Берат Рукиќи Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/berat-rukikji/ За подобро да се разбереме Sat, 09 Apr 2022 17:19:24 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Берат Рукиќи Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/berat-rukikji/ 32 32 Косово е во опасност да западне во економска рецесија поради високата инфлација https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/kosovo-e-vo-opasnost-da-zapadne-vo-ekonomska-recesija-poradi-visokata-inflacija/ Sat, 09 Apr 2022 17:19:24 +0000 https://republika.mk/?p=485950

Претседателот на Стопанската комора на Косово (ОЕК), Берат Рукиќи предупреди дека, поради економската криза, инфлацијата во Косово се очекува да биде меѓу највисоките во историјата на земјата од војната во 1998-99 година.

Во интервју за порталот „Економиа онлајн“, Рукиќи предупреди дека тоа директно ќе влијае на благосостојбата на граѓаните и дека може да доведе до „криза на понудата, што се поврзува и со можен недостиг на одредени намирници“.

Се работи за висока инфлација и сигурно ќе биде меѓу највисоките во повоената историја. Поради тоа ќе имаме многу предизвици, бидејќи порастот на животните трошоци директно ќе се одрази врз благостостојбата на граѓаните. Тоа ќе се одрази генерално на потрошувачката на ниво на државата, што ќе влијае и на индикаторите на економскиот раст. Сега сме во фаза кога може да имаме криза на понудата што се поврзува и со можен недостиг на одредени намирници и тоа само го зголемува проблемот со инфлацијата - изјави Рукиќи.

Тој ја повика Владата да преземе сé што е во нејзина моќ за земјата да не западне во економска рецесија.

Затоа апелираме до Владата да ги искористи сите можни политики за земјата да не дојде во опаност и да западне во економска рецесија. Секој кој што вели дека нема криза само го игнорира проблемот, бидејќи високата инфлација е знак на криза - порачува Рукиќи.

Како мерки кои што треба да се преземат, претседателот на ОАК ги наведува преиспитувањето на висината на данокот на додадена вредност, суспендирањето на одредено време на прибирањето на акцизата за нафта и нафтени деривати, преиспитување на висината на платите согласно инфлацијата и субвенционирање на дел од транспортот на стоки.

Не оти Косово во целиот повоен период било атрактивно за странските инвестиции, така што не можеме да зборуваме за некаква опасност поради тоа што нема висок степен на инвестиции. Мерките треба да се комбинираат кога е во прашање проблемот на инфлацијата. Во разни земји има разни монетарни политики кои ние ги немаме. Ние треба да ја зачуваме динамиката на економски раст, што ќе овозможи бизнисите да не страдаат поради падот на куповната моќ - вели Рукиќи за „Економиа онлајн“.

The post Косово е во опасност да западне во економска рецесија поради високата инфлација appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Стопанската комора на Косово (ОЕК), Берат Рукиќи предупреди дека, поради економската криза, инфлацијата во Косово се очекува да биде меѓу највисоките во историјата на земјата од војната во 1998-99 година. Во интервју за порталот „Економиа онлајн“, Рукиќи предупреди дека тоа директно ќе влијае на благосостојбата на граѓаните и дека може да доведе до „криза на понудата, што се поврзува и со можен недостиг на одредени намирници“.