 Jul 2024 10:42:04 +0000 https://republika.mk/?p=796118

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, Единица за корупција во соработка со Одделот за криминалистичка полиција, поднесе кривична пријава против Б.И. (29) од Тетово, заради постоење на основано сомнение дека сторила кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“, предвидено и казниво по член 353 ст.3 и ст.1 од Кривичниот законик, соопшти денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Пријавената Б.И. во својство на в.д. организациски директор на Јавна здравствена установа – Универзитетска клиника за токсикологија, пречекорувајќи ги своите службени овластувања во период од 14.02.2024 до 24.06.2024, а со намера да овозможи противправна имотна корист за 17 лица, на 15.05.2024 склучила 15 договори за дело со 15 лица кои биле работно ангажирани на Универзитетската клиника за токсикологија (и други лица без регулиран правен основ за нивно присуство на клиниката), по што, ретроактивно, за лицата наводно работно ангажирани, за месеците април и мај 2024 година издала два платни налози и извршила исплата на месечен надомест за наводниот работен ангажман во вкупен износ од 659 781 денари со вклучен персонален данок на доход.

Наведените исплати се извршени противправно, со што пријавената Б.И. ја оштетила ЈЗУ Универзитетска клиника за токсикологија за вкупен износ на извршените исплати со платен данок од 659 781 денари.

Согласно наведеното, пријавената извршила службени дејствија кои што не смеела да ги изврши, односно Б.И. сторила кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ по чл.353 ст.3 вв.1 од КЗ, оштетувајќи ја Јавната здравствена установа Универзитетска клиника за токсикологија за износ 659 781 денари.

The post Тошковски: Кривична пријава против организациската директорка од Токсикологија, Бесија Иљази appeared first on Република.

Таравари ја разреши економската директорка на Токсикологија која на работа одеше со преведувачка https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/taravari-ja-razreshi-ekonomskata-direktorka-na-toksikologija-koja-na-rabota-odeshe-so-preveduvachka/ Tue, 25 Jun 2024 09:52:49 +0000 https://republika.mk/?p=790562

Министерот за здравство Арбен Таравари денеска ги потпишал решенијата за разрешување на неколку економски директори на скопските Клиники меѓу кои и на Бесија Иљази, досегашна вршителка на должноста економски директор на Клиниката за Токсикологија, објави Слободен печат.

Покрај Иљази, разрешени се економските директори на Клиниките за дерматологија, физикална медицина, стоматологија, психијатриската клиника, ендокринологија, неврологија, максилофацијална хирургија.

Иљази беше во центарот на повеќе скандали поврзани со Клиниката за токсикоогија. Со вработените, а потоа и со новинарите не зборуваше на македонски јазик, имаше преведувачка.

https://republika.mk/zivot/zdravje/organizatsiskata-direktorka-na-klinikata-za-toksikologija-koja-ne-komunitsira-na-makedonski-jazik-na-vrabotenite-im-zabrani-da-davaat-izjavi-na-novinarite/

https://republika.mk/vesti/makedonija/demiri-ako-go-suspendirav-direktorot-na-toksikologija-pred-izbori-ke-go-sfatevte-toa-kako-politichka-kampana/

https://republika.mk/zivot/zdravje/dksk-nezakonski-razreshuvanata-na-direktorite-na-toksikologija-i-kardiohirurgija/

The post Таравари ја разреши економската директорка на Токсикологија која на работа одеше со преведувачка appeared first on Република.

]]>

Министерот за здравство Арбен Таравари денеска ги потпишал решенијата за разрешување на неколку економски директори на скопските Клиники меѓу кои и на Бесија Иљази, досегашна вршителка на должноста економски директор на Клиниката за Токсикологија, објави Слободен печат. Покрај Иљази, разрешени се економските директори на Клиниките за дерматологија, физикална медицина, стоматологија, психијатриската клиника, ендокринологија, неврологија, максилофацијална хирургија. Иљази беше во центарот на повеќе скандали поврзани со Клиниката за токсикоогија. Со вработените, а потоа и со новинарите не зборуваше на македонски јазик, имаше преведувачка. https://republika.mk/zivot/zdravje/organizatsiskata-direktorka-na-klinikata-za-toksikologija-koja-ne-komunitsira-na-makedonski-jazik-na-vrabotenite-im-zabrani-da-davaat-izjavi-na-novinarite/ https://republika.mk/vesti/makedonija/demiri-ako-go-suspendirav-direktorot-na-toksikologija-pred-izbori-ke-go-sfatevte-toa-kako-politichka-kampana/ https://republika.mk/zivot/zdravje/dksk-nezakonski-razreshuvanata-na-direktorite-na-toksikologija-i-kardiohirurgija/

The post Таравари ја разреши економската директорка на Токсикологија која на работа одеше со преведувачка appeared first on Република.

