бенјамин нетанјаху Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/benjamin-netanjahu/ За подобро да се разбереме Wed, 27 Nov 2024 21:49:22 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png бенјамин нетанјаху Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/benjamin-netanjahu/ 32 32 Израел поднесе жалба против одлуката на Меѓународниот кривичен суд за налогот за апсење на Нетанјаху и Галант https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/izrael-podnese-zhalba-protiv-odlukata-na-megunarodniot-krivichen-sud-za-nalogot-za-apsene-na-netanjahu-i-galant/ Wed, 27 Nov 2024 21:49:22 +0000 https://republika.mk/?p=842546

Кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху соопшти дека ја обжалил одлуката на Меѓународниот кривичен суд (МКС) да издаде налог за апсење на Нетанјаху и поранешниот израелски министер за одбрана Јоав Галант.

Во владиното соопштение се наведува дека во жалбата „детално се објаснува колку е апсурдно издавањето на налогот за апсење и колку истиот нема фактичка и правна основа“.

Ако МКС ја отфрли жалбата, тоа само „ќе им покаже на пријателите на Израел во САД и светот колку е пристрасен Меѓународниот кривичен суд против Израел“, се додава во соопштението.

МКС минатата недела издаде налози за апсење на Нетанјаху и Галант и водачот на военото крило на Хамас, Мухамед Деиф, обвинувајќи ги за воени злосторства и злосторства против човештвото во војната во Газа.

Судот го отфрли тврдењето на Израел дека требало да го извести Израел за истрагата за борбите, иако рече дека земјата може да поднесе жалба на надлежноста на судот по одлуката за издавање на налогот за апсење.

The post Израел поднесе жалба против одлуката на Меѓународниот кривичен суд за налогот за апсење на Нетанјаху и Галант appeared first on Република.

]]>

Кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху соопшти дека ја обжалил одлуката на Меѓународниот кривичен суд (МКС) да издаде налог за апсење на Нетанјаху и поранешниот израелски министер за одбрана Јоав Галант. Во владиното соопштение се наведува дека во жалбата „детално се објаснува колку е апсурдно издавањето на налогот за апсење и колку истиот нема фактичка и правна основа“. Ако МКС ја отфрли жалбата, тоа само „ќе им покаже на пријателите на Израел во САД и светот колку е пристрасен Меѓународниот кривичен суд против Израел“, се додава во соопштението. МКС минатата недела издаде налози за апсење на Нетанјаху и Галант и водачот на военото крило на Хамас, Мухамед Деиф, обвинувајќи ги за воени злосторства и злосторства против човештвото во војната во Газа. Судот го отфрли тврдењето на Израел дека требало да го извести Израел за истрагата за борбите, иако рече дека земјата може да поднесе жалба на надлежноста на судот по одлуката за издавање на налогот за апсење.

The post Израел поднесе жалба против одлуката на Меѓународниот кривичен суд за налогот за апсење на Нетанјаху и Галант appeared first on Република.

]]>
Бербок за налогот за апсење на Нетанјаху: Никој не е над законот https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/berbok-za-nalogot-za-apsene-na-netanjahu-nikoj-ne-e-nad-zakonot/ Mon, 25 Nov 2024 19:26:01 +0000 https://republika.mk/?p=841690

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху може да се соочи со апсење доколку отпатува во Германија, изјави шефицата на германската дипломатија Аналена Бербок.

Германската влада го почитува законот, бидејќи никој не е над законот, рече Бербок на маргините на состанокот на министрите за надворешни работи на Г7 во Фиуџи, Италија.

Меѓународниот кривичен суд (МКС) минатата недела издаде налози за апсење на Нетанјаху и неодамна разрешениот израелски министер за одбрана Јоав Галант за наводни воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.

Државите членки на МКС, во кои спаѓа и Германија, се обврзани да ги извршат налозите за апсење издадени од судот.

The post Бербок за налогот за апсење на Нетанјаху: Никој не е над законот appeared first on Република.

]]>

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху може да се соочи со апсење доколку отпатува во Германија, изјави шефицата на германската дипломатија Аналена Бербок. Германската влада го почитува законот, бидејќи никој не е над законот, рече Бербок на маргините на состанокот на министрите за надворешни работи на Г7 во Фиуџи, Италија. Меѓународниот кривичен суд (МКС) минатата недела издаде налози за апсење на Нетанјаху и неодамна разрешениот израелски министер за одбрана Јоав Галант за наводни воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа. Државите членки на МКС, во кои спаѓа и Германија, се обврзани да ги извршат налозите за апсење издадени од судот.

The post Бербок за налогот за апсење на Нетанјаху: Никој не е над законот appeared first on Република.

]]>
Меѓународниот кривичен суд во Хаг издаде налог за апсење на Нетанјаху, Галант и лидерот на Хамас кој е мртов https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/megunarodniot-krivichen-sud-vo-hag-izdade-nalog-za-apsene-na-netanjahu-galant-i-liderot-na-hamas-koj-e-mrtov/ Thu, 21 Nov 2024 13:18:01 +0000 https://republika.mk/?p=840391

Меѓународниот кривичен суд денеска издаде налози за апсење на Бенјамин Нетанјаху, Јоав Галант и по лидери на Хамас, обвинувајќи ги за воени злосторства и за злосторства против човештвото во врска со војната во Газа и со нападите во октомври 2023 година, што ја предизвикаа израелската офанзива на палестинската територија, објави Еј-Пи њуз.

Оваа одлука ги претвора Нетанјаху и другите обвинети во меѓународно барани осомничени, што веројатно дополнително ќе ги изолира засегнатите страни и ќе ги усложни напорите за преговарање за прекин на огнот за да му се стави крај на 13-месечниот конфликт. Но, неговите практични импликации би можеле да бидат ограничени бидејќи Израел и неговиот главен сојузник, САД, не се членови на судот, а неколку претставници на Хамас потоа беа убиени во конфликтот.

Нетанјаху и другите израелски лидери го осудија барањето за потерници на главниот обвинител на МКС, Карим Кан, како срамно и антисемитско. Американскиот претседател Џо Бајден, исто така, го критикуваше обвинителот и изрази поддршка за правото на Израел да се брани од Хамас. Хамас исто така остро го критикуваше барањето.

„Комората смета дека постојат разумни основи да се верува дека обата поединци намерно и свесно го лишиле цивилното население во Газа од предмети неопходни за неговиот опстанок, вклучувајќи храна, вода и лекови и медицински материјали, како и гориво и електрична енергија“, напиша Комитетот од тројца судии во својата едногласна одлука за издавање потерници по Нетанјаху и по неговиот поранешен министер за одбрана, Јоав Галант.

The post Меѓународниот кривичен суд во Хаг издаде налог за апсење на Нетанјаху, Галант и лидерот на Хамас кој е мртов appeared first on Република.

]]>

Меѓународниот кривичен суд денеска издаде налози за апсење на Бенјамин Нетанјаху, Јоав Галант и по лидери на Хамас, обвинувајќи ги за воени злосторства и за злосторства против човештвото во врска со војната во Газа и со нападите во октомври 2023 година, што ја предизвикаа израелската офанзива на палестинската територија, објави Еј-Пи њуз. Оваа одлука ги претвора Нетанјаху и другите обвинети во меѓународно барани осомничени, што веројатно дополнително ќе ги изолира засегнатите страни и ќе ги усложни напорите за преговарање за прекин на огнот за да му се стави крај на 13-месечниот конфликт. Но, неговите практични импликации би можеле да бидат ограничени бидејќи Израел и неговиот главен сојузник, САД, не се членови на судот, а неколку претставници на Хамас потоа беа убиени во конфликтот. Нетанјаху и другите израелски лидери го осудија барањето за потерници на главниот обвинител на МКС, Карим Кан, како срамно и антисемитско. Американскиот претседател Џо Бајден, исто така, го критикуваше обвинителот и изрази поддршка за правото на Израел да се брани од Хамас. Хамас исто така остро го критикуваше барањето. „Комората смета дека постојат разумни основи да се верува дека обата поединци намерно и свесно го лишиле цивилното население во Газа од предмети неопходни за неговиот опстанок, вклучувајќи храна, вода и лекови и медицински материјали, како и гориво и електрична енергија“, напиша Комитетот од тројца судии во својата едногласна одлука за издавање потерници по Нетанјаху и по неговиот поранешен министер за одбрана, Јоав Галант.

