Бен Клок Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ben-klok/ За подобро да се разбереме Wed, 16 Nov 2022 13:22:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Бен Клок Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ben-klok/ 32 32 Бен Клок ја предводи главната бина на Таксират https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/ben-klok-ja-predvodi-glavnata-bina-na-taksirat/ Wed, 16 Nov 2022 13:22:48 +0000 https://republika.mk/?p=574526

ТАКСИРАТ ја закажа својата главна вечер на 7 декември кога во Арена Борис Трајковски ќе биде официјално затворено годинашното, 24-то издание на Фестивалот и тоа со настапот на апсолутниот симбол на берлинската техно сцена, врвниот диџеј и продуцент BEN KLOCK (Бен Клок) - несомнено еден од најзначајните ликови на модерната електронска музичка сцена! Тој е еден од најпознатите резиденти на култниот клуб „Бергјахн“, во 2015 година ја освои врвната награда за диџеи, „BBC’s Essential Mix of the Year“, изминатата деценија е на врвот на сите анкети на публиката, а и неговата самостојна издавачка куќа „Klockworks“ е високо ценета.

Оваа година неговиот уникатен сет е резервиран за затворањето на ТАКСИРАТ, со настап надополнет со висока продукција кој ни гарантира повеќесетилно искуство.

Покрај Бен Клок, од светската сцена, главната бина на „Таксират“ годинава ќе ни претстави и два премиерни настапи кај нас и тоа британската трап-џез сензација IAMDDB и култниот германски треш-метал бенд SODOM; како и каталонците LA PEGATINA кои се враќаат пред македонската публика со ново шоу! Од регионот ни пристигнува најпопуларниот инди-бенд БУЧ КЕСИДИ, додека пак од домашната музичка сцена за прв пат на Таксират ќе настапи македонскиот рап синоним ЗАД АГОЛОТ!

За прв пат во Македонија, од Манчестер пристигнува IAMDDB (Ај-ем-ди-ди-би), водечката уметница на британската хип-хоп ренесанса! Нејзиното вистинско име е Дијана Де Брито и таа за кратко време ја преточи својата генијалност во глобална популарност, враќајќи ја женската моќ со свеж звук на музичката сцена. Комбинирајќи безвременски џез и соул со модерен трап и р’н’б, созададе сопствен стил кој го нарече урбан џез и важи за најкреативните уметници на новата сцена од ОК. На ТАКСИРАТ доаѓа во рамки на европската турнеја на која речиси сите настапи ѝ се целосно распродадени.

Уште еден премиерен настап во Македонија ќе биде концертот на германскиот бенд SODOM (Содом) - еден од клучните бендови на светската треш метал сцена кој 40 години неприкосновено владее со жестокиот метал звук вкоренет во најдлабокиот андерграунд. Со ниту чекор отстапување од своите почетни принципи и како суверен носител на титулата еден од најценетите треш метал бендови на стариот континент, SODOM сега одбележува јубилеј со ново издание „40 YEARS AT WAR - THE GREATEST HELL OF SODOM“ и со турнеја во чии рамки пристигнува и на главната бина на Таксират!

LA PEGATINA (Ла Пегатина) пристигнуваат на „Таксират“ со нивното ново шоу „Hacia otra parte“! Нов сценски спектакл со повеќе енергија од кога било и достоен за френетичната забава што ја инспирира нивната музика. Најверната публика на „Таксират“ веќе знае дека со нив на сцена невозможно е да не се разиграте. Со повеќе од 1200 концерти во над 35 земји, La Pegatina е еден од најинтернационалните бендови во светот, а велат дека тоа е така баш затоа што знаат како да ве натераат да танцувате.

БУЧ КЕСИДИ самите се опишуваат како „леворак диско/поп-рок/електро бој-бенд“, додека пак критиката ги опушува како најпопуларното име на новата регионална сцена, со милиони на YouTube и секогаш рекордно распродадени концерти. А кога се концертите во прашање, синоним за овој талентиран тандем се енергичните настапи со одлична сценографија за вистинска и неверојатно добра диско/рокенрол журка. Токму тоа го очекуваме и на ТАКСИРАТ!

ЗАД АГОЛОТ пак се незаменливи кога е во прашање македонскиот андерграунд хип-хоп! Ова е екипа која ги има поставено своите корени и на регионалната сцена уште од нивното деби во 2012 година. Редовно ги поместуваат границите на перфекција со секој свој настап во живо, а со нивниот потврден настап на главната бина на ТАКСИРАТ, „Зад Аголот“ несомнено ќе го покаже најдоброто од македонскиот рап!

И иако остануваат само уште неколку недели до финалната вечер, програмата за истата не завршува тука, па наскоро ќе бидат објавени нови музички имиња со кои ќе се комплетира импресивната листа на музички изведувачи кои ќе се потпишат зад новото издание на најголемиот зимски музички фестивал во Југоисточна Европа, скопскиот ТАКСИРАТ!

Билетите за главната вечер на Таксират се веќе достапни во продажба и за нив сѐ уште важи првата, извонредна цена: 700 денари, за кои публиката треба да поита во некое од продажните места на МкТикетс или најбрзо онлајн преку официјалната веб-страница на Таксират.

Покрај главната вечер, претходно во рамки на 24-тиот ТАКСИРАТ во Скопје ќе се одржува концертот на славниот „крал на валцерот“ Андре Риу на 23 ноември, а потоа Лузер Фест и големата ПИН музичка конференција која е своевиден фестивал во фестивал со над 50 концерти од 24 до 26 ноември.

