бехтел и енка Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/behtel-i-enka/ За подобро да се разбереме Thu, 31 Oct 2024 12:17:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png бехтел и енка Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/behtel-i-enka/ 32 32 Мицкоски до Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ си наплатила провизија за изградба на коридорите 8 и 10д, а ништо не изградиле, па се платија 350 милиони долари пенали https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-do-filipche-vladata-na-sdsm-i-dui-si-naplatila-provizija-za-izgradba-na-koridorite-8-i-10d-a-nishto-ne-izgradile-pa-se-platija-350-milioni-dolari-penali/ Thu, 31 Oct 2024 12:17:59 +0000 https://republika.mk/?p=832787

Коридорите 8 и 10д биле дел од програмите на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и Владите на ВМРО-ДПМНЕ многу долго време, можеби биле дел и од програмите на СДСМ. И логично е да бидат, бидејќи станува збор за политички партии кои што одат на избори со понудата и кажуваат што треба да им понудат на граѓаните. Но, она кое што е важно да се каже е дека тоа што вие го направивте посебно во проектот кој што вие го нарековте Бектел и Енка, јас ќе го наречам за изградба на коридорот 8 и 10д најпрво беше срам и понижување кон министерот тогашен за транспорт и кон тогашниот премиер кој што ја водеше Владата. Ги доведовте како нивни колеги, вие не бевте во таа влада но има кои што биле, ги доведовте до подредена положба да им се смеат и со нив да си играат мајтап вашите коалициони партнери во тогашната влада кои што играа фудбалчиња во канцеларија, на начин на кој што овде во Парламентот носевте закони кои што немаат никаква врска со европските закони, ги злоупотребувавте и европските вредности и македонското право и Устав. И тогаш го злоупотребувавте европското знаме, впрочем тоа вас ви е и навика, со едната рака да правите вака, со другата да мавтате со европското знаме. Тоа е карактерна особина на СДСМ 7 години и коалицијата - му порача претседателот на Владата Христијан Мицкоски на Венко Филипче на денешната собраниска седница за пратенички прашања.

Премиерот Мицкоски истакна дека бил против тоа да се трошат парите на граѓаните, укажувајќи дека во време на владата на СДСМ и ДУИ се потрошени 350 милиони долари, а ниту еден милиметар од изградбата на коридорите не е направена.

И да бевме против тоа. И ден денеска сме против тоа. Две години стоеја потрошени околу 350 милиони долари, ниту милиметар не беше поместена трасата, имотно правни односи би рекол неколку 10-тици парцели и многу основани сомневања за злоупотреба на буџетски пари. Тоа што злоупотребувате европско знаме, тоа што мислевте тоа е решението, а ве предупредувавме не е тоа решението, треба да се засукаат ракавите и да се работи, вие мислевте дека на тој начин сте ја завршиле работата, и готово ќе им се допаднеме на меѓународната заедница и повторно ќе бидеме Влада. Ете видовте до каде ве дотера таа политика, 18 пратеници - рече Мицкоски.

Во однос на договорот за Бехтел и Енка, премиерот Мицкоски нагласи дека тој договор е класифициран, но се проверуваат сите можности и се прават напори истиот да се декласифицира за да може да се покаже пред македонската јавност и да се увиди дека сè што тој претходно зборувал е точно.

Бехтел и Енка е класифициран документ, и ги проверуваме сите можности договорот со Бехтел и Енка да го декласифицираме и да го покажеме на македонската јавност. Но, она што можам да го кажам дека сите оние основани тврдења кои што ги имавме во опозиција се точни. Сите - додаде премиерот Мицкоски.

Мицкоски кажа дека како Влада имале две опции од кои едната да се прекине изградбата и да се плаќаат пенали исто како што се плаќале пенали за сите претходни договори и концесии кои што СДСМ и ДУИ ги укинале и долгови кои што ги оставиле или да продолжи со работи и да се гради.

„Како Влада имавме две опции или да излеземе од проектот да останат овие 350 милиони долари кои што се платени и да платиме неколку стотини милиони оштета откако ќе завршиме арбитражен спор во судот во Лондон по британско, шкотско ирско, велшко законодавство, не по наше континентално и да извадиме уште неколку стотини милиони евра за сето тоа кое што ќе биде досудено како казна, бидејќи мораме сега слични такви спорови кои што ги укинувавте концесиите како Казан Дол сега ние да ги плаќаме. Исто како што сега ги плаќаме долговите во ЕСМ 5 милијарди денари плаќаме долгови. Исто како што ги плаќаме долговите за друг дел од коридорот 8 делницата од Кичево до Охрид 80 милиони долари, неплатени фактури од ноември 2023 година на изведувачите. Пред банкрот ги доведовте, ама провизиите биле наплатени. Некој ги наплатил, дали сте вие или некој од оваа сала што е, некој ги наплатил. За тоа се погрижиле авансно и за тоа истражуваме. Немојте да мислите дека тоа ќе остане така неистражено. Сè ќе истражиме и сè ќе излезе на виделина“, дециден е Мицкоски.

Премиерот Мицкоски вели дека првата средба со Бехтел ја имал во Вашингтон каде што замолил да не се плаќаат пенали од стотици милиони евра, потенцирајќи дека пред една недела започнала официјалната работа за изградба на коридорите бидејќи за разлика од претходно, сега се решени неколку имотно правни односи, со расчистена траса и како што рече има отворен фронт за да се започне со работа.

„Ние одлучивме да работиме. Првата моја средба на Бехтел ја имав во Вашингтон и тогаш молев бидејќи согласно договорот луѓето требаше веќе да ни наплатат неколку стотици милиони евра пенали. И да молев и ќе молам ако треба секој денар да го заштедам на граѓанинот, ќе молам и не се срамам, но знам сум направил нешто добро. И што направивме сега заедно со потпретседателот на Владата, директорот на ЈПДП со претставници на компанијата и со меѓународната заедница излеговме на истото тоа место каде што се пукаа петарди за да означиме официјално траса отворен фронт од околу 11 километри кои што ќе можат да се работат со неколку решени имотно правни односи, со расчистена траса, се како што треба еден проект да личи“, му порача Мицкоски на Филипче.

The post Мицкоски до Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ си наплатила провизија за изградба на коридорите 8 и 10д, а ништо не изградиле, па се платија 350 милиони долари пенали appeared first on Република.