The post Меѓународниот кривичен суд во Хаг издаде налог за апсење на Нетанјаху, Галант и лидерот на Хамас кој е мртов appeared first on Република.

]]>
Нетанјаху нуди 5 милиони долари за ослободен израелски заложник од Газа https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/netanjahu-nudi-5-milioni-dolari-za-osloboden-izraelski-zalozhnik-od-gaza/ Tue, 19 Nov 2024 18:49:20 +0000 https://republika.mk/?p=839696

Премиерот Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека Израел нуди награда од 5 милиони долари на секој што ќе ослободи заложник во Газа.

„Секој што ќе ослободи заложник ќе најде со нас сигурен начин како тие и нивното семејство да ја напуштат Газа“, рече Нетанјаху во видеото снимено на палестинска територија, се вели во соопштението од неговиот кабинет.
„Ќе обезбедиме и награда од 5 милиони долари за секој ослободен заложник“.

Нетанјаху денеска при посетата на коридорот Нецарим во централниот дел на Појасот Газа најави дека Хамас нема да владее со таа територија.

Нетанјаху оцени дека израелските војници „постигнале одлични резултати кон важната цел, Хамас да не владее во Газа“, пренесоа израелските медиуми.

„Ги уништуваме неговите воени способности на многу импресивен начин и одиме кон неговите способности да владее. Хамас нема да биде во Газа“, рече израелскиот лидер.

The post Нетанјаху нуди 5 милиони долари за ослободен израелски заложник од Газа appeared first on Република.

]]>

Премиерот Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека Израел нуди награда од 5 милиони долари на секој што ќе ослободи заложник во Газа.
„Секој што ќе ослободи заложник ќе најде со нас сигурен начин како тие и нивното семејство да ја напуштат Газа“, рече Нетанјаху во видеото снимено на палестинска територија, се вели во соопштението од неговиот кабинет. „Ќе обезбедиме и награда од 5 милиони долари за секој ослободен заложник“.
Нетанјаху денеска при посетата на коридорот Нецарим во централниот дел на Појасот Газа најави дека Хамас нема да владее со таа територија. Нетанјаху оцени дека израелските војници „постигнале одлични резултати кон важната цел, Хамас да не владее во Газа“, пренесоа израелските медиуми.
„Ги уништуваме неговите воени способности на многу импресивен начин и одиме кон неговите способности да владее. Хамас нема да биде во Газа“, рече израелскиот лидер.

The post Нетанјаху нуди 5 милиони долари за ослободен израелски заложник од Газа appeared first on Република.

]]>
Израелците уапсиле три лица во врска со ракетите испукани кон резиденцијата на Нетанјаху https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/izraeltsite-uapsile-tri-litsa-vo-vrska-so-raketite-ispukani-kon-rezidentsijata-na-netanjahu/ Sun, 17 Nov 2024 08:49:48 +0000 https://republika.mk/?p=838728

Израелската полиција соопшти дека уапсила три лица во врска со синоќешните лесни ракети паднати во вилата на премиерот Бенјамин Нетанјаху во крајбрежниот град Цезареја, соопштија израелската служба за безбедност Шин Бет и полицијата.

Синоќа беа уапсени тројца осомничени за нивната вмешаност во инцидент што се случи во Цезареја и централниот дел на земјата, се вели во соопштението и се додава дека судот забранил објавување информации за истрагата и идентитетот на осомничените во рок од 30 дена.

Израелските медиуми објавија дека еден од уапсените е висок воен резервист.

Надлежните укажаа дека премиерот и неговото семејство не биле во резиденцијата во моментот кога биле испукани двата ракети. Немало повредени.

https://republika.mk/vesti/svet/dve-raketi-padnale-vo-blizina-na-rezidentsijata-na-netanjahu/

Полицијата не објави детали за идентитетот на осомничените, но властите посочија дека тие најверојатно се домашни политички критичари на Нетанјаху. Израелскиот претседател Јицак Херцог го осуди чинот и предупреди на алармантен тренд на „зголемување на насилството во јавната сфера“.

На видеото кое на социјалните мрежи го објави репортер на јавниот сервис Кан, се гледа дека лесните ракети се истрелани во воздух над домот на премиерот, а не кон него. Една ракета очигледно не функционирала и веднаш паднала на земја.

Нетанјаху со месеци беше предмет на масовни протести поради неговото справување со заложничката криза што уследи по нападот врз Израел на 7 октомври од страна на палестинското движење „Хамас“ што ја поттикна сè уште немилосрдната војна во Појасот Газа.

Критичарите го обвинуваат Нетанјаху за безбедносен неуспех што овозможил нападот да се случи и дека поради него не може да се постигне договор за ослободување на десетиците израелски граѓани кои се уште се држат во заробеништво во Газа.

Минатиот месец дрон лансиран од либанското шиитско движење Хезболах ја погоди резиденцијата на Нетанјаху во Цезареја, но дури и тогаш тој и неговото семејство не беа таму.

The post Израелците уапсиле три лица во врска со ракетите испукани кон резиденцијата на Нетанјаху appeared first on Република.

]]>

Израелската полиција соопшти дека уапсила три лица во врска со синоќешните лесни ракети паднати во вилата на премиерот Бенјамин Нетанјаху во крајбрежниот град Цезареја, соопштија израелската служба за безбедност Шин Бет и полицијата.
Синоќа беа уапсени тројца осомничени за нивната вмешаност во инцидент што се случи во Цезареја и централниот дел на земјата, се вели во соопштението и се додава дека судот забранил објавување информации за истрагата и идентитетот на осомничените во рок од 30 дена.
Израелските медиуми објавија дека еден од уапсените е висок воен резервист. Надлежните укажаа дека премиерот и неговото семејство не биле во резиденцијата во моментот кога биле испукани двата ракети. Немало повредени. https://republika.mk/vesti/svet/dve-raketi-padnale-vo-blizina-na-rezidentsijata-na-netanjahu/ Полицијата не објави детали за идентитетот на осомничените, но властите посочија дека тие најверојатно се домашни политички критичари на Нетанјаху. Израелскиот претседател Јицак Херцог го осуди чинот и предупреди на алармантен тренд на „зголемување на насилството во јавната сфера“. На видеото кое на социјалните мрежи го објави репортер на јавниот сервис Кан, се гледа дека лесните ракети се истрелани во воздух над домот на премиерот, а не кон него. Една ракета очигледно не функционирала и веднаш паднала на земја. Нетанјаху со месеци беше предмет на масовни протести поради неговото справување со заложничката криза што уследи по нападот врз Израел на 7 октомври од страна на палестинското движење „Хамас“ што ја поттикна сè уште немилосрдната војна во Појасот Газа. Критичарите го обвинуваат Нетанјаху за безбедносен неуспех што овозможил нападот да се случи и дека поради него не може да се постигне договор за ослободување на десетиците израелски граѓани кои се уште се држат во заробеништво во Газа. Минатиот месец дрон лансиран од либанското шиитско движење Хезболах ја погоди резиденцијата на Нетанјаху во Цезареја, но дури и тогаш тој и неговото семејство не беа таму.

The post Израелците уапсиле три лица во врска со ракетите испукани кон резиденцијата на Нетанјаху appeared first on Република.

