бенкси Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/benksi/ За подобро да се разбереме Tue, 19 Mar 2024 12:06:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png бенкси Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/benksi/ 32 32 Во северен Лондон се појави нов мурал на Бенкси https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/vo-severen-london-se-pojavi-nov-mural-na-benksi/ Tue, 19 Mar 2024 12:06:55 +0000 https://republika.mk/?p=756302

Мурал на дрво што се појави преку ноќ во северен Лондон е дело на Бенкси, потврди уметникот на својот Инстаграм. Штом се појави веста, оваа локација стана сцена на масовен собир – сите сакаа соодветно селфи. Исто така, жителите на населбата се исклучително горди што анонимниот уметник решил да им го украси маалото. Сопственикот на зградата ветил дека нема да го допира делото на Бенкси, а истото ветување стигна и од локалната служба за отстранување графити.

Бенкси е псевдоним на уличен уметник, политички активист и филмски режисер со седиште во Англија, чие вистинско име и идентитет остануваат непотврдени и предмет на шпекулации. Активен од 1990-тите, неговата сатирична улична уметност и субверзивните епиграми комбинираат мрачен хумор со графити изведени во карактеристична техника на матрици. Неговите дела од политички и општествени коментари се појавија на улиците, ѕидовите и мостовите низ светот. Неговата работа произлезе од андерграунд сцената во Бристол, која вклучуваше соработки помеѓу уметници и музичари.

Бенкси ја прикажува својата уметност на јавно видливи површини како што се ѕидови и самоизградени физички реквизити. Неговите јавни „инсталации“ редовно се препродаваат, честопати дури и со отстранување на ѕидот на кој биле насликани.

 

The post Во северен Лондон се појави нов мурал на Бенкси appeared first on Република.

]]>

Мурал на дрво што се појави преку ноќ во северен Лондон е дело на Бенкси, потврди уметникот на својот Инстаграм. Штом се појави веста, оваа локација стана сцена на масовен собир – сите сакаа соодветно селфи. Исто така, жителите на населбата се исклучително горди што анонимниот уметник решил да им го украси маалото. Сопственикот на зградата ветил дека нема да го допира делото на Бенкси, а истото ветување стигна и од локалната служба за отстранување графити. Бенкси е псевдоним на уличен уметник, политички активист и филмски режисер со седиште во Англија, чие вистинско име и идентитет остануваат непотврдени и предмет на шпекулации. Активен од 1990-тите, неговата сатирична улична уметност и субверзивните епиграми комбинираат мрачен хумор со графити изведени во карактеристична техника на матрици. Неговите дела од политички и општествени коментари се појавија на улиците, ѕидовите и мостовите низ светот. Неговата работа произлезе од андерграунд сцената во Бристол, која вклучуваше соработки помеѓу уметници и музичари. Бенкси ја прикажува својата уметност на јавно видливи површини како што се ѕидови и самоизградени физички реквизити. Неговите јавни „инсталации“ редовно се препродаваат, честопати дури и со отстранување на ѕидот на кој биле насликани.  

The post Во северен Лондон се појави нов мурал на Бенкси appeared first on Република.

]]>
Британскиот графити-уметник Бенкси доби музеј во Барселона https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/britanskiot-grafiti-umetnik-benksi-dobi-muzej-vo-barselona/ Sat, 28 Jan 2023 19:12:21 +0000 https://republika.mk/?p=602060

Во Барселона деновиве е отворен музејот „Бенкси“, посветен на британскиот графити-уметник. Галеријата, која до неодамна се викаше „Еспаи Трафалгар“, претходно беше домаќин на изложбата на дела од овој автор, наречена „Светот на Бенкси“. Сега надлежните решија целиот простор да му го посветат на Бенкси – и тоа трајно. Затоа галеријата го смени името, а беа вклучени плус 30 негови нови дела. Идејата е секој следен создаден графит од уметникот да биде поставен во овој простор.
Во моментов во музејот има повеќе од 100 дела. Графитите, се разбира, не се оригинални. Станува збор за репродукции во вистинска големина, создадени од десет уметници од различни делови на светот. Оригиналните мурали сѐ уште се на улиците каде што ги „оставил“ Бенкси. Или барем оние што останале. Уличната уметност е единствена токму поради тоа што се создава на јавни простори до кои секој има пристап. Еден ден графитот е достапен за секого, следниот ден врз него може да се најде нешто ново.

