беким сали Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bekim-sali/ За подобро да се разбереме Fri, 16 Feb 2024 12:37:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png беким сали Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bekim-sali/ 32 32 Иако уште не е официјално, Сали му ја честиташе кандидатурата на Ахмети за претседател https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/iako-ushte-ne-e-ofitsijalno-sali-mu-ja-chestitashe-kandidaturata-na-ahmeti-za-pretsedatel/ Fri, 16 Feb 2024 12:37:06 +0000 https://republika.mk/?p=744878

Беким Сали, поранешниот министер за здравство од Алтернатива вчера на социјалните мрежи му ја честиташе кандидатурата на Али Ахмети за претседател на државата. Од партијата на Ахмети, ДУИ, се уште нема официјална потврда дека тој ќе биде нивни претседателски кандидат.

Честитки за кандидатурата на Али Ахмети. Да се ​​надеваме дека сојузниците од Отворен Балкан, особено Вучиќ, нема да се вмешаат во изборниот процес како досега“, напиша тој на Фејсбук.

Петходно, Артан Груби на својот профил на Фејсбук објави „Само Али Ахмети“.

The post Иако уште не е официјално, Сали му ја честиташе кандидатурата на Ахмети за претседател appeared first on Република.

]]>

Беким Сали за случувањата на Клиниката за онкологија дознал од медиумите https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/bekim-sali-za-sluchuvanata-na-klinikata-za-onkologija-doznal-od-mediumite/ Tue, 10 Oct 2023 14:24:40 +0000 https://republika.mk/?p=689952

Поранешниот министер за здравство, Беким Сали вели дека не бил контактиран ниту од Обвинителството ниту од Министерството за внатрешни работи околу случувањата во Клиниката за онкологија и оти за случајот дознал преку медиумите. Тој ова го кажа за време на седница на Анкетната комисија за случувањата во Клиниката за онкологија во одговор на прашање поставено од пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки.

Сали исто така истакна дека не бил информиран дека Клиниката за онкологија располага со Като системот за автоматизирана подготовка на цитостатици, со што се оневозможува манипулации со цитостатиците.

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Зоран Коцевски рече дека ги загубил двајцата родители од карцином, дека имало неред на Клиниката за онкологија, долги чекања на пациентите до вечерните часови. Наведе дека е зачуден од неинформираноста на Сали околу постоењето на Като системот во клиниката, за коешто министерот рече дека за одговорни ги смета менаџерите на клиниката.

Примете сочувство за смртта на вашите родители, сите ние имаме барем еден близок со мака кој се обратил на Онкологија. Но, не сум можел да знам се што се случува во сите болници. Министерството за здравство управува со 116 институции и не сум знаел за постоење на ваков систем на клиниката и тоа го сметам како одговорност на менаџерите на клиниката. Зошто тој систем е отстранет од употреба не сум имал дојава ниту информација од Онкологија, нагласи поранешниот министер за здравство.

Коцевски, пак, забалежа дека „со ова се потврдува дека некој го криел Като системот, дека некој криел нешто од министерот, затоа што со Като системот се решава еден горлив проблем на Клиниката за онкологија“.

Сали во обраќањето поврзано со случувањата во Клиниката за онкологија за време на неговото раководење со МЗ, како една од мерките за работењето на клиниката истакна дека побарал оставка од поранешниот директор на Онкологија, Нино Васев, поради, како што рече, неефективното менаџирање откако не изготвил извештај за работата на клиниката кој бил побаран од него, назначувањето на новата директорка Виолета Клисарова како в.д. директор на клиниката со којашто имал можност да соработува само кратко време поради неговата оставка од министерската позиција краток период потоа.

Прашања до поранешниот министер за здравство поставија и пратениците Мартин Костовски, Гордана Силјановска Давкова, Арбен Зибери, Јованка Василевска, Тони Јаревски, Александар Вељаноски, Даниела Марковска и други пратеници, кои се однесуваат на преземените мерки на МЗ додека Сали бил министер за здравство, а во однос на набавката на лековите, начинот на давање на терапиите, нивното обезбедување, надзорот на министерството во врска со случувањата во Клиниката за онкологија, комуникацијата на Министерството со Владата и кои биле преземените акции за време на неговото раководење со министерството.

По завршување на сослушувањето на поранешниот министер за здравство, Беким Сали, објавена е пауза на седницата на Анкетната комисија која ќе продолжи во 17 часот во собраниската сала Борис Трајковски каде што е најавено сослушување на актуелниот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

The post Беким Сали за случувањата на Клиниката за онкологија дознал од медиумите appeared first on Република.

]]>

Поранешниот министер за здравство, Беким Сали вели дека не бил контактиран ниту од Обвинителството ниту од Министерството за внатрешни работи околу случувањата во Клиниката за онкологија и оти за случајот дознал преку медиумите. Тој ова го кажа за време на седница на Анкетната комисија за случувањата во Клиниката за онкологија во одговор на прашање поставено од пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки. Сали исто така истакна дека не бил информиран дека Клиниката за онкологија располага со Като системот за автоматизирана подготовка на цитостатици, со што се оневозможува манипулации со цитостатиците. Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Зоран Коцевски рече дека ги загубил двајцата родители од карцином, дека имало неред на Клиниката за онкологија, долги чекања на пациентите до вечерните часови. Наведе дека е зачуден од неинформираноста на Сали околу постоењето на Като системот во клиниката, за коешто министерот рече дека за одговорни ги смета менаџерите на клиниката.
Примете сочувство за смртта на вашите родители, сите ние имаме барем еден близок со мака кој се обратил на Онкологија. Но, не сум можел да знам се што се случува во сите болници. Министерството за здравство управува со 116 институции и не сум знаел за постоење на ваков систем на клиниката и тоа го сметам како одговорност на менаџерите на клиниката. Зошто тој систем е отстранет од употреба не сум имал дојава ниту информација од Онкологија, нагласи поранешниот министер за здравство.
Коцевски, пак, забалежа дека „со ова се потврдува дека некој го криел Като системот, дека некој криел нешто од министерот, затоа што со Като системот се решава еден горлив проблем на Клиниката за онкологија“. Сали во обраќањето поврзано со случувањата во Клиниката за онкологија за време на неговото раководење со МЗ, како една од мерките за работењето на клиниката истакна дека побарал оставка од поранешниот директор на Онкологија, Нино Васев, поради, како што рече, неефективното менаџирање откако не изготвил извештај за работата на клиниката кој бил побаран од него, назначувањето на новата директорка Виолета Клисарова како в.д. директор на клиниката со којашто имал можност да соработува само кратко време поради неговата оставка од министерската позиција краток период потоа. Прашања до поранешниот министер за здравство поставија и пратениците Мартин Костовски, Гордана Силјановска Давкова, Арбен Зибери, Јованка Василевска, Тони Јаревски, Александар Вељаноски, Даниела Марковска и други пратеници, кои се однесуваат на преземените мерки на МЗ додека Сали бил министер за здравство, а во однос на набавката на лековите, начинот на давање на терапиите, нивното обезбедување, надзорот на министерството во врска со случувањата во Клиниката за онкологија, комуникацијата на Министерството со Владата и кои биле преземените акции за време на неговото раководење со министерството. По завршување на сослушувањето на поранешниот министер за здравство, Беким Сали, објавена е пауза на седницата на Анкетната комисија која ќе продолжи во 17 часот во собраниската сала Борис Трајковски каде што е најавено сослушување на актуелниот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

The post Беким Сали за случувањата на Клиниката за онкологија дознал од медиумите appeared first on Република.

]]>
Побарав оставка од директорот Нино Васев, рече Беким Сали пред Анкетната комисија за случајот Онкологија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pobarav-ostavka-od-direktorot-nino-vasev-reche-bekim-sali-pred-anketnata-komisija-za-sluchajot-onkologija/ Tue, 10 Oct 2023 13:00:20 +0000 https://republika.mk/?p=689932

Заврши сослушувањето на поранешниот министер за здравство Беким Сали, на денешната седница на Анкетната комисиј за случајот со Клиниката за онкологија.

Сали во своето обраќање поврзано со случувањата во Клиниката за онкологија за време на неговото раководење со МЗ, како една од мерките за работењето на клиниката истакна дека побарал оставка од поранешниот директор на Онкологија, Нино Васев, поради, како што рече, неефективното менаџирање откако не изготвил извештај за работата на клиниката кој бил побаран од него, и назначувањето на новата директорка Вилоета Клисарова како в.д. директор на клиниката со којашто имал можност да соработува само кратко време поради неговата оставка од министерската позиција краток период потоа.

Прашања до поранешниот министер за здравство поставија пратениците Мартин Костовски, Гордана Силјановска Давкова, Арбен Зибери, Јованка Василевска, Тони Јаревски, Драган Ковачки, Зоран Коцевски, Александар Вељаноски, Даниела Марковска и други пратеници, кои се однесуваат на преземените мерки на МЗ за време додека Сали бил министер за здравство, набавката на лековите, начинот на терапиите, обезбедувањето на истото, надзорот на министерството во врска со случувањата во Клиниката за онкологија, комуникацијата на министерството со Владата и кои биле преземените акции за време на неговот раководење со министерството.

The post Побарав оставка од директорот Нино Васев, рече Беким Сали пред Анкетната комисија за случајот Онкологија appeared first on Република.

]]>

Заврши сослушувањето на поранешниот министер за здравство Беким Сали, на денешната седница на Анкетната комисиј за случајот со Клиниката за онкологија. Сали во своето обраќање поврзано со случувањата во Клиниката за онкологија за време на неговото раководење со МЗ, како една од мерките за работењето на клиниката истакна дека побарал оставка од поранешниот директор на Онкологија, Нино Васев, поради, како што рече, неефективното менаџирање откако не изготвил извештај за работата на клиниката кој бил побаран од него, и назначувањето на новата директорка Вилоета Клисарова како в.д. директор на клиниката со којашто имал можност да соработува само кратко време поради неговата оставка од министерската позиција краток период потоа. Прашања до поранешниот министер за здравство поставија пратениците Мартин Костовски, Гордана Силјановска Давкова, Арбен Зибери, Јованка Василевска, Тони Јаревски, Драган Ковачки, Зоран Коцевски, Александар Вељаноски, Даниела Марковска и други пратеници, кои се однесуваат на преземените мерки на МЗ за време додека Сали бил министер за здравство, набавката на лековите, начинот на терапиите, обезбедувањето на истото, надзорот на министерството во врска со случувањата во Клиниката за онкологија, комуникацијата на министерството со Владата и кои биле преземените акции за време на неговот раководење со министерството.  

