бен валас Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ben-valas/ За подобро да се разбереме Mon, 12 Dec 2022 21:13:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png бен валас Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ben-valas/ 32 32 Британија и се закани на Москва дека во Украина ќе испрати оружје со долг дострел https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/britanija-i-se-zakani-na-moskva-deka-vo-ukraina-kje-isprati-oruzje-so-dolg-dostrel/ Mon, 12 Dec 2022 21:07:18 +0000 https://republika.mk/?p=584922

Британскиот министер за одбрана Бен Валас, порача дека ќе ја прифати можноста за снабдување на Украина со британски оружени системи со подолг дострел, доколку Русија продолжи да гаѓа цивилни области.

Имаме системи за оружје со поголем дострел и ако Русите продолжат да гаѓаат цивилни цели и ги прекршуваат одредбите од Женевската конвенција, јас ќе бидам отворен за разгледување на нашите следни чекори“, порача Валас, пренесува Ројтерс.

Украина ја обвини Русија дека користи беспилотни летала „камикази“ за да напаѓа објекти на енергетската инфраструктура и други цивилни цели.

Од почетокот на рускиот воена операција во Украина на 24 февруари, Обединетото Кралство има посветено 3,8 милијарди фунти за поддршка на Украина, вклучувајќи воена обука, снабдување со оружје и хуманитарна помош.

The post Британија и се закани на Москва дека во Украина ќе испрати оружје со долг дострел appeared first on Република.

]]>

Британскиот министер за одбрана Бен Валас, порача дека ќе ја прифати можноста за снабдување на Украина со британски оружени системи со подолг дострел, доколку Русија продолжи да гаѓа цивилни области.
Имаме системи за оружје со поголем дострел и ако Русите продолжат да гаѓаат цивилни цели и ги прекршуваат одредбите од Женевската конвенција, јас ќе бидам отворен за разгледување на нашите следни чекори“, порача Валас, пренесува Ројтерс.
Украина ја обвини Русија дека користи беспилотни летала „камикази“ за да напаѓа објекти на енергетската инфраструктура и други цивилни цели. Од почетокот на рускиот воена операција во Украина на 24 февруари, Обединетото Кралство има посветено 3,8 милијарди фунти за поддршка на Украина, вклучувајќи воена обука, снабдување со оружје и хуманитарна помош.

The post Британија и се закани на Москва дека во Украина ќе испрати оружје со долг дострел appeared first on Република.

]]>
Макрон ќе го блокира изборот на Валас за генерален секретар на НАТО https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/makron-kje-go-blokira-izborot-na-valas-za-generalen-sekretar-na-nato/ Sun, 27 Nov 2022 20:19:39 +0000 https://republika.mk/?p=578850

Претседателот на Франција, Емануел Макрон го навлече гневот на британските пратеници откако се покажа дека планира да го блокира назначувањето на Бен Валас за нов генерален секретар на НАТО.

Францускиот претседател наводно има намера да стави вето на назначувањето на кој било британски или турски кандидат за функцијата генерален секретар на Алијансата.

„Англофобијата на Макрон е разочарувачка, но барем тој е доследен“, изјави британскиот конзервативен пратеник, Ендрју Бриџен.

Друг пратеник на истата партија истакна дека позицијата на Париз го става британскиот премиер Риши Сунак, кој го нарече Макрон пријател, во непријатна ситуација.

Валас сега е британски министер за одбрана.

„Њујорк тајмс“ објави дека кандидати за функцијата генерален секретар на НАТО – покрај Валас се и канадската вицепремиерка и министерка за финансии, Кристиа Фриланд, естонската премиерка Каја Калас, словачката претседателка Зузана Чапутова и поранешната хрватска претседателка, Колинда Грабар-Китаровиќ.