Исто така, временските услови можат да ги променат графитите, па дури и целосно да ги уништат делата со текот на времето. Затоа еден ваков музеј може да биде скапоцено место што ќе ги зачува овие дела од нивното исчезнување.
Иако природата на уличната уметност е различна и не можеме да ги чуваме оригинални дела во рамки, во Барселона најдоа начин да направат нешто блиску до тоа. Музејот „Бенкси“ е поделен во неколку сегменти посветени на земјите каде што создавал уметникот. Во музејот се сместени и поновите дела на Бенкси, како што е портретот на Кејт Мос, инспириран од оној на Мерилин Монро на Ворхол. Тука се и препознатливите стаорци на Бенкси, мотив што се појавува во многу негови дела.
Музејот, исто така, рекреираше дела создадени за време на пандемијата, кои ја прикажуваат ситуацијата во која се најде светот во 2020 година. Така, едно од делата претставува медицинска сестра облечена во костим на Супермен. Друго извонредно дело е „Венеција во масло“, серија слики што јасно предупредуваат на ризикот од поплавување на кој е изложен овој италијански град. Бенкси експлицитно укажува на штетите што овој град ги трпи поради големиот број туристи и бродовите што поминуваат по венецискиот залив.
Како и секогаш, Бенкси ги исполнува своите дела со важни општествено-политички пораки, критикувајќи го актуелниот систем на единствен начин. Бенкси е роден некаде околу 1974 година. Се претпоставува дека потекнува од англискиот град Бристол. Во средината на 1990-тите години, тој стана препознатливо име во светот на урбаната уметност благодарение на неговиот уникатен и пред сѐ провокативен јазик.

The post Британскиот графити-уметник Бенкси доби музеј во Барселона appeared first on Република.

]]>

Во Барселона деновиве е отворен музејот „Бенкси“, посветен на британскиот графити-уметник. Галеријата, која до неодамна се викаше „Еспаи Трафалгар“, претходно беше домаќин на изложбата на дела од овој автор, наречена „Светот на Бенкси“. Сега надлежните решија целиот простор да му го посветат на Бенкси – и тоа трајно. Затоа галеријата го смени името, а беа вклучени плус 30 негови нови дела. Идејата е секој следен создаден графит од уметникот да биде поставен во овој простор. Во моментов во музејот има повеќе од 100 дела. Графитите, се разбира, не се оригинални. Станува збор за репродукции во вистинска големина, создадени од десет уметници од различни делови на светот. Оригиналните мурали сѐ уште се на улиците каде што ги „оставил“ Бенкси. Или барем оние што останале. Уличната уметност е единствена токму поради тоа што се создава на јавни простори до кои секој има пристап. Еден ден графитот е достапен за секого, следниот ден врз него може да се најде нешто ново. Исто така, временските услови можат да ги променат графитите, па дури и целосно да ги уништат делата со текот на времето. Затоа еден ваков музеј може да биде скапоцено место што ќе ги зачува овие дела од нивното исчезнување. Иако природата на уличната уметност е различна и не можеме да ги чуваме оригинални дела во рамки, во Барселона најдоа начин да направат нешто блиску до тоа. Музејот „Бенкси“ е поделен во неколку сегменти посветени на земјите каде што создавал уметникот. Во музејот се сместени и поновите дела на Бенкси, како што е портретот на Кејт Мос, инспириран од оној на Мерилин Монро на Ворхол. Тука се и препознатливите стаорци на Бенкси, мотив што се појавува во многу негови дела. Музејот, исто така, рекреираше дела создадени за време на пандемијата, кои ја прикажуваат ситуацијата во која се најде светот во 2020 година. Така, едно од делата претставува медицинска сестра облечена во костим на Супермен. Друго извонредно дело е „Венеција во масло“, серија слики што јасно предупредуваат на ризикот од поплавување на кој е изложен овој италијански град. Бенкси експлицитно укажува на штетите што овој град ги трпи поради големиот број туристи и бродовите што поминуваат по венецискиот залив. Како и секогаш, Бенкси ги исполнува своите дела со важни општествено-политички пораки, критикувајќи го актуелниот систем на единствен начин. Бенкси е роден некаде околу 1974 година. Се претпоставува дека потекнува од англискиот град Бристол. Во средината на 1990-тите години, тој стана препознатливо име во светот на урбаната уметност благодарение на неговиот уникатен и пред сѐ провокативен јазик.

The post Британскиот графити-уметник Бенкси доби музеј во Барселона appeared first on Република.

]]>
Крадецот на муралот на анонимниот уметник Бенкси во Киев се соочува казна од 12 години затвор https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/kradetsot-na-muralot-na-anonimniot-umetnik-benksi-vo-kiev-se-soochuva-kazna-od-12-godini-zatvor/ Tue, 03 Jan 2023 10:20:59 +0000 https://republika.mk/?p=593075

Главното обвинителство во Киев покрена постапка против крадецот на муралот на Бенкси и нему му се заканува затворска казна до 12 години.

Маж, заедно со неколку помагачи, на почетокот на декември го отстранија графитот на британскиот уличен уметник од ѕид во киевското предградие Хостомел. Групата отсекла дел од уметничкото дело и гипс од фасадата на којашто беше насликана жена со гас-маска. Според официјалните лица, кривичната постапка е насочена исклучиво против мажот за кражба извршена во воена состојба. Тамошни жители ја забележале кражбата и повикале полиција.

Тој е свесен за вредноста на делото и имал намера да го продаде графитот и да располага со приходите како што сака. За да го направи тоа побарал помош од луѓе кои не биле свесни за неговите намери и ги убедил дека ги има сите потребни дозволи за да го демонтира муралот, соопшти Канцеларијата на главниот обвинител.

