беса арифи Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/besa-arifi/ За подобро да се разбереме Wed, 17 Jan 2024 07:04:09 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png беса арифи Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/besa-arifi/ 32 32 Судскиот совет денеска ќе расправа за одговорност на Беса Арифи https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sudskiot-sovet-deneska-ke-rasprava-za-odgovornost-na-besa-arifi/ Wed, 17 Jan 2024 07:04:09 +0000 https://republika.mk/?p=733811

Судскиот совет денеска на седница треба да расправа и да одлучува по извештајот од Комисијата на известители во врска со иницијативата за утврдување одговорност на претседателката на Врховниот суд Беса Адеми.

Претседателката на Судскиот совет Весна Дамева во изјава за емисијата „360 степени“ кажа дека очекува на денешната седница, по однос на извештајот од Комисијата на известители, да биде донесена правилна одлука.

Дамева потврди дека извештајот на Комисијата на известители е готов и оти за него ќе се расправа како седма точка на дневниот ред насловена „Расправа по извештај за констатирана состојба“.

- Станува збор за извештај во којшто Комисијата, изведувајќи ги сите докази врз основа на одржана јавна расправа, го констатира тоа во документот, но би сакала да напоменам дека согласно Законот за Судски совет донесен во 2019 година, Комисијата не дава предлог до Советот во смисла на лично мислење. Само ја констатира фактичката состојба врз основа на изведени докази, врз основа на расправа. На Советот в среда останува да расправа и да одлучи, врз основа на тоа, дали има сторено повреда и доколку има, која е повредата и каква ќе биде финалната одлука, тоа ќе почекаме, појасни Дамева.

Таа посочи дека денешната расправа ќе биде отворена за јавноста и на седницата сите членови на Советот може да се изјаснат за извештајот од Комисијата по што треба да се донесе одлука.

- Прво за што се изјаснува Советот е за запирање на постапката, за што се потребни најмалку седум гласа. Доколку нема мнозинство, се пристапува кон констатирање дека е сторена повреда и кон изрекување на една од утврдените законски дисциплински мерки, почнувајќи од најтешката кон најлесната, што значи првата е разрешување, па парична казна имајќи предвид висината и времетраењето, па јавен укор и на крај опомена, вели Дамева.

Таа наведува дека има изградено личен став по однос на ова прашање, а за нејзините колеги рече дека ниту за овој случај, ниту за кој било друг, не би можела да претпостави кој како би гласал, но се надева дека тие ќе ја земат предвид целокупната фактичка состојба и врз основа на доказите ќе донесат правилна одлука.

Во однос на неколкумесечното непојавување на претседателката на Врховниот суд Адеми на седниците на Судскиот совет, Дамева рече дека за тоа одговор треба да се побара лично од неа, но доколку се прашува таа како претседателка на Судски совет, таа е задоволна од присуството на Адеми, бидејќи претседателот на Врховниот суд може да биде од помош за работата на Судскиот совет.

Претседателката на Врховен суд, Беса Адеми,  се вклучи во работата на Судски совет со нејзиното присуство и учество на 472 седница одржана на 11 јануари. Ова следуваше по јавната седница што се одржа на крајот од декември лани, кога Судскиот совет одржа расправа за иницијативата поднесена од членот на Советот, Миљазим Мустафа, за утврдување одговорност на Адеми.

По однос на расправата за двете точки од иницијативата, за непојавувањето на седници на Судскиот совет на Адеми без да даде соодветни докази, како и интервјуто во кое зборува за политички притисоци, беше посочено дека со неприсуството на седниците на Судскиот совет таа покажала професионална и правна некултура во постапувањето и почитување на институциите во рамки на правосудниот систем. Според Адеми, пак, сите случувања во Судскиот совет биле демотивирачки од професионален аспект.

На расправата, Мустафа побара одлука со која ќе се утврди нејзина одговорност и разрешување. Од друга страна, одбраната на претседателката на Врховниот суд ги оцени наводите како неосновани и побара одлука со која постапката ќе запре.