The post Макрон ќе го блокира изборот на Валас за генерален секретар на НАТО appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Франција, Емануел Макрон го навлече гневот на британските пратеници откако се покажа дека планира да го блокира назначувањето на Бен Валас за нов генерален секретар на НАТО. Францускиот претседател наводно има намера да стави вето на назначувањето на кој било британски или турски кандидат за функцијата генерален секретар на Алијансата.
„Англофобијата на Макрон е разочарувачка, но барем тој е доследен“, изјави британскиот конзервативен пратеник, Ендрју Бриџен.
Друг пратеник на истата партија истакна дека позицијата на Париз го става британскиот премиер Риши Сунак, кој го нарече Макрон пријател, во непријатна ситуација. Валас сега е британски министер за одбрана. „Њујорк тајмс“ објави дека кандидати за функцијата генерален секретар на НАТО – покрај Валас се и канадската вицепремиерка и министерка за финансии, Кристиа Фриланд, естонската премиерка Каја Калас, словачката претседателка Зузана Чапутова и поранешната хрватска претседателка, Колинда Грабар-Китаровиќ.

The post Макрон ќе го блокира изборот на Валас за генерален секретар на НАТО appeared first on Република.

]]>
Валас: Идејата за ублажување на санкциите за Русија за да се деблокира извозот на жито од Украина не е на маса https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/valas-idejata-za-ublazuvanje-na-sankciite-za-rusija-za-da-se-deblokira-izvozot-na-zito-od-ukraina-ne-e-na-masa/ Wed, 25 May 2022 21:12:05 +0000 https://republika.mk/?p=506974

Британскиот министер за одбрана Бен Валас ја отфрли идејата за укинување на голем број санкции за Русија во замена за отворање хуманитарни коридори за извоз на жито од украинските поморски пристаништа

За време на неговиот состанок со неговата шпанска колешка Маргарита Роблес, тој ја повика Русија „да ја направи вистинската работа“ и да дозволи Украина да го извезува своето жито низ зелениот коридор за да им помогне на земјите каде недостигот на жито може да предизвика глад, пишува Ројтерс.

„Тоа жито е за сите, Либија, Јемен, луѓето ширум светот се потпираат на тоа жито за да се прехранат. Ја повикувам Русија да ја направи вистинската работа во духот на хуманоста и да го пушти житото на Украина надвор, да престане да го краде житото за свои средства. Да не зборуваме за санкции, да ја направиме вистинската работа - рече Валас.

https://republika.mk/vesti/svet/rusija-ukinete-ni-gi-sankciite-i-kje-dozvolime-izvoz-na-hrana-od-ukraina/

The post Валас: Идејата за ублажување на санкциите за Русија за да се деблокира извозот на жито од Украина не е на маса appeared first on Република.

]]>

Британскиот министер за одбрана Бен Валас ја отфрли идејата за укинување на голем број санкции за Русија во замена за отворање хуманитарни коридори за извоз на жито од украинските поморски пристаништа За време на неговиот состанок со неговата шпанска колешка Маргарита Роблес, тој ја повика Русија „да ја направи вистинската работа“ и да дозволи Украина да го извезува своето жито низ зелениот коридор за да им помогне на земјите каде недостигот на жито може да предизвика глад, пишува Ројтерс.
„Тоа жито е за сите, Либија, Јемен, луѓето ширум светот се потпираат на тоа жито за да се прехранат. Ја повикувам Русија да ја направи вистинската работа во духот на хуманоста и да го пушти житото на Украина надвор, да престане да го краде житото за свои средства. Да не зборуваме за санкции, да ја направиме вистинската работа - рече Валас.
https://republika.mk/vesti/svet/rusija-ukinete-ni-gi-sankciite-i-kje-dozvolime-izvoz-na-hrana-od-ukraina/

The post Валас: Идејата за ублажување на санкциите за Русија за да се деблокира извозот на жито од Украина не е на маса appeared first on Република.

