Бехтел и Енке Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/behtel-i-enke/ За подобро да се разбереме Tue, 05 Mar 2024 16:18:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Бехтел и Енке Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/behtel-i-enke/ 32 32 ДЗСИ: Затворена амбулантата на „Бехтел и Енка“ во Гостивар, без лиценца ги лекувала работниците https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dzsi-zatvorena-ambulantata-na-behtel-i-enka-vo-gostivar-bez-litsentsa-gi-lekuvala-rabotnitsite/ Tue, 05 Mar 2024 16:16:55 +0000 https://republika.mk/?p=751608

Амбулантата во сопственост на Бехтел и Енка е затворена по вонреден инспекциски надзор на Здравствениот санитарен инспекторат. При увидот било констатирано дека поликлиниката „Санте плус 2“ без лиценца им дава медицински услуги на работниците на „Бехтел и Енка“.

Од Државниот санитарен и здравствен инспекторат велат дека на 28 февруари годинава извршиле вонреден инспекциски надзор при што биле констатирани нерегуларности.

„Врз основа на констатираната состојба, Државниот санитарен и здравствен инспекторат издаде решение за забрана за вршење на здравствена дејност на ПЗУ Санте Плус 2 – поликлиника на примарно ниво, во просторијата лоцирана на ул. Илинденска бб во Гостивар, бидејки нема Решение за дозвола за вршење на здравствена дејност издадена од Министерство за здравство.Во моментот на надзорот затекната е медицинска опрема, лекови, потрошен медицински материјал и медицински отпад од извршени медицински интервенции ( инфузии, шприцеви...).“ - велат од ДЗСИ

Од Државниот санитарен и здравствен инспекторат појаснуваат дека директорката на Санте Плус била повикана да ја достави документацијата до инспекторите, но таа не се појавила.

Од Санте Плус 2 тврдат дека амбулантата воопшто и не постоела но и тврдат дека не би работеле на штета на било кој.

“Можеме да ви потврдиме дека Санте Плус нема отворенo подружница во Гостивар, па од тука не може да биде затворено нешто што не е отворено. Оваа фама е нечија игра за која се известени надлежните институции.” - велат од Санте Плус 2.

Бехтел и Енка е американско-турски конзорциум кој гради дел од автопатиштата во Македонија долж коридорите 8 и 10Д, за овој конзорциум се плетата низа скандали во директна корелација со Владата на Македонија. Пред десет месеци Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција отвори предмет по допрен глас за набавката на преговарач и надзор за изведбата на автопатските делници од коридорите 8 и 10-д, за кои веќе беше одлучено да ги гради „Бехтел и Енка“.

Обвинителот, Ислам Абази пред некој ден на брифинг со новинарите кратко рече дека како обвинителство постапуваат во врска со предметот за надзорот над „Бехтел и Енка“.

Извор: ТВ24

The post ДЗСИ: Затворена амбулантата на „Бехтел и Енка“ во Гостивар, без лиценца ги лекувала работниците appeared first on Република.