Судскиот совет на Република Македонија е самостоен и независен орган кој ја обезбедува и гарантира самостојноста и независноста на судската власт, преку остварување на своите функции согласно со Уставот и законите. Советот е составен од 15 члена, од кои по функција негови членови се претседателот на Врховниот суд на Република Македонија и министерот за правда. Според Законот за Судски совет, членовите на Советот по функција учествуваат во работата на Советот без право на глас, но не учествуваат во работата на седниците на Советот на кои се расправа и одлучува за поведена постапка за утврдување на одговорност, избор или разрешување на судија или претседател на суд.

The post Судскиот совет денеска ќе расправа за одговорност на Беса Арифи appeared first on Република.

]]>

Судскиот совет денеска на седница треба да расправа и да одлучува по извештајот од Комисијата на известители во врска со иницијативата за утврдување одговорност на претседателката на Врховниот суд Беса Адеми. Претседателката на Судскиот совет Весна Дамева во изјава за емисијата „360 степени“ кажа дека очекува на денешната седница, по однос на извештајот од Комисијата на известители, да биде донесена правилна одлука. Дамева потврди дека извештајот на Комисијата на известители е готов и оти за него ќе се расправа како седма точка на дневниот ред насловена „Расправа по извештај за констатирана состојба“.
- Станува збор за извештај во којшто Комисијата, изведувајќи ги сите докази врз основа на одржана јавна расправа, го констатира тоа во документот, но би сакала да напоменам дека согласно Законот за Судски совет донесен во 2019 година, Комисијата не дава предлог до Советот во смисла на лично мислење. Само ја констатира фактичката состојба врз основа на изведени докази, врз основа на расправа. На Советот в среда останува да расправа и да одлучи, врз основа на тоа, дали има сторено повреда и доколку има, која е повредата и каква ќе биде финалната одлука, тоа ќе почекаме, појасни Дамева.
Таа посочи дека денешната расправа ќе биде отворена за јавноста и на седницата сите членови на Советот може да се изјаснат за извештајот од Комисијата по што треба да се донесе одлука. - Прво за што се изјаснува Советот е за запирање на постапката, за што се потребни најмалку седум гласа. Доколку нема мнозинство, се пристапува кон констатирање дека е сторена повреда и кон изрекување на една од утврдените законски дисциплински мерки, почнувајќи од најтешката кон најлесната, што значи првата е разрешување, па парична казна имајќи предвид висината и времетраењето, па јавен укор и на крај опомена, вели Дамева. Таа наведува дека има изградено личен став по однос на ова прашање, а за нејзините колеги рече дека ниту за овој случај, ниту за кој било друг, не би можела да претпостави кој како би гласал, но се надева дека тие ќе ја земат предвид целокупната фактичка состојба и врз основа на доказите ќе донесат правилна одлука. Во однос на неколкумесечното непојавување на претседателката на Врховниот суд Адеми на седниците на Судскиот совет, Дамева рече дека за тоа одговор треба да се побара лично од неа, но доколку се прашува таа како претседателка на Судски совет, таа е задоволна од присуството на Адеми, бидејќи претседателот на Врховниот суд може да биде од помош за работата на Судскиот совет. Претседателката на Врховен суд, Беса Адеми,  се вклучи во работата на Судски совет со нејзиното присуство и учество на 472 седница одржана на 11 јануари. Ова следуваше по јавната седница што се одржа на крајот од декември лани, кога Судскиот совет одржа расправа за иницијативата поднесена од членот на Советот, Миљазим Мустафа, за утврдување одговорност на Адеми. По однос на расправата за двете точки од иницијативата, за непојавувањето на седници на Судскиот совет на Адеми без да даде соодветни докази, како и интервјуто во кое зборува за политички притисоци, беше посочено дека со неприсуството на седниците на Судскиот совет таа покажала професионална и правна некултура во постапувањето и почитување на институциите во рамки на правосудниот систем. Според Адеми, пак, сите случувања во Судскиот совет биле демотивирачки од професионален аспект. На расправата, Мустафа побара одлука со која ќе се утврди нејзина одговорност и разрешување. Од друга страна, одбраната на претседателката на Врховниот суд ги оцени наводите како неосновани и побара одлука со која постапката ќе запре. Судскиот совет на Република Македонија е самостоен и независен орган кој ја обезбедува и гарантира самостојноста и независноста на судската власт, преку остварување на своите функции согласно со Уставот и законите. Советот е составен од 15 члена, од кои по функција негови членови се претседателот на Врховниот суд на Република Македонија и министерот за правда. Според Законот за Судски совет, членовите на Советот по функција учествуваат во работата на Советот без право на глас, но не учествуваат во работата на седниците на Советот на кои се расправа и одлучува за поведена постапка за утврдување на одговорност, избор или разрешување на судија или претседател на суд.