]]>
Британски министер: Путин е заглавен во кафез кој сам си го изгради https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/britanski-minister-putin-e-zaglaven-vo-kafez-koj-sam-si-go-izgradi/ Thu, 31 Mar 2022 21:04:22 +0000 https://republika.mk/?p=481657

Британскиот министер за одбрана, Бен Валас уште еднаш во интервју кажа дека рускиот претседател Владимир Путин направил грешка со инвазијата на Украина.

„Путин е човек во кафез кој сам си го изгради. Неговата армија е изморена, а тој загуби многу војници и опрема. Имиџот на армијата е уништен“, вели Валас.

Валас кажа дека очекуваат напад на источна и јужна Украина, иако Русите најавија дека ќе се повлечат од некои градови.

The post Британски министер: Путин е заглавен во кафез кој сам си го изгради appeared first on Република.

Пранкерите на Заев го наместиле Валас: Лажен Шмигаљ разговарал со британскиот министер за одбрана https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/prankerite-na-zaev-go-namestile-valas-lazen-shmigalj-razgovaral-so-britanskiot-minister-za-odbrana/ Tue, 22 Mar 2022 11:39:36 +0000 https://republika.mk/?p=476555

Велика Британија денеска ја обвини Русија дека стои зад видеоповикот во кој едно лице лажно се претставува како премиер на Украина во разговор со министерот за одбрана, Бен Валас, чија снимка синоќа беше објавена на „Јутјуб“.

Лондон го обвини Кремљ дека стои зад обидите со измама да обезбеди чувствителни информации и да ги засрами британските официјални лица. Тие се обидуваат да преговараат со „Јутјуб“ за отстранување на видеото на кое се гледа дека Валас мисли дека разговара со украинскиот премиер Денис Шмигаљ преку видеоповик.

Министерката за внатрешни работи, Прити Пател, исто така, призна дека разговарала со измамници, кои неуспешно се обиделе да стапат во контакт и со министерката за култура Надин Дорис.

Краток клип од разговорот со Валас се појави на интернет, во кој се тврди дека се работи за „пранк“ со „Вован и Лексус“, двојка на која претходно и се препишуваше дека го измамила и војводата од Сасекс.

Валас е прикажан како разговара од Полска, додека лице од другата страна на линијата вели дека Украина сака да ја подобри својата нуклеарна програма за да се заштити од Москва, како што претходно неосновано твределе и руските државни медиуми.

По објавувањето на повикот, Валас рече дека инвазијата на Украина сигурно оди многу лошо за Кремљ, штом паднале на ниво на продукција на монтирани видеа. Извор од Министерството за одбрана рекол дека го видел „ѓубрето“, односно дека се работи за преработена снимка.

„Она што не го слушате е дека министерот за одбрана исто така вели дека Велика Британје не може да има никаква врска со наводните за нуклеарни амбиции на Украина бидејќи е потпишан Договорот за неширење атомско оружје“, рекол тој.

Валас не кажаува ништо особено срамно или чувствително во видеото, но во него се најавува и целосното интервју во рок од, како што се вели, неколку дена.

Валас во моментот на инцидентот минатата недела, рече дека верува оти Русија е виновна за повикот, а Британија сега и официјално го соопшти тоа.

The post Пранкерите на Заев го наместиле Валас: Лажен Шмигаљ разговарал со британскиот министер за одбрана appeared first on Република.