The post Бен Клок ја предводи главната бина на Таксират appeared first on Република.

]]>

ТАКСИРАТ ја закажа својата главна вечер на 7 декември кога во Арена Борис Трајковски ќе биде официјално затворено годинашното, 24-то издание на Фестивалот и тоа со настапот на апсолутниот симбол на берлинската техно сцена, врвниот диџеј и продуцент BEN KLOCK (Бен Клок) - несомнено еден од најзначајните ликови на модерната електронска музичка сцена! Тој е еден од најпознатите резиденти на култниот клуб „Бергјахн“, во 2015 година ја освои врвната награда за диџеи, „BBC’s Essential Mix of the Year“, изминатата деценија е на врвот на сите анкети на публиката, а и неговата самостојна издавачка куќа „Klockworks“ е високо ценета. Оваа година неговиот уникатен сет е резервиран за затворањето на ТАКСИРАТ, со настап надополнет со висока продукција кој ни гарантира повеќесетилно искуство. Покрај Бен Клок, од светската сцена, главната бина на „Таксират“ годинава ќе ни претстави и два премиерни настапи кај нас и тоа британската трап-џез сензација IAMDDB и култниот германски треш-метал бенд SODOM; како и каталонците LA PEGATINA кои се враќаат пред македонската публика со ново шоу! Од регионот ни пристигнува најпопуларниот инди-бенд БУЧ КЕСИДИ, додека пак од домашната музичка сцена за прв пат на Таксират ќе настапи македонскиот рап синоним ЗАД АГОЛОТ! За прв пат во Македонија, од Манчестер пристигнува IAMDDB (Ај-ем-ди-ди-би), водечката уметница на британската хип-хоп ренесанса! Нејзиното вистинско име е Дијана Де Брито и таа за кратко време ја преточи својата генијалност во глобална популарност, враќајќи ја женската моќ со свеж звук на музичката сцена. Комбинирајќи безвременски џез и соул со модерен трап и р’н’б, созададе сопствен стил кој го нарече урбан џез и важи за најкреативните уметници на новата сцена од ОК. На ТАКСИРАТ доаѓа во рамки на европската турнеја на која речиси сите настапи ѝ се целосно распродадени. Уште еден премиерен настап во Македонија ќе биде концертот на германскиот бенд SODOM (Содом) - еден од клучните бендови на светската треш метал сцена кој 40 години неприкосновено владее со жестокиот метал звук вкоренет во најдлабокиот андерграунд. Со ниту чекор отстапување од своите почетни принципи и како суверен носител на титулата еден од најценетите треш метал бендови на стариот континент, SODOM сега одбележува јубилеј со ново издание „40 YEARS AT WAR - THE GREATEST HELL OF SODOM“ и со турнеја во чии рамки пристигнува и на главната бина на Таксират! LA PEGATINA (Ла Пегатина) пристигнуваат на „Таксират“ со нивното ново шоу „Hacia otra parte“! Нов сценски спектакл со повеќе енергија од кога било и достоен за френетичната забава што ја инспирира нивната музика. Најверната публика на „Таксират“ веќе знае дека со нив на сцена невозможно е да не се разиграте. Со повеќе од 1200 концерти во над 35 земји, La Pegatina е еден од најинтернационалните бендови во светот, а велат дека тоа е така баш затоа што знаат како да ве натераат да танцувате. БУЧ КЕСИДИ самите се опишуваат како „леворак диско/поп-рок/електро бој-бенд“, додека пак критиката ги опушува како најпопуларното име на новата регионална сцена, со милиони на YouTube и секогаш рекордно распродадени концерти. А кога се концертите во прашање, синоним за овој талентиран тандем се енергичните настапи со одлична сценографија за вистинска и неверојатно добра диско/рокенрол журка. Токму тоа го очекуваме и на ТАКСИРАТ! ЗАД АГОЛОТ пак се незаменливи кога е во прашање македонскиот андерграунд хип-хоп! Ова е екипа која ги има поставено своите корени и на регионалната сцена уште од нивното деби во 2012 година. Редовно ги поместуваат границите на перфекција со секој свој настап во живо, а со нивниот потврден настап на главната бина на ТАКСИРАТ, „Зад Аголот“ несомнено ќе го покаже најдоброто од македонскиот рап! И иако остануваат само уште неколку недели до финалната вечер, програмата за истата не завршува тука, па наскоро ќе бидат објавени нови музички имиња со кои ќе се комплетира импресивната листа на музички изведувачи кои ќе се потпишат зад новото издание на најголемиот зимски музички фестивал во Југоисточна Европа, скопскиот ТАКСИРАТ! Билетите за главната вечер на Таксират се веќе достапни во продажба и за нив сѐ уште важи првата, извонредна цена: 700 денари, за кои публиката треба да поита во некое од продажните места на МкТикетс или најбрзо онлајн преку официјалната веб-страница на Таксират. Покрај главната вечер, претходно во рамки на 24-тиот ТАКСИРАТ во Скопје ќе се одржува концертот на славниот „крал на валцерот“ Андре Риу на 23 ноември, а потоа Лузер Фест и големата ПИН музичка конференција која е своевиден фестивал во фестивал со над 50 концерти од 24 до 26 ноември.

The post Бен Клок ја предводи главната бина на Таксират appeared first on Република.

]]>