The post Судскиот совет денеска ќе расправа за одговорност на Беса Арифи appeared first on Република.

]]>
Дамева не сака да ги коментира критиките на холандскиот амбасадор, за Арифи смета дека треба да биде донесена правилна одлука https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dameva-ne-saka-da-gi-komentira-kritikite-na-holandskiot-ambasador-za-arifi-smeta-deka-treba-da-bide-donesena-pravilna-odluka/ Tue, 16 Jan 2024 07:11:39 +0000 https://republika.mk/?p=733421

Претседателката на Судскиот совет Весна Дамева очекува на седницата в среда, на која треба да се расправа по извештајот од Комисијата на известители во врска со иницијативата за утврдување одговорност на претседателката на Врховниот суд, да биде донесена правилна одлука.

Дамева за емисијата „360 степени“ изјави дека извештајот на Комисијата на известители е готов и дека за него ќе се расправа како седма точка на дневниот ред насловена „Расправа по извештај за констатирана состојба“.

- Станува збор за извештај во којшто Комисијата, изведувајќи ги сите докази врз основа на одржана јавна расправа, го констатира тоа во документот, но би сакала да напоменам дека согласно Законот за Судски совет донесен во 2019 година, Комисијата не дава предлог до Советот во смисла на лично мислење. Само ја констатира фактичката состојба врз основа на изведени докази, врз основа на расправа. На Советот в среда останува да расправа и да одлучи, врз основа на тоа, дали има сторено повреда и доколку има, која е повредата и каква ќе биде финалната одлука, тоа ќе почекаме, појаснува Дамева.

Расправата во среда, како што посочува Дамева, ќе биде отворена за јавноста и на седницата сите членови на Советот може да се изјаснат за извештајот од Комисијата по што треба да се донесе одлука.

- Прво за што се изјаснува Советот е за запирање на постапката, за што се потребни најмалку седум гласа. Доколку нема мнозинство, се пристапува кон констатирање дека е сторена повреда и кон изрекување на една од утврдените законски дисциплински мерки, почнувајќи од најтешката кон најлесната, што значи првата е разрешување, па парична казна имајќи предвид висината и времетраењето, па јавен укор и на крај опомена, вели Дамева.

Посочува дека има изградено личен став по однос на ова прашање, а за нејзините колеги рече дека ниту за овој случај, ниту за кој било друг, не би можела да претпостави кој како би гласал, но се надева дека нејзините колеги ќе ја земат предвид целокупната фактичка состојба и врз основа на доказите ќе донесат правилна одлука.

Во однос на неколкумесечното непојавување на претседателката на Врховниот суд Беса Адеми на седниците на Судскиот совет, Дамева рече дека за тоа одговор треба да се побара лично од неа, но доколку се прашува таа како претседателка на Судски совет, таа е задоволна од присуството на Адеми бидејќи претседателот на Врховниот суд може да биде од помош за работата на Судскиот совет.

Во врска со нејзиното разрешување од функцијата претседателка на Судскиот совет по што таа поднесе претставка до Управниот суд кој пресуди во нејзина полза, Дамева вели дека со одлуката на Управниот суд не е затворен случајот со нејзиното разрешување. Очекува и други надлежни институции да постапат.