]]>

Амбулантата во сопственост на Бехтел и Енка е затворена по вонреден инспекциски надзор на Здравствениот санитарен инспекторат. При увидот било констатирано дека поликлиниката „Санте плус 2“ без лиценца им дава медицински услуги на работниците на „Бехтел и Енка“. Од Државниот санитарен и здравствен инспекторат велат дека на 28 февруари годинава извршиле вонреден инспекциски надзор при што биле констатирани нерегуларности.
„Врз основа на констатираната состојба, Државниот санитарен и здравствен инспекторат издаде решение за забрана за вршење на здравствена дејност на ПЗУ Санте Плус 2 – поликлиника на примарно ниво, во просторијата лоцирана на ул. Илинденска бб во Гостивар, бидејки нема Решение за дозвола за вршење на здравствена дејност издадена од Министерство за здравство.Во моментот на надзорот затекната е медицинска опрема, лекови, потрошен медицински материјал и медицински отпад од извршени медицински интервенции ( инфузии, шприцеви...).“ - велат од ДЗСИ
Од Државниот санитарен и здравствен инспекторат појаснуваат дека директорката на Санте Плус била повикана да ја достави документацијата до инспекторите, но таа не се појавила. Од Санте Плус 2 тврдат дека амбулантата воопшто и не постоела но и тврдат дека не би работеле на штета на било кој.
“Можеме да ви потврдиме дека Санте Плус нема отворенo подружница во Гостивар, па од тука не може да биде затворено нешто што не е отворено. Оваа фама е нечија игра за која се известени надлежните институции.” - велат од Санте Плус 2.
Бехтел и Енка е американско-турски конзорциум кој гради дел од автопатиштата во Македонија долж коридорите 8 и 10Д, за овој конзорциум се плетата низа скандали во директна корелација со Владата на Македонија. Пред десет месеци Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција отвори предмет по допрен глас за набавката на преговарач и надзор за изведбата на автопатските делници од коридорите 8 и 10-д, за кои веќе беше одлучено да ги гради „Бехтел и Енка“. Обвинителот, Ислам Абази пред некој ден на брифинг со новинарите кратко рече дека како обвинителство постапуваат во врска со предметот за надзорот над „Бехтел и Енка“.
Извор: ТВ24

The post ДЗСИ: Затворена амбулантата на „Бехтел и Енка“ во Гостивар, без лиценца ги лекувала работниците appeared first on Република.

]]>
Муцунски: Владата како со прифаќањето на францускиот предлог така и со договорот со Бехтел и Енка презема обврски кои не зависат од нејзе https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mutsunski-vladata-kako-so-prifakaneto-na-frantsuskiot-predlog-taka-i-so-dogovorot-so-behtel-i-enka-prezema-obvrski-koi-ne-zavisat-od-nejze/ Wed, 26 Apr 2023 20:58:57 +0000 https://republika.mk/?p=634426

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски во гостување во емисијата „Интервју во Шења“ на ТВ Шења зборувајќи за уставните измени, истакна дека Владата и овој процес со прифаќањето на францускиот предлог постапила слично како со договорот со Бехтел и Енка, бидејќи презема обврски на штета на државата без да консултира никого.

„Не е различна и оваа ситуација од ситуацијата со договорот со Бехтел и Енка, затоа што и во овој случај Владата има преземено обврски кои што не зависат од нејзе. Владата има преземено обврска за уставна промена“ ,истакна Муцунски и додаде дека ВМРО-ДПМНЕ како политички субјект кога доби одредени информации дека има активен процес на преговори со тогашното претседателство на ЕУ со Македонија и Бугарија се понуди да биде дел од овој процес за да се изнајде прифатливо решение за сите политички партии, но Владата немаше слух за такво нешто и постигна компромис кој отвора дополнителни проблеми.

„Ние како политички субјект кога имавме одредени информации преку наши контакти и канали со главните градови на Европската унија дека има активен процес на преговори со тогашното претседателство на ЕУ и Македонија и Бугарија, се понудивме и рековме дајте сите заеднички да бидеме дел од овој процес и да најдеме решение кое што ќе биде заеднички прифатливо за парламентарните партии. Сепак ВМРО-ДПМНЕ е политичката партија која во ова Собрание ја има најголемата пратеничка група и се понудивме, сакавме да бидеме дел од решението, но бевме тотално игнорирани и тргнати на страна. Се постигна компромис кој што за нас е неприфатлив, не е рационален и отвора дополнителни проблеми и потоа се очекува дека ние ќе дадеме бланко поддршка“, потенцираше Муцунски и додаде:

„Се навраќаме за Бехтел и Енка. Владата презема обврски коишто не може да ги реализира и потоа кога преземаат обврски што не можат да ги реализираат тие создаваат во случајот на Бехтел и Енка финансиска штета, а во случајот на овој таканаречен предлог кој што произлезе од француското претседателство во моментов создава политичка штета“.

