Берлиенале Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/berlienale/ За подобро да се разбереме Sun, 25 Feb 2024 13:36:22 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Берлиенале Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/berlienale/ 32 32 Францускиот документарен филм „Дахомеј“ за враќањето на конфискуваните уметнички дела во Африка ограбени од европските земји победник на Бериенале https://arhiva3.republika.mk/scena/film/frantsuskiot-dokumentaren-film-dahomej-za-vrakaneto-na-konfiskuvanite-umetnichki-dela-vo-afrika-ograbeni-od-evropskite-zemji-pobednik-na-berienale/ Sun, 25 Feb 2024 13:37:38 +0000 https://republika.mk/?p=748114

Добитник на Златната мечка за најдобар филм на овогодинешното Берлинале е францускиот експериментален документарен филм „Дахомеј“, кој го тематизира враќањето на конфискуваните уметнички дела во Африка ограбени од европските земји во колонијалниот период.

Би сакала да му се заблагодарам на народот на Сенегал за борбата за демократија, рече режисерката на победничкиот филм, Мати Диоп, во саботата откако ѝ беше врачена Златната мечка на овогодинешното 74-то Берлинале за најдобар филм во главната конкуренција.

Режисерката, којашто има сенегалско потекло, во својот говор ја изрази својата поддршка за Палестина.

Документарецот го следи враќањето на 26 скулптури од Франција во денешен Бенин, од кој овие уметнички дела биле оттуѓени за време на француската колонијална власт во XIX век.

Големата награда на жирито му беше доделена на јужнокорејскиот режисер Хонг Сангсу за филмот „”A traveler’s needs” во кој главната улога ја толкува француската актерка Изабел Ипер.

Германскиот автор Матијас Гласнер ја доби Сребрената мечка за најдобро сценарио за неговиот филм „Умирање“.

Американскиот актер Себастијан Стен ја доби Сребрената мечка за најдобра машка улога за улогата во филмот „A Different Man“, а британската актерка Емили Вотсон ја освои Сребрената мечка за најдобра споредна женска улога за филмот „Small Things Like these“.

Сребрената мечка за најдобра режија му беше доделена на режисерот од Доминиканската Република, Нелсон Карлос Де Лос Сантос Ариас, за документарниот филм „Pepe“, кој се фокусира на судбината на еден од нилските коњи кои колумбискиот наркобос Пабло Ескобар му ги донел во својата зоолошка градина.

Во вторникот почесната Златна мечка за животно дело му беше врачена на американскиот режисер Мартин Скорсезе.

На овогодинешното Берлинале беа прикажани 233 филмови, од кои 20 беа во главната програма. Меѓународниот филмски фестивал во Берлин, кој започна на 15-ти февруари, завршува в недела со проекциите резервирани за пошироката публика.

Ова е последно Берлинале под водство на тандемот Мариет Рисенбек и Карло Чатријан, кои го презедоа водството во 2020 година. Од пролетта, водството на Берлиналето, кое заедно со фестивалите во Кан и во Венеција, важи за една од најзначајните филмски смотри, го презема американската филмска менаџерка и поранешна шефица на Лондонскиот филмски фестивал, Триша Татл.

Критичарите укажуваат на натамошното губење на важноста на Берлинале, кое со години го губи значењето што го имаше за време на Студената војна, кога Берлин беше симбол на поделениот свет.

The post Францускиот документарен филм „Дахомеј“ за враќањето на конфискуваните уметнички дела во Африка ограбени од европските земји победник на Бериенале appeared first on Република.

]]>

Добитник на Златната мечка за најдобар филм на овогодинешното Берлинале е францускиот експериментален документарен филм „Дахомеј“, кој го тематизира враќањето на конфискуваните уметнички дела во Африка ограбени од европските земји во колонијалниот период.
Би сакала да му се заблагодарам на народот на Сенегал за борбата за демократија, рече режисерката на победничкиот филм, Мати Диоп, во саботата откако ѝ беше врачена Златната мечка на овогодинешното 74-то Берлинале за најдобар филм во главната конкуренција.
Режисерката, којашто има сенегалско потекло, во својот говор ја изрази својата поддршка за Палестина. Документарецот го следи враќањето на 26 скулптури од Франција во денешен Бенин, од кој овие уметнички дела биле оттуѓени за време на француската колонијална власт во XIX век. Големата награда на жирито му беше доделена на јужнокорејскиот режисер Хонг Сангсу за филмот „”A traveler’s needs” во кој главната улога ја толкува француската актерка Изабел Ипер. Германскиот автор Матијас Гласнер ја доби Сребрената мечка за најдобро сценарио за неговиот филм „Умирање“. Американскиот актер Себастијан Стен ја доби Сребрената мечка за најдобра машка улога за улогата во филмот „A Different Man“, а британската актерка Емили Вотсон ја освои Сребрената мечка за најдобра споредна женска улога за филмот „Small Things Like these“. Сребрената мечка за најдобра режија му беше доделена на режисерот од Доминиканската Република, Нелсон Карлос Де Лос Сантос Ариас, за документарниот филм „Pepe“, кој се фокусира на судбината на еден од нилските коњи кои колумбискиот наркобос Пабло Ескобар му ги донел во својата зоолошка градина. Во вторникот почесната Златна мечка за животно дело му беше врачена на американскиот режисер Мартин Скорсезе. На овогодинешното Берлинале беа прикажани 233 филмови, од кои 20 беа во главната програма. Меѓународниот филмски фестивал во Берлин, кој започна на 15-ти февруари, завршува в недела со проекциите резервирани за пошироката публика. Ова е последно Берлинале под водство на тандемот Мариет Рисенбек и Карло Чатријан, кои го презедоа водството во 2020 година. Од пролетта, водството на Берлиналето, кое заедно со фестивалите во Кан и во Венеција, важи за една од најзначајните филмски смотри, го презема американската филмска менаџерка и поранешна шефица на Лондонскиот филмски фестивал, Триша Татл. Критичарите укажуваат на натамошното губење на важноста на Берлинале, кое со години го губи значењето што го имаше за време на Студената војна, кога Берлин беше симбол на поделениот свет.