]]>
Демири: Зошто да ја разрешам, сте се фатиле околу Бесија, таа не ги вработи 18 лица, тие се од лани вработени https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/demiri-zoshto-da-ja-razresham-ste-se-fatile-okolu-besija-taa-ne-gi-vraboti-18-litsa-tie-se-od-lani-vraboteni/ Mon, 27 May 2024 14:32:18 +0000 https://republika.mk/?p=782118

Зошто да ја разрешам, кажа министерот за здравство, Илир Демири на новинарско прашање зошто не е разрешена организациската директорка на Клиниката за Токсикологија, Бесија Иљази откако претходно кажа дека веднаш би ги остранил лицата од таквите позиции.

Сте се фатиле околу Бесија. Таа не ги вработиле тие 18 лица, туку се вработени во 2023. Каде бевте вие и останатите директори и министрите да кажувате за квалитет и неквалитет? Зошто дозволувате тие луѓе да се на список на дежурства и смени, а месец дена пред изборите, реагирате зошто се вработени? Имам факти дека медицинскиот директор заедно со другиот колега кои се трудеа да направат мобинг, сум ги разрешил. Бесија кога ќе го прекрши законот, ќе биде разрешена. Таа не го прекршила законот. Каде беше ДСЗИ кога тие пет месеци не примале плата и да реагираат? Каде е ДСЗИ да достави извештај за случувањата на хируршките сали, рече Демири.

The post Демири: Зошто да ја разрешам, сте се фатиле околу Бесија, таа не ги вработи 18 лица, тие се од лани вработени appeared first on Република.

Сте се фатиле околу Бесија, таа не го прекршила законот, им порача Демири на новинарите https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ste-se-fatile-okolu-besija-taa-ne-go-prekrshila-zakonot-im-poracha-demiri-na-novinarite/ Mon, 27 May 2024 11:01:36 +0000 https://republika.mk/?p=782047

Зошто да ја разрешам, кажа министерот за здравство, Илир Демири на новинарско прашање зошто не е разрешена организациската директорка на Клиниката за Токсикологија, Бесија Иљази откако претходно кажа дека веднаш би ги остранил лицата од таквите позиции.

Сте се фатиле околу Бесија. Таа не ги вработиле тие 18 лица, туку се вработени во 2023. Каде бевте вие и останатите директори и министрите да кажувате за квалитет и неквалитет? Зошто дозволувате тие луѓе да се на список на дежурства и смени, а месец дена пред изборите, реагирате зошто се вработени? Имам факти дека медицинскиот директор заедно со другиот колега кои се трудеа да направат мобинг, сум ги разрешил. Бесија кога ќе го заслужи законот, ќе биде разрешена. Таа не го прекршила законот. Каде беше ДСЗИ кога тие пет месеци не примале плата и да реагираат? Каде е ДСЗИ да достави извештај за случувањата на хируршките сали - праша Демири, критикувајќи дека Инспекторатот добива новинарски извештаи пред него како министер.

The post Сте се фатиле околу Бесија, таа не го прекршила законот, им порача Демири на новинарите appeared first on Република.

Иљази: Беќаровски е доктор од времето на „Друже Тито“, неговото време помина https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ilazi-bekarovski-e-doktor-od-vremeto-na-druzhe-tito-negovoto-vreme-pomina/ Tue, 21 May 2024 13:14:18 +0000 https://republika.mk/?p=780542

За организациската директорка на Клиниката за Токсикологија, Бесија Иљази д-р Нико Беќаровски, клинички токсиколог, е доктор од времето на „Друже Тито“ и неговото време, според неа е поминато.

Иљази, за која вработените во Клиниката велат дека не можат да се разберат, бидејќи не зборува македонски јазик, идонесе наредба со која им забранува на докторите, сестрите и болничарите на клиниката да даваат изјави на медиумите без нејзина согласност.

Според член 30 од Статутот на Клиниката, Бесија Иљази рече дека оваа наредба е направена за да се заштити имиџот на целата Клиника и да не се дозволи одредени интересни групи да го клеветат чесното работење на белиот мантил.