The post Побарав оставка од директорот Нино Васев, рече Беким Сали пред Анкетната комисија за случајот Онкологија appeared first on Република.

]]>
Kаде е Филипче? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kade-e-filipche/ Mon, 04 Sep 2023 09:42:41 +0000 https://republika.mk/?p=678579

Два дена од избивањето на скандалот со Клиниката за онкологија молк од еден од најповиканите а тоа е поранешниот министер за здравство Венко Филипче. „Супер Венко“ не се симнуваше од медиумите кога беше короната.

Секој ден излегуваше на прес конференции, даваше препораки па кај дел од граѓаните дури се создаде симпатија за неговата работа.Се креираа дури и стикери „Седи дома, слушај го Венко“.

На Фејсбук дури имаше и повици секој ден во точно определено време да се излегува на тераса и да се аплаудира за работата на Филипче.

Истите „аплаудирачи“ сега се тивки и ги нема да повикаат Филипче да излезе со став за случувањата на Онкологија кои сигурно се случувале и во негово време.

Тој беше министер за здравство од 25 декември 2017 до 16 јануари 2022 кога го наследи Беким сали.Токму неговиот наследник побарал ревизија откако забежал зголемување на долгот за лековите  во 2021 година кога министер беше токму Филипче.

The post Kаде е Филипче? appeared first on Република.

]]>

Два дена од избивањето на скандалот со Клиниката за онкологија молк од еден од најповиканите а тоа е поранешниот министер за здравство Венко Филипче. „Супер Венко“ не се симнуваше од медиумите кога беше короната. Секој ден излегуваше на прес конференции, даваше препораки па кај дел од граѓаните дури се создаде симпатија за неговата работа.Се креираа дури и стикери „Седи дома, слушај го Венко“. На Фејсбук дури имаше и повици секој ден во точно определено време да се излегува на тераса и да се аплаудира за работата на Филипче. Истите „аплаудирачи“ сега се тивки и ги нема да повикаат Филипче да излезе со став за случувањата на Онкологија кои сигурно се случувале и во негово време. Тој беше министер за здравство од 25 декември 2017 до 16 јануари 2022 кога го наследи Беким сали.Токму неговиот наследник побарал ревизија откако забежал зголемување на долгот за лековите  во 2021 година кога министер беше токму Филипче.

The post Kаде е Филипче? appeared first on Република.

]]>
Сали: Побарав ревизија откако забележавме зголемување на долгот за лековите, не добив одговор ни на кои пациенти им се препишува https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sali-pobarav-revizija-otkako-zabelezhavme-zgolemuvane-na-dolgot-za-lekovite-ne-dobiv-odgovor-ni-na-koi-patsienti-im-se-prepishuva/ Sun, 03 Sep 2023 20:03:07 +0000 https://republika.mk/?p=678474

Поранешниот министерот за здравство Беким Сали вели дека за време на неговиот мандат (17 јануари 2022 - 28 февруари 2023) било забележано зголемување на долгот кон добавувачите на лекови на Клиниката за онкологија, па откако не добил одговор како и на кои пациенти им се препишува биолошката терапија, побарал ревизија на финансиското работење на клиниката.

https://republika.mk/vesti/makedonija/site-nepravilnosti-shto-revizija-ushte-vo-april-gi-objavi-za-onkologija-napraveni-samo-vo-2021-godina/

Имавме забелешката во делот на менаџирањето со биолошката терапија од периодот кога беше внесена како иновативна терапија за онколошките пациенти. Клиниката почна да го зголемува долгот кон добавувачите на лекот и во неколку наврати побаравме да се изнајде решение и за тоа како и на кои пациенти им се препишува тој вид на терапија. Знаејќи дека овој вид на терапија се дава во 5 клиники, најголемите финансиски проблеми ги имавме на Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија. Бидејќи не добивме никакво решение од медицинскиот директор, побаравме да се изврши ревизија на работењето во делот на финансиското работење од страна на Фондот и за истиот период беше побарано  оставка од медицинскиот директор, вели Сали за Телевизија 24.

The post Сали: Побарав ревизија откако забележавме зголемување на долгот за лековите, не добив одговор ни на кои пациенти им се препишува appeared first on Република.

]]>

Поранешниот министерот за здравство Беким Сали вели дека за време на неговиот мандат (17 јануари 2022 - 28 февруари 2023) било забележано зголемување на долгот кон добавувачите на лекови на Клиниката за онкологија, па откако не добил одговор како и на кои пациенти им се препишува биолошката терапија, побарал ревизија на финансиското работење на клиниката. https://republika.mk/vesti/makedonija/site-nepravilnosti-shto-revizija-ushte-vo-april-gi-objavi-za-onkologija-napraveni-samo-vo-2021-godina/
Имавме забелешката во делот на менаџирањето со биолошката терапија од периодот кога беше внесена како иновативна терапија за онколошките пациенти. Клиниката почна да го зголемува долгот кон добавувачите на лекот и во неколку наврати побаравме да се изнајде решение и за тоа како и на кои пациенти им се препишува тој вид на терапија. Знаејќи дека овој вид на терапија се дава во 5 клиники, најголемите финансиски проблеми ги имавме на Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија. Бидејќи не добивме никакво решение од медицинскиот директор, побаравме да се изврши ревизија на работењето во делот на финансиското работење од страна на Фондот и за истиот период беше побарано  оставка од медицинскиот директор, вели Сали за Телевизија 24.

The post Сали: Побарав ревизија откако забележавме зголемување на долгот за лековите, не добив одговор ни на кои пациенти им се препишува appeared first on Република.

]]>
Беким Сали: Меџити очајно ја трга одговорноста од себе за модуларните болници https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/bekim-sali-medhiti-ochajno-ja-trga-odgovornosta-od-sebe-za-modularnite-bolnitsi/ Wed, 16 Aug 2023 10:17:57 +0000 https://republika.mk/?p=672655

Потпретседателот на Алтернатива и поранешен министер за здравство, Беким Сали смета дека неодамнешните критики околу трагичниот инцидент на модуларната амбуланта во Тетово бараат јасен и одговорен одговор од актуелниот министер за здравство Фатмир Меџити.

Тој наместо да се занимава со суштинското прашање зошто ивршиле исплата на компанијата „Брако“ за несреќната модуларна амбуланта во Тетово, го насочува вниманието кон периферните работи, со очаен обид да ја тргне одговорноста од себе. Факт е дека јас како поранешен министер за здравство прифатив прием и предавање на модуларните амбуланти во Ѓорче Петров, Бутел и Лисиче, но овие амбуланти беа подложени на ригорозни процеси за проверка на квалитетот под мој надзор за да ги заштитам. Но, главна информација за него и за јавноста е дека се воздржав од било какви плаќања кон фирмата „Брако“ поради тековните истражни постапки од страна на обвинителството и утврдувањето на неправилности од внатрешната ревизија“, вели Сали и додава:

Ревизијата беше готова неколку недели пред моето разрешување, а судскиот епилог веќе во времето на министерување на Фатмир Меџити. Како и тој сам тврди, последниот прием и предавање на крајниот корисник, Здравствен Дом Скопје, на гореспоменатиот објект сум го овозможил ден пред моето разрешување. Да не бев сигурен во одлуката, имав можност да ја избегнам“, истакнува Сали.

Според Сали загриженоста на јавноста, е во тоа што Меџити одлучуѕва да продолжи со исплата кон наведената компанија и покрај горенаведените црвени знамиња.

Дали би можел Меџити да одговори јавно, имајќи пред себе извештај од ревизија која укажува на неправилности и судски процес кој што е во тек, како успеал да се мотивира за да побара исплата за таа фирма без да се расчистат овие околности?! Не само што е од суштинско значење да се разбере зошто се извршени овие плаќања за модуларните амбуланти во Тетово, туку и дали тој и неговата партија извлекле несоодветна корист од таквите трансакции?! Транспарентноста и отчетноста во ова прашање се императив за да се обезбеди довербата на јавноста во активностите на владата“, прашува Сали.

Вели дека Меџити вчера зборуваше за долг кој што треба да го плаќаат граѓаните.

Според неговите тврдења, како резултат на нереализирана исплатата граѓаните се должни кон „Брако“. Истиот тој Меџити, кој завчера како реакција од истражувањето на ИРЛ, се бранеше дека не исплатил ниту еден денар а веќе е во 9-от месец од својот мандат. Понатаму, бидејќи министерот води евиденција за мојата работа, сакам да му укажам дека мојата посветеност за подобрување на здравствениот сектор останува евидентна преку опипливи достигнувања. Клиничката болница во Тетово и Универзитетот во Тетово можат да потврдат за чекорите што ги направивме за време на мојот мандат. Инициравме и реализиравме проекти од опремување на сите болници, исправка на позитивната листа на лекови по повеќе од една деценија запоставување. Овие проекти сами по себе доволно зборуваат за нашата посветеност за унапредување на здравствениот систем и за подобрување на здравјето на граѓаните. После ова се наметнува прашањето дали Фатмир Меџити во своето портфолио има барем 2 проекти кои се негови, ама лично негови, или сеуште за неговата неспособност му е крив „поранешниот министер“?! Министре, оставете ги веледрогериете и системот Соравиа и позанимавајте се малку со работа! Верувам, во тој случај дека би можеле нешто да постигнете. Но, најважно од се, министре, е да се осврнете на централното прашање, наместо да го заобиколите прашањето – трагичната загуба на животи и распределбата на јавните средства не бараат ништо помалку од сеопфатен и директен одговор“, стои во фејсбук објавата на Сали.

https://republika.mk/vesti/makedonija/ministerstvo-za-zdravstvo-zashto-bekim-sali-ima-strav-od-vistinata/

The post Беким Сали: Меџити очајно ја трга одговорноста од себе за модуларните болници appeared first on Република.