]]>
Две ракети паднале во близина на резиденцијата на Нетанјаху https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/dve-raketi-padnale-vo-blizina-na-rezidentsijata-na-netanjahu/ Sun, 17 Nov 2024 08:10:42 +0000 https://republika.mk/?p=838717

Две ракети синоќа паднале во близина на приватната резиденција на премиерот Бенјамин Нетанјаху во градот Цезареја, во центарот на Израел, соопштија безбедносните служби и го опишаа како „сериозен случај“.

Околу 19:30 часот (по локално време), две ракети паднаа во дворот пред премиерската резиденција. Премиерот и неговото семејство не беа во куќата“, се вели во заедничкото соопштение на полицијата и израелската разузнавачка служба Шин Бет.

Службите оценуваат дека станува збор за „опасна ескалација“.

Не е прецизирано од каде биле истрелани ракетите.

На 22 октомври, беспилотно летало ја погоди резиденцијата на Нетанјаху. И тогаш премиерот на Израел не беше во својот дом, но го обвини движењето Хезболах, против кое Израел војува во Либан, дека се обидуваат да го убијат него и неговата сопруга. Три дена подоцна Хезболах објави дека тој го извршил нападот.

The post Две ракети паднале во близина на резиденцијата на Нетанјаху appeared first on Република.

]]>

Две ракети синоќа паднале во близина на приватната резиденција на премиерот Бенјамин Нетанјаху во градот Цезареја, во центарот на Израел, соопштија безбедносните служби и го опишаа како „сериозен случај“.
Околу 19:30 часот (по локално време), две ракети паднаа во дворот пред премиерската резиденција. Премиерот и неговото семејство не беа во куќата“, се вели во заедничкото соопштение на полицијата и израелската разузнавачка служба Шин Бет.
Службите оценуваат дека станува збор за „опасна ескалација“. Не е прецизирано од каде биле истрелани ракетите. На 22 октомври, беспилотно летало ја погоди резиденцијата на Нетанјаху. И тогаш премиерот на Израел не беше во својот дом, но го обвини движењето Хезболах, против кое Израел војува во Либан, дека се обидуваат да го убијат него и неговата сопруга. Три дена подоцна Хезболах објави дека тој го извршил нападот.

The post Две ракети паднале во близина на резиденцијата на Нетанјаху appeared first on Република.

]]>
Нетанјаху му нареди на Мосад да подготви план за спречување немири на спортски настани во странство https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/netanjahu-mu-naredi-na-mosad-da-podgotvi-plan-za-sprechuvane-nemiri-na-sportski-nastani-vo-stranstvo/ Fri, 08 Nov 2024 17:09:46 +0000 https://republika.mk/?p=835681

Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху денеска и нареди на шпионската агенција Мосад да подготви план за спречување на немири и насилство во странство.

Неговата одлука уследи по судирите откако заврши вчерашниот фудбалскиот натпревар помеѓу холандски Ајакс и израелскиот Макаби Тел Авив во Амстердам, при што се уапсени 62 лица.

- Им наложив на шефот на Мосад (на Давид Барне) и на другите официјални лица да ги подготват нашите правци на дејствување, нашиот систем за тревога и нашата организација за новата ситуација, истакна Нетанјаху.

The post Нетанјаху му нареди на Мосад да подготви план за спречување немири на спортски настани во странство appeared first on Република.

]]>

Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху денеска и нареди на шпионската агенција Мосад да подготви план за спречување на немири и насилство во странство. Неговата одлука уследи по судирите откако заврши вчерашниот фудбалскиот натпревар помеѓу холандски Ајакс и израелскиот Макаби Тел Авив во Амстердам, при што се уапсени 62 лица.
- Им наложив на шефот на Мосад (на Давид Барне) и на другите официјални лица да ги подготват нашите правци на дејствување, нашиот систем за тревога и нашата организација за новата ситуација, истакна Нетанјаху.

The post Нетанјаху му нареди на Мосад да подготви план за спречување немири на спортски настани во странство appeared first on Република.

]]>
Нетанјаху во фокусот на скандал: Уапсен негов помошник поради истекување информации https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/netanjahu-vo-fokusot-na-skandal-uapsen-negov-pomoshnik-poradi-istekuvane-informatsii/ Mon, 04 Nov 2024 12:49:32 +0000 https://republika.mk/?p=834024

Сомнителното истекување на доверливи документи за Газа во кои е вклучен помошник на премиерот Бенјамин Нетанјаху ја потресе израелската политика и ги налути семејствата на заложниците кои ги држеше Хамас, кои се залагаат за договор за враќање на нивните најблиски дома.

Полека излегуваат детали за случајот поради забраната за објавување информации. Сепак, одлуката на судот за делумно укинување на забраната го даде првиот увид во случајот, при што судот рече дека безбедноста на изворот е загрозена и дека напорите на Израел да ги ослободи заложниците можеби биле загрозени.

Доверливи и чувствителни разузнавачки информации беа земени од системите на ИД (Израелските одбранбени сили) и незаконски протекоа“, рече судијата на Окружниот суд Ришон Ле-Зион во пресудата во неделата, која рече дека може да предизвика „сериозна штета на безбедноста на држава“ и претставува ризик за изворите на информации“. Судот рече дека протекувањето може да ги загрози напорите за ослободување на заложниците.

Нетанјаху негираше каква било злоупотреба од страна на неговиоте најблиски соработници од неговиот кабинет , изјавувајќи дека за објавениот документ дознал од медиумите.

Четворицата осомничени – еден портпарол од кабинетот на Нетанјаху и тројца членови на безбедносниот сектор – засега не се произнесоа за обвинувањата.

Според израелскиот весник Хаарец, кој заедно со другите медиуми повика на укинување на забраната за објавување, детали од спорниот документ беа објавени во германскиот весник Билд на 6 септември. Статијата, означена како ексклузивна, која наводно ја прикажува преговарачката стратегија на Хамас, палестинската милитантна група со која Израел се бори во Газа повеќе од една година.

Во тоа време, САД, Катар и Египет посредуваа во преговорите за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас, кои требаше да вклучуваат договор за ослободување на заложниците во Газа. Сепак, преговорите пропаднаа, а Израел и Хамас меѓусебно се обвинуваат за застојот на преговорите . Написот во голема мера ги потврди обвинувањата на Нетанјаху против Хамас за ќор-сокак во преговорите.

Документите беа објавени неколку дена откако шест израелски заложници беа пронајдени погубени во тунелот на Хамас во јужниот дел на Газа. Нивното убиство предизвика масовни протести во Израел и гнев кај семејствата на заложниците, кои го обвинија Нетанјаху дека поради политички причини ги саботира преговорите за прекин на огнот .

Во саботата дел од тие семејства се приклучија на барањето на израелските новинари за укинување на забраната за објавување информации.

Тие чекаат цела година да слушнат какви било разузнавачки информации или информации за преговорите за ослободување на тие заложници. Доколку некој дел од тие информации бил украден од воени извори, веруваме дека семејствата имаат право да ги знаат сите релевантни детали, рече нивниот адвокат Дана Пугач.

На друго рочиште во неделата, поврзано со истрагата на домашната безбедносна служба Шин Бет, полицијата и војската, судот нареди ослободување на еден осомничен додека другите се приведени.

Запрашани за истрагата, од весникот Билд посочија дека нема да ги коментираат своите извори.

Автентичноста на нам познат документот беше потврдена од ИД (Израелските одбранбени сили) веднаш по неговото објавување, наведуваат од германскиот весник.

The post Нетанјаху во фокусот на скандал: Уапсен негов помошник поради истекување информации appeared first on Република.