Од страната на некои лекари, кои не се повеќе од пет шест, кои испорачуваат невистини во медиумите, а кои во јавноста се добро познати по скандали, инсценации и дезинформации и се нарекуваат доктори на „Фејсбук“ затоа што цел ден го поминуваат своето работно време на социјалните мрежи и не прават ништо. Времето на Нико Беќаровски, докторот од времето на „Друже ТИТО“ помина и тој не може да се помири со оваа реалност. Затоа постојано шири дезинформации кои создаваат забуна во јавноста. Новиот поредок и Наредба што ги воспоставив го попречуваат него и неговиот клан, кои се навикнати да работат според нивните навики“, вели Иљази.

Таа додаде дека разрешениот директор доктор Данил Петровски еден ден пред таа да стане организациска директорка, си ја вработил снаата.

-Како можеше да си ја вработи снаата на 13 февруари 2024 година, ден пред моето доаѓање на функцијата, а немаше можност да го вработи биологот и 18 лица кои со години се вработени овде? Ги прекрши сите законски норми, ги држеше да работат без договори и без плати, ги тераше на дежурства и така продолжи до моето доаѓање. Сега кога го решивме нивниот проблем, тоа стана „голем проблем“, додаде Иљази.

https://republika.mk/zivot/zdravje/organizatsiskata-direktorka-na-klinikata-za-toksikologija-koja-ne-komunitsira-na-makedonski-jazik-na-vrabotenite-im-zabrani-da-davaat-izjavi-na-novinarite/

Оваа доаѓа ден по одлуката на Бесија Иљази да им ги додели решенијата за работа на 18 работници кои имаа истечени договори на дело на Токсикологија и една недела откако министерот за здравство го разреши медицинскиот директор Данил Петровски кој користи годишен одмор.

The post Иљази: Беќаровски е доктор од времето на „Друже Тито“, неговото време помина appeared first on Република.

]]>

За организациската директорка на Клиниката за Токсикологија, Бесија Иљази д-р Нико Беќаровски, клинички токсиколог, е доктор од времето на „Друже Тито“ и неговото време, според неа е поминато. Иљази, за која вработените во Клиниката велат дека не можат да се разберат, бидејќи не зборува македонски јазик, идонесе наредба со која им забранува на докторите, сестрите и болничарите на клиниката да даваат изјави на медиумите без нејзина согласност. Според член 30 од Статутот на Клиниката, Бесија Иљази рече дека оваа наредба е направена за да се заштити имиџот на целата Клиника и да не се дозволи одредени интересни групи да го клеветат чесното работење на белиот мантил.
Од страната на некои лекари, кои не се повеќе од пет шест, кои испорачуваат невистини во медиумите, а кои во јавноста се добро познати по скандали, инсценации и дезинформации и се нарекуваат доктори на „Фејсбук“ затоа што цел ден го поминуваат своето работно време на социјалните мрежи и не прават ништо. Времето на Нико Беќаровски, докторот од времето на „Друже ТИТО“ помина и тој не може да се помири со оваа реалност. Затоа постојано шири дезинформации кои создаваат забуна во јавноста. Новиот поредок и Наредба што ги воспоставив го попречуваат него и неговиот клан, кои се навикнати да работат според нивните навики“, вели Иљази.
Таа додаде дека разрешениот директор доктор Данил Петровски еден ден пред таа да стане организациска директорка, си ја вработил снаата.
-Како можеше да си ја вработи снаата на 13 февруари 2024 година, ден пред моето доаѓање на функцијата, а немаше можност да го вработи биологот и 18 лица кои со години се вработени овде? Ги прекрши сите законски норми, ги држеше да работат без договори и без плати, ги тераше на дежурства и така продолжи до моето доаѓање. Сега кога го решивме нивниот проблем, тоа стана „голем проблем“, додаде Иљази.
https://republika.mk/zivot/zdravje/organizatsiskata-direktorka-na-klinikata-za-toksikologija-koja-ne-komunitsira-na-makedonski-jazik-na-vrabotenite-im-zabrani-da-davaat-izjavi-na-novinarite/ Оваа доаѓа ден по одлуката на Бесија Иљази да им ги додели решенијата за работа на 18 работници кои имаа истечени договори на дело на Токсикологија и една недела откако министерот за здравство го разреши медицинскиот директор Данил Петровски кој користи годишен одмор.  

The post Иљази: Беќаровски е доктор од времето на „Друже Тито“, неговото време помина appeared first on Република.

