Бенјамин Нетајаху Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/benjamin-netajahu/ За подобро да се разбереме Wed, 27 Nov 2024 11:00:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Бенјамин Нетајаху Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/benjamin-netajahu/ 32 32 Франција го разгледува прашањето за имунитетот на Нетанјаху согласно Римскиот статут https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/frantsija-go-razgleduva-prashaneto-za-imunitetot-na-netanjahu-soglasno-rimskiot-statut/ Wed, 27 Nov 2024 11:00:26 +0000 https://republika.mk/?p=842212

Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро го постави прашањето дали некои лидери имаат имунитет според Римскиот статут, врз основа на кој е создаден Меѓународниот кривичен суд (МКС).

Изјавата на Баро беше одговор на прашање за можноста израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да биде задржан во Франција согласно налогот за апсење издаден од МКС.

- Франција е посветена на меѓународната правда и ќе го применува меѓународното право, кое ги обврзува да соработуваат со МКС, изјави Баро за телевизијата „Франс инфо“. Сепак, тој додаде дека статутот на Судот предвидува разгледување на прашањата за имунитет на некои лидери.

- Ова е прашање за последната инстанција да се произнесе, објасни францускиот министер за надворешни работи.

Член од Римскиот договор, со кој е основан МКС, го разгледува прашањето за имунитет на лидерите на држави кои не ја признаваат јурисдикцијата на судот, но ова останува отворено за различни толкувања.

The post Франција го разгледува прашањето за имунитетот на Нетанјаху согласно Римскиот статут appeared first on Република.

]]>

Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро го постави прашањето дали некои лидери имаат имунитет според Римскиот статут, врз основа на кој е создаден Меѓународниот кривичен суд (МКС). Изјавата на Баро беше одговор на прашање за можноста израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да биде задржан во Франција согласно налогот за апсење издаден од МКС. - Франција е посветена на меѓународната правда и ќе го применува меѓународното право, кое ги обврзува да соработуваат со МКС, изјави Баро за телевизијата „Франс инфо“. Сепак, тој додаде дека статутот на Судот предвидува разгледување на прашањата за имунитет на некои лидери. - Ова е прашање за последната инстанција да се произнесе, објасни францускиот министер за надворешни работи. Член од Римскиот договор, со кој е основан МКС, го разгледува прашањето за имунитет на лидерите на држави кои не ја признаваат јурисдикцијата на судот, но ова останува отворено за различни толкувања.

The post Франција го разгледува прашањето за имунитетот на Нетанјаху согласно Римскиот статут appeared first on Република.

]]>
Мојата земја е во војна, сака мир и се бори за своето постоење, рече Нетанјаху во ОН https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/mojata-zemja-e-vo-vojna-saka-mir-i-se-bori-za-svoeto-postoene-reche-netanjahu-vo-on/ Fri, 27 Sep 2024 16:30:03 +0000 https://republika.mk/?p=820366

Мојата земја е во војна, сака мир и се бори за своето постоење, изјави денеска од говорницата на ОН израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху. Целиот говор на Нетанјаху беше поврзан со ситуацијата на Блискиот Исток.

„Првично немав намера да дојдам и да зборувам, но откако ги слушнав лагите против Израел, решив да се обратам“, рече израелскиот лидер на почетокот на својот говор.

„Значи, доаѓам да ја кажам вистината. Тоа е дека Израел сака мир, донесе мир и повторно ќе донесе мир“, продолжи тој.

Според него, сепак, Израел има „страшни непријатели од кои мора да се брани“.

„Тоа се непријатели кои сакаат да ја уништат целата наша цивилизација и да не вратат во мрачните времиња на страдањата“, рече израелскиот лидер.

По прашањето за војната во Газа, тој рече дека палестинската група Хамас го нападнала Израел, убила невини луѓе и земала заложници.

„Нема да застанеме додека не ги вратиме сите заложници дома“, рече тој.

Премиерот на Израел зборуваше и за односот кон Иран.

„Имам порака за Иран: ако пукате во нас, ние ќе пукаме во вас. Нема место во Иран до кое нашето оружје со голем дострел не може да стигне, ова се однесува на целиот Блиски Исток“, нагласи Нетанјаху.

Имам и порака за целиот свет: победуваме“, извикуваше израелскиот премиер од говорницата на ОН.

Според неговите зборови, Иран претставува опасност за целиот Блиски Исток и за целиот свет, „бидејќи ја промовира радикализацијата насекаде“.
Нетанјаху зборуваше и за борбата на Израел против либанското шиитско движење „Хезболах“.

Тој појасни дека акциите на Израел не се насочени против Либан, туку против „Хезболах“ и додаде дека доколку „Хезболах избере војна, Израел нема избор и има право да се брани“.

The post Мојата земја е во војна, сака мир и се бори за своето постоење, рече Нетанјаху во ОН appeared first on Република.

]]>

Мојата земја е во војна, сака мир и се бори за своето постоење, изјави денеска од говорницата на ОН израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху. Целиот говор на Нетанјаху беше поврзан со ситуацијата на Блискиот Исток. „Првично немав намера да дојдам и да зборувам, но откако ги слушнав лагите против Израел, решив да се обратам“, рече израелскиот лидер на почетокот на својот говор. „Значи, доаѓам да ја кажам вистината. Тоа е дека Израел сака мир, донесе мир и повторно ќе донесе мир“, продолжи тој. Според него, сепак, Израел има „страшни непријатели од кои мора да се брани“. „Тоа се непријатели кои сакаат да ја уништат целата наша цивилизација и да не вратат во мрачните времиња на страдањата“, рече израелскиот лидер. По прашањето за војната во Газа, тој рече дека палестинската група Хамас го нападнала Израел, убила невини луѓе и земала заложници. „Нема да застанеме додека не ги вратиме сите заложници дома“, рече тој. Премиерот на Израел зборуваше и за односот кон Иран. „Имам порака за Иран: ако пукате во нас, ние ќе пукаме во вас. Нема место во Иран до кое нашето оружје со голем дострел не може да стигне, ова се однесува на целиот Блиски Исток“, нагласи Нетанјаху. Имам и порака за целиот свет: победуваме“, извикуваше израелскиот премиер од говорницата на ОН. Според неговите зборови, Иран претставува опасност за целиот Блиски Исток и за целиот свет, „бидејќи ја промовира радикализацијата насекаде“. Нетанјаху зборуваше и за борбата на Израел против либанското шиитско движење „Хезболах“. Тој појасни дека акциите на Израел не се насочени против Либан, туку против „Хезболах“ и додаде дека доколку „Хезболах избере војна, Израел нема избор и има право да се брани“.

The post Мојата земја е во војна, сака мир и се бори за своето постоење, рече Нетанјаху во ОН appeared first on Република.

]]>