]]>

Велика Британија денеска ја обвини Русија дека стои зад видеоповикот во кој едно лице лажно се претставува како премиер на Украина во разговор со министерот за одбрана, Бен Валас, чија снимка синоќа беше објавена на „Јутјуб“. Лондон го обвини Кремљ дека стои зад обидите со измама да обезбеди чувствителни информации и да ги засрами британските официјални лица. Тие се обидуваат да преговараат со „Јутјуб“ за отстранување на видеото на кое се гледа дека Валас мисли дека разговара со украинскиот премиер Денис Шмигаљ преку видеоповик. Министерката за внатрешни работи, Прити Пател, исто така, призна дека разговарала со измамници, кои неуспешно се обиделе да стапат во контакт и со министерката за култура Надин Дорис. Краток клип од разговорот со Валас се појави на интернет, во кој се тврди дека се работи за „пранк“ со „Вован и Лексус“, двојка на која претходно и се препишуваше дека го измамила и војводата од Сасекс. Валас е прикажан како разговара од Полска, додека лице од другата страна на линијата вели дека Украина сака да ја подобри својата нуклеарна програма за да се заштити од Москва, како што претходно неосновано твределе и руските државни медиуми. По објавувањето на повикот, Валас рече дека инвазијата на Украина сигурно оди многу лошо за Кремљ, штом паднале на ниво на продукција на монтирани видеа. Извор од Министерството за одбрана рекол дека го видел „ѓубрето“, односно дека се работи за преработена снимка. „Она што не го слушате е дека министерот за одбрана исто така вели дека Велика Британје не може да има никаква врска со наводните за нуклеарни амбиции на Украина бидејќи е потпишан Договорот за неширење атомско оружје“, рекол тој. Валас не кажаува ништо особено срамно или чувствително во видеото, но во него се најавува и целосното интервју во рок од, како што се вели, неколку дена. Валас во моментот на инцидентот минатата недела, рече дека верува оти Русија е виновна за повикот, а Британија сега и официјално го соопшти тоа.

The post Пранкерите на Заев го наместиле Валас: Лажен Шмигаљ разговарал со британскиот министер за одбрана appeared first on Република.

]]>
Британски министер на „тимс“ осум минути разговарал со лажен Зеленски https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/britanski-minister-na-tims-osum-minuti-razgovaral-so-lazen-zelenski/ Fri, 18 Mar 2022 09:31:08 +0000 https://republika.mk/?p=474867

Британскиот министер за одбрана Бен Валас разговарал преку Мајкрософт тимс со лажен повикувач кој се претставил како украинскиот претседател Володимир Зеленски, а неговиот колега Џејмс Хепи во разговор за Скај њуз го бранел Валас.

Валас многу добро ја разбира заканата и е свесен дека бил на повик за прислушување. Повикот на почетокот бил нормален, рече тој, но кога јавувачот почнал да поставува поостри прашања кои вообичаено не би ги поставувал, Валас се посомневал и ја прекинал врската, вели Хепи.

Да потсетиме, британското Министерство за одбрана објави дека руските сили постигнале минимален напредок оваа недела.

Украинските сили продолжуваат да ги одбиваат нападите на руските сили кои постигнаа минимален напредок оваа недела, соопшти Министерството, пренесоа медиумите.

The post Британски министер на „тимс“ осум минути разговарал со лажен Зеленски appeared first on Република.

Воените планови на Русија пропаѓаат, вели британскиот министер за одбрана https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/voenite-planovi-na-rusija-propagjaat-veli-britanskiot-minister-za-odbrana/ Thu, 03 Mar 2022 20:05:10 +0000 https://republika.mk/?p=467390

Британскиот министер за одбрана Бен Валас оцени дека Русија многу заостанува зад својот „распоред“, откако претходно рускиот претседател Владимир Путин изјави дека неговата „специјална воена операција“ во Украина – позната и како инвазија – „се одвива според планот“, објави Би-Би-Си.

– И покрај ужасното секојдневно уништување и бомбардирање на цивилни области и голем број градови, Украинците излегуваат во текот на денот, се спротивставуваат, во некои случаи ги одбиваат и продолжуваат да се борат, истакна Валас за Би-Би-Си.

– Русија има значителен број не само жртви, туку и дезертери и луѓе кои се предаваат, а уништени се и многу тенкови и воена опрема, додаде тој.

Валас нагласи дека руските сили не успеале да го освојат главниот град Киев и дека имале лошо логистичко планирање во врска со превозните средства и храна за војската.

Британскиот министер го опиша Путин како „човек обвиткан со санкции што сам ги создал. Тој е човек кој го прекршил целото меѓународно право. Тој е човек кој е сè поизолиран“.

