Бен ван Берден Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ben-van-berden/ За подобро да се разбереме Tue, 30 Aug 2022 08:36:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Бен ван Берден Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ben-van-berden/ 32 32 Директорот на „Шел“: Европа со години нема да има доволно плин https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/direktorot-na-shel-evropa-so-godini-nema-da-ima-dovolno-plin/ Tue, 30 Aug 2022 08:36:06 +0000 https://republika.mk/?p=545499

Првиот човек на холандскиот нафтен гигант „Шел“, Бен ван Берден, предупредува дека Европа може да се соочи со ограничен пристап до енергијата и повеќе од само една зима.

Директорот на најголемата европска нафтена компанија верува дека кризата може да потрае и неколку години, откако цената на бензинот минатата недела скокна на рекордно ниво, во екот на дополнителното намалување на испораките од Русија, што е сигнал дека целиот Стар континент може да падне во длабока рецесија, пренесуваат британските медиуми.

Кризата ќе ја доведе во искушение солидарноста на земјите-членки на Европската унија, имајќи предвид дека секоја влада ќе биде принудена да одлучи како да обезбеди континуирано работење на клучните индустриски сектори - смета Ван Берден.

Тој вели дека притисоците врз снабдувањето со енергија веројатно нема да бидат ограничени само на една зима.

Сосема е можно да имаме неколку зими пред нас во кои ќе треба да најдеме решенија преку заштеди, намалувања и многу брзо наоѓање алтернативи.

 

Дека периодот пред нас ќе биде некако лесен или дека се’ ќе заврши брзо, мислам дека тоа е фантазија која треба да ја оставиме на страна - заклучи првиот човек на „Шел“.

The post Директорот на „Шел“: Европа со години нема да има доволно плин appeared first on Република.

]]>

Првиот човек на холандскиот нафтен гигант „Шел“, Бен ван Берден, предупредува дека Европа може да се соочи со ограничен пристап до енергијата и повеќе од само една зима. Директорот на најголемата европска нафтена компанија верува дека кризата може да потрае и неколку години, откако цената на бензинот минатата недела скокна на рекордно ниво, во екот на дополнителното намалување на испораките од Русија, што е сигнал дека целиот Стар континент може да падне во длабока рецесија, пренесуваат британските медиуми.
Кризата ќе ја доведе во искушение солидарноста на земјите-членки на Европската унија, имајќи предвид дека секоја влада ќе биде принудена да одлучи како да обезбеди континуирано работење на клучните индустриски сектори - смета Ван Берден.
Тој вели дека притисоците врз снабдувањето со енергија веројатно нема да бидат ограничени само на една зима.
Сосема е можно да имаме неколку зими пред нас во кои ќе треба да најдеме решенија преку заштеди, намалувања и многу брзо наоѓање алтернативи.   Дека периодот пред нас ќе биде некако лесен или дека се’ ќе заврши брзо, мислам дека тоа е фантазија која треба да ја оставиме на страна - заклучи првиот човек на „Шел“.

The post Директорот на „Шел“: Европа со години нема да има доволно плин appeared first on Република.

]]>