Београдско драмско позориште Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/beogradsko-dramsko-pozorishte/ За подобро да се разбереме Wed, 29 Nov 2023 13:58:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Београдско драмско позориште Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/beogradsko-dramsko-pozorishte/ 32 32 „Нема струја за електричниот стол“ на велешкиот театар гостува во Белградско драмско позориште https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/nema-struja-za-elektrichniot-stol-na-veleshkiot-teatar-gostuva-vo-belgradsko-dramsko-pozorishte/ Wed, 29 Nov 2023 13:58:37 +0000 https://republika.mk/?p=717597

Ансамблот на велешкиот театар „Јордан Хаџи Константинов- Џинот“ вечерва гостува на големата сцена „Оливера и Раде Марковиќ“ во Белградско драмско позориште со претставата „Нема струја за електричниот стол“. Работена по текст на современиот бугарски писател Александар Секулов во режија на Дејан Пројковски.

Во дуо драмата играат Васил Зафирчев како осудениот и Исидор Јованоски како џелатот. Музиката за претставата и нејзината изведба во живо е на Сашко Костов.

Гостувањето на велешкиот театарски ансамбл е дел од меѓународниот протокол за соработка „Наши денови“, чии потписници се Београдско драмско позориште, Српско народно позориште Нови Сад, „Ујвидеки Шиназ“ Нови Сад и Театар „Јордан Хаџи К.онстантинов-Џинот“ Велес.

Претставата „Нема струја за електричниот стол“ од Александар Секулов, а во режија на Дејан Пројовски, ја имаше својата премиера во април 2023 година на сцената „Петре Прличко“ во Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“, а беше изведена на МТФ „Војдан Чернодрински“, Прилеп, на Интернационалниот фестивал на монодрамата во Битола – во чест на фестивалските лауреати и на Интернационалниот театарски фестивал „Сцена на крстопат“ во Пловдив, Р. Бугарија.

Со претставата „Нема струја за електричниот стол“ велешкиот театарски ансамбл успешно настапи во Европските градови на културата во 2023: во Пловдив и Темишвар.

 

The post „Нема струја за електричниот стол“ на велешкиот театар гостува во Белградско драмско позориште appeared first on Република.

]]>

Ансамблот на велешкиот театар „Јордан Хаџи Константинов- Џинот“ вечерва гостува на големата сцена „Оливера и Раде Марковиќ“ во Белградско драмско позориште со претставата „Нема струја за електричниот стол“. Работена по текст на современиот бугарски писател Александар Секулов во режија на Дејан Пројковски. Во дуо драмата играат Васил Зафирчев како осудениот и Исидор Јованоски како џелатот. Музиката за претставата и нејзината изведба во живо е на Сашко Костов. Гостувањето на велешкиот театарски ансамбл е дел од меѓународниот протокол за соработка „Наши денови“, чии потписници се Београдско драмско позориште, Српско народно позориште Нови Сад, „Ујвидеки Шиназ“ Нови Сад и Театар „Јордан Хаџи К.онстантинов-Џинот“ Велес. Претставата „Нема струја за електричниот стол“ од Александар Секулов, а во режија на Дејан Пројовски, ја имаше својата премиера во април 2023 година на сцената „Петре Прличко“ во Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“, а беше изведена на МТФ „Војдан Чернодрински“, Прилеп, на Интернационалниот фестивал на монодрамата во Битола – во чест на фестивалските лауреати и на Интернационалниот театарски фестивал „Сцена на крстопат“ во Пловдив, Р. Бугарија. Со претставата „Нема струја за електричниот стол“ велешкиот театарски ансамбл успешно настапи во Европските градови на културата во 2023: во Пловдив и Темишвар.  

The post „Нема струја за електричниот стол“ на велешкиот театар гостува во Белградско драмско позориште appeared first on Република.

]]>
Белградската претстава „Самрак на боговите“ на неодамна починатиот режисер Јагош Марковиќ, вечерва на фестивалот „РУТА“ 2023 https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/belgradskata-pretstava-samrak-na-bogovite-na-neodamna-pochinatiot-rezhiser-jagosh-markovik-vecherva-na-festivalot-ruta-2023/ Sat, 07 Oct 2023 07:13:02 +0000 https://republika.mk/?p=688803

Во рамки на фестивалот „РУТА“ вечерва на сцената на Драмски театар Скопје ќе биде изведена претставата „Самрак на боговите“ на неодамна починатиот режисер Јагош Марковиќ.

Претставата е во изведба на Београдско драмско позориште (БДП) и нејзината премиера беше во октомври 2019 година на матичната сцена на БДП.

Претходно, во 11:00 часот ќе биде одржана прес-конференцијата на која ќе се обрати актерската екипа.

The post Белградската претстава „Самрак на боговите“ на неодамна починатиот режисер Јагош Марковиќ, вечерва на фестивалот „РУТА“ 2023 appeared first on Република.

]]>

Во рамки на фестивалот „РУТА“ вечерва на сцената на Драмски театар Скопје ќе биде изведена претставата „Самрак на боговите“ на неодамна починатиот режисер Јагош Марковиќ. Претставата е во изведба на Београдско драмско позориште (БДП) и нејзината премиера беше во октомври 2019 година на матичната сцена на БДП. Претходно, во 11:00 часот ќе биде одржана прес-конференцијата на која ќе се обрати актерската екипа.