The post Францускиот документарен филм „Дахомеј“ за враќањето на конфискуваните уметнички дела во Африка ограбени од европските земји победник на Бериенале appeared first on Република.

]]>
Скорсезе е добитник на почесната Златна мечка за животно дело на овогодинешниот Берлински филмски фестивал https://arhiva3.republika.mk/scena/film/skorseze-e-dobitnik-na-pochesnata-zlatna-mechka-za-zhivotno-delo-na-ovogodineshniot-berlinski-filmski-festival/ Wed, 21 Feb 2024 12:41:48 +0000 https://republika.mk/?p=746559

Скорсезе е добитник на почесната Златна мечка за животно дело на овогодинешниот Берлински филмски фестивал.

Во текот на својата кариера создаде бројни ремек-дела. Од 1967 година во раце ја држел режисерската палка во 26 играни филмови, а има режирано и бројни документарни филмови. Неговото последно дело е „Убијци на цветната месечина“ кој се заснова на историски факти и беше номиниран во десет категории за Оскар, вклучувајќи ја и номинацијата на Лили Гладстон за најдобра актерка. Со тоа таа стана првата припадничка на американската популација на домородци која е номинирана за Оскар во категоријата за најдобра актерка.

The post Скорсезе е добитник на почесната Златна мечка за животно дело на овогодинешниот Берлински филмски фестивал appeared first on Република.

]]>

Скорсезе е добитник на почесната Златна мечка за животно дело на овогодинешниот Берлински филмски фестивал. Во текот на својата кариера создаде бројни ремек-дела. Од 1967 година во раце ја држел режисерската палка во 26 играни филмови, а има режирано и бројни документарни филмови. Неговото последно дело е „Убијци на цветната месечина“ кој се заснова на историски факти и беше номиниран во десет категории за Оскар, вклучувајќи ја и номинацијата на Лили Гладстон за најдобра актерка. Со тоа таа стана првата припадничка на американската популација на домородци која е номинирана за Оскар во категоријата за најдобра актерка.

The post Скорсезе е добитник на почесната Златна мечка за животно дело на овогодинешниот Берлински филмски фестивал appeared first on Република.

]]>
Спилберг доби награда за животно дело на Берлиенале: Ако сакате да бидете филмски режисер, пишувајте, приказните ќе ја натераат публиката да ви обрне внимание, а не кадрите https://arhiva3.republika.mk/scena/film/spilberg-dobi-nagrada-za-zhivotno-delo-na-berlienale-ako-sakate-da-bidete-filmski-rezhiser-pishuvajte-prikaznite-ke-ja-nateraat-publikata-da-vi-obrne-vnimanie-a-ne-kadrite/ Fri, 24 Feb 2023 09:18:49 +0000 https://republika.mk/?p=612651

Режисерот оскаровец Стивен Спилберг се закити со уште еден трофеј –  награда за животно дело – која му беше врачена во рамките на Берлинскиот филмски фестивал.

Еден ден потоа медиумите ја пофалија неговата решеност да продолжи да снима, без разлика на неговата возраст.

Во говорот по добивањето на „Златната мечка“, Спилберг изјави дека можноста за снимање нови филмови и понатаму го возбудува иако има 76 години.

Режисерот, чии заслуги вклучуваат некои од најуспешните и најомилени дела во историјата на кинематографијата, меѓу кои „Е.Т. вонземјанинот“, „Ајкула“, „Индијана Џонс“ и многу други, штотуку заврши два филма еден по друг: полуавтобиографскиот „Фабелман“ и „Приказната од западната страна“, адаптација на бродвејски мјузикл од 1957 година.

Што и да беше тоа што ме обзеде како мало дете е истото чувство што го имав сите тие децении подоцна, им рече тој на новинарите во вторникот.

Кога ќе најдам книга или сценарио или ќе дојдам до оригинална идеја што мислам дека би направила добар филм: таа возбуда… надминува сè.

Спилберг сега го финализира сценариото оставено недовршено од својот близок пријател Стенли Кјубрик, кој почина во 1999 година.

Подготвуваме голема продукција за Ејч-би-о заснована на оригиналното сценарио на Стенли, со наслов „Наполеон“, рече тој. „Лимитирана серија од седум епизоди.“

Спилберг, познат по своите достапни, уверливи филмови, ги советуваше идните филмаџии да почнат со приказна.

Ако сакате да бидете филмски режисер, пред сè, пишувајте“, рече тој. „Затоа што приказните ќе ја натераат публиката да ви обрне внимание вам, а не кадрите“.

The post Спилберг доби награда за животно дело на Берлиенале: Ако сакате да бидете филмски режисер, пишувајте, приказните ќе ја натераат публиката да ви обрне внимание, а не кадрите appeared first on Република.