]]>

Коридорите 8 и 10д биле дел од програмите на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и Владите на ВМРО-ДПМНЕ многу долго време, можеби биле дел и од програмите на СДСМ. И логично е да бидат, бидејќи станува збор за политички партии кои што одат на избори со понудата и кажуваат што треба да им понудат на граѓаните. Но, она кое што е важно да се каже е дека тоа што вие го направивте посебно во проектот кој што вие го нарековте Бектел и Енка, јас ќе го наречам за изградба на коридорот 8 и 10д најпрво беше срам и понижување кон министерот тогашен за транспорт и кон тогашниот премиер кој што ја водеше Владата. Ги доведовте како нивни колеги, вие не бевте во таа влада но има кои што биле, ги доведовте до подредена положба да им се смеат и со нив да си играат мајтап вашите коалициони партнери во тогашната влада кои што играа фудбалчиња во канцеларија, на начин на кој што овде во Парламентот носевте закони кои што немаат никаква врска со европските закони, ги злоупотребувавте и европските вредности и македонското право и Устав. И тогаш го злоупотребувавте европското знаме, впрочем тоа вас ви е и навика, со едната рака да правите вака, со другата да мавтате со европското знаме. Тоа е карактерна особина на СДСМ 7 години и коалицијата - му порача претседателот на Владата Христијан Мицкоски на Венко Филипче на денешната собраниска седница за пратенички прашања.
Премиерот Мицкоски истакна дека бил против тоа да се трошат парите на граѓаните, укажувајќи дека во време на владата на СДСМ и ДУИ се потрошени 350 милиони долари, а ниту еден милиметар од изградбата на коридорите не е направена.
И да бевме против тоа. И ден денеска сме против тоа. Две години стоеја потрошени околу 350 милиони долари, ниту милиметар не беше поместена трасата, имотно правни односи би рекол неколку 10-тици парцели и многу основани сомневања за злоупотреба на буџетски пари. Тоа што злоупотребувате европско знаме, тоа што мислевте тоа е решението, а ве предупредувавме не е тоа решението, треба да се засукаат ракавите и да се работи, вие мислевте дека на тој начин сте ја завршиле работата, и готово ќе им се допаднеме на меѓународната заедница и повторно ќе бидеме Влада. Ете видовте до каде ве дотера таа политика, 18 пратеници - рече Мицкоски.
Во однос на договорот за Бехтел и Енка, премиерот Мицкоски нагласи дека тој договор е класифициран, но се проверуваат сите можности и се прават напори истиот да се декласифицира за да може да се покаже пред македонската јавност и да се увиди дека сè што тој претходно зборувал е точно.
Бехтел и Енка е класифициран документ, и ги проверуваме сите можности договорот со Бехтел и Енка да го декласифицираме и да го покажеме на македонската јавност. Но, она што можам да го кажам дека сите оние основани тврдења кои што ги имавме во опозиција се точни. Сите - додаде премиерот Мицкоски.
Мицкоски кажа дека како Влада имале две опции од кои едната да се прекине изградбата и да се плаќаат пенали исто како што се плаќале пенали за сите претходни договори и концесии кои што СДСМ и ДУИ ги укинале и долгови кои што ги оставиле или да продолжи со работи и да се гради.   „Како Влада имавме две опции или да излеземе од проектот да останат овие 350 милиони долари кои што се платени и да платиме неколку стотини милиони оштета откако ќе завршиме арбитражен спор во судот во Лондон по британско, шкотско ирско, велшко законодавство, не по наше континентално и да извадиме уште неколку стотини милиони евра за сето тоа кое што ќе биде досудено како казна, бидејќи мораме сега слични такви спорови кои што ги укинувавте концесиите како Казан Дол сега ние да ги плаќаме. Исто како што сега ги плаќаме долговите во ЕСМ 5 милијарди денари плаќаме долгови. Исто како што ги плаќаме долговите за друг дел од коридорот 8 делницата од Кичево до Охрид 80 милиони долари, неплатени фактури од ноември 2023 година на изведувачите. Пред банкрот ги доведовте, ама провизиите биле наплатени. Некој ги наплатил, дали сте вие или некој од оваа сала што е, некој ги наплатил. За тоа се погрижиле авансно и за тоа истражуваме. Немојте да мислите дека тоа ќе остане така неистражено. Сè ќе истражиме и сè ќе излезе на виделина“, дециден е Мицкоски.   Премиерот Мицкоски вели дека првата средба со Бехтел ја имал во Вашингтон каде што замолил да не се плаќаат пенали од стотици милиони евра, потенцирајќи дека пред една недела започнала официјалната работа за изградба на коридорите бидејќи за разлика од претходно, сега се решени неколку имотно правни односи, со расчистена траса и како што рече има отворен фронт за да се започне со работа.   „Ние одлучивме да работиме. Првата моја средба на Бехтел ја имав во Вашингтон и тогаш молев бидејќи согласно договорот луѓето требаше веќе да ни наплатат неколку стотици милиони евра пенали. И да молев и ќе молам ако треба секој денар да го заштедам на граѓанинот, ќе молам и не се срамам, но знам сум направил нешто добро. И што направивме сега заедно со потпретседателот на Владата, директорот на ЈПДП со претставници на компанијата и со меѓународната заедница излеговме на истото тоа место каде што се пукаа петарди за да означиме официјално траса отворен фронт од околу 11 километри кои што ќе можат да се работат со неколку решени имотно правни односи, со расчистена траса, се како што треба еден проект да личи“, му порача Мицкоски на Филипче.

The post Мицкоски до Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ си наплатила провизија за изградба на коридорите 8 и 10д, а ништо не изградиле, па се платија 350 милиони долари пенали appeared first on Република.

]]>
Работиме на тоа „Бехтел и Енка“ пред Нова година да почнат со активности за изградба на коридорите 8 и 10д https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/rabotime-na-toa-behtel-i-enka-pred-nova-godina-da-pochnat-so-aktivnosti-za-izgradba-na-koridorite-8-i-10d/ Mon, 19 Aug 2024 11:51:14 +0000 https://republika.mk/?p=807943

Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) Коце Трајановски се надева дека пред Нова година ќе ги внесат на терен „Бехтел и Енка“ со активности за изградба на автопатските делници на коридорите 8 и 10д, откако претходно ќе се заврши потребната експропријација и дислокација на електрични и телекомуникациски водови.

Како што соошти денеска Трајановски, интензивно се работи на експропријации за кои кои претходната влада дала рокови да бидат завршени минатата година, а средствата за таа намена се надвор од планираните милијарда и 300 милиони евра за изградбата на автопатиштата.

Потпишан е договор којшто е специфичен, којшто е по специјален закон направено и сметам дека, пак ќе кажам претходната влада, поставиле рокови за експропријација и дислокација на електрични водови и телекомуникациски водови којшто е надлежност на Република Македонија и не спаѓаат во тие милијарда и триста милиони, да бидат завршени минатата година. Ние правиме интензивни напори и последниов месец и нешто вложуваме голем напор во експропријацијата. Додека не ја решиме експропријацијата тие не може да влезат. Тие влегуваат откако ќе биде исчистено земјиштето, значи да биде експроприрано, да бидат дислоцирани каблите, да има деминирање. Дури и проектирањето е под надлежност на Република Македонија, не е во тие милијарда и триста, така што интензивно работиме за да може што побрзо „Бехтел и Енка“ да почнат да работат. Се надевам дека пред Нова година веќе ќе ги внесеме на терен, изјави Трајановски, при посетата на Кавадарци.

Трајановски потенцираше дека станува зор за дополнителни средства покрај планираните милијарда и триста милиони евра за патиштата.

Директорот на ЈПДП соопшти и дека го разгледуваат проблемот на жителите на прилепското село Ореовец кои со блокада на патишта ги спречуваат ископите на „Бехтел и Енка“ за делницата Прилеп-Битола, со образложение дека се нарушува статиката на нивните куќи и ќе се уништат изворите за вода.

Ние го разгледуваме тој проблем. Сето тоа е од минатата влада и од минатиот градоначалник кој е од април оваа година, така што тоа е наследен проблем којшто ние понатаму треба да го решаваме, изјави Трајановски.

Американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“ на 8 март минатата година потпиша Договор со претходната Влада со кој се обврза до 2027 година да изгради ќетири автпатски делници во должина од 110 километри на коридорите 8 и 10-д. Со договорот се опфатени автопатските делници на Коридорот 8: Требеништа – Струга – Ќафасан (22,5 километри) Гостивар – Букојчани (30,1 километар), Тетово – Гостивар ( над 17 километри) и Прилеп – Битола (40 километри) од Коридорот 10- д.

The post Работиме на тоа „Бехтел и Енка“ пред Нова година да почнат со активности за изградба на коридорите 8 и 10д appeared first on Република.

]]>

Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) Коце Трајановски се надева дека пред Нова година ќе ги внесат на терен „Бехтел и Енка“ со активности за изградба на автопатските делници на коридорите 8 и 10д, откако претходно ќе се заврши потребната експропријација и дислокација на електрични и телекомуникациски водови. Како што соошти денеска Трајановски, интензивно се работи на експропријации за кои кои претходната влада дала рокови да бидат завршени минатата година, а средствата за таа намена се надвор од планираните милијарда и 300 милиони евра за изградбата на автопатиштата.
Потпишан е договор којшто е специфичен, којшто е по специјален закон направено и сметам дека, пак ќе кажам претходната влада, поставиле рокови за експропријација и дислокација на електрични водови и телекомуникациски водови којшто е надлежност на Република Македонија и не спаѓаат во тие милијарда и триста милиони, да бидат завршени минатата година. Ние правиме интензивни напори и последниов месец и нешто вложуваме голем напор во експропријацијата. Додека не ја решиме експропријацијата тие не може да влезат. Тие влегуваат откако ќе биде исчистено земјиштето, значи да биде експроприрано, да бидат дислоцирани каблите, да има деминирање. Дури и проектирањето е под надлежност на Република Македонија, не е во тие милијарда и триста, така што интензивно работиме за да може што побрзо „Бехтел и Енка“ да почнат да работат. Се надевам дека пред Нова година веќе ќе ги внесеме на терен, изјави Трајановски, при посетата на Кавадарци.
Трајановски потенцираше дека станува зор за дополнителни средства покрај планираните милијарда и триста милиони евра за патиштата. Директорот на ЈПДП соопшти и дека го разгледуваат проблемот на жителите на прилепското село Ореовец кои со блокада на патишта ги спречуваат ископите на „Бехтел и Енка“ за делницата Прилеп-Битола, со образложение дека се нарушува статиката на нивните куќи и ќе се уништат изворите за вода.
Ние го разгледуваме тој проблем. Сето тоа е од минатата влада и од минатиот градоначалник кој е од април оваа година, така што тоа е наследен проблем којшто ние понатаму треба да го решаваме, изјави Трајановски.
Американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“ на 8 март минатата година потпиша Договор со претходната Влада со кој се обврза до 2027 година да изгради ќетири автпатски делници во должина од 110 километри на коридорите 8 и 10-д. Со договорот се опфатени автопатските делници на Коридорот 8: Требеништа – Струга – Ќафасан (22,5 километри) Гостивар – Букојчани (30,1 километар), Тетово – Гостивар ( над 17 километри) и Прилеп – Битола (40 километри) од Коридорот 10- д.

The post Работиме на тоа „Бехтел и Енка“ пред Нова година да почнат со активности за изградба на коридорите 8 и 10д appeared first on Република.

]]>
Касами: Груби и Рустеми со Коридорот 8 направиле дела за кои веројатно ќе треба да одговараат https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/kasami-grubi-i-rustemi-so-koridorot-8-napravile-dela-za-koi-verojatno-ke-treba-da-odgovaraat/ Wed, 10 Jul 2024 12:10:01 +0000 https://republika.mk/?p=795352

Првиот човек на Движењето Беса, Билал Касами, во „Дејли Клик“ на ТВ21 изјави дека разговорите со компанијата „Бехтел и Енка“ одат во вистинска насока и дека очекува изградбата на Коридорот 8 да продолжи дека актуелниот министер за транспорт , Александар Николовски и директорот на сегашната НП „Државни патишта“, Коце Трајановски, ќе дадат дополнителни информации за овој проект, додека истакна дека најверојатно поранешниот вицепремиер Артан Груби и поранешниот директор на НП „Државни патишта“ треба да сносат одговорноста за активностите поврзани со овој проект.

„И во однос на Коридорот 8 гарантираме дека сите разговори со Бехтел и Енка одат кон решавање на сите проблеми, дека динамиката на реализација на работите на терен е според договореното, бидејќи она што претходно го кажавме, го имаме ја алармираше јавноста, тоа сега го гледаме и секако и директорот и министерот наскоро ќе излезат со уште подетален извештај дека ДУИ на чело со Артан Груби и директорот Ејуп Рустеми направиле работи за кои најверојатно ќе треба да одговараат“, изјави Касами.

The post Касами: Груби и Рустеми со Коридорот 8 направиле дела за кои веројатно ќе треба да одговараат appeared first on Република.

Николоски: Како министер ќе се заложам за декласифицирање на договорт со „Бехтел и Енка“, за тој да не биде државна тајна https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/nikoloski-kako-minister-ke-se-zalozham-za-deklasifitsirane-na-dogovort-so-behtel-i-enka-za-toj-da-ne-bide-drzhavna-tajna/ Wed, 26 Jun 2024 12:30:51 +0000 https://republika.mk/?p=791010

Коментирајќи ги податоците објавени во „Ревизорскиот извештај за реализација на капитални инвестиции“ изготвен од Државниот завод за ревизија, министерот за транспорт Александар Николоски, одговарајќи на новинарско прашање најави дека ќе се заложи за јавно објавување на условите на договорот со „Бехтел и Енка“.

Договорот со „Бехтел и Енка“ е класифициран како државна тајна, се уште не знам врз основа на кој закон, но со промена на раководствата на надлежните институции очекувам и како министер ќе се заложам тој договор да да се декласифицира и јавноста да биде запознаена со условите во него“, изјави Николоски

The post Николоски: Како министер ќе се заложам за декласифицирање на договорт со „Бехтел и Енка“, за тој да не биде државна тајна appeared first on Република.

Има нелогичности во договорот со „Бехтел и Енка“, призна државниот обвинител и најави јавнообвинителска одлука https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ima-nelogichnosti-vo-dogovorot-so-behtel-i-enka-prizna-drzhavniot-obvinitel-i-najavi-javnoobvinitelska-odluka/ Tue, 04 Jun 2024 06:00:21 +0000 https://republika.mk/?p=784515

ОЈО Скопје постапува во случајот со серијата спорни легализации на габаритни објекти во општина Чаир, вели државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски, во интервју за „360 степени“ на МРТ 1.

По допрен глас од вашата емисија, Обвинителството отвори предистрага. Се прибираат докази, како материјални, така и вербални. Постапката е во тек, не можам никакви детали во моментов за тоа да ви кажам. Се работи навистина за неколку згради таму коишто биле изградени на диво, а потоа се легализирани. Можеби тоа не е единствен случај во Македонија… Општината ги легализирала, од она што вие го објавивте, со тоа што не можела да ги испитува изјавите на градителите, на потенцијалните сопственици, дали се валидни или не. Доколку има кривично дело, Обвинителството ќе постапи и ќе бидете известени и вие и јавноста, рече обвинителот Коцевски.

