белгија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/belgija/ За подобро да се разбереме Fri, 22 Nov 2024 21:49:21 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png белгија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/belgija/ 32 32 Белгиската полиција заплени речиси пет тони кокаин во контејнери во пристаништето Антверпен https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/belgiskata-politsija-zapleni-rechisi-pet-toni-kokain-vo-kontejneri-vo-pristanishteto-antverpen/ Fri, 22 Nov 2024 22:02:38 +0000 https://republika.mk/?p=840983

Белгиската полиција заплени речиси пет тони кокаин во транспортни контејнери во пристаништето Антверпен, и приведе осум лица кои се товарат за кривични дела шверц на дрога и учество во криминална организација, соопшти обвинителството.

Се наведува дека истрагата за случајот е во тек.

Јавното обвинителство на Брисел истражува криминална организација, наводно вмешана во шверц на кокаин во Белгија од Јужна Америка, Централна Америка и Канада, објави „Брисел тајмс“

The post Белгиската полиција заплени речиси пет тони кокаин во контејнери во пристаништето Антверпен appeared first on Република.

]]>

Белгиската полиција заплени речиси пет тони кокаин во транспортни контејнери во пристаништето Антверпен, и приведе осум лица кои се товарат за кривични дела шверц на дрога и учество во криминална организација, соопшти обвинителството. Се наведува дека истрагата за случајот е во тек. Јавното обвинителство на Брисел истражува криминална организација, наводно вмешана во шверц на кокаин во Белгија од Јужна Америка, Централна Америка и Канада, објави „Брисел тајмс“

The post Белгиската полиција заплени речиси пет тони кокаин во контејнери во пристаништето Антверпен appeared first on Република.

]]>
Белгија отфрла 96 отсто од барањата за азил согласно новите забрзани процедури https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/belgija-otfrla-96-otsto-od-baranata-za-azil-soglasno-novite-zabrzani-protseduri/ Thu, 31 Oct 2024 10:48:01 +0000 https://republika.mk/?p=832729

Белгија отфрла 96 проценти од поднесените барања за азил откако во февруари беше воведена забрзана постапка за оценување на документите, јавуваат локалните медиуми.

Промените овозможуваат властите брзо да ги разгледуваат барањата за кои нема основа за подетално оценување. Се наведува дека ваквиот пристап е предвиден и во новите европски правила за миграција.

Промените кои допрва треба да се имплементираат предвидуваат забрзано разгледување на барањата поднесени од државјани на „безбедни земји“ каде нивниот живот не е загрозен.

Земјите од ЕУ имаат право сами да утврдат кои земји ги сметаат за „безбедни“.

Новото европско законодавство предвидува барањата што имаат мала веројатност за одобрување да бидат оценети во рок од 12 недели.

Белгија воведе рок од 50 работни дена за овие случаи, а засега забрзаната постапка се применува за барања од државјани на Молдавија, Албанија, Косово, Конго, Грузија и Индија.

Се истакнува дека проширувањето на обемот на забрзаната постапка во Белгија е дел од преговорите за идната федерална владина коалиција.

The post Белгија отфрла 96 отсто од барањата за азил согласно новите забрзани процедури appeared first on Република.

]]>

Белгија отфрла 96 проценти од поднесените барања за азил откако во февруари беше воведена забрзана постапка за оценување на документите, јавуваат локалните медиуми. Промените овозможуваат властите брзо да ги разгледуваат барањата за кои нема основа за подетално оценување. Се наведува дека ваквиот пристап е предвиден и во новите европски правила за миграција. Промените кои допрва треба да се имплементираат предвидуваат забрзано разгледување на барањата поднесени од државјани на „безбедни земји“ каде нивниот живот не е загрозен. Земјите од ЕУ имаат право сами да утврдат кои земји ги сметаат за „безбедни“. Новото европско законодавство предвидува барањата што имаат мала веројатност за одобрување да бидат оценети во рок од 12 недели. Белгија воведе рок од 50 работни дена за овие случаи, а засега забрзаната постапка се применува за барања од државјани на Молдавија, Албанија, Косово, Конго, Грузија и Индија. Се истакнува дека проширувањето на обемот на забрзаната постапка во Белгија е дел од преговорите за идната федерална владина коалиција.

The post Белгија отфрла 96 отсто од барањата за азил согласно новите забрзани процедури appeared first on Република.

]]>
Парламентарни избори во Литванија, локални во Белгија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/parlamentarni-izbori-vo-litvanija-lokalni-vo-belgija/ Sun, 13 Oct 2024 07:30:29 +0000 https://republika.mk/?p=826026

Околу 2,4 милиони луѓе денеска ќе гласаат за новиот состав на Парламентот (Сеимас) на Литванија. Седумдесет пратеници ќе бидат избрани од партиските листи и ќе им се придружат на тие во едномандатните изборни единици кои освоиле повеќе од 50 отсто од гласовите. Вториот круг од парламентарните избори ќе се одржи на 27 октомври, каде поголемиот број од едночлените изборни единици ќе гласаат за еден од водечките кандидати.

Според анкетите Социјалдемократската партија предводена од Вилија Блинкевичиуте, на би добила 18 отсто од гласовите, додека Татковинската заедница на актуелната премиерка Ингрида Шимоните би добила девет проценти, додека за Нова партија би гласале 12 отсто од граѓаните.

Литванија има двоцифрен годишен раст на личниот доход и има една од најниските стапки на инфлација во ЕУ, но граѓаните не се задоволни од конзервативната Влада на премиерката Шимоните. Таа се соочи со критики за строгите мерки за време на пандемијата, при што многумина се жалат дека нејзината влада не направила доволно за да им помогне на компаниите за време на карантинот и дека илјадници луѓе немаат соодветен пристап до здравствените услуги. Шимоните, исто така, беше критикуванa за справувањето со мигрантите кои пристигнуваат од Белорусија. Литванија ги обвини Минск и Москва дека ги организирале мигрантите.

Во Белгија денеска се одржуваа локални избори на кои треба да бидат избрани членовите на 10 провинциски и 583 општински совети, со што ќе се заокружи формирањето на новите органи на власта на сите нивоа на власта по националните и регионалните избори одржани во јуни годинава. Основна карактеристика на локалните органи на власта во Белгија е што партиската соработка во провинциите и општините често отстапува од националните и регионалните рамки, како во врска со креирањето политики, така и во формирањето коалиции. Во пресрет на изборите останува прашањето дали ќе продолжи досегашната доминација на левицата на локално ниво во Фландрија и Брисел, имајќи пред вид дека на јунските избори во овие два региона најмногу гласови освои либералното Реформско движење (МР), а значаен пробив оствари и центристичката партија Посветените (ЛЕ). Во Фландрија, пак, каде во претходните изборни циклуси доминираше десницата, во јуни раст на освоените гласови во споредба со 2019 година забележаа социјалдемократската партија Напред (Ворујт) и екстремно левичарската Работничка партија на Белгија (ПВДА).

Во Брисел, каде Социјалистичката партија (ПС) има шест од 19-те општински градоначалници и учествува во власта во над половина од општините, социјалистите се соочуваат со сериозен предизвик од либералите, Работничката партија и независната листа на Фуад Ахидар. Актуелниот бриселски градоначалник, социјалистот Филип Клоз се бори за реизбор, но ќе има сериозна конкуренција во кандидатот на МР, Давид Вејцман, кој има за цел на либералите да има ја врати градоначалничката функција во Брисел што ја загубија во 2000 година. Либералите, кои сега имаат само два градоначалници во Брисел, очекуваат значително зголемување на нивниот број на денешните избори. Пред сериозен предизвик е и бриселската регионална центристичка партија Независни федералистички демократи (ДЕФИ), која има градоначалници во три бриселски општини, но имаше слаби изборни резултати во јуни. Екологистите, кои не поминаа премногу славно на јунските избори, особено франкофонската Еколо, се надеваат да опоравување на денешното гласање. Досега, Еколо имаше три градоначалници во Брисел, шест во Валонија и учествуваше во власта во 75 општини во двата региони. Партијата ја зголеми својата популарност во минатата деценија додека беше во опозиција, но нејзиното учество во федералната и регионалните влади резултираше со намалување на бројот на нејзините поддржувачи.

На ниво на Валонија, ПС има 78 градоначалници и учествува во локалната власта во 140 од вкупно 261-та општина, но нејзините позиции се очекува да бидат сериозно загрозени од МР и ЛЕ. Во Фландрија се проценува дека доминацијата ќе ја задржи десничарската Нова фламанска алијанса (Н-ВА) на кандидатот за нов белгиски премиер и градоначалник на Андерлехт, Барт Де Вевер, но нејзините позиции можат сериозно да бидат поткопани од екстремно десничарската партија Фламански интерес (ВБ), која се очекува да победи во источниот дел на фламанскиот регион.По дебаклот на изборите во јуни, партијата Отворени фламански либерали и демократи (Опен ВЛД) на белгискиот премиер во заминување Александер Де Кро, се очекува „да се поврати“ на денешното гласање, имајќи предвид дека таа по правило ужива поголема поддршка на локално ниво. Локалните избори во Белгија се одржуваат на шест години и годинава се случи тие да се одржат само четири месеци по европските, националните и регионалните избори. Ваквата состојба резултираше со воздржаност на партиите околу постигнувањето договори за коалициска соработка на повисоките нивоа на власта и утврдување на програмите за работа со очекуваните непопуларни мерки за штедење, поради што се јавија предлози за измени на законодавството за локална самоуправа, со што органите на локалната власт би се бирале на пет години, заедно со федералниот и регионалните парламенти. Инаку, за денешните избори во Фландрија беше изменето законодавството со тоа што гласањето не е задолжително, како што се случај со изборите на останатите ниво.

