Беса Адеми Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/besa-ademi/ За подобро да се разбереме Wed, 18 Sep 2024 12:39:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Беса Адеми Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/besa-ademi/ 32 32 Претседателката на Врховен Адеми: Недозволиво е да се носат законски измени поврзани со судството без да се чуе мислењето на судиите https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pretsedatelkata-na-vrhoven-ademi-nedozvolivo-e-da-se-nosat-zakonski-izmeni-povrzani-so-sudstvoto-bez-da-se-chue-misleneto-na-sudiite/ Wed, 18 Sep 2024 12:37:33 +0000 https://republika.mk/?p=817477

Недозволиво е да се носат законски измени кои се непосредно или посредно поврзани со судството, како што беше примерот со Кривичниот законик, без да се чуе мислењето на судиите, бидејќи тоа не само што предизвикува нетранспарентност на процесот, туку и несакани реперкусии од аспект на владеењето на правото, истакна претседателката на Врховниот суд Беса Адеми на денешната презентација на препораките и акцискиот план за подобрување на состојбите во правосудството, финансирани од Амбасадата на САД, во организација на Коалицијата „Сите за правично судење“.

Адеми во своето излагање посочи дека потребно е конечно да се слушнат размислувањата и предлозите на судската фела, нагласувајќи дека „проблемите не се решаваат со наметнување или пак со прифаќање на молк, напротив, аргументациите на судиите со интегритет и став се доволно гласни и јасни да укажат на состојбите кои ги кочат идеите и процесите“.

Претседателката на Врховен се осврна и на важноста од осамостојување и зголемување на судскиот буџет, односно судскиот и јавнообвинителскиот буџет да не зависи од претходно добиените одобренија и согласност од органи на извршната власт.

– Една од препораките ја нагласува важноста на осамостојување и зголемување на судскиот буџет, односно дека е потребно да се направат измени во позитивните прописи со цел реализација на судскиот и јавнообвинителскиот буџет да не зависи од претходно добиените одобренија и согласност од органи на извршната власт. Неспорно е дека судството е финансиски зависно од другите власти, рече Адеми.

Вели не може да говориме за доследно почитување на уставното начело на поделба на власта, додека судството се бори со проблемот на недостиг на судии и судска администрација.

Човечките ресурси, додаде, се столбот на функционалноста и гаранција дека целите на судството утврдени со Уставот и Законот за судовите ќе бидат исполнети онака како што налагаат принципите на незивисно, ефикасно и отчетно судство.

– Не можеме да говориме ниту за доследно почитување за уставното начело на поделба на власта, додека судството се бори со проблемот на недостиг на судии и судска администрација. Не можеме да говориме за почитување на уставната и законската положба на судството. Човечките ресурси се столбот на функционалноста и гаранција дека целите на судството утврдени со Уставот и Законот за судовите ќе бидат исполнети онака како што налагаат принципите на незивисно, ефикасно и отчетно судство, рече Адеми.

На денешниот настан присутна беше и амбасадорката на САД во земјава, Анџела Агелер, која ја нагласи потребата од реформи и поголема транспарентност во правосудството. Како еден од наједноставните начини за повторно враќање на довербата во судството, Агелер ја посочи транспарентноста на судските постапки.

– Еден од наједноставните начини повторно да се врати довербата во правосудството е да се даде поголема транспарентност на судските постапки. Овие препораки нека бидат повик за акција и план, а не само документ кој ќе биде потпишан и архивиран. Сите министри на правда, пратеници, претставници на невладиниот сектор, дури и дипломатите заедно со судиите и јавните обвинители мора да сторат сѐ за овие препораки да се реализират и да има една вистинска и трајна реформа на правосудството, нагласи Агелер.

Препораките и акцискиот план за подобрување на состојбите во правосудството, изработени во рамки на проектот „Подобрување на учеството на засегнатите страни во процесот на реформи во правосудство“ се оформени по спроведениот консултациски процес кои судиите и јавните обвинители ги посочиле во аспект на функционирањето на правосудниот систем.

– Почнавме процес преку кој сакавме да дадеме платформа преку која судиите и јавните обвинители ќе можат меѓусебно да се координираат, усогласат да изградат заеднички став во однос на оние битни проблеми и прашања кои ги сметаат за суштински и да се понудат препораки дадени изворно од нивната страна кои се однесуваат на извршната, законодавната, но и на судската власт на самите судии и јавни обвинители и се во насока да се унапреди ефикасноста на брзината на кривичните постапки и секако владеењето на правото. Особено оние кривични постапки кои и јавноста најчесто ги следи и преку нив се информира за работата на судовите, изјави Дарко Аврамовски, извршен директор на Коалиција „Сите за правично судење“

Еден дел од препораките се однесуваат на промената на практиките и пристапот на постапување на самите јавни обвинители и судиите.