За предистрагата за тендерот за избор на надзор над изградбата на автопатите од коридорите 8 и 10-д, државниот јавен обвинител информира дека се преземени доста работи и дека наскоро може да има јавнообвинителска одлука.

Преземени се доста работи. Се работи таму за конзорциум од три фирми коишто се испитуваат. Досега има некои нелогичности во договорот. Се преземаат дејствија и јас сметам дека, можеби набрзо, Јавното обвинителство ќе излезе со јавнообвинителска одлука, изјави Коцевски.

Прашан дали со ваквиот одговор сака да најави отворање истрага за овој случај, тој не сакаше да одговори директно, туку дополни дека многу работи се испитуваат токму во делот со лиценците, каде што, на пример, фирмата „Електра солушнс“ обезбедила лиценца за надзор откако веќе беше распишана јавната набавка.

The post Има нелогичности во договорот со „Бехтел и Енка“, призна државниот обвинител и најави јавнообвинителска одлука appeared first on Република.

Мицкоски: Новата влада ќе го репреговара договорот со „Бехтел и Енка“, а во првите сто дена ќе објави и инвестиција во енергетиката https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/mitskoski-novata-vlada-ke-go-repregovara-dogovorot-so-behtel-i-enka-a-vo-prvite-sto-dena-ke-objavi-i-investitsija-vo-energetikata/ Thu, 16 May 2024 17:17:45 +0000 https://republika.mk/?p=778954

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и иден мандатар, Христијан Мицкоски изјави дека автопатот кон Охрид треба да биде завршен до крајот на 2026 година, а за договорот со „Бехтел и Енка“ има две опции - да се раскине или да се репреговара.

Одговарајќи на новинарски прашања пред затворењето на Самитот Македонија 2025, Мицкоски најави дека во првите сто дена новата влада ќе објави гринфилд инвестиција во енергетиката, вредна 400 - 500 милиони евра. Како што кажа Мицкоски, се работи за приватен капитал, за голем играч со исклучително големи европски финансиски институции во акционерската структура. Обртот на компанијата би била околу 80 - 100 милиони евра по основа на продадена електрична енергија и истргувани зелени сертификати, а договорот со неа е завршен.

Според Мицкоски, ќе се произведува околу еден терават час електрична енергија што е една третина од производството на РЕК Битола.

За договорот со „Бехтел и Енка“ има две опции. Едната е да се раскине договорот и да се оди на арбитража, да платиме стотици милиони евра и да немаме автопат, а втората е да се оптимизира договорот за што веќе имаме почетни разговори, со што би се забрзал и реализирал проектот. Ние сме повеќе за прагматичниот пристап, граѓаните да добијат автопат, но оптимиран, но ваков каков што е, потпишан од оваа влада, за жал, е во одерена мерка неприменлив поради големите правни проблеми, проблеми со експропријација и технички проблеми. Мојата порака е дека како идна влада сакаме да градиме, а не да рушиме, истакна Мицкоски.

In addition to the coalition’s 58 MPs, we have consolidated precisely 61 MPs, VMRO-DPMNE leader and future Prime Minister-designate Hristijan Mickoski told reporters on Thursday. 

На прашањето дали Унгарија е земјата со која нашата држава ќе повлече заем до една милијарда евра, Мицкоски одговори дека се работи за европска држава, која граѓаните многу наскоро ќе ја дознаат.

Заемот до една милијарда евра под исклучително поволни услови, кој би се повлекол со друга држава, на ниво влада со влада, за финансирање на лошите договори на актуелната влада, државите кои ги спомнуваа не се тие“ Се работи за европска држава, која граѓаните многу наскоро ќе ја дознаат, напомена Мицкоски.

Во врска со осигурувањето на автомобилите, Мицкоски го повтори ставот дека не е добро државата да ги диктира пазарните услови.

Пристапот каде државата ќе ги диктира пазарните услови по мене не е добар. Ценам дека владата треба да овозможи амбинет во кој бизнисот ќе се чувствува комотно да води бизнис, а политичарите да водат политика. Треба да ги видиме сите детали. Информациите со кои располагаме и кои доаѓаат од институциите се дека се случува буквално грабеж во Македонија. Повеќе од 85 отсто од буџетскиот дефицит планиран за цела година веќе е потрошен. Мислат дека на тој начин ќе ја отежнат работата на новата влада, но како многу пати досега, се преигруваат, рече Мицкоски.

The post Мицкоски: Новата влада ќе го репреговара договорот со „Бехтел и Енка“, а во првите сто дена ќе објави и инвестиција во енергетиката appeared first on Република.

]]>

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и иден мандатар, Христијан Мицкоски изјави дека автопатот кон Охрид треба да биде завршен до крајот на 2026 година, а за договорот со „Бехтел и Енка“ има две опции - да се раскине или да се репреговара. Одговарајќи на новинарски прашања пред затворењето на Самитот Македонија 2025, Мицкоски најави дека во првите сто дена новата влада ќе објави гринфилд инвестиција во енергетиката, вредна 400 - 500 милиони евра. Како што кажа Мицкоски, се работи за приватен капитал, за голем играч со исклучително големи европски финансиски институции во акционерската структура. Обртот на компанијата би била околу 80 - 100 милиони евра по основа на продадена електрична енергија и истргувани зелени сертификати, а договорот со неа е завршен. Според Мицкоски, ќе се произведува околу еден терават час електрична енергија што е една третина од производството на РЕК Битола.
За договорот со „Бехтел и Енка“ има две опции. Едната е да се раскине договорот и да се оди на арбитража, да платиме стотици милиони евра и да немаме автопат, а втората е да се оптимизира договорот за што веќе имаме почетни разговори, со што би се забрзал и реализирал проектот. Ние сме повеќе за прагматичниот пристап, граѓаните да добијат автопат, но оптимиран, но ваков каков што е, потпишан од оваа влада, за жал, е во одерена мерка неприменлив поради големите правни проблеми, проблеми со експропријација и технички проблеми. Мојата порака е дека како идна влада сакаме да градиме, а не да рушиме, истакна Мицкоски.
In addition to the coalition’s 58 MPs, we have consolidated precisely 61 MPs, VMRO-DPMNE leader and future Prime Minister-designate Hristijan Mickoski told reporters on Thursday.  На прашањето дали Унгарија е земјата со која нашата држава ќе повлече заем до една милијарда евра, Мицкоски одговори дека се работи за европска држава, која граѓаните многу наскоро ќе ја дознаат.
Заемот до една милијарда евра под исклучително поволни услови, кој би се повлекол со друга држава, на ниво влада со влада, за финансирање на лошите договори на актуелната влада, државите кои ги спомнуваа не се тие“ Се работи за европска држава, која граѓаните многу наскоро ќе ја дознаат, напомена Мицкоски.
Во врска со осигурувањето на автомобилите, Мицкоски го повтори ставот дека не е добро државата да ги диктира пазарните услови.
Пристапот каде државата ќе ги диктира пазарните услови по мене не е добар. Ценам дека владата треба да овозможи амбинет во кој бизнисот ќе се чувствува комотно да води бизнис, а политичарите да водат политика. Треба да ги видиме сите детали. Информациите со кои располагаме и кои доаѓаат од институциите се дека се случува буквално грабеж во Македонија. Повеќе од 85 отсто од буџетскиот дефицит планиран за цела година веќе е потрошен. Мислат дека на тој начин ќе ја отежнат работата на новата влада, но како многу пати досега, се преигруваат, рече Мицкоски.