]]>

Потпретседателот на Алтернатива и поранешен министер за здравство, Беким Сали смета дека неодамнешните критики околу трагичниот инцидент на модуларната амбуланта во Тетово бараат јасен и одговорен одговор од актуелниот министер за здравство Фатмир Меџити.
Тој наместо да се занимава со суштинското прашање зошто ивршиле исплата на компанијата „Брако“ за несреќната модуларна амбуланта во Тетово, го насочува вниманието кон периферните работи, со очаен обид да ја тргне одговорноста од себе. Факт е дека јас како поранешен министер за здравство прифатив прием и предавање на модуларните амбуланти во Ѓорче Петров, Бутел и Лисиче, но овие амбуланти беа подложени на ригорозни процеси за проверка на квалитетот под мој надзор за да ги заштитам. Но, главна информација за него и за јавноста е дека се воздржав од било какви плаќања кон фирмата „Брако“ поради тековните истражни постапки од страна на обвинителството и утврдувањето на неправилности од внатрешната ревизија“, вели Сали и додава:
Ревизијата беше готова неколку недели пред моето разрешување, а судскиот епилог веќе во времето на министерување на Фатмир Меџити. Како и тој сам тврди, последниот прием и предавање на крајниот корисник, Здравствен Дом Скопје, на гореспоменатиот објект сум го овозможил ден пред моето разрешување. Да не бев сигурен во одлуката, имав можност да ја избегнам“, истакнува Сали. Според Сали загриженоста на јавноста, е во тоа што Меџити одлучуѕва да продолжи со исплата кон наведената компанија и покрај горенаведените црвени знамиња.
Дали би можел Меџити да одговори јавно, имајќи пред себе извештај од ревизија која укажува на неправилности и судски процес кој што е во тек, како успеал да се мотивира за да побара исплата за таа фирма без да се расчистат овие околности?! Не само што е од суштинско значење да се разбере зошто се извршени овие плаќања за модуларните амбуланти во Тетово, туку и дали тој и неговата партија извлекле несоодветна корист од таквите трансакции?! Транспарентноста и отчетноста во ова прашање се императив за да се обезбеди довербата на јавноста во активностите на владата“, прашува Сали.
Вели дека Меџити вчера зборуваше за долг кој што треба да го плаќаат граѓаните.
Според неговите тврдења, како резултат на нереализирана исплатата граѓаните се должни кон „Брако“. Истиот тој Меџити, кој завчера како реакција од истражувањето на ИРЛ, се бранеше дека не исплатил ниту еден денар а веќе е во 9-от месец од својот мандат. Понатаму, бидејќи министерот води евиденција за мојата работа, сакам да му укажам дека мојата посветеност за подобрување на здравствениот сектор останува евидентна преку опипливи достигнувања. Клиничката болница во Тетово и Универзитетот во Тетово можат да потврдат за чекорите што ги направивме за време на мојот мандат. Инициравме и реализиравме проекти од опремување на сите болници, исправка на позитивната листа на лекови по повеќе од една деценија запоставување. Овие проекти сами по себе доволно зборуваат за нашата посветеност за унапредување на здравствениот систем и за подобрување на здравјето на граѓаните. После ова се наметнува прашањето дали Фатмир Меџити во своето портфолио има барем 2 проекти кои се негови, ама лично негови, или сеуште за неговата неспособност му е крив „поранешниот министер“?! Министре, оставете ги веледрогериете и системот Соравиа и позанимавајте се малку со работа! Верувам, во тој случај дека би можеле нешто да постигнете. Но, најважно од се, министре, е да се осврнете на централното прашање, наместо да го заобиколите прашањето – трагичната загуба на животи и распределбата на јавните средства не бараат ништо помалку од сеопфатен и директен одговор“, стои во фејсбук објавата на Сали.
https://republika.mk/vesti/makedonija/ministerstvo-za-zdravstvo-zashto-bekim-sali-ima-strav-od-vistinata/

The post Беким Сали: Меџити очајно ја трга одговорноста од себе за модуларните болници appeared first on Република.

]]>
Министерство за здравство: Зашто Беким Сали има страв од вистината? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ministerstvo-za-zdravstvo-zashto-bekim-sali-ima-strav-od-vistinata/ Wed, 16 Aug 2023 10:06:29 +0000 https://republika.mk/?p=672649

Зошто Беким Сали на прес конференција ја лажеше целата јавност? Дали на тој начин сака да прикрие дека тој всушност 8 месеци не постапувал по случајот и се обидува да ја префрли вината на друг?, реагираат преку соопштение од Министеството за здравство.

Дали Беким Сали знае кој бил министер кога се случил пожарот и кој ги водел постапките за набавка на амбулантите или зошто се плаши да им ги спомене имињата на оние кои тогаш биле на функција? Зошто и каков интерес има да ја извртува вистината и да ги штити претходниците?

Беким Сали се плаши да каже која е компанијата која ги има изградено модуларните амбуланти?

Имено, според документите во Министерството за Здравство, целосна лага е она што го изнесе Сали на прес конференцијата во која тврди дека го раскинал договорот со изведувачот. Напротив, Сали не само што не го раскинал договорот, туку ги примил амбулантите со што практично одобрил нивна исплата.

Досега од анализата на внатрешните документи, се гледа дека Сали НИКОГАШ НЕ ГО РАСКИНАЛ ДОГОВОРОТ, ги примил и одобрил амбулантите со што автоматски одобрил и исплата, а потоа решил да не плаќа со што генерирал долг и камата од 200.000 евра за граѓаните. Тој лично е одговорен за ова и за ова треба да сноси одговорност. Министерството ги анализира правните можности да покрене постапка против Сали за овој случај.

Министерството за здравство и министерот Меџити остануваат транспарентни по овој случај и во целосна коориднација и на располагање на институциите. Наш интерес е да се расчисти овој случај и процесира секој кој на било кој начин е одговорен за пожарот во тетовската модуларна болница. Сите документи кои досега беа доставени на барање на институциите, уште еднаш ги доставуваме до нив, односно до Обвинителството за организиран криминал и МВР и секако oстануваме отворени за соработка со нив. Потсетуваме дека ниту еден денар не е исплатен за модуларните болници досега и постапката за решавање на овој предмет е во Владата, како мислењата од правобранителство, внатрешната ревизија и сите пропратни документи, се вели во соопштението на МЗ.

The post Министерство за здравство: Зашто Беким Сали има страв од вистината? appeared first on Република.

]]>

Зошто Беким Сали на прес конференција ја лажеше целата јавност? Дали на тој начин сака да прикрие дека тој всушност 8 месеци не постапувал по случајот и се обидува да ја префрли вината на друг?, реагираат преку соопштение од Министеството за здравство.
Дали Беким Сали знае кој бил министер кога се случил пожарот и кој ги водел постапките за набавка на амбулантите или зошто се плаши да им ги спомене имињата на оние кои тогаш биле на функција? Зошто и каков интерес има да ја извртува вистината и да ги штити претходниците? Беким Сали се плаши да каже која е компанијата која ги има изградено модуларните амбуланти? Имено, според документите во Министерството за Здравство, целосна лага е она што го изнесе Сали на прес конференцијата во која тврди дека го раскинал договорот со изведувачот. Напротив, Сали не само што не го раскинал договорот, туку ги примил амбулантите со што практично одобрил нивна исплата.
Досега од анализата на внатрешните документи, се гледа дека Сали НИКОГАШ НЕ ГО РАСКИНАЛ ДОГОВОРОТ, ги примил и одобрил амбулантите со што автоматски одобрил и исплата, а потоа решил да не плаќа со што генерирал долг и камата од 200.000 евра за граѓаните. Тој лично е одговорен за ова и за ова треба да сноси одговорност. Министерството ги анализира правните можности да покрене постапка против Сали за овој случај.
Министерството за здравство и министерот Меџити остануваат транспарентни по овој случај и во целосна коориднација и на располагање на институциите. Наш интерес е да се расчисти овој случај и процесира секој кој на било кој начин е одговорен за пожарот во тетовската модуларна болница. Сите документи кои досега беа доставени на барање на институциите, уште еднаш ги доставуваме до нив, односно до Обвинителството за организиран криминал и МВР и секако oстануваме отворени за соработка со нив. Потсетуваме дека ниту еден денар не е исплатен за модуларните болници досега и постапката за решавање на овој предмет е во Владата, како мислењата од правобранителство, внатрешната ревизија и сите пропратни документи, се вели во соопштението на МЗ.
 
The post Министерство за здравство: Зашто Беким Сали има страв од вистината? appeared first on Република.

]]>
Сали: Владата го награди еден од посочените виновници за трагедијата во Тетово https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sali-vladata-go-nagradi-eden-od-posochenite-vinovnitsi-za-tragedijata-vo-tetovo/ Tue, 15 Aug 2023 11:25:53 +0000 https://republika.mk/?p=672309

Не може да не се постави прашањето - чија вистинска иницијатива била амнестијата на БРАКО и продолжувањето на исплатата, не почитувајќи ја препораката од ревизијата? Дали ова било барање на Ковачевски, добра можност за Фатмир Меџити или наредба на Артан Груби?, истакна на денешната прес-конференција поранешниот министер за здравство, Беким Сали, во однос на одговорноста за пожарот во модуларната болница во Тетово.

https://republika.mk/vesti/makedonija/585-dokumenti-napishani-na-5-455-stranitsi-gi-pokazhuvaat-sabotiranite-istragi-i-prikrivanata-na-propustite/

Тој претходно ја потврди процедурата спомената во емисијата „Убиство во Тетово“ објавена од страна на Институтот за репортерска лабораторија (ИРЛ) каде што се објаснува за прекинот на исплата и раскинување на договорот со „Брако“ по направената ревизија од страна на Министерството. Но, како што кажа Сали, и покрај препораките на внатрешната ревизија, неговиот наследник, преку Владата, иницирал исплата на долгот кон оваа компанија.

Која е обврската што оваа власт ја има кон Кочо Анѓушев и зошто власта дозволува да гази над лешовите од пожарот на 8 септември 2021 година само за да има корист уште неколку милиони евра? А што друго треба да се случи за Ковачевски и Фатмир Меџити да поднесат оставки и да се извинат за сите овие штети што им ги нанесуваат на граѓаните, посочи Сали.