The post Воените планови на Русија пропаѓаат, вели британскиот министер за одбрана appeared first on Република.

]]>

Британскиот министер за одбрана Бен Валас оцени дека Русија многу заостанува зад својот „распоред“, откако претходно рускиот претседател Владимир Путин изјави дека неговата „специјална воена операција“ во Украина – позната и како инвазија – „се одвива според планот“, објави Би-Би-Си.
– И покрај ужасното секојдневно уништување и бомбардирање на цивилни области и голем број градови, Украинците излегуваат во текот на денот, се спротивставуваат, во некои случаи ги одбиваат и продолжуваат да се борат, истакна Валас за Би-Би-Си. – Русија има значителен број не само жртви, туку и дезертери и луѓе кои се предаваат, а уништени се и многу тенкови и воена опрема, додаде тој.
Валас нагласи дека руските сили не успеале да го освојат главниот град Киев и дека имале лошо логистичко планирање во врска со превозните средства и храна за војската. Британскиот министер го опиша Путин како „човек обвиткан со санкции што сам ги создал. Тој е човек кој го прекршил целото меѓународно право. Тој е човек кој е сè поизолиран“.

The post Воените планови на Русија пропаѓаат, вели британскиот министер за одбрана appeared first on Република.

]]>
Британците тврдат дека руската војска користи мобилни крематориуми за да ги прикрие загубите во борбите во Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/britancite-tvrdat-deka-ruskata-vojska-koristi-mobilni-krematoriumi-za-da-gi-prikrie-zagubite-vo-borbite-vo-ukraina/ Sat, 26 Feb 2022 12:25:10 +0000 https://republika.mk/?p=464216

Руската армија во Украина има мобилни крематориуми, кои ги користи за да ги прикрие воените загуби во битките, пишува британски „Телеграф“, повикувајќи се на изјава на британскиот министер за одбрана, Бен Валас.

Министерството за одбрана во Лондон, објави и снимка на која наводно се гледа воено возило коешто е претворено во мобилен крематориум за палење на телата.

Да сум војник и да знам дека моите генерали имаат толку малку доверба во мене и да ме праќаат по боиштата со мобичлен крематориум, би бил многу загрижен - изјави Валас.

The post Британците тврдат дека руската војска користи мобилни крематориуми за да ги прикрие загубите во борбите во Украина appeared first on Република.

]]>

Руската армија во Украина има мобилни крематориуми, кои ги користи за да ги прикрие воените загуби во битките, пишува британски „Телеграф“, повикувајќи се на изјава на британскиот министер за одбрана, Бен Валас. Министерството за одбрана во Лондон, објави и снимка на која наводно се гледа воено возило коешто е претворено во мобилен крематориум за палење на телата.
Да сум војник и да знам дека моите генерали имаат толку малку доверба во мене и да ме праќаат по боиштата со мобичлен крематориум, би бил многу загрижен - изјави Валас.
 
The post Британците тврдат дека руската војска користи мобилни крематориуми за да ги прикрие загубите во борбите во Украина appeared first on Република.

]]>
Велика Британија смета дека Русија има намера да ја окупира цела Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/velika-britanija-smeta-deka-rusija-ima-namera-da-ja-okupira-cela-ukraina/ Fri, 25 Feb 2022 08:31:18 +0000 https://republika.mk/?p=463615

Британскиот министер за одбрана Бен Валас тврди дека Русија има намера да ја окупира цела Украина.

Валас за Скај њуз оценува дека руската армија не успеала да ја исполни целта на првиот ден од акцијата во Украина.

Британскиот министер за одбрана процени дека Русија изгубила повеќе од 450 војници во Украина првиот ден.

The post Велика Британија смета дека Русија има намера да ја окупира цела Украина appeared first on Република.

]]>

Британскиот министер за одбрана Бен Валас тврди дека Русија има намера да ја окупира цела Украина. Валас за Скај њуз оценува дека руската армија не успеала да ја исполни целта на првиот ден од акцијата во Украина. Британскиот министер за одбрана процени дека Русија изгубила повеќе од 450 војници во Украина првиот ден.