The post Муцунски: Владата како со прифаќањето на францускиот предлог така и со договорот со Бехтел и Енка презема обврски кои не зависат од нејзе appeared first on Република.

Стоилковски: Владата се обврзала на пенали од 53 милиони за овој месец и вкупно 196 милиони само по основ 60 часа работна недела https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/stoilkovski-vladata-se-obvrzala-na-penali-od-53-milioni-za-ovoj-mesets-i-vkupno-196-milioni-samo-po-osnov-60-chasa-rabotna-nedela/ Mon, 24 Apr 2023 09:52:30 +0000 https://republika.mk/?p=633496

Владата денеска мора да објасни зошто се обврзала на пенали од 53 милиони евра за овој месец и вкупно 196 милиони евра за пенали само по основ промена на законот и воведување 60 часа работна недела. Владата денеска мора да објави кога и кој ден ќе ги исплати 53 милиони евра дополнителни пенали или трошоци, затоа што не го исполни условот, промена на законот за 60 часа работна недела? Владата да го објасни напишаното на страницата 427 од договорот потпишан на 8 март тоа е оваа страница што веќе излезе во медиумите, порачува портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

Па, да одговорат, или да ја покажат соодветната страница од Договорот, дали доколку тоа не е исполнето во рок 45 дена од потпишувањето (на 8 март) односно последната дата:

1. Рокот за завршување на проектот и секоја фаза поединечно ќе биде продолжен за најмалку 6 месеци;

2. А) Дополнителни 53 милиони евра, еднократно да се додадат на месечната транша, и тоа во рок од 14 дена од последната дата односно 45 дена од потпишувањето.

Б) Дополнителни 1 милион 265 илјади да се плаќаат секој месец до крај на проектот, како Индиректни трошоци, кои инаку се договорени на под 3 милиони; и

В) Дополнителни 900.000 евра да плаќаат секој месец додека не се исполни условот, односно не се смени законот за 60 часа работна недела.

Владата мора денеска да излезе во јавност и да каже, дали наведеното стои во договорот. Дали ова го пишува на страницата 427 од договорот?

83,5 милиони евра треба да се платат повеќе, за 5 години и најмалку 6 месеци одложување на проектот.

Со еднократната од 53 милиони сега, цената вкупна расте за 136,5 милиони евра.

На тоа ако не се смени законот за 60 часа неделна работа, уште 59.4 милиони евра, значи вкупно најмалку 196 милиони евра дополнително ќе треба да се платат во следните 5 години само и само по прифаќањето на еден услов – 60 часа работна недела!

Почитувани, за ова Артан Груби и неговиот аѓутант, Димитар Ковачевски мора да сносат одговорност. Ова е класична злоупотреба на функција и наштетување на буџет. Ова дело не застарува, а миленикот на ДУИ нема вечно да е Јавен обвинител за организиран криминал- истакна Стоилковски.

The post Стоилковски: Владата се обврзала на пенали од 53 милиони за овој месец и вкупно 196 милиони само по основ 60 часа работна недела appeared first on Република.

