Беким Хаџиу Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bekim-hadziu/ За подобро да се разбереме Thu, 07 Mar 2024 13:30:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Беким Хаџиу Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bekim-hadziu/ 32 32 Одбраната на „Беса транс“ смета дека казната е превисока https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/odbranata-na-besa-trans-smeta-deka-kaznata-e-previsoka/ Thu, 07 Mar 2024 10:33:41 +0000 https://republika.mk/?p=752176

Одбраната ќе го искористи своето право на жалба на пресудата за случајот „Беса транс“ според која сопственикот на правното лице доби казна затвор од една година и осум месеци, изјави бранителот на обвинетиот Беким Хаџиу, Асмир Алиспахиќ.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/godina-i-osum-mesetsi-zatvor-za-sopstvenikot-na-besa-trans-samo-megunarodna-zabrana-za-vozene-na-prevoznikot/

Во изјава за медиуми по денешната пресуда за случајот, во кој освен сопственикот, обвинето беше и правното лице „Беса транс“, на кое му беше изречена парична казна од 800 000 илјади денари и четиригодишна забрана за вршење на меѓународен превоз, адвокатот Алиспахиќ наведе дека смета дека казната е превисоко одмерена.

Ако направиме една компарација во делот на другите изречени судски одлуки и судски пресуди од ваков вид, иако е казната предвидена од една до пет години како казна затвор, сметам дека во конкретнава ситуација е превисоко одмерена, не само во делот на постоење на кривично дело, рече тој.

Дополни дека теоријата на одбраната ќе биде презентирана и пред повисоките судови.

Според одбраната во конкретниот кривично правен предмет, не само што не може да опстане ова кривично дело, туку не требаше ниту обвинетиот, Беким Хаџиу, и правното лице да бидат обвинети. Но, секако, се водеше постапката. Непрвосилна е преусдата. Страните имаат право на жалба и ќе ги очекуваме одлуките од нив, рече тој.

Според адвокатот Асмир Алиспахиќ, за да се исполни битието на кривичното длео „фалсификување на исправа“, овен доказен материјал, потребен е и вешт наод.

Во мојот завршен збор тоа го анализирав и од теоретски, и од компаративна судска пракса, каде што основниот елемент за ова кривично дело е постоење на изработена лажна исправа и употребена како вистинска. Во конкретнава ситуација ниту е изработена, ниту е употребена, а ниту постои. Така што, јас сум убеден, како правник и како адвокат на Хаџиу, дека оваа пресуда не може да опстане онака како што е изречена во конкретнава ситуација, посочи тој.

Обвинителот Владимир Милошевски посочи дека ќе чекаат да биде изготвена писмената одлука на Судот, за да видат што би преземале понатаму,

Повеќе не би сакал да ја коментирам одлуката на Судот, единствено тоа што судот го прифати во целост обвинението онакво какво што беше и ги огласи виновни обвинетиот и обвинетото правно лице, рече тој.

Неговите аргументи беа дека Министерството за транспорт и врски воопшто не издало извод од лиценца за конкретниот автобус, ниту било поднесено барање, ниту била издадена.

Тоа значи дека автобусот како што е напишано во обвинението, како што и Судот денеска при објава на пресудата кажа, покажувал пред надворешните управни органи извод од лиценца, а таков, за тој автобус, воопшто не бил издаден од надлежниот орган, рече обвинителот.

И адвокатот Алиспахиќ и обвинителот Милошевски, потсетија дека овој процес не се однесува на автобуската несреќа што се случи со конкретнитот автобус во Бугарија.

Судијата Ивица Стефановски, кој денеска ја објави пресудата во Основен Кривичен суд Скопје, наведе дека обвинетите Беким Хаџиу и правното лице „Беса Транс БТБ ДООЕЛ Скопје“ се виновни затоа што обвинетиот, како управител на правно лице „Беса Транс БТБ ДООЕЛ Скопје“ во повеќе наврати употребил како вистинска лажна јавна исправа, извод од лиценца за вршење на јавен превоз во меѓународниот патен сообраќај, која што воопшто не била издадена од страна на Министерство за транспорт и врски за тој автобус.

Во ноември 2021 година на автопатот „Струма“, во Бугарија во автобуска несреќа на автобус на туристичката агенција „Беса транс“ загинаа 45 лица.

За несреќата истрага се водеше во Бугарија. Истрагата е завршена, а според истражните органи во Бугарија главна причина е човечка грешка.