The post Мицкоски: Новата влада ќе го репреговара договорот со „Бехтел и Енка“, а во првите сто дена ќе објави и инвестиција во енергетиката appeared first on Република.

]]>
Мисајловски: 300 милиони евра се дадоа за Бехтел и Енка, а на терен нема ништо https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/misajlovski-300-milioni-evra-se-dadoa-za-behtel-i-enka-a-na-teren-nema-nishto/ Thu, 18 Apr 2024 19:42:17 +0000 https://republika.mk/?p=767747

Вечерва во Клик Плус на ТВ21 Владо Мисајловски потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ и носител на кандидатска листа во ИЕ2 за парламентарни избори 2024 година вели дека „300 милиони евра во една година се дадени авансно но нема ништо започнато на терен“.

300 милиони евра се дадоа за Бехтел и Енка. 300 милиони евра во една година се дадени авансно но нема ништо започнато на терен. Дали ми се допаѓа проектот за изградба на патишта каков и да е јас таков проект ќе го поздравам. Со тие пари да имаше активности во оваа година многу добра ќе беше економијата. Јас сакам да ви кажам 300 милиони евра да влегуваат директно во изградба на патишта, 20 гранки да се раздвижеа ќе се осетеше и во буџетот сега тие пари ги нема воопшто, вели Владо Мисајловски во Клик Плус на ТВ21.

The post Мисајловски: 300 милиони евра се дадоа за Бехтел и Енка, а на терен нема ништо appeared first on Република.

Жителите на Долна и Горна Бањица протестираа против спроведувањето на планот за изградба на Коридорот 8, најавија целосна блокада https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/zhitelite-na-dolna-i-gorna-banitsa-protestiraa-protiv-sproveduvaneto-na-planot-za-izgradba-na-koridorot-8-najavija-tselosna-blokada/ Tue, 27 Feb 2024 17:06:01 +0000 https://republika.mk/?p=749002

Жители од гостиварските села Долна и Горна Бањица на протестен собир, попладнево изразија незадоволство од добиените ветувања за барањата околу спроведувањето на планот за изградба на Коридорот 8. Тие предупредија и најавија целосно блокирање на работите на терен кои ги изведува „Бехтел и Енка“ од наредната недела.

Насир Асипи, на собирот во името на жителите овие две гостиварски села појасни дека пред еден месец имале средби во владата со министрите Артан Груби, Благој Бочварски на која ги изнеле барањата.

- На состанокот им кажавме дека нашето основно барање се однесува на изградбата на камповите за сместување на работници. Тие да не бидат по трасата, бидејќи така дополнително ќе ни одземаат земја. Таков камп да се прави на просторот на старата касарна и воените магацини. Не сме против изградбата на патот и го поддржуваме проектот, но нема да даваме земја за други намени освен за патот, рече Асипи.

Тој посочи дека министрите им ветиле дека набрзо ќе добијат одговор, но како што рече никој повеќе од еден емсец не ги контактирал и го оцени како несериозен однос. Поради тоа селаните се принудени на порадикални мерки.

- Доколку до понеделник не добиеме позитивен одговор на нашето барање, ние ќе почнеме со блокади и целосно ќе ја стопираме работата на фирмите кои работат на коридорот во атарите на нашите села, потенцира Насир Асипи.

Жителите на Долна и Горна Бањица во неколку наврати со повеќечасовни блокади на локални регионални патишта изразуваа револт од начинот на кој се спроведува експропријацијата.

Проектот што автопатски треба да ги поврзе Гостивар и Кичево е предвидено да минува низ атарите на овие села како дел од Коридорот 8. Според првичните оценки треба да бидат одземени околу 600.000 квадратни метри земјиште.

The post Жителите на Долна и Горна Бањица протестираа против спроведувањето на планот за изградба на Коридорот 8, најавија целосна блокада appeared first on Република.

]]>

Жители од гостиварските села Долна и Горна Бањица на протестен собир, попладнево изразија незадоволство од добиените ветувања за барањата околу спроведувањето на планот за изградба на Коридорот 8. Тие предупредија и најавија целосно блокирање на работите на терен кои ги изведува „Бехтел и Енка“ од наредната недела. Насир Асипи, на собирот во името на жителите овие две гостиварски села појасни дека пред еден месец имале средби во владата со министрите Артан Груби, Благој Бочварски на која ги изнеле барањата.
- На состанокот им кажавме дека нашето основно барање се однесува на изградбата на камповите за сместување на работници. Тие да не бидат по трасата, бидејќи така дополнително ќе ни одземаат земја. Таков камп да се прави на просторот на старата касарна и воените магацини. Не сме против изградбата на патот и го поддржуваме проектот, но нема да даваме земја за други намени освен за патот, рече Асипи.
Тој посочи дека министрите им ветиле дека набрзо ќе добијат одговор, но како што рече никој повеќе од еден емсец не ги контактирал и го оцени како несериозен однос. Поради тоа селаните се принудени на порадикални мерки.
- Доколку до понеделник не добиеме позитивен одговор на нашето барање, ние ќе почнеме со блокади и целосно ќе ја стопираме работата на фирмите кои работат на коридорот во атарите на нашите села, потенцира Насир Асипи.
Жителите на Долна и Горна Бањица во неколку наврати со повеќечасовни блокади на локални регионални патишта изразуваа револт од начинот на кој се спроведува експропријацијата. Проектот што автопатски треба да ги поврзе Гостивар и Кичево е предвидено да минува низ атарите на овие села како дел од Коридорот 8. Според првичните оценки треба да бидат одземени околу 600.000 квадратни метри земјиште.

The post Жителите на Долна и Горна Бањица протестираа против спроведувањето на планот за изградба на Коридорот 8, најавија целосна блокада appeared first on Република.

]]>
Жителите на Долна и Горна Бањица поставија блокада за работниците на „Бехтел и Енка“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/zhitelite-na-dolna-i-gorna-banitsa-postavija-blokada-za-rabotnitsite-na-behtel-i-enka/ Thu, 18 Jan 2024 09:51:50 +0000 https://republika.mk/?p=734289

Жители од селата Горна и Долна Бањица утрово го блокираа регионалниот пат кој минува низ нивните села и не ги пропуштаа вработените во компанијата „Бехтел и Енка“ кои работат на трасата на Коридор 8. Блокадата на патот е во знак на револт од начинот на кој спроведува експропријацијата.

[caption id="" align="alignnone" width="1471"] фото: МИА[/caption]

Блокадата на патот, како што рекоа, доаѓа од игнорантскиот однос на властите и другите институции при решавањето на нивните барања. Учесниците на  протестот посочија дека никој не ги заштитил и не се грижи за нивниот интерес при процесот на експропријација. Жителите на Долна и Горна Бањица се пожалија дека за земјиштето кое се одзема добиваат несоодветен надомест од десет евра за метар квадратен.