Во другите два белгиски региони – Брисел и Валонија гласањето на овие избори останува задолжително.

Право на глас на локални избори во Белгија, покрај белгиските државјани, имаат и странци со легален регулиран престој во земјата. Со изборните измени во Фландрија, странците со право на глас веќе не се гласачи по автоматизам, туку мораа да се регистрираат доколку сакаат да гласаат. Во пресрет на денешните избори во петокот беа извршени хакерски напади врз веб-страницата на фламанскиот регионален Парламент и на неколку белгиски медиуми, меѓу кои и на државната новинска агенција Белга и на дневниот весник на холандски јазик „Стандард“.

Во објава на „Телеграм“, одговорност за нападите презеде проруската хакерска група „НоНејм057“.

– Белгиската Влада наскоро ќе го разгледа предлогот за набавка и доставување на три артилериски системи „Цезар“ на Украина.

Решивме да ја посетиме русофобичната Белгија и да им покажеме како завршуваат иницијативите за поддршка на криминалниот режим во Киев, се наведува во објавата на хакерската група, при што се додава дека „в недела на 13 октомври, Белгија ќе одржи важни избори: граѓаните ќе ги изберат своите локални советници“.

Сепак, премиерот Де Кро во вторникот изјави дека според експертите за кибер безбедност, овие хакерски напади „не можат на кој било начин да влијаат на изборите“. Ова инаку беше петти хакерски напад во Белгија во периодот пред локалните избори, при што, меѓу другите, беа хакирани повеќе владини и општински сајтови и страници на компании за банкарски услуги. Цел на хакерски напад беше и сајтот на Центарот за кибер безбедност на Белгија (ЦЦБ), кој соопшти дека нападите „не се опасни“ и „претставуваат само непријатност“.

The post Парламентарни избори во Литванија, локални во Белгија appeared first on Република.

]]>

Околу 2,4 милиони луѓе денеска ќе гласаат за новиот состав на Парламентот (Сеимас) на Литванија. Седумдесет пратеници ќе бидат избрани од партиските листи и ќе им се придружат на тие во едномандатните изборни единици кои освоиле повеќе од 50 отсто од гласовите. Вториот круг од парламентарните избори ќе се одржи на 27 октомври, каде поголемиот број од едночлените изборни единици ќе гласаат за еден од водечките кандидати. Според анкетите Социјалдемократската партија предводена од Вилија Блинкевичиуте, на би добила 18 отсто од гласовите, додека Татковинската заедница на актуелната премиерка Ингрида Шимоните би добила девет проценти, додека за Нова партија би гласале 12 отсто од граѓаните. Литванија има двоцифрен годишен раст на личниот доход и има една од најниските стапки на инфлација во ЕУ, но граѓаните не се задоволни од конзервативната Влада на премиерката Шимоните. Таа се соочи со критики за строгите мерки за време на пандемијата, при што многумина се жалат дека нејзината влада не направила доволно за да им помогне на компаниите за време на карантинот и дека илјадници луѓе немаат соодветен пристап до здравствените услуги. Шимоните, исто така, беше критикуванa за справувањето со мигрантите кои пристигнуваат од Белорусија. Литванија ги обвини Минск и Москва дека ги организирале мигрантите. Во Белгија денеска се одржуваа локални избори на кои треба да бидат избрани членовите на 10 провинциски и 583 општински совети, со што ќе се заокружи формирањето на новите органи на власта на сите нивоа на власта по националните и регионалните избори одржани во јуни годинава. Основна карактеристика на локалните органи на власта во Белгија е што партиската соработка во провинциите и општините често отстапува од националните и регионалните рамки, како во врска со креирањето политики, така и во формирањето коалиции. Во пресрет на изборите останува прашањето дали ќе продолжи досегашната доминација на левицата на локално ниво во Фландрија и Брисел, имајќи пред вид дека на јунските избори во овие два региона најмногу гласови освои либералното Реформско движење (МР), а значаен пробив оствари и центристичката партија Посветените (ЛЕ). Во Фландрија, пак, каде во претходните изборни циклуси доминираше десницата, во јуни раст на освоените гласови во споредба со 2019 година забележаа социјалдемократската партија Напред (Ворујт) и екстремно левичарската Работничка партија на Белгија (ПВДА). Во Брисел, каде Социјалистичката партија (ПС) има шест од 19-те општински градоначалници и учествува во власта во над половина од општините, социјалистите се соочуваат со сериозен предизвик од либералите, Работничката партија и независната листа на Фуад Ахидар. Актуелниот бриселски градоначалник, социјалистот Филип Клоз се бори за реизбор, но ќе има сериозна конкуренција во кандидатот на МР, Давид Вејцман, кој има за цел на либералите да има ја врати градоначалничката функција во Брисел што ја загубија во 2000 година. Либералите, кои сега имаат само два градоначалници во Брисел, очекуваат значително зголемување на нивниот број на денешните избори. Пред сериозен предизвик е и бриселската регионална центристичка партија Независни федералистички демократи (ДЕФИ), која има градоначалници во три бриселски општини, но имаше слаби изборни резултати во јуни. Екологистите, кои не поминаа премногу славно на јунските избори, особено франкофонската Еколо, се надеваат да опоравување на денешното гласање. Досега, Еколо имаше три градоначалници во Брисел, шест во Валонија и учествуваше во власта во 75 општини во двата региони. Партијата ја зголеми својата популарност во минатата деценија додека беше во опозиција, но нејзиното учество во федералната и регионалните влади резултираше со намалување на бројот на нејзините поддржувачи. На ниво на Валонија, ПС има 78 градоначалници и учествува во локалната власта во 140 од вкупно 261-та општина, но нејзините позиции се очекува да бидат сериозно загрозени од МР и ЛЕ. Во Фландрија се проценува дека доминацијата ќе ја задржи десничарската Нова фламанска алијанса (Н-ВА) на кандидатот за нов белгиски премиер и градоначалник на Андерлехт, Барт Де Вевер, но нејзините позиции можат сериозно да бидат поткопани од екстремно десничарската партија Фламански интерес (ВБ), која се очекува да победи во источниот дел на фламанскиот регион.По дебаклот на изборите во јуни, партијата Отворени фламански либерали и демократи (Опен ВЛД) на белгискиот премиер во заминување Александер Де Кро, се очекува „да се поврати“ на денешното гласање, имајќи предвид дека таа по правило ужива поголема поддршка на локално ниво. Локалните избори во Белгија се одржуваат на шест години и годинава се случи тие да се одржат само четири месеци по европските, националните и регионалните избори. Ваквата состојба резултираше со воздржаност на партиите околу постигнувањето договори за коалициска соработка на повисоките нивоа на власта и утврдување на програмите за работа со очекуваните непопуларни мерки за штедење, поради што се јавија предлози за измени на законодавството за локална самоуправа, со што органите на локалната власт би се бирале на пет години, заедно со федералниот и регионалните парламенти. Инаку, за денешните избори во Фландрија беше изменето законодавството со тоа што гласањето не е задолжително, како што се случај со изборите на останатите ниво. Во другите два белгиски региони – Брисел и Валонија гласањето на овие избори останува задолжително. Право на глас на локални избори во Белгија, покрај белгиските државјани, имаат и странци со легален регулиран престој во земјата. Со изборните измени во Фландрија, странците со право на глас веќе не се гласачи по автоматизам, туку мораа да се регистрираат доколку сакаат да гласаат. Во пресрет на денешните избори во петокот беа извршени хакерски напади врз веб-страницата на фламанскиот регионален Парламент и на неколку белгиски медиуми, меѓу кои и на државната новинска агенција Белга и на дневниот весник на холандски јазик „Стандард“. Во објава на „Телеграм“, одговорност за нападите презеде проруската хакерска група „НоНејм057“. – Белгиската Влада наскоро ќе го разгледа предлогот за набавка и доставување на три артилериски системи „Цезар“ на Украина. Решивме да ја посетиме русофобичната Белгија и да им покажеме како завршуваат иницијативите за поддршка на криминалниот режим во Киев, се наведува во објавата на хакерската група, при што се додава дека „в недела на 13 октомври, Белгија ќе одржи важни избори: граѓаните ќе ги изберат своите локални советници“. Сепак, премиерот Де Кро во вторникот изјави дека според експертите за кибер безбедност, овие хакерски напади „не можат на кој било начин да влијаат на изборите“. Ова инаку беше петти хакерски напад во Белгија во периодот пред локалните избори, при што, меѓу другите, беа хакирани повеќе владини и општински сајтови и страници на компании за банкарски услуги. Цел на хакерски напад беше и сајтот на Центарот за кибер безбедност на Белгија (ЦЦБ), кој соопшти дека нападите „не се опасни“ и „претставуваат само непријатност“.