Автобусот најпрво удрил во банкина, а потоа се запалил. Согласно вештачењето, возачот во моментот на ударот возел со 108 километри на час, на место каде максимална дозволена брзина била 90 километри на час. Како што се наведува во анализите на инспекторите, пламените јазици автобусот го зафатиле за неколку минути.

По несреќата, македонските истражни органи отворија истрага, но само за работењето на правното лице „Беса транс“.

The post Одбраната на „Беса транс“ смета дека казната е превисока appeared first on Република.

]]>

Одбраната ќе го искористи своето право на жалба на пресудата за случајот „Беса транс“ според која сопственикот на правното лице доби казна затвор од една година и осум месеци, изјави бранителот на обвинетиот Беким Хаџиу, Асмир Алиспахиќ. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/godina-i-osum-mesetsi-zatvor-za-sopstvenikot-na-besa-trans-samo-megunarodna-zabrana-za-vozene-na-prevoznikot/ Во изјава за медиуми по денешната пресуда за случајот, во кој освен сопственикот, обвинето беше и правното лице „Беса транс“, на кое му беше изречена парична казна од 800 000 илјади денари и четиригодишна забрана за вршење на меѓународен превоз, адвокатот Алиспахиќ наведе дека смета дека казната е превисоко одмерена.
Ако направиме една компарација во делот на другите изречени судски одлуки и судски пресуди од ваков вид, иако е казната предвидена од една до пет години како казна затвор, сметам дека во конкретнава ситуација е превисоко одмерена, не само во делот на постоење на кривично дело, рече тој.
Дополни дека теоријата на одбраната ќе биде презентирана и пред повисоките судови.
Според одбраната во конкретниот кривично правен предмет, не само што не може да опстане ова кривично дело, туку не требаше ниту обвинетиот, Беким Хаџиу, и правното лице да бидат обвинети. Но, секако, се водеше постапката. Непрвосилна е преусдата. Страните имаат право на жалба и ќе ги очекуваме одлуките од нив, рече тој.
Според адвокатот Асмир Алиспахиќ, за да се исполни битието на кривичното длео „фалсификување на исправа“, овен доказен материјал, потребен е и вешт наод.
Во мојот завршен збор тоа го анализирав и од теоретски, и од компаративна судска пракса, каде што основниот елемент за ова кривично дело е постоење на изработена лажна исправа и употребена како вистинска. Во конкретнава ситуација ниту е изработена, ниту е употребена, а ниту постои. Така што, јас сум убеден, како правник и како адвокат на Хаџиу, дека оваа пресуда не може да опстане онака како што е изречена во конкретнава ситуација, посочи тој.
Обвинителот Владимир Милошевски посочи дека ќе чекаат да биде изготвена писмената одлука на Судот, за да видат што би преземале понатаму,
Повеќе не би сакал да ја коментирам одлуката на Судот, единствено тоа што судот го прифати во целост обвинението онакво какво што беше и ги огласи виновни обвинетиот и обвинетото правно лице, рече тој.
Неговите аргументи беа дека Министерството за транспорт и врски воопшто не издало извод од лиценца за конкретниот автобус, ниту било поднесено барање, ниту била издадена.
Тоа значи дека автобусот како што е напишано во обвинението, како што и Судот денеска при објава на пресудата кажа, покажувал пред надворешните управни органи извод од лиценца, а таков, за тој автобус, воопшто не бил издаден од надлежниот орган, рече обвинителот.
И адвокатот Алиспахиќ и обвинителот Милошевски, потсетија дека овој процес не се однесува на автобуската несреќа што се случи со конкретнитот автобус во Бугарија. Судијата Ивица Стефановски, кој денеска ја објави пресудата во Основен Кривичен суд Скопје, наведе дека обвинетите Беким Хаџиу и правното лице „Беса Транс БТБ ДООЕЛ Скопје“ се виновни затоа што обвинетиот, како управител на правно лице „Беса Транс БТБ ДООЕЛ Скопје“ во повеќе наврати употребил како вистинска лажна јавна исправа, извод од лиценца за вршење на јавен превоз во меѓународниот патен сообраќај, која што воопшто не била издадена од страна на Министерство за транспорт и врски за тој автобус. Во ноември 2021 година на автопатот „Струма“, во Бугарија во автобуска несреќа на автобус на туристичката агенција „Беса транс“ загинаа 45 лица. За несреќата истрага се водеше во Бугарија. Истрагата е завршена, а според истражните органи во Бугарија главна причина е човечка грешка. Автобусот најпрво удрил во банкина, а потоа се запалил. Согласно вештачењето, возачот во моментот на ударот возел со 108 километри на час, на место каде максимална дозволена брзина била 90 километри на час. Како што се наведува во анализите на инспекторите, пламените јазици автобусот го зафатиле за неколку минути. По несреќата, македонските истражни органи отворија истрага, но само за работењето на правното лице „Беса транс“.