]]>

Сомнителното истекување на доверливи документи за Газа во кои е вклучен помошник на премиерот Бенјамин Нетанјаху ја потресе израелската политика и ги налути семејствата на заложниците кои ги држеше Хамас, кои се залагаат за договор за враќање на нивните најблиски дома. Полека излегуваат детали за случајот поради забраната за објавување информации. Сепак, одлуката на судот за делумно укинување на забраната го даде првиот увид во случајот, при што судот рече дека безбедноста на изворот е загрозена и дека напорите на Израел да ги ослободи заложниците можеби биле загрозени. Доверливи и чувствителни разузнавачки информации беа земени од системите на ИД (Израелските одбранбени сили) и незаконски протекоа“, рече судијата на Окружниот суд Ришон Ле-Зион во пресудата во неделата, која рече дека може да предизвика „сериозна штета на безбедноста на држава“ и претставува ризик за изворите на информации“. Судот рече дека протекувањето може да ги загрози напорите за ослободување на заложниците. Нетанјаху негираше каква било злоупотреба од страна на неговиоте најблиски соработници од неговиот кабинет , изјавувајќи дека за објавениот документ дознал од медиумите. Четворицата осомничени – еден портпарол од кабинетот на Нетанјаху и тројца членови на безбедносниот сектор – засега не се произнесоа за обвинувањата. Според израелскиот весник Хаарец, кој заедно со другите медиуми повика на укинување на забраната за објавување, детали од спорниот документ беа објавени во германскиот весник Билд на 6 септември. Статијата, означена како ексклузивна, која наводно ја прикажува преговарачката стратегија на Хамас, палестинската милитантна група со која Израел се бори во Газа повеќе од една година. Во тоа време, САД, Катар и Египет посредуваа во преговорите за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас, кои требаше да вклучуваат договор за ослободување на заложниците во Газа. Сепак, преговорите пропаднаа, а Израел и Хамас меѓусебно се обвинуваат за застојот на преговорите . Написот во голема мера ги потврди обвинувањата на Нетанјаху против Хамас за ќор-сокак во преговорите. Документите беа објавени неколку дена откако шест израелски заложници беа пронајдени погубени во тунелот на Хамас во јужниот дел на Газа. Нивното убиство предизвика масовни протести во Израел и гнев кај семејствата на заложниците, кои го обвинија Нетанјаху дека поради политички причини ги саботира преговорите за прекин на огнот . Во саботата дел од тие семејства се приклучија на барањето на израелските новинари за укинување на забраната за објавување информации. Тие чекаат цела година да слушнат какви било разузнавачки информации или информации за преговорите за ослободување на тие заложници. Доколку некој дел од тие информации бил украден од воени извори, веруваме дека семејствата имаат право да ги знаат сите релевантни детали, рече нивниот адвокат Дана Пугач. На друго рочиште во неделата, поврзано со истрагата на домашната безбедносна служба Шин Бет, полицијата и војската, судот нареди ослободување на еден осомничен додека другите се приведени. Запрашани за истрагата, од весникот Билд посочија дека нема да ги коментираат своите извори. Автентичноста на нам познат документот беше потврдена од ИД (Израелските одбранбени сили) веднаш по неговото објавување, наведуваат од германскиот весник.

The post Нетанјаху во фокусот на скандал: Уапсен негов помошник поради истекување информации appeared first on Република.

]]>
Нетанјаху: Израел е способен да постигне каква било цел во Иран ако се појави потреба https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/netanjahu-izrael-e-sposoben-da-postigne-kakva-bilo-tsel-vo-iran-ako-se-pojavi-potreba/ Fri, 01 Nov 2024 09:40:20 +0000 https://republika.mk/?p=833019

Израел е способен да постигне каква било цел во Иран ако се појави потреба, изјави израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху.

Нетанјаху, во говорот пред новите воени офицери, рече дека Израел има невидена слобода на дејствување по недамнешните воздушни напади врз Иран, пренесе „Ројтерс“.

„Денес, Израел има повеќе слобода на дејствување во Иран од кога било. Можеме да стигнеме на кое било место во Иран ако е потребно“, нагласи Нетанјаху.

Според него, примарна цел што им ја дал на израелските одбранбени и безбедносни сили е да го спречат Иран да дојде до нуклеарно оружје.

Израелската армија го нападна Иран во текот на ноќта меѓу 25 и 26 октомври, а за време на нападот, кој траеше пет часа, мета беа 20 цели во таа земја.

Серијата експлозии се слушнаа околу Техеран веднаш откако израелската војска објави дека се водат напади врз воени цели во Иран како одмазда за нападот на Иран врз Израел на 1 октомври, кога беа лансирани повеќе од 180 ракети како одмазда за убиствата милитантните групи Хамас и Хезболах, како и агресијата во Газа и Либан.

The post Нетанјаху: Израел е способен да постигне каква било цел во Иран ако се појави потреба appeared first on Република.

]]>

Израел е способен да постигне каква било цел во Иран ако се појави потреба, изјави израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху. Нетанјаху, во говорот пред новите воени офицери, рече дека Израел има невидена слобода на дејствување по недамнешните воздушни напади врз Иран, пренесе „Ројтерс“. „Денес, Израел има повеќе слобода на дејствување во Иран од кога било. Можеме да стигнеме на кое било место во Иран ако е потребно“, нагласи Нетанјаху. Според него, примарна цел што им ја дал на израелските одбранбени и безбедносни сили е да го спречат Иран да дојде до нуклеарно оружје. Израелската армија го нападна Иран во текот на ноќта меѓу 25 и 26 октомври, а за време на нападот, кој траеше пет часа, мета беа 20 цели во таа земја. Серијата експлозии се слушнаа околу Техеран веднаш откако израелската војска објави дека се водат напади врз воени цели во Иран како одмазда за нападот на Иран врз Израел на 1 октомври, кога беа лансирани повеќе од 180 ракети како одмазда за убиствата милитантните групи Хамас и Хезболах, како и агресијата во Газа и Либан.

The post Нетанјаху: Израел е способен да постигне каква било цел во Иран ако се појави потреба appeared first on Република.

]]>
Да ја одложи венчавката: Нетанјаху со барање до својот син https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/da-ja-odlozhi-venchavkata-netanjahu-so-barane-do-svojot-sin/ Wed, 30 Oct 2024 11:18:10 +0000 https://republika.mk/?p=832404

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху побара од својот син Авнер да ја одложи венчавката закажана за 26 ноември, наведувајќи ги безбедносните причини како клучен фактор во одлуката.

Церемонијата требаше да се одржи на фармата Ронит во регионот Шарон, недалеку од Тел Авив, место познато по организирање на семејни прослави.

Како што пишува „Тајмс оф Израел“, Нетанјаху разговарал со своите соработници за можните безбедносни предизвици што би можеле да произлезат од собирањето на ваков јавен настан, особено поради неодамнешните инциденти со беспилотни летала во регионот. Еден таков инцидент се случи пред неколку недели, кога дрон лансиран од позиција на Хезболах го оштети прозорецот на резиденцијата на премиерот. Овој настан дополнително ги истакна можните ризици поврзани со големите собири, пренесуваат медиумите во регионот.

Медиумите неколку пати се обидоа да добијат официјален коментар од кабинетот на Нетанјаху во врска со ова барање, но премиерот се уште не одговорил на овие прашања.

Оваа одлука за одложување на венчавката доаѓа во време кога Израел е соочен со зголемени тензии и потреба од дополнителни безбедносни мерки, што е тема од особен интерес на јавноста и домашната политичка сцена.

The post Да ја одложи венчавката: Нетанјаху со барање до својот син appeared first on Република.

