Бесар Дурмиши Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/besar-durmishi/ За подобро да се разбереме Fri, 01 Nov 2024 12:34:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Бесар Дурмиши Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/besar-durmishi/ 32 32 Дурмиши: До 1 360 денари заштеда по домаќинство од есенската кошничка https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/durmishi-do-1-360-denari-zashteda-po-domakinstvo-od-esenskata-koshnichka/ Fri, 01 Nov 2024 12:34:53 +0000 https://republika.mk/?p=833097

До 1 360 денари заштеда по семејство овозможи есенската кошничка. Мерката беше спроведена успешно и ги даде очекуваните резултати, рече денеска министерот за економија Бесар Дурмиши.

Очекувам од ноември дополнително намалување на цените зашто почна примената на Законот за трговски практики. Есенската кошничка од вчера веќе не е на сила, но ако дојде до покачување на цените ќе се преземат поригорозни мерки, истакна министерот.

Според него, со есенската кошничка се спречи наглото зголемување на цените.

Дурмиши најави Божиќна кошничка кон крајот на годината, а потоа, рече, ќе има и рамазанска, велигденска,... Кошничките ќе се однесуваат на различни производи зависно од потребите на граѓаните.

The post Дурмиши: До 1 360 денари заштеда по домаќинство од есенската кошничка appeared first on Република.

]]>

До 1 360 денари заштеда по семејство овозможи есенската кошничка. Мерката беше спроведена успешно и ги даде очекуваните резултати, рече денеска министерот за економија Бесар Дурмиши. Очекувам од ноември дополнително намалување на цените зашто почна примената на Законот за трговски практики. Есенската кошничка од вчера веќе не е на сила, но ако дојде до покачување на цените ќе се преземат поригорозни мерки, истакна министерот. Според него, со есенската кошничка се спречи наглото зголемување на цените. Дурмиши најави Божиќна кошничка кон крајот на годината, а потоа, рече, ќе има и рамазанска, велигденска,... Кошничките ќе се однесуваат на различни производи зависно од потребите на граѓаните.

The post Дурмиши: До 1 360 денари заштеда по домаќинство од есенската кошничка appeared first on Република.

]]>
Дурмиши: Да изградиме нов образец на работното место, каде технологијата ќе служи за да ги подобри условите, но не и да го игнорира човечкото достоинство https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/durmishi-da-izgradime-nov-obrazets-na-rabotnoto-mesto-kade-tehnologijata-ke-sluzhi-za-da-gi-podobri-uslovite-no-ne-i-da-go-ignorira-chovechkoto-dostoinstvo/ Fri, 25 Oct 2024 09:30:02 +0000 https://republika.mk/?p=830860

Законот и регулативите се важни, но поважно е како општество да изградиме нов образец на работното место, каде технологијата ќе служи за да ги подобри условите, но не и да го игнорира човечкото достоинство, порача министерот за економија и труд Бесар Дурмиши по повод одбележувањето на Европската недела на безбедност и здравје при работа.

Министерството за економија и труд, кое од годинава ги презема надлежностите во овој секторот, Дурмиши рече дека е посветено на развивање на регулативи кои ќе одговараат на новите предизвици кои го носи дигитализацијата и најави дека се работи на создавање законска рамка што ќе ги земе предвиди и физичките и психосоцијалните аспекти на работата во современиот свет.

Како министер и човек верувам дека нашиот прв приоритет треба да бидат луѓето, затоа што и во сржта на секоја промена и технолошки развој стојат луѓето. Мораме да бидеме свесни за тоа како технолошките промени влијаат на физичкото и ментално здравје на работниците, изјави Дурмиши.

По повод Европската недела на безбедност и здравје при работа, Министерството за економија и труд, Советот за безбедност и здравје при работа и Канцеларијата на Фондацијата „Фридрих Еберт“ денеска во Скопје организираат настан за одбележување на овој датум и, заеднички придонес кон подигнувањето на свеста за улогата и значењето на безбедноста на работните места и заштита на здравјето на работниците.

The post Дурмиши: Да изградиме нов образец на работното место, каде технологијата ќе служи за да ги подобри условите, но не и да го игнорира човечкото достоинство appeared first on Република.

]]>

Законот и регулативите се важни, но поважно е како општество да изградиме нов образец на работното место, каде технологијата ќе служи за да ги подобри условите, но не и да го игнорира човечкото достоинство, порача министерот за економија и труд Бесар Дурмиши по повод одбележувањето на Европската недела на безбедност и здравје при работа. Министерството за економија и труд, кое од годинава ги презема надлежностите во овој секторот, Дурмиши рече дека е посветено на развивање на регулативи кои ќе одговараат на новите предизвици кои го носи дигитализацијата и најави дека се работи на создавање законска рамка што ќе ги земе предвиди и физичките и психосоцијалните аспекти на работата во современиот свет. Како министер и човек верувам дека нашиот прв приоритет треба да бидат луѓето, затоа што и во сржта на секоја промена и технолошки развој стојат луѓето. Мораме да бидеме свесни за тоа како технолошките промени влијаат на физичкото и ментално здравје на работниците, изјави Дурмиши. По повод Европската недела на безбедност и здравје при работа, Министерството за економија и труд, Советот за безбедност и здравје при работа и Канцеларијата на Фондацијата „Фридрих Еберт“ денеска во Скопје организираат настан за одбележување на овој датум и, заеднички придонес кон подигнувањето на свеста за улогата и значењето на безбедноста на работните места и заштита на здравјето на работниците.

The post Дурмиши: Да изградиме нов образец на работното место, каде технологијата ќе служи за да ги подобри условите, но не и да го игнорира човечкото достоинство appeared first on Република.

]]>
Министерот за економија најави поригорозни мерки ако следниот месец драстично се зголемат цените во маркетите https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/ministerot-za-ekonomija-najavi-porigorozni-merki-ako-sledniot-mesets-drastichno-se-zgolemat-tsenite-vo-marketite/ Fri, 25 Oct 2024 09:27:59 +0000 https://republika.mk/?p=830850

Министерот за економија Бесар Дурмиши уверува дека есенската кошничка има ефект и дека цените на производите се намалени за пет до десет отсто. Сепак истакнува дека мерката истекува на крајот од овој месец, а ако има драстично покачување на цените, ќе бидат преземени поригорозни мерки.

Од 24 септември, Владата донесе мерка за намалување до 10 отсто на маржата на основните прехранбени производи. Станува збор за 73 производи, со што цените треба да бидат пониски за десет проценти.

Владата ги задолжи трговците за производите кои се вклучени во есенската кошница и се поставени на полиците, фрижидерите и разладните уреди јасно да ги обележат со натписот „помалку трошоци, повеќе за тебе“.

Министерот Дурмиши потсети дека според синдикалната кошничка, цените на храната и пијалаците во октомври се пониски за преку 900 денари.

„Наредниот месец очекуваме повторно намалување на цените зашто е во сила Законот за нефер трговски практики. Ако видиме дека трговците ги зголемуваат цените, ќе преземеме поригорозни мерки“, најави министерот.

The post Министерот за економија најави поригорозни мерки ако следниот месец драстично се зголемат цените во маркетите appeared first on Република.

]]>

Министерот за економија Бесар Дурмиши уверува дека есенската кошничка има ефект и дека цените на производите се намалени за пет до десет отсто. Сепак истакнува дека мерката истекува на крајот од овој месец, а ако има драстично покачување на цените, ќе бидат преземени поригорозни мерки. Од 24 септември, Владата донесе мерка за намалување до 10 отсто на маржата на основните прехранбени производи. Станува збор за 73 производи, со што цените треба да бидат пониски за десет проценти. Владата ги задолжи трговците за производите кои се вклучени во есенската кошница и се поставени на полиците, фрижидерите и разладните уреди јасно да ги обележат со натписот „помалку трошоци, повеќе за тебе“. Министерот Дурмиши потсети дека според синдикалната кошничка, цените на храната и пијалаците во октомври се пониски за преку 900 денари.
„Наредниот месец очекуваме повторно намалување на цените зашто е во сила Законот за нефер трговски практики. Ако видиме дека трговците ги зголемуваат цените, ќе преземеме поригорозни мерки“, најави министерот.

The post Министерот за економија најави поригорозни мерки ако следниот месец драстично се зголемат цените во маркетите appeared first on Република.

]]>
Наредниот петок завршува есенската кошница, не се очекува драстично поскапување на производите, најавува Дурмиши https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/naredniot-petok-zavrshuva-esenskata-koshnitsa-ne-se-ochekuva-drastichno-poskapuvane-na-proizvodite-najavuva-durmishi/ Fri, 25 Oct 2024 08:52:28 +0000 https://republika.mk/?p=830810

Денеска министерот за економија Бесар Дурмиши изјави дека „есенската кошничка има ефект, цените на производите се намалени за пет до десет отсто“.

Мерката истекува на крајот од овој месец, а ако има драстично покачување на цените, како што нагласи Дурмиши, ќе се преземат поригорозни мерки.

Тој потсети дека според синдикалната кошничка, цените на храната и пијалаците во октомври се пониски за преку 900 денари.

Наредниот месец очекуваме повторно намалување на цените зашто е во сила Законот за нефер трговски практики. Ако видиме дека трговците ги зголемуваат цените, ќе преземеме поригорозни мерки, најави министерот.

Според министерот, со есенската кошничка има и производи кои не се воопшто или се многу малку намалени како лебот, млекото, маслата за јадење, но имало и производи чии цени се намалени за над 10 проценти, како месото, зеленчукот, млечните продукти и други

Одлуката на Владата дава резултат и тоа се чувствува врз џебот на граѓаните, истакна Дурмиши.

Напомена и дека есенската кошничка заедно со училишната резултира со намалување на трошоците на едно семејство за 3.000 денари.

The post Наредниот петок завршува есенската кошница, не се очекува драстично поскапување на производите, најавува Дурмиши appeared first on Република.