The post Одбраната на „Беса транс“ смета дека казната е превисока appeared first on Република.

]]>
Година и осум месеци затвор за сопственикот на „Беса транс“, само меѓународна забрана за возење на превозникот https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/godina-i-osum-mesetsi-zatvor-za-sopstvenikot-na-besa-trans-samo-megunarodna-zabrana-za-vozene-na-prevoznikot/ Thu, 07 Mar 2024 09:07:32 +0000 https://republika.mk/?p=752123

Една година и осум месеци казна затвор за сопственикот на „Беса Транс“, Беким Хаџиу, и парична казна од 800 000 денари, како и четиригодишна забрана за вршење на меѓународен превоз на правното лице е епилогот од судењето за случајот што се однесуваше на продолжено кривично дело „фалсификување на исправа“.

Судијата Ивица Стефановски, кој денеска ја објави пресудата во Основен Кривичен суд Скопје, наведе дека обвинетите Беким Хаџиу и правното лице „Беса Транс БТБ ДООЕЛ Скопје“ се виновни затоа што обвинетиот, како управител на правно лице „Беса Транс БТБ ДООЕЛ Скопје“ во повеќе наврати употребил како вистинска лажна јавна исправа, извод од лиценца за вршење на јавен превоз во меѓународниот патен сообраќај, која што воопшто не била издадена од страна на Министерство за транспорт и врски за тој автобус.

Според обвинителниот акт, обвинетиот Беким Хаџиу, како управител на правното лице „Беса Транс БТБ ДООЕЛ Скопје“ од Рашче, искористувајќи ист траен однос, исти прилики и слични околности, преку возачите кои управувале автобус во сопственост на фирмата, извршил повеќе временски поврзани дејствија и употребувал како вистинска лажна јавна исправа - Извод од лиценца за вршење на јавен превоз во меѓународниот патен сообраќај.

Процесот го води судијата Ивица Стефановски, а застапник на обвинението е обвинителот Владимир Милошевски.

The post Година и осум месеци затвор за сопственикот на „Беса транс“, само меѓународна забрана за возење на превозникот appeared first on Република.

]]>

Една година и осум месеци казна затвор за сопственикот на „Беса Транс“, Беким Хаџиу, и парична казна од 800 000 денари, како и четиригодишна забрана за вршење на меѓународен превоз на правното лице е епилогот од судењето за случајот што се однесуваше на продолжено кривично дело „фалсификување на исправа“. Судијата Ивица Стефановски, кој денеска ја објави пресудата во Основен Кривичен суд Скопје, наведе дека обвинетите Беким Хаџиу и правното лице „Беса Транс БТБ ДООЕЛ Скопје“ се виновни затоа што обвинетиот, како управител на правно лице „Беса Транс БТБ ДООЕЛ Скопје“ во повеќе наврати употребил како вистинска лажна јавна исправа, извод од лиценца за вршење на јавен превоз во меѓународниот патен сообраќај, која што воопшто не била издадена од страна на Министерство за транспорт и врски за тој автобус. Според обвинителниот акт, обвинетиот Беким Хаџиу, како управител на правното лице „Беса Транс БТБ ДООЕЛ Скопје“ од Рашче, искористувајќи ист траен однос, исти прилики и слични околности, преку возачите кои управувале автобус во сопственост на фирмата, извршил повеќе временски поврзани дејствија и употребувал како вистинска лажна јавна исправа - Извод од лиценца за вршење на јавен превоз во меѓународниот патен сообраќај. Процесот го води судијата Ивица Стефановски, а застапник на обвинението е обвинителот Владимир Милошевски.

The post Година и осум месеци затвор за сопственикот на „Беса транс“, само меѓународна забрана за возење на превозникот appeared first on Република.