Тој постави и прашање за одговорноста на главниот обвинител Љубомир Јовевски, кој, како што потенцираше Сали, наместо да му се обрати на виновникот и да бара виновници меѓу оние што ги изградија тие модуларни болници, поднел тужба за споредна одговорност, игнорирајќи ја основната одговорност на фирмата изведувач, на нарачателите и поддржувачите на оваа компанија.

Уште колку жртви треба да се случат, колку луѓе треба да изгорат во пламен за обвинителството да почне да се занимава со виновниците? Во земја каде пациентите горат во болница, каде што функционерите бројат милиони, каде што обвинителите се потсмеваат на жртвите и каде што виновниците се наградуваат со милиони повеќе, дошло време да се каже дека оваа земја е целосно банкротирана и треба да се рестартира, подвлече поранешниот министер за здравство, Сали.

На новинарско прашање дали останатите болници се од истиот материјал според извршената ревизија, тој потврдно одговори дека се работи за ист материјал и дека за останатите модуларни болници со финансиерите на проектот имале договор за обезбедување на противпожарен систем на сите модуларни болници и начелно тие не би биле користени како модуларни болници или за подолг престој на пациенти, туку би биле користени како вакцинални пунктови или пак како лаборатории каде што престојот на пациентите не би бил подолг од еден ден.

Во однос на прашањето околу проблемот со инсулинот, Сали појасни дека сите процедури коишто биле вклучени во делот на јавната набавка за инсулин и сите пропратни процедури биле навремено објавени.

Знаете за првпат оваа година обезбедивме сензори за деца, односно за пациент од типот еден, и тие наскоро ќе добијат сензори, меѓутоа ние веќе не бевме во Министерство за да можеме да склучуваме договори или пак нашата екипа која што беше во јавните набавки не беше со мандат за да ја заврши целосната процедура. Јас не знам зошто доцни инсулинот. Тука е новиот министер да каже зошто доцни. Меѓутоа одговорно тврдам дека ние сите процедури коишто беа вклучени во делот на јавната набавка за инсулин и сите пропратни процедури беа навремено објавени и со препораки на Комисијата која што требаше да даде спецификации за набавка на инсулин и останатиот дел, додаде тој.

The post Сали: Владата го награди еден од посочените виновници за трагедијата во Тетово appeared first on Република.

]]>

Не може да не се постави прашањето - чија вистинска иницијатива била амнестијата на БРАКО и продолжувањето на исплатата, не почитувајќи ја препораката од ревизијата? Дали ова било барање на Ковачевски, добра можност за Фатмир Меџити или наредба на Артан Груби?, истакна на денешната прес-конференција поранешниот министер за здравство, Беким Сали, во однос на одговорноста за пожарот во модуларната болница во Тетово. https://republika.mk/vesti/makedonija/585-dokumenti-napishani-na-5-455-stranitsi-gi-pokazhuvaat-sabotiranite-istragi-i-prikrivanata-na-propustite/   Тој претходно ја потврди процедурата спомената во емисијата „Убиство во Тетово“ објавена од страна на Институтот за репортерска лабораторија (ИРЛ) каде што се објаснува за прекинот на исплата и раскинување на договорот со „Брако“ по направената ревизија од страна на Министерството. Но, како што кажа Сали, и покрај препораките на внатрешната ревизија, неговиот наследник, преку Владата, иницирал исплата на долгот кон оваа компанија.
Која е обврската што оваа власт ја има кон Кочо Анѓушев и зошто власта дозволува да гази над лешовите од пожарот на 8 септември 2021 година само за да има корист уште неколку милиони евра? А што друго треба да се случи за Ковачевски и Фатмир Меџити да поднесат оставки и да се извинат за сите овие штети што им ги нанесуваат на граѓаните, посочи Сали.
Тој постави и прашање за одговорноста на главниот обвинител Љубомир Јовевски, кој, како што потенцираше Сали, наместо да му се обрати на виновникот и да бара виновници меѓу оние што ги изградија тие модуларни болници, поднел тужба за споредна одговорност, игнорирајќи ја основната одговорност на фирмата изведувач, на нарачателите и поддржувачите на оваа компанија.
Уште колку жртви треба да се случат, колку луѓе треба да изгорат во пламен за обвинителството да почне да се занимава со виновниците? Во земја каде пациентите горат во болница, каде што функционерите бројат милиони, каде што обвинителите се потсмеваат на жртвите и каде што виновниците се наградуваат со милиони повеќе, дошло време да се каже дека оваа земја е целосно банкротирана и треба да се рестартира, подвлече поранешниот министер за здравство, Сали.
На новинарско прашање дали останатите болници се од истиот материјал според извршената ревизија, тој потврдно одговори дека се работи за ист материјал и дека за останатите модуларни болници со финансиерите на проектот имале договор за обезбедување на противпожарен систем на сите модуларни болници и начелно тие не би биле користени како модуларни болници или за подолг престој на пациенти, туку би биле користени како вакцинални пунктови или пак како лаборатории каде што престојот на пациентите не би бил подолг од еден ден. Во однос на прашањето околу проблемот со инсулинот, Сали појасни дека сите процедури коишто биле вклучени во делот на јавната набавка за инсулин и сите пропратни процедури биле навремено објавени.
Знаете за првпат оваа година обезбедивме сензори за деца, односно за пациент од типот еден, и тие наскоро ќе добијат сензори, меѓутоа ние веќе не бевме во Министерство за да можеме да склучуваме договори или пак нашата екипа која што беше во јавните набавки не беше со мандат за да ја заврши целосната процедура. Јас не знам зошто доцни инсулинот. Тука е новиот министер да каже зошто доцни. Меѓутоа одговорно тврдам дека ние сите процедури коишто беа вклучени во делот на јавната набавка за инсулин и сите пропратни процедури беа навремено објавени и со препораки на Комисијата која што требаше да даде спецификации за набавка на инсулин и останатиот дел, додаде тој.

The post Сали: Владата го награди еден од посочените виновници за трагедијата во Тетово appeared first on Република.

]]>
Меџити ја презеде министерската функција од Сали https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/medhiti-ja-prezede-ministerskata-funktsija-od-sali/ Tue, 28 Feb 2023 11:29:11 +0000 https://republika.mk/?p=614204

Во просториите на Министерството за здравство денеска, беше извршено примопредавање на должноста министер за здравство. Новиот министер, д-р Фатмир Меџити ја презеде функцијата од д-р Беким Сали.

Чест ми е што сум именуван за нов министер за здравство. Денес имав продуктивна средба со поранешниот министер д-р Сали, решен сум да ја продолжиме важната работа за унапредување и заштита на здравјето и благосостојбата на сите наши граѓани. Мојот фокус како министер за здравство ќе биде нашиот здравствен систем да биде достапен, ефикасен и да ги задоволува потребите на сите граѓани. Ќе работиме на промовирање здрав живот и ќе обезбедиме ресурси и поддршка за превентивна нега, така што секој ќе има можност да води поздрав живот, рече министерот Меџити.

На средбата со неговиот претходник, министерот Меџити посочи дека инвестирањето во здравјето на нашите граѓани е од суштинско значење за градење здраво општество и останува посветен на соработката со здравствените работници, засегнатите страни и лидерите на заедницата за да ги постигнеме нашите заеднички цели.

The post Меџити ја презеде министерската функција од Сали appeared first on Република.

Мицевски: Беким Сали сè уште е министер, опозицијата не кочи плати, туку СДСМ не може да му каже да потпише плати https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitsevski-bekim-sali-se-ushte-e-minister-opozitsijata-ne-kochi-plati-tuku-sdsm-ne-mozhe-da-mu-kazhe-da-potpishe-plati/ Tue, 21 Feb 2023 12:27:13 +0000 https://republika.mk/?p=611481

Пратениците од власта обвинуваат дека ВМРО-ДПМНЕ кочело да се обезбеделе плати во здравството, а што да се каже после ова, а формално правно Беким Сали се уште е министер, ни даде оставка, ни е разрешен, гласањето не е завршено, и има министер формално правно. А тоа што за една година се доведоа во ситуација да не смеете да му кажете на Беким Сали да потпише плата е треба да се запрашаат самите себе. За 10 месеци реформи не се прават, изјави координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски на денешната собраниска седница.

Според него се ова што се прави е за спас на врвот на владата и одредени луѓе и тендерашко бизнис криминални групи, а пратениците од власта поддржуваат се.

Ветуваа дека Беким Сали ќе ја донесе промената во здравството, сега го разрешуваат исто викаа и за Алити во министерство за администрација и информатичко општество. Не им се брза затоа што се кочат процеси или затоа што чекаат граѓаните, туку затоа што им се брза за коалициските математики. Затоа што нивните почнуваат да негодуваат. Тоа е целта на оваа реконструкција, истакна тој.

Мицевски посочи дека од една страна власта вика опозицијата го блокирала Собранието, а потпретседателот на Собрание вели дека работеле перфектно.

Сега работи или не? Кочиме или не? Кога ќе зборувате договорете се кој ќе ја кажува вистината. Викаат не сме го гласале договорот за Фронтекс, а помина на комисија за надворешни работи која ја води ВМРО-ДПМНЕ. Во овие 6 години ниту видовме некој успех ниту напредок ни реформа, само напредок во реформа, криминал и вработување на блиски и тендери, рече Мицевски.

The post Мицевски: Беким Сали сè уште е министер, опозицијата не кочи плати, туку СДСМ не може да му каже да потпише плати appeared first on Република.