]]>

Денеска министерот за економија Бесар Дурмиши изјави дека „есенската кошничка има ефект, цените на производите се намалени за пет до десет отсто“. Мерката истекува на крајот од овој месец, а ако има драстично покачување на цените, како што нагласи Дурмиши, ќе се преземат поригорозни мерки. Тој потсети дека според синдикалната кошничка, цените на храната и пијалаците во октомври се пониски за преку 900 денари. Наредниот месец очекуваме повторно намалување на цените зашто е во сила Законот за нефер трговски практики. Ако видиме дека трговците ги зголемуваат цените, ќе преземеме поригорозни мерки, најави министерот. Според министерот, со есенската кошничка има и производи кои не се воопшто или се многу малку намалени како лебот, млекото, маслата за јадење, но имало и производи чии цени се намалени за над 10 проценти, како месото, зеленчукот, млечните продукти и други Одлуката на Владата дава резултат и тоа се чувствува врз џебот на граѓаните, истакна Дурмиши. Напомена и дека есенската кошничка заедно со училишната резултира со намалување на трошоците на едно семејство за 3.000 денари.

The post Наредниот петок завршува есенската кошница, не се очекува драстично поскапување на производите, најавува Дурмиши appeared first on Република.

]]>
Се очекува намалувањето на цените да биде уште поголемо со намалувањето на цените во трговијата на големо, вели министерот Дурмиши https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/se-ochekuva-namaluvaneto-na-tsenite-da-bide-ushte-pogolemo-so-namaluvaneto-na-tsenite-vo-trgovijata-na-golemo-veli-ministerot-durmishi/ Thu, 17 Oct 2024 10:20:38 +0000 https://republika.mk/?p=827959

Министерството за економија и труд со реорганизацијата на институциите имаше најмногу промени во надлежностите, но и и покрај овој голем предизвик во изминатите 100 дена бевме посветени на поддршката на бизнисите и домаќинствата, и на заштитата на животниот стандард на граѓаните, кажа министерот за економија и труд Бесар Дурмиши на трибината: Платформа: 100% посветени на тебе на тема “Проекти, инвестиции и реформи во економијата, финансии и јавна администрација“

Дурмиши кажа дека министерството го затекнал во состојба на целосна дисфункционалност, но изминатите три месеци посветено работел на зајакнување на капацитетите за работа, како и приоритетите кои ќе ни бидат во иднина.

Уште на почетокот во првиот месец од моето раководење со министерството веднаш пристапивме со објавување на Јавните повици од Програмите на Министерството кои не беа објавени, финансиска поддршка која бизнисот ја очекуваше половина година. Со Ребалансот на Буџетот имавме на располагање 120.000.000 денари за две програми: Програмата за поддршка наконкурентноста на преработувачката индустрија и општествената одговорност и Програмата за развој на претприемништвото и конкурентноста на мали и средни претпријатија. Беа објавени повици за финансиска поддршка на мали и средни компании за зголемување на нивната конкуретност, за воведување на нови производи, за развој на малите и средни компании, за занаетчиите, за воведување на ХАЛАЛ, за набавка на машини...итн. Можеби овие средства не се доволни за сите потреби, но значат многу за микро, малите и средни компании, кажа Дурмиши.

Mинистерот информираше дека веќе следната недела ќе почне и со потпишување на договорите за субвенционирање и исплата на средствата за дел од мерките.

Во меѓувреме ја завршивме целата постапка и техничка документација и ја предадовме употребната дозвола за работа на германската компанија Киел во индустриската зона во Тетово, инвестиција која ќе отвори 300 работни места во Полошкиот регион. Нашата посветеност за поддршка на бизнисот и на растот на инвестициите ќе продолжи и понатаму. Во наредниот период до Владата ќе доставиме предлог за измена на Законот за финансиска поддршка на инвестициите, со кои надлежноста за објавување на јавниот повик како и за исплата на средствата согласно овој Закон ќе се префрли целосно во Министерството за економија и труд, кажа Дурмиши.

Потенцираше дека во наредниот период заедно со бизнис заедницата и со коморите ќе отвори и дијалог за подобрување на овој Закон, во насока, финансиската поддршка за фирмите да оди во вистинските раце, кај оние компании кои ќе покажат раст и развој.

Но, додека од една страна спроведувавме мерки за поддршка на бизнисот, во исто време бевме соочени со зголемување на цените на мало. Во таа насока, прво донесовме одлука за замрзнување на маржите за училишниот прибор со што им излеговме во пресрет на домаќинствата кои имаат ученици со намалување на нивните трошоци за оваа намена, и секако во пресрет на почетокот на академската година со оваа мерка излеговме и во пресрет на студентите за трошоци за потребниот школски прибор. Но, не застанавме тука. Во услови на зголемени цени на храната, за да им излеземе во пресрет на граѓаните започнавме една акција, за која што можеме да сведочиме дека е поздравена позитивно од страна на граѓаните, а тоа е „Помалку трошоци – повеќе за вас“. Ја објавивме Есенската потрошувачка кошница и ги ограничивме маржите на 10% и во трговијата на големо и во трговијата на мало на 73 групи на основни прехранбени производи, нешто што е многу важно за сите домаќинства. Оваа мерка ќе продолжи и во наредниот период како божиќна кошница, рамазанска кошница, велигденска кошница, се со цел да им излеземе во пресрет ан граѓаните пред празниците кога има зголемување на цените на основните прехранбени производи, кажа министерот.

Според анализите на Министерството за економија и труд, како што кажа Дурмиши, првичните анализи од терен, кажуваат дека цените на производите од есенската кошничка се намалиле во просек од 5% до 10%, при што кај некои производи намалувањето на цените е помало, или воопшто и го нема (како на пр. лебот, маслото за јадење и млекото), додека кај други производи истото е значително поголемо (на пр. месо, зеленчук и млечни производи (сирење и кашкавал).

Се очекува намалувањето на цените да биде уште поголемо имајќи го во предвид и намалувањето на цените во трговијата на големо, кое допрва треба да се случи во наредните пратки, при достава на производите во маркетите. Искажано во заштеда во пари за едно четворочлено семејство, на месечно ниво заштедата би изнесувала од 690 ден до 1360 ден по семејство, во зависност од начинот на исхрана, како и од изборот на маркети каде што се набавува истата. Во оваа насока е важно да се каже дека стапи на сила и Законот за нефер трговски практики со кој се ограничуваат рабатот и дополнителните трошоци за над 2500 прехранбени производи, од што очекуваме дополнително намалување на цените на храната до крајот на овој месец, додаде министерот.

Министерот кажа дека во делот на трудот како нова надлежност која ја преземавме сакам да кажам дека минатата недела се одржа првата седница на Економско социјалниот совет во новиот состав.

Во рамки на Економско социјалниот совет ќе носиме заеднички одлуки и мерки кои ќе имаат главна цел да се подобри животниот стандард на граѓаните. Проблемите на пазарот на труд остануваат клучен предизвик за нас како Министерство за економија и труд во наредниот период.

Во наредниот период заедно со Агенцијата за вработување ќе креираме мерки кои ќе придонесат решавање на проблемот со невработеноста, како и проблемот со недостаток на стручен кадар кој му е неопходен на бизнисот, кажа Дурмиши.

https://www.youtube.com/live/3HXN80gNKG0?si=3tNOlhmAUg4MyIoO

The post Се очекува намалувањето на цените да биде уште поголемо со намалувањето на цените во трговијата на големо, вели министерот Дурмиши appeared first on Република.