Во ноември осамнаа неколку нови уметнички дела на анонимниот уметник Бенкси, во предградијата на Киев погодени од војната, како и во самата украинска престолнина.

Украдениот материјал е одземен од надлежните, а за неговата судбина натаму ќе одлучува Министерството за култура. Деловите не се оштетени, а се во заштита на полицијата, изјави гувернерот на Киевската Област, Олексиј Кулеба, на комуникациската платформа Телеграм.

Анонимниот британски уличен уметник откри дека создал 50 уметнички дела што ќе одат на продажба, а приходите ќе бидат наменети за хуманитарна организација за помош на Украина.

The post Крадецот на муралот на анонимниот уметник Бенкси во Киев се соочува казна од 12 години затвор appeared first on Република.

]]>

Главното обвинителство во Киев покрена постапка против крадецот на муралот на Бенкси и нему му се заканува затворска казна до 12 години. Маж, заедно со неколку помагачи, на почетокот на декември го отстранија графитот на британскиот уличен уметник од ѕид во киевското предградие Хостомел. Групата отсекла дел од уметничкото дело и гипс од фасадата на којашто беше насликана жена со гас-маска. Според официјалните лица, кривичната постапка е насочена исклучиво против мажот за кражба извршена во воена состојба. Тамошни жители ја забележале кражбата и повикале полиција.
Тој е свесен за вредноста на делото и имал намера да го продаде графитот и да располага со приходите како што сака. За да го направи тоа побарал помош од луѓе кои не биле свесни за неговите намери и ги убедил дека ги има сите потребни дозволи за да го демонтира муралот, соопшти Канцеларијата на главниот обвинител.
Во ноември осамнаа неколку нови уметнички дела на анонимниот уметник Бенкси, во предградијата на Киев погодени од војната, како и во самата украинска престолнина.
Украдениот материјал е одземен од надлежните, а за неговата судбина натаму ќе одлучува Министерството за култура. Деловите не се оштетени, а се во заштита на полицијата, изјави гувернерот на Киевската Област, Олексиј Кулеба, на комуникациската платформа Телеграм.
Анонимниот британски уличен уметник откри дека создал 50 уметнички дела што ќе одат на продажба, а приходите ќе бидат наменети за хуманитарна организација за помош на Украина.

The post Крадецот на муралот на анонимниот уметник Бенкси во Киев се соочува казна од 12 години затвор appeared first on Република.

]]>
Обид за кражба на муралот на Бенкси во Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/obid-za-krazba-na-muralot-na-benksi-vo-ukraina/ Sun, 04 Dec 2022 18:02:04 +0000 https://republika.mk/?p=581740

Група луѓе се обиделе да украдат – исечат дел од фасадата на која се наоѓал еден од муралите насликани во Украина од уличниот уметник Бенкси. Тие се фатени на дело.

Крадците успеале да отсечат дел од гипсот на кој била насликана жена со гас-маска додека во раката држи противпожарен апарат.

Гувернерот на Киевската област изјави дека групата била забележана на местото на настанот во Хостомел, во близина на главниот град на Украина, и дека муралот бил пронајден.

Тоа се приказни за поддршката и солидарноста на целиот цивилизиран свет со Украина. Ќе направиме се’ за да ги зачуваме овие дела од уличната уметност како симбол на нашата победа, напиша Олексиј Кулеба на Телеграм и додаде дека муралот сега е под полициска заштита.

Бенкси, чии дела се продаваат за милиони евра, потврди дека минатиот месец насликал седум мурали во Украина на места кои биле тешко погодени од борбите.

На еден од муралите е прикажана гимнастичарка која изведува стој на раце врз урнатини. Друг покажува старец како се бања.

The post Обид за кражба на муралот на Бенкси во Украина appeared first on Република.

]]>

Група луѓе се обиделе да украдат – исечат дел од фасадата на која се наоѓал еден од муралите насликани во Украина од уличниот уметник Бенкси. Тие се фатени на дело. Крадците успеале да отсечат дел од гипсот на кој била насликана жена со гас-маска додека во раката држи противпожарен апарат. Гувернерот на Киевската област изјави дека групата била забележана на местото на настанот во Хостомел, во близина на главниот град на Украина, и дека муралот бил пронајден.
Тоа се приказни за поддршката и солидарноста на целиот цивилизиран свет со Украина. Ќе направиме се’ за да ги зачуваме овие дела од уличната уметност како симбол на нашата победа, напиша Олексиј Кулеба на Телеграм и додаде дека муралот сега е под полициска заштита.
Бенкси, чии дела се продаваат за милиони евра, потврди дека минатиот месец насликал седум мурали во Украина на места кои биле тешко погодени од борбите. На еден од муралите е прикажана гимнастичарка која изведува стој на раце врз урнатини. Друг покажува старец како се бања.

The post Обид за кражба на муралот на Бенкси во Украина appeared first on Република.

]]>