The post Парламентарни избори во Литванија, локални во Белгија appeared first on Република.

]]>
Поради планирање терористички напад уапсени седум лица во Белгија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/poradi-planirane-teroristichki-napad-uapseni-sedum-litsa-vo-belgija/ Thu, 25 Jul 2024 18:32:53 +0000 https://republika.mk/?p=800302

Белгиската полиција во четвртокот приведе седум лица осомничени за планирање терористички напад, објави државниот обвинител. По наредба на судија во Антверпен, полицијата изврши 14 претреси низ целата земја, вклучувајќи го тој град, Брисел, Гент и Лиеж.

„Седум лица се приведени на распит“, се вели во соопштението на обвинителот.

Сите тие се приведени „под сомнение дека учествувале во активности на терористичка група, финансирале тероризам и подготвувале терористички напад“.

Во соопштението за медиумите не се открива за која терористичка група се работи, но Белгија во последните години има посебен проблем со исламистичкиот тероризам.

Во ноември 2015 година, бриселската ќелија на Исламската држава уби 131 лице во Париз, а во напад на белгиската престолнина во март 2016 година беа убиени 32 лица.

The post Поради планирање терористички напад уапсени седум лица во Белгија appeared first on Република.

]]>

Белгиската полиција во четвртокот приведе седум лица осомничени за планирање терористички напад, објави државниот обвинител. По наредба на судија во Антверпен, полицијата изврши 14 претреси низ целата земја, вклучувајќи го тој град, Брисел, Гент и Лиеж.
„Седум лица се приведени на распит“, се вели во соопштението на обвинителот.
Сите тие се приведени „под сомнение дека учествувале во активности на терористичка група, финансирале тероризам и подготвувале терористички напад“. Во соопштението за медиумите не се открива за која терористичка група се работи, но Белгија во последните години има посебен проблем со исламистичкиот тероризам. Во ноември 2015 година, бриселската ќелија на Исламската држава уби 131 лице во Париз, а во напад на белгиската престолнина во март 2016 година беа убиени 32 лица.

The post Поради планирање терористички напад уапсени седум лица во Белгија appeared first on Република.

]]>
Белгија ќе уништи вакцини против Ковид, маски и друга заштитна опрема вредна 207 милиони евра https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/belgija-ke-unishti-vaktsini-protiv-kovid-maski-i-druga-zashtitna-oprema-vredna-207-milioni-evra/ Thu, 25 Jul 2024 15:50:14 +0000 https://republika.mk/?p=800268

Белгија ќе ги уништи непотребните вакцини против Ковид, маски, заштитна облека и тестови со поминат рок вредни 207 милиони евра, соопшти Министерството за здравство.

Министерството напоменува дека со таа мерка ќе се расчисти просторот за пополнување на залихи и ќе се заштедат трошоци за складирање на вишокот средства. Се додава дека за време на изминатата пандемија, Белгија се преполни со лекови, главно обезбедени преку договорите што Европската комисија ги подготви со производителите на вакцини. Белгија ја искористи можноста да донира дел од вишокот вакцини, но повеќе нема побарувачка.

На почетокот на пандемијата пред четири години, во Белгија избувна политички скандал откако беше откриено дека земјата нема доволно залихи на маски за лице, а маските што не ги исполнуваа условите подоцна беа уништени.

The post Белгија ќе уништи вакцини против Ковид, маски и друга заштитна опрема вредна 207 милиони евра appeared first on Република.

]]>

Белгија ќе ги уништи непотребните вакцини против Ковид, маски, заштитна облека и тестови со поминат рок вредни 207 милиони евра, соопшти Министерството за здравство. Министерството напоменува дека со таа мерка ќе се расчисти просторот за пополнување на залихи и ќе се заштедат трошоци за складирање на вишокот средства. Се додава дека за време на изминатата пандемија, Белгија се преполни со лекови, главно обезбедени преку договорите што Европската комисија ги подготви со производителите на вакцини. Белгија ја искористи можноста да донира дел од вишокот вакцини, но повеќе нема побарувачка. На почетокот на пандемијата пред четири години, во Белгија избувна политички скандал откако беше откриено дека земјата нема доволно залихи на маски за лице, а маските што не ги исполнуваа условите подоцна беа уништени.

The post Белгија ќе уништи вакцини против Ковид, маски и друга заштитна опрема вредна 207 милиони евра appeared first on Република.

]]>
Белгија ќе ги казнува сите во возилото за еден патник што не ставил појас https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/belgija-ke-gi-kaznuva-site-vo-voziloto-za-eden-patnik-shto-ne-stavil-pojas/ Tue, 23 Jul 2024 08:10:07 +0000 https://republika.mk/?p=799424

Многу земји маки мачат со непослушните возачи, како и со патниците во возилата.

На пример, носењето појас во возилата е сè уште неразбирливо дејство за многумина, а последиците можат да бидат фатални во случај на судир.

Ова особено се однесува на патниците на задното седиште во возилото, кои сè уште имаат навика да се возат без појас, со што се загрозуваат себеси и оние што седат пред нив.

Поради оваа причина, Белгија подготви измени во својот Закон за патен сообраќај кои ќе бидат активни од 1 септември.

Заедно со низата дополнувања, вреди да се спомене и казната за сите патници во возилото доколку некој од нив не носи појас. Во основа, неврзаниот ќе плати 100 евра, но исто толку ќе платат и возачот и другите патници во возилото, дури и да се врзани. Тие ќе бидат казнети затоа што не извршиле влијание врз личност која не е врзана. Конечно, сите лица во автомобилот, на пример, ќе платат 150 евра доколку еден од патниците што нема ставено појас е дете.

The post Белгија ќе ги казнува сите во возилото за еден патник што не ставил појас appeared first on Република.

]]>

Многу земји маки мачат со непослушните возачи, како и со патниците во возилата. На пример, носењето појас во возилата е сè уште неразбирливо дејство за многумина, а последиците можат да бидат фатални во случај на судир. Ова особено се однесува на патниците на задното седиште во возилото, кои сè уште имаат навика да се возат без појас, со што се загрозуваат себеси и оние што седат пред нив. Поради оваа причина, Белгија подготви измени во својот Закон за патен сообраќај кои ќе бидат активни од 1 септември. Заедно со низата дополнувања, вреди да се спомене и казната за сите патници во возилото доколку некој од нив не носи појас. Во основа, неврзаниот ќе плати 100 евра, но исто толку ќе платат и возачот и другите патници во возилото, дури и да се врзани. Тие ќе бидат казнети затоа што не извршиле влијание врз личност која не е врзана. Конечно, сите лица во автомобилот, на пример, ќе платат 150 евра доколку еден од патниците што нема ставено појас е дете.

The post Белгија ќе ги казнува сите во возилото за еден патник што не ставил појас appeared first on Република.

]]>
Белгија ја совлада Романија, Лукаку никако да погоди https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/belgija-ja-sovlada-romanija-lukaku-nikako-da-pogodi/ Sat, 22 Jun 2024 21:07:51 +0000 https://republika.mk/?p=789852

Белгија конечно ја оствари првата победа на Европското првенство пртотив Романија.Ја имаа целосната иницијатива против добите Романци.

Она што е интересно е што Лукаку  постигна гол но беше поништен поради офсајд. Во оваа група пред третото коло сите репрезентации имаат по три бода

The post Белгија ја совлада Романија, Лукаку никако да погоди appeared first on Република.

]]>

Белгија конечно ја оствари првата победа на Европското првенство пртотив Романија.Ја имаа целосната иницијатива против добите Романци. Она што е интересно е што Лукаку  постигна гол но беше поништен поради офсајд. Во оваа група пред третото коло сите репрезентации имаат по три бода

The post Белгија ја совлада Романија, Лукаку никако да погоди appeared first on Република.

]]>
Белгијци мамеле со државни пари и ги насочувале на „перење“ во Бугарија https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/belgijtsi-mamele-drzhavni-pari-i-gi-nasochuvale-vo-bugarija/ Fri, 21 Jun 2024 07:44:56 +0000 https://republika.mk/?p=789473

Инспекторатот за труд во Брисел открил шема за измама со социјални бенефиции пренасочени кон Бугарија, објавија локалните медиуми. Се истакнува дека за случајот вчера биле приведени 17 осомничени, а штетата на буџетот се проценува на 1,5 милиони евра, пренесе БТА

Претреси беа извршени во Брисел, Антверпен и други градови. Инспекторите пронашле 15.000 евра во кеш. Во соопштението се прецизира дека измамата била извршена со кражба на идентитет и се однесувала на исплата на паричен надоместок за невработени.

Се тврди дека дел од средствата биле насочени на банкарски сметки во Бугарија или биле инвестирани во недвижен имот во Бугарија. Белгиската полиција нареди замрзнување на 105 банкарски сметки во Белгија и побара слични дејствија од бугарска страна

The post Белгијци мамеле со државни пари и ги насочувале на „перење“ во Бугарија appeared first on Република.