]]>

Министерството за економија и труд со реорганизацијата на институциите имаше најмногу промени во надлежностите, но и и покрај овој голем предизвик во изминатите 100 дена бевме посветени на поддршката на бизнисите и домаќинствата, и на заштитата на животниот стандард на граѓаните, кажа министерот за економија и труд Бесар Дурмиши на трибината: Платформа: 100% посветени на тебе на тема “Проекти, инвестиции и реформи во економијата, финансии и јавна администрација“ Дурмиши кажа дека министерството го затекнал во состојба на целосна дисфункционалност, но изминатите три месеци посветено работел на зајакнување на капацитетите за работа, како и приоритетите кои ќе ни бидат во иднина.
Уште на почетокот во првиот месец од моето раководење со министерството веднаш пристапивме со објавување на Јавните повици од Програмите на Министерството кои не беа објавени, финансиска поддршка која бизнисот ја очекуваше половина година. Со Ребалансот на Буџетот имавме на располагање 120.000.000 денари за две програми: Програмата за поддршка наконкурентноста на преработувачката индустрија и општествената одговорност и Програмата за развој на претприемништвото и конкурентноста на мали и средни претпријатија. Беа објавени повици за финансиска поддршка на мали и средни компании за зголемување на нивната конкуретност, за воведување на нови производи, за развој на малите и средни компании, за занаетчиите, за воведување на ХАЛАЛ, за набавка на машини...итн. Можеби овие средства не се доволни за сите потреби, но значат многу за микро, малите и средни компании, кажа Дурмиши.
Mинистерот информираше дека веќе следната недела ќе почне и со потпишување на договорите за субвенционирање и исплата на средствата за дел од мерките.
Во меѓувреме ја завршивме целата постапка и техничка документација и ја предадовме употребната дозвола за работа на германската компанија Киел во индустриската зона во Тетово, инвестиција која ќе отвори 300 работни места во Полошкиот регион. Нашата посветеност за поддршка на бизнисот и на растот на инвестициите ќе продолжи и понатаму. Во наредниот период до Владата ќе доставиме предлог за измена на Законот за финансиска поддршка на инвестициите, со кои надлежноста за објавување на јавниот повик како и за исплата на средствата согласно овој Закон ќе се префрли целосно во Министерството за економија и труд, кажа Дурмиши.
Потенцираше дека во наредниот период заедно со бизнис заедницата и со коморите ќе отвори и дијалог за подобрување на овој Закон, во насока, финансиската поддршка за фирмите да оди во вистинските раце, кај оние компании кои ќе покажат раст и развој.
Но, додека од една страна спроведувавме мерки за поддршка на бизнисот, во исто време бевме соочени со зголемување на цените на мало. Во таа насока, прво донесовме одлука за замрзнување на маржите за училишниот прибор со што им излеговме во пресрет на домаќинствата кои имаат ученици со намалување на нивните трошоци за оваа намена, и секако во пресрет на почетокот на академската година со оваа мерка излеговме и во пресрет на студентите за трошоци за потребниот школски прибор. Но, не застанавме тука. Во услови на зголемени цени на храната, за да им излеземе во пресрет на граѓаните започнавме една акција, за која што можеме да сведочиме дека е поздравена позитивно од страна на граѓаните, а тоа е „Помалку трошоци – повеќе за вас“. Ја објавивме Есенската потрошувачка кошница и ги ограничивме маржите на 10% и во трговијата на големо и во трговијата на мало на 73 групи на основни прехранбени производи, нешто што е многу важно за сите домаќинства. Оваа мерка ќе продолжи и во наредниот период како божиќна кошница, рамазанска кошница, велигденска кошница, се со цел да им излеземе во пресрет ан граѓаните пред празниците кога има зголемување на цените на основните прехранбени производи, кажа министерот.
Според анализите на Министерството за економија и труд, како што кажа Дурмиши, првичните анализи од терен, кажуваат дека цените на производите од есенската кошничка се намалиле во просек од 5% до 10%, при што кај некои производи намалувањето на цените е помало, или воопшто и го нема (како на пр. лебот, маслото за јадење и млекото), додека кај други производи истото е значително поголемо (на пр. месо, зеленчук и млечни производи (сирење и кашкавал).
Се очекува намалувањето на цените да биде уште поголемо имајќи го во предвид и намалувањето на цените во трговијата на големо, кое допрва треба да се случи во наредните пратки, при достава на производите во маркетите. Искажано во заштеда во пари за едно четворочлено семејство, на месечно ниво заштедата би изнесувала од 690 ден до 1360 ден по семејство, во зависност од начинот на исхрана, како и од изборот на маркети каде што се набавува истата. Во оваа насока е важно да се каже дека стапи на сила и Законот за нефер трговски практики со кој се ограничуваат рабатот и дополнителните трошоци за над 2500 прехранбени производи, од што очекуваме дополнително намалување на цените на храната до крајот на овој месец, додаде министерот.
Министерот кажа дека во делот на трудот како нова надлежност која ја преземавме сакам да кажам дека минатата недела се одржа првата седница на Економско социјалниот совет во новиот состав. Во рамки на Економско социјалниот совет ќе носиме заеднички одлуки и мерки кои ќе имаат главна цел да се подобри животниот стандард на граѓаните. Проблемите на пазарот на труд остануваат клучен предизвик за нас како Министерство за економија и труд во наредниот период.
Во наредниот период заедно со Агенцијата за вработување ќе креираме мерки кои ќе придонесат решавање на проблемот со невработеноста, како и проблемот со недостаток на стручен кадар кој му е неопходен на бизнисот, кажа Дурмиши.
https://www.youtube.com/live/3HXN80gNKG0?si=3tNOlhmAUg4MyIoO

The post Се очекува намалувањето на цените да биде уште поголемо со намалувањето на цените во трговијата на големо, вели министерот Дурмиши appeared first on Република.

]]>
Конституиран новиот состав на ЕСС, за претседател избран министерот за економија Бесир Дурмиши https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/konstituiran-noviot-sostav-na-ess-za-pretsedatel-izbran-ministerot-za-ekonomija-besir-durmishi/ Thu, 10 Oct 2024 13:10:34 +0000 https://republika.mk/?p=825251

Економско-социјалниот совет на денешната конституивна седница ќе ги разгледа барањата на социјалните партнери по што се очекува да се донесат заеднички одлуки и мерки. Ова во изјава за медиумите го истакна министерот за економија и труд Бесар Дурмиши по потпишувањето на спогодбата за основање на новиот Економско-социјален совет.

Економско-социјалниот совет е свикан денеска, а за претседател е именуван министерот за економија и труд Бесар Дурмиши. Од  Сојузот на синдикати на Македонија и од Организацијата на работодавачи на 1 октомври кога се одбележуваа 100 дена од работата на Владата изразија очекување дека наскоро ќе биде свикана седница на ЕСС.

- Ќе ги слушнеме барањата и од синдикатите и од работодавачите, односно од сите засегнати страни и на крај ќе донесеме заеднички одлуки и мерки бидејќи сите страни имаме една цел, а тоа е подобрување на стандардот на нашите граѓани. Ќе се разгледуваат сите барања кои ќе бидат поставени на денешната седница, потоа официјално ќе бидат дадени на Економско-социјалниот совет и на наредните седници се очекува да се разгледуваат и ќе се донесат заеднички одлуки, рече Дурмиши.

За Владата, како што посочи министерот, е од клучно значење транспарентниот социјален дијалог, најавувајќи дека сите одлуки, мерки и закони ќе се носат транспарентно, а во рамки на Економско-социјалниот совет ќе ги слушнат сите засегнати страни.

The post Конституиран новиот состав на ЕСС, за претседател избран министерот за економија Бесир Дурмиши appeared first on Република.

]]>

Економско-социјалниот совет на денешната конституивна седница ќе ги разгледа барањата на социјалните партнери по што се очекува да се донесат заеднички одлуки и мерки. Ова во изјава за медиумите го истакна министерот за економија и труд Бесар Дурмиши по потпишувањето на спогодбата за основање на новиот Економско-социјален совет. Економско-социјалниот совет е свикан денеска, а за претседател е именуван министерот за економија и труд Бесар Дурмиши. Од  Сојузот на синдикати на Македонија и од Организацијата на работодавачи на 1 октомври кога се одбележуваа 100 дена од работата на Владата изразија очекување дека наскоро ќе биде свикана седница на ЕСС.
- Ќе ги слушнеме барањата и од синдикатите и од работодавачите, односно од сите засегнати страни и на крај ќе донесеме заеднички одлуки и мерки бидејќи сите страни имаме една цел, а тоа е подобрување на стандардот на нашите граѓани. Ќе се разгледуваат сите барања кои ќе бидат поставени на денешната седница, потоа официјално ќе бидат дадени на Економско-социјалниот совет и на наредните седници се очекува да се разгледуваат и ќе се донесат заеднички одлуки, рече Дурмиши.
За Владата, како што посочи министерот, е од клучно значење транспарентниот социјален дијалог, најавувајќи дека сите одлуки, мерки и закони ќе се носат транспарентно, а во рамки на Економско-социјалниот совет ќе ги слушнат сите засегнати страни.

The post Конституиран новиот состав на ЕСС, за претседател избран министерот за економија Бесир Дурмиши appeared first on Република.

]]>
Ќе има и дополнително намалување на цените на храната, најавува Дурмиши https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/ke-ima-i-dopolnitelno-namaluvane-na-tsenite-na-hranata-najavuva-durmishi/ Tue, 08 Oct 2024 09:49:50 +0000 https://republika.mk/?p=824106

Доколку не ја донесевме Есенската кошничка и акцијата „Помалку трошоци – повеќe за вас“ цените на храната дополнително ќе се зголемеа, а со тоа и инфлацијата, истакна денеска министерот за економија и труд Бесар Дурмиши.

Овие одлуки ги донесовме за заштита на стандардот на граѓаните бидејќи во минатите месеци Државниот завод за статистика излегуваше со информации дека има раст на цените на основните прехранбени производи. Затоа направивме акциски план со кој ја донесовме есенска потрошувачка кошничка за да им излеземе во пресрет на граѓаните. Да не ги донесевме одлуките, цените на основните прехранбени производи ќе имаа уште поголем раст и инфлацијата ќе беше поголема од 2,6 отсто колку што е сега -рече Дурмиши во одговор на новинарско прашање на денешната прес-конференција по повод 100 дена Влада.

Потсети дека во сила e и Законот за нефер трговски практики и истакна дека производите ќе се продаваат по старите цени додека не се потрошат залихите во маркетите.

Кога ќе се усогласат цените со добавувачите, ќе има и дополнително намалување на цените. Тоа ќе се случи на крајот на овој или на почетокот на идниот месец. Во овие три месеци тече преодниот рок за усогласување на цените во кои Комисијата за заштита на конкурентност ќе биде на терен и ќе ги опоменува тие што не го почитуваат Законот и ќе им дели совети да го почитуваат. Потоа кон крајот на годинава или на почетокот на идната ќе почне со казнување и ќе постапуваат според надлежностите кои ги имаат согласно Законот -прецизира Дурмиши.

Нагласи дека тече процедурата во Собранието за реорганизација на Комисијата за заштита на конкурентност со која, како што кажа, ќе се подобри нејзината функционалност.

И да е во целосна функционалност Законот за нефер трговски практики не знаеме дали фирмите ќе го почитуваат. Затоа мора да се направи реорганизацијата на Комисијата за заштита на конкурентност која е во собраниска процедура. Сега Комисијата не е функционална и затоа треба да помине собраниската процедура, да им дадеме дополнителни ингеренции и да се реорганизира за да биде функционална - посочи Дурмиши.

Рече дека Министерството за економија и труд нема информации за изигрувањата што ги прават трговците во имплементацијата на Законот за нефер трговски практики.

Кога ќе излезе на терен Комисијата за заштита на конкурентност, ако забележи дека има неправилности од компаниите, нормално е дека ќе се постапува според Законот и ќе пишува казни - истакна Дурмиши.

The post Ќе има и дополнително намалување на цените на храната, најавува Дурмиши appeared first on Република.

