Бени Ганц Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/beni-ganc/ За подобро да се разбереме Thu, 23 Nov 2023 07:25:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Бени Ганц Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/beni-ganc/ 32 32 Ганц му порача на Хезболах: Она што се случува во Газа може да се случи и во Либан https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/gants-mu-poracha-na-hezbolah-ona-shto-se-sluchuva-vo-gaza-mozhe-da-se-sluchi-i-vo-liban/ Thu, 23 Nov 2023 07:25:35 +0000 https://republika.mk/?p=715317

Израелскиот министер и член на воениот кабинет Бени Ганц ја предупреди милитантната група Хезболах дека „она што се случува“ во северниот дел на Газа може да се случи и во јужен Либан и Бејрут.

– Знаеме како да се справиме со оние кои нè напаѓаат, како и со оние што ги испраќаат, рече Ганц на прес-конференција, пренесува „Тајмс оф Израел“.

Израелските одбранбени сили утрово соопштија дека израелската авијација нападна цели на проиранската милиција Хезболах во Либан.

Борбени авиони ја погодија инфраструктурата на шиитската милиција на либанска територија, соопшти ИДФ.

Хезболах, поддржан од Иран, соопшти дека најмалку пет негови членови биле убиени во нападот. Меѓу нив бил и синот на претседателот на парламентарниот блок на Хезболах во либанскиот парламент, Мохамад Раад. Убиените биле членови на елитната единица на Хезболах Ал Радван, дознава ДПА од либански безбедносни кругови.

Извор: МИА

The post Ганц му порача на Хезболах: Она што се случува во Газа може да се случи и во Либан appeared first on Република.

]]>

Израелскиот министер и член на воениот кабинет Бени Ганц ја предупреди милитантната група Хезболах дека „она што се случува“ во северниот дел на Газа може да се случи и во јужен Либан и Бејрут.
– Знаеме како да се справиме со оние кои нè напаѓаат, како и со оние што ги испраќаат, рече Ганц на прес-конференција, пренесува „Тајмс оф Израел“.
Израелските одбранбени сили утрово соопштија дека израелската авијација нападна цели на проиранската милиција Хезболах во Либан. Борбени авиони ја погодија инфраструктурата на шиитската милиција на либанска територија, соопшти ИДФ. Хезболах, поддржан од Иран, соопшти дека најмалку пет негови членови биле убиени во нападот. Меѓу нив бил и синот на претседателот на парламентарниот блок на Хезболах во либанскиот парламент, Мохамад Раад. Убиените биле членови на елитната единица на Хезболах Ал Радван, дознава ДПА од либански безбедносни кругови.
Извор: МИА

The post Ганц му порача на Хезболах: Она што се случува во Газа може да се случи и во Либан appeared first on Република.

]]>