The post Велика Британија смета дека Русија има намера да ја окупира цела Украина appeared first on Република.

]]>
Британскиот и рускиот министер за одбрана имале конструктивен разговор во Москва https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/britanskiot-i-ruskiot-minister-za-odbrana-imale-konstruktiven-razgovor-vo-moskva/ Fri, 11 Feb 2022 20:01:08 +0000 https://republika.mk/?p=457350

Британскиот министер за одбрана, Бен Валас, изјави дека разговорите со рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу во Москва биле конструктивни и искрени.

Двајцата детално разговарале за предлозите на Русија за безбедносните гаранции во Европа.

Му благодарам на министерот Шојгу за неговата подготвеност да се сретне со мене за да разговараме за низа прашања, вклучувајќи ги и континуираните тензии околу Украина и нејзините граници. Детално разговаравме за нацрт-договорот на Русија за безбедносните гаранции, кој беше доставен до НАТО и се фокусиравме на неколку негови точки - изјави Валас на прес-конференција во британската амбасада во Москва.

Тој зборуваше и за поддршка на зајакнувањето на каналите за комуникација со Русија.

Ова е прва средба меѓу британски министер за одбрана и министерот Шојгу од 2013 година, тоа се девет години. Да ја сфатиме меѓусебно својата загриженост и да имаме канали за комуникација е многу подобро отколку да немаме ништо. Со нетрпение очекувам да ја продолжам соработката со министерот Шојгу, а мојот началник за одбрана, Тони Радакин, со началникот на Генералштабот на Русија Валериј Герасимов - изјави Валас.

Тој додаде дека е важно да се воспостави постојан канал за комуникација меѓу британската и руската војска.

Валас изјави дека за време на средбата со Шојгу, разговарале за ситуацијата околу Украина и ја истакнале потребата од почитување на договорите од Минск како чекор кон деескалација.

Според него, евентуална руска инвазија врз Украина би имала трагични последици за Украинците, Русите и европската безбедност воопшто.

The post Британскиот и рускиот министер за одбрана имале конструктивен разговор во Москва appeared first on Република.

]]>

Британскиот министер за одбрана, Бен Валас, изјави дека разговорите со рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу во Москва биле конструктивни и искрени. Двајцата детално разговарале за предлозите на Русија за безбедносните гаранции во Европа.
Му благодарам на министерот Шојгу за неговата подготвеност да се сретне со мене за да разговараме за низа прашања, вклучувајќи ги и континуираните тензии околу Украина и нејзините граници. Детално разговаравме за нацрт-договорот на Русија за безбедносните гаранции, кој беше доставен до НАТО и се фокусиравме на неколку негови точки - изјави Валас на прес-конференција во британската амбасада во Москва.
Тој зборуваше и за поддршка на зајакнувањето на каналите за комуникација со Русија.
Ова е прва средба меѓу британски министер за одбрана и министерот Шојгу од 2013 година, тоа се девет години. Да ја сфатиме меѓусебно својата загриженост и да имаме канали за комуникација е многу подобро отколку да немаме ништо. Со нетрпение очекувам да ја продолжам соработката со министерот Шојгу, а мојот началник за одбрана, Тони Радакин, со началникот на Генералштабот на Русија Валериј Герасимов - изјави Валас.
Тој додаде дека е важно да се воспостави постојан канал за комуникација меѓу британската и руската војска. Валас изјави дека за време на средбата со Шојгу, разговарале за ситуацијата околу Украина и ја истакнале потребата од почитување на договорите од Минск како чекор кон деескалација. Според него, евентуална руска инвазија врз Украина би имала трагични последици за Украинците, Русите и европската безбедност воопшто.

The post Британскиот и рускиот министер за одбрана имале конструктивен разговор во Москва appeared first on Република.

]]>