– Промена на начинот на којшто се менаџирааат и раководат главните расправи и се закажуваат динамиките и се организира впрочем сите дејствија кои се изведуваат на рочиштата за главна расправа. Промени во начинот на пишување и соопштување на пресудите и обвиненијата, унапредување на соработката на Јавното Обвинителство со останатите органи на прогон како што се вештаците. МВР, полицијата и сите оние други чинители кои имаат влијание. Меѓутоа има и препораки кои се однесуваат на законодавната власт, конкретно за специфични законски промени, но и секако онакви препораки кои се однесуваат и на извршната и на законодавната власт, а се во насока на унапредување на материјалната и човечка екипираност на судовите и јавните обвинителства. Не само со судии и јавни обвинители туку и со целиот останат стручен и помошен персонал кој треба да го имаат на располагање, посочи Аврамовски.

Овие препораки, како документ ќе се користат понатаму за застапување. Од коалицијата најавија дека имаат закажано неколку состаноци со претставници на повеќето институции како и професионалните здруженија на вработените во овие установи

The post Претседателката на Врховен Адеми: Недозволиво е да се носат законски измени поврзани со судството без да се чуе мислењето на судиите appeared first on Република.

]]>

Недозволиво е да се носат законски измени кои се непосредно или посредно поврзани со судството, како што беше примерот со Кривичниот законик, без да се чуе мислењето на судиите, бидејќи тоа не само што предизвикува нетранспарентност на процесот, туку и несакани реперкусии од аспект на владеењето на правото, истакна претседателката на Врховниот суд Беса Адеми на денешната презентација на препораките и акцискиот план за подобрување на состојбите во правосудството, финансирани од Амбасадата на САД, во организација на Коалицијата „Сите за правично судење“. Адеми во своето излагање посочи дека потребно е конечно да се слушнат размислувањата и предлозите на судската фела, нагласувајќи дека „проблемите не се решаваат со наметнување или пак со прифаќање на молк, напротив, аргументациите на судиите со интегритет и став се доволно гласни и јасни да укажат на состојбите кои ги кочат идеите и процесите“. Претседателката на Врховен се осврна и на важноста од осамостојување и зголемување на судскиот буџет, односно судскиот и јавнообвинителскиот буџет да не зависи од претходно добиените одобренија и согласност од органи на извршната власт.
– Една од препораките ја нагласува важноста на осамостојување и зголемување на судскиот буџет, односно дека е потребно да се направат измени во позитивните прописи со цел реализација на судскиот и јавнообвинителскиот буџет да не зависи од претходно добиените одобренија и согласност од органи на извршната власт. Неспорно е дека судството е финансиски зависно од другите власти, рече Адеми.
Вели не може да говориме за доследно почитување на уставното начело на поделба на власта, додека судството се бори со проблемот на недостиг на судии и судска администрација. Човечките ресурси, додаде, се столбот на функционалноста и гаранција дека целите на судството утврдени со Уставот и Законот за судовите ќе бидат исполнети онака како што налагаат принципите на незивисно, ефикасно и отчетно судство.
– Не можеме да говориме ниту за доследно почитување за уставното начело на поделба на власта, додека судството се бори со проблемот на недостиг на судии и судска администрација. Не можеме да говориме за почитување на уставната и законската положба на судството. Човечките ресурси се столбот на функционалноста и гаранција дека целите на судството утврдени со Уставот и Законот за судовите ќе бидат исполнети онака како што налагаат принципите на незивисно, ефикасно и отчетно судство, рече Адеми.
На денешниот настан присутна беше и амбасадорката на САД во земјава, Анџела Агелер, која ја нагласи потребата од реформи и поголема транспарентност во правосудството. Како еден од наједноставните начини за повторно враќање на довербата во судството, Агелер ја посочи транспарентноста на судските постапки.
– Еден од наједноставните начини повторно да се врати довербата во правосудството е да се даде поголема транспарентност на судските постапки. Овие препораки нека бидат повик за акција и план, а не само документ кој ќе биде потпишан и архивиран. Сите министри на правда, пратеници, претставници на невладиниот сектор, дури и дипломатите заедно со судиите и јавните обвинители мора да сторат сѐ за овие препораки да се реализират и да има една вистинска и трајна реформа на правосудството, нагласи Агелер.
Препораките и акцискиот план за подобрување на состојбите во правосудството, изработени во рамки на проектот „Подобрување на учеството на засегнатите страни во процесот на реформи во правосудство“ се оформени по спроведениот консултациски процес кои судиите и јавните обвинители ги посочиле во аспект на функционирањето на правосудниот систем.
– Почнавме процес преку кој сакавме да дадеме платформа преку која судиите и јавните обвинители ќе можат меѓусебно да се координираат, усогласат да изградат заеднички став во однос на оние битни проблеми и прашања кои ги сметаат за суштински и да се понудат препораки дадени изворно од нивната страна кои се однесуваат на извршната, законодавната, но и на судската власт на самите судии и јавни обвинители и се во насока да се унапреди ефикасноста на брзината на кривичните постапки и секако владеењето на правото. Особено оние кривични постапки кои и јавноста најчесто ги следи и преку нив се информира за работата на судовите, изјави Дарко Аврамовски, извршен директор на Коалиција „Сите за правично судење“
Еден дел од препораките се однесуваат на промената на практиките и пристапот на постапување на самите јавни обвинители и судиите. – Промена на начинот на којшто се менаџирааат и раководат главните расправи и се закажуваат динамиките и се организира впрочем сите дејствија кои се изведуваат на рочиштата за главна расправа. Промени во начинот на пишување и соопштување на пресудите и обвиненијата, унапредување на соработката на Јавното Обвинителство со останатите органи на прогон како што се вештаците. МВР, полицијата и сите оние други чинители кои имаат влијание. Меѓутоа има и препораки кои се однесуваат на законодавната власт, конкретно за специфични законски промени, но и секако онакви препораки кои се однесуваат и на извршната и на законодавната власт, а се во насока на унапредување на материјалната и човечка екипираност на судовите и јавните обвинителства. Не само со судии и јавни обвинители туку и со целиот останат стручен и помошен персонал кој треба да го имаат на располагање, посочи Аврамовски. Овие препораки, како документ ќе се користат понатаму за застапување. Од коалицијата најавија дека имаат закажано неколку состаноци со претставници на повеќето институции како и професионалните здруженија на вработените во овие установи