]]>

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху побара од својот син Авнер да ја одложи венчавката закажана за 26 ноември, наведувајќи ги безбедносните причини како клучен фактор во одлуката. Церемонијата требаше да се одржи на фармата Ронит во регионот Шарон, недалеку од Тел Авив, место познато по организирање на семејни прослави. Како што пишува „Тајмс оф Израел“, Нетанјаху разговарал со своите соработници за можните безбедносни предизвици што би можеле да произлезат од собирањето на ваков јавен настан, особено поради неодамнешните инциденти со беспилотни летала во регионот. Еден таков инцидент се случи пред неколку недели, кога дрон лансиран од позиција на Хезболах го оштети прозорецот на резиденцијата на премиерот. Овој настан дополнително ги истакна можните ризици поврзани со големите собири, пренесуваат медиумите во регионот. Медиумите неколку пати се обидоа да добијат официјален коментар од кабинетот на Нетанјаху во врска со ова барање, но премиерот се уште не одговорил на овие прашања. Оваа одлука за одложување на венчавката доаѓа во време кога Израел е соочен со зголемени тензии и потреба од дополнителни безбедносни мерки, што е тема од особен интерес на јавноста и домашната политичка сцена.

The post Да ја одложи венчавката: Нетанјаху со барање до својот син appeared first on Република.

]]>
Трамп ќе изврши притисок врз Нетанјаху доколку победи на изборите https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/tramp-ke-izvrshi-pritisok-vrz-netanjahu-dokolku-pobedi-na-izborite/ Tue, 29 Oct 2024 13:08:52 +0000 https://republika.mk/?p=832078 фото: Х

Доналд Трамп, доколку се врати во Белата куќа, ќе изврши притисок врз израелскиот премиер во врска со мирното решавање на конфликтот на Блискиот Исток, пишува „Фајненшл тајмс“.

Луѓето блиски до Трамп велат дека тој не би се оддалечил од притисокот врз Нетанјаху ако мисли дека е вистинското време да се заложи за решение. Едно сценарио за акцијата на Трамп доколку се врати на власт е дека тој брзо би го поканил Нетанјаху во Вашингтон за да посредува за прекин на огнот. тоа води до враќање на заложниците земени од Хамас и мировен договор“, пишува весникот.

Како израелскиот премиер би одговорил на такво сценарио останува непознато, но Трамп сака да се врати на идејата за голем договор со Израел и Саудиска Арабија за долгорочен мир во регионот.

The post Трамп ќе изврши притисок врз Нетанјаху доколку победи на изборите appeared first on Република.

]]>
фото: Х

Доналд Трамп, доколку се врати во Белата куќа, ќе изврши притисок врз израелскиот премиер во врска со мирното решавање на конфликтот на Блискиот Исток, пишува „Фајненшл тајмс“.
Луѓето блиски до Трамп велат дека тој не би се оддалечил од притисокот врз Нетанјаху ако мисли дека е вистинското време да се заложи за решение. Едно сценарио за акцијата на Трамп доколку се врати на власт е дека тој брзо би го поканил Нетанјаху во Вашингтон за да посредува за прекин на огнот. тоа води до враќање на заложниците земени од Хамас и мировен договор“, пишува весникот.
Како израелскиот премиер би одговорил на такво сценарио останува непознато, но Трамп сака да се врати на идејата за голем договор со Израел и Саудиска Арабија за долгорочен мир во регионот.

The post Трамп ќе изврши притисок врз Нетанјаху доколку победи на изборите appeared first on Република.

]]>
Нетанјаху: Израел не доби предлог за договор за прекин на огнот и ослободување на заложници во Газа https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/netanjahu-izrael-ne-dobi-predlog-za-dogovor-za-prekin-na-ognot-i-osloboduvane-na-zalozhnitsi-vo-gaza/ Tue, 29 Oct 2024 08:10:53 +0000 https://republika.mk/?p=831915

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху не добил предлог за договор за прекин на огнот и ослободување на заложниците во Газа, според неговиот портпарол, по обновувањето на разговорите на високо ниво.

Медиумите претходно објавија дека Египет предложил дводневно примирје во Газа во неделата, што ќе овозможи размена на четворица израелски заложници држени во енклавата за неодреден број палестински затвореници кои ги држел Израел.

Израел не доби предлог за ослободување на четворицата заложници во замена за 48-часовен прекин на огнот во Газа, рече Нетанјаху за време на затворениот состанок на партијата Ликуд, според неговиот портпарол Омер Достри.

Доколку беше презентиран таков предлог, премиерот веднаш ќе го прифатеше, додаде Достри.

The post Нетанјаху: Израел не доби предлог за договор за прекин на огнот и ослободување на заложници во Газа appeared first on Република.

]]>

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху не добил предлог за договор за прекин на огнот и ослободување на заложниците во Газа, според неговиот портпарол, по обновувањето на разговорите на високо ниво. Медиумите претходно објавија дека Египет предложил дводневно примирје во Газа во неделата, што ќе овозможи размена на четворица израелски заложници држени во енклавата за неодреден број палестински затвореници кои ги држел Израел. Израел не доби предлог за ослободување на четворицата заложници во замена за 48-часовен прекин на огнот во Газа, рече Нетанјаху за време на затворениот состанок на партијата Ликуд, според неговиот портпарол Омер Достри. Доколку беше презентиран таков предлог, премиерот веднаш ќе го прифатеше, додаде Достри.

The post Нетанјаху: Израел не доби предлог за договор за прекин на огнот и ослободување на заложници во Газа appeared first on Република.

]]>
За дронот кој влета во спалната на Нетанјаху одговорност презеде Хезболах https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/za-dronot-koj-vleta-vo-spalnata-na-netanjahu-odgovornost-prezede-hezbolah/ Tue, 22 Oct 2024 19:59:05 +0000 https://republika.mk/?p=830001

Либанската шиитска група Хезболах, поддржана од Иран, ја презеде одговорноста за нападот со беспилотно летало во саботата врз резиденцијата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, јави ДПА.

Израелските медиуми во саботата објавија дека дрон го скршил прозорецот од спалната соба во куќата на Нетанјаху во градот Цезарија, потсетува агенцијата. Во тој момент премиерот и неговата сопруга не биле во резиденцијата. Според израелската армија, во нападот нема повредени.

Хезболах признава дека цел бил домот на криминалецот и водач на ционистичкиот фашизам, изјави Мохамед Афифи, шеф на прес-службата на групата на денешната прес-конференција.

Покрај тоа, претставникот на Хезболах ја критикуваше германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок за нејзините неодамнешни изјави во врска со воениот конфликт во Либан, велејќи дека „таа го оправдува убивањето цивили од страна на ционистичкиот непријател“.

Афифи посочи дека нема да има преговори со Израел „се додека трае огнот“.

The post За дронот кој влета во спалната на Нетанјаху одговорност презеде Хезболах appeared first on Република.

]]>

Либанската шиитска група Хезболах, поддржана од Иран, ја презеде одговорноста за нападот со беспилотно летало во саботата врз резиденцијата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, јави ДПА. Израелските медиуми во саботата објавија дека дрон го скршил прозорецот од спалната соба во куќата на Нетанјаху во градот Цезарија, потсетува агенцијата. Во тој момент премиерот и неговата сопруга не биле во резиденцијата. Според израелската армија, во нападот нема повредени.
Хезболах признава дека цел бил домот на криминалецот и водач на ционистичкиот фашизам, изјави Мохамед Афифи, шеф на прес-службата на групата на денешната прес-конференција.
Покрај тоа, претставникот на Хезболах ја критикуваше германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок за нејзините неодамнешни изјави во врска со воениот конфликт во Либан, велејќи дека „таа го оправдува убивањето цивили од страна на ционистичкиот непријател“. Афифи посочи дека нема да има преговори со Израел „се додека трае огнот“.

The post За дронот кој влета во спалната на Нетанјаху одговорност презеде Хезболах appeared first on Република.

]]>
Израелски медиуми: „Иран се обиде да го убие Нетанјаху“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/izraelski-mediumi-iran-se-obide-da-go-ubie-netanjahu/ Sat, 19 Oct 2024 18:44:42 +0000 https://republika.mk/?p=828931

Висок израелски владин претставник, наводно, рекол дека „Иран се обидел да го убие израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху“.