]]>

Владата денеска мора да објасни зошто се обврзала на пенали од 53 милиони евра за овој месец и вкупно 196 милиони евра за пенали само по основ промена на законот и воведување 60 часа работна недела. Владата денеска мора да објави кога и кој ден ќе ги исплати 53 милиони евра дополнителни пенали или трошоци, затоа што не го исполни условот, промена на законот за 60 часа работна недела? Владата да го објасни напишаното на страницата 427 од договорот потпишан на 8 март тоа е оваа страница што веќе излезе во медиумите, порачува портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски. Па, да одговорат, или да ја покажат соодветната страница од Договорот, дали доколку тоа не е исполнето во рок 45 дена од потпишувањето (на 8 март) односно последната дата: 1. Рокот за завршување на проектот и секоја фаза поединечно ќе биде продолжен за најмалку 6 месеци; 2. А) Дополнителни 53 милиони евра, еднократно да се додадат на месечната транша, и тоа во рок од 14 дена од последната дата односно 45 дена од потпишувањето. Б) Дополнителни 1 милион 265 илјади да се плаќаат секој месец до крај на проектот, како Индиректни трошоци, кои инаку се договорени на под 3 милиони; и В) Дополнителни 900.000 евра да плаќаат секој месец додека не се исполни условот, односно не се смени законот за 60 часа работна недела. Владата мора денеска да излезе во јавност и да каже, дали наведеното стои во договорот. Дали ова го пишува на страницата 427 од договорот? 83,5 милиони евра треба да се платат повеќе, за 5 години и најмалку 6 месеци одложување на проектот. Со еднократната од 53 милиони сега, цената вкупна расте за 136,5 милиони евра. На тоа ако не се смени законот за 60 часа неделна работа, уште 59.4 милиони евра, значи вкупно најмалку 196 милиони евра дополнително ќе треба да се платат во следните 5 години само и само по прифаќањето на еден услов – 60 часа работна недела!
Почитувани, за ова Артан Груби и неговиот аѓутант, Димитар Ковачевски мора да сносат одговорност. Ова е класична злоупотреба на функција и наштетување на буџет. Ова дело не застарува, а миленикот на ДУИ нема вечно да е Јавен обвинител за организиран криминал- истакна Стоилковски.

The post Стоилковски: Владата се обврзала на пенали од 53 милиони за овој месец и вкупно 196 милиони само по основ 60 часа работна недела appeared first on Република.

]]>
ВМРО-ДПМНЕ му врати на Ковачевски: Амбасадата на САД јавно се огради од договорот со Бехтел и Енка и прстот го посочи кон вас https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vmro-dpmne-mu-vrati-na-kovachevski-ambasadata-na-sad-javno-se-ogradi-od-dogovorot-so-behtel-i-enka-i-prstot-go-posochi-kon-vas/ Fri, 21 Apr 2023 19:47:33 +0000 https://republika.mk/?p=632889

Интервјуто на Ковачевски е показна вежба како изгледаат лагите на власта, велат од ВМРО-ДПМНЕ откако претходно, премиерот Димитар Ковачевски ги обвини дека изнесуваат куп лаги за договорот со „Бектел и Енка“ како и обврските кои Македонија ги има преземено. ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека и Амбасадата на САД се има оградено од договорот и вперила прст кон премиерот.

Прво Ковачевски по објавените сомнежи за криминал упатуваше на тоа одговори за договорот да се побараат во американските власти, а СДС го обвини ВМРО-ДПМНЕ дека е против САД. Амбасадата на САД јавно се огради од договорот со Бехтел и Енка и прстот го посочи кон Ковачевски, добивајќи ладен туш, што е јасно дека Ковачевски манипулирал. Втората лага беше тврдењето на Ковачевски дека: “најмалку 51% од работниците ќе бидат ангажирани од Македонија”. Откако ВМРО-ДПМНЕ објави документ каде јасно се гледа дека дури 70% од работниците ќе бидат странци, стана јасно дека Ковачевски повторно лажел и денес ретерира велејќи дека не мислел на бројот на работници, туку на компаниите. Што е уште една небулоза и лага. Третата лага е новата инвестиција со која се фали Ковачевски. Јагео е присутна во Македонија преку Кемет електроникс, фирма ќерка која ја донесе ВМРО-ДПМНЕ, тоа не е нова инвестиција, туку проширување. Добро е што ќе се отворат нови работни места, но е жално што СДС по 6 годони власт уште нема нови инвестиции. Четврта лага е дека договорот за Бехтел и Енка е тајна. Тој не смее да е тајна, но владата намерно не го објавува и го крие за да се сокрие криминалот. Петта манипулација е што Ковачевски одбегнува да одговори зошто прифатил да плати дебели пенали и трошоци на Бехтел и Енка, а за возрат да ја зголеми работната недела. Зошто прифатил во земја со континентално право да се суспендира правниот систем и да важи англосаксонското право, како и да даде одговор зошто прифатил експропријацијата на легални објекти и дивоградби да биде по иста цена, и зошто за сите грешки при проектирањето на Бехтел и Енка трошоците ќе ги сноси државата? Од историска градба Ковачевски и Груби направија историска кражба од Коридорот 8, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Претходно, Ковачевски упати обвинувања кон ВМРО-ДПМНЕ преку телевизиско интервју.