Абдулаќим Асипи, претставник на учесниците во блокадата кажа дека на барањата кои ги упатиле до надлежните не добиле одговори, а ниту биле повикани на разговор. Тој појасни дека дел од земјиштето не се купува за потребите на патот, туку за изградба на кампови за вработените кои подоцна државата ќе го продава за изградба на бензински пумпи и други комерцијални капацитети.

[caption id="" align="alignnone" width="1542"] фото: МИА[/caption]

Тие најавија дека од денеска па во наредните три дена со целодневни блокади за возилата ќе ги стопираат работите на фирмата Бехтел и Енка, а планираат и блокада на сообраќајот на магистралниот пат Гостивар-Кичево.

Досега околу половина од сопствениците на земјоделско земјиште кое ќе биде одземено за изградба на автопатска делница на Коридорот 8 добиле решенија за трајно одземање.

Бањичани упатија апел до надлежните институции што поскоро да седнат на маса и да најдат заедничко решение. 

The post Жителите на Долна и Горна Бањица поставија блокада за работниците на „Бехтел и Енка“ appeared first on Република.

]]>

Жители од селата Горна и Долна Бањица утрово го блокираа регионалниот пат кој минува низ нивните села и не ги пропуштаа вработените во компанијата „Бехтел и Енка“ кои работат на трасата на Коридор 8. Блокадата на патот е во знак на револт од начинот на кој спроведува експропријацијата. [caption id="" align="alignnone" width="1471"] фото: МИА[/caption] Блокадата на патот, како што рекоа, доаѓа од игнорантскиот однос на властите и другите институции при решавањето на нивните барања. Учесниците на  протестот посочија дека никој не ги заштитил и не се грижи за нивниот интерес при процесот на експропријација. Жителите на Долна и Горна Бањица се пожалија дека за земјиштето кое се одзема добиваат несоодветен надомест од десет евра за метар квадратен. Абдулаќим Асипи, претставник на учесниците во блокадата кажа дека на барањата кои ги упатиле до надлежните не добиле одговори, а ниту биле повикани на разговор. Тој појасни дека дел од земјиштето не се купува за потребите на патот, туку за изградба на кампови за вработените кои подоцна државата ќе го продава за изградба на бензински пумпи и други комерцијални капацитети. [caption id="" align="alignnone" width="1542"] фото: МИА[/caption] Тие најавија дека од денеска па во наредните три дена со целодневни блокади за возилата ќе ги стопираат работите на фирмата Бехтел и Енка, а планираат и блокада на сообраќајот на магистралниот пат Гостивар-Кичево. Досега околу половина од сопствениците на земјоделско земјиште кое ќе биде одземено за изградба на автопатска делница на Коридорот 8 добиле решенија за трајно одземање. Бањичани упатија апел до надлежните институции што поскоро да седнат на маса и да најдат заедничко решение. 

The post Жителите на Долна и Горна Бањица поставија блокада за работниците на „Бехтел и Енка“ appeared first on Република.

]]>
СДС и ДУИ уплатија 200 милиони евра за изградба на коридорите 8 и 10, а на терен една лопата не е фрлена https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sds-i-dui-uplatija-200-milioni-evra-za-izgradba-na-koridorite-8-i-10-a-na-teren-edna-lopata-ne-e-frlena/ Wed, 17 Jan 2024 15:24:04 +0000 https://republika.mk/?p=733899

182 ден од 2023 година, над 200 милиони евра се префрлени на изведувачот на коридорите 8 и 10, без да биде почната некаква работа на терен, се вели во партиското соопштение на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

-8 месеци откако власта официјално ја отпочна изградбата на коридорите 8 и 10, на терен нема ништо, и таблата која ја поставија веќе избледе. 200 милиони евра се уплатени однапред, а на терен не само што нема отпочнато изградба, туку нема ни експропријација, ниту пак проект, народски кажано една лопата не е фрлена, а 200 милиони веќе 8-ми месец се на сметката на изведувачот. Власта спроведе криминогена постапка, уште со надзорот, кој наместо реномирана фирма од областа на градежништвото е фабрика за долен веш, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Со влада како СДС и ДУИ коридорите 8 и 10 никогаш не би биле довршени. Никогаш не било полошо. Важно е да ги поразиме, порачаа од опозициската партија.

https://www.youtube.com/watch?v=5Y8ScSbzKok&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Fnetpress.com.mk%2F&source_ve_path=MjM4NTE&feature=emb_title

The post СДС и ДУИ уплатија 200 милиони евра за изградба на коридорите 8 и 10, а на терен една лопата не е фрлена appeared first on Република.

]]>

182 ден од 2023 година, над 200 милиони евра се префрлени на изведувачот на коридорите 8 и 10, без да биде почната некаква работа на терен, се вели во партиското соопштение на опозициската ВМРО-ДПМНЕ. -8 месеци откако власта официјално ја отпочна изградбата на коридорите 8 и 10, на терен нема ништо, и таблата која ја поставија веќе избледе. 200 милиони евра се уплатени однапред, а на терен не само што нема отпочнато изградба, туку нема ни експропријација, ниту пак проект, народски кажано една лопата не е фрлена, а 200 милиони веќе 8-ми месец се на сметката на изведувачот. Власта спроведе криминогена постапка, уште со надзорот, кој наместо реномирана фирма од областа на градежништвото е фабрика за долен веш, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ. Со влада како СДС и ДУИ коридорите 8 и 10 никогаш не би биле довршени. Никогаш не било полошо. Важно е да ги поразиме, порачаа од опозициската партија. https://www.youtube.com/watch?v=5Y8ScSbzKok&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Fnetpress.com.mk%2F&source_ve_path=MjM4NTE&feature=emb_title

The post СДС и ДУИ уплатија 200 милиони евра за изградба на коридорите 8 и 10, а на терен една лопата не е фрлена appeared first on Република.

]]>
„Бехтел и Енка“ сака да одземе земјиште кое е дури километар оддалечено од зацртаната траса за автопатот Прилеп – Битола https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/behtel-i-enka-saka-da-odzeme-zemjishte-koe-e-duri-kilometar-oddalecheno-od-zatsrtanata-trasa-za-avtopatot-prilep-bitola/ Fri, 22 Dec 2023 17:33:56 +0000 https://republika.mk/?p=725780

Околу 103 семејства, односно 400 жители на прилепското село Беровци потпишаа и упатија петиција до државните институции, револтирани од најавата дека ќе се експроприраат 30 хектари плодно приватно земјоделско земјиште за потребите на градежните работи на автопатот Прилеп-Битола чиј изведувач е „Бехтел и Енка“. Жителите се револтирани на, како што велат нерационално решение да им се одземе плодната земја за изградба на придружни објекти, асфалтна база и бараки за работниците од странство. Земјиштето е дури околу 1 километар од трасата на автопатот. Имаат и правен застапник и не се откажуваат од барањето надлежните да се откажат од, како што велат, неразумното решение. Денеска жителите излегоа на протест на посоченото земјиште за експропријација.