]]>

Инспекторатот за труд во Брисел открил шема за измама со социјални бенефиции пренасочени кон Бугарија, објавија локалните медиуми. Се истакнува дека за случајот вчера биле приведени 17 осомничени, а штетата на буџетот се проценува на 1,5 милиони евра, пренесе БТА Претреси беа извршени во Брисел, Антверпен и други градови. Инспекторите пронашле 15.000 евра во кеш. Во соопштението се прецизира дека измамата била извршена со кражба на идентитет и се однесувала на исплата на паричен надоместок за невработени. Се тврди дека дел од средствата биле насочени на банкарски сметки во Бугарија или биле инвестирани во недвижен имот во Бугарија. Белгиската полиција нареди замрзнување на 105 банкарски сметки во Белгија и побара слични дејствија од бугарска страна

The post Белгијци мамеле со државни пари и ги насочувале на „перење“ во Бугарија appeared first on Република.

]]>
По катастрофата на изборите: Белгискиот премиер ја достави оставката до кралот Филип https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/po-katastrofata-na-izborite-belgiskiot-premier-ja-dostavi-ostavkata-do-kralot-filip/ Mon, 10 Jun 2024 15:20:21 +0000 https://republika.mk/?p=786290

Како и што најави по објавувањето на првичните резултати од парламентарни, регионални и европски избори во Белгија на кои неговата партија Отворени фламански либерали и демократи (Опен ВЛД) доживеа тежок пораз, белгискиот премиер Александер де Кро му ја достави својата оставка на кралот Филип.

Од Кралската палата во Брисел информираа дека за попладнево се предвидени средби на кралот со лидерите на трите партии што освоија најмногу гласови на изборите – Барт Де Вевер од националистичката Нова фламанска алијанса (Н-ВА), Том Ван Грикен од екстремно десничарската Фламански избор (ВБ) и Жорж-Луј Бушез од валонското либерално Реформско движење (МР).

По овие средби се очекува кралот Филип да именува т.н. информатор, кој ќе има задача во консултации со парламентарните партии да ги разгледа можностите за формирање ново парламентарно мнозинство.

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, во моментов е сигурно дека досегашната седумчлена „Вивалди“ владина коалиција не ќе може да опстои од причина, што партиите што ја сочинуваат повеќе немаат мнозинство во долниот дом на Федералниот парламент, Претставничкиот дом.

Лидерот на Н-ВА, Де Вевер, чија партија ќе има најмногу пратеници во Претставничкиот дом, не ги крие своите амбиции да биде нов белгиски премиер во влада која би учествувале и двете либерални партии – РМ и Опен ВЛД и двете демохристијански партии – Христијански демократи и Фламанци (ЦДВ) и валонската Посветени (ЛЕ).

Иако, според Де Вевер неговата партија споделува „многу заеднички ставови“ со либералите и демохристијаните за „социо-економски и безбедносни прашања и за азилот и миграцијата“ и таквата сино-жолта „Шведска“ коалиција би била остварил, бидејќи би имала парламентарно мнозинство, сепак програмата и заложбите на Н-ВА, посебно оние за поголема автономија на Фландрија, не се целосно прифатливи за валонските партии. Дополнително, и Опен ВЛД на Де Кро најави дека по лошите изборни резултати планира да премине во опозиција.

Другата можна коалиција, што математички би имала мнозинство, е онаа на Н-ВА со МР, ЦДВ, ЛЕ и фламанската социјалдемократска партија Напред (Воројт). Таквата, коалиција би имала мнозинство и на федерално ниво, но и меѓу пратениците од двете јазични заедници – холандската (фламанската) и француската (валонската).

Во Претставничкиот дом на Федералниот парламент Н-ВА ќе има 24 пратеници, ВБ и МР по 20, валонската Социјалистичка партија (ПС) 16, левичарската Работничка партија на Белгија (ПВДА/ПТБ) 15, ЛЕ 14, Воројт 13 и ЦДВ 11 мандати. Опен ВЛД освои седум места, фламанските Зелени шест, валонската еколошка партија Еколо три и бриселската регионална либерална партија Независни федералистички демократи (ДЕФИ) еден пратеник.

Според конечните изборни резултати, Н-ВА покрај на федерално ниво најмногу гласови освои и во Фландрија, додека РМ победи во регионите Брисел и Валонија.

И наспроти предизборните анкети кои укажуваа на сигурна победа на ВБ, Де Вевер успеа да направи пресврт во корист на својата Н-ВА и да го задржи приматот на најсилна партија во Фландрија што го има на неколку последни изборни циклуси. Н-ВА освои 23,9 отсто од гласовите, а ВБ – 22,7 проценти.

Доколку Опен ВЛД остане да определбата да премине во опозиција и на федерално и на регионално ниво, тогаш Н-ВА би можела да формира коалициска влада со Воројт и ЦДВ. Таквата коалиција би имала 65 пратеници или два повеќе од неопходните 63 за парламентарно мнозинство.

Во Парламентот на Фландрија Н-ВА и ВБ ќе имаат по 31 пратеник, Воројт 18, а ЦДВ 16 мандати. Опен ВЛД, ПБДА/ПТБ и Зелените ќе имаат по девет места, а еден мандат освои листата „Тим Фуад Ахидар“.

Победата на МР во Брисел и Валонија, пак, ги зајакна позициите на Жорж-Луј Бушез, кој би можел да пројави амбиции за премиерската функција. Во негов прилог оди и податокот што листата на РМ на европските избори, предводена од поранешната премиерка Софи Вилмес освои 543.821 глас, што претставува рекордна бројка во „францускиот“ изборен колеџ за Европскиот парламент.

МР веројатно нема да ја пропушти шансата да го преземе раководењето со регионалната Влада од социјалистите, при што партијата би можело да коалицира со демохристијаните од Посветени (ЛЕ).

Претпладнево Бушез изјави дека никогаш не го криел фактот дека МР има заеднички работи со ЛЕ.

Резултатите овозможуваат мнозинство со помалку партии. Можеме да работиме на тоа. Тоа е и сигналот на гласачите. Тоа е сосема очигледно. Можно е многу брзо да има влади на сите нивоа, изјави Бушез.

И ЛЕ не ја отфрли можноста за коалицирање со либералите, посочувајќи дека „во Валонија нема потреба од трета страна“ за формирање влада.

Во валонскиот Парламент МР ќе има 26 места, пред ПС со 19, ЛЕ со 17, ПРВА/ПТБ со осум и Еколо со пет пратеници.

Но, ако коалиција само меѓу либералите и демохристијаните е можна во Валонија, во Брисел МР таквиот блок не би можел да обезбеди мнозинство дури и ако се зајакне со ДЕФИ. Во такви услови лидерот на МР во Брисел, Давид Лејстер ќе мора да преговара за првиот човек на бриселските социјалисти Ахмед Лавеј.

Лејстер претпладнево изјави дека веќе ги оствариле првите контакти со неколку партии.

Нашите гласачи ни дадоа силен резултат, тоа е вистинска победа. Ова треба да ни овозможи да ги наметнеме нашите реформи. Нашите партнери ќе мора да прифатат дека е потребна промена, изјави Лејстер, посочувајќи дека не ја исклучува можноста за коалиција со ПС и ЛЕ.

Досега на чело на бриселската регионална Влада беше социјалистот Руди Вервурт.

Но, интерес за учество во бриселската владата пројавија и Зелените, кои освоија најмногу гласови меѓу холандофонските гласачи во Брисел.

Имаме резултат што е речиси двојно подобар. Ќе биде тешко (со МР), но ние ги имаме картите што гласачите ги ставија на маса, изјави лидерката на бриселските Зелени и актуелна министерка за мобилност на Брисел, Елке Ван ден Брант.

Во идниот Парламент на Брисел, МР ќе има 20 мандати, ПС 16, ПВДА/ПТБ 15, ЛЕ осум, Еколо седум и ДЕФИ шест пратеници. Натаму следуваат Зелените со четири, листата „Тим Фуад Ахидар“ со три, Н-ВА, Опен ВЛД, ВБ и Воројт со по два и ЦДВ со еден пратеник.

Кога станува збор за изборите за членови на Парламентот на германската задница центристичката демохристијанска партија За германската заедница (ПРОДГ) освои осум пратеници, пред конзервативната демохристијанска Христијанско-социјалната партија (ЦСП) со пет, социјал-либералната Вивант со четири, Социјалистичката партија (СП) и конзервативно-либералната Перспектива Слобода Прогрес (ПФФ) со по три и Еколо со два мандати.

Инаку, освен оставката на Де Кро на премиерската функција, денеска оставки од функциите имаше и во неколку партии. Така, претпладнево колективна оставка понесе целокупното раководство на неговата Опен ВЛД, а од функциите се повлекоа и ко-лидерите на Еколо, Жан-Марк Ноле и Раџа Мауан, како и првиот човек на ДЕФИ, Франсоа Де Смет.

The post По катастрофата на изборите: Белгискиот премиер ја достави оставката до кралот Филип appeared first on Република.