The post Претседателката на Врховен Адеми: Недозволиво е да се носат законски измени поврзани со судството без да се чуе мислењето на судиите appeared first on Република.

]]>
Судскиот совет ја запре постапката за утврдување одговорност на Беса Адеми https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sudskiot-sovet-ja-zapre-postapkata-za-utvrduvane-odgovornost-na-besa-ademi/ Wed, 17 Jan 2024 14:34:41 +0000 https://republika.mk/?p=734061

Со седум гласа „за“ Судскиот совет на денешната седница ја запре постапката за утврдување на одговорност на претседателката на Врховниот суд, Беса Адеми.

Мислењата на членовите на Судски совет во врска со иницијативата за утврдување одговорност на претседателката на врховен суд, Беса Адеми, за нејзиното отсуство од седниците на Советот без соодветни докази и непојавување на средбата со поранешниот претседател Сашко Георгиев, на расправата беа поделени.

Дел од членовите посочија дека постапката треба да се запре и да се земат предвид сите околности помеѓу кои намерата на претседателката и нејзините обврски како претседател на Врховен суд. Додека, други порачаа таа да биде опомената поради нејзиното несоодветно постапување.

Членот Антоанета Димовска рече дека смета дека во случајот нема повреда на овластувањата и е неопходна соработка помеѓу овие тела.

- Ние не сме непријатели на судиите, секој од нас по закон и устав има строго определено место, ајде да се почитуваме, и да ја работиме работата така како што треба, рече таа, нагласувајќи дека ќе гласа за запирање на постапката.

Судијата Ивица Николовски, член на Судски совет, исто така, смета дека во постапката не се утврдило пречекорување на одредбите на кои се заснова барањето за одговорност.

- Не постојат силни аргументи и докази дека претседателката на Врховниот суд ги сторила повредите кои ѝ се ставаат на товар и дека нејзиното недоаѓање е поради ситуацијата која настана во Судскиот совет, рече тој, давајќи предлог постапката да се заврши на позитивен начин.

Членот Селим Адеми истакна дека секое барање за утврдување на одговорност не значи и разрешување.

Додека, за членот Тања Чачарова Илиевска, работата на Судскиот совет, како што кажа „е малку посериозна од недоаѓање на седници и нејавување на телефон на претседателот на Советот, затоа што ги надминала притисоците“.

- Мојот став е дека се сторени сериозно повреди, во конкретниов случај се и опишани доволно јасно и дека постапувајќи во случајов спротивно на Законот за Судски совет е направена повреда од страна на претседателот на Врховен суд, односно ги пречекорила и повредила законските овластувања, рече таа, дополнувајќи дека нема да гласа за запирање на постапката.

Членот Мери Радевска се наврати на барањето за кое посочи дека има конкретни наводи и докази, кои, според неа, не претставуваат повреда. Таа повика на усогласување на стандардите и кажа дека правната одлука, како што рече, е запирање на постапката.