Дурмиши: Четиричлено семејство заштедува од 690 до 1360 денари со мерките што ги воведе владата https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/durmishi-chetirichleno-semejstvo-zashteduva-od-690-do-1360-denari-so-merkite-shto-gi-vovede-vladata/ Tue, 08 Oct 2024 09:36:07 +0000 https://republika.mk/?p=824092

Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши на конференција по повод 100 дена нова Влада истакна дека едно четиричлено семејство заштедува од 690 до 1360 денари со мерките што ги воведе владата.

„Првичните анализи од терен покажуваат дека цените на производите од есенската кошничка се намалени во просек од 5 до 10%, при што кај некои производи намалувањето е помало или воопшто го нема“, вели Дурмиши.

The post Дурмиши: Четиричлено семејство заштедува од 690 до 1360 денари со мерките што ги воведе владата appeared first on Република.

Цените од есенската кошничка се намалиле во просек од 5 до 10 проценти, тврди Дурмиши https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/prvichnite-analizi-kazhuvaat-deka-tsenite-od-esenskata-koshnichka-se-namalile-vo-prosek-od-5-do-10-protsenti-tvrdi-durmishi/ Tue, 08 Oct 2024 08:53:58 +0000 https://republika.mk/?p=824069

Министерството за економија и труд во изминатите 100 дена беше посветено на поддршката на бизнисите и домаќинствата, како и на заштитата на животниот стандард на граѓаните, порача денеска ресорниот министер Бесар Дурмиши и додаде дека од почетокот на неговиот мандат континуирано се носат одлуки за поддршка на бизнисот и на граѓаните.

Посветено работевме овие 100 изминати дена во интерес на подобрувањето на деловната клима за компаниите и за намалувањето на трошоците за граѓаните. Во услови на зголемени цени на храната, за да им излеземе во пресрет на граѓаните ја започнавме акцијата „Помалку трошоци – повеќe за вас“. Прво, ги намаливме маржите на трговија на големо и трговија на мало на училишниот прибор, со што се намалија трошоците за домаќинствата, посебно за оние кои имаат ученици. Потоа со цел да им излеземе во пресрет на граѓаните ја објавивме Есенската потрошувачка кошница и ги ограничивме маржите на 10 проценти и во трговијата на големо и во трговијата на мало на 73 основни прехранбени производи - рече Дурмиши на прес-конференција во Владата.

Оваа мерка, додаде, ќе продолжи и во наредниот период како божиќна кошница, рамазанска кошница, велигденска кошница.

Првичните анализи од терен, кажуваат дека цените на производите од есенската кошничка се намалиле во просек од 5 до 10 проценти, при што кај некои производи намалувањето на цените е помало, или воопшто и го нема како кај лебот, маслото за јадење и млекото, додека кај други производи е значително поголемо како кај месото, зеленчукот, сирењето и кашкавалот. Се очекува намалувањето на цените да биде уште поголемо имајќи го во предвид и намалувањето на цените во трговијата на големо, кое допрва треба да се случи во наредните пратки, при достава на производите во маркетите - посочи Дурмиши.

Со тоа, како што кажа, едно четиричлено семејство, на месечно ниво би имало заштедата од 690 ден до 1.360 денари во зависност од начинот на исхрана, како и од изборот на маркети каде што се набавуваат производите.

Стапи на сила и Законот за нефер трговски практики со кој се ограничуваат рабатот и дополнителните трошоци за над 2.500 прехранбени производи, од што очекуваме дополнително намалување на цените на храната до крајот на овој месец - потенцира Дурмиши.

Потсети дека во делот на поддршката на туризмот, на работниците со ниски приходи доделени им се 1.777 ваучери за туризам во вредност од 32 милиони денари за да можат да летуваат во некои од домашните туристички центри. Во областа на бизнисот, додаде, Министерството за економија и труд обезбеди финансиска поддршка за локалните компании во износ од над 120 милиони денари.

Преку програмата за поддршка на конкурентноста на преработувачката индустрија и општествената одговорност за 2024 година, во висина од 32 милиони денари, објавени се три јавни повици. Од Програмата за развој на претприемништвото и конкурентноста на мали и средни претпријатија за 2024 година обезбедени се 80 милиони денари за поддршка на бизнисот, а објавени се пет јавни повици, појасни Дурмиши и додаде дека досега се стигнати 257 апликации по сите јавни повици иако дел од нив се уште се во тек.

Работиме, потенцира, и на подобрување на условите на странските инвеститори.

Министерството за економија и труд ја предаде употребната дозвола за фабриката на германската компанија КИЕЛ во индустриската зона во Тетово. Инвестиција која ќе отвори над 300 работни места во Полошкиот регион. Работиме на измена на Законот за финансиска поддршка на инвестициите со што ќе се подобрат условите за работа и на домашните и на странските инвеститори. Сите одлуки и мерки ги носиме во консултација со бизнис секторот и со синдикатите - рече Дурмиши.

За многу кратко време очекува да се одржи првата седница на Економско социјалниот совет каде што ќе се разгледаат сите отворени прашања и од страна на работодавачите и од страна на синдикатите со цел подобрување на животниот стандард на граѓаните

The post Цените од есенската кошничка се намалиле во просек од 5 до 10 проценти, тврди Дурмиши appeared first on Република.

]]>

Министерството за економија и труд во изминатите 100 дена беше посветено на поддршката на бизнисите и домаќинствата, како и на заштитата на животниот стандард на граѓаните, порача денеска ресорниот министер Бесар Дурмиши и додаде дека од почетокот на неговиот мандат континуирано се носат одлуки за поддршка на бизнисот и на граѓаните.
Посветено работевме овие 100 изминати дена во интерес на подобрувањето на деловната клима за компаниите и за намалувањето на трошоците за граѓаните. Во услови на зголемени цени на храната, за да им излеземе во пресрет на граѓаните ја започнавме акцијата „Помалку трошоци – повеќe за вас“. Прво, ги намаливме маржите на трговија на големо и трговија на мало на училишниот прибор, со што се намалија трошоците за домаќинствата, посебно за оние кои имаат ученици. Потоа со цел да им излеземе во пресрет на граѓаните ја објавивме Есенската потрошувачка кошница и ги ограничивме маржите на 10 проценти и во трговијата на големо и во трговијата на мало на 73 основни прехранбени производи - рече Дурмиши на прес-конференција во Владата.
Оваа мерка, додаде, ќе продолжи и во наредниот период како божиќна кошница, рамазанска кошница, велигденска кошница.
Првичните анализи од терен, кажуваат дека цените на производите од есенската кошничка се намалиле во просек од 5 до 10 проценти, при што кај некои производи намалувањето на цените е помало, или воопшто и го нема како кај лебот, маслото за јадење и млекото, додека кај други производи е значително поголемо како кај месото, зеленчукот, сирењето и кашкавалот. Се очекува намалувањето на цените да биде уште поголемо имајќи го во предвид и намалувањето на цените во трговијата на големо, кое допрва треба да се случи во наредните пратки, при достава на производите во маркетите - посочи Дурмиши.
Со тоа, како што кажа, едно четиричлено семејство, на месечно ниво би имало заштедата од 690 ден до 1.360 денари во зависност од начинот на исхрана, како и од изборот на маркети каде што се набавуваат производите.
Стапи на сила и Законот за нефер трговски практики со кој се ограничуваат рабатот и дополнителните трошоци за над 2.500 прехранбени производи, од што очекуваме дополнително намалување на цените на храната до крајот на овој месец - потенцира Дурмиши.
Потсети дека во делот на поддршката на туризмот, на работниците со ниски приходи доделени им се 1.777 ваучери за туризам во вредност од 32 милиони денари за да можат да летуваат во некои од домашните туристички центри. Во областа на бизнисот, додаде, Министерството за економија и труд обезбеди финансиска поддршка за локалните компании во износ од над 120 милиони денари. Преку програмата за поддршка на конкурентноста на преработувачката индустрија и општествената одговорност за 2024 година, во висина од 32 милиони денари, објавени се три јавни повици. Од Програмата за развој на претприемништвото и конкурентноста на мали и средни претпријатија за 2024 година обезбедени се 80 милиони денари за поддршка на бизнисот, а објавени се пет јавни повици, појасни Дурмиши и додаде дека досега се стигнати 257 апликации по сите јавни повици иако дел од нив се уште се во тек. Работиме, потенцира, и на подобрување на условите на странските инвеститори.
Министерството за економија и труд ја предаде употребната дозвола за фабриката на германската компанија КИЕЛ во индустриската зона во Тетово. Инвестиција која ќе отвори над 300 работни места во Полошкиот регион. Работиме на измена на Законот за финансиска поддршка на инвестициите со што ќе се подобрат условите за работа и на домашните и на странските инвеститори. Сите одлуки и мерки ги носиме во консултација со бизнис секторот и со синдикатите - рече Дурмиши.
За многу кратко време очекува да се одржи првата седница на Економско социјалниот совет каде што ќе се разгледаат сите отворени прашања и од страна на работодавачите и од страна на синдикатите со цел подобрување на животниот стандард на граѓаните

The post Цените од есенската кошничка се намалиле во просек од 5 до 10 проценти, тврди Дурмиши appeared first on Република.

]]>
Дурмиши: Пониски цени и со Законот за забрана на нефер трговски практики https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/durmishi-poniski-tseni-i-so-zakonot-za-zabrana-na-nefer-trgovski-praktiki/ Fri, 20 Sep 2024 14:31:25 +0000 https://republika.mk/?p=818214

Министерот за економија Бесар Дурмиши смета дека по завршувањето на Одлуката на Владата за ограничување на профитната маржа на дел од прехранбените производи на 10 проценти, евентуалното повторно енормно поскапување на производите опфатени со одлуката, ќе се спречи со Законот за забрана на нефер трговски практики.