]]>

Пратениците од власта обвинуваат дека ВМРО-ДПМНЕ кочело да се обезбеделе плати во здравството, а што да се каже после ова, а формално правно Беким Сали се уште е министер, ни даде оставка, ни е разрешен, гласањето не е завршено, и има министер формално правно. А тоа што за една година се доведоа во ситуација да не смеете да му кажете на Беким Сали да потпише плата е треба да се запрашаат самите себе. За 10 месеци реформи не се прават, изјави координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски на денешната собраниска седница. Според него се ова што се прави е за спас на врвот на владата и одредени луѓе и тендерашко бизнис криминални групи, а пратениците од власта поддржуваат се.
Ветуваа дека Беким Сали ќе ја донесе промената во здравството, сега го разрешуваат исто викаа и за Алити во министерство за администрација и информатичко општество. Не им се брза затоа што се кочат процеси или затоа што чекаат граѓаните, туку затоа што им се брза за коалициските математики. Затоа што нивните почнуваат да негодуваат. Тоа е целта на оваа реконструкција, истакна тој.
Мицевски посочи дека од една страна власта вика опозицијата го блокирала Собранието, а потпретседателот на Собрание вели дека работеле перфектно.
Сега работи или не? Кочиме или не? Кога ќе зборувате договорете се кој ќе ја кажува вистината. Викаат не сме го гласале договорот за Фронтекс, а помина на комисија за надворешни работи која ја води ВМРО-ДПМНЕ. Во овие 6 години ниту видовме некој успех ниту напредок ни реформа, само напредок во реформа, криминал и вработување на блиски и тендери, рече Мицевски.
 
The post Мицевски: Беким Сали сè уште е министер, опозицијата не кочи плати, туку СДСМ не може да му каже да потпише плати appeared first on Република.

]]>
Коцевски до Сали: Додека не си разрешен докажи дека си против криминалот и најди ги документите за извоз на цвет од канабис, кривично дело за кое се лежи во затвор https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kotsevski-do-sali-dodeka-ne-si-razreshen-dokazhi-deka-si-protiv-kriminalot-i-najdi-gi-dokumentite-za-izvoz-na-tsvet-od-kanabis-krivichno-delo-za-koe-se-lezhi-vo-zatvor/ Thu, 16 Feb 2023 13:07:47 +0000 https://republika.mk/?p=609788

Колеги од Алијанса, господинот Сали, пред се како човек, како доктор, како министер, Ахмети и Груби и измеќарот Ковачевски го помножија со нула. Така ве множат и вас сега, ама по втор пат, нив по прв пат. Меѓутоа, некој се учи по првата грешка, а некој никогаш не можеш да го научиш, како вас. А, што доведе да ги множат со нула, наместо сега истите тие да ги бираат како лубеници и да им одат по канцеларии да ги молат. Имаше шанса господинот Сали, имавте и вие шанса првиот пат, оние криминалци измеќари да ги затворите. Но, таа шанса не ја искористивте, а имавте толку многу можности, а господинот Сали имаше можност, само од неговиот ресор, здравство, вели пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Коцевски на денешната собраниска седница за разрешување на министерот за здравство, Беким Сали.

Една од многуте можности, беше на едно мое пратеничко прашање пред неполни два месеци, да бидам прецизен ќе ви го повторам прашањето: Дали од страна на комисијата за контрола на опојните дроги се врши најмалку два пати контрола над одгледувањето на канабисот и увид во документацијата и евиденцијата? Значи побарав извештај за целокупната работа, а се случи да добијам дваесет секунден одговор од заменикот министер и потоа ништо не се случи. А, со тој извештај можеа да ги затворат Ковачевски, Оливер Спасовски и цела Влада - истакна Коцевски.

За да не останам недоречен, додава Коцевски и да му помогнам на господинот Сали, овој ден, два, три додека сеуште не е разрешен, да побара некои документи и да го сруши обвинението, завршена ќе биде прикаската.

Коцевски потсети дека предлог законот за опојни дроги не поминал во Собрание, па запраша по кој член од закон се врши извоз на свет од канабис, што преставува кривично дело за кое со оди во затвор.

Да ве потсетам, предлог законот за контрола на опојни дроги не им помина едно време, на овие што го понудија за извозот на цветот на канабисот, меѓутоа се уште една до две фирми вршат извоз на цветот. По кој член од законот? Кривично дело за кое се оди во затвор. Тоа господинот Сали нека го најде, нека го најде документот и веднаш да го срочи обвинението. Тоа ви го кажувам и на вас, на вашиот иден министер ако помине, и ако сте против корупцијата и криминалот, баш да видиме дека тоа вие ќе го направите - рече Коцевски.

Коцевски исто така праша, што се случува со Медикал 420, дали е одземено решението за одгледување и ако е, како повторно продолжува со работа, дали се знае колку канабис се произведено, колку вишок останува и каде оди тој вишок.

Е, тука може да го прашува Оливер Спасовски, каде оди тој вишок? А, Ковачевски знае. Значи, обезбедете ги вие, како дел од Пазар 3 коалицијата, овие документи и јас ќе ви верувам, посочи Коцевски.

Истакна дека господинот Сали, како министер за здравство, има и многу други можности, наместо да чека изградба на нов клинички центар, ние денес сме сведоци на блокиран трезор на ФЗО, при што вработените во здравство останаа без плата, а за што после ќе треба да се плаќаат казни кон УЈП, всушност како што ќе треба да се плаќаат 20 милиони евра за раскинување на договорот за изградба на Клинички центар.

Вработените во здравство немаат земено плата и прашање е дали ќе земат во законската рамка. После тоа ќе се плаќаат глоби и казни кон УЈП, ама навикнати се на пенали, како што е пеналот за клинички центар, 2о милиончиња, меѓутоа тоа граѓаните го плаќаат, не го плаќа Ковачевски, или Оливер Спасовски, или оваа влада, граѓаните го плаќаат. Неспособноста и алчноста на владата за ДУИ и СДСМ граѓаните ќе плаќаат од свој џеб - потенцираше Зоран Коцевски.

The post Коцевски до Сали: Додека не си разрешен докажи дека си против криминалот и најди ги документите за извоз на цвет од канабис, кривично дело за кое се лежи во затвор appeared first on Република.

]]>

Колеги од Алијанса, господинот Сали, пред се како човек, како доктор, како министер, Ахмети и Груби и измеќарот Ковачевски го помножија со нула. Така ве множат и вас сега, ама по втор пат, нив по прв пат. Меѓутоа, некој се учи по првата грешка, а некој никогаш не можеш да го научиш, како вас. А, што доведе да ги множат со нула, наместо сега истите тие да ги бираат како лубеници и да им одат по канцеларии да ги молат. Имаше шанса господинот Сали, имавте и вие шанса првиот пат, оние криминалци измеќари да ги затворите. Но, таа шанса не ја искористивте, а имавте толку многу можности, а господинот Сали имаше можност, само од неговиот ресор, здравство, вели пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Коцевски на денешната собраниска седница за разрешување на министерот за здравство, Беким Сали.
Една од многуте можности, беше на едно мое пратеничко прашање пред неполни два месеци, да бидам прецизен ќе ви го повторам прашањето: Дали од страна на комисијата за контрола на опојните дроги се врши најмалку два пати контрола над одгледувањето на канабисот и увид во документацијата и евиденцијата? Значи побарав извештај за целокупната работа, а се случи да добијам дваесет секунден одговор од заменикот министер и потоа ништо не се случи. А, со тој извештај можеа да ги затворат Ковачевски, Оливер Спасовски и цела Влада - истакна Коцевски.
За да не останам недоречен, додава Коцевски и да му помогнам на господинот Сали, овој ден, два, три додека сеуште не е разрешен, да побара некои документи и да го сруши обвинението, завршена ќе биде прикаската. Коцевски потсети дека предлог законот за опојни дроги не поминал во Собрание, па запраша по кој член од закон се врши извоз на свет од канабис, што преставува кривично дело за кое со оди во затвор.
Да ве потсетам, предлог законот за контрола на опојни дроги не им помина едно време, на овие што го понудија за извозот на цветот на канабисот, меѓутоа се уште една до две фирми вршат извоз на цветот. По кој член од законот? Кривично дело за кое се оди во затвор. Тоа господинот Сали нека го најде, нека го најде документот и веднаш да го срочи обвинението. Тоа ви го кажувам и на вас, на вашиот иден министер ако помине, и ако сте против корупцијата и криминалот, баш да видиме дека тоа вие ќе го направите - рече Коцевски.
Коцевски исто така праша, што се случува со Медикал 420, дали е одземено решението за одгледување и ако е, како повторно продолжува со работа, дали се знае колку канабис се произведено, колку вишок останува и каде оди тој вишок. Е, тука може да го прашува Оливер Спасовски, каде оди тој вишок? А, Ковачевски знае. Значи, обезбедете ги вие, како дел од Пазар 3 коалицијата, овие документи и јас ќе ви верувам, посочи Коцевски. Истакна дека господинот Сали, како министер за здравство, има и многу други можности, наместо да чека изградба на нов клинички центар, ние денес сме сведоци на блокиран трезор на ФЗО, при што вработените во здравство останаа без плата, а за што после ќе треба да се плаќаат казни кон УЈП, всушност како што ќе треба да се плаќаат 20 милиони евра за раскинување на договорот за изградба на Клинички центар.
Вработените во здравство немаат земено плата и прашање е дали ќе земат во законската рамка. После тоа ќе се плаќаат глоби и казни кон УЈП, ама навикнати се на пенали, како што е пеналот за клинички центар, 2о милиончиња, меѓутоа тоа граѓаните го плаќаат, не го плаќа Ковачевски, или Оливер Спасовски, или оваа влада, граѓаните го плаќаат. Неспособноста и алчноста на владата за ДУИ и СДСМ граѓаните ќе плаќаат од свој џеб - потенцираше Зоран Коцевски.

The post Коцевски до Сали: Додека не си разрешен докажи дека си против криминалот и најди ги документите за извоз на цвет од канабис, кривично дело за кое се лежи во затвор appeared first on Република.

]]>
Ковачки до Ковачевски: Тупанчески го заменувате со човек кој е брат на осомничен за убиство https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachki-do-kovachevski-tupancheski-go-zamenuvate-so-chovek-koj-e-brat-na-osomnichen-za-ubistvo/ Wed, 15 Feb 2023 07:35:54 +0000 https://republika.mk/?p=609119

Пратеникот Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ на премиерот Димитар Ковачевски му порача дека е слуга на Али Ахмети, па го праша, каде е смената на Бојан Маричиќ и Бујар Османи поради лошите резултати. Тој го праша премиерот и каде е предлогот за разрешување на Славјанка Петровска, а поради тоа што немало плати во АРМ. За Ковачки несфатлива е промената на министерот за правда Никола Тупанчески, бидејќи, според пратеникот, на негово место доаѓа брат на осомничен за убиство.