Членот Павлина Црвенковска се согласи со одговорот на одбраната на претседателката на Адеми, дека не постои сериозен основ на одговорност и дека ослободувањето од одговорност нема да значи само зачувување на угледот и авторитетот на претседателката, туку, во исто време, ова ќе влијае позитивно и за авторитетот на Судскиот совет.

Членот Сашко Георгиев апелираше да се најде решение за улогата и учеството на членовите по функција во иднина во Судскиот совет и изрази задоволство што со овие случувања, како што рече, „работите се движат напред“, но, дополни дека Законот и Уставот остануваат да важат.

Лорета Георгиевска посочи дека одговорноста за поведувањето на иницијативата треба да ја понесат сите членови и, како што рече, со појавувањето на претседателката на Врховен суд на една од седниците веднаш по иницијативата, се утврдило дека можело и поинаку. Таа потенцираше дека, како што рече „во многу наврати имаше селективна правда во адреса и во полза на овој претседател на суд во споредба со други претседатели“.

Според претседателката на Судскиот Совет, Весна Дамева, причините за недоаѓање на Адеми се оправдани, затоа што, како што рече, тие тоа го оправдале.

- Причините се оправдани затоа што ние тоа сме го оправдале. Нема нотирано на записници дека не е оправдано, немаме барано навремено докази, рече таа.

Таа рече дека смета дека изјавата за притисоци што Адеми ја даде во новинарско интервју е само начин да се заштити себе си и посочи дека ќе гласа за запирање на постапката.

Претседателката на Врховен суд, Беса Адеми, се вклучи во работата на Судски совет со нејзиното присуство и учество на 472 седница одржана на 11 јануари. Ова следуваше по јавната седница што се одржа на крајот од декември лани, кога Судскиот совет одржа расправа за иницијативата поднесена од членот на Советот, Миљазим Мустафа, за утврдување одговорност на Адеми.

По однос на расправата за двете точки од иницијативата, за непојавувањето на седници на Судскиот совет на Адеми без да даде соодветни докази, како и интервјуто во кое зборува за политички притисоци, беше посочено дека со неприсуството на седниците на Судскиот совет таа покажала професионална и правна некултура во постапувањето и почитување на институциите во рамки на правосудниот систем. Според Адеми, пак, сите случувања во Судскиот совет биле демотивирачки од професионален аспект.

На расправата, Мустафа побара одлука со која ќе се утврди нејзина одговорност и разрешување. Од друга страна, одбраната на претседателката на Врховниот суд ги оцени наводите како неосновани и побара одлука со која постапката ќе запре.

Судскиот совет на Република Македонија е самостоен и независен орган кој ја обезбедува и гарантира самостојноста и независноста на судската власт, преку остварување на своите функции согласно со Уставот и законите. Советот е составен од 15 члена, од кои по функција негови членови се претседателот на Врховниот суд на Република Македонија и министерот за правда.

Според Законот за Судски совет, членовите на Советот по функција учествуваат во работата на Советот без право на глас, но не учествуваат во работата на седниците на Советот на кои се расправа и одлучува за поведена постапка за утврдување на одговорност, избор или разрешување на судија или претседател на суд.

Седницата треба да продолжи со расправа за формирање на комисии на известители по поднесени барања за утврдување на одговорност на судија/претседател на суд.

The post Судскиот совет ја запре постапката за утврдување одговорност на Беса Адеми appeared first on Република.