]]>
Сопственикот на „Беса Транс“ не се чувствува виновен https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/sopstvenikot-na-besa-trans-ne-se-chuvstvuva-vinoven/ Tue, 15 Nov 2022 13:33:00 +0000 https://republika.mk/?p=574082

Обвинетиот Беким Хаџиу, сопственик и управител на „Беса Tранс“, во Основниот кривичен суд Скопје денеска изјави дека не се чувствува за виновен за „фалсификување исправа“. Застапникот на правното лице „Беса Транс“, Шабан Хоџа, исто така, изјави дека не се чувствува виновен за истото дело кое му се става на товар.

Откако јавниот обвинител го прочита Обвинителниот предлог во кој стои дека обвинетиот 41-годишник, Беким Хаџиу, како управител на правното лице „Беса Транс БТБ“ од Рашче, искористувајќи ист траен однос, исти прилики и слични околности, преку возачите кои управувале автобус во сопственост на фирмата, извршил повеќе временски поврзани дејствија и употребувал како вистинска лажна јавна исправа Извод од лиценца за вршење на јавен превоз во меѓународниот патен сообраќај.

Ваквата лиценца за наведениот автобус воопшто не била издадена од Министерството за транспорт и врски, а управителот изготвената лажна јавна исправа им ја давал на возачите кои го управувале автобусот и со неа тие ја преминувале државната граница. Во текот на постапката, надлежниот јавен обвинител обезбеди докази дека во периодот од 10.01.2021 до 21.11.2021 година автобусот на тој начин 20 пати ја преминал државната граница на различни гранични премини, се наведува во обвинителниот предлог.

На денешното рочиште сведочеше претставник на Министерство за транспорт и врски, Драганче Јовев, кој зборуваше за лиценците и изводите од лиценци кои што министерството ги издало на „Беса Транс БТБ“.

На прашање од обвинителот, дали од страна на Министерството за транспорт и врски на правниот субјект Беса Транс му е издадена лиценца за вршење на јавен превоз во меѓународниот патен сообраќај, тој одговори дека врз основа на евиденцијата за лиценцирани превозници, кои вршат јавен превоз за патници, министерството има издадено лиценца за вршење меѓународен слободен превоз на патници со број 007017, со важност од 8.8.2018 до 8.8.2022 година.

Прашан дали врз основа на оваа лиценца, министерството издава извод за лиценца за секое од возилата одделно, тој одговори да.

Да, врз основа на оваа лиценца за вршење меѓународен слободен превоз на патници министерството издава изводи од лиценца за секое од возилата за кои што превозникот има доставено копија од сообраќајни дозволи во самото барање за издавање на лиценца на меѓународен слободен превоз на патници, при што согласно евиденцијата имаме издадено изводи за лиценци за следните возила СК 4436 АИ, СК 8004 АН, СК 0886 АК, СК 8583 АП и СК 0583 АР, значи имаме издадено лиценца за пет возила на име на превозникот Беса Транс БТБ, рече тој.

На прашање дали дополнително имаат издадено извод од лиценца за вршење на јавен превоз во меѓународниот патен сообраќај за возило со регистерска ознака СК 0284 БА, тој одговори дека согласно евиденцијата за ова возило нема издадено извод од лиценца за вршење меѓународен слободен превоз на патници во меѓународниот патен сообраќај ниту за друг вид на превоз.

Асмир Алиспахиќ, бранителот на обвинетиот, потоа пристапи кон вкрстено испрашување во кое подробно го испрашуваше сведокот околу издадените лиценци и изводи од лиценци.

Прашан дали со самото издавање на лиценцата се евидентираат и возилата, тој одговори да.

Да, веќе споменав на почетокот, во процедурата за добивање на лиценца за вршење на меѓународен слободен превоз на патници една од документацијата е достава на сообраќајни дозволи кои што ги поседува превозникот за возилата за кои што превозникот поднесува барање, рече тој.

Прашан дали може да заклучиме дека изводот од лиценца број 22679 постои во евиденцијата на министерството како издадена лиценца за второбвинетото правно лице „Беса Транс БТБ“, тој одговори дека постои за вршење на посебен линиски превоз на патници во внатрешниот патеn сообраќај.

Прашан дали е запознаени кога „Беса Транс БТБ“ станала сопственик на возилото СК 0284 БА, тој одговори дека Министерството за транспорт и врски не е запознаено кога правното лице станалo сопственик на наведеното возило.