Со честото менување на коалиционите партнери, го уништивте легитимитетот на извршната власт. Зарем заслужува еден професор како Тупанчески, кој уживаше делумна почит и кај опозицијата, по само година дена, да го замените со човек кој е брат на лице осомничено за убиство? Едно чудо министри за правда сменивте последните шест години. Тоа е доказ дека правдата ја гледате дневно политички и низ призмата на пазарењата, додаде Ковачки.

Тој праша каде е смената на Бојан Маричиќ кого го нарече неспособен и Бујар Османи за кого кажа дека бидејќи единствено е способен за продажба на се што не е негово.

Зарем министерот за здравство кој писмено барал од Владата да се купи лекот за болните од цистична фиброза, а премиерот не ја донел одлуката, ќе го менува со причина што министерот јавно проговори и ја обелодени вистината, дека директната одговорност за починатиот Благојче е кај премиерот, праша Ковачки.

The post Ковачки до Ковачевски: Тупанчески го заменувате со човек кој е брат на осомничен за убиство appeared first on Република.

Oдбегнатиот пратеник од Алтернатива ќе гласа за разрешување на Беким Сали, но не и за другите министри https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/odbegnatiot-pratenik-od-alternativa-ke-glasa-za-razreshuvane-na-bekim-sali-no-ne-i-za-drugite-ministri/ Tue, 14 Feb 2023 09:03:15 +0000 https://republika.mk/?p=608709

Независниот пратеник Скендер Реџепи најавува дека ќе гласа за разрешување на министерот за здравство Беким Сали, но, како што рече, не и за другите министри и заменици министри, што се дел од Предлогот за реконструкција на Владата, за која вчера почна дебатата во Собранието.

Реџепи, кој по напуштањето на Алтернатива делува како независен пратеник,  во синоќешното гостување на ТВ 21 оцени дека најголемото зло што им е направено на структурите на Алтернатива, е недостатокот на политичка волја.

-Јас ќе гласам за разрешувањето на министерот за здравство без сомнение, бидејќи најголемото зло што им е направено на структурите на Алтернатива, е недостатокот на политичка волја. Другите министри никогаш нема да ги гласам за разрешување, рече Реџепи.

Тој најави дека ќе има средба со премиерот Димитар Ковачевски, со кого ќе разговара околу точката за меѓународната истрага. Алтернатива, како што рече, никогаш не побарала од Владата меѓународна истрага за монтираните случаи, кои беа главна точка од договорот за владина коалиција меѓу

The post Oдбегнатиот пратеник од Алтернатива ќе гласа за разрешување на Беким Сали, но не и за другите министри appeared first on Република.

]]>

Независниот пратеник Скендер Реџепи најавува дека ќе гласа за разрешување на министерот за здравство Беким Сали, но, како што рече, не и за другите министри и заменици министри, што се дел од Предлогот за реконструкција на Владата, за која вчера почна дебатата во Собранието. Реџепи, кој по напуштањето на Алтернатива делува како независен пратеник,  во синоќешното гостување на ТВ 21 оцени дека најголемото зло што им е направено на структурите на Алтернатива, е недостатокот на политичка волја.
-Јас ќе гласам за разрешувањето на министерот за здравство без сомнение, бидејќи најголемото зло што им е направено на структурите на Алтернатива, е недостатокот на политичка волја. Другите министри никогаш нема да ги гласам за разрешување, рече Реџепи.
Тој најави дека ќе има средба со премиерот Димитар Ковачевски, со кого ќе разговара околу точката за меѓународната истрага. Алтернатива, како што рече, никогаш не побарала од Владата меѓународна истрага за монтираните случаи, кои беа главна точка од договорот за владина коалиција меѓу

The post Oдбегнатиот пратеник од Алтернатива ќе гласа за разрешување на Беким Сали, но не и за другите министри appeared first on Република.

]]>
Ковачевски да престане да се крие зад министерот Сали, кому очигледно му се изброени деновите на функцијата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-da-prestane-da-se-krie-zad-ministerot-sali-na-komu-ochigledno-mu-se-izbroeni-denovite-na-funktsijata/ Fri, 10 Feb 2023 07:31:00 +0000 https://republika.mk/?p=607167

Цената на владеењето на власта предводена од Димитар Ковачевски стана премногу висока и истата се плаќа со човечки животи. Ковачевски и министерот за здравство Беким Сали не смееја да дозволат луѓе да умираат затоа што нема лек, обвнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Ковачевски, пак, да престане да се крие зад министерот Сали, кому очигледно му се изброени деновите на функцијата.

Каде беше Ковачевски кога болните од цистична фиброза протестираа пред Владата? Ковачевски нека престане да глуми и да си замине веднаш заедно со неговата неспособна екипа. Оваа неспособна Влада треба да си замине час поскоро за да се спасат граѓаните.

https://republika.mk/vesti/makedonija/sali-premierot-a-ne-ministerot-odluchuva-dali-patsientite-ke-dobijat-lek-neka-ne-se-pravat-evtini-politichki-poeni-od-tragedija/

The post Ковачевски да престане да се крие зад министерот Сали, кому очигледно му се изброени деновите на функцијата appeared first on Република.

]]>

Цената на владеењето на власта предводена од Димитар Ковачевски стана премногу висока и истата се плаќа со човечки животи. Ковачевски и министерот за здравство Беким Сали не смееја да дозволат луѓе да умираат затоа што нема лек, обвнуваат од ВМРО-ДПМНЕ. Ковачевски, пак, да престане да се крие зад министерот Сали, кому очигледно му се изброени деновите на функцијата.
Каде беше Ковачевски кога болните од цистична фиброза протестираа пред Владата? Ковачевски нека престане да глуми и да си замине веднаш заедно со неговата неспособна екипа. Оваа неспособна Влада треба да си замине час поскоро за да се спасат граѓаните.
https://republika.mk/vesti/makedonija/sali-premierot-a-ne-ministerot-odluchuva-dali-patsientite-ke-dobijat-lek-neka-ne-se-pravat-evtini-politichki-poeni-od-tragedija/

The post Ковачевски да престане да се крие зад министерот Сали, кому очигледно му се изброени деновите на функцијата appeared first on Република.

]]>
Сали: Премиерот, а не министерот одлучува дали пациентите ќе добијат лек, нека не се прават евтини политички поени од трагедија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sali-premierot-a-ne-ministerot-odluchuva-dali-patsientite-ke-dobijat-lek-neka-ne-se-pravat-evtini-politichki-poeni-od-tragedija/ Thu, 09 Feb 2023 15:24:03 +0000 https://republika.mk/?p=606992

Ја користам приликата да изразам најдлабоко сочувство до блиските на починатиот Благојче Илиевски. Навистина сум потресен што се случи ваква трагедија, и ниту едно објаснување или изјава од политичар нема да го врати тој живот, напиша на својот фејсбук профил министерот за здравство Беким Сали.

Сепак, не можам да премолчам, ни како човек, ни како министер, кога врз грбот на една ваква трагедија се прави евтин обид за политички поени. Затоа, еве ги фактите.
(1) Факт е дека Министерството за здравство уште на 27.01 од Владата побара да се обезбедат средства за нова набавка на терапија за пациентите со цистична фиброза.
(2) Факт е дека и покрај барањето на МЗ, ниту Владата на РСМ, ниту премиерот Ковачевски лично, до вчера, не одлучија да се обезбедат тие средства.
(3) Факт е дека лек во доволни количини нема заради недонесувањето на таа одлука, а не заради МЗ.

Оттаму, не ми е јасен обидот за префрлање на вината кон МЗ, кога ниту обезбедувањето средства, ниту набавката на лекот не се во наша надлежност. Средствата се обезбедуваат од Фондот за здравствено осигурување, а набавката ја спроведува соодветната клиника. Но, дури ни тие не можат да постапат без одлука на Владата или без налог на премиерот.

Затоа, мислам дека е неодговорно да си ја префрламе одговорноста. Кога би сакале да се натпреваруваме со политички изјави, јас исто така би можел да одговорам со прашање: дали некој, кој, и покрај барањето на МЗ, не одобрил средства за лек на пациенти со ваква тешка болест, смета дека може да си го продолжи мандатот. Би можеле да прашуваме и дали можеби премногу време и внимание се потроши на коалициски преговори, додека пациентите чекаа. Сепак, сметам дека ваквите популистички изјави се неумесни во ваква прилика.

Јас знам дека политиката е сурова професија, но ние сепак имаме обврска да го задржиме достоинството и човечноста. Сепак, сите ние сме потенцијални пациенти на јавното здравство, и мора да имаме чувство за маките на нашите сограѓани, без разлика на ограничените ресурси.

The post Сали: Премиерот, а не министерот одлучува дали пациентите ќе добијат лек, нека не се прават евтини политички поени од трагедија appeared first on Република.

]]>

Ја користам приликата да изразам најдлабоко сочувство до блиските на починатиот Благојче Илиевски. Навистина сум потресен што се случи ваква трагедија, и ниту едно објаснување или изјава од политичар нема да го врати тој живот, напиша на својот фејсбук профил министерот за здравство Беким Сали.
Сепак, не можам да премолчам, ни како човек, ни како министер, кога врз грбот на една ваква трагедија се прави евтин обид за политички поени. Затоа, еве ги фактите. (1) Факт е дека Министерството за здравство уште на 27.01 од Владата побара да се обезбедат средства за нова набавка на терапија за пациентите со цистична фиброза. (2) Факт е дека и покрај барањето на МЗ, ниту Владата на РСМ, ниту премиерот Ковачевски лично, до вчера, не одлучија да се обезбедат тие средства. (3) Факт е дека лек во доволни количини нема заради недонесувањето на таа одлука, а не заради МЗ.
Оттаму, не ми е јасен обидот за префрлање на вината кон МЗ, кога ниту обезбедувањето средства, ниту набавката на лекот не се во наша надлежност. Средствата се обезбедуваат од Фондот за здравствено осигурување, а набавката ја спроведува соодветната клиника. Но, дури ни тие не можат да постапат без одлука на Владата или без налог на премиерот. Затоа, мислам дека е неодговорно да си ја префрламе одговорноста. Кога би сакале да се натпреваруваме со политички изјави, јас исто така би можел да одговорам со прашање: дали некој, кој, и покрај барањето на МЗ, не одобрил средства за лек на пациенти со ваква тешка болест, смета дека може да си го продолжи мандатот. Би можеле да прашуваме и дали можеби премногу време и внимание се потроши на коалициски преговори, додека пациентите чекаа. Сепак, сметам дека ваквите популистички изјави се неумесни во ваква прилика. Јас знам дека политиката е сурова професија, но ние сепак имаме обврска да го задржиме достоинството и човечноста. Сепак, сите ние сме потенцијални пациенти на јавното здравство, и мора да имаме чувство за маките на нашите сограѓани, без разлика на ограничените ресурси.