]]>

Како и што најави по објавувањето на првичните резултати од парламентарни, регионални и европски избори во Белгија на кои неговата партија Отворени фламански либерали и демократи (Опен ВЛД) доживеа тежок пораз, белгискиот премиер Александер де Кро му ја достави својата оставка на кралот Филип. Од Кралската палата во Брисел информираа дека за попладнево се предвидени средби на кралот со лидерите на трите партии што освоија најмногу гласови на изборите – Барт Де Вевер од националистичката Нова фламанска алијанса (Н-ВА), Том Ван Грикен од екстремно десничарската Фламански избор (ВБ) и Жорж-Луј Бушез од валонското либерално Реформско движење (МР). По овие средби се очекува кралот Филип да именува т.н. информатор, кој ќе има задача во консултации со парламентарните партии да ги разгледа можностите за формирање ново парламентарно мнозинство. Како што јави дописникот на МИА од Брисел, во моментов е сигурно дека досегашната седумчлена „Вивалди“ владина коалиција не ќе може да опстои од причина, што партиите што ја сочинуваат повеќе немаат мнозинство во долниот дом на Федералниот парламент, Претставничкиот дом. Лидерот на Н-ВА, Де Вевер, чија партија ќе има најмногу пратеници во Претставничкиот дом, не ги крие своите амбиции да биде нов белгиски премиер во влада која би учествувале и двете либерални партии – РМ и Опен ВЛД и двете демохристијански партии – Христијански демократи и Фламанци (ЦДВ) и валонската Посветени (ЛЕ). Иако, според Де Вевер неговата партија споделува „многу заеднички ставови“ со либералите и демохристијаните за „социо-економски и безбедносни прашања и за азилот и миграцијата“ и таквата сино-жолта „Шведска“ коалиција би била остварил, бидејќи би имала парламентарно мнозинство, сепак програмата и заложбите на Н-ВА, посебно оние за поголема автономија на Фландрија, не се целосно прифатливи за валонските партии. Дополнително, и Опен ВЛД на Де Кро најави дека по лошите изборни резултати планира да премине во опозиција. Другата можна коалиција, што математички би имала мнозинство, е онаа на Н-ВА со МР, ЦДВ, ЛЕ и фламанската социјалдемократска партија Напред (Воројт). Таквата, коалиција би имала мнозинство и на федерално ниво, но и меѓу пратениците од двете јазични заедници – холандската (фламанската) и француската (валонската). Во Претставничкиот дом на Федералниот парламент Н-ВА ќе има 24 пратеници, ВБ и МР по 20, валонската Социјалистичка партија (ПС) 16, левичарската Работничка партија на Белгија (ПВДА/ПТБ) 15, ЛЕ 14, Воројт 13 и ЦДВ 11 мандати. Опен ВЛД освои седум места, фламанските Зелени шест, валонската еколошка партија Еколо три и бриселската регионална либерална партија Независни федералистички демократи (ДЕФИ) еден пратеник. Според конечните изборни резултати, Н-ВА покрај на федерално ниво најмногу гласови освои и во Фландрија, додека РМ победи во регионите Брисел и Валонија. И наспроти предизборните анкети кои укажуваа на сигурна победа на ВБ, Де Вевер успеа да направи пресврт во корист на својата Н-ВА и да го задржи приматот на најсилна партија во Фландрија што го има на неколку последни изборни циклуси. Н-ВА освои 23,9 отсто од гласовите, а ВБ – 22,7 проценти. Доколку Опен ВЛД остане да определбата да премине во опозиција и на федерално и на регионално ниво, тогаш Н-ВА би можела да формира коалициска влада со Воројт и ЦДВ. Таквата коалиција би имала 65 пратеници или два повеќе од неопходните 63 за парламентарно мнозинство. Во Парламентот на Фландрија Н-ВА и ВБ ќе имаат по 31 пратеник, Воројт 18, а ЦДВ 16 мандати. Опен ВЛД, ПБДА/ПТБ и Зелените ќе имаат по девет места, а еден мандат освои листата „Тим Фуад Ахидар“. Победата на МР во Брисел и Валонија, пак, ги зајакна позициите на Жорж-Луј Бушез, кој би можел да пројави амбиции за премиерската функција. Во негов прилог оди и податокот што листата на РМ на европските избори, предводена од поранешната премиерка Софи Вилмес освои 543.821 глас, што претставува рекордна бројка во „францускиот“ изборен колеџ за Европскиот парламент. МР веројатно нема да ја пропушти шансата да го преземе раководењето со регионалната Влада од социјалистите, при што партијата би можело да коалицира со демохристијаните од Посветени (ЛЕ). Претпладнево Бушез изјави дека никогаш не го криел фактот дека МР има заеднички работи со ЛЕ.
Резултатите овозможуваат мнозинство со помалку партии. Можеме да работиме на тоа. Тоа е и сигналот на гласачите. Тоа е сосема очигледно. Можно е многу брзо да има влади на сите нивоа, изјави Бушез.
И ЛЕ не ја отфрли можноста за коалицирање со либералите, посочувајќи дека „во Валонија нема потреба од трета страна“ за формирање влада. Во валонскиот Парламент МР ќе има 26 места, пред ПС со 19, ЛЕ со 17, ПРВА/ПТБ со осум и Еколо со пет пратеници. Но, ако коалиција само меѓу либералите и демохристијаните е можна во Валонија, во Брисел МР таквиот блок не би можел да обезбеди мнозинство дури и ако се зајакне со ДЕФИ. Во такви услови лидерот на МР во Брисел, Давид Лејстер ќе мора да преговара за првиот човек на бриселските социјалисти Ахмед Лавеј. Лејстер претпладнево изјави дека веќе ги оствариле првите контакти со неколку партии.
Нашите гласачи ни дадоа силен резултат, тоа е вистинска победа. Ова треба да ни овозможи да ги наметнеме нашите реформи. Нашите партнери ќе мора да прифатат дека е потребна промена, изјави Лејстер, посочувајќи дека не ја исклучува можноста за коалиција со ПС и ЛЕ.
Досега на чело на бриселската регионална Влада беше социјалистот Руди Вервурт. Но, интерес за учество во бриселската владата пројавија и Зелените, кои освоија најмногу гласови меѓу холандофонските гласачи во Брисел.
Имаме резултат што е речиси двојно подобар. Ќе биде тешко (со МР), но ние ги имаме картите што гласачите ги ставија на маса, изјави лидерката на бриселските Зелени и актуелна министерка за мобилност на Брисел, Елке Ван ден Брант.
Во идниот Парламент на Брисел, МР ќе има 20 мандати, ПС 16, ПВДА/ПТБ 15, ЛЕ осум, Еколо седум и ДЕФИ шест пратеници. Натаму следуваат Зелените со четири, листата „Тим Фуад Ахидар“ со три, Н-ВА, Опен ВЛД, ВБ и Воројт со по два и ЦДВ со еден пратеник. Кога станува збор за изборите за членови на Парламентот на германската задница центристичката демохристијанска партија За германската заедница (ПРОДГ) освои осум пратеници, пред конзервативната демохристијанска Христијанско-социјалната партија (ЦСП) со пет, социјал-либералната Вивант со четири, Социјалистичката партија (СП) и конзервативно-либералната Перспектива Слобода Прогрес (ПФФ) со по три и Еколо со два мандати. Инаку, освен оставката на Де Кро на премиерската функција, денеска оставки од функциите имаше и во неколку партии. Така, претпладнево колективна оставка понесе целокупното раководство на неговата Опен ВЛД, а од функциите се повлекоа и ко-лидерите на Еколо, Жан-Марк Ноле и Раџа Мауан, како и првиот човек на ДЕФИ, Франсоа Де Смет.

The post По катастрофата на изборите: Белгискиот премиер ја достави оставката до кралот Филип appeared first on Република.

]]>
Националистичката Нова фламанска алијанса победник на изборите во Белгија, премиерот Де Кро поднесе оставка https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/natsionalistichkata-nova-flamanska-alijansa-pobednik-na-izborite-vo-belgija-premierot-de-kro-podnese-ostavka/ Sun, 09 Jun 2024 20:30:25 +0000 https://republika.mk/?p=786015

Националистичката Нова фламанска алијанса (Н-ВА) победи на денешните избори за членови на Претставничкиот дом на белгискиот Федерален парламент со освоени 18,9 проценти од гласовите, покажуваат резулатите од преброени речиси 90 отсто од избирачките места.

На второ место е ултра националистичката и десно популистичка партија Фламански избор (ВБ) со 15,5 отсто, на третото место е левичарската Работничката партија на Белгија (ПВДА/ПТБ) со 9,4 проценти, пред фламанската социјалдемократска партија Напред (Воројт) со 9,1 и Христијанските демократи и Фламанци (ЦДВ) со девет отсто од гласовите.

Натаму следуваат валонското либерално Реформско движење (МР) со 8,3 проценти, валонската Социјалистичка партија (ПС) со шест, либералната партија Отворени фламански либерали и демократи (Опен ВЛД) на актуелниот белгиски премиер Александер де Кро со 5,9 отсто, валонската демохристијанска партија Посветените (ЛЕ) со 5,6 и двете еколошки партии – фламанската Зелени со 4,9 и валонската Еколо со 2,6 проценти. Останатите партии имаат под еден отсто.

На изборите за регионалниот Парламент на Брисел, МР освои 26,2 отсто, пред ПС со 21,9, ПВДА/ПТБ со 20,8, ЛЕ со 10,6, Еколо со 10 проценти и бриселската регионална либерална партија Независни федералистички демократи (ДЕФИ) со осум отсто.