Како што од Бехтел и Енка ни е најавено, на ова приватно земјоделско земјиште планираат да изведуваат градежно земјиште, односно планираат да изградат паркиралиште за механизација, асфалтна база и бараки за работници од странство. Сметаме дека вака најавената екпропријација е нерационална. Непотребно им се одзема земјиштето за несуштински цели и на таков начин им се нанесува штета на жителите на населеното место Беровци. Им се одзема приватно земјоделско земјиште кое го поседуваат со генерации од кое живеат и егзистирааат. Приватното земјоделско земјиште кое „Бехтел и Енка“ го одзема не се наоѓа ниту на трасата на предвидениот автопат и е на околу 1 километар од предвидената траса, изјави Ангела Ѓориоски, правен застапник на жителите на селото Беровци.

Жителите очекуваат надлежните државни институции и локалната самоуправа да реагираат за корекција на, како ѓто велат, овој апсурд во најава, додека штетата сѐ уште не е направена бидејќи постои логично решение на овој проблем од кој би биле задоволени интересите на сите страни.

Ние понудивме конкретно решение зашто во непосредна близина има огромни неискористени парцели на државно земјиште, 100-тина хектари, на кои „Бехтел и Енка“ би можеле непречено да ги извршуваат своите градежни активности без да им нанесат штета на сопствениците на приватното земјоделско земјиште и без притоа да има потреба државата да води постапки за експрпријација и да плаќа надоместоци, објаснува Ѓорѓиески.

Ниту жителите, ниту нивниот правен застапник нема да се откажат од барањето да не се одземе плодното земјиште кое неповратно же биде уништено.

Со оваа петиција предупредуваме дека нема да дозволиме да биде загрозена егзистенцијата на локалното население. Свесни сме дека изградбата на автопатите е од јавен интерес, но нема повисок јавен интерес од опстанкот на населението кое во оваа ситуација е подложено на нерационални апсурдни закани за кои има сосема едноставни решенија. Моментално имаме најава од Бехтел и Енка дека е поднесен предлог до Владата да се експроприра ова земјиште. Ние им ги посочивме државните парцели кои се непосредно до приватните и до денес нема никаков одговор, изјави правниот застапник Ангела Ѓорѓиески.

Жителите се револтирани зашто им се одзема наследството, а со тоа им се одзема иднината на младите

Револтирани сме од намерата на Бехтел и Енка и да пренаменат земјоделско земјиште во непосредна близина на селото. Сакаат да ни изградат база која сакаат да зафати 30 хектари, на кои нема педа слободна површина. сето е обработливо. Не знам што ќе се случи со ова население доколку му се одземе земјата. Никој не не информира, туку Бехтел и Енка не повикува еден по еден, рече Петре Ристески, жител на Беровци.

Ова е негативна работа. Ги замолуваме надлежните да преземат чекори. Да не го уништуваат нашиот живот, иднината на младите кои веќе ни заминуваат, рече Киро Јанчески, жител на село Беровци.

„Бехтел и Енка“ е изведувачот на автопатот Прилеп-Битола во должина од 40 километри и е дел од коридорот 10 Д.

The post „Бехтел и Енка“ сака да одземе земјиште кое е дури километар оддалечено од зацртаната траса за автопатот Прилеп – Битола appeared first on Република.

]]>

Околу 103 семејства, односно 400 жители на прилепското село Беровци потпишаа и упатија петиција до државните институции, револтирани од најавата дека ќе се експроприраат 30 хектари плодно приватно земјоделско земјиште за потребите на градежните работи на автопатот Прилеп-Битола чиј изведувач е „Бехтел и Енка“. Жителите се револтирани на, како што велат нерационално решение да им се одземе плодната земја за изградба на придружни објекти, асфалтна база и бараки за работниците од странство. Земјиштето е дури околу 1 километар од трасата на автопатот. Имаат и правен застапник и не се откажуваат од барањето надлежните да се откажат од, како што велат, неразумното решение. Денеска жителите излегоа на протест на посоченото земјиште за експропријација.
Како што од Бехтел и Енка ни е најавено, на ова приватно земјоделско земјиште планираат да изведуваат градежно земјиште, односно планираат да изградат паркиралиште за механизација, асфалтна база и бараки за работници од странство. Сметаме дека вака најавената екпропријација е нерационална. Непотребно им се одзема земјиштето за несуштински цели и на таков начин им се нанесува штета на жителите на населеното место Беровци. Им се одзема приватно земјоделско земјиште кое го поседуваат со генерации од кое живеат и егзистирааат. Приватното земјоделско земјиште кое „Бехтел и Енка“ го одзема не се наоѓа ниту на трасата на предвидениот автопат и е на околу 1 километар од предвидената траса, изјави Ангела Ѓориоски, правен застапник на жителите на селото Беровци.
Жителите очекуваат надлежните државни институции и локалната самоуправа да реагираат за корекција на, како ѓто велат, овој апсурд во најава, додека штетата сѐ уште не е направена бидејќи постои логично решение на овој проблем од кој би биле задоволени интересите на сите страни.
Ние понудивме конкретно решение зашто во непосредна близина има огромни неискористени парцели на државно земјиште, 100-тина хектари, на кои „Бехтел и Енка“ би можеле непречено да ги извршуваат своите градежни активности без да им нанесат штета на сопствениците на приватното земјоделско земјиште и без притоа да има потреба државата да води постапки за експрпријација и да плаќа надоместоци, објаснува Ѓорѓиески.
Ниту жителите, ниту нивниот правен застапник нема да се откажат од барањето да не се одземе плодното земјиште кое неповратно же биде уништено.
Со оваа петиција предупредуваме дека нема да дозволиме да биде загрозена егзистенцијата на локалното население. Свесни сме дека изградбата на автопатите е од јавен интерес, но нема повисок јавен интерес од опстанкот на населението кое во оваа ситуација е подложено на нерационални апсурдни закани за кои има сосема едноставни решенија. Моментално имаме најава од Бехтел и Енка дека е поднесен предлог до Владата да се експроприра ова земјиште. Ние им ги посочивме државните парцели кои се непосредно до приватните и до денес нема никаков одговор, изјави правниот застапник Ангела Ѓорѓиески.
Жителите се револтирани зашто им се одзема наследството, а со тоа им се одзема иднината на младите
Револтирани сме од намерата на Бехтел и Енка и да пренаменат земјоделско земјиште во непосредна близина на селото. Сакаат да ни изградат база која сакаат да зафати 30 хектари, на кои нема педа слободна површина. сето е обработливо. Не знам што ќе се случи со ова население доколку му се одземе земјата. Никој не не информира, туку Бехтел и Енка не повикува еден по еден, рече Петре Ристески, жител на Беровци.   Ова е негативна работа. Ги замолуваме надлежните да преземат чекори. Да не го уништуваат нашиот живот, иднината на младите кои веќе ни заминуваат, рече Киро Јанчески, жител на село Беровци.
„Бехтел и Енка“ е изведувачот на автопатот Прилеп-Битола во должина од 40 километри и е дел од коридорот 10 Д.

The post „Бехтел и Енка“ сака да одземе земјиште кое е дури километар оддалечено од зацртаната траса за автопатот Прилеп – Битола appeared first on Република.

]]>
Огласот за вработување на „Бехтел и Енка“ е спротивен на одредбите од Законот за употреба на јазиците https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/oglasot-za-vrabotuvane-na-behtel-i-enka-e-sprotiven-na-odredbite-od-zakonot-za-upotreba-na-jazitsite/ Fri, 17 Nov 2023 19:14:50 +0000 https://republika.mk/?p=702717

Бараме одговор од македонската влада и фирмата Бехтел Енка, зошто на огласот за вработување за работното место „Водач за односи со јавноста“,  е наведен официјалниот јазик на земјата како „северномакедонски мајчин јазик“, а не македонски, согласно закон? - прашуваат од Институтот за демократија, човекови права и дигнитет - Скопје.