]]>

Со седум гласа „за“ Судскиот совет на денешната седница ја запре постапката за утврдување на одговорност на претседателката на Врховниот суд, Беса Адеми. Мислењата на членовите на Судски совет во врска со иницијативата за утврдување одговорност на претседателката на врховен суд, Беса Адеми, за нејзиното отсуство од седниците на Советот без соодветни докази и непојавување на средбата со поранешниот претседател Сашко Георгиев, на расправата беа поделени. Дел од членовите посочија дека постапката треба да се запре и да се земат предвид сите околности помеѓу кои намерата на претседателката и нејзините обврски како претседател на Врховен суд. Додека, други порачаа таа да биде опомената поради нејзиното несоодветно постапување. Членот Антоанета Димовска рече дека смета дека во случајот нема повреда на овластувањата и е неопходна соработка помеѓу овие тела. - Ние не сме непријатели на судиите, секој од нас по закон и устав има строго определено место, ајде да се почитуваме, и да ја работиме работата така како што треба, рече таа, нагласувајќи дека ќе гласа за запирање на постапката. Судијата Ивица Николовски, член на Судски совет, исто така, смета дека во постапката не се утврдило пречекорување на одредбите на кои се заснова барањето за одговорност. - Не постојат силни аргументи и докази дека претседателката на Врховниот суд ги сторила повредите кои ѝ се ставаат на товар и дека нејзиното недоаѓање е поради ситуацијата која настана во Судскиот совет, рече тој, давајќи предлог постапката да се заврши на позитивен начин. Членот Селим Адеми истакна дека секое барање за утврдување на одговорност не значи и разрешување. Додека, за членот Тања Чачарова Илиевска, работата на Судскиот совет, како што кажа „е малку посериозна од недоаѓање на седници и нејавување на телефон на претседателот на Советот, затоа што ги надминала притисоците“. - Мојот став е дека се сторени сериозно повреди, во конкретниов случај се и опишани доволно јасно и дека постапувајќи во случајов спротивно на Законот за Судски совет е направена повреда од страна на претседателот на Врховен суд, односно ги пречекорила и повредила законските овластувања, рече таа, дополнувајќи дека нема да гласа за запирање на постапката. Членот Мери Радевска се наврати на барањето за кое посочи дека има конкретни наводи и докази, кои, според неа, не претставуваат повреда. Таа повика на усогласување на стандардите и кажа дека правната одлука, како што рече, е запирање на постапката. Членот Павлина Црвенковска се согласи со одговорот на одбраната на претседателката на Адеми, дека не постои сериозен основ на одговорност и дека ослободувањето од одговорност нема да значи само зачувување на угледот и авторитетот на претседателката, туку, во исто време, ова ќе влијае позитивно и за авторитетот на Судскиот совет. Членот Сашко Георгиев апелираше да се најде решение за улогата и учеството на членовите по функција во иднина во Судскиот совет и изрази задоволство што со овие случувања, како што рече, „работите се движат напред“, но, дополни дека Законот и Уставот остануваат да важат. Лорета Георгиевска посочи дека одговорноста за поведувањето на иницијативата треба да ја понесат сите членови и, како што рече, со појавувањето на претседателката на Врховен суд на една од седниците веднаш по иницијативата, се утврдило дека можело и поинаку. Таа потенцираше дека, како што рече „во многу наврати имаше селективна правда во адреса и во полза на овој претседател на суд во споредба со други претседатели“. Според претседателката на Судскиот Совет, Весна Дамева, причините за недоаѓање на Адеми се оправдани, затоа што, како што рече, тие тоа го оправдале. - Причините се оправдани затоа што ние тоа сме го оправдале. Нема нотирано на записници дека не е оправдано, немаме барано навремено докази, рече таа. Таа рече дека смета дека изјавата за притисоци што Адеми ја даде во новинарско интервју е само начин да се заштити себе си и посочи дека ќе гласа за запирање на постапката. Претседателката на Врховен суд, Беса Адеми, се вклучи во работата на Судски совет со нејзиното присуство и учество на 472 седница одржана на 11 јануари. Ова следуваше по јавната седница што се одржа на крајот од декември лани, кога Судскиот совет одржа расправа за иницијативата поднесена од членот на Советот, Миљазим Мустафа, за утврдување одговорност на Адеми. По однос на расправата за двете точки од иницијативата, за непојавувањето на седници на Судскиот совет на Адеми без да даде соодветни докази, како и интервјуто во кое зборува за политички притисоци, беше посочено дека со неприсуството на седниците на Судскиот совет таа покажала професионална и правна некултура во постапувањето и почитување на институциите во рамки на правосудниот систем. Според Адеми, пак, сите случувања во Судскиот совет биле демотивирачки од професионален аспект. На расправата, Мустафа побара одлука со која ќе се утврди нејзина одговорност и разрешување. Од друга страна, одбраната на претседателката на Врховниот суд ги оцени наводите како неосновани и побара одлука со која постапката ќе запре. Судскиот совет на Република Македонија е самостоен и независен орган кој ја обезбедува и гарантира самостојноста и независноста на судската власт, преку остварување на своите функции согласно со Уставот и законите. Советот е составен од 15 члена, од кои по функција негови членови се претседателот на Врховниот суд на Република Македонија и министерот за правда. Според Законот за Судски совет, членовите на Советот по функција учествуваат во работата на Советот без право на глас, но не учествуваат во работата на седниците на Советот на кои се расправа и одлучува за поведена постапка за утврдување на одговорност, избор или разрешување на судија или претседател на суд. Седницата треба да продолжи со расправа за формирање на комисии на известители по поднесени барања за утврдување на одговорност на судија/претседател на суд.

The post Судскиот совет ја запре постапката за утврдување одговорност на Беса Адеми appeared first on Република.