]]>

Режисерот оскаровец Стивен Спилберг се закити со уште еден трофеј –  награда за животно дело – која му беше врачена во рамките на Берлинскиот филмски фестивал. Еден ден потоа медиумите ја пофалија неговата решеност да продолжи да снима, без разлика на неговата возраст. Во говорот по добивањето на „Златната мечка“, Спилберг изјави дека можноста за снимање нови филмови и понатаму го возбудува иако има 76 години.
Режисерот, чии заслуги вклучуваат некои од најуспешните и најомилени дела во историјата на кинематографијата, меѓу кои „Е.Т. вонземјанинот“, „Ајкула“, „Индијана Џонс“ и многу други, штотуку заврши два филма еден по друг: полуавтобиографскиот „Фабелман“ и „Приказната од западната страна“, адаптација на бродвејски мјузикл од 1957 година.
Што и да беше тоа што ме обзеде како мало дете е истото чувство што го имав сите тие децении подоцна, им рече тој на новинарите во вторникот. Кога ќе најдам книга или сценарио или ќе дојдам до оригинална идеја што мислам дека би направила добар филм: таа возбуда… надминува сè.
Спилберг сега го финализира сценариото оставено недовршено од својот близок пријател Стенли Кјубрик, кој почина во 1999 година.
Подготвуваме голема продукција за Ејч-би-о заснована на оригиналното сценарио на Стенли, со наслов „Наполеон“, рече тој. „Лимитирана серија од седум епизоди.“
Спилберг, познат по своите достапни, уверливи филмови, ги советуваше идните филмаџии да почнат со приказна.
Ако сакате да бидете филмски режисер, пред сè, пишувајте“, рече тој. „Затоа што приказните ќе ја натераат публиката да ви обрне внимание вам, а не кадрите“.

The post Спилберг доби награда за животно дело на Берлиенале: Ако сакате да бидете филмски режисер, пишувајте, приказните ќе ја натераат публиката да ви обрне внимание, а не кадрите appeared first on Република.

]]>
Македонската кинематографија на „Берлинале“ претставена од „М“ на Вардан Тозија и „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветановски https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/makedonskata-kinematografija-na-berlinale-pretstavena-od-m-na-vardan-tozija-i-biznisot-na-zadovolstvoto-na-gotse-tsvetanovski/ Wed, 22 Feb 2023 08:04:14 +0000 https://republika.mk/?p=611735

По две години ограничувања поради пандемијата, оваа година се одржува 73. издание на Берлинскиот филмски фестивал, и ќе трае до 26 февруари. На програмата на Берлинале се повеќе од 300 филмови, а првата проекција беше комедијата „She Came to Me“ во која главните улоги ги толкуваат Ен Хатавеј, Мариса Томеи и Питер Динклиџ, со политички фокус на Иран и Украина. Берлиналето, кое од трите големи европски филмски фестивали го има најсилниот политички фокус, ќе ја одбележи првата годишнина од војната во Украина и протестите против режимот во Иран со нови играни и документарни филмови.

Македонската кинематографија на годинешниот филмски фестивал „Берлинале“ беше претставена од 2 филмови. Филмот „М“ во режија на македонскиот режисер Вардан Тозија и „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветановски кој беше прикажан на Европскиот Филмски маркет. Филмот на Тозија  е фантастична бајка која ја раскажува приказната за осумгодишниот Марко, кој во дистопискиот и опасен свет на нашата блиска иднина е во потрага по својата мајка.

Сценариото е потпишано од Вардан Тозија и Даријан Пејовски, кинематографер е Влатко Самоиловски, сценографијата е на Кирил Спасески Кикич, костимите се на Андреа Кустовиќ и Николина Костаншек, а маскер е Горан Игњатовски. Улогите ги толкуваат Матеј Сиваков, Александар Ничовски, Сашко Коцев, Тони Михајловски, Камка Тоциновска и Бојана Грегориќ Вејзовиќ. Продуцент на „М“ е Фокус покус филмс од Скопје, а филмот е официјална копродукција помеѓу Македонија, Хрватска, Косово и Франција.

Музиката во „Бизнисот на задоволството“ е на Димитар Андоновски. Се работи за трилер во кој новинар истражува случај поврзан со трговија со луѓе, каде посебен акцент е ставен на насилството врз жените. Пораката на филмот е оптимистична – дека, сепак, правдата е посилна од неправдата.

Ова е прв игран филм на Цветановски. Филмот е по негово сценарио, а главната улога ја толкува актерката Слаѓана Вујошевиќ. Општествено-ангажираниот филм, кој има модерен и урбан пристап, се снимаше главно во Скопје и на една локација во Куманово. Директор на фотографијата е Фејми Даут.

Жирито на Берлинале оваа година е предводено од холивудската ѕвезда Кристен Стјуарт, која на 32-годишна возраст е најмладиот претседател во историјата на фестивалот.

Деветнаесет филмови се натпреваруваат за главните награди Златна мечка и Сребрена мечка.

The post Македонската кинематографија на „Берлинале“ претставена од „М“ на Вардан Тозија и „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветановски appeared first on Република.