The post Сали: Премиерот, а не министерот одлучува дали пациентите ќе добијат лек, нека не се прават евтини политички поени од трагедија appeared first on Република.

]]>
Ковачевски: Можевме да го спасиме Благојче, Сали нека размисли дали може да го продолжи мандатот https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-mozhevme-da-go-spasime-blagojche-sali-neka-razmisli-dali-mozhe-da-go-prodolzhi-mandatot/ Thu, 09 Feb 2023 13:20:16 +0000 https://republika.mk/?p=606884

Немам намера да чекам низ бирократските лавиринти за да се преземе нешто, туку уште утрово се преземени конкретни чекори и решив веднаш да се одвојат финансиски средства од Фондот за здравствено осигурување за најкритичните болни од цистична фиброза, информира премиерот Димитар Ковачевски, одговарајќи на новинарски прашање по посетата на компанијата „Варус Бионика Фармацеутикалс“.

Најтажно од се е што смртта на Благојче е прерана и можевме да направиме повеќе за да му го продолжиме животот. Иако од информациите кои ги имав, бидејќи се слушнав со директорите на соодветните две клиники кои се врвни експерти, дознав дека има пациенти кои се во навистина тешка состојба за кои можеби лекот „Трикафта“ веројатно нема целосно да им помогне, но сепак тоа никако не може да го тргне чувството на тага, но и на гнев дека можеби имало и најмала шанса да направиме нешто повеќе. Но, зошто не направивме е прашањето, изјави Ковачевски.

Запрашан „кога очекува оставка од министерот за здравство Беким Сали“, Ковачевски побара „да не му се ставаат збори во уста“, додавајќи дека за кадровски прашање ќе се одлучува наредните денови.

Јас сум станат денес веројатно најрано откако сум вработен, скоро 23 години. За мене навистина е тажен ден. Не само за семејството на Благојче кое не го знам, туку и за целата земја. Благојче се бореше до последниот ден со оваа ужасна болест. Тоа е херојска борба. Но за жал на самиот крај, неговото тело не издржа. Најтажно од се е што најверојатно неговата смрт е прерана и можевме да направиме повеќе за да му го продолжиме животот. И можевме уште малку да ја одложиме агонијата на неговото заминување“, кажа Ковачевски.

Ковачевски очекува лекот да биде достапен исклучително брзо бидејќи и Агенцијата за лекови и МАЛМЕД имаат задача веднаш да го регистрираат. Бирото за јавни набавки има задача да ги обезбеди сите потребни документи за интервентен увоз на овој лек, бидејќи го произведува еден производител.

Не може да чекаат на бесконечни тендери кога се работи за лек кој го произведува еден производител. Јас лично ќе се заложам ова да се спроведе, бидејќи нема време за чекање, нагласи Ковачевски.

Премиерот, како што информира, утрово разговарал и со министерот за здравство Беким Сали и му пренел дека за него ваквата ситуација со лекот за цистична фиброза е апсолутно неприфатлива.

Разговарав и со директорот на Фондот за здравство и со министерот за финансии, тоа беа нивните први денешни разговори кои ги имаа. Ќе ги замолам, посебно министерот за здравство, да размисли и да ми каже дали може да го продолжи својот мандат. Јас мојата одлука за кадровските прашања ќе ја донесам после тоа, рече Ковачевски.

Премиерот додаде дека по прес-конференцијата ќе има состанок со претставници на Асоцијацијата за цистична фиброза на која ќе ги образложи точните мерки што ќе се преземат на негово лично инсистирање со што најкритичните пациенти ќе бидат веднаш згрижени, а за сите останати во најбрз можен рок ќе следи системско решение со цел веќе да не мора да се грижат дали лекот ќе го има во клиниките каде се лекуваат.

The post Ковачевски: Можевме да го спасиме Благојче, Сали нека размисли дали може да го продолжи мандатот appeared first on Република.

Министерството за здравство не ги купува лековите, ниту пак е најодговорно за тој случај, рече Сали по смртта на Благојче, кој не го дочека лекот за цистична фиброза https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/ministerstvoto-za-zdravstvo-ne-gi-kupuva-lekovite-nitu-pak-e-najodgovorno-za-toj-sluchaj-reche-sali-po-smrtta-na-blagojche-koj-ne-go-docheka-lekot-za-tsistichna-fibroza/ Thu, 09 Feb 2023 12:28:29 +0000 https://republika.mk/?p=606862

Министерот за здравство, Беким Сали, прашан дали се чувствува одговорен за смртта на пациентот Благојче Илиевски, кој ја изгуби битката со цистичната фиброза, без да го добие лекот, не одговори конкретно. Тој посочи само дека изразил сочувство до членовите на Асоцијацијата за цистична фиброза. Министерот додаде дека тоа е затекнат проблем, а министерството не е најодговорна институција за проблемот.

„Тој проблем беше наталожен од други фактори, не од Мистерството за здравство. Министерството не ги купува лековите, туку го организира системот и правно ги овозможува сите движења. Не е најодговорна институција за тој случај, ние навремено побаравме поддршка и од Владата и од Министерството за финансии – за да одговориме позитивно“, кажа Сали.

Го повтори ставот дека сега ќе се вршат измени на три закони, по кои ќе започнат преговори за набавка на лекот „трикафта“

The post Министерството за здравство не ги купува лековите, ниту пак е најодговорно за тој случај, рече Сали по смртта на Благојче, кој не го дочека лекот за цистична фиброза appeared first on Република.

]]>

Министерот за здравство, Беким Сали, прашан дали се чувствува одговорен за смртта на пациентот Благојче Илиевски, кој ја изгуби битката со цистичната фиброза, без да го добие лекот, не одговори конкретно. Тој посочи само дека изразил сочувство до членовите на Асоцијацијата за цистична фиброза. Министерот додаде дека тоа е затекнат проблем, а министерството не е најодговорна институција за проблемот. „Тој проблем беше наталожен од други фактори, не од Мистерството за здравство. Министерството не ги купува лековите, туку го организира системот и правно ги овозможува сите движења. Не е најодговорна институција за тој случај, ние навремено побаравме поддршка и од Владата и од Министерството за финансии – за да одговориме позитивно“, кажа Сали. Го повтори ставот дека сега ќе се вршат измени на три закони, по кои ќе започнат преговори за набавка на лекот „трикафта“  

The post Министерството за здравство не ги купува лековите, ниту пак е најодговорно за тој случај, рече Сали по смртта на Благојче, кој не го дочека лекот за цистична фиброза appeared first on Република.

]]>
Сали: Чекаме понуда од фабриката, но МЗ не е најповикано за да обезбеди средства за „трикафта“ https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/sali-chekame-ponuda-od-fabrikata-no-mz-ne-e-najpovikano-za-da-obezbedi-sredstva-za-trikafta/ Mon, 06 Feb 2023 17:45:44 +0000 https://republika.mk/?p=605600

Министерствата за здравство и за финансии, заедно со Фондот за здравствено осигирување, се во комуникација со фабриката за обезбедување на лекот „трикафта“. Нема пристап кон договор, засега е само почната комуникација, подвлече денеска министерот за здравство Беким Сали, кој присуствуваше на промовирањето на нова медицинска опрема во Клиничката болница во Тетово, вредна 3,2 милиони евра.

Со оглед на економскиот развој на нашата држава, се очекува подобра понуда од фабриката.

За да биде овозможено сето ова, тој информираше дека во Законот за лекови, Законот за јавни набавки, како и во Законот за здравствено осигурување, ќе бидат сменети членови со што ќе се дозволи да се преговара со фабрики, односно со производители на одредени лекови.

Во нормални текови, обезбедувањето на терапија е должност на клиниките. Оваа терапија за оваа група на пациенти за оваа дијагноза, не била предвидена во преговорите помеѓу Педијатрија и Фондот за здравствено осигурување. Во недостиг на тој буџет, се вклучуваме јас, како министер за здравство и министерот за финансии, секако во соработка со Фондот за здравствено осигурување, затоа што сепак и по обезбедување на финансиски средства, текот на набавката би била преку Клиниката за педијатрија. Тоа значи дека Фондот за здравствено осигурување ќе треба да обезбеди средства за Клиниката за педијатрија, појасни Сали.

Првичното барање за обезбедување на оваа терапија од страна на Асоцијацијата за цистична фиброза, Сали посочи дека било за осум пациенти, коишто се во критична состојба, но освен оваа група на пациенти со тешка форма на цистична фиброза, има уште околу 22 пациенти со средно тешка состојба.

За осум пациенти се сигурни, а нашиот стремеж е да биде за 30 пациенти, во прва група. По внесување на овие пациенти во терапија со „трикафта“, секако, ќе ги следиме резултатите и понатаму се надевам и за идната година ќе бидеме подобро спремни за набавката на терапијата за другите пациенти, коишто се потенцијални, имаат таква генска мутација којашто има потреба од третман со „трикафта“, одговори Сали на новинарско прашање.

Тој повтори дека и по состанокот со министерот за финансии, Фатмир Бесими, кажале дека овој бенефит ќе го видат сите коишто имаат потешка форма, односно имаат дијагнози што бараат скапи терапии.