]]>
ДУИ не правеле притисок врз Беса Адеми, но државата била мала и сите знаеле еден за друг https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dui-ne-pravele-pritisok-vrz-besa-ademi-no-drzhavata-bila-mala-i-site-znaele-eden-za-drug/ Fri, 12 Jan 2024 07:26:39 +0000 https://republika.mk/?p=732176

За претседателката на Врховниот суд Беса Адеми Артан Груби рече дека тие не и прават притисоци на Адеми.

-Нема потреба за притисоци на Адеми. Таа треба да си ја работи својата работа, рече Груби.  Посочи дека Адеми се познава со многу политичари бидејќи државата е мала и како што рече „сите знаеме еден за друг“.

https://republika.mk/vesti/makedonija/grubi-bekim-neziri-mi-e-drugar-kako-i-premtim-berisha/

The post ДУИ не правеле притисок врз Беса Адеми, но државата била мала и сите знаеле еден за друг appeared first on Република.

]]>

За претседателката на Врховниот суд Беса Адеми Артан Груби рече дека тие не и прават притисоци на Адеми.
-Нема потреба за притисоци на Адеми. Таа треба да си ја работи својата работа, рече Груби.  Посочи дека Адеми се познава со многу политичари бидејќи државата е мала и како што рече „сите знаеме еден за друг“.
https://republika.mk/vesti/makedonija/grubi-bekim-neziri-mi-e-drugar-kako-i-premtim-berisha/

The post ДУИ не правеле притисок врз Беса Адеми, но државата била мала и сите знаеле еден за друг appeared first on Република.

]]>
Денеска Судскиот совет ќе одлучува за иницијативата за дисциплинска одговорност на Адеми https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/deneska-sudskiot-sovet-ke-odluchuva-za-initsijativata-za-distsiplinska-odgovornost-na-ademi/ Fri, 29 Dec 2023 07:56:59 +0000 https://republika.mk/?p=727674

Судскиот совет денеска на јавна седница ќе одлучува по иницијативата за дисциплинска одговорност на претседателката на Врховниот суд Беса Адеми.

Според Законот за Судски совет, постапката за утврдување одговорност на судија е од доверлив карактер и треба да биде без присуство на јавноста, но судијката Адеми побарала на сослушувањето на биде присутна јавноста, односно да бидат присутни медиумите. Судскиот совет со осум гласа „за“ одлучи да го прифати барањето на судијката.

Иницијативата за дисциплинска одговорност со разрешување беше поднесена откако Адеми посочи дека судот со којшто раководи се соочува со политички притисоци и закани од разрешување на врховни судии.

 

The post Денеска Судскиот совет ќе одлучува за иницијативата за дисциплинска одговорност на Адеми appeared first on Република.

]]>

Судскиот совет денеска на јавна седница ќе одлучува по иницијативата за дисциплинска одговорност на претседателката на Врховниот суд Беса Адеми. Според Законот за Судски совет, постапката за утврдување одговорност на судија е од доверлив карактер и треба да биде без присуство на јавноста, но судијката Адеми побарала на сослушувањето на биде присутна јавноста, односно да бидат присутни медиумите. Судскиот совет со осум гласа „за“ одлучи да го прифати барањето на судијката. Иницијативата за дисциплинска одговорност со разрешување беше поднесена откако Адеми посочи дека судот со којшто раководи се соочува со политички притисоци и закани од разрешување на врховни судии.  

The post Денеска Судскиот совет ќе одлучува за иницијативата за дисциплинска одговорност на Адеми appeared first on Република.

]]>
Судскиот совет в петок на јавна седница ќе одлучува за дисциплинска одговорност на судијката Беса Адеми https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/sudskiot-sovet-v-petok-na-javna-sednitsa-ke-odluchuva-za-distsiplinska-odgovornost-na-sudijkata-besa-ademi/ Tue, 26 Dec 2023 18:08:41 +0000 https://republika.mk/?p=726910

Судскиот совет попладнево со осум гласа „за“ одлучи да биде јавна седницата на која ќе се одлучува по иницијативата за дисциплинска одговорност на претседателката на Врховниот суд Беса Адеми. Седницата е закажана за овој петок.

Според Законот за Судски совет, постапката за утврдување одговорност на судија е од доверлив карактер и треба да биде без присуство на јавноста, но судијката Адеми побарала на сослушувањето на биде присутна јавноста, односно да бидат присутни медиумите.

Иницијативата за дисциплинска одговорност со разрешување беше поднесена откако Адеми во интервју за САКАМДАКАЖАМ.МК посочи дека судот со којшто раководи се соочува со политички притисоци и закани од разрешување на врховни судии.

The post Судскиот совет в петок на јавна седница ќе одлучува за дисциплинска одговорност на судијката Беса Адеми appeared first on Република.