На крајот на месецов ќе стапи во сила Законот за нефер трговски практики, добавувачите и купувачите ќе се усогласат во однос на рабатот и дополнителните трошоци, значи ќе се ограничи маржата за 10 проценти кај овие добавувачи и купувачи, со цел цената на 2458 производи што ќе ги опфаќа таа листа,  да бидат на крај намалени за граѓаните. Сите одлуки што ги донесовме се во интерес на нашите граѓани, рече Дурмиши, одговарајќи на новинарско прашање, откако ја објави есенската кошница со производите опфатени со валдината одлука.

Дурмиши посочи дека во иднина ќе има и други кошници кога граѓаните имаат најголема потреба да купуваат основни производи, во одредени периоди.

Ние поставуваме маржа со која се ограничува профитот  кога знаеме дека трговците генерално ги покачуваат цените. Работната група која е формирана од министерствата за економија и труд, за финансии, и за земјоделство, направија анализа и ја донесоа оваа мерка. За сите следни анализи ќе достават предлог кај нас за да го  доставиме  до Владата и ќе бидете навреме информирани. Како што го донесовме овој предлог  и го изгласавме на седница на Владата, ако во консултација со трговците производителите  и стопанските комори видиме дека тие предлози не се соодветни или не донесуваат добро на граѓаните и  економијата, ќе ги смениме, рече Дурмиши.

Во таканаречената есенска потрошувачка кошница се ставени 73 прехранбени поризводи. За нив бруто профитната маржа ќе биде ограничена на 10 проценти во трговијата на големо и мало, а во маркетите ќе бидат обележани со натписот „помалку трошоци, повеќе за тебе“.

Одлуката на Владата за ограничување на бруто профитната маржа на дел од основните прехранбени производи  ќе стапи во сила наредниот ден по објавувањето во „Службен весник“, а ќе се применува до 31 октомври годинава.

Како што соопшти Дурмиши, ваквата одлука е донесена врз основа на податоците од Државниот завод за статистика, за индекс на трошоци за живот, кои покажуваат дека споредено август 2024 година, со декември 2023 година, евидентирано е зголемување на трошоците за храна за 4 проценти.

The post Дурмиши: Пониски цени и со Законот за забрана на нефер трговски практики appeared first on Република.

]]>

Министерот за економија Бесар Дурмиши смета дека по завршувањето на Одлуката на Владата за ограничување на профитната маржа на дел од прехранбените производи на 10 проценти, евентуалното повторно енормно поскапување на производите опфатени со одлуката, ќе се спречи со Законот за забрана на нефер трговски практики.
На крајот на месецов ќе стапи во сила Законот за нефер трговски практики, добавувачите и купувачите ќе се усогласат во однос на рабатот и дополнителните трошоци, значи ќе се ограничи маржата за 10 проценти кај овие добавувачи и купувачи, со цел цената на 2458 производи што ќе ги опфаќа таа листа,  да бидат на крај намалени за граѓаните. Сите одлуки што ги донесовме се во интерес на нашите граѓани, рече Дурмиши, одговарајќи на новинарско прашање, откако ја објави есенската кошница со производите опфатени со валдината одлука.
Дурмиши посочи дека во иднина ќе има и други кошници кога граѓаните имаат најголема потреба да купуваат основни производи, во одредени периоди.
Ние поставуваме маржа со која се ограничува профитот  кога знаеме дека трговците генерално ги покачуваат цените. Работната група која е формирана од министерствата за економија и труд, за финансии, и за земјоделство, направија анализа и ја донесоа оваа мерка. За сите следни анализи ќе достават предлог кај нас за да го  доставиме  до Владата и ќе бидете навреме информирани. Како што го донесовме овој предлог  и го изгласавме на седница на Владата, ако во консултација со трговците производителите  и стопанските комори видиме дека тие предлози не се соодветни или не донесуваат добро на граѓаните и  економијата, ќе ги смениме, рече Дурмиши.
Во таканаречената есенска потрошувачка кошница се ставени 73 прехранбени поризводи. За нив бруто профитната маржа ќе биде ограничена на 10 проценти во трговијата на големо и мало, а во маркетите ќе бидат обележани со натписот „помалку трошоци, повеќе за тебе“. Одлуката на Владата за ограничување на бруто профитната маржа на дел од основните прехранбени производи  ќе стапи во сила наредниот ден по објавувањето во „Службен весник“, а ќе се применува до 31 октомври годинава. Како што соопшти Дурмиши, ваквата одлука е донесена врз основа на податоците од Државниот завод за статистика, за индекс на трошоци за живот, кои покажуваат дека споредено август 2024 година, со декември 2023 година, евидентирано е зголемување на трошоците за храна за 4 проценти.

The post Дурмиши: Пониски цени и со Законот за забрана на нефер трговски практики appeared first on Република.

]]>
Дурмиши: В понеделник одговор од работната група за есенската потрошувачка кошница https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/durmishi-v-ponedelnik-odgovor-od-rabotnata-grupa-za-esenskata-potroshuvachka-koshnitsa/ Fri, 13 Sep 2024 11:16:12 +0000 https://republika.mk/?p=816031

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши очекува в понеделник да добие предлог од работната група за есенската потрошувачка кошница, како и за ограничувањето на трговските маржи или замрзнување на цените. Предлогот потоа треба да помине на редовната седница на Владата во вторник.

Работната група со претставници на министерствата за економија, земјоделие и финансии уште работи. Како што знам тие и денес работат на оваа проблематика. На крајот на денот или поконкретно во понеделник ќе имаме јасен одговор од нив. Предлогот ќе биде доставен во вторник на Влада каде што ќе се усвои таа одлука и за тоа ќе бидете известени, рече министерот Дурмиши, на новинарско прашање при посетата на Гостивар.

Дурмиши претходно најави дека до денеска треба да биде готова есенската потрошувачка кошница со 100 производи. Работната група, во која членуваат претставници од министерствата за економија, финансии и земјоделство, врз основа на направена симулација треба да донесе предлог - одлука дали ќе има замрзнување на цените или ќе се ограничат маржите од 5,10 и 15 проценти.

Според министерот Дурмиши стабилизација на цените се очекува и со примената на Законот за нелојална трговија, кој треба да почне да се применува од 28 септември. Законот ќе стапи во сила до крајот на месецот, а компаниите ќе имаат рок од шест месеци да ги усогласат цените

The post Дурмиши: В понеделник одговор од работната група за есенската потрошувачка кошница appeared first on Република.

]]>

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши очекува в понеделник да добие предлог од работната група за есенската потрошувачка кошница, како и за ограничувањето на трговските маржи или замрзнување на цените. Предлогот потоа треба да помине на редовната седница на Владата во вторник. Работната група со претставници на министерствата за економија, земјоделие и финансии уште работи. Како што знам тие и денес работат на оваа проблематика. На крајот на денот или поконкретно во понеделник ќе имаме јасен одговор од нив. Предлогот ќе биде доставен во вторник на Влада каде што ќе се усвои таа одлука и за тоа ќе бидете известени, рече министерот Дурмиши, на новинарско прашање при посетата на Гостивар. Дурмиши претходно најави дека до денеска треба да биде готова есенската потрошувачка кошница со 100 производи. Работната група, во која членуваат претставници од министерствата за економија, финансии и земјоделство, врз основа на направена симулација треба да донесе предлог - одлука дали ќе има замрзнување на цените или ќе се ограничат маржите од 5,10 и 15 проценти. Според министерот Дурмиши стабилизација на цените се очекува и со примената на Законот за нелојална трговија, кој треба да почне да се применува од 28 септември. Законот ќе стапи во сила до крајот на месецот, а компаниите ќе имаат рок од шест месеци да ги усогласат цените

The post Дурмиши: В понеделник одговор од работната група за есенската потрошувачка кошница appeared first on Република.

]]>
Ориз, грав, месо, печурки, зеленчук, овошје: Што ќе се продава поевтино во есенската кошничка? https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/oriz-grav-meso-pechurki-zelenchuk-ovoshje-shto-ke-se-prodava-poevtino-vo-esenskata-koshnichka/ Thu, 12 Sep 2024 18:59:24 +0000 https://republika.mk/?p=815830

Ориз, грав, месо, печурки, зеленчук и овошје се само дел од производите кои ќе бидат на листата од 100те основни прехрамбени и земјоделски производи на акциската кошничка, изјави министерот за економија Бесар Дурмиши.

Тој во изјавата за медиуми исто посочи дека ќе се прави ограничување на цените во одредено ниво или ограничување на маржата од пет до 15 проценти. Овие акциски кошнички ќе продолжат и во наредниот период. Оваа мерка ќе биде доставена следната недела до владата со цел да се усвои и како што изјави Дурмиши веднаш ќе се почне со процедура да се почитува таа мерка.

Овошни производи, храна, ориз, грав. Сите производи кои што им се потребни, побитни на граѓаните во есенскиот период. Сакам да најавам дека оваа акциска кошничка ќе ја продолжиме и во наредниот период, тоа ќе биде зимска кошничка, велигденска, рамазанска - рече Дурмиши.

The post Ориз, грав, месо, печурки, зеленчук, овошје: Што ќе се продава поевтино во есенската кошничка? appeared first on Република.

]]>

Ориз, грав, месо, печурки, зеленчук и овошје се само дел од производите кои ќе бидат на листата од 100те основни прехрамбени и земјоделски производи на акциската кошничка, изјави министерот за економија Бесар Дурмиши. Тој во изјавата за медиуми исто посочи дека ќе се прави ограничување на цените во одредено ниво или ограничување на маржата од пет до 15 проценти. Овие акциски кошнички ќе продолжат и во наредниот период. Оваа мерка ќе биде доставена следната недела до владата со цел да се усвои и како што изјави Дурмиши веднаш ќе се почне со процедура да се почитува таа мерка.
Овошни производи, храна, ориз, грав. Сите производи кои што им се потребни, побитни на граѓаните во есенскиот период. Сакам да најавам дека оваа акциска кошничка ќе ја продолжиме и во наредниот период, тоа ќе биде зимска кошничка, велигденска, рамазанска - рече Дурмиши.