- Морам да кажам дека пресудата од Управниот суд не ја сметам за личен триумф. Тоа е триумф, односно тука победи правдата, за мое, искрена да бидам, големо изненадување. Значи, сепак, не сите судии во нашата држава може да се смета дека одлуките ги носат пристрасно или од кои било други побуди. Судиите се одважија и ова го зборувам лично, бидејќи не смеам да го изразам овој став како претседател на Судски совет со оглед дека во таа постапка тужена странка, тужен орган беше Судскиот совет. Не сметам дека со ова е завршено сè бидејќи во однос на таа незаконитост мора да бидат преземени други дејствија, но за тоа се надлежни други институции, вели Дамева.

За пораките на холандскиот амбасадор по средбата со лидерот на ДУИ, Дамева вели дека нема да ја коментира пораката, но дека е убедена оти странските дипломати во земјава имаат причини за таквите чекори.

- Јас би сакала да се воздржам од коментар во однос на активности и средби на дипломатските претставници од странски држави во нашата земја и нема да ја коментирам пораката. Меѓутоа, доколку дипломатски претставници остваруваат такви средби, убедена сум дека имаат причини, индиции и потреба тие чекори да ги преземат, но не би сакала да коментирам, вели претседателката на Судскиот совет

The post Дамева не сака да ги коментира критиките на холандскиот амбасадор, за Арифи смета дека треба да биде донесена правилна одлука appeared first on Република.

]]>

Претседателката на Судскиот совет Весна Дамева очекува на седницата в среда, на која треба да се расправа по извештајот од Комисијата на известители во врска со иницијативата за утврдување одговорност на претседателката на Врховниот суд, да биде донесена правилна одлука. Дамева за емисијата „360 степени“ изјави дека извештајот на Комисијата на известители е готов и дека за него ќе се расправа како седма точка на дневниот ред насловена „Расправа по извештај за констатирана состојба“.
- Станува збор за извештај во којшто Комисијата, изведувајќи ги сите докази врз основа на одржана јавна расправа, го констатира тоа во документот, но би сакала да напоменам дека согласно Законот за Судски совет донесен во 2019 година, Комисијата не дава предлог до Советот во смисла на лично мислење. Само ја констатира фактичката состојба врз основа на изведени докази, врз основа на расправа. На Советот в среда останува да расправа и да одлучи, врз основа на тоа, дали има сторено повреда и доколку има, која е повредата и каква ќе биде финалната одлука, тоа ќе почекаме, појаснува Дамева.
Расправата во среда, како што посочува Дамева, ќе биде отворена за јавноста и на седницата сите членови на Советот може да се изјаснат за извештајот од Комисијата по што треба да се донесе одлука.
- Прво за што се изјаснува Советот е за запирање на постапката, за што се потребни најмалку седум гласа. Доколку нема мнозинство, се пристапува кон констатирање дека е сторена повреда и кон изрекување на една од утврдените законски дисциплински мерки, почнувајќи од најтешката кон најлесната, што значи првата е разрешување, па парична казна имајќи предвид висината и времетраењето, па јавен укор и на крај опомена, вели Дамева.
Посочува дека има изградено личен став по однос на ова прашање, а за нејзините колеги рече дека ниту за овој случај, ниту за кој било друг, не би можела да претпостави кој како би гласал, но се надева дека нејзините колеги ќе ја земат предвид целокупната фактичка состојба и врз основа на доказите ќе донесат правилна одлука. Во однос на неколкумесечното непојавување на претседателката на Врховниот суд Беса Адеми на седниците на Судскиот совет, Дамева рече дека за тоа одговор треба да се побара лично од неа, но доколку се прашува таа како претседателка на Судски совет, таа е задоволна од присуството на Адеми бидејќи претседателот на Врховниот суд може да биде од помош за работата на Судскиот совет. Во врска со нејзиното разрешување од функцијата претседателка на Судскиот совет по што таа поднесе претставка до Управниот суд кој пресуди во нејзина полза, Дамева вели дека со одлуката на Управниот суд не е затворен случајот со нејзиното разрешување. Очекува и други надлежни институции да постапат.
- Морам да кажам дека пресудата од Управниот суд не ја сметам за личен триумф. Тоа е триумф, односно тука победи правдата, за мое, искрена да бидам, големо изненадување. Значи, сепак, не сите судии во нашата држава може да се смета дека одлуките ги носат пристрасно или од кои било други побуди. Судиите се одважија и ова го зборувам лично, бидејќи не смеам да го изразам овој став како претседател на Судски совет со оглед дека во таа постапка тужена странка, тужен орган беше Судскиот совет. Не сметам дека со ова е завршено сè бидејќи во однос на таа незаконитост мора да бидат преземени други дејствија, но за тоа се надлежни други институции, вели Дамева.
За пораките на холандскиот амбасадор по средбата со лидерот на ДУИ, Дамева вели дека нема да ја коментира пораката, но дека е убедена оти странските дипломати во земјава имаат причини за таквите чекори. - Јас би сакала да се воздржам од коментар во однос на активности и средби на дипломатските претставници од странски држави во нашата земја и нема да ја коментирам пораката. Меѓутоа, доколку дипломатски претставници остваруваат такви средби, убедена сум дека имаат причини, индиции и потреба тие чекори да ги преземат, но не би сакала да коментирам, вели претседателката на Судскиот совет