]]>

По две години ограничувања поради пандемијата, оваа година се одржува 73. издание на Берлинскиот филмски фестивал, и ќе трае до 26 февруари. На програмата на Берлинале се повеќе од 300 филмови, а првата проекција беше комедијата „She Came to Me“ во која главните улоги ги толкуваат Ен Хатавеј, Мариса Томеи и Питер Динклиџ, со политички фокус на Иран и Украина. Берлиналето, кое од трите големи европски филмски фестивали го има најсилниот политички фокус, ќе ја одбележи првата годишнина од војната во Украина и протестите против режимот во Иран со нови играни и документарни филмови. Македонската кинематографија на годинешниот филмски фестивал „Берлинале“ беше претставена од 2 филмови. Филмот „М“ во режија на македонскиот режисер Вардан Тозија и „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветановски кој беше прикажан на Европскиот Филмски маркет. Филмот на Тозија  е фантастична бајка која ја раскажува приказната за осумгодишниот Марко, кој во дистопискиот и опасен свет на нашата блиска иднина е во потрага по својата мајка. Сценариото е потпишано од Вардан Тозија и Даријан Пејовски, кинематографер е Влатко Самоиловски, сценографијата е на Кирил Спасески Кикич, костимите се на Андреа Кустовиќ и Николина Костаншек, а маскер е Горан Игњатовски. Улогите ги толкуваат Матеј Сиваков, Александар Ничовски, Сашко Коцев, Тони Михајловски, Камка Тоциновска и Бојана Грегориќ Вејзовиќ. Продуцент на „М“ е Фокус покус филмс од Скопје, а филмот е официјална копродукција помеѓу Македонија, Хрватска, Косово и Франција. Музиката во „Бизнисот на задоволството“ е на Димитар Андоновски. Се работи за трилер во кој новинар истражува случај поврзан со трговија со луѓе, каде посебен акцент е ставен на насилството врз жените. Пораката на филмот е оптимистична – дека, сепак, правдата е посилна од неправдата. Ова е прв игран филм на Цветановски. Филмот е по негово сценарио, а главната улога ја толкува актерката Слаѓана Вујошевиќ. Општествено-ангажираниот филм, кој има модерен и урбан пристап, се снимаше главно во Скопје и на една локација во Куманово. Директор на фотографијата е Фејми Даут. Жирито на Берлинале оваа година е предводено од холивудската ѕвезда Кристен Стјуарт, која на 32-годишна возраст е најмладиот претседател во историјата на фестивалот. Деветнаесет филмови се натпреваруваат за главните награди Златна мечка и Сребрена мечка.

The post Македонската кинематографија на „Берлинале“ претставена од „М“ на Вардан Тозија и „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветановски appeared first on Република.

]]>
Грчката плажа Хилиаду доби награда на Берлиенале за најдобра европска филмска локација за 2022 година https://arhiva3.republika.mk/scena/film/grchkata-plazha-hiliadu-dobi-nagrada-na-berlienale-za-najdobra-evropska-filmska-lokatsija-za-2022-godina/ Tue, 21 Feb 2023 08:52:41 +0000 https://republika.mk/?p=611391

Наградата за најдобра европска филмска локација за 2022 година, објавена на 73. Филмски фестивал „Берлинале“, ја доби грчката плажа Хилијаду на островот Евијa. Токму таму се снимал филмот „Tриаголник на тагата“ на шведскиот режисер Рубен Остлунд.

Наградата ја доделува Мрежата на Европската филмска комисија (ЕУФЦН). Победникот се одредува со интернет-гласање на публиката.

Грчкиот филмски центар, којшто го предложи филмот на конкурсот, им се заблагодари на сите што учествуваа во гласањето. Тоа почна во ноември лани. Останатите четири филмски локации беа номинирани од Велика Британија, Швајцарија, Германија и Хрватска.

https://www.youtube.com/watch?v=sWrS7f_nS9w

The post Грчката плажа Хилиаду доби награда на Берлиенале за најдобра европска филмска локација за 2022 година appeared first on Република.

]]>

Наградата за најдобра европска филмска локација за 2022 година, објавена на 73. Филмски фестивал „Берлинале“, ја доби грчката плажа Хилијаду на островот Евијa. Токму таму се снимал филмот „Tриаголник на тагата“ на шведскиот режисер Рубен Остлунд. Наградата ја доделува Мрежата на Европската филмска комисија (ЕУФЦН). Победникот се одредува со интернет-гласање на публиката. Грчкиот филмски центар, којшто го предложи филмот на конкурсот, им се заблагодари на сите што учествуваа во гласањето. Тоа почна во ноември лани. Останатите четири филмски локации беа номинирани од Велика Британија, Швајцарија, Германија и Хрватска. https://www.youtube.com/watch?v=sWrS7f_nS9w

The post Грчката плажа Хилиаду доби награда на Берлиенале за најдобра европска филмска локација за 2022 година appeared first on Република.

]]>
Дoкументарен филм за Дона Самер премиерно ќе биде прикажан на Берлинскиот филмски фестивал https://arhiva3.republika.mk/scena/film/dokumentaren-film-za-dona-samer-premierno-ke-bide-prikazhan-na-berlinskiot-filmski-festival/ Tue, 07 Feb 2023 09:25:37 +0000 https://republika.mk/?p=605827

Новиот документарен филм за легендарната диско пејачка Дона Самер ќе има премиера на Меѓународниот филмски фестивал во Берлин.

Филмот, насловен „Love To Love You“, е опишан како „длабоко личен портрет“ на кралицата на диското и нејзиниот подем до слава со хитовите како „I Feel Love“, „MacArthur Park“, „Bad Girls“ и “Hot Stuff”.