Но, сакам да појаснам зошто, затоа што кое било правно лице кое поседува лиценца за вршење јавен превоз на патници е должно согласно Законот за превоз да нè известува за секоја настаната промена веднаш, а најдоцна во рок од 15 дена, треба да не извести за секој вид на промена вклучувајќи и купување и продавање на возила, рече тој.

Бранителот потоа праша дали можеме ли да заклучиме дека од сите претходни одговори во поглед на наведените лиценци, министерството ги има физички издадено истите и ги поседува кај нив во оригинал, сведокот одговори дека по однос на ова прашање, министерството ниту за правното лице „Беса Транс БТБ, ниту за кое било друго правно лице за кое што има издадено лиценца и изводи од лиценца за возилото не ги поседува лиценците и изводите од лиценца во оригинал.

Oригиналот се издава на барателот, рече тој.

Процесот го води судијата Ивица Стефановски, застапник на обвинението е јавниот обвинител Владимир Милошевски.

Судењето продолжува на 23 декември.

The post Сопственикот на „Беса Транс“ не се чувствува виновен appeared first on Република.

]]>

Обвинетиот Беким Хаџиу, сопственик и управител на „Беса Tранс“, во Основниот кривичен суд Скопје денеска изјави дека не се чувствува за виновен за „фалсификување исправа“. Застапникот на правното лице „Беса Транс“, Шабан Хоџа, исто така, изјави дека не се чувствува виновен за истото дело кое му се става на товар. Откако јавниот обвинител го прочита Обвинителниот предлог во кој стои дека обвинетиот 41-годишник, Беким Хаџиу, како управител на правното лице „Беса Транс БТБ“ од Рашче, искористувајќи ист траен однос, исти прилики и слични околности, преку возачите кои управувале автобус во сопственост на фирмата, извршил повеќе временски поврзани дејствија и употребувал како вистинска лажна јавна исправа Извод од лиценца за вршење на јавен превоз во меѓународниот патен сообраќај.
Ваквата лиценца за наведениот автобус воопшто не била издадена од Министерството за транспорт и врски, а управителот изготвената лажна јавна исправа им ја давал на возачите кои го управувале автобусот и со неа тие ја преминувале државната граница. Во текот на постапката, надлежниот јавен обвинител обезбеди докази дека во периодот од 10.01.2021 до 21.11.2021 година автобусот на тој начин 20 пати ја преминал државната граница на различни гранични премини, се наведува во обвинителниот предлог.
На денешното рочиште сведочеше претставник на Министерство за транспорт и врски, Драганче Јовев, кој зборуваше за лиценците и изводите од лиценци кои што министерството ги издало на „Беса Транс БТБ“. На прашање од обвинителот, дали од страна на Министерството за транспорт и врски на правниот субјект Беса Транс му е издадена лиценца за вршење на јавен превоз во меѓународниот патен сообраќај, тој одговори дека врз основа на евиденцијата за лиценцирани превозници, кои вршат јавен превоз за патници, министерството има издадено лиценца за вршење меѓународен слободен превоз на патници со број 007017, со важност од 8.8.2018 до 8.8.2022 година. Прашан дали врз основа на оваа лиценца, министерството издава извод за лиценца за секое од возилата одделно, тој одговори да.
Да, врз основа на оваа лиценца за вршење меѓународен слободен превоз на патници министерството издава изводи од лиценца за секое од возилата за кои што превозникот има доставено копија од сообраќајни дозволи во самото барање за издавање на лиценца на меѓународен слободен превоз на патници, при што согласно евиденцијата имаме издадено изводи за лиценци за следните возила СК 4436 АИ, СК 8004 АН, СК 0886 АК, СК 8583 АП и СК 0583 АР, значи имаме издадено лиценца за пет возила на име на превозникот Беса Транс БТБ, рече тој.
На прашање дали дополнително имаат издадено извод од лиценца за вршење на јавен превоз во меѓународниот патен сообраќај за возило со регистерска ознака СК 0284 БА, тој одговори дека согласно евиденцијата за ова возило нема издадено извод од лиценца за вршење меѓународен слободен превоз на патници во меѓународниот патен сообраќај ниту за друг вид на превоз. Асмир Алиспахиќ, бранителот на обвинетиот, потоа пристапи кон вкрстено испрашување во кое подробно го испрашуваше сведокот околу издадените лиценци и изводи од лиценци. Прашан дали со самото издавање на лиценцата се евидентираат и возилата, тој одговори да.
Да, веќе споменав на почетокот, во процедурата за добивање на лиценца за вршење на меѓународен слободен превоз на патници една од документацијата е достава на сообраќајни дозволи кои што ги поседува превозникот за возилата за кои што превозникот поднесува барање, рече тој.
Прашан дали може да заклучиме дека изводот од лиценца број 22679 постои во евиденцијата на министерството како издадена лиценца за второбвинетото правно лице „Беса Транс БТБ“, тој одговори дека постои за вршење на посебен линиски превоз на патници во внатрешниот патеn сообраќај. Прашан дали е запознаени кога „Беса Транс БТБ“ станала сопственик на возилото СК 0284 БА, тој одговори дека Министерството за транспорт и врски не е запознаено кога правното лице станалo сопственик на наведеното возило.
Но, сакам да појаснам зошто, затоа што кое било правно лице кое поседува лиценца за вршење јавен превоз на патници е должно согласно Законот за превоз да нè известува за секоја настаната промена веднаш, а најдоцна во рок од 15 дена, треба да не извести за секој вид на промена вклучувајќи и купување и продавање на возила, рече тој.
Бранителот потоа праша дали можеме ли да заклучиме дека од сите претходни одговори во поглед на наведените лиценци, министерството ги има физички издадено истите и ги поседува кај нив во оригинал, сведокот одговори дека по однос на ова прашање, министерството ниту за правното лице „Беса Транс БТБ, ниту за кое било друго правно лице за кое што има издадено лиценца и изводи од лиценца за возилото не ги поседува лиценците и изводите од лиценца во оригинал.
Oригиналот се издава на барателот, рече тој.
Процесот го води судијата Ивица Стефановски, застапник на обвинението е јавниот обвинител Владимир Милошевски. Судењето продолжува на 23 декември.