Вестите на ТВ Канал 12 цитираа висок израелски владин функционер кој рече:

„Иран се обиде да го убие Нетанјаху“.

Приватната резиденција на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во Цезареја била цел на напад со дрон испратен од Либан утринава, потврди неговиот кабинет.

Во кусото соопштение се наведува дека Нетанјаху и неговата сопруга Сара не биле дома во моментот на нападот и дека во инцидентот нема повредени.

The post Израелски медиуми: „Иран се обиде да го убие Нетанјаху“ appeared first on Република.

]]>

Висок израелски владин претставник, наводно, рекол дека „Иран се обидел да го убие израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху“. Вестите на ТВ Канал 12 цитираа висок израелски владин функционер кој рече:
„Иран се обиде да го убие Нетанјаху“.
Приватната резиденција на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во Цезареја била цел на напад со дрон испратен од Либан утринава, потврди неговиот кабинет. Во кусото соопштение се наведува дека Нетанјаху и неговата сопруга Сара не биле дома во моментот на нападот и дека во инцидентот нема повредени.

The post Израелски медиуми: „Иран се обиде да го убие Нетанјаху“ appeared first on Република.

]]>
Со дрон нападнат домот на Нетанјаху, тој порача дека ништо нема да го одврати https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/so-dron-napadnat-domot-na-netanjahu-toj-poracha-deka-nishto-nema-da-go-odvrati/ Sat, 19 Oct 2024 14:58:41 +0000 https://republika.mk/?p=828847

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху се огласи денеска, откако неговиот дом во Цезареја, на северот на Израел, бил нападнат со дрон од Либан, дека „ништо нема да го одврати“ и дека Израел „ќе победи во оваа војна“.

Знаете, пред два дена го убивме масовниот убиец Јахја Синвар и како што реков, ние сме во војна каде што се бориме за опстанок. Ќе продолжиме до крај. Сакам да кажам уште една работа, тоа е дека горд сум на нашите војници, команданти и горд сум на граѓаните на Израел“, рече Нетанјаху.

 

The post Со дрон нападнат домот на Нетанјаху, тој порача дека ништо нема да го одврати appeared first on Република.

]]>

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху се огласи денеска, откако неговиот дом во Цезареја, на северот на Израел, бил нападнат со дрон од Либан, дека „ништо нема да го одврати“ и дека Израел „ќе победи во оваа војна“.
Знаете, пред два дена го убивме масовниот убиец Јахја Синвар и како што реков, ние сме во војна каде што се бориме за опстанок. Ќе продолжиме до крај. Сакам да кажам уште една работа, тоа е дека горд сум на нашите војници, команданти и горд сум на граѓаните на Израел“, рече Нетанјаху.
 

The post Со дрон нападнат домот на Нетанјаху, тој порача дека ништо нема да го одврати appeared first on Република.

]]>
Цел на Хезболах бил израелскиот премиер: Дрон од Либан удри во близина на домот на Нетанјаху https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/tsel-na-hezbolah-bil-izraelskiot-premier-dron-od-liban-udri-vo-blizina-na-domot-na-netanjahu/ Sat, 19 Oct 2024 08:14:59 +0000 https://republika.mk/?p=828708

Беспилотно летало лансирано од Либан удрило во зграда во израелскиот град Цезареја, каде што живее израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, соопшти израелската војска.

Според извештаите на израелските медиуми, првично не било познато дали Нетанјаху бил во крајбрежното одморалиште лоцирано меѓу Тел Авив и Хаифа во моментот на нападот.

Во инцидентот нема повредени, соопшти армијата. Пресретнати се уште два летечки објекти без екипаж.

Воздушна тревога имаше и во Тел Авив, 55 километри јужно, бидејќи беспилотно летало наводно се приближувало до областа Глилот, каде што се наоѓа седиштето на израелската надворешна разузнавачка служба Мосад и уште еден разузнавачки центар.

Според армијата, сирените се огласиле на многу други локации во северен Израел, вклучувајќи го и градот Тиберија на западниот брег на Галилејското Море.

Либанската шиитска милиција Хезболах, која е во сојуз со Хамас во Појасот Газа, речиси секојдневно истрелува ракети и беспилотни летала врз Израел од почетокот на војната во Газа во октомври минатата година.

По веста за смртта на лидерот на Хамас, Јехја ал Синвар во Газа, милицијата поддржана од Иран најави „нова фаза на ескалација“.

The post Цел на Хезболах бил израелскиот премиер: Дрон од Либан удри во близина на домот на Нетанјаху appeared first on Република.

]]>

Беспилотно летало лансирано од Либан удрило во зграда во израелскиот град Цезареја, каде што живее израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, соопшти израелската војска. Според извештаите на израелските медиуми, првично не било познато дали Нетанјаху бил во крајбрежното одморалиште лоцирано меѓу Тел Авив и Хаифа во моментот на нападот. Во инцидентот нема повредени, соопшти армијата. Пресретнати се уште два летечки објекти без екипаж. Воздушна тревога имаше и во Тел Авив, 55 километри јужно, бидејќи беспилотно летало наводно се приближувало до областа Глилот, каде што се наоѓа седиштето на израелската надворешна разузнавачка служба Мосад и уште еден разузнавачки центар. Според армијата, сирените се огласиле на многу други локации во северен Израел, вклучувајќи го и градот Тиберија на западниот брег на Галилејското Море. Либанската шиитска милиција Хезболах, која е во сојуз со Хамас во Појасот Газа, речиси секојдневно истрелува ракети и беспилотни летала врз Израел од почетокот на војната во Газа во октомври минатата година. По веста за смртта на лидерот на Хамас, Јехја ал Синвар во Газа, милицијата поддржана од Иран најави „нова фаза на ескалација“.

The post Цел на Хезболах бил израелскиот премиер: Дрон од Либан удри во близина на домот на Нетанјаху appeared first on Република.

]]>
Војната сè уште не е завршена, најавува Нетанјаху https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vojnata-se-ushte-ne-e-zavrshena-najavuva-netanjahu/ Fri, 18 Oct 2024 13:16:48 +0000 https://republika.mk/?p=828539

Ветувањата на премиерот Бенјамин Нетанјаху дека ќе продолжи со израелските војни во Газа и Либан ги уништија надежите дека убиството на лидерот на Хамас Јахја Синвар може да помогне да се стави крај на повеќе од една година ескалација на конфликтот на Блискиот Исток.

Во меѓувреме, либанската милитантна група Хезболах вети дека ќе ги ескалира борбите против Израел, а неговиот поддржувач Иран рече дека „духот на отпорот“ ќе биде зајакнат со смртта на нејзиниот палестински сојузник Синвар во Газа.

Синвар, организатор на нападот на 7 октомври 2023 година, кој ја предизвика војната во Газа, беше убиен за време на операцијата на израелските војници во палестинската енклава во средата, клучен настан во едногодишниот конфликт.

Нетанјаху го нарече убиството на Синвар пресвртница доцна во четвртокот, но вети дека ќе продолжи со војната, која во последните недели се прошири од борби против палестинската група Хамас во Газа во инвазија на јужен Либан и бомбардирање на големи делови од земјата.

„Војната, драги мои, сè уште не е завршена“, им рече Нетанјаху на Израелците, велејќи дека борбите ќе продолжат се` додека не бидат ослободени заложниците кои ги држи Хамас.

„Имаме пред нас одлична можност да ја запреме оската на злото и да создадеме поинаква иднина“, додаде тој, мислејќи на Иран и неговите милитантни сојузници низ целиот регион во Газа, Либан, Сирија, Ирак и Јемен.