Филмот прво ќе биде премиерно прикажан на Берлинскиот филмски фестивал пред да пристигне на „HBO“ и „HBO Max“ во мај.

Документарецот е во режија на режисерот добитник на Оскар и Еми, Роџер Рос Вилијамс и Бруклин Судано, ќерка на Дона Самер, пишува „vibe.com“.

The post Дoкументарен филм за Дона Самер премиерно ќе биде прикажан на Берлинскиот филмски фестивал appeared first on Република.

]]>

Новиот документарен филм за легендарната диско пејачка Дона Самер ќе има премиера на Меѓународниот филмски фестивал во Берлин. Филмот, насловен „Love To Love You“, е опишан како „длабоко личен портрет“ на кралицата на диското и нејзиниот подем до слава со хитовите како „I Feel Love“, „MacArthur Park“, „Bad Girls“ и “Hot Stuff”. Филмот прво ќе биде премиерно прикажан на Берлинскиот филмски фестивал пред да пристигне на „HBO“ и „HBO Max“ во мај. Документарецот е во режија на режисерот добитник на Оскар и Еми, Роџер Рос Вилијамс и Бруклин Судано, ќерка на Дона Самер, пишува „vibe.com“.

The post Дoкументарен филм за Дона Самер премиерно ќе биде прикажан на Берлинскиот филмски фестивал appeared first on Република.

]]>
Гена Теодосиевска избрана за претседател на четирите жирија на меѓународната филмска критика Фипресци на 73.Берлински филмски фестивал https://arhiva3.republika.mk/scena/film/gena-teodosievska-izbrana-za-pretsedatel-na-chetirite-zhirija-na-megunarodnata-filmska-kritika-fiprestsi-na-73-berlinski-filmski-festival/ Fri, 03 Feb 2023 14:00:48 +0000 https://republika.mk/?p=604386

На 73.Берлински филмски фестивал, што годинава се одржува од 16-26 февруари,  за Претседател на четирите жиријата на меѓународната филмска критика Фипресци (Fipresci) е избрана, новинарката и филмска критичарка од Македонија , Гена Теодосиевска.

Позната како искусен ТВ новинар, критичар, фестивалски селектор и познавач на филмските и визуелните уметности, Теодосиевска  беше селектор, уметнички директор и директор на ИФФК „ Браќа Манаки“ (2008-2020), а од 2022 година е назначена за  уметнички директор на ИФФ КИНЕНОВА . Како соработник и продуцент се појавува во 23 кратки видео дела во продукција на МТВ, а беше извршен продуцент на филмот „Судијата“, прикажан на над 30-тина филмски фестивали низ светот, вклучително премиерно и на Венецискиот филмски фестивал во 2001 година.

Во последниве 30 години таа е посветен проследувач, туторинг експерт за документарен и краток филм на неколку европски филмски работилници, координатор на меѓународни копродукциски ТВ проекти и промотор на македонската визуелна уметност.

За член на жири била поканета на повеќе од 25 меѓународни филмски фестивали. Берлиналето е втор фестивал од А катергорија по IDFA во Амстердам , на кој таа е дел од оваа високопочитувана оценувачка комисија.  М-р Гена Теодосиевска е активен член на Македонската секција на Fipresci, а вработена е во МРТ.

МИА

 

The post Гена Теодосиевска избрана за претседател на четирите жирија на меѓународната филмска критика Фипресци на 73.Берлински филмски фестивал appeared first on Република.

]]>

На 73.Берлински филмски фестивал, што годинава се одржува од 16-26 февруари,  за Претседател на четирите жиријата на меѓународната филмска критика Фипресци (Fipresci) е избрана, новинарката и филмска критичарка од Македонија , Гена Теодосиевска. Позната како искусен ТВ новинар, критичар, фестивалски селектор и познавач на филмските и визуелните уметности, Теодосиевска  беше селектор, уметнички директор и директор на ИФФК „ Браќа Манаки“ (2008-2020), а од 2022 година е назначена за  уметнички директор на ИФФ КИНЕНОВА . Како соработник и продуцент се појавува во 23 кратки видео дела во продукција на МТВ, а беше извршен продуцент на филмот „Судијата“, прикажан на над 30-тина филмски фестивали низ светот, вклучително премиерно и на Венецискиот филмски фестивал во 2001 година. Во последниве 30 години таа е посветен проследувач, туторинг експерт за документарен и краток филм на неколку европски филмски работилници, координатор на меѓународни копродукциски ТВ проекти и промотор на македонската визуелна уметност. За член на жири била поканета на повеќе од 25 меѓународни филмски фестивали. Берлиналето е втор фестивал од А катергорија по IDFA во Амстердам , на кој таа е дел од оваа високопочитувана оценувачка комисија.  М-р Гена Теодосиевска е активен член на Македонската секција на Fipresci, а вработена е во МРТ. МИА  

The post Гена Теодосиевска избрана за претседател на четирите жирија на меѓународната филмска критика Фипресци на 73.Берлински филмски фестивал appeared first on Република.

