Берлинскиот процес Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/berlinskiot-protses/ За подобро да се разбереме Mon, 14 Oct 2024 09:23:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Берлинскиот процес Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/berlinskiot-protses/ 32 32 Почна состанокот на Берлинскиот процес https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/pochna-sostanokot-na-berlinskiot-protses/ Mon, 14 Oct 2024 09:04:02 +0000 https://republika.mk/?p=826442

Во Берлин денеска почна средбата на лидерите на земјите од Западен Балкан и претставници на Европската унија во рамките на Берлинскиот процес.

На самитот дојдоа премиерот на Македонија Христијан Мицкоски, на Србија Милош Вучевиќ, на Црна Гора Милојко Спајиќ, на Хрватска Андреј Пленковиќ, на Албанија Еди Рама, на Косово Албин Курти, на Унгарија Виктор Орбан, претседателката на Советот на министри на БиХ Борјана Кришто, претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен. Домаќин е германскиот канцелар Олаф Шолц.

Берлинскиот процес започна во 2014 година, на иницијатива на тогашната германска канцеларка Ангела Меркел, како формат за регионална соработка и поддршка за приближување на регионот на ЕУ.

Канцеларот Шолц ќе разговара со учесниците на две работни средби, како и на работен ручек, а темите ќе бидат „Регионална соработка и единствен регионален пазар“, „Зелена агенда за Западен Балкан, поврзаност и енергија“, како и идни планови на Берлинскиот процес.

Дополнително, шесте партнери од Западен Балкан ќе потпишат заедничка декларација за новиот Акциски план за единствен регионален пазар, како и договор за мобилност „Пристап до студии“.

На крајот на самитот е предвидена заедничка прес-конференција на канцеларот Шолц и претседателот на Европската комисија.

The post Почна состанокот на Берлинскиот процес appeared first on Република.

]]>

Во Берлин денеска почна средбата на лидерите на земјите од Западен Балкан и претставници на Европската унија во рамките на Берлинскиот процес. На самитот дојдоа премиерот на Македонија Христијан Мицкоски, на Србија Милош Вучевиќ, на Црна Гора Милојко Спајиќ, на Хрватска Андреј Пленковиќ, на Албанија Еди Рама, на Косово Албин Курти, на Унгарија Виктор Орбан, претседателката на Советот на министри на БиХ Борјана Кришто, претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен. Домаќин е германскиот канцелар Олаф Шолц. Берлинскиот процес започна во 2014 година, на иницијатива на тогашната германска канцеларка Ангела Меркел, како формат за регионална соработка и поддршка за приближување на регионот на ЕУ. Канцеларот Шолц ќе разговара со учесниците на две работни средби, како и на работен ручек, а темите ќе бидат „Регионална соработка и единствен регионален пазар“, „Зелена агенда за Западен Балкан, поврзаност и енергија“, како и идни планови на Берлинскиот процес. Дополнително, шесте партнери од Западен Балкан ќе потпишат заедничка декларација за новиот Акциски план за единствен регионален пазар, како и договор за мобилност „Пристап до студии“. На крајот на самитот е предвидена заедничка прес-конференција на канцеларот Шолц и претседателот на Европската комисија.

The post Почна состанокот на Берлинскиот процес appeared first on Република.

]]>
Мицкоски учествуваше на првата сесија од „Берлинскиот процес“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-uchestvuvashe-na-prvata-sesija-od-berlinskiot-protses/ Mon, 14 Oct 2024 08:53:29 +0000 https://republika.mk/?p=826428

Премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски учествуваше на првата сесија од „Берлинскиот процес“ посветен на регионалната соработка и заедничкиот регионален пазар.

Учествував во првата сесија од „Берлинскиот процес“ посветен на регионалната соработка и заедничкиот регионален пазар, што е форма за поблиска соработка и операционализирање на стратегијата за економски развој на државите од Балканот. Ние мора да го пронајдеме нашиот интерес во отворање на нови можности и пазари за нашите компании, нови форми на соработка и обезбедување на посигурна иднина, пишува на својата Фејсбук страница премиерот Мицкоски.

The post Мицкоски учествуваше на првата сесија од „Берлинскиот процес“ appeared first on Република.