Коментарите на Нетанјаху беа во контраст со западните лидери, вклучувајќи го и американскиот претседател Џо Бајден, кој рече дека смртта на Синвар нуди шанса за завршување на конфликтот.

САД сакаат да започнат преговори за прекин на огнот и да обезбедат ослободување на заложниците, рече портпаролот на американскиот Стејт департмент Метју Милер, додавајќи дека Синвар одбивал да преговара.

„Таа пречка очигледно е отстранета. Не може да се предвиди дека тоа значи дека кој и да го замени (Синвар) ќе се согласи на прекин на огнот, но го отстранува она што во последните месеци беше главна пречка за да се добие таков“, рече тој.

Еден висок дипломат кој работи во Либан, изјави за Ројтерс дека надежите дека со смртта на Синвар ќе се стави крај на војната изгледаат погрешни.

„Се надевавме, навистина во текот на ова, дека ослободувањето од Синвар ќе биде пресвртна точка каде што ќе завршат војните… каде што секој ќе биде подготвен да го спушти оружјето. Се чини дека уште еднаш погрешивме“, рече дипломатот.

Месечните напори на САД да посредуваат за прекин на огнот со Хамас и Хезболах, пропаднаа бидејќи Израел продолжува со своите војни, а неговиот голем непријател Иран изгледаше главно немоќен да се спротивстави на воената моќ на Израел, вклучително и на американското оружје.

Конфликтот ги предизвика првите директни иранско-израелски конфронтации, вклучително и ракетни напади врз Израел во април и октомври.

Нетанјаху вети дека ќе одговори на октомврискиот напад, кој предизвика мала штета.

Вашингтон го притисна Израел да ги ограничи целите и да не ги напаѓа иранските енергетски објекти или нуклеарни локации.

The post Војната сè уште не е завршена, најавува Нетанјаху appeared first on Република.

]]>

Ветувањата на премиерот Бенјамин Нетанјаху дека ќе продолжи со израелските војни во Газа и Либан ги уништија надежите дека убиството на лидерот на Хамас Јахја Синвар може да помогне да се стави крај на повеќе од една година ескалација на конфликтот на Блискиот Исток. Во меѓувреме, либанската милитантна група Хезболах вети дека ќе ги ескалира борбите против Израел, а неговиот поддржувач Иран рече дека „духот на отпорот“ ќе биде зајакнат со смртта на нејзиниот палестински сојузник Синвар во Газа. Синвар, организатор на нападот на 7 октомври 2023 година, кој ја предизвика војната во Газа, беше убиен за време на операцијата на израелските војници во палестинската енклава во средата, клучен настан во едногодишниот конфликт. Нетанјаху го нарече убиството на Синвар пресвртница доцна во четвртокот, но вети дека ќе продолжи со војната, која во последните недели се прошири од борби против палестинската група Хамас во Газа во инвазија на јужен Либан и бомбардирање на големи делови од земјата. „Војната, драги мои, сè уште не е завршена“, им рече Нетанјаху на Израелците, велејќи дека борбите ќе продолжат се` додека не бидат ослободени заложниците кои ги држи Хамас. „Имаме пред нас одлична можност да ја запреме оската на злото и да создадеме поинаква иднина“, додаде тој, мислејќи на Иран и неговите милитантни сојузници низ целиот регион во Газа, Либан, Сирија, Ирак и Јемен. Коментарите на Нетанјаху беа во контраст со западните лидери, вклучувајќи го и американскиот претседател Џо Бајден, кој рече дека смртта на Синвар нуди шанса за завршување на конфликтот. САД сакаат да започнат преговори за прекин на огнот и да обезбедат ослободување на заложниците, рече портпаролот на американскиот Стејт департмент Метју Милер, додавајќи дека Синвар одбивал да преговара. „Таа пречка очигледно е отстранета. Не може да се предвиди дека тоа значи дека кој и да го замени (Синвар) ќе се согласи на прекин на огнот, но го отстранува она што во последните месеци беше главна пречка за да се добие таков“, рече тој. Еден висок дипломат кој работи во Либан, изјави за Ројтерс дека надежите дека со смртта на Синвар ќе се стави крај на војната изгледаат погрешни. „Се надевавме, навистина во текот на ова, дека ослободувањето од Синвар ќе биде пресвртна точка каде што ќе завршат војните… каде што секој ќе биде подготвен да го спушти оружјето. Се чини дека уште еднаш погрешивме“, рече дипломатот. Месечните напори на САД да посредуваат за прекин на огнот со Хамас и Хезболах, пропаднаа бидејќи Израел продолжува со своите војни, а неговиот голем непријател Иран изгледаше главно немоќен да се спротивстави на воената моќ на Израел, вклучително и на американското оружје. Конфликтот ги предизвика првите директни иранско-израелски конфронтации, вклучително и ракетни напади врз Израел во април и октомври. Нетанјаху вети дека ќе одговори на октомврискиот напад, кој предизвика мала штета. Вашингтон го притисна Израел да ги ограничи целите и да не ги напаѓа иранските енергетски објекти или нуклеарни локации.

The post Војната сè уште не е завршена, најавува Нетанјаху appeared first on Република.

]]>
Нетанјаху: Го убивме шефот на Хезболах и неговата замена, и замената на замената  https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/netanjahu-go-ubivme-shefot-na-hezbolah-i-negovata-zamena-i-zamenata-na-zamenata/ Wed, 09 Oct 2024 08:10:58 +0000 https://republika.mk/?p=824455

Милитантите на Хезболах утринава со артилериски гранати и ракети гаѓаа израелски војници во близина на либанското погранично село Лабунеха, соопшти групата, еден ден откако Израел објави дека убила двајца наследници на убиениот лидер на Хезболах.

Сирените се огласија во северниот дел на Израел, соопшти израелската војска, додавајќи дека тројца припадници на израелската војска биле тешко повредени вчера и денеска за време на борбите во јужен Либан.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху објави дека двајцата наследници на убиениот лидер на Хезболах се убиени во израелски воздушни напади.


Нетанјаху зборуваше во видео објавено од неговата канцеларија откако заменик-лидерот на Хезболах, вознемирен од серијата убиства на високи команданти во израелските воздушни напади, ја остави вратата отворена за договорен прекин на огнот.

Ги деградиравме капацитетите на Хезболах. Отстранивме илјадници терористи, вклучително и самиот (Хасан) Насрала и замената на Насрала, како и замената на замената, рече Нетанјаху, без да ги именува последните двајца.

Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант рече дека Хашем Сафиедин, човекот за кој се очекуваше да го наследи Насрала, веројатно е „елиминиран“. Не беше јасно на кого мислеше Нетанјаху со „замена на замената“.

Подоцна, портпаролот на израелската војска Даниел Хагари изјави дека Израел знаел дека Сафиедин бил во седиштето на Хезболах кога воени авиони го бомбардирале минатата недела и дека статусот на Сафиедин „се проверува и кога ќе се знае, јавноста ќе биде известена“.

Сафиедин го нема никаде од тој воздушен напад, дело на израелската офанзива што ескалираше по годишнината од граничните судири со Хезболах. Групата е најтешко вооружена од иранските посреднички сили на Блискиот Исток и делува како поддршка на палестинските милитанти кои се борат против Израел во Газа.

Денес Хезболах е послаб отколку што беше многу, многу години, рече Нетанјаху. Израелската војска вчера соопшти дека во тешки воздушни напади врз подземни објекти на Хезболах во јужен Либан загинале најмалку 50 борци, вклучително и шест секторски команданти и регионални претставници, во последните 24 часа.

Зголемените регионални тензии предизвикани од нападот врз јужен Израел од страна на палестинската вооружена група Хамас со седиште во Газа пред една година, ескалираа во последните неколку недели и се прелеаја во Либан.

На почетокот на октомври Иран, спонзорот и на Хезболах и на Хамас, истрела проектили кон Израел, а вчера го предупреди Израел да не напаѓа ниту една негова инфраструктура, поради страв од можен израелски напад на нафтени или нуклеарни локации.