]]>
„Книги на Берлинале“ ќе се одржи онлајн на 14 и 15 февруари како дел од пазарот за копродукција на филмскиот фестивал https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/knigi-na-berlinale-kje-se-odrzi-onlajn-na-14-i-15-fevruari-kako-del-od-pazarot-za-koprodukcija-na-filmskiot-festival/ Fri, 04 Feb 2022 10:41:52 +0000 https://republika.mk/?p=454022

На 14 февруари 2022 година, десет исклучителни книги кои се особено погодни за филмска адаптација ќе бидат претставени на „Книги на Берлинале“ во соработка со Саемот на книга во Франкфурт.

„Книги на Берлинале“ ќе се одржи онлајн на 14 и 15 февруари како дел од пазарот за копродукција на Берлинале (12-16 февруари). Покрај Саемот на книга во Франкфурт, еден од основачите на настанот, настанот „Книги на Берлинале“  е поддржан и од Шпанија, која е почесен гостин на овогодинешниот Саем на книга во Франкфурт.

„Книги на Берлинале“ повторно ќе биде модериран од Сид Атлас, а настанот им овозможува на заинтересираните филмски продуценти да остварат контакт со носителите на филмските права - реномирани, меѓународно активни издавачи и книжевни агенти.

За „Книги на Берлинале“ беа поднесени вкупно 190 предлози од над 30 земји. Потоа беа избрани наслови кои беа препорачани од издавачи, книжевни агенти и автори од Бразил, Камерун, Франција, Грузија, Германија, Израел, Холандија, Швајцарија, Шпанија и Обединетото Кралство. Избраните наслови ја отсликуваат различноста на меѓународниот книжевен пејсаж и се истакнуваат поради исклучителниот потенцијал што го нудат за адаптација како филм или серија. Покрај новите или претстојните книги на автори како Дејвид Гросман, Нино Харатишвили, Моника Хелфер, Бернхард Шлинк и Ема Стонекс, откривање чекаат и романите на Ен Екхоут, Естер Гарсија Лове, Куе Фам и Мишелин Веруншк, информираат од Саемот на книга во Франкфурт.

Следниве наслови ќе бидат претставени на „Книги на Берлинале“ 2022 година (англиски наслов / оригинален наслов, наведен по азбучен ред според организацијата што ја презентира):

The Riff-Raff / Die Bagage (Monika Helfer, Germany), Carl Hanser Verlag / Sibylle Seidel Medienagentur, Germany

The Sound of the Jaguar’s Roar / O som do rugido da onça (Micheliny Verunschk, Brazil), Companhia das Letras, Brazil

Mary / Mary (Anne Eekhout, Netherlands), De Bezige Bij, Netherlands

More Than I Love My Life / איתי החיים משחק הרבה (David Grossman, Israel), Deborah Harris Agency, Israel

The Granddaughter / Die Enkelin (Bernhard Schlink, Germany), Diogenes Verlag, Switzerland

Spanish Beauty / Spanish Beauty (Esther Garcia Llovet, Spain), Editorial Anagrama, Spain

Lack of Light / Das mangelnde Licht (Nino Haratischwili, Georgia), Graf & Graf Literatur- und Medienagentur, Germany

The Lamplighters / The Lamplighters (Emma Stonex, UK), Madeleine Milburn Literary, TV & Film Agency, UK

Impatients / Les Impatientes (Djaïli Amadou Amal, Cameroon), Mediatoon Audiovisual Rights, France

Wherever You Are / Wo auch immer ihr seid (Khuê Phạm, Germany), Penguin Random House Verlagsgruppe, Germany

Избраните книги опфаќаат широк опсег на жанрови, теми и перспективи на литературна и социјална важност и итност. На пример, во нејзиниот роман „Нетрпеливи“ / Les Impatientes, авторката и активистка за човекови права Џаили Амаду Амал од Камерун ги осудува принудните бракови и насилството врз жените во Сахел. Објавена во Франција, најпродаваната книга предизвика дебата и доби бројни награди, информираат организаторите.

Заедно со издавачите и книжевните агенти, филмските продуценти кои се или би сакале да станат активни во областа на книжевните адаптации имаат рок до 9 февруари да се пријават за онлајн презентација на книги преку е-пошта books@berlinale.de.

На 15 февруари ќе се одржи настан за склопување како дел од иницијативата „Книги на Берлинале“, што ќе им овозможи на избраните претставници на издавачките куќи и книжевните агенции да дојдат заедно со филмските продуценти на индивидуални онлајн состаноци. Настанот се организира во соработка со Филмскиот фонд на Холандија.

Пазарот за копродукција на Берлинале (12-16 февруари 2022 година) е поддржан од MDM – Mitteldeutsche Medienförderung и програмата „Креативна Европа“ на Европската Унија – МЕДИА. „Книги на Берлинале“ е заедничка иницијатива на Саемот на книга во Франкфурт и Копродукцискиот пазар Берлинале и се одржува од 2006 година.

Извор: Frankfurter Buchmesse 

The post „Книги на Берлинале“ ќе се одржи онлајн на 14 и 15 февруари како дел од пазарот за копродукција на филмскиот фестивал appeared first on Република.

