Бејли Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bejli/ За подобро да се разбереме Fri, 09 Jun 2023 07:58:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Бејли Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bejli/ 32 32 Бејли: Уставните измени се решение за ЕУ, САД ќе бидат разочарани ако има друго вето https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/bejli-ustavnite-izmeni-se-reshenie-za-eu-sad-ke-bidat-razocharani-ako-ima-drugo-veto/ Fri, 09 Jun 2023 07:58:39 +0000 https://republika.mk/?p=649458

Поранешниот амбасадор на САД во Скопје Џес Бејли вели дека уставните измени се јасно решение за бугарското вето, но оти ќе биде разочарување ако има ново вето понатаму што ќе го закочи патот кон Европската Унија. Бејли, во интервју за Гласот на Америка на македонски, истакна дека е оптимист оти земјата ќе влезе во ЕУ, но дека не може да каже кога тоа ќе се случи.

Мислам дека САД би биле разочарани ако се случат натамошни постапки од ваква природа. Додека поминувате низ процесот и отворате поглавја, одредени земји ќе сакаат да се уверат дека самите критериуми се исполнети, така што ќе има и други прашања на патот. И затоа мислам дека е важно секое прашање да не се гледа како нелегитимно прашање меѓу земјите-членки, бидејќи тоа е дел од процесот. Тоа ќе биде долг процес да се помине низ некои од тие поглавја, особено за владеењето на правото. Земјата ќе биде под голем надзор, тоа е јасно, како и Албанија и другите. Но, мислам дека сум оптимист. Мислам дека луѓето ќе видат дека ова ќе се случи. Но, не можам да кажам кога, изјави Бејли.

Тој вели дека и Преспанскиот договор, како уставните измени сега, бил критикуван на почетокот, но дека веќе никој не го спори позитивниот исход од него.

Следната недела, на 17 јуни, се одбележуваат пет години од потпишувањето на Преспанскиот договор, со кој државата го промени името во Македонија, а следната година стана членка на НАТО.

За жал, сега го имате ова бугарско вето за придвижување на процесот напред. Има јасно решение изнесено таму. Тоа решение не им се допаѓа на сите. Но, мислам дека пет години отсега со спроведување на уставните измени, пет години во иднина, луѓето ќе увидат дека тоа е позитивен чекор за земјата. Сфаќам дека многу луѓе се противат и сочувствувам со фрустрацијата на луѓето поради тоа, вели Бејли.

На прашањето дали Преспанскиот договор разочара во однос на европската перспектива, тој посочи дека целта на Преспа првенствено беше за решевање на проблемот со Грција и нејзината блокада конкретно повеќе за во НАТО.

Но, очигледно, тој беше дизајниран да го постави патот кон ЕУ. Вие сте во ситуација која е тешка. Тоа е фрустрирачки. Но, мислам дека ако земјата продолжи по својот стратешки пат, колку и да е тоа тежок, таму има подобра иднина. Мислам дека е важно да се задржи таа поширока визија, како што разгледувате некои краткорочни прашања кои можеби изгледаат многу тешки, но на крајот, како и со многу одлуки во животот, кога ќе ја направите таа одлука, се покажува дека сепак не била толку лоша, смета Бејли.

Тој вели дека уставните измени ќе ја засилат позицијата на државата, а проблем на Бугарија е тоа што не го признава македонското малцинство и покрај пресудите на Судот во Стразбур.

Тие имаат свој систем. Јас не гледам зошто некој не би препознал група во земјата. Не знам. Секоја земја има различни начини да го прави тоа. Македонија е многу инклузивна земја во тој поглед, и отсекогаш била, и мислам дека уставниот амандман предложен во моментов само го зголемува тоа, така што ако Бугарија одлучи да не го прави тоа, добро, тоа е нејзин проблем, вели поранешниот американски амбасадор во Скопје.

Според него, ако државата сега не ги почне преговорите, не е јасно колку долго дополнително ќе биде одложено пристапувањето во ЕУ.

Тензиите меѓу Косово и Србија се причина за загриженост и можат да разгорат безбедносни проблеми, смета Бејли, но членството на Македонија во НАТО „ја прави таа ситуација да не биде толку акутна како што можеше да биде инаку“.