МР со освоени 30 проценти од гласовите победи на изборите за Парламентот на Валонија, пред ПС со 22,3, ЛЕ со 21,9, ПВДА/ПТБ со 11,2, Еколо со 7,4, ДЕФИ со 2,7 и валонската националистича партија „Кај нас“ (Ше Ну) со 2,6 проценти.

Во Фландрија на изборите за регионалнит Парламент, Н-ВА освои 23,2 отсто од гласовите, пред ВБ со 16,9, Воројт со 13,5, ЦДВ и Опен ВЛД со по 12,4 и ПВДА/ПТБ и Зелените со 8,3 проценти.

На изборите за членови на Европскиот парламент од Белгија, Н-ВА освои 14,2 отсто од гласовите, пред ВБ со 12 и Опен ВЛД со 10,1 проценти. Натаму следуваат ПС со 9,7, ЦДВ со 9,2, ПВДА/ПТБ со 8,4, Зелените со 7,8, Еколо со 7,3, МР со 7,1, Воројт со 6,4, ЛЕ со 3,5, ДЕФИ со 2,1 и валонската десничарска Народна партија (ПП) со 1,7 отсто. Останатите листи освија под 0,5 отсто од гласовите.

По објавувањето на ваквите резулатите премиерот Де Кро соопшти дека поденсува оставка на функцијата.

- Ова не е резултатот на кој се надевав. Затоа ја преземам одговорноста за овој резултат. Владата сега е техничка додека не се формира нова коалиција, рече де Кро, нагласувајќи дека на земјата брзо и треба нова влада.

The post Националистичката Нова фламанска алијанса победник на изборите во Белгија, премиерот Де Кро поднесе оставка appeared first on Република.

]]>

Националистичката Нова фламанска алијанса (Н-ВА) победи на денешните избори за членови на Претставничкиот дом на белгискиот Федерален парламент со освоени 18,9 проценти од гласовите, покажуваат резулатите од преброени речиси 90 отсто од избирачките места. На второ место е ултра националистичката и десно популистичка партија Фламански избор (ВБ) со 15,5 отсто, на третото место е левичарската Работничката партија на Белгија (ПВДА/ПТБ) со 9,4 проценти, пред фламанската социјалдемократска партија Напред (Воројт) со 9,1 и Христијанските демократи и Фламанци (ЦДВ) со девет отсто од гласовите. Натаму следуваат валонското либерално Реформско движење (МР) со 8,3 проценти, валонската Социјалистичка партија (ПС) со шест, либералната партија Отворени фламански либерали и демократи (Опен ВЛД) на актуелниот белгиски премиер Александер де Кро со 5,9 отсто, валонската демохристијанска партија Посветените (ЛЕ) со 5,6 и двете еколошки партии – фламанската Зелени со 4,9 и валонската Еколо со 2,6 проценти. Останатите партии имаат под еден отсто. На изборите за регионалниот Парламент на Брисел, МР освои 26,2 отсто, пред ПС со 21,9, ПВДА/ПТБ со 20,8, ЛЕ со 10,6, Еколо со 10 проценти и бриселската регионална либерална партија Независни федералистички демократи (ДЕФИ) со осум отсто. МР со освоени 30 проценти од гласовите победи на изборите за Парламентот на Валонија, пред ПС со 22,3, ЛЕ со 21,9, ПВДА/ПТБ со 11,2, Еколо со 7,4, ДЕФИ со 2,7 и валонската националистича партија „Кај нас“ (Ше Ну) со 2,6 проценти. Во Фландрија на изборите за регионалнит Парламент, Н-ВА освои 23,2 отсто од гласовите, пред ВБ со 16,9, Воројт со 13,5, ЦДВ и Опен ВЛД со по 12,4 и ПВДА/ПТБ и Зелените со 8,3 проценти. На изборите за членови на Европскиот парламент од Белгија, Н-ВА освои 14,2 отсто од гласовите, пред ВБ со 12 и Опен ВЛД со 10,1 проценти. Натаму следуваат ПС со 9,7, ЦДВ со 9,2, ПВДА/ПТБ со 8,4, Зелените со 7,8, Еколо со 7,3, МР со 7,1, Воројт со 6,4, ЛЕ со 3,5, ДЕФИ со 2,1 и валонската десничарска Народна партија (ПП) со 1,7 отсто. Останатите листи освија под 0,5 отсто од гласовите. По објавувањето на ваквите резулатите премиерот Де Кро соопшти дека поденсува оставка на функцијата.
- Ова не е резултатот на кој се надевав. Затоа ја преземам одговорноста за овој резултат. Владата сега е техничка додека не се формира нова коалиција, рече де Кро, нагласувајќи дека на земјата брзо и треба нова влада.

The post Националистичката Нова фламанска алијанса победник на изборите во Белгија, премиерот Де Кро поднесе оставка appeared first on Република.

]]>
Белгиската полиција приведе возач во чиј автомобил бил откриен експлозив https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/belgiskata-politsija-privede-vozach-vo-chij-avtomobil-bil-otkrien-eksploziv/ Fri, 31 May 2024 17:14:45 +0000 https://republika.mk/?p=783637

Белгиската полиција синоќа привела возач во чиј автомобил бил откриен експлозив. Реонот бил евакуиран, а на местото пристигнале деминери и спасувачи.

Експлозивот е откриен при рутинска контрола на сообраќајот во јужниот регион на Валонија, при што еден од возачите не застанал и се обидел да побегне.

Засега не се објавени повеќе детали за уапсениот, неговите намери или националноста

The post Белгиската полиција приведе возач во чиј автомобил бил откриен експлозив appeared first on Република.

]]>

Белгиската полиција синоќа привела возач во чиј автомобил бил откриен експлозив. Реонот бил евакуиран, а на местото пристигнале деминери и спасувачи.
Експлозивот е откриен при рутинска контрола на сообраќајот во јужниот регион на Валонија, при што еден од возачите не застанал и се обидел да побегне.
Засега не се објавени повеќе детали за уапсениот, неговите намери или националноста

The post Белгиската полиција приведе возач во чиј автомобил бил откриен експлозив appeared first on Република.

]]>
Белгија не дозволува Украина западното оружје да го користи за цели во Русија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/belgija-ne-dozvoluva-ukraina-zapadnoto-oruzhje-da-go-koristi-za-tseli-vo-rusija/ Fri, 31 May 2024 11:18:55 +0000 https://republika.mk/?p=783521

Белгија не ја промени својата одлука за ограничувањата со кои обезбедува оружје за Украина, соопшти денеска белгиското Министерството за одбрана.

Белгија продолжува да бара доставената муниција да не се користи за напади врз цели во Русија.

Претходно оваа недела, премиерот на Белгија, Александар де Кроа и украинскиот претседател Володимир Зеленски потпишаа билатерален безбедносен договор во Брисел, кој предвидува најмалку 977 милиони евра воена помош за Киев до крајот на годината и постојана поддршка во следните 10 години.

Согласно договорот, Белгија до 2028 година ќе и достави на Украина 30 борбени авиони Ф-16, опрема за противвоздушна одбрана, артилериска муниција и воена машинерија

The post Белгија не дозволува Украина западното оружје да го користи за цели во Русија appeared first on Република.

]]>

Белгија не ја промени својата одлука за ограничувањата со кои обезбедува оружје за Украина, соопшти денеска белгиското Министерството за одбрана. Белгија продолжува да бара доставената муниција да не се користи за напади врз цели во Русија. Претходно оваа недела, премиерот на Белгија, Александар де Кроа и украинскиот претседател Володимир Зеленски потпишаа билатерален безбедносен договор во Брисел, кој предвидува најмалку 977 милиони евра воена помош за Киев до крајот на годината и постојана поддршка во следните 10 години. Согласно договорот, Белгија до 2028 година ќе и достави на Украина 30 борбени авиони Ф-16, опрема за противвоздушна одбрана, артилериска муниција и воена машинерија

The post Белгија не дозволува Украина западното оружје да го користи за цели во Русија appeared first on Република.

]]>
Македонската одбојкарска репрезентација загуби од Белгија https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/makedonskata-odbojkarska-reprezentatsija-zagubi-od-belgija/ Sun, 26 May 2024 17:56:26 +0000 https://republika.mk/?p=781869

Македонската одбојкарска репрезентација претрпе пораз од Белгија во мечот од 4. коло во Европската златна лига.

Белгијците ги добија првиот и третиот сет, ние одговаравме во вториот и четвртиот за да во решавачната рунда диктираме темпо, водиме и со четири разлика, меѓутоа домашните одбојкари се врати и се влезе во егал завршница во која ние не искористивме две меч топки и на крајот стигна казна за 17-15 и конечни 3-2 (25-22, 22-25, 25-17, 24-26,17-15)

Капитенот Ѓоргиев се истакна со 28 поени, а двоцифрен беше и Савовски со 10 поени.

Сега популарните „спартанци“ имаат учинок 1-3, следниот натпревар го играме против Хрватска.

The post Македонската одбојкарска репрезентација загуби од Белгија appeared first on Република.