The post Сопственикот на „Беса Транс“ не се чувствува виновен appeared first on Република.

]]>
Сопственикот на „Беса транс“ Беким Хаџиу сака да соработува за да се утврдат причините за несреќата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sopstvenikot-na-besa-trans-bekim-hadziu-saka-da-sorabotuva-za-da-se-utvrdat-prichinite-za-nesrekjata/ Sun, 30 Jan 2022 09:07:31 +0000 https://republika.mk/?p=451441

Сопственикот на Беса транс Беким Хаџиу е достапен за Обвинителството и сака да соработува со надлежните органи за да се утврдат причините и околностите кои доведоа до оваа сообраќајна несреќа, вели државниот обинител љубомир Јовески во интервју за РСЕ. Тој објаснува дека семејствата на загинатите патници можат да поднесат жалба до бугарското обвинителство и да побараат да ги разгледаат списите во случајот „Беса транс“.

Бугарската национална истражна служба утврди дека за автобуската несреќа во Бугарија одговорен е возачот на „Беса транс“ бидејќи возел со брзина над дозволената.

Македонското обвинителство отвори паралелна постапка и тука во Република Македонија.

Во оваа постапка издадени се повеќе наредби од страна на јавниот обвинител кој постапува по предметот и тоа до Министерството за внатрешни работи, до Царинската управа, потоа до Управата за јавни приходи, до Централниот регистер, Бирото за вработување, со намера целосно да го согледа работењето на фирмата којашто го организирала оваа патување и го вршела превозот, а особено во делот како автобусот ги поминувал границите на Република Македонија и границите на соседните земји во делот на техничката исправност на овој автобус и неговата регистрација и лиценци и други околности кои се од значење за донесување на јавно-обвинителска одлука, информира Јовески.

The post Сопственикот на „Беса транс“ Беким Хаџиу сака да соработува за да се утврдат причините за несреќата appeared first on Република.

]]>

Сопственикот на Беса транс Беким Хаџиу е достапен за Обвинителството и сака да соработува со надлежните органи за да се утврдат причините и околностите кои доведоа до оваа сообраќајна несреќа, вели државниот обинител љубомир Јовески во интервју за РСЕ. Тој објаснува дека семејствата на загинатите патници можат да поднесат жалба до бугарското обвинителство и да побараат да ги разгледаат списите во случајот „Беса транс“. Бугарската национална истражна служба утврди дека за автобуската несреќа во Бугарија одговорен е возачот на „Беса транс“ бидејќи возел со брзина над дозволената. Македонското обвинителство отвори паралелна постапка и тука во Република Македонија.