 На крајот, кога ќе погледнам пет години наназад, Преспа ми изгледа како добар договор. Македонија е во НАТО како што беше предвидено откако го реши проблемот, нејзините односи со Грција се значително подобри, вклучително и во важни области како што е енергијата, а сега Македонија е опкружена со соседи, кои се нејзини цврсти сојузници во безбедносната алијанса. Тоа е многу поинаква ситуација од онаа што ја имавте во 2018 година, изјави за ВОА Џес Бејли.

The post Бејли: Уставните измени се решение за ЕУ, САД ќе бидат разочарани ако има друго вето appeared first on Република.

]]>

Поранешниот амбасадор на САД во Скопје Џес Бејли вели дека уставните измени се јасно решение за бугарското вето, но оти ќе биде разочарување ако има ново вето понатаму што ќе го закочи патот кон Европската Унија. Бејли, во интервју за Гласот на Америка на македонски, истакна дека е оптимист оти земјата ќе влезе во ЕУ, но дека не може да каже кога тоа ќе се случи.
Мислам дека САД би биле разочарани ако се случат натамошни постапки од ваква природа. Додека поминувате низ процесот и отворате поглавја, одредени земји ќе сакаат да се уверат дека самите критериуми се исполнети, така што ќе има и други прашања на патот. И затоа мислам дека е важно секое прашање да не се гледа како нелегитимно прашање меѓу земјите-членки, бидејќи тоа е дел од процесот. Тоа ќе биде долг процес да се помине низ некои од тие поглавја, особено за владеењето на правото. Земјата ќе биде под голем надзор, тоа е јасно, како и Албанија и другите. Но, мислам дека сум оптимист. Мислам дека луѓето ќе видат дека ова ќе се случи. Но, не можам да кажам кога, изјави Бејли.
Тој вели дека и Преспанскиот договор, како уставните измени сега, бил критикуван на почетокот, но дека веќе никој не го спори позитивниот исход од него. Следната недела, на 17 јуни, се одбележуваат пет години од потпишувањето на Преспанскиот договор, со кој државата го промени името во Македонија, а следната година стана членка на НАТО.
За жал, сега го имате ова бугарско вето за придвижување на процесот напред. Има јасно решение изнесено таму. Тоа решение не им се допаѓа на сите. Но, мислам дека пет години отсега со спроведување на уставните измени, пет години во иднина, луѓето ќе увидат дека тоа е позитивен чекор за земјата. Сфаќам дека многу луѓе се противат и сочувствувам со фрустрацијата на луѓето поради тоа, вели Бејли.
На прашањето дали Преспанскиот договор разочара во однос на европската перспектива, тој посочи дека целта на Преспа првенствено беше за решевање на проблемот со Грција и нејзината блокада конкретно повеќе за во НАТО.
Но, очигледно, тој беше дизајниран да го постави патот кон ЕУ. Вие сте во ситуација која е тешка. Тоа е фрустрирачки. Но, мислам дека ако земјата продолжи по својот стратешки пат, колку и да е тоа тежок, таму има подобра иднина. Мислам дека е важно да се задржи таа поширока визија, како што разгледувате некои краткорочни прашања кои можеби изгледаат многу тешки, но на крајот, како и со многу одлуки во животот, кога ќе ја направите таа одлука, се покажува дека сепак не била толку лоша, смета Бејли.
Тој вели дека уставните измени ќе ја засилат позицијата на државата, а проблем на Бугарија е тоа што не го признава македонското малцинство и покрај пресудите на Судот во Стразбур.
Тие имаат свој систем. Јас не гледам зошто некој не би препознал група во земјата. Не знам. Секоја земја има различни начини да го прави тоа. Македонија е многу инклузивна земја во тој поглед, и отсекогаш била, и мислам дека уставниот амандман предложен во моментов само го зголемува тоа, така што ако Бугарија одлучи да не го прави тоа, добро, тоа е нејзин проблем, вели поранешниот американски амбасадор во Скопје.
Според него, ако државата сега не ги почне преговорите, не е јасно колку долго дополнително ќе биде одложено пристапувањето во ЕУ. Тензиите меѓу Косово и Србија се причина за загриженост и можат да разгорат безбедносни проблеми, смета Бејли, но членството на Македонија во НАТО „ја прави таа ситуација да не биде толку акутна како што можеше да биде инаку“.