]]>

На 14 февруари 2022 година, десет исклучителни книги кои се особено погодни за филмска адаптација ќе бидат претставени на „Книги на Берлинале“ во соработка со Саемот на книга во Франкфурт. „Книги на Берлинале“ ќе се одржи онлајн на 14 и 15 февруари како дел од пазарот за копродукција на Берлинале (12-16 февруари). Покрај Саемот на книга во Франкфурт, еден од основачите на настанот, настанот „Книги на Берлинале“  е поддржан и од Шпанија, која е почесен гостин на овогодинешниот Саем на книга во Франкфурт. „Книги на Берлинале“ повторно ќе биде модериран од Сид Атлас, а настанот им овозможува на заинтересираните филмски продуценти да остварат контакт со носителите на филмските права - реномирани, меѓународно активни издавачи и книжевни агенти.
За „Книги на Берлинале“ беа поднесени вкупно 190 предлози од над 30 земји. Потоа беа избрани наслови кои беа препорачани од издавачи, книжевни агенти и автори од Бразил, Камерун, Франција, Грузија, Германија, Израел, Холандија, Швајцарија, Шпанија и Обединетото Кралство. Избраните наслови ја отсликуваат различноста на меѓународниот книжевен пејсаж и се истакнуваат поради исклучителниот потенцијал што го нудат за адаптација како филм или серија. Покрај новите или претстојните книги на автори како Дејвид Гросман, Нино Харатишвили, Моника Хелфер, Бернхард Шлинк и Ема Стонекс, откривање чекаат и романите на Ен Екхоут, Естер Гарсија Лове, Куе Фам и Мишелин Веруншк, информираат од Саемот на книга во Франкфурт.
Следниве наслови ќе бидат претставени на „Книги на Берлинале“ 2022 година (англиски наслов / оригинален наслов, наведен по азбучен ред според организацијата што ја презентира): The Riff-Raff / Die Bagage (Monika Helfer, Germany), Carl Hanser Verlag / Sibylle Seidel Medienagentur, Germany The Sound of the Jaguar’s Roar / O som do rugido da onça (Micheliny Verunschk, Brazil), Companhia das Letras, Brazil Mary / Mary (Anne Eekhout, Netherlands), De Bezige Bij, Netherlands More Than I Love My Life / איתי החיים משחק הרבה (David Grossman, Israel), Deborah Harris Agency, Israel The Granddaughter / Die Enkelin (Bernhard Schlink, Germany), Diogenes Verlag, Switzerland Spanish Beauty / Spanish Beauty (Esther Garcia Llovet, Spain), Editorial Anagrama, Spain Lack of Light / Das mangelnde Licht (Nino Haratischwili, Georgia), Graf & Graf Literatur- und Medienagentur, Germany The Lamplighters / The Lamplighters (Emma Stonex, UK), Madeleine Milburn Literary, TV & Film Agency, UK Impatients / Les Impatientes (Djaïli Amadou Amal, Cameroon), Mediatoon Audiovisual Rights, France Wherever You Are / Wo auch immer ihr seid (Khuê Phạm, Germany), Penguin Random House Verlagsgruppe, Germany
Избраните книги опфаќаат широк опсег на жанрови, теми и перспективи на литературна и социјална важност и итност. На пример, во нејзиниот роман „Нетрпеливи“ / Les Impatientes, авторката и активистка за човекови права Џаили Амаду Амал од Камерун ги осудува принудните бракови и насилството врз жените во Сахел. Објавена во Франција, најпродаваната книга предизвика дебата и доби бројни награди, информираат организаторите.
Заедно со издавачите и книжевните агенти, филмските продуценти кои се или би сакале да станат активни во областа на книжевните адаптации имаат рок до 9 февруари да се пријават за онлајн презентација на книги преку е-пошта books@berlinale.de. На 15 февруари ќе се одржи настан за склопување како дел од иницијативата „Книги на Берлинале“, што ќе им овозможи на избраните претставници на издавачките куќи и книжевните агенции да дојдат заедно со филмските продуценти на индивидуални онлајн состаноци. Настанот се организира во соработка со Филмскиот фонд на Холандија. Пазарот за копродукција на Берлинале (12-16 февруари 2022 година) е поддржан од MDM – Mitteldeutsche Medienförderung и програмата „Креативна Европа“ на Европската Унија – МЕДИА. „Книги на Берлинале“ е заедничка иницијатива на Саемот на книга во Франкфурт и Копродукцискиот пазар Берлинале и се одржува од 2006 година. Извор: Frankfurter Buchmesse 

The post „Книги на Берлинале“ ќе се одржи онлајн на 14 и 15 февруари како дел од пазарот за копродукција на филмскиот фестивал appeared first on Република.

]]>
Берлинскиoт филмски фестивал ќе се одржи со публика, но со изменет програмски концепт https://arhiva3.republika.mk/scena/film/berlinskiot-filmski-festival-kje-se-odrzi-so-publika-no-so-izmenet-programski-koncept/ Thu, 27 Jan 2022 19:04:25 +0000 https://republika.mk/?p=450389

Берлински филмски фестивал ќе се одржи со присуство на публика, но со изменет програмски концепт, соопштија од раководството на „Берлинале“.

Свесни сме за предизвиците што ги носи непредвидливиот тек на пандемијата. Но свесни сме и дека културата игра фундаментална улога во нашето општество – велат од управата на фестивалот.

Посетителите на фестивалот, како професионалците, така и пошироката јавност, ќе можат да влезат во кината само доколку ги исполнат т.н. 2Г + правила. Тоа значи дека е дозволен влез само за вакцинирани лица или оние што го прележале ковид-19, со дополнително прикажување негативен тест. Засега не е познато дали наместо тестирање, ќе биде прифатена потврда за третата доза од вакцината. За време на престојот во кината ќе биде задолжително носењето маски.
Исто така, претставите за стручната публика, кои претходните години се исполнуваа по принципот на редоследот на пристигнување, сега ќе може да се погледнат само со претходно купена карта.