The post Ориз, грав, месо, печурки, зеленчук, овошје: Што ќе се продава поевтино во есенската кошничка? appeared first on Република.

]]>
Дурмиши: Од денеска започнува доделувањето на ваучери-потврди за туризам од 18.000 денари за работници со ниски приходи https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/durmishi-od-deneska-zapochnuva-dodeluvaneto-na-vaucheri-potvrdi-za-turizam-od-18-000-denari-za-rabotnitsi-so-niski-prihodi/ Thu, 05 Sep 2024 10:59:48 +0000 https://republika.mk/?p=813470

Согласно Програмата за поддршка на домашниот туризам за работници со ниски приходи во 2024 година, од денеска започнува доделувањето на ваучерите-потврди за одмор за работници со ниски приходи, објави министерот за економија и труд Бесар Дурмиши.

Тој ја објави листата на лицата кои аплицирале и се добитници на ваучери согласно јавниот повик објавен на почетокот на годината.

“Решенијата за граѓаните кои аплицирале, ги исполниле условите согласно јавниот повик се потпишани, согласно принципот прв дојден прв услужен. Ваучери за одмор за работници со ниски приходи во домашните туристички капацитети во вредност од 18.000 денари ќе добијат 1.777 лица” соопшти министерот Дурмиши.

Министерството за економија и труд ќе издава ваучери-потврди за работници со ниски приходи до исцрпување на средствата предвидени со Програмата за поддршка на домашниот туризам за работници со ниски приходи во 2024 година.

Главната цел на оваа мерка е да им се овозможи на лицата со ниски приходи да можат да ги посетат домашните туристички центри и истовремено да им се помогне на домашните туристички капацитети да го зголемат обемот на работа надвор од туристичката сезона.

По ребалансот на буџетот, за оваа мерка се предвидени вкупно 32 милиони денари за 1777 ваучери-потврди за лица со ниски приходи кои ќе можат да ги користат во некој од туристичките центри во нашата земја.

Овие ваучери може да се користат од 15 септември до 1 декември во некој од угостителските објекти за сместување кои се пријавиле во Министерство за економија и труд. Списокот на хотели и победнички лица ќе можете да го најдете на веб-страницата на MEP.

Министерството за економија и труд продолжува посветено да ги поддржува компаниите, граѓаните и туристичките центри во земјата, а транспарентноста ќе биде примарна за нас.

The post Дурмиши: Од денеска започнува доделувањето на ваучери-потврди за туризам од 18.000 денари за работници со ниски приходи appeared first on Република.

]]>

Согласно Програмата за поддршка на домашниот туризам за работници со ниски приходи во 2024 година, од денеска започнува доделувањето на ваучерите-потврди за одмор за работници со ниски приходи, објави министерот за економија и труд Бесар Дурмиши. Тој ја објави листата на лицата кои аплицирале и се добитници на ваучери согласно јавниот повик објавен на почетокот на годината.
“Решенијата за граѓаните кои аплицирале, ги исполниле условите согласно јавниот повик се потпишани, согласно принципот прв дојден прв услужен. Ваучери за одмор за работници со ниски приходи во домашните туристички капацитети во вредност од 18.000 денари ќе добијат 1.777 лица” соопшти министерот Дурмиши.
Министерството за економија и труд ќе издава ваучери-потврди за работници со ниски приходи до исцрпување на средствата предвидени со Програмата за поддршка на домашниот туризам за работници со ниски приходи во 2024 година. Главната цел на оваа мерка е да им се овозможи на лицата со ниски приходи да можат да ги посетат домашните туристички центри и истовремено да им се помогне на домашните туристички капацитети да го зголемат обемот на работа надвор од туристичката сезона. По ребалансот на буџетот, за оваа мерка се предвидени вкупно 32 милиони денари за 1777 ваучери-потврди за лица со ниски приходи кои ќе можат да ги користат во некој од туристичките центри во нашата земја. Овие ваучери може да се користат од 15 септември до 1 декември во некој од угостителските објекти за сместување кои се пријавиле во Министерство за економија и труд. Списокот на хотели и победнички лица ќе можете да го најдете на веб-страницата на MEP. Министерството за економија и труд продолжува посветено да ги поддржува компаниите, граѓаните и туристичките центри во земјата, а транспарентноста ќе биде примарна за нас.

The post Дурмиши: Од денеска започнува доделувањето на ваучери-потврди за туризам од 18.000 денари за работници со ниски приходи appeared first on Република.

]]>
Министерите во посета на компанијата „Тиамо“ во Сарај, 250 милиони евра за поддршка на компаниите https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/ministerite-vo-poseta-na-kompanijata-tiamo-vo-saraj-250-milioni-evra-za-poddrshka-na-kompaniite/ Thu, 01 Aug 2024 13:23:02 +0000 https://republika.mk/?p=802383

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши, заедно со заменик претседателот на Владата задолжен за добро владеење Арбен Фетаи и заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Флакрон Беџети го посетија селото Глумово во Општина Сарај, каде извршија увид во фабриката за преработка и производство на месни производи „Тиамо“.

За време на посетата, министерот Дурмиши беше информиран од страна на менаџментот на компанијата за тековната работа, плановите за идните инвестиции, зголеменото производство и проширувањето на пазарите во регионот.

Фабриката „Тиамо“, основана во 1997 година, е еден од најпопуларните локални и национални брендови, препознатлив по својот квалитет и долга традиција. Фабриката користи напредна технологија која го забрзува и олеснува работниот процес, зголемувајќи го квалитетот на производите.

Министерот Дурмиши го информираше раководството дека за поддршка на микро, малите и средните претпријатија, Министерството за економија и труд објави пет јавни повици согласно Програмата за развој на претприемништвото и конкурентноста за 2024 година. За овие мерки од Буџетот на Министерството се издвоени вкупно 80 милиони денари. Еден од јавните повици вклучува надоместување на дел од трошоците за сертификација на ХАЛАЛ системот. За оваа мерка се предвидени 2 милиони денари, со кофинансирање од 40% од докажаните трошоци, но не повеќе од 200 илјади денари за секој апликант. На овој повик може да аплицираат сите микро, мали и средни претпријатија од преработувачката индустрија кои ги исполнуваат поставените критериуми.

Исто така, министерот Дурмиши истакна дека се предвидени 250 милиони евра за поддршка на бизнисот, кредитни линии обезбедени од Владата во соработка со Република Унгарија. Министерството за финансии ги подготвува законите за оваа кредитна линија и ќе ги утврди условите за аплицирање. Финансиската поддршка ќе биде обезбедена преку комерцијалните банки или Банката за развој на Македонија, со цел да се создадат флексибилни услови за кредитирање на компаниите.

The post Министерите во посета на компанијата „Тиамо“ во Сарај, 250 милиони евра за поддршка на компаниите appeared first on Република.

]]>

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши, заедно со заменик претседателот на Владата задолжен за добро владеење Арбен Фетаи и заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Флакрон Беџети го посетија селото Глумово во Општина Сарај, каде извршија увид во фабриката за преработка и производство на месни производи „Тиамо“. За време на посетата, министерот Дурмиши беше информиран од страна на менаџментот на компанијата за тековната работа, плановите за идните инвестиции, зголеменото производство и проширувањето на пазарите во регионот. Фабриката „Тиамо“, основана во 1997 година, е еден од најпопуларните локални и национални брендови, препознатлив по својот квалитет и долга традиција. Фабриката користи напредна технологија која го забрзува и олеснува работниот процес, зголемувајќи го квалитетот на производите. Министерот Дурмиши го информираше раководството дека за поддршка на микро, малите и средните претпријатија, Министерството за економија и труд објави пет јавни повици согласно Програмата за развој на претприемништвото и конкурентноста за 2024 година. За овие мерки од Буџетот на Министерството се издвоени вкупно 80 милиони денари. Еден од јавните повици вклучува надоместување на дел од трошоците за сертификација на ХАЛАЛ системот. За оваа мерка се предвидени 2 милиони денари, со кофинансирање од 40% од докажаните трошоци, но не повеќе од 200 илјади денари за секој апликант. На овој повик може да аплицираат сите микро, мали и средни претпријатија од преработувачката индустрија кои ги исполнуваат поставените критериуми. Исто така, министерот Дурмиши истакна дека се предвидени 250 милиони евра за поддршка на бизнисот, кредитни линии обезбедени од Владата во соработка со Република Унгарија. Министерството за финансии ги подготвува законите за оваа кредитна линија и ќе ги утврди условите за аплицирање. Финансиската поддршка ќе биде обезбедена преку комерцијалните банки или Банката за развој на Македонија, со цел да се создадат флексибилни услови за кредитирање на компаниите.  

The post Министерите во посета на компанијата „Тиамо“ во Сарај, 250 милиони евра за поддршка на компаниите appeared first on Република.

]]>
Дурмиши: Ќе донесеме одлука за минималата плата која ќе ги задоволи сите засегнати страни https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/durmishi-ke-doneseme-odluka-za-minimalata-plata-koja-ke-gi-zadovoli-site-zasegnati-strani/ Fri, 26 Jul 2024 10:45:19 +0000 https://republika.mk/?p=800467

Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, останува на ставот да се разговара за барањето на синдикатите за зголемување на минималната плата на 450 евра.

Во одговор на новинарско прашање пред денешната посета на занаетчиските дуќани во Старата Скопска Чаршија, министерот рече дека ќе разговараат со сите засегнати страни.

Да ги слушнеме сите засегнати страна и ќе разговараме за тоа. Ќе донесеме одлука која што ќе ги задоволи сите засегнати страни. Јас им кажав и на синдикатите, стојам на страна на работниците, рече министерот.

Дополни дека имајќи ја предвид буџетската состојба на која наишле, интервенирале таму каде што било суштински.

Сојузот на синдикати на Македонија имаше барање пред изборите во првите 100 дена на новата влада минималната плата да се покачи на 450 евра, нешто кое министерот го постави за приоритет во неговите првични изјави.