]]>
Министерот за здравство не знае дали Токсикологија, која се поплави, е осигурана, ама е сигурен дека организациската директорка оди на работа и не се паркира пред влезот на Клиниката https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/ministerot-za-zdravstvo-ne-znae-dali-toksikologija-koja-se-poplavi-e-osigurana-ama-e-siguren-deka-organizatsiskata-direktorka-odi-na-rabota-i-ne-se-parkira-pred-vlezot-na-klinikata/ Fri, 26 Apr 2024 14:18:24 +0000 https://republika.mk/?p=771456

Министерот за здравство Илир Демири не знае дали Клиниката за Токсикологија која синоќа се поплавила е осигурана, но според него, не е законски ако Клиниката не е осигурана и менаџментот треба да преземе одговорност.

Ако зборувате за хаваријата со цевката од парно таа е санирана уште вчера од страна на Заеднички служби. А пропо вашата изјава дали е потпишан договор или не, тоа се интерни договори на клиниките со кои не располагам. Морам да ги проверам, па после да ви кажам дали е така или не, изјави поладнево Демири, кој присустваше на одбележувањето 100 години од формирањето на Инстутот за јавно здравје.

https://republika.mk/zivot/zdravje/na-toksikologija-poplaveni-lekarski-kantselarii-bolnichki-sobi-smetkovodstvo-ambulanta-na-orl-shtetata-dopolnitelno-ke-se-utvrduva/

Синоќа на Клиниката за токсикологија пукнала цевка од парно и поплавени се речиси сите лекарски канцеларии на вториот кат, болнички соби на првиот кат, Одделението и сметководство, ходниците на приземјето, чекалната се до амбулантата на ОРЛ и дел од подрумските простории. Дежурната екипа веднаш ја повикала техничката служба за одржување на парно, но не успеале да го допрат истекот на водата во следните четириесетина минути.

Одговарајќи на новинарски прашања, Демири рече дека треба да се провери дали имало договор за осигурување или не.

Викендов, вработени од Токсикологија преку писмо до медиумите реагираа за односот на в. д. организациската директорка Бесија Иљази, која меѓудругото не потпишува клучни документи. Во писмото пишуваше дека Клиниката веќе два месеца не е осигурана иако тоа е законска обврска. На прес-конфренцијата, лекари од стручниот колегиум на Токсикологија кажаа дека Иљази не дозволува да се вработат двајца дипломирани биолози и еден болничар. Но, затоа е упорна да се вработат 18 лица на кои им се истечени договорите за дело на 31 декември 2023. Тие кажаа дека Иљази не знае македонски јазик и не може да се разберат со неа и доаѓа на работа во 10 часот, а си оди во 14,30.

Според моите сознанија, економската директорка оди на работа и не се паркира на влезот на Клиниката. Проверено е, рече Демири.

https://republika.mk/vesti/makedonija/ekonomskata-direktorka-na-toksikologija-besija-ilazi-go-zgolemi-dolgot-na-klinikata-raboti-po-4-5-chasa-ne-potpishuva-kluchni-dokumenti-i-ne-znae-makedonski/

Прашан за болничарот кој требаше да биде суспендиран, Демири рече дека голема неправда е направена на Токсикологија, затоа што не е обезбедена согласност од страна на менаџментот за обезбедување на договорите за работа за 18-те вработени кои четири месеци работат во Клиниката, а не добиваат економски надомест.

Јас кажав тоа што имам забележано и за што имам факти и тоа е изјава дадена во јавноста, меѓутоа сме во предизборие, во тек е изборна кампања, не сакам да се прекрши ниедна законска процедура. Чекам да дојде извештајот на инспекцискиот надзор кој ги има обврзано во тек на пет дена менаџментот на институцијава да најде решение за 18-те луѓе кои се вработени таму, кои работат, а не добиваат економски надомест, изјави Демири.

https://republika.mk/vesti/makedonija/ministerot-za-zdravstvo-deneska-ke-go-razreshi-meditsinskiot-direktor-na-toksikologija-d-r-petrovski-a-za-ekonomskata-direktorka-ilazi-veli-nema-nitu-edno-prekrshuvane/

The post Министерот за здравство не знае дали Токсикологија, која се поплави, е осигурана, ама е сигурен дека организациската директорка оди на работа и не се паркира пред влезот на Клиниката appeared first on Република.

