Беким Максути Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bekim-maksuti/ За подобро да се разбереме Fri, 30 Aug 2024 10:01:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Беким Максути Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bekim-maksuti/ 32 32 Обвинителството не нашло одговорност кај Беким Максути за несервисираните „Ер трактори“ на ДЗС https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/obvinitelstvoto-ne-nashlo-odgovornost-kaj-bekim-maksuti-za-neservisiranite-er-traktori-na-dzs/ Fri, 30 Aug 2024 10:01:10 +0000 https://republika.mk/?p=811494

Поранешниот директор на Дирекцијата за заштита и спасување, Беким Максути нема да одговара за несервисираните „ер трактори“ кои не беа во функција за време на големите пожари летото 2021 година.

Обвинителството, постапувајќи по кривичната пријава поднесена од „Левица“, не нашло елементи за кривично дело ниту за постапките за јавни набавки за поправка и сервисирање на авионите, ниту дека Максути несовесно работел.

Пo поднесената пријава од една политичка партија, постапуваше јавен обвинител ОЈО ГОКК кој во предистражна постапка прибави материјални докази од кои произлезе дека во дејствијата преземени од директорот на Дирекцијата за заштита и спасување нема елементи на законско битие на кривично дело што е во надлежност на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, бидејќи прибраните докази упатуваат на фактот дека постапките за јавните набавки за поправка и сервисирање на авионите во 2020 и 2021 година биле спроведени во согласност со одредбите од Законот за јавните набавки. Во однос на евентуално постоење на кривичното дело Несовесно работење во служба од чл. 353 – в од КЗ предметот беше доставен на надлежност на ОЈО Скопје, каде јавен обвинител утврди дека во дејствијата на пријавениот не се содржани елементи на наведеното кривично дело, потврдуваат за МИА од Обвинителството.

Од Обвинитлество, исто така, информираат дека во Основното јавно обвинителство Скопје е оформен предмет врз основа на извештај Ревизија на успешност „Систем за управување со кризи и заштита од пожари“ од Државниот завод за ревизија, кој е во фаза на предистражна постапка.

Предметот е во фаза на предистражна постапка, а надлежен јавен обвинител има издадено наредба до Управата за финансиска полиција за да изврши соодветни проверки. По наредбата се уште се постапува. Во однос на актуелните пожари, надлежните јавни обвинителства постапуваат по сите поднесени кривични пријави од надлежни органи кои откриле конкретни сторители кои што намерно предизвикале пожар, информираат од Обвинителство.

Авионите „ер трактор“, со кои може да се дејствува од воздух за гаснење на шумските пожари, останаа приземјени во 2021 година. Тогаш Максути откри дека канадерите не биле во функција две години зашто немало кој да ги сервисира, односно немало фирма што е овластена за да им направи сервис.

Проблемот со „Ер тракторите“ беше актуелен и годинава, кога тие беа сервисирани, но немаше пилоти, поради пензионирање на двајца. Со одлука на Влада, тие беа повторно ангажирани со договор на дело.

The post Обвинителството не нашло одговорност кај Беким Максути за несервисираните „Ер трактори“ на ДЗС appeared first on Република.

]]>

Поранешниот директор на Дирекцијата за заштита и спасување, Беким Максути нема да одговара за несервисираните „ер трактори“ кои не беа во функција за време на големите пожари летото 2021 година. Обвинителството, постапувајќи по кривичната пријава поднесена од „Левица“, не нашло елементи за кривично дело ниту за постапките за јавни набавки за поправка и сервисирање на авионите, ниту дека Максути несовесно работел.
Пo поднесената пријава од една политичка партија, постапуваше јавен обвинител ОЈО ГОКК кој во предистражна постапка прибави материјални докази од кои произлезе дека во дејствијата преземени од директорот на Дирекцијата за заштита и спасување нема елементи на законско битие на кривично дело што е во надлежност на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, бидејќи прибраните докази упатуваат на фактот дека постапките за јавните набавки за поправка и сервисирање на авионите во 2020 и 2021 година биле спроведени во согласност со одредбите од Законот за јавните набавки. Во однос на евентуално постоење на кривичното дело Несовесно работење во служба од чл. 353 – в од КЗ предметот беше доставен на надлежност на ОЈО Скопје, каде јавен обвинител утврди дека во дејствијата на пријавениот не се содржани елементи на наведеното кривично дело, потврдуваат за МИА од Обвинителството.
Од Обвинитлество, исто така, информираат дека во Основното јавно обвинителство Скопје е оформен предмет врз основа на извештај Ревизија на успешност „Систем за управување со кризи и заштита од пожари“ од Државниот завод за ревизија, кој е во фаза на предистражна постапка.
Предметот е во фаза на предистражна постапка, а надлежен јавен обвинител има издадено наредба до Управата за финансиска полиција за да изврши соодветни проверки. По наредбата се уште се постапува. Во однос на актуелните пожари, надлежните јавни обвинителства постапуваат по сите поднесени кривични пријави од надлежни органи кои откриле конкретни сторители кои што намерно предизвикале пожар, информираат од Обвинителство.
Авионите „ер трактор“, со кои може да се дејствува од воздух за гаснење на шумските пожари, останаа приземјени во 2021 година. Тогаш Максути откри дека канадерите не биле во функција две години зашто немало кој да ги сервисира, односно немало фирма што е овластена за да им направи сервис. Проблемот со „Ер тракторите“ беше актуелен и годинава, кога тие беа сервисирани, но немаше пилоти, поради пензионирање на двајца. Со одлука на Влада, тие беа повторно ангажирани со договор на дело.

