белимбегово Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/belimbegovo/ За подобро да се разбереме Sat, 23 Dec 2023 17:33:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png белимбегово Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/belimbegovo/ 32 32 Нетпрес: „Тигрите“ на Оливер Спасовски впериле пиштол во бремена жена https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/netpres-tigrite-na-oliver-spasovski-vperile-pishtol-vo-bremena-zhena/ Sat, 23 Dec 2023 17:33:17 +0000 https://republika.mk/?p=725992

Припадник на полициските специјалци на МВР вперил пиштол кон бремена жена, со што предизвикал физичка пресметка во која има и повредени, во кафеана во скопската населба Белимбегово, изминатата ноќ.

Како што дознава „Нетпрес“ од извори во МВР, полициски службеник, припадник на специјалната единица „Тигар“, во угостителски објект вперил пиштол кон бремена жена и кон нејзина пријателка – кумашинка. Неофицијално, извесен Иван М. е припадникот на полициските специјалци, кој го вперил пиштолот во бремената жена. На ова реагирал сопругот по што настанал инцидент, а според полицискиот извештај до кој дојде НетПрес, имало и неколку повредени лица. Заедно со нив во кафеаната бил присутен и извесен Кире К. полицаец од полициската станица во Драчево и токму тој ги препознал Иван М. и другите лица со него, дека се припадници на единицата „Тигар“, кои исто така учествувале во инцидентот.

Случајот во полициската станица Гази Баба го пријавил анонимен граѓанин кој при тепачката бил повреден, а воедно доставил лекарска документација и снимки од настанот.

На 23.12.2023 година од страна на анонимен граѓанин пријавено е дека во угостителски објект во населба Белимбегово, полициски службеник од САЕ Тигар вперил пиштол кон бремена жена и кон нејзината кумашинка, по што дошло до нарушен ЈРМ, и има и повредени лица, а дополнително на пријавителот му се јавувале и од различни броеви да го прашаат зошто пријавувал за настанот. ПријавитеЛот со сопругата се упатени во ПС Гази Баба да го пријават настанот со лекарска документација и снимки, се вели во полициската информација до која дојде НетПрес.

Неофицијално во тепачката учествувале Кире К. полицаец од ПС Драчево кој ги познал напаѓачите дека се од САЕ „Тигар“ и уште едно лице, наводно викано Стивен, кое било со него заедно, и со двете жени.

Од другата страна учествувале припадници на „Тигрите“, од кои еден од нив бил Иван М.

The post Нетпрес: „Тигрите“ на Оливер Спасовски впериле пиштол во бремена жена appeared first on Република.

]]>

Припадник на полициските специјалци на МВР вперил пиштол кон бремена жена, со што предизвикал физичка пресметка во која има и повредени, во кафеана во скопската населба Белимбегово, изминатата ноќ. Како што дознава „Нетпрес“ од извори во МВР, полициски службеник, припадник на специјалната единица „Тигар“, во угостителски објект вперил пиштол кон бремена жена и кон нејзина пријателка – кумашинка. Неофицијално, извесен Иван М. е припадникот на полициските специјалци, кој го вперил пиштолот во бремената жена. На ова реагирал сопругот по што настанал инцидент, а според полицискиот извештај до кој дојде НетПрес, имало и неколку повредени лица. Заедно со нив во кафеаната бил присутен и извесен Кире К. полицаец од полициската станица во Драчево и токму тој ги препознал Иван М. и другите лица со него, дека се припадници на единицата „Тигар“, кои исто така учествувале во инцидентот. Случајот во полициската станица Гази Баба го пријавил анонимен граѓанин кој при тепачката бил повреден, а воедно доставил лекарска документација и снимки од настанот.
На 23.12.2023 година од страна на анонимен граѓанин пријавено е дека во угостителски објект во населба Белимбегово, полициски службеник од САЕ Тигар вперил пиштол кон бремена жена и кон нејзината кумашинка, по што дошло до нарушен ЈРМ, и има и повредени лица, а дополнително на пријавителот му се јавувале и од различни броеви да го прашаат зошто пријавувал за настанот. ПријавитеЛот со сопругата се упатени во ПС Гази Баба да го пријават настанот со лекарска документација и снимки, се вели во полициската информација до која дојде НетПрес.
Неофицијално во тепачката учествувале Кире К. полицаец од ПС Драчево кој ги познал напаѓачите дека се од САЕ „Тигар“ и уште едно лице, наводно викано Стивен, кое било со него заедно, и со двете жени. Од другата страна учествувале припадници на „Тигрите“, од кои еден од нив бил Иван М.

The post Нетпрес: „Тигрите“ на Оливер Спасовски впериле пиштол во бремена жена appeared first on Република.

]]>