The post Дурмиши: Ќе донесеме одлука за минималата плата која ќе ги задоволи сите засегнати страни appeared first on Република.

]]>

Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, останува на ставот да се разговара за барањето на синдикатите за зголемување на минималната плата на 450 евра. Во одговор на новинарско прашање пред денешната посета на занаетчиските дуќани во Старата Скопска Чаршија, министерот рече дека ќе разговараат со сите засегнати страни. Да ги слушнеме сите засегнати страна и ќе разговараме за тоа. Ќе донесеме одлука која што ќе ги задоволи сите засегнати страни. Јас им кажав и на синдикатите, стојам на страна на работниците, рече министерот. Дополни дека имајќи ја предвид буџетската состојба на која наишле, интервенирале таму каде што било суштински. Сојузот на синдикати на Македонија имаше барање пред изборите во првите 100 дена на новата влада минималната плата да се покачи на 450 евра, нешто кое министерот го постави за приоритет во неговите првични изјави.

The post Дурмиши: Ќе донесеме одлука за минималата плата која ќе ги задоволи сите засегнати страни appeared first on Република.

]]>
Министерството за економија и труд со нови субвенции за занаетчиите, повиците отворени до 1 октомври https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/ministerstvoto-za-ekonomija-i-trud-so-novi-subventsii-za-zanaetchiite-povitsite-otvoreni-do-1-oktomvri/ Fri, 26 Jul 2024 10:32:54 +0000 https://republika.mk/?p=800461

Министерството за економија и труд ќе ги субвенционира занаетчиите преку кофинансирање на 40 проценти од докажаните трошоци, но не повеќе од 200.000 денари по барател, направени зa набавка на нови машини или алати и дизајн на нов производ.

Како што информираше денеска министерот за економија и труд Бесар Дурмиши, пред посетата на занаетчиските дуќани во Старата Скопска Чаршија, за повикот се предвидени 6.500.000 денари од Буџетот на Министерството.

Министерството за економија и труд денеска објави пет јавни повици согласно Програмата за развој на претприемништвото и конкурентноста на мали и средни претпријатија за 2024 година, за што ка

На јавниот повик може да аплицираат активни регистрирани занаетчии и вршители на занаетчиска дејност, да не е отворена стечајна постапка за нив, да немаат долгови кон државата и кон вработените, да работеле најмалку една година пред објавување на јавниот повик и да немаат добиено финансиски средства по јавните повици на Министерството за економија во изминатите три години, изјави Дурмиши.

Во насока на развој и поддршка на занаетчиството, Министерството за економија и труд минатата недела објави и повик за поддршка на здруженија и занаетчиски комори за проекти во делот на организирање на обуки за поединечни занаетчиски дејности и креативни занаети, организирање на форуми и промотивни активности и обуки за јакнење на свеста за придобивките од легализација на занетчискиот бизнис.

Сакам да ги уверам дека нема да застанеме тука и дека и во иднина ќе креираме мерки и политики за поддршка на занаетчиите бидејќи занаетчиството е фактор за економски развој во нашата земја. Министерството за економија останува посветено и отворено за предлози кои имаат за цел развојот на занаетчиството, им порача Дурмиши на занаетчиите.

Јавните повици се објавени на веб-страната на Министерството за економија и труд, а занаетчиите и занаетчиските здруженија може да аплицираат најдоцна до 1 октомври годинава.

Во посета на занаетчиските дуќани денеска покрај министерот за економија и труд, беше и првиот вицепремиер и министер за животна средина. Изет Меџити, градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу, и пратеникот Беким Сали.

The post Министерството за економија и труд со нови субвенции за занаетчиите, повиците отворени до 1 октомври appeared first on Република.

]]>

Министерството за економија и труд ќе ги субвенционира занаетчиите преку кофинансирање на 40 проценти од докажаните трошоци, но не повеќе од 200.000 денари по барател, направени зa набавка на нови машини или алати и дизајн на нов производ. Како што информираше денеска министерот за економија и труд Бесар Дурмиши, пред посетата на занаетчиските дуќани во Старата Скопска Чаршија, за повикот се предвидени 6.500.000 денари од Буџетот на Министерството. Министерството за економија и труд денеска објави пет јавни повици согласно Програмата за развој на претприемништвото и конкурентноста на мали и средни претпријатија за 2024 година, за што ка
На јавниот повик може да аплицираат активни регистрирани занаетчии и вршители на занаетчиска дејност, да не е отворена стечајна постапка за нив, да немаат долгови кон државата и кон вработените, да работеле најмалку една година пред објавување на јавниот повик и да немаат добиено финансиски средства по јавните повици на Министерството за економија во изминатите три години, изјави Дурмиши.
Во насока на развој и поддршка на занаетчиството, Министерството за економија и труд минатата недела објави и повик за поддршка на здруженија и занаетчиски комори за проекти во делот на организирање на обуки за поединечни занаетчиски дејности и креативни занаети, организирање на форуми и промотивни активности и обуки за јакнење на свеста за придобивките од легализација на занетчискиот бизнис.
Сакам да ги уверам дека нема да застанеме тука и дека и во иднина ќе креираме мерки и политики за поддршка на занаетчиите бидејќи занаетчиството е фактор за економски развој во нашата земја. Министерството за економија останува посветено и отворено за предлози кои имаат за цел развојот на занаетчиството, им порача Дурмиши на занаетчиите.
Јавните повици се објавени на веб-страната на Министерството за економија и труд, а занаетчиите и занаетчиските здруженија може да аплицираат најдоцна до 1 октомври годинава. Во посета на занаетчиските дуќани денеска покрај министерот за економија и труд, беше и првиот вицепремиер и министер за животна средина. Изет Меџити, градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу, и пратеникот Беким Сали.

The post Министерството за економија и труд со нови субвенции за занаетчиите, повиците отворени до 1 октомври appeared first on Република.

]]>
Дурмиши: За минимална плата од 450 евра ќе се разговара во првите 100 дена влада https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/durmishi-za-minimalna-plata-od-450-evra-ke-se-razgovara-vo-prvite-100-dena-vlada/ Thu, 04 Jul 2024 11:39:54 +0000 https://republika.mk/?p=793401

Барањата на синдикатите за зголемување на минималната плата и изнаоѓањето решение со коморите, трговците, увозниците и производителите на храна за стабилизирање на цените ќе бидат приоритетите на новиот министер за економија и труд Бесар Дурмиши.

Како што информира тој на денешната прва прес-конференција по неговото назначување, ќе се залага за отворен дијалог во рамки на Економско-социјалниот совет (ЕСС) и уште на првиот состанок на ЕСС под негово претседавање ќе се разгледа барањето на синдикатите за зголемување на минималната плата на 450 евра уште во првите 100 дена од формирањето на новата влада.

Ќе започнеме дијалог за сите отворени прашања и од страна на синдикатите и од страна на работодавачите уште на првиот состанок на ЕСС со кој сега јас ќе претседавам. Мора да ги имаме во предвид интересите на работниците, но и интересите на бизнис секторот, рече Дурмиши.

Нагласи дека ќе продолжи процесот на изработка на новиот закон за работни односи и на законот за безбедност и здравје при работа, кои, додаде, ќе бидат во насока на унапредување на правата на работниците.

Порача дека заедно со коморите и стопанствениците ќе ја разгледаат листата од 1.600 производи за Законот за нефер трговски практики која е веќе објавена во Службен весник, а се очекува законот од септември да профункционира и да доведе до намалување на цените на прехранбените производи.

Ќе се сретнам со коморите и произведувачите на храна за на некој начин да успееме да ја намалиме цената на храната во интерес на граѓаните. Со нив ќе разговарам за да ги видиме сите можности што ни се на располагање за евентуални промени во листата на производи, посочи Дурмиши.

Најави дека во наредниот период ќе поднесе барање до Државниот завод за ревизија за целосна ревизија на работењето на Министерството за економија почнувајќи од 2015 година.

Последната ревизија за работењето на Министерството е направена во 2015 година. Оттогаш наваму нема ревизија и затоа ќе направиме ревизија за да видиме како е работено до сега, рече Дурмиши и додаде дека за секоја злоупотреба на институциите или кршење на законот треба да се одговара без разлика која ја направил.

Како што прецизира, со новата реорганизација главниот фокус на Министерството за економија и труд ќе биде засилена поддршка на индустријата, креирање мерки за микро, малите и средните компании, зголемување на конкурентноста на бизнисот, внатрешниот пазар, трговијата, како и поддршка на работодавачите, креирање на мерки и политики за вработување, подобрување на пазарот на труд и заштита на работничките права.

Ќе продолжиме со финансиска поддршка за инвестициите за домашните и странските компании која што е регулирана со Законот за финансиска поддршка на инвестициите, кој што е во наша надлежност. Планираме постапката и условите за доделување на државната помош да бидат ревидирани во насока на поголем износ на поддршка за домашните компании што извезуваат и компаниите од секторите со конкурентна предност, рече Дурмиши.

Во фокусот, како што посочи, ќе останат микро, малите и средните претпријатија кои се најбројни во домашната индустрија и за нив ќе бидат зголемени финансиите и мерките.

Ќе се фокусираме на целосна инфраструктурна и логистичка поддршка на индустриските зони. Странските инвеститори, бизнис секторот, работодавачите и коморите ќе бидат консултирани при носење на сите законски решенија, а ние ќе бидеме нивен партнер за соработка, рече Дурмиши.

Нагласи дека со новата реорганизација и преземањето на секторот труд ќе се поврзат бизнисот и работниците во една целина.

Со ова поврзување се дава можност да се видат и да се слушнат сите фактори во еден производствен процес. Правата на работниците и пазарот на труд ќе биде наш нов предизвик на кој ќе дадеме максимална посветеност. Приоритет ќе ми бидат унапредувањето на правата на работниците, заштита на работничките права. Агенцијата за вработување ќе прерасне во ефективен посредник помеѓу работниците и работодавачите, рече Дурмиши.