Капацитетите на кината ќе бидат исполнети само до 50 отсто, одлучи управата на фестивалот, по претходен договор со берлинскиот здравствен комитет. Променет е и концептот, така што самиот натпреварувачки дел ќе трае од 10 до 16 февруари, кога ќе бидат претставени победниците.
Другите фестивалски денови до 20 февруари ќе бидат резервирани за пресек на фестивалската програма и ќе бидат наменети исклучиво за општата, а не за стручната публика. Инаку, победниците се прогласуваат на претпоследниот ден од фестивалот, додека последниот ден е резервиран за пошироката јавност.
Исто така, поради пандемијата, годинава по филмските премиери нема да има ниту приеми ниту традиционални забави. Некои делови од фестивалот, како што се Европскиот филмски саем или програмата Млади таленти, ќе се одржуваат исклучиво онлајн.

The post Берлинскиoт филмски фестивал ќе се одржи со публика, но со изменет програмски концепт appeared first on Република.

]]>

Берлински филмски фестивал ќе се одржи со присуство на публика, но со изменет програмски концепт, соопштија од раководството на „Берлинале“.
Свесни сме за предизвиците што ги носи непредвидливиот тек на пандемијата. Но свесни сме и дека културата игра фундаментална улога во нашето општество – велат од управата на фестивалот.
Посетителите на фестивалот, како професионалците, така и пошироката јавност, ќе можат да влезат во кината само доколку ги исполнат т.н. 2Г + правила. Тоа значи дека е дозволен влез само за вакцинирани лица или оние што го прележале ковид-19, со дополнително прикажување негативен тест. Засега не е познато дали наместо тестирање, ќе биде прифатена потврда за третата доза од вакцината. За време на престојот во кината ќе биде задолжително носењето маски. Исто така, претставите за стручната публика, кои претходните години се исполнуваа по принципот на редоследот на пристигнување, сега ќе може да се погледнат само со претходно купена карта. Капацитетите на кината ќе бидат исполнети само до 50 отсто, одлучи управата на фестивалот, по претходен договор со берлинскиот здравствен комитет. Променет е и концептот, така што самиот натпреварувачки дел ќе трае од 10 до 16 февруари, кога ќе бидат претставени победниците. Другите фестивалски денови до 20 февруари ќе бидат резервирани за пресек на фестивалската програма и ќе бидат наменети исклучиво за општата, а не за стручната публика. Инаку, победниците се прогласуваат на претпоследниот ден од фестивалот, додека последниот ден е резервиран за пошироката јавност. Исто така, поради пандемијата, годинава по филмските премиери нема да има ниту приеми ниту традиционални забави. Некои делови од фестивалот, како што се Европскиот филмски саем или програмата Млади таленти, ќе се одржуваат исклучиво онлајн.

The post Берлинскиoт филмски фестивал ќе се одржи со публика, но со изменет програмски концепт appeared first on Република.

]]>
Почесна Златна мечка за Изабел Ипер на Берлиенале https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/pochesna-zlatna-mechka-za-izabel-iper-na-berlienale/ Mon, 24 Jan 2022 08:07:59 +0000 https://republika.mk/?p=448556

Познатата француска актерка Изабел Ипер ќе ја добие почесната Златна мечка за животно дело на претстојниот Берлински филмски фестивал.

Покрај почесната Златна мечка, за време на Берлиналето што ќе се одржи од 10 до 20 февруари ќе биде организирана и ретроспектива на филмови на една од најзначајните француски актерки.

Изабел Ипер, родена 1953 година, во својата богата кариера играше во стотици филмови, меѓу кои „Професор по пијано“ на Михаел Ханеке и „Спаси се кој може“ на Жан-Лук Годар, но и во ТВ продукции, серии…

Добитник е на бројни награди, меѓу кои Бафта, Златен глобус, две награди во Кан, на Венецискиот филмски фестивал, 14 пати била номинирана за најважната француска награда Цезар, а еднаш ја добила.

Наградата на овогодишното Берлинале свечено ќе и биде врачена на 15 февруари.

Седум нејзини филмови ќе бидат прикажани истиот ден.

The post Почесна Златна мечка за Изабел Ипер на Берлиенале appeared first on Република.

]]>

Познатата француска актерка Изабел Ипер ќе ја добие почесната Златна мечка за животно дело на претстојниот Берлински филмски фестивал. Покрај почесната Златна мечка, за време на Берлиналето што ќе се одржи од 10 до 20 февруари ќе биде организирана и ретроспектива на филмови на една од најзначајните француски актерки. Изабел Ипер, родена 1953 година, во својата богата кариера играше во стотици филмови, меѓу кои „Професор по пијано“ на Михаел Ханеке и „Спаси се кој може“ на Жан-Лук Годар, но и во ТВ продукции, серии… Добитник е на бројни награди, меѓу кои Бафта, Златен глобус, две награди во Кан, на Венецискиот филмски фестивал, 14 пати била номинирана за најважната француска награда Цезар, а еднаш ја добила. Наградата на овогодишното Берлинале свечено ќе и биде врачена на 15 февруари. Седум нејзини филмови ќе бидат прикажани истиот ден.

The post Почесна Златна мечка за Изабел Ипер на Берлиенале appeared first on Република.

]]>