]]>

Судскиот совет попладнево со осум гласа „за“ одлучи да биде јавна седницата на која ќе се одлучува по иницијативата за дисциплинска одговорност на претседателката на Врховниот суд Беса Адеми. Седницата е закажана за овој петок. Според Законот за Судски совет, постапката за утврдување одговорност на судија е од доверлив карактер и треба да биде без присуство на јавноста, но судијката Адеми побарала на сослушувањето на биде присутна јавноста, односно да бидат присутни медиумите. Иницијативата за дисциплинска одговорност со разрешување беше поднесена откако Адеми во интервју за САКАМДАКАЖАМ.МК посочи дека судот со којшто раководи се соочува со политички притисоци и закани од разрешување на врховни судии.

The post Судскиот совет в петок на јавна седница ќе одлучува за дисциплинска одговорност на судијката Беса Адеми appeared first on Република.

]]>
Претседателката на Врховен суд Беса Адеми може да биде разрешена на иницијатива на член на Судскиот совет https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pretsedatelkata-na-vrhoven-sud-besa-ademi-mozhe-da-bide-razreshena-na-initsijativa-na-chlen-na-sudskiot-sovet/ Thu, 21 Dec 2023 20:05:20 +0000 https://republika.mk/?p=725446

Два дена пред Нова година Судскиот совет ќе расправа за разрешување на претседателката на Врховниот суд Беса Адеми, на иницијатива поднесена од еден член на Советот, објави ТВ Телма. Од Судскиот совет не ја потврдуваат ниту ја демантираат информацијата, со оглед дека постапката за утврдување на одговорност на судија е тајна, но за неа неодамна зборуваше самата претседателка Адеми, која на медиумите индиректно им потврди дека има постапка.

Мојата работа и работата на Врховниот суд се позитивно оценети во извештаите на ЕУ. Евентуално такво барање мора да ги предвиди и овие факти и аргументи. Знаете дека постапките по вакви барања се од доверлив карактер, но јас би барала јавност на постапката – рече Адеми

Законот за Судски совет пропишува дека постапката е од доверлив карактер и се води без присуство на јавноста, но по барање на судијата, Советот може да одлучи постапката да биде јавна со гласање на членовите на ова тело.

Лошите односи помеѓу Судскиот совет и претседателката на највисокиот суд во државата ескалира минатиот месец, откако Адеми во интервју рече дека на судиите им се вршат притисоци, но не прецизираше врз кои судии и какви се притисоците. Претседателката на Врховен тогаш рече дека „постојат ситуации на обиди за директно мешање на политиката и на другите власти поради реализација на агенди кои не се во корелација на владеењето на правото и на надлежностите на судската власт, но тие како Врховен суд нема да дозволат да се наруши независноста на судството и со тоа да падне неговиот углед“. Адеми претходно за притисоци врз судството ѝ се пожали и на американската амбасадорка Анџела Агелер.

По интервјуто, Судскиот совет ја покани да каже врз кој судија е вршен притисок и како, зашто должност на Советот е да ја штити независноста на судиите, но Адеми не дојде, образложувајќи дека досега повеќепати се укажувало на притисоци врз судството во официјални извештаи и во медиумски натписи, но Судскиот совет никого не повикал на разговор. Адеми во писмото спомена и дека претходните две претседателки на Судскиот совет по смените дале изјави дека трпеле притисоци од политички и од бизнис-кругови, ама Судскиот совет не испитал кој ги вршел тие притисоци. Според Адеми, доставувањето покани и организирање работни средби за новинарски написи и интервјуа ниту е соодветно, ниту пак е во надлежност на Судскиот совет.

На ова, од Судскиот совет најавија дека тие ќе одат во работни посети во Врховниот суд или ќе ги кани судиите во Советот и ќе разговараат со секој судија поединечно за тоа дали некој им врши притисок во одлучувањето. Членовите на Советот тогаш на прес-конференција најавија дека нема да се откажат од тоа да дознаат дали, кој и какви притисоци врши врз Врховниот суд, а она што ќе го откријат ќе го пријават во Јавното обвинителство и ќе го споделат со јавноста.

The post Претседателката на Врховен суд Беса Адеми може да биде разрешена на иницијатива на член на Судскиот совет appeared first on Република.