Амбасадата на САД поддржува, исто како што јас поддржувам американски и компании од ЕУ како и од наши партнерски држави да бидат дел од нашите инфраструктурни проекти. Токму Бехтел е една од најголемите американски компании во делот на инфраструктура. Самиот договор е правен врз основа на специјалниот закон и врз основа на запазување на сите процедури. Комитетот којшто работеше на подготовка на договорот и сите ресорни министерства ќе им бидат на располагање на пратениците, исто како што беа на располагање на медиумите во два наврати преку детални брифинзи да го објаснат. Истото тоа ќе се направи и за експертската јавност и за невладините организации. Целта ни е сите да се уверат дека се работи за проект којшто прво е најголем проект, има огромно значење и заедно со другите проекти ќе има позитивен ефект на македонската економија. Овие инвестиции на годишно ниво ќе значат најмалку 2% зголемување на БДП на државата, зголемување на вработеноста бидејќи голем број на вработени ќе работат на овој проект. Зголемување на економската активност во голем број на области, бидејќи кога се работат вакви големи инфраструктурни проекти не се работи само за конкретни инфраструктурни работи, туку и за придружни индустрии од сместување на работниците, од подготовка на храна, логистика итн. Овој проект ќе претставува голем поттик за македонската економија со оглед на тоа дека доколку ги собереме сите инвестиции кои се веќе започнати во државата, значи покрај овој патен правец коридор 8 и коридор 10д ние веќе се наоѓаме во фаза на изградба на пругата кон Бугарија, потоа се планира исто така изградба на пруга и кон Албанија. Веќе министерот за транспорт и врски е во разговори. Јас ги завршив разговорите со колегата Вучиќ во делот на брзата пруга којашто ќе биде градена од Будимпешта – Белград, Белград до македонската граница. И веќе сме во фаза на потпишување на меморандум брзата пруга да продолжи и до нашиот главен град до новата железничка станица во Скопје. Со тоа ќе обезбедиме модерна инфраструктура којашто ќе овозможи државата да има поголем економски развој и порамномерен регионален економски развој, рече претседателот на Владата.

The post ВМРО-ДПМНЕ му врати на Ковачевски: Амбасадата на САД јавно се огради од договорот со Бехтел и Енка и прстот го посочи кон вас appeared first on Република.