]]>

Македонската одбојкарска репрезентација претрпе пораз од Белгија во мечот од 4. коло во Европската златна лига. Белгијците ги добија првиот и третиот сет, ние одговаравме во вториот и четвртиот за да во решавачната рунда диктираме темпо, водиме и со четири разлика, меѓутоа домашните одбојкари се врати и се влезе во егал завршница во која ние не искористивме две меч топки и на крајот стигна казна за 17-15 и конечни 3-2 (25-22, 22-25, 25-17, 24-26,17-15) Капитенот Ѓоргиев се истакна со 28 поени, а двоцифрен беше и Савовски со 10 поени. Сега популарните „спартанци“ имаат учинок 1-3, следниот натпревар го играме против Хрватска.

The post Македонската одбојкарска репрезентација загуби од Белгија appeared first on Република.

]]>
Белгиско МНР: Проектот со кој раководи Хојте е за олеснување на дискусиите за заокружување на почетната фаза од преговорите за членство во ЕУ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/belgisko-mnr-proektot-so-koj-rakovodi-hojte-e-za-olesnuvane-na-diskusiite-za-zaokruzhuvane-na-pochetnata-faza-od-pregovorite-za-chlenstvo-vo-eu/ Thu, 09 May 2024 14:21:20 +0000 https://republika.mk/?p=776417

Како поддржувач на перспективата на Република Cеверна Македонија за членство во ЕУ, Белгија одлучи да поддржи проект предложен од Центарот за европски безбедносни студии (ЦЕСС) за да се олеснат дискусиите меѓу сите политички чинители во земјата заради постигнување консензус околу одлуките што се потребни за да се заокружи почетната фаза од пристапните преговори за членство во ЕУ, изјави за МИА портпаролот на белгиското Министерство за надворешни работи, Давид Јорденс.

– Овој проект има за цел да поттикне култура на компромис меѓу политичките партии и да се овозможат решенија, а со тоа и да се придонесе кон локализација на прашањето, изјави Јорден во врска со информациите објавени во некои македонски медиуми дека поранешниот европратеник Петер Ванхојте на иницијатива на белгиското претседателство со ЕУ „добил мандат да биде медијатор олеснувач на бугарско-македонскиот спор“.

Според Јорденс, проектот се спроведува под независна одговорност на Центарот за европски безбедносни студии и е предводен од Ванхојте, во својство на „независен посредник на високо ниво со долгогодишно искуство во градење капацитети и посредување во Западниот Балкан и особено во Македонија“.

– Белгија само одлучи да го поддржи проектот на Центарот за европски безбедносни студии, во рамките на својата долгогодишна политика за поддршка на проекти за посредување низ целиот свет и имајќи ја предвид својата улога на земја претседавач со Советот на ЕУ, додаде Јорденс.

Во вторникот повеќе медиуми во земјава објавија дека Хојте допатувал во Скопје на средби со преставници на политички партии, невладини организации и други експерти со цел да го „отвори патот за уставните измени и да се обезбедат гаранции дека на патот на Македонија до членство во ЕУ нема веќе да има сопки од Бугарија или нови проблеми“, поради што по престојот во земјава тој ќе отпатувал „на слични средби во Софија“.

Меѓутоа, според извори во белгиското МНР, проектот за посредништво, кој е финасиран од Белгија, е фокусиран само на Република Македонија, а Бугарија не е опфатена со него.

The post Белгиско МНР: Проектот со кој раководи Хојте е за олеснување на дискусиите за заокружување на почетната фаза од преговорите за членство во ЕУ appeared first on Република.

]]>

Како поддржувач на перспективата на Република Cеверна Македонија за членство во ЕУ, Белгија одлучи да поддржи проект предложен од Центарот за европски безбедносни студии (ЦЕСС) за да се олеснат дискусиите меѓу сите политички чинители во земјата заради постигнување консензус околу одлуките што се потребни за да се заокружи почетната фаза од пристапните преговори за членство во ЕУ, изјави за МИА портпаролот на белгиското Министерство за надворешни работи, Давид Јорденс.
– Овој проект има за цел да поттикне култура на компромис меѓу политичките партии и да се овозможат решенија, а со тоа и да се придонесе кон локализација на прашањето, изјави Јорден во врска со информациите објавени во некои македонски медиуми дека поранешниот европратеник Петер Ванхојте на иницијатива на белгиското претседателство со ЕУ „добил мандат да биде медијатор олеснувач на бугарско-македонскиот спор“.
Според Јорденс, проектот се спроведува под независна одговорност на Центарот за европски безбедносни студии и е предводен од Ванхојте, во својство на „независен посредник на високо ниво со долгогодишно искуство во градење капацитети и посредување во Западниот Балкан и особено во Македонија“.
– Белгија само одлучи да го поддржи проектот на Центарот за европски безбедносни студии, во рамките на својата долгогодишна политика за поддршка на проекти за посредување низ целиот свет и имајќи ја предвид својата улога на земја претседавач со Советот на ЕУ, додаде Јорденс.
Во вторникот повеќе медиуми во земјава објавија дека Хојте допатувал во Скопје на средби со преставници на политички партии, невладини организации и други експерти со цел да го „отвори патот за уставните измени и да се обезбедат гаранции дека на патот на Македонија до членство во ЕУ нема веќе да има сопки од Бугарија или нови проблеми“, поради што по престојот во земјава тој ќе отпатувал „на слични средби во Софија“. Меѓутоа, според извори во белгиското МНР, проектот за посредништво, кој е финасиран од Белгија, е фокусиран само на Република Македонија, а Бугарија не е опфатена со него.

The post Белгиско МНР: Проектот со кој раководи Хојте е за олеснување на дискусиите за заокружување на почетната фаза од преговорите за членство во ЕУ appeared first on Република.

]]>
Прогласен жолт метео аларм за невреме во Белгија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/proglasen-zholt-meteo-alarm-za-nevreme-vo-belgija/ Thu, 02 May 2024 10:38:18 +0000 https://republika.mk/?p=773365

Белгискиот Кралски метеоролошки институт (ИРМ) прогласи жолт метео аларм за невреме во источниот дел на Белгија, проследено со поројни врнежи од дожд и грмежи и со ризик за појава на град на одредени места.

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, жолтиот метео аларм стапува во сила денеска во 14 часот и ќе трае до 2 часот по полноќ.

ИРМ информира дека се очекува на места да наврнат над 20 милиметри воден талог дожд за еден час, додавајќи дека во случај на пообилни врнежи можно е метео алармот да се подигне на портокалово ниво, пред се во најисточните делови на Белгија во близина на границата со Германија.

The post Прогласен жолт метео аларм за невреме во Белгија appeared first on Република.

]]>

Белгискиот Кралски метеоролошки институт (ИРМ) прогласи жолт метео аларм за невреме во источниот дел на Белгија, проследено со поројни врнежи од дожд и грмежи и со ризик за појава на град на одредени места. Како што јави дописникот на МИА од Брисел, жолтиот метео аларм стапува во сила денеска во 14 часот и ќе трае до 2 часот по полноќ. ИРМ информира дека се очекува на места да наврнат над 20 милиметри воден талог дожд за еден час, додавајќи дека во случај на пообилни врнежи можно е метео алармот да се подигне на портокалово ниво, пред се во најисточните делови на Белгија во близина на границата со Германија.

The post Прогласен жолт метео аларм за невреме во Белгија appeared first on Република.

]]>
Минималната плата во Белгија зголемена на 2029,88 евра https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/minimalnata-plata-vo-belgija-zgolemena-na-2029-88-evra/ Sat, 30 Mar 2024 09:12:26 +0000 https://republika.mk/?p=760324

Загарантираната месечна минимална плата за полно работно време во Белгија од утре се зголемува на 2029,88 евра, јави дописникот на МИА од Брисел.

Досега, загарантираната минимална плата во земјата изнесуваше 1992,38 евра, а зголемувањето е во рамки на планот на Владата за нејзин раст оваа година за 37,50 евра. Следното зголемување, исто така за 37,50 евра, е предвидено за 2026 година.

Со ова Белгија ќе се приклучи на групата на членки на ЕУ чија минимална плата е повисока од 2000 евра.

Поголема минимална плата од Белгија од утре ќе имаат само Луксембург и тоа од 2570,93 евра, Ирска од 2146,30 евра, Холандија од 2070,12 евра и Германија од 2054 евра.

По Белгија следна е Франција, каде од 1 јануари годинава минималната плата е покачена на 1766,92 евра.

Во својата предизборна програма за белгиските парламентарни и регионални избори, што ќе се одржат во јуни заедно со европските избори, валонската Социјалистичка партија (ПС) ветува дека во следните години минималната плата во Белгија ќе се зголеми на 2800 евра. Според анкетите, се очекува ПС да освои најмногу гласови во Валонија и да биде трета по јачина сила во регионот на Брисел, со што би имала најголем број пратеници меѓу партиите од актуелната седумпартиска владејачка коалиција.

The post Минималната плата во Белгија зголемена на 2029,88 евра appeared first on Република.