The post Обвинителството не нашло одговорност кај Беким Максути за несервисираните „Ер трактори“ на ДЗС appeared first on Република.

]]>
Директорот на ДЗС вели дека трите авиони за гаснење пожари се исправни, но дека нема доволно пилоти https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/direktorot-na-dzs-veli-deka-trite-avioni-za-gasnene-pozhari-se-ispravni-no-deka-nema-dovolno-piloti/ Wed, 15 Mar 2023 19:12:36 +0000 https://republika.mk/?p=619986

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Беким Максути, истакнува дека трите противпожарни авиони се функционални и спремни за гасење пожари во летниот период.

Максути соопшти и дека се отвора јавна набавка за други нови авиони.

Двата авиони беа користени цело време. Ние имавме интервенција со авиони и во ноември лани, што не е типично за тој временски период и на 7 јануари оваа година, кога со авион е интервенирано на пожарот. Третиот авион се врати минатата недела и е спремен да се употребува. Ќе отвориме нова јавна набавка за други авиони. Мислам дека влегуваме во една фаза, односно континуирано да ги следиме и да ги решиме проблемите кои може да ни се појавуват, изјави Максути.

Максути потенцира дека предизвик за институциите и Владата преостанува решавањето на проблемот со немањето на доволно пилоти за авиони.

Единствено, за сите институции но и за Владата предизвик ни преостанува решавањето на проблемот со немањето доволно пилоти за авиони. Значи, во секој авион треба да служат тројца пилоти за да имаме континуитет во тоа што се работи. Правилата на Цивилното воздухопловство на ЕУ се многу ригорозни, стриктни во однос на употребата, во однос на летањето, затоа што станува збор за една најспецифичните и најризичните летала за управување, вели тој.

Максути информира дека веќе се обратиле и до Владата и до Министерство за финансии да им овозможат дополнителни средства за привлекување луѓе.

Сепак, тоа е навистина предизвикувачко прашање затоа што многу луѓе може да наоѓаат многу полесни работни позиции, места на цивилни летала. За да управува пилот со вакво летало, треба дополнителна обука која што е многу скапа, која што е многу ригорозна, и која што честопати односно најчесто завршува со неуспех. Значи кандидатите треба да бидат навистина на нивото на задачите за да можат да управуваат, да можат да бидат лиценцирани со таков вид на летала, изјави Максути.

Одговарајќи на новинарско прашање, Максути рече дека многу е тешко да се најде кадар за таков вид на летала, посочувајќи дека за да се донесе кадар надвор од државата тие треба да поминат низ повеќе филтри.

За да се донесе некој од надвор треба да помине низ филтри, односно треба да добие лиценца и овластување од Агенцијата за Цивилно воздухопловство во РСМ за да може да управува со наш авион. Но, тоа е предизвик за којшто треба да размислуваме и во иднина. Моментално работиме на тоа и се надевам дека ќе најдеме начин оваа бројка што ја имаме моментално да ги исполнува задачите, затоа што дел од нив веќе поради старост, поради други причини ги завршуваат своите обврски тука. Ние мора да размислуваме односно да имаме во континуитет нови кадри, пилоти коишто ќе може да ги управуваат авионите, вели Максути.

Тој потенцира дека прават напори за да се реши со немањето на хангар затоа што, како што вели, во моментов авионите се чуваат на отворено.

The post Директорот на ДЗС вели дека трите авиони за гаснење пожари се исправни, но дека нема доволно пилоти appeared first on Република.

]]>

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Беким Максути, истакнува дека трите противпожарни авиони се функционални и спремни за гасење пожари во летниот период. Максути соопшти и дека се отвора јавна набавка за други нови авиони.