Давањето законска можност за преговарање директно со фабриката, на нас како здравствени авторитети, ни овозможува обезбедување на пониска цена за терапијата, којашто секако поради условите за преговарање би било, да не бидат јавни тие цени, затоа што фабриките развиваат нивни регионални политики и некогаш, нели, си дозволуваат давање на посебни понуди за посебни држави. Знаејќи го нивото на економски развој во нашата држава, тие сигурно би дале подобра понуда. Ние веќе пристапивме кон комуникација со фабриката, значи сѐ уште нема да пристапиме во договор со фабриката, меѓутоа комуникација веќе да, нагласи министерот.

Тој беше прашан кои закони ќе се менуваат.

Закон за лекови, Закон за јавни набавки, Закон за здравствено осигурување, ќе бидат сменети членови коишто ќе ни дозволат да преговараме со фабриките, односно со производители на одредени лекови. Да напоменам дека во оваа работна група ќе биде внесен и еден член којшто е од Асоцијацијата за цистична фиброза, само поради транспарентност за тоа што ќе го работиме заедно со нив во известување, во постојано информирање, ќе бидат и тие во тек, што се случува, додаде Сали.

Во делот на финансиите, одговарајќи на новинарско прашање, тој посочи дека Фондот и Министерството за финансии може да дадат поточни информации од каде ќе бидат парите.

Министерството за здравство не е најповикано за да обезбеди средства во врска со оваа терапија. Според правилникот за обезбедување терапија за пациенти со ретки болести, што ни е посебна програма во Министерството за здравство, ние можеме да обезбедиме средства за дијагноза којашто брои до 18 или 20 пациенти. Тоа е еден на сто илјади жители. Поради тоа што цистична фиброза не е ретка болест кај нас, според овие критериуми, таа терапија ќе треба да се обезбеди преку Фондот за здравствено осигурување, односно Клиниката за педијатрија во овој случај, појасни министерот.

Во протестот пред Владата во саботата, организиран од страна на Асоцијацијата за цистична фиброза, беше апелирано за право на модулаторна терапија за сите пациенти со оваа болест. Се бара државата веднаш да обезбеди средства за воведување на модулаторна терапија по принципот како во сите европски и балкански држави, со соодветен план и стратегија за опфаќање на целата популација која е заболена од оваа ретка болест.

Ден претходно, министрите Сали и Бесими одржаа состанок за обезбедувањето финансиски средства за набавка на лекот.

Бесими истакна дека бидејќи е скап, ќе се најде решение за да се набави овој лек директно од производителот.

The post Сали: Чекаме понуда од фабриката, но МЗ не е најповикано за да обезбеди средства за „трикафта“ appeared first on Република.

ЗНМ реагира на безобразниот однос на министерот Беким Сали на прашањето на новинарот Сенат Зулбеари https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/znm-reagira-na-bezobrazniot-odnos-na-ministerot-bekim-sali-na-prashaneto-na-novinarot-senat-zulbeari/ Mon, 06 Feb 2023 15:43:57 +0000 https://republika.mk/?p=605572

Неколку дена по последниот испад кон новинар од страна на државен функционер, повторно се соочуваме со случај каде на прашање од новинарот Сенат Зулбеари упатено до министерот за здравство Беким Сали, тој наместо одговор, од министерот добива „куса лекција“ за новинарство.

Утрово во просториите на клиничката болница во Тетово, за време на прес конференција на која биле поканети новинари и сниматели, министерот за здравство Беким Сали како и директорот на клиничката болница во Тетово Амир Елези имаа непримерна комуникација и омаловажувачки однос кон дел од присутните новинари.

Во врска со прашање на новинарите поврзано со напади кон нив од страна на обезбедувањето на болницата, Сали наместо соодветен одговор кажа: „Да бидеме реални, новинарството е со цел да се информира јавноста, има правила, етички е службено да се доставуваат прашања до надлежните во болницата или до министерот. Во моментот кога ќе влезете без предупредување и ќе направите снимки, третирате тема, сакате да направите истражување како што се правеше во Министерството за здравство, мислам дека тука наидувате на недоразбирања, а потоа има обвинувања и нема транспарентност. Транспарентноста треба да ја барате на вистински начин и ќе ја најдете.
Го снимаш лифтот, во делот на лифтот бараш и информација, нема информација поради неговиот пристап. Сфатете го како позитивна критика“.

Изминативе денови ЗНМ гласно алармираше за овој негативен тренд на непрофесионален однос кон новинари од страна на државни функционери што бележи пораст за кој што веќе ги известивме партнерските меѓународни организации.

Очекуваме извинување од министерот Сали кон новинарите и укажуваме дека државните функционери, се во служба на јавноста и тие не смеат да имаат непримерен и навредлив однос кон новинарите, а со тоа и кон целата јавност на која треба да и бидат пренесени информациите.

Ова е петтиот негативен испад на политичар кон новинарите и медиумските работници во период од два месеци што говори дека ова веќе не се изолирани инциденти туку станува негативен тренд  на некоректен и омаловажувачки одност од страна на претставници на власта кон новинари.

Ваквиот тренд без сомнеж ќе има негативна оценка во извештаите на Европската комисија како и на останати кредибилни организации што ќе се одрази негативно и на индексите за слобода на изразување во кои Македонија бележеше пораст во изминатите години.

The post ЗНМ реагира на безобразниот однос на министерот Беким Сали на прашањето на новинарот Сенат Зулбеари appeared first on Република.

]]>

Неколку дена по последниот испад кон новинар од страна на државен функционер, повторно се соочуваме со случај каде на прашање од новинарот Сенат Зулбеари упатено до министерот за здравство Беким Сали, тој наместо одговор, од министерот добива „куса лекција“ за новинарство. Утрово во просториите на клиничката болница во Тетово, за време на прес конференција на која биле поканети новинари и сниматели, министерот за здравство Беким Сали како и директорот на клиничката болница во Тетово Амир Елези имаа непримерна комуникација и омаловажувачки однос кон дел од присутните новинари. Во врска со прашање на новинарите поврзано со напади кон нив од страна на обезбедувањето на болницата, Сали наместо соодветен одговор кажа: „Да бидеме реални, новинарството е со цел да се информира јавноста, има правила, етички е службено да се доставуваат прашања до надлежните во болницата или до министерот. Во моментот кога ќе влезете без предупредување и ќе направите снимки, третирате тема, сакате да направите истражување како што се правеше во Министерството за здравство, мислам дека тука наидувате на недоразбирања, а потоа има обвинувања и нема транспарентност. Транспарентноста треба да ја барате на вистински начин и ќе ја најдете. Го снимаш лифтот, во делот на лифтот бараш и информација, нема информација поради неговиот пристап. Сфатете го како позитивна критика“. Изминативе денови ЗНМ гласно алармираше за овој негативен тренд на непрофесионален однос кон новинари од страна на државни функционери што бележи пораст за кој што веќе ги известивме партнерските меѓународни организации. Очекуваме извинување од министерот Сали кон новинарите и укажуваме дека државните функционери, се во служба на јавноста и тие не смеат да имаат непримерен и навредлив однос кон новинарите, а со тоа и кон целата јавност на која треба да и бидат пренесени информациите. Ова е петтиот негативен испад на политичар кон новинарите и медиумските работници во период од два месеци што говори дека ова веќе не се изолирани инциденти туку станува негативен тренд  на некоректен и омаловажувачки одност од страна на претставници на власта кон новинари. Ваквиот тренд без сомнеж ќе има негативна оценка во извештаите на Европската комисија како и на останати кредибилни организации што ќе се одрази негативно и на индексите за слобода на изразување во кои Македонија бележеше пораст во изминатите години.

The post ЗНМ реагира на безобразниот однос на министерот Беким Сали на прашањето на новинарот Сенат Зулбеари appeared first on Република.

]]>
Не знам кој ќе биде мојот наследник и дали промената е дефинитивна, рече министерот за здравство Беким Сали https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ne-znam-koj-ke-bide-mojot-naslednik-i-dali-promenata-e-definitivna-reche-ministerot-za-zdravstvo-bekim-sali/ Mon, 06 Feb 2023 12:22:02 +0000 https://republika.mk/?p=605438

Не знам кој ќе биде мојот наследник и дали има нешто дефинитивно. Дневната политика никогаш не сум ја следел, затоа што имаме многу ангажмани во Министерството за здравство. Се трудам да ги исполнам моите ветувања додека сум на оваа позиција, истакна министерот за здравство Беким Сали, кадар од редовите на Алтернатива, околу наводите во медиумите дека Алијансата за Албанците за влез во Владата преговара за овој ресор.

Треба да се дефинираат работите, дали индивидуата или политиката е приоритет, рече министерот Сали при посета на Клиничката болница Тетово по повод промоција на нова медицинска опрема во вредност од 3.2 милиони евра.

Како што рече, не верува дека денешниот е негов последен јавен настан како министер и најавува дека во текот на оваа недела сигурно ќе ги промовираат сите центри кои што добија опрема од соработката со Светска банка.

Во здравството и десет години да сте министер, немате да стигнете до крај. Меѓутоа многу е битно тоа што ќе до кажете јавно, да го одржите и да работите кон тоа. Нашата мисија е функционализирање, со цел децентрализација на здравствените услуги од Клиничкиот центар во другите регионални болници или градски болници, рече Сали.

The post Не знам кој ќе биде мојот наследник и дали промената е дефинитивна, рече министерот за здравство Беким Сали appeared first on Република.

]]>

Не знам кој ќе биде мојот наследник и дали има нешто дефинитивно. Дневната политика никогаш не сум ја следел, затоа што имаме многу ангажмани во Министерството за здравство. Се трудам да ги исполнам моите ветувања додека сум на оваа позиција, истакна министерот за здравство Беким Сали, кадар од редовите на Алтернатива, околу наводите во медиумите дека Алијансата за Албанците за влез во Владата преговара за овој ресор. Треба да се дефинираат работите, дали индивидуата или политиката е приоритет, рече министерот Сали при посета на Клиничката болница Тетово по повод промоција на нова медицинска опрема во вредност од 3.2 милиони евра. Како што рече, не верува дека денешниот е негов последен јавен настан како министер и најавува дека во текот на оваа недела сигурно ќе ги промовираат сите центри кои што добија опрема од соработката со Светска банка.