бело робје Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/belo-robje/ За подобро да се разбереме Tue, 01 Nov 2022 13:27:49 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png бело робје Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/belo-robje/ 32 32 Годинава осум жртви на трговија со луѓе, од кои седум се деца https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/godinava-osum-zrtvi-na-trgovija-so-lugje-od-koi-sedum-se-deca/ Tue, 01 Nov 2022 13:27:49 +0000 https://republika.mk/?p=568325

Последниве години се зголемува бројот на домашни жртви на трговија со луѓе, кои се главно сексуално експлоатирани, а идентификувани се и присилни бракови со малолетни лица, рече денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на средбата со амбасадорите од земјите-членки на ЕУ.

Според Спасовски, факт што особено загрижува и што ја алармира потребата од енергична акција на сите, е континуираниот пораст на деца – жртви при трговијата со луѓе.

Годинава се идентификувани осум жртви на трговија со луѓе, од кои седум се деца, потенцира министерот.

Сите анализи и извештаи, како што напомена, укажуваат дека трговијата со луѓе е еден од најпрофитабилните бизниси, често поврзана со криумчарење мигранти, трговија со дрога, тероризам.

Спасовски се осврна на мобилните тимови составени од претставници од МВР, МТСП и невладините организации, како успешен концепт, со цел идентификување на ранливи категории, меѓу кои и жртви на трговија со луѓе.

Во насока на исполнување на препораките на експертскиот тим на ГРЕТА, министерот Спасовски истакна дека неодамна беше формиран и Оперативниот тим за координација, следење, управување на случаи со трговија со луѓе, во кој, покрај претставници од државните органи (ЈО, МВР, МТСП) учествува и претставник од здружение на граѓани.

Сите анализи и извештаи укажуваат дека трговијата со луѓе е еден од најпрофитабилните бизниси, често поврзана со криумчарење мигранти, трговија со дрога, тероризам. Од тие причини, во сетот мерки кои ги преземаме, би го споменал значењето на водењето на финансиски истраги кои ги преземаме паралелно со истрагите за кривичното дело. Единствено со одземање на главниот мотив поради кои трговците влегуваат во овој бизнис, а тоа се најчесто парите, можеме да креираме ефикасен одговор на овој криминал. За таа цел, во Министерството за внатрешни работи формиравме посебна Единица за водење на финансиски истраги, која е исклучиво надлежна за идентификување и пронаоѓање на незаконски стекнатиот имот, рече министерот.

Тој ги истакна активностите во овој домен кои се водат на национално ниво: Националната стратегија за јакнење на капацитетите за водење на финансиски истраги и конфискацијата со имот, која содржи конкретни акциски планови за развој на сите институции кои се вклучени во водењето на финансиските истраги, привременото замрзнување и подоцнежна конфискација на нелегално стекнатиот имот. Почнувањето на пристапните преговори, оцени Спасовски, е силен поттик за забрзување на нивното имплементирање и спроведувањето на реформските процеси кои ќе придонесат за посилна и подемократска држава, но и за подобро живеење на граѓаните.

Спасовски подвлече и дека приоритет на државата е да ги имплементира европските стандарди во секојдневното работење.

Во овој период во нашата држава се спроведуваат интензивни подготовки за билатералниот состанок за Поглавјето 24 кој ќе се одржи на 21 ноември во Брисел. Преку анализа на сите релевантни ЕУ прописи за Поглавјето 24, во корелација со нивното досегашно имплементирање во нашата држава, заеднички ќе утврдиме насоки  за понатамошен развој на сите сегменти на нашето работење, рече министерот Спасовски. 

The post Годинава осум жртви на трговија со луѓе, од кои седум се деца appeared first on Република.

]]>

Последниве години се зголемува бројот на домашни жртви на трговија со луѓе, кои се главно сексуално експлоатирани, а идентификувани се и присилни бракови со малолетни лица, рече денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на средбата со амбасадорите од земјите-членки на ЕУ. Според Спасовски, факт што особено загрижува и што ја алармира потребата од енергична акција на сите, е континуираниот пораст на деца – жртви при трговијата со луѓе.
Годинава се идентификувани осум жртви на трговија со луѓе, од кои седум се деца, потенцира министерот.
Сите анализи и извештаи, како што напомена, укажуваат дека трговијата со луѓе е еден од најпрофитабилните бизниси, често поврзана со криумчарење мигранти, трговија со дрога, тероризам. Спасовски се осврна на мобилните тимови составени од претставници од МВР, МТСП и невладините организации, како успешен концепт, со цел идентификување на ранливи категории, меѓу кои и жртви на трговија со луѓе. Во насока на исполнување на препораките на експертскиот тим на ГРЕТА, министерот Спасовски истакна дека неодамна беше формиран и Оперативниот тим за координација, следење, управување на случаи со трговија со луѓе, во кој, покрај претставници од државните органи (ЈО, МВР, МТСП) учествува и претставник од здружение на граѓани.
Сите анализи и извештаи укажуваат дека трговијата со луѓе е еден од најпрофитабилните бизниси, често поврзана со криумчарење мигранти, трговија со дрога, тероризам. Од тие причини, во сетот мерки кои ги преземаме, би го споменал значењето на водењето на финансиски истраги кои ги преземаме паралелно со истрагите за кривичното дело. Единствено со одземање на главниот мотив поради кои трговците влегуваат во овој бизнис, а тоа се најчесто парите, можеме да креираме ефикасен одговор на овој криминал. За таа цел, во Министерството за внатрешни работи формиравме посебна Единица за водење на финансиски истраги, која е исклучиво надлежна за идентификување и пронаоѓање на незаконски стекнатиот имот, рече министерот.
Тој ги истакна активностите во овој домен кои се водат на национално ниво: Националната стратегија за јакнење на капацитетите за водење на финансиски истраги и конфискацијата со имот, која содржи конкретни акциски планови за развој на сите институции кои се вклучени во водењето на финансиските истраги, привременото замрзнување и подоцнежна конфискација на нелегално стекнатиот имот. Почнувањето на пристапните преговори, оцени Спасовски, е силен поттик за забрзување на нивното имплементирање и спроведувањето на реформските процеси кои ќе придонесат за посилна и подемократска држава, но и за подобро живеење на граѓаните. Спасовски подвлече и дека приоритет на државата е да ги имплементира европските стандарди во секојдневното работење.