]]>

Интервјуто на Ковачевски е показна вежба како изгледаат лагите на власта, велат од ВМРО-ДПМНЕ откако претходно, премиерот Димитар Ковачевски ги обвини дека изнесуваат куп лаги за договорот со „Бектел и Енка“ како и обврските кои Македонија ги има преземено. ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека и Амбасадата на САД се има оградено од договорот и вперила прст кон премиерот. Прво Ковачевски по објавените сомнежи за криминал упатуваше на тоа одговори за договорот да се побараат во американските власти, а СДС го обвини ВМРО-ДПМНЕ дека е против САД. Амбасадата на САД јавно се огради од договорот со Бехтел и Енка и прстот го посочи кон Ковачевски, добивајќи ладен туш, што е јасно дека Ковачевски манипулирал. Втората лага беше тврдењето на Ковачевски дека: “најмалку 51% од работниците ќе бидат ангажирани од Македонија”. Откако ВМРО-ДПМНЕ објави документ каде јасно се гледа дека дури 70% од работниците ќе бидат странци, стана јасно дека Ковачевски повторно лажел и денес ретерира велејќи дека не мислел на бројот на работници, туку на компаниите. Што е уште една небулоза и лага. Третата лага е новата инвестиција со која се фали Ковачевски. Јагео е присутна во Македонија преку Кемет електроникс, фирма ќерка која ја донесе ВМРО-ДПМНЕ, тоа не е нова инвестиција, туку проширување. Добро е што ќе се отворат нови работни места, но е жално што СДС по 6 годони власт уште нема нови инвестиции. Четврта лага е дека договорот за Бехтел и Енка е тајна. Тој не смее да е тајна, но владата намерно не го објавува и го крие за да се сокрие криминалот. Петта манипулација е што Ковачевски одбегнува да одговори зошто прифатил да плати дебели пенали и трошоци на Бехтел и Енка, а за возрат да ја зголеми работната недела. Зошто прифатил во земја со континентално право да се суспендира правниот систем и да важи англосаксонското право, како и да даде одговор зошто прифатил експропријацијата на легални објекти и дивоградби да биде по иста цена, и зошто за сите грешки при проектирањето на Бехтел и Енка трошоците ќе ги сноси државата? Од историска градба Ковачевски и Груби направија историска кражба од Коридорот 8, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Претходно, Ковачевски упати обвинувања кон ВМРО-ДПМНЕ преку телевизиско интервју. Амбасадата на САД поддржува, исто како што јас поддржувам американски и компании од ЕУ како и од наши партнерски држави да бидат дел од нашите инфраструктурни проекти. Токму Бехтел е една од најголемите американски компании во делот на инфраструктура. Самиот договор е правен врз основа на специјалниот закон и врз основа на запазување на сите процедури. Комитетот којшто работеше на подготовка на договорот и сите ресорни министерства ќе им бидат на располагање на пратениците, исто како што беа на располагање на медиумите во два наврати преку детални брифинзи да го објаснат. Истото тоа ќе се направи и за експертската јавност и за невладините организации. Целта ни е сите да се уверат дека се работи за проект којшто прво е најголем проект, има огромно значење и заедно со другите проекти ќе има позитивен ефект на македонската економија. Овие инвестиции на годишно ниво ќе значат најмалку 2% зголемување на БДП на државата, зголемување на вработеноста бидејќи голем број на вработени ќе работат на овој проект. Зголемување на економската активност во голем број на области, бидејќи кога се работат вакви големи инфраструктурни проекти не се работи само за конкретни инфраструктурни работи, туку и за придружни индустрии од сместување на работниците, од подготовка на храна, логистика итн. Овој проект ќе претставува голем поттик за македонската економија со оглед на тоа дека доколку ги собереме сите инвестиции кои се веќе започнати во државата, значи покрај овој патен правец коридор 8 и коридор 10д ние веќе се наоѓаме во фаза на изградба на пругата кон Бугарија, потоа се планира исто така изградба на пруга и кон Албанија. Веќе министерот за транспорт и врски е во разговори. Јас ги завршив разговорите со колегата Вучиќ во делот на брзата пруга којашто ќе биде градена од Будимпешта – Белград, Белград до македонската граница. И веќе сме во фаза на потпишување на меморандум брзата пруга да продолжи и до нашиот главен град до новата железничка станица во Скопје. Со тоа ќе обезбедиме модерна инфраструктура којашто ќе овозможи државата да има поголем економски развој и порамномерен регионален економски развој, рече претседателот на Владата.

The post ВМРО-ДПМНЕ му врати на Ковачевски: Амбасадата на САД јавно се огради од договорот со Бехтел и Енка и прстот го посочи кон вас appeared first on Република.

]]>