Вети дека ќе направат комплетна реформа на активните мерки на пазарот на труд за да можат да се постигнат вистинските ефекти.

Спроведувањето на овие мерки ќе биде преку инклузивен процес преку интегрирање на бизнис заедницата, коморите со Агенцијата за вработување. Ќе направиме целосна систематизација и оптимизација на законите и подзаконските акти кои ја регулираат областа на трудовата политика и политиката на социјална заштита, истакна Дурмиши.

The post Дурмиши: За минимална плата од 450 евра ќе се разговара во првите 100 дена влада appeared first on Република.

]]>

Барањата на синдикатите за зголемување на минималната плата и изнаоѓањето решение со коморите, трговците, увозниците и производителите на храна за стабилизирање на цените ќе бидат приоритетите на новиот министер за економија и труд Бесар Дурмиши. Како што информира тој на денешната прва прес-конференција по неговото назначување, ќе се залага за отворен дијалог во рамки на Економско-социјалниот совет (ЕСС) и уште на првиот состанок на ЕСС под негово претседавање ќе се разгледа барањето на синдикатите за зголемување на минималната плата на 450 евра уште во првите 100 дена од формирањето на новата влада.
Ќе започнеме дијалог за сите отворени прашања и од страна на синдикатите и од страна на работодавачите уште на првиот состанок на ЕСС со кој сега јас ќе претседавам. Мора да ги имаме во предвид интересите на работниците, но и интересите на бизнис секторот, рече Дурмиши.
Нагласи дека ќе продолжи процесот на изработка на новиот закон за работни односи и на законот за безбедност и здравје при работа, кои, додаде, ќе бидат во насока на унапредување на правата на работниците. Порача дека заедно со коморите и стопанствениците ќе ја разгледаат листата од 1.600 производи за Законот за нефер трговски практики која е веќе објавена во Службен весник, а се очекува законот од септември да профункционира и да доведе до намалување на цените на прехранбените производи.
Ќе се сретнам со коморите и произведувачите на храна за на некој начин да успееме да ја намалиме цената на храната во интерес на граѓаните. Со нив ќе разговарам за да ги видиме сите можности што ни се на располагање за евентуални промени во листата на производи, посочи Дурмиши.
Најави дека во наредниот период ќе поднесе барање до Државниот завод за ревизија за целосна ревизија на работењето на Министерството за економија почнувајќи од 2015 година.
Последната ревизија за работењето на Министерството е направена во 2015 година. Оттогаш наваму нема ревизија и затоа ќе направиме ревизија за да видиме како е работено до сега, рече Дурмиши и додаде дека за секоја злоупотреба на институциите или кршење на законот треба да се одговара без разлика која ја направил.
Како што прецизира, со новата реорганизација главниот фокус на Министерството за економија и труд ќе биде засилена поддршка на индустријата, креирање мерки за микро, малите и средните компании, зголемување на конкурентноста на бизнисот, внатрешниот пазар, трговијата, како и поддршка на работодавачите, креирање на мерки и политики за вработување, подобрување на пазарот на труд и заштита на работничките права.
Ќе продолжиме со финансиска поддршка за инвестициите за домашните и странските компании која што е регулирана со Законот за финансиска поддршка на инвестициите, кој што е во наша надлежност. Планираме постапката и условите за доделување на државната помош да бидат ревидирани во насока на поголем износ на поддршка за домашните компании што извезуваат и компаниите од секторите со конкурентна предност, рече Дурмиши.
Во фокусот, како што посочи, ќе останат микро, малите и средните претпријатија кои се најбројни во домашната индустрија и за нив ќе бидат зголемени финансиите и мерките.
Ќе се фокусираме на целосна инфраструктурна и логистичка поддршка на индустриските зони. Странските инвеститори, бизнис секторот, работодавачите и коморите ќе бидат консултирани при носење на сите законски решенија, а ние ќе бидеме нивен партнер за соработка, рече Дурмиши.
Нагласи дека со новата реорганизација и преземањето на секторот труд ќе се поврзат бизнисот и работниците во една целина.
Со ова поврзување се дава можност да се видат и да се слушнат сите фактори во еден производствен процес. Правата на работниците и пазарот на труд ќе биде наш нов предизвик на кој ќе дадеме максимална посветеност. Приоритет ќе ми бидат унапредувањето на правата на работниците, заштита на работничките права. Агенцијата за вработување ќе прерасне во ефективен посредник помеѓу работниците и работодавачите, рече Дурмиши.
Вети дека ќе направат комплетна реформа на активните мерки на пазарот на труд за да можат да се постигнат вистинските ефекти.
Спроведувањето на овие мерки ќе биде преку инклузивен процес преку интегрирање на бизнис заедницата, коморите со Агенцијата за вработување. Ќе направиме целосна систематизација и оптимизација на законите и подзаконските акти кои ја регулираат областа на трудовата политика и политиката на социјална заштита, истакна Дурмиши.

The post Дурмиши: За минимална плата од 450 евра ќе се разговара во првите 100 дена влада appeared first on Република.

]]>
Средба на Дурмиши со претставници на СКСЗМ: Преку блиска соработка со бизнис секторот заеднички ќе креираме политики за поддршка на компаниите https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/sredba-na-durmishi-so-pretstavnitsi-na-skszm-preku-bliska-sorabotka-so-biznis-sektorot-zaednichki-ke-kreirame-politiki-za-poddrshka-na-kompaniite/ Tue, 02 Jul 2024 18:09:46 +0000 https://republika.mk/?p=792840

Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши денеска оствари состанок со претседателот на Стопанската комора на Северозападна Македонија (СКСЗМ), Менди Ќура.

Како што информираат од Министерството, на состанокот присуствуваа и дел од членовите на Управниот одбор и претставници на компаниите – членки на комората.

Целта на средбата, како што посочуваат, била прво запознавање на министерот Дурмиши со деловните субјекти членки на оваа комора, како и презентација на мерките, инструментите и активностите предвидени во Буџетот на Министерството за економија и труд до крајот на годината.

Дурмиши на состанокот истакнал дека главниот фокус на Министерството за економија и труд од сега ќе биде блиска соработка со бизнис секторот преку која ќе се креирааат јасни политики за поддршка на компаниите.

Министерот на претставниците од Стопанската комора на Северопзападна Македонија им порачал дека Владата и Министерството за економија и труд ќе ги поддржат сите иницијативи кои доаѓаат од страна на Стопанските комори, иницијативи кои што ќе значат пообрување на економскиот амбиент во државата, како и подобрување на животните услови на сите граѓани во Македонија, односно додадена вредност во квалитетот на нивниот живот.

Како што потенцирал Дурмиши, соработката на Министерството за економија и труд со претставници на коморите во иднина ќе се одвива во сите фази на изготвување на закони, програми, стратешки документи и слично. Оваа соработка, како што посочуваат, вклучува земање во предвид и вградување на нивни сугестии, предлози и укажувања во сите документи и законски акти кои се изработуваат.

Министерот Дурмиши изразил надеж и сигурност дека во иднина ќе има интензивна соработка со бизнис заедницата, бидејќи бизнисот и економијата се најважен двигател во функционирањето на една држава.

Во дискусијата со претставниците од Комората на Северозападна Македонија биле разменети мислења и за предизвиците и проблемите со кои се соочува бизнис заедницата со оглед на актуелните економски и политички случувања, како и за потребата од поголема вклученост во подготовка на законските решенија коишто директно го засегаат бизнис секторот.

The post Средба на Дурмиши со претставници на СКСЗМ: Преку блиска соработка со бизнис секторот заеднички ќе креираме политики за поддршка на компаниите appeared first on Република.

]]>

Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши денеска оствари состанок со претседателот на Стопанската комора на Северозападна Македонија (СКСЗМ), Менди Ќура. Како што информираат од Министерството, на состанокот присуствуваа и дел од членовите на Управниот одбор и претставници на компаниите – членки на комората. Целта на средбата, како што посочуваат, била прво запознавање на министерот Дурмиши со деловните субјекти членки на оваа комора, како и презентација на мерките, инструментите и активностите предвидени во Буџетот на Министерството за економија и труд до крајот на годината. Дурмиши на состанокот истакнал дека главниот фокус на Министерството за економија и труд од сега ќе биде блиска соработка со бизнис секторот преку која ќе се креирааат јасни политики за поддршка на компаниите. Министерот на претставниците од Стопанската комора на Северопзападна Македонија им порачал дека Владата и Министерството за економија и труд ќе ги поддржат сите иницијативи кои доаѓаат од страна на Стопанските комори, иницијативи кои што ќе значат пообрување на економскиот амбиент во државата, како и подобрување на животните услови на сите граѓани во Македонија, односно додадена вредност во квалитетот на нивниот живот. Како што потенцирал Дурмиши, соработката на Министерството за економија и труд со претставници на коморите во иднина ќе се одвива во сите фази на изготвување на закони, програми, стратешки документи и слично. Оваа соработка, како што посочуваат, вклучува земање во предвид и вградување на нивни сугестии, предлози и укажувања во сите документи и законски акти кои се изработуваат. Министерот Дурмиши изразил надеж и сигурност дека во иднина ќе има интензивна соработка со бизнис заедницата, бидејќи бизнисот и економијата се најважен двигател во функционирањето на една држава. Во дискусијата со претставниците од Комората на Северозападна Македонија биле разменети мислења и за предизвиците и проблемите со кои се соочува бизнис заедницата со оглед на актуелните економски и политички случувања, како и за потребата од поголема вклученост во подготовка на законските решенија коишто директно го засегаат бизнис секторот.

The post Средба на Дурмиши со претставници на СКСЗМ: Преку блиска соработка со бизнис секторот заеднички ќе креираме политики за поддршка на компаниите appeared first on Република.

]]>