]]>

Два дена пред Нова година Судскиот совет ќе расправа за разрешување на претседателката на Врховниот суд Беса Адеми, на иницијатива поднесена од еден член на Советот, објави ТВ Телма. Од Судскиот совет не ја потврдуваат ниту ја демантираат информацијата, со оглед дека постапката за утврдување на одговорност на судија е тајна, но за неа неодамна зборуваше самата претседателка Адеми, која на медиумите индиректно им потврди дека има постапка.
Мојата работа и работата на Врховниот суд се позитивно оценети во извештаите на ЕУ. Евентуално такво барање мора да ги предвиди и овие факти и аргументи. Знаете дека постапките по вакви барања се од доверлив карактер, но јас би барала јавност на постапката – рече Адеми
Законот за Судски совет пропишува дека постапката е од доверлив карактер и се води без присуство на јавноста, но по барање на судијата, Советот може да одлучи постапката да биде јавна со гласање на членовите на ова тело. Лошите односи помеѓу Судскиот совет и претседателката на највисокиот суд во државата ескалира минатиот месец, откако Адеми во интервју рече дека на судиите им се вршат притисоци, но не прецизираше врз кои судии и какви се притисоците. Претседателката на Врховен тогаш рече дека „постојат ситуации на обиди за директно мешање на политиката и на другите власти поради реализација на агенди кои не се во корелација на владеењето на правото и на надлежностите на судската власт, но тие како Врховен суд нема да дозволат да се наруши независноста на судството и со тоа да падне неговиот углед“. Адеми претходно за притисоци врз судството ѝ се пожали и на американската амбасадорка Анџела Агелер. По интервјуто, Судскиот совет ја покани да каже врз кој судија е вршен притисок и како, зашто должност на Советот е да ја штити независноста на судиите, но Адеми не дојде, образложувајќи дека досега повеќепати се укажувало на притисоци врз судството во официјални извештаи и во медиумски натписи, но Судскиот совет никого не повикал на разговор. Адеми во писмото спомена и дека претходните две претседателки на Судскиот совет по смените дале изјави дека трпеле притисоци од политички и од бизнис-кругови, ама Судскиот совет не испитал кој ги вршел тие притисоци. Според Адеми, доставувањето покани и организирање работни средби за новинарски написи и интервјуа ниту е соодветно, ниту пак е во надлежност на Судскиот совет. На ова, од Судскиот совет најавија дека тие ќе одат во работни посети во Врховниот суд или ќе ги кани судиите во Советот и ќе разговараат со секој судија поединечно за тоа дали некој им врши притисок во одлучувањето. Членовите на Советот тогаш на прес-конференција најавија дека нема да се откажат од тоа да дознаат дали, кој и какви притисоци врши врз Врховниот суд, а она што ќе го откријат ќе го пријават во Јавното обвинителство и ќе го споделат со јавноста.

The post Претседателката на Врховен суд Беса Адеми може да биде разрешена на иницијатива на член на Судскиот совет appeared first on Република.

]]>
Претседателката на Врховниот суд: Во интерес на граѓаните и државата е да се надмине состојбата во Судскиот совет https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pretsedatelot-na-vrhovniot-sud-vo-interes-na-graganite-i-drzhavata-e-da-se-nadmine-sostojbata-vo-sudskiot-sovet/ Fri, 28 Apr 2023 08:57:25 +0000 https://republika.mk/?p=634880

Врховниот суд како и целата јавност внимателно ги следи случувањата во Судскиот совет.

Врховниот суд како највисок суд во државата и носител на судската власт истакнува дека во овој клучен период за државата, сите чинители во судството мора да го насочат своето дејствување кон остварување на препораките нотирани во релевантните извештаи за напредокот на Република  Македонија, како што се Извештајот на Европската комисија и Извештајот на Стејт департментот.

Го охрабруваме Судскиот совет да ја надмине состојбата првенствено во интерес на граѓаните и во таа насока да продолжат напорите за подготовка на Стратегијата за реформи на правосудството, потребните законски измени и примената на европските стандарди, независноста и ефикасноста на судството, борбата против корупцијата, транспарентноста и враќањето на јавната доверба, се вели во соопштението на претседателката на Врховен, Беса Адеми.

The post Претседателката на Врховниот суд: Во интерес на граѓаните и државата е да се надмине состојбата во Судскиот совет appeared first on Република.

]]>

Врховниот суд како и целата јавност внимателно ги следи случувањата во Судскиот совет. Врховниот суд како највисок суд во државата и носител на судската власт истакнува дека во овој клучен период за државата, сите чинители во судството мора да го насочат своето дејствување кон остварување на препораките нотирани во релевантните извештаи за напредокот на Република  Македонија, како што се Извештајот на Европската комисија и Извештајот на Стејт департментот. Го охрабруваме Судскиот совет да ја надмине состојбата првенствено во интерес на граѓаните и во таа насока да продолжат напорите за подготовка на Стратегијата за реформи на правосудството, потребните законски измени и примената на европските стандарди, независноста и ефикасноста на судството, борбата против корупцијата, транспарентноста и враќањето на јавната доверба, се вели во соопштението на претседателката на Врховен, Беса Адеми.

The post Претседателката на Врховниот суд: Во интерес на граѓаните и државата е да се надмине состојбата во Судскиот совет appeared first on Република.

]]>