The post Дамева не сака да ги коментира критиките на холандскиот амбасадор, за Арифи смета дека треба да биде донесена правилна одлука appeared first on Република.

]]>
Арифи, која ги пишуваше уставните измени ќе се бори против корупцијата во Советот на Европа https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/arifi-koja-gi-pishuvashe-ustavnite-izmeni-ke-se-bori-protiv-koruptsijata-vo-sovetot-na-evropa/ Wed, 26 Jul 2023 09:50:33 +0000 https://republika.mk/?p=665445

Професорката Ана Павловска-Данева за „Пресинг ТВ“ потврдува дека си поднела оставка од местото шеф на делегацијата на Македонија во ГРЕКО. Ова е телот за борба против корупцијата, во Советот на Европа во Стразбур.

Taa вели дека Владата покажува инертност и незаинтересираност за преземање на активности за исполнување на бројните препораки.

Да, оставка поднесов    уште во март оваа година и до сега немам официјална информација за нејзиното усвојување. Сметам дека треба да се даде можност и на други експерти да го дадат својот придонес во остварувањето на препораките на ГРЕКО кои можеби ќе имаат поголем успех во координирањето на активностите на институциите при нивната имплементација. Ги имам предвид, пред се, Јавното обвинителство, Собранието (актуелниот состав) и Генералниот секретаријат на Владата кои, за жал, покажуваат инертност и незаинтересираност за преземање на активности за исполнување на бројните препораки од Четвртиот и Петтиот евалуационен круг на ГРЕКО. Од друга страна, МВР и ДКСК во целиот мој мандатен период го вложуваа својот максимум и постигнаа значајни резултати. Сега започнува нов Шести круг, па сметам дека Владата треба да избере експерт кој е најсоодветен за материјата опфатена со него и чии насоки ќе бидат доследно почитувани-вели Данева за „Пресинг ТВ“.

На нејзино место Владата ја предложи Беса Арифи, член на комисијата за уставни измени и сестра на поранешната градоначалничка на Тетово Теута.

The post Арифи, која ги пишуваше уставните измени ќе се бори против корупцијата во Советот на Европа appeared first on Република.

]]>

Професорката Ана Павловска-Данева за „Пресинг ТВ“ потврдува дека си поднела оставка од местото шеф на делегацијата на Македонија во ГРЕКО. Ова е телот за борба против корупцијата, во Советот на Европа во Стразбур. Taa вели дека Владата покажува инертност и незаинтересираност за преземање на активности за исполнување на бројните препораки.