Бектепши Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bektepshi/ За подобро да се разбереме Sat, 05 Aug 2023 21:22:22 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Бектепши Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bektepshi/ 32 32 Новинарката што се скара со Бектеши физички го нападна претседателот на независниот полициски синдикат за време на прес конференција https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/novinarkata-shto-se-skara-so-bekteshi-fizichki-go-napadna-pretsedatelot-na-nezavisniot-politsiski-sindikat-za-vreme-na-pres-konferentsija/ Sat, 05 Aug 2023 15:49:13 +0000 https://republika.mk/?p=669004

За време на пресот што го одржа независниот синдикат на геријатрија пред министерството за информатичко општество и администрација се случи физички напад врз претседателот на независниот синдикат на полицијата Гоце Делчев од страна на Александра Дуковска која се представува како новинар, објави Телевизија 24. 

https://youtu.be/JYZwp9MKnQ4

Со зборовите кој си ти зошто ме следиш јас сум новинар кој си ти започа вербалната расправија по што прерасна во физички напад.

По инцидентот претседателот на независниот синдикат на полицијата постира на социјалните мрежи статус во кој вели:

Додека во цел свет НОВИНАРИТЕ се тие што се напаѓани, во Макдеонија Агресивна новинарка го нападна претседателот на независниот синдикат на полицијата. Го губи ли некој трпението и со физички напад се обидува да го заплашат независното синдикално постоење – пишува во статусот на фејсбук.

Самостојниот синдикат на новинари и здружението на новинари на Македонија порачаа дека треба да има нулта толеранција за секаков вид на насилство.

По повод денешниот инцидент во рамки на настанот на полициските синдикати ЗНМ заедно со ССНМ остро го осудуваат секој вид на насилство од која страна и да доаѓа. Повикуваме на смиреност на страстите, јавноста ја замолуваме да се воздржи од коментари и реакции и бараме проблемот да се реши институционално!

Ова не е прв испад на Дуковска пред некој ден влезе во вербална расправија и со министерот за економија Крешник Бектеши во владиниот медиа центар.После денешниот инцидент ја прашавме владата дали на Дуковска ќе и биде одземена акредитацијата за влез во Влада но не добивме одговор.

Од МВР пак велат дека инцидентот е регистриран кај нив, но не кажуваат дали и за што ќе се терети Дуковска во случајов. Инаку Дуковска беше меѓу приведените во собранието на 27 април кога толпа луѓе од протестите влегоа во законодавниот дом.

 

The post Новинарката што се скара со Бектеши физички го нападна претседателот на независниот полициски синдикат за време на прес конференција appeared first on Република.

]]>

За време на пресот што го одржа независниот синдикат на геријатрија пред министерството за информатичко општество и администрација се случи физички напад врз претседателот на независниот синдикат на полицијата Гоце Делчев од страна на Александра Дуковска која се представува како новинар, објави Телевизија 24.  https://youtu.be/JYZwp9MKnQ4 Со зборовите кој си ти зошто ме следиш јас сум новинар кој си ти започа вербалната расправија по што прерасна во физички напад. По инцидентот претседателот на независниот синдикат на полицијата постира на социјалните мрежи статус во кој вели: Додека во цел свет НОВИНАРИТЕ се тие што се напаѓани, во Макдеонија Агресивна новинарка го нападна претседателот на независниот синдикат на полицијата. Го губи ли некој трпението и со физички напад се обидува да го заплашат независното синдикално постоење – пишува во статусот на фејсбук. Самостојниот синдикат на новинари и здружението на новинари на Македонија порачаа дека треба да има нулта толеранција за секаков вид на насилство. По повод денешниот инцидент во рамки на настанот на полициските синдикати ЗНМ заедно со ССНМ остро го осудуваат секој вид на насилство од која страна и да доаѓа. Повикуваме на смиреност на страстите, јавноста ја замолуваме да се воздржи од коментари и реакции и бараме проблемот да се реши институционално! Ова не е прв испад на Дуковска пред некој ден влезе во вербална расправија и со министерот за економија Крешник Бектеши во владиниот медиа центар.После денешниот инцидент ја прашавме владата дали на Дуковска ќе и биде одземена акредитацијата за влез во Влада но не добивме одговор. Од МВР пак велат дека инцидентот е регистриран кај нив, но не кажуваат дали и за што ќе се терети Дуковска во случајов. Инаку Дуковска беше меѓу приведените во собранието на 27 април кога толпа луѓе од протестите влегоа во законодавниот дом.  

The post Новинарката што се скара со Бектеши физички го нападна претседателот на независниот полициски синдикат за време на прес конференција appeared first on Република.

]]>