]]>

Загарантираната месечна минимална плата за полно работно време во Белгија од утре се зголемува на 2029,88 евра, јави дописникот на МИА од Брисел. Досега, загарантираната минимална плата во земјата изнесуваше 1992,38 евра, а зголемувањето е во рамки на планот на Владата за нејзин раст оваа година за 37,50 евра. Следното зголемување, исто така за 37,50 евра, е предвидено за 2026 година. Со ова Белгија ќе се приклучи на групата на членки на ЕУ чија минимална плата е повисока од 2000 евра. Поголема минимална плата од Белгија од утре ќе имаат само Луксембург и тоа од 2570,93 евра, Ирска од 2146,30 евра, Холандија од 2070,12 евра и Германија од 2054 евра. По Белгија следна е Франција, каде од 1 јануари годинава минималната плата е покачена на 1766,92 евра. Во својата предизборна програма за белгиските парламентарни и регионални избори, што ќе се одржат во јуни заедно со европските избори, валонската Социјалистичка партија (ПС) ветува дека во следните години минималната плата во Белгија ќе се зголеми на 2800 евра. Според анкетите, се очекува ПС да освои најмногу гласови во Валонија и да биде трета по јачина сила во регионот на Брисел, со што би имала најголем број пратеници меѓу партиите од актуелната седумпартиска владејачка коалиција.

The post Минималната плата во Белгија зголемена на 2029,88 евра appeared first on Република.

]]>
Изложбата „Невидливи светови“ на Киро Урдин по Мајамии Букурешт, од синоќа поставена во Белгија https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/izlozhbata-nevidlivi-svetovi-na-kiro-urdin-po-majamii-bukuresht-od-sinoka-postavena-vo-belgija/ Fri, 22 Mar 2024 10:13:28 +0000 https://republika.mk/?p=757356

Нова изложба насловена „Невидливи светови“ на Киро Урдин е отворена синоќа во Хајде, во близината на Антверпен, која ја реализира интернационалниот галерист Клаус Пас.

По минатогодишната успешна презентација на неговите уметнички дела во светот – во Zvarte Panter (Антверпен), El Espacio (Мајами), African Heritage Cultura Arts Center ( Мајами), Art Galery Constantin Brancusi (Мајами), Palace of the Parlament ( Букурешт), Museum National of Literature ( Букурешт), MNB National Museum Brukenthal ( Сибиу -Романија), сега неговите креации ќе можат да ги видат љубителите на уметноста во Белгија.

Изложбата ќе биде отворена до 12 мај.

The post Изложбата „Невидливи светови“ на Киро Урдин по Мајамии Букурешт, од синоќа поставена во Белгија appeared first on Република.

]]>

Нова изложба насловена „Невидливи светови“ на Киро Урдин е отворена синоќа во Хајде, во близината на Антверпен, која ја реализира интернационалниот галерист Клаус Пас. По минатогодишната успешна презентација на неговите уметнички дела во светот – во Zvarte Panter (Антверпен), El Espacio (Мајами), African Heritage Cultura Arts Center ( Мајами), Art Galery Constantin Brancusi (Мајами), Palace of the Parlament ( Букурешт), Museum National of Literature ( Букурешт), MNB National Museum Brukenthal ( Сибиу -Романија), сега неговите креации ќе можат да ги видат љубителите на уметноста во Белгија. Изложбата ќе биде отворена до 12 мај.

The post Изложбата „Невидливи светови“ на Киро Урдин по Мајамии Букурешт, од синоќа поставена во Белгија appeared first on Република.

]]>
Нова изложба на Киро Урдин во Белгија https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/nova-izlozhba-na-kiro-urdin-vo-belgija/ Fri, 22 Mar 2024 08:56:04 +0000 https://republika.mk/?p=757267

Нова изложба насловена „Невидливи светови“ на Киро Урдин е отворена синоќа во Хајде, во близината на Антверпен, која ја реализира интернационалниот галерист Клаус Пас.

По минатогодишната успешна презентација на неговите уметнички дела во светот - во Zvarte Panter (Антверпен), El Espacio (Мајами), African Heritage Cultura Arts Center ( Мајами), Art Galery Constantin Brancusi (Мајами), Palace of the Parlament ( Букурешт), Museum National of Literature ( Букурешт), MNB National Museum Brukenthal ( Сибиу -Романија), сега неговите креации ќе можат да ги видат љубителите на уметноста во Белгија.

Изложбата ќе биде отворена до 12 мај.

The post Нова изложба на Киро Урдин во Белгија appeared first on Република.

]]>

Нова изложба насловена „Невидливи светови“ на Киро Урдин е отворена синоќа во Хајде, во близината на Антверпен, која ја реализира интернационалниот галерист Клаус Пас. По минатогодишната успешна презентација на неговите уметнички дела во светот - во Zvarte Panter (Антверпен), El Espacio (Мајами), African Heritage Cultura Arts Center ( Мајами), Art Galery Constantin Brancusi (Мајами), Palace of the Parlament ( Букурешт), Museum National of Literature ( Букурешт), MNB National Museum Brukenthal ( Сибиу -Романија), сега неговите креации ќе можат да ги видат љубителите на уметноста во Белгија. Изложбата ќе биде отворена до 12 мај.

The post Нова изложба на Киро Урдин во Белгија appeared first on Република.

]]>
Катерина Ацевска освои сребрен медал на Европскиот џиу џицу куп во Белгија https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/katerina-atsevska-osvoi-srebren-medal-na-evropskiot-dhiu-dhitsu-kup-vo-belgija/ Sun, 10 Mar 2024 13:32:13 +0000 https://republika.mk/?p=753325

Катерина Ацевска постигна голем успех на Европскиот џиу џицу куп во Беверен, Белгија, во дициплината фајтинг над 70 килограми освојувајќи го сребрениот медал во сениорска конкуренција.

Ацевска во финалето се сретна со Емма Летте од Шведска при што загуби со опон 0-50.

На Купот настапуваат 311 учесници со 313 натпреварувачки влезови од 29 држави.

Резултати:
Катерина  Ацевска  – Фредерика Маза (Италија) 50-0 фул ипон
Катерина  Ацевска  – Антигони Алифери (Грција) 50-0 (14-4 предадена)
Полуфинале
Катерина  Ацевска  – Бијанка Фајхтлбауер (Австрија) 5-0
Финале
Катерина  Ацевска  – Емма Летте (Шведска) 0-50

The post Катерина Ацевска освои сребрен медал на Европскиот џиу џицу куп во Белгија appeared first on Република.

]]>

Катерина Ацевска постигна голем успех на Европскиот џиу џицу куп во Беверен, Белгија, во дициплината фајтинг над 70 килограми освојувајќи го сребрениот медал во сениорска конкуренција. Ацевска во финалето се сретна со Емма Летте од Шведска при што загуби со опон 0-50. На Купот настапуваат 311 учесници со 313 натпреварувачки влезови од 29 држави. Резултати: Катерина  Ацевска  – Фредерика Маза (Италија) 50-0 фул ипон Катерина  Ацевска  – Антигони Алифери (Грција) 50-0 (14-4 предадена) Полуфинале Катерина  Ацевска  – Бијанка Фајхтлбауер (Австрија) 5-0 Финале Катерина  Ацевска  – Емма Летте (Шведска) 0-50

The post Катерина Ацевска освои сребрен медал на Европскиот џиу џицу куп во Белгија appeared first on Република.

]]>
Апсења во Белгија поради планирање напад на концертна сала во Брисел https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/apsena-vo-belgija-poradi-planirane-napad-na-kontsertna-sala-vo-brisel/ Mon, 04 Mar 2024 20:09:32 +0000 https://republika.mk/?p=751251

Белгиската полиција уапси четири лица осомничени дека планирале да нападнат концертна сала во Брисел за неколку недели, соопшти денеска федералното обвинителство.

Меѓу уапсените има тројца малолетници и еден возрасен кој е обвинет за „учество во активности на терористичка организација“.

Белгија во последните години беше цел на екстремистички напади, од кои последниот беше во октомври, кога во Брисел беа убиени двајца шведски фудбалски навивачи.

Во 2016 година, 32 лица беа убиени во екстремистички напади на бриселскиот аеродром и метро станица, а минатата година поротата прогласи шест лица за виновни за тоа терористичко убиство, кое беше дел од бранот напади во Европа поврзани со групата Исламска држава.

Меѓу осудените е и Салах Абдеслам, кој веќе отслужува доживотна казна затвор во Франција за учество во нападите врз кафулињата во Париз, музичката сала Батаклан и стадионот во 2015 година. И тие напади беа поврзани со истата екстремистичка група Исламска држава.

The post Апсења во Белгија поради планирање напад на концертна сала во Брисел appeared first on Република.

]]>

Белгиската полиција уапси четири лица осомничени дека планирале да нападнат концертна сала во Брисел за неколку недели, соопшти денеска федералното обвинителство. Меѓу уапсените има тројца малолетници и еден возрасен кој е обвинет за „учество во активности на терористичка организација“. Белгија во последните години беше цел на екстремистички напади, од кои последниот беше во октомври, кога во Брисел беа убиени двајца шведски фудбалски навивачи. Во 2016 година, 32 лица беа убиени во екстремистички напади на бриселскиот аеродром и метро станица, а минатата година поротата прогласи шест лица за виновни за тоа терористичко убиство, кое беше дел од бранот напади во Европа поврзани со групата Исламска држава. Меѓу осудените е и Салах Абдеслам, кој веќе отслужува доживотна казна затвор во Франција за учество во нападите врз кафулињата во Париз, музичката сала Батаклан и стадионот во 2015 година. И тие напади беа поврзани со истата екстремистичка група Исламска држава.

The post Апсења во Белгија поради планирање напад на концертна сала во Брисел appeared first on Република.

]]>