The post Белградската претстава „Самрак на боговите“ на неодамна починатиот режисер Јагош Марковиќ, вечерва на фестивалот „РУТА“ 2023 appeared first on Република.

]]>
Белградско драмско позориште гостува во МНТ со претставата „Лет над кукавичкото гнездо“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/belgradsko-dramsko-pozorishte-gostuva-vo-mnt-so-pretstavata-let-nad-kukavichkoto-gnezdo/ Tue, 27 Sep 2022 13:46:38 +0000 https://republika.mk/?p=554848

На сцената на Македонскиот народен театар (МНТ) на 4 и 5 октомври годинава со почеток во 20 ќе гостува Белградско драмско позориште (БДП) со претставата „Лет над кукавичкото гнездо“, работена според текстот на Кен Кеси/Дејл Васерман, а во режија на Жанко Томиќ.

„One flew east, one flew west, one flew over cuckoos nest“ е големото враќање на Драган Бјелогрлиќ на сцената на БДП во легендарната црна хумористична сатира за поединецот во репресивното општество, институциите за ментално здравје и слободата на духот.

Главниот лик на Редни П. Мекмарфи го игра Драган Бјелогрлиќ, а останатите улоги им се доверени на актерите: Слободан Бода Нинковиќ, Милан Чучиловиќ, Даниел Сич, Милутин Мима Караџиќ, Младен Совиљ, Срѓан Дедиќ/Јово Максиќ, Саво Радовиќ/Милош Петровиќ Тројпец, Ненад Гвозденовиќ, Милица Зариќ, Јана Милосављевиќ, Владан Милиќ, Милош Лазаров/Урош Јанковиќ, Зоран Ѓорѓевиќ, Анка Гаќеша-Костиќ/Ања Алач, Нада Мацановиќ/Маја Ранѓиќ.

Сценографијата за претставата е дело на Зоран Ристиќ, костимограф е Јелисавета Татиќ-Чутурило, композитор е Александар Симиќ, на сценските борби работеше Александар Тасковиќ, а специјалните ефекти се на Томислав Маги.

Оваа драма е напишана во 1962 година, a првата изведба е во 1963 година на Бродвеј со Кирк Даглас во главната улога.

Премиерната изведба на претставата на БДП беше на 5 ноември 2005 година. Времетраењето е 140 минути со пауза.

Признат од критиката како еден од најдобрите филмови во историјата на кинематографијата, „Лет над кукавичкото гнездо“ (1975) на Милош Форман го освои Оскарот за најдобра режија и најдобар филм, за главна женска улога која ѝ припадна на Луиз Флечер, и наградата за машка улога на Џек Николсон за главниот лик на Редни П. Мекмарфи.

The post Белградско драмско позориште гостува во МНТ со претставата „Лет над кукавичкото гнездо“ appeared first on Република.

]]>

На сцената на Македонскиот народен театар (МНТ) на 4 и 5 октомври годинава со почеток во 20 ќе гостува Белградско драмско позориште (БДП) со претставата „Лет над кукавичкото гнездо“, работена според текстот на Кен Кеси/Дејл Васерман, а во режија на Жанко Томиќ. „One flew east, one flew west, one flew over cuckoos nest“ е големото враќање на Драган Бјелогрлиќ на сцената на БДП во легендарната црна хумористична сатира за поединецот во репресивното општество, институциите за ментално здравје и слободата на духот. Главниот лик на Редни П. Мекмарфи го игра Драган Бјелогрлиќ, а останатите улоги им се доверени на актерите: Слободан Бода Нинковиќ, Милан Чучиловиќ, Даниел Сич, Милутин Мима Караџиќ, Младен Совиљ, Срѓан Дедиќ/Јово Максиќ, Саво Радовиќ/Милош Петровиќ Тројпец, Ненад Гвозденовиќ, Милица Зариќ, Јана Милосављевиќ, Владан Милиќ, Милош Лазаров/Урош Јанковиќ, Зоран Ѓорѓевиќ, Анка Гаќеша-Костиќ/Ања Алач, Нада Мацановиќ/Маја Ранѓиќ. Сценографијата за претставата е дело на Зоран Ристиќ, костимограф е Јелисавета Татиќ-Чутурило, композитор е Александар Симиќ, на сценските борби работеше Александар Тасковиќ, а специјалните ефекти се на Томислав Маги. Оваа драма е напишана во 1962 година, a првата изведба е во 1963 година на Бродвеј со Кирк Даглас во главната улога. Премиерната изведба на претставата на БДП беше на 5 ноември 2005 година. Времетраењето е 140 минути со пауза. Признат од критиката како еден од најдобрите филмови во историјата на кинематографијата, „Лет над кукавичкото гнездо“ (1975) на Милош Форман го освои Оскарот за најдобра режија и најдобар филм, за главна женска улога која ѝ припадна на Луиз Флечер, и наградата за машка улога на Џек Николсон за главниот лик на Редни П. Мекмарфи.

The post Белградско драмско позориште гостува во МНТ со претставата „Лет над кукавичкото гнездо“ appeared first on Република.

]]>