]]>

Министерот за здравство Илир Демири не знае дали Клиниката за Токсикологија која синоќа се поплавила е осигурана, но според него, не е законски ако Клиниката не е осигурана и менаџментот треба да преземе одговорност.
Ако зборувате за хаваријата со цевката од парно таа е санирана уште вчера од страна на Заеднички служби. А пропо вашата изјава дали е потпишан договор или не, тоа се интерни договори на клиниките со кои не располагам. Морам да ги проверам, па после да ви кажам дали е така или не, изјави поладнево Демири, кој присустваше на одбележувањето 100 години од формирањето на Инстутот за јавно здравје.
https://republika.mk/zivot/zdravje/na-toksikologija-poplaveni-lekarski-kantselarii-bolnichki-sobi-smetkovodstvo-ambulanta-na-orl-shtetata-dopolnitelno-ke-se-utvrduva/ Синоќа на Клиниката за токсикологија пукнала цевка од парно и поплавени се речиси сите лекарски канцеларии на вториот кат, болнички соби на првиот кат, Одделението и сметководство, ходниците на приземјето, чекалната се до амбулантата на ОРЛ и дел од подрумските простории. Дежурната екипа веднаш ја повикала техничката служба за одржување на парно, но не успеале да го допрат истекот на водата во следните четириесетина минути. Одговарајќи на новинарски прашања, Демири рече дека треба да се провери дали имало договор за осигурување или не. Викендов, вработени од Токсикологија преку писмо до медиумите реагираа за односот на в. д. организациската директорка Бесија Иљази, која меѓудругото не потпишува клучни документи. Во писмото пишуваше дека Клиниката веќе два месеца не е осигурана иако тоа е законска обврска. На прес-конфренцијата, лекари од стручниот колегиум на Токсикологија кажаа дека Иљази не дозволува да се вработат двајца дипломирани биолози и еден болничар. Но, затоа е упорна да се вработат 18 лица на кои им се истечени договорите за дело на 31 декември 2023. Тие кажаа дека Иљази не знае македонски јазик и не може да се разберат со неа и доаѓа на работа во 10 часот, а си оди во 14,30.
Според моите сознанија, економската директорка оди на работа и не се паркира на влезот на Клиниката. Проверено е, рече Демири.
https://republika.mk/vesti/makedonija/ekonomskata-direktorka-na-toksikologija-besija-ilazi-go-zgolemi-dolgot-na-klinikata-raboti-po-4-5-chasa-ne-potpishuva-kluchni-dokumenti-i-ne-znae-makedonski/ Прашан за болничарот кој требаше да биде суспендиран, Демири рече дека голема неправда е направена на Токсикологија, затоа што не е обезбедена согласност од страна на менаџментот за обезбедување на договорите за работа за 18-те вработени кои четири месеци работат во Клиниката, а не добиваат економски надомест.
Јас кажав тоа што имам забележано и за што имам факти и тоа е изјава дадена во јавноста, меѓутоа сме во предизборие, во тек е изборна кампања, не сакам да се прекрши ниедна законска процедура. Чекам да дојде извештајот на инспекцискиот надзор кој ги има обврзано во тек на пет дена менаџментот на институцијава да најде решение за 18-те луѓе кои се вработени таму, кои работат, а не добиваат економски надомест, изјави Демири.
https://republika.mk/vesti/makedonija/ministerot-za-zdravstvo-deneska-ke-go-razreshi-meditsinskiot-direktor-na-toksikologija-d-r-petrovski-a-za-ekonomskata-direktorka-ilazi-veli-nema-nitu-edno-prekrshuvane/

The post Министерот за здравство не знае дали Токсикологија, која се поплави, е осигурана, ама е сигурен дека организациската директорка оди на работа и не се паркира пред влезот на Клиниката appeared first on Република.

]]>
Економската директорка на Токсикологија, Бесија Иљази, го зголеми долгот на Клиниката, работи по 4,5 часа, не потпишува клучни документи и не знае македонски https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ekonomskata-direktorka-na-toksikologija-besija-ilazi-go-zgolemi-dolgot-na-klinikata-raboti-po-4-5-chasa-ne-potpishuva-kluchni-dokumenti-i-ne-znae-makedonski/ Sun, 21 Apr 2024 13:26:53 +0000 https://republika.mk/?p=768881

В.Д. организациската директорка на Клиниката за токсикологија, Бесија Иљази, го зголеми долгот на инстутуцијата, не доаѓа на работа и не потпишува клучни документи, се дел од проблемите за кои преку писмо до медиумите реагираа вработени од оваа Клиника.

Иљази беше назначена на 14 февруари, на ден пред формирање техничка влада, а вработените реагираат дека била поставена иако не ги исполнува условите пропишани со закон за директори, и оттогаш се случува дезорганизација, а не организација.