Иранскиот министер за надворешни работи рече дека секој напад врз иранската инфраструктура ќе биде осветен, додека висок ирански функционер им рече на заливските земји дека ќе биде „неприфатливо“ и ќе предизвика одговор доколку дозволат нивниот воздушен простор да се користи против Иран.

The post Нетанјаху: Го убивме шефот на Хезболах и неговата замена, и замената на замената  appeared first on Република.

]]>

Милитантите на Хезболах утринава со артилериски гранати и ракети гаѓаа израелски војници во близина на либанското погранично село Лабунеха, соопшти групата, еден ден откако Израел објави дека убила двајца наследници на убиениот лидер на Хезболах. Сирените се огласија во северниот дел на Израел, соопшти израелската војска, додавајќи дека тројца припадници на израелската војска биле тешко повредени вчера и денеска за време на борбите во јужен Либан. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху објави дека двајцата наследници на убиениот лидер на Хезболах се убиени во израелски воздушни напади. Нетанјаху зборуваше во видео објавено од неговата канцеларија откако заменик-лидерот на Хезболах, вознемирен од серијата убиства на високи команданти во израелските воздушни напади, ја остави вратата отворена за договорен прекин на огнот. Ги деградиравме капацитетите на Хезболах. Отстранивме илјадници терористи, вклучително и самиот (Хасан) Насрала и замената на Насрала, како и замената на замената, рече Нетанјаху, без да ги именува последните двајца. Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант рече дека Хашем Сафиедин, човекот за кој се очекуваше да го наследи Насрала, веројатно е „елиминиран“. Не беше јасно на кого мислеше Нетанјаху со „замена на замената“. Подоцна, портпаролот на израелската војска Даниел Хагари изјави дека Израел знаел дека Сафиедин бил во седиштето на Хезболах кога воени авиони го бомбардирале минатата недела и дека статусот на Сафиедин „се проверува и кога ќе се знае, јавноста ќе биде известена“. Сафиедин го нема никаде од тој воздушен напад, дело на израелската офанзива што ескалираше по годишнината од граничните судири со Хезболах. Групата е најтешко вооружена од иранските посреднички сили на Блискиот Исток и делува како поддршка на палестинските милитанти кои се борат против Израел во Газа. Денес Хезболах е послаб отколку што беше многу, многу години, рече Нетанјаху. Израелската војска вчера соопшти дека во тешки воздушни напади врз подземни објекти на Хезболах во јужен Либан загинале најмалку 50 борци, вклучително и шест секторски команданти и регионални претставници, во последните 24 часа. Зголемените регионални тензии предизвикани од нападот врз јужен Израел од страна на палестинската вооружена група Хамас со седиште во Газа пред една година, ескалираа во последните неколку недели и се прелеаја во Либан. На почетокот на октомври Иран, спонзорот и на Хезболах и на Хамас, истрела проектили кон Израел, а вчера го предупреди Израел да не напаѓа ниту една негова инфраструктура, поради страв од можен израелски напад на нафтени или нуклеарни локации. Иранскиот министер за надворешни работи рече дека секој напад врз иранската инфраструктура ќе биде осветен, додека висок ирански функционер им рече на заливските земји дека ќе биде „неприфатливо“ и ќе предизвика одговор доколку дозволат нивниот воздушен простор да се користи против Иран.

The post Нетанјаху: Го убивме шефот на Хезболах и неговата замена, и замената на замената  appeared first on Република.

]]>
Нетанјаху до Либанците: Се сочувате со уништување и страдање како во Газа ако не ја ослободите државата до Хезболах https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/netanjahu-do-libantsite-se-sochuvate-so-unishtuvane-i-stradane-kako-vo-gaza-ako-ne-ja-oslobodite-drzhavata-do-hezbolah/ Tue, 08 Oct 2024 17:21:32 +0000 https://republika.mk/?p=824312

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го предупреди народот на Либан дека може да се соочи со „уништување и страдање“ како Палестинците во погодената од војна Газа, доколку не ја „ослободат“ земјата од Хезболах.

„Имате можност да го спасите Либан пред да падне во бездната на долга војна што ќе доведе до уништување и страдање како што гледаме во Газа“, рече Нетанјаху во видео-обраќањето упатено до народот на Либан.

„Ви велам, народе на Либан: Ослободете ја вашата земја од Хезболах за да може оваа војна да заврши“.

The post Нетанјаху до Либанците: Се сочувате со уништување и страдање како во Газа ако не ја ослободите државата до Хезболах appeared first on Република.

]]>

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го предупреди народот на Либан дека може да се соочи со „уништување и страдање“ како Палестинците во погодената од војна Газа, доколку не ја „ослободат“ земјата од Хезболах. „Имате можност да го спасите Либан пред да падне во бездната на долга војна што ќе доведе до уништување и страдање како што гледаме во Газа“, рече Нетанјаху во видео-обраќањето упатено до народот на Либан. „Ви велам, народе на Либан: Ослободете ја вашата земја од Хезболах за да може оваа војна да заврши“.

The post Нетанјаху до Либанците: Се сочувате со уништување и страдање како во Газа ако не ја ослободите државата до Хезболах appeared first on Република.

]]>
Нетанјаху: Повикот на Макрон да се воведе ембарго на оружје за Израел е срамен https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/netanjahu-povikot-na-makron-da-se-vovede-embargo-na-oruzhje-za-izrael-e-sramen/ Sun, 06 Oct 2024 08:43:15 +0000 https://republika.mk/?p=823356

Израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, изјави дека повикот на францускиот претседател Емануел Макрон да се воведе ембарго за оружје на Израел е срамен.

Израел денес се брани на седум фронта од непријателите на цивилизацијата. Додека Израел се бори со силите на варварството предводени од Иран, сите цивилизирани земји треба цврсто да застанат покрај нас, но претседателот Макрон и другите западни лидери сега повикуваат на ембарго за оружје за нас. Срам да им е, рече Нетанјаху, мислејќи на Газа, Либан, Западниот Брег, Јемен, Сирија, Ирак и Иран.

Израелскиот премиер посочи дека Иран не воведува ембарго за испорака на оружје на своите сојузници, додека земјите кои наводно се противат на оваа, како што ги нарече Нетанјаху,  „терористичка оска“ бараат ембарго за испорака на оружје на Израел, што е голем срам.

Израел ќе победи со или без нивна поддршка, а нивниот срам ќе трае долго откако ќе ја добиеме војната“, рече Нетанјаху.

The post Нетанјаху: Повикот на Макрон да се воведе ембарго на оружје за Израел е срамен appeared first on Република.

]]>

Израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, изјави дека повикот на францускиот претседател Емануел Макрон да се воведе ембарго за оружје на Израел е срамен.
Израел денес се брани на седум фронта од непријателите на цивилизацијата. Додека Израел се бори со силите на варварството предводени од Иран, сите цивилизирани земји треба цврсто да застанат покрај нас, но претседателот Макрон и другите западни лидери сега повикуваат на ембарго за оружје за нас. Срам да им е, рече Нетанјаху, мислејќи на Газа, Либан, Западниот Брег, Јемен, Сирија, Ирак и Иран.
Израелскиот премиер посочи дека Иран не воведува ембарго за испорака на оружје на своите сојузници, додека земјите кои наводно се противат на оваа, како што ги нарече Нетанјаху,  „терористичка оска“ бараат ембарго за испорака на оружје на Израел, што е голем срам.
Израел ќе победи со или без нивна поддршка, а нивниот срам ќе трае долго откако ќе ја добиеме војната“, рече Нетанјаху.

The post Нетанјаху: Повикот на Макрон да се воведе ембарго на оружје за Израел е срамен appeared first on Република.

]]>