Португалија е единствената земја во светот во која фудбалските судии можат да им покажуваат на играчите бели картони за „ферплеј“, а оваа едукативна мерка планира да ја протурка во професионалниот фудбал на меѓународно ниво.
Националниот план за етика во спортот (ПНЕД), државна организација која делува в рамки на португалскиот Институт за спорт и млади, го воведе белиот картон во 2014 година во натпреварувањата во помлади возрасни категории.
Судијата, покрај стандардниот жолт и црвен картон за прекршок или неспортско однесување, на играчите може да им покаже и бел картон за позитивно и спортско однесување во текот на натпреварот.
Белиот картон досега е покажан 3.600 пати во Португалија на натпревари од помладите возрасни категории во фудбал, во професионалниот женски фудбал, футсал, пливање, тенис, кошарка, ракомет, атлетика и во други спортови.
Во моментов вкупно 78 португалски организации и федерации во 20 спортови користат бели картони.
The post Што значи белиот картон коj Португалија бара да го користат фудбалските судии? appeared first on Република.
]]>The post Што значи белиот картон коj Португалија бара да го користат фудбалските судии? appeared first on Република.
]]>