Поточно, од нејзиното назначување за помалку од два месеца долгот на клиниката го зголеми за приближно два милиона денари, со дневно работно време од 4 часа и 30 минути, поточно на работа доаѓа во 10 часот, а работното време ѝ завршува во 14:30. Исто така, клиниката нема спроведено постапка за осигурување на имот, осигурување на скапата медицинска опрема и осигурување од лекарска грешка, бидејќи в. д. директорката не сака да потпише затоа што не е прифатен нејзиниот брокер за осигурување и моментално Клиниката два месеца не е осигурана иако за тоа сме со закон обврзани. Поради одбивање да потпише согласност за договор на дело за двајца дипломирани биолози, токсиколошката лабораторија веќе два месеца не врши валидација на издадените резултати“, се вели во писмото.

Минатиот месец медиумите објавија дека новоназначената економска директорка на Клиниката за токсикологија, Иљази не знае македонски јазик, па кога мора да соработува со колегите, преведувачи ѝ се двете секретарки вработени во оваа клиника.

https://republika.mk/vesti/makedonija/ekonomskata-direktorka-na-toksikologija-ne-znae-makedonski-na-rabota-doaga-so-tatko/

Како што неофицијално дознава „СДК.мк“ од извори на Клиниката, медицинскиот директор, д-р Данил Петровски трпи големи притисоци од министерот за здравство Илир Демири да потпише вработување на 18 лица на кои им истекле договорите на дело на 31.12.2023. Директорот одбивал да потпише, согласно насоките од Министерството за финансии, дека Македонија е во изборен период и дека треба да се почитуваат забраните утврдени во член 8-а и 8-б од Изборниот законик и член 34 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси. Сите спроведени или неспроведени активности за време на предизборниот период се одговорност на одговорните лица во соодветните институции.

The post Економската директорка на Токсикологија, Бесија Иљази, го зголеми долгот на Клиниката, работи по 4,5 часа, не потпишува клучни документи и не знае македонски appeared first on Република.

]]>

В.Д. организациската директорка на Клиниката за токсикологија, Бесија Иљази, го зголеми долгот на инстутуцијата, не доаѓа на работа и не потпишува клучни документи, се дел од проблемите за кои преку писмо до медиумите реагираа вработени од оваа Клиника. Иљази беше назначена на 14 февруари, на ден пред формирање техничка влада, а вработените реагираат дека била поставена иако не ги исполнува условите пропишани со закон за директори, и оттогаш се случува дезорганизација, а не организација.
Поточно, од нејзиното назначување за помалку од два месеца долгот на клиниката го зголеми за приближно два милиона денари, со дневно работно време од 4 часа и 30 минути, поточно на работа доаѓа во 10 часот, а работното време ѝ завршува во 14:30. Исто така, клиниката нема спроведено постапка за осигурување на имот, осигурување на скапата медицинска опрема и осигурување од лекарска грешка, бидејќи в. д. директорката не сака да потпише затоа што не е прифатен нејзиниот брокер за осигурување и моментално Клиниката два месеца не е осигурана иако за тоа сме со закон обврзани. Поради одбивање да потпише согласност за договор на дело за двајца дипломирани биолози, токсиколошката лабораторија веќе два месеца не врши валидација на издадените резултати“, се вели во писмото.
Минатиот месец медиумите објавија дека новоназначената економска директорка на Клиниката за токсикологија, Иљази не знае македонски јазик, па кога мора да соработува со колегите, преведувачи ѝ се двете секретарки вработени во оваа клиника. https://republika.mk/vesti/makedonija/ekonomskata-direktorka-na-toksikologija-ne-znae-makedonski-na-rabota-doaga-so-tatko/ Како што неофицијално дознава „СДК.мк“ од извори на Клиниката, медицинскиот директор, д-р Данил Петровски трпи големи притисоци од министерот за здравство Илир Демири да потпише вработување на 18 лица на кои им истекле договорите на дело на 31.12.2023. Директорот одбивал да потпише, согласно насоките од Министерството за финансии, дека Македонија е во изборен период и дека треба да се почитуваат забраните утврдени во член 8-а и 8-б од Изборниот законик и член 34 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси. Сите спроведени или неспроведени активности за време на предизборниот период се одговорност на одговорните лица во соодветните институции.

The post Економската директорка на Токсикологија, Бесија Иљази, го зголеми долгот на Клиниката, работи по 4,5 часа, не потпишува клучни документи и не знае македонски appeared first on Република.

]]>