берлински ѕид Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/berlinski-dzid/ За подобро да се разбереме Sun, 18 Jun 2023 09:46:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png берлински ѕид Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/berlinski-dzid/ 32 32 Во Берлин откриен тунел за бегство од Источна Германија од времето на Студената војна https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vo-berlin-otkrien-tunel-za-begstvo-od-istochna-germanija-od-vremeto-na-studenata-vojna/ Sun, 18 Jun 2023 09:46:45 +0000 https://republika.mk/?p=652712

Тесен тунел за бегство ископан под Берлинскиот ѕид од времето на Студената војна неодамна е откриен за време на градежни работи во германскиот главен град.

Тунелот, кој е само 50 сантиметри широк и 70 сантиметри висок, е откриен под улица во центарот на Берлин, која некогаш била утврдена граница меѓу Источен Берлин, комунистичка Источна Германија и енклавата Западен Берлин, контролирана од западните сојузници.

Тунелот бил откриен на почетокот на месецов за време на изградбата на нова станбена зона, информира локалниот берлински весник „БЗ“.

За постоењето на тунелот веќе се знаеше, но геофизичките студии покажуваа дека тој е подлабоко под земја, вели за весникот официјален претставник од канцеларијата за заштита на историјата во Берлин.

Источногерманскиот режим го изгради Берлинскиот ѕид за да ги спречи граѓаните да бегаат во капиталистичка Западна Германија. Поради тоа, многу луѓе се обидувале да дојдат на запад преку подземни патишта.

Според Меморијалот на Берлинскиот ѕид, имало најмалку 12 други тунели за бегство ископани долж делот на улицата Бернауер каде што бил откриен последниот тунел.

Портпаролот на градежната компанија изјави дека тие не сакаат да го уништат тунелот или да го полнат со бетон и оти ќе преземат чекори да го зачуваат за истражувачки цели.

The post Во Берлин откриен тунел за бегство од Источна Германија од времето на Студената војна appeared first on Република.

]]>

Тесен тунел за бегство ископан под Берлинскиот ѕид од времето на Студената војна неодамна е откриен за време на градежни работи во германскиот главен град. Тунелот, кој е само 50 сантиметри широк и 70 сантиметри висок, е откриен под улица во центарот на Берлин, која некогаш била утврдена граница меѓу Источен Берлин, комунистичка Источна Германија и енклавата Западен Берлин, контролирана од западните сојузници. Тунелот бил откриен на почетокот на месецов за време на изградбата на нова станбена зона, информира локалниот берлински весник „БЗ“.
За постоењето на тунелот веќе се знаеше, но геофизичките студии покажуваа дека тој е подлабоко под земја, вели за весникот официјален претставник од канцеларијата за заштита на историјата во Берлин.
Источногерманскиот режим го изгради Берлинскиот ѕид за да ги спречи граѓаните да бегаат во капиталистичка Западна Германија. Поради тоа, многу луѓе се обидувале да дојдат на запад преку подземни патишта. Според Меморијалот на Берлинскиот ѕид, имало најмалку 12 други тунели за бегство ископани долж делот на улицата Бернауер каде што бил откриен последниот тунел. Портпаролот на градежната компанија изјави дека тие не сакаат да го уништат тунелот или да го полнат со бетон и оти ќе преземат чекори да го зачуваат за истражувачки цели.

The post Во Берлин откриен тунел за бегство од Источна Германија од времето на Студената војна appeared first on Република.

]]>
Kaко берлински на времето: Украина гради ѕид на границата со Белорусија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/kako-berlinski-na-vremeto-ukraina-gradi-dzid-na-granicata-so-belorusija/ Sat, 12 Nov 2022 07:07:19 +0000 https://republika.mk/?p=572927

Украина гради армиран бетонски ѕид на границата со Белорусија, како и други утврдувања, соопшти денеска советникот на украинскиот претседател Кирило Тимошенко.

Тимошенко изјави дека во Волинската област на границата со Белорусија, која Украина ја гледа како закана, бил изграден ѕид од три километри и зајакнат со бодликава жица.

Тој додаде дека во близина на ѕидот има вреќи со песок и ровови, а објави и фотографии на кои се гледа како обезбедувањето ја одвиткува бодликавата жица во близина на ѕидот, кој изгледа е висок повеќе од два метри.

Тимошенко изјави дека се во тек и други работи во регионите Ровењска и Житомир, но не објасни за што се работи.

Границата на Украина со Белорусија е долга повеќе од 1.000 километри

The post Kaко берлински на времето: Украина гради ѕид на границата со Белорусија appeared first on Република.

]]>

Украина гради армиран бетонски ѕид на границата со Белорусија, како и други утврдувања, соопшти денеска советникот на украинскиот претседател Кирило Тимошенко. Тимошенко изјави дека во Волинската област на границата со Белорусија, која Украина ја гледа како закана, бил изграден ѕид од три километри и зајакнат со бодликава жица. Тој додаде дека во близина на ѕидот има вреќи со песок и ровови, а објави и фотографии на кои се гледа како обезбедувањето ја одвиткува бодликавата жица во близина на ѕидот, кој изгледа е висок повеќе од два метри. Тимошенко изјави дека се во тек и други работи во регионите Ровењска и Житомир, но не објасни за што се работи. Границата на Украина со Белорусија е долга повеќе од 1.000 километри

The post Kaко берлински на времето: Украина гради ѕид на границата со Белорусија appeared first on Република.

]]>
Еме Фритинкер направи цртеж на оскаровската шлаканица на Берлинскиот ѕид https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/eme-fritinker-napravi-crtez-na-oskarovskata-shlakanica-na-berlinskiot-dzid/ Fri, 01 Apr 2022 09:20:56 +0000 https://republika.mk/?p=481841

Доминиканскиот уметник Хесус Круз Артилес, кој го носи псевдонимот Еме Фритинкер, е автор на цртежот во Берлину на кој е прикажан инцидентот при кој Вил Смит му удри шлаканица на колегата Крис Рок.

„Извинете… не можам да одолеам“, напиша Артилес на Инстаграм и поруча: „Како ви оди во стварниот живот?“

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Eme Freethinker (@eme_freethinker)

The post Еме Фритинкер направи цртеж на оскаровската шлаканица на Берлинскиот ѕид appeared first on Република.

]]>

Доминиканскиот уметник Хесус Круз Артилес, кој го носи псевдонимот Еме Фритинкер, е автор на цртежот во Берлину на кој е прикажан инцидентот при кој Вил Смит му удри шлаканица на колегата Крис Рок.
„Извинете… не можам да одолеам“, напиша Артилес на Инстаграм и поруча: „Како ви оди во стварниот живот?“
 
View this post on Instagram
 

A post shared by Eme Freethinker (@eme_freethinker)

The post Еме Фритинкер направи цртеж на оскаровската шлаканица на Берлинскиот ѕид appeared first on Република.

]]>