Зошто во албанската верзија, македонскиот јазик е наведен како „мајчин јазик на Република Македонија“ и зошто во огласот за вработување од Бехтел Енка, македонската верзија е последна, по англиската и албанската?

Огласот за вработување е спротивен на одредбите од Законот за употреба на јазиците, ги дискриминира Македонците и треба веднаш да биде отстранет или корегиран, стои во писмената реакција од Институтот за демократија, човекови права и дигнитет-Скопје.

The post Огласот за вработување на „Бехтел и Енка“ е спротивен на одредбите од Законот за употреба на јазиците appeared first on Република.

]]>

Бараме одговор од македонската влада и фирмата Бехтел Енка, зошто на огласот за вработување за работното место „Водач за односи со јавноста“,  е наведен официјалниот јазик на земјата како „северномакедонски мајчин јазик“, а не македонски, согласно закон? - прашуваат од Институтот за демократија, човекови права и дигнитет - Скопје.
Зошто во албанската верзија, македонскиот јазик е наведен како „мајчин јазик на Република Македонија“ и зошто во огласот за вработување од Бехтел Енка, македонската верзија е последна, по англиската и албанската? Огласот за вработување е спротивен на одредбите од Законот за употреба на јазиците, ги дискриминира Македонците и треба веднаш да биде отстранет или корегиран, стои во писмената реакција од Институтот за демократија, човекови права и дигнитет-Скопје.  
 
The post Огласот за вработување на „Бехтел и Енка“ е спротивен на одредбите од Законот за употреба на јазиците appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: Бехтел и Енка ќе ја чини Македонија над 2 милијарди евра https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/mitskoski-behtel-i-enka-ke-ja-chini-makedonija-nad-2-milijardi-evra/ Fri, 13 Oct 2023 09:41:38 +0000 https://republika.mk/?p=690817

Проектот на Бехтел и Енка, ако е точен оној договор кој што ние го имаме добиено, а до сега никој не го демантираше, така е направен, но практично тој од владата што го потпишал се однесувал како вработен во компанија кој што ја добива зделката. Бидејќи во ниту еден момент не е заштитен интересот на државата, а целиот договор го штити интересот на изведувачот, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во денешното гостување на Радио Лидер.

И што е уште потрагично, додава Мицкоски, дури и во случај на спор арбитражен не важат македонските закони, туку важат некои други закони и процесот при евентуална арбитража би се водел во Париз пред Меѓународната стопанска комора, посочувајќи дека со тоа е суспендиран правниот поредок на Македонија.

Потенцираше дека проектот за изградба на коридорите во изведба на конзорциумот Бехтел и Енка ќе ја надмине првично предвидената сума од една милијарда и 300 милиони евра затоа што во договорот не се вклучени ставки како на пример експропријација и други трошоци и истиот би ја надминал сумата од над две милијарди евра.

„Овој договор е недефиниран до крај, тоа е најголемиот проблем во комерцијална смисла. Затоа што таму се дефинирани ставки и дефинирана е одредена сума, ако се сеќавате таа сума беше околу една милијарда и 300 милиони евра. Таму не е влезен процесот на експропријација како цена, и не се влезени дополнителните работи како ставки. Грубо, тоа што јас сум го анализирал и со колеги од градежниот факултет, ценам дека вака како што сега е конципиран, тој проект ќе ја надмине од 2,2 милијарди евра. И ова е минимално, некој дури се и по песимисти од мене и одат до две и пол милијарди евра“, рече Мицкоски.

Посочи дека тоа е исклучително голем обем на пари за држава како Македонија која што има вкупен БДП од не повеќе од 15 милијарди оваа година.

The post Мицкоски: Бехтел и Енка ќе ја чини Македонија над 2 милијарди евра appeared first on Република.

]]>

Проектот на Бехтел и Енка, ако е точен оној договор кој што ние го имаме добиено, а до сега никој не го демантираше, така е направен, но практично тој од владата што го потпишал се однесувал како вработен во компанија кој што ја добива зделката. Бидејќи во ниту еден момент не е заштитен интересот на државата, а целиот договор го штити интересот на изведувачот, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во денешното гостување на Радио Лидер.
И што е уште потрагично, додава Мицкоски, дури и во случај на спор арбитражен не важат македонските закони, туку важат некои други закони и процесот при евентуална арбитража би се водел во Париз пред Меѓународната стопанска комора, посочувајќи дека со тоа е суспендиран правниот поредок на Македонија. Потенцираше дека проектот за изградба на коридорите во изведба на конзорциумот Бехтел и Енка ќе ја надмине првично предвидената сума од една милијарда и 300 милиони евра затоа што во договорот не се вклучени ставки како на пример експропријација и други трошоци и истиот би ја надминал сумата од над две милијарди евра.
„Овој договор е недефиниран до крај, тоа е најголемиот проблем во комерцијална смисла. Затоа што таму се дефинирани ставки и дефинирана е одредена сума, ако се сеќавате таа сума беше околу една милијарда и 300 милиони евра. Таму не е влезен процесот на експропријација како цена, и не се влезени дополнителните работи како ставки. Грубо, тоа што јас сум го анализирал и со колеги од градежниот факултет, ценам дека вака како што сега е конципиран, тој проект ќе ја надмине од 2,2 милијарди евра. И ова е минимално, некој дури се и по песимисти од мене и одат до две и пол милијарди евра“, рече Мицкоски.
Посочи дека тоа е исклучително голем обем на пари за држава како Македонија која што има вкупен БДП од не повеќе од 15 милијарди оваа година.

The post Мицкоски: Бехтел и Енка ќе ја чини Македонија над 2 милијарди евра appeared first on Република.

]]>
„Фич“: Автопатите на „Бехтел и Енка“ се ризик за буџетот во 2024 година https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/fich-avtopatite-na-behtel-i-enka-se-rizik-za-budhetot-vo-2024-godina/ Sat, 07 Oct 2023 11:14:04 +0000 https://republika.mk/?p=688879

Рејтинг агенцијата „Фич“ го потврди кредитниот рејтинг на земјава, ББ+ со стабилен изглед, што значи дека рејтингот на земата сеуште не е инвестициски, пишува Блумберг адриа.

Фич предупредува и на можни негативни последици од проектот за изградба на автопатите по должината на Коридорот 8 и 10д, пишува Блумберг адриа на македонски јазик.

Рејтинг агенцијата „Фич“ го потврди кредитниот рејтинг на земјава, ББ+ со стабилен изглед. Ова значи дека рејтингот на земјава се уште не е инвестициски.

Агенцијата во соопштението во кое детално ја оценува македонската економија напиша дека „стабилниот рејтинг е поддржан од кредибилните и конзистентни макроекономски политики поткрепени од долгогодишната поврзаност на девизниот курс со еврото“.

За оваа година „Фич“ проектира дека БДП ќе порасне до 1,9 отсто на годишно ниво. Забрзување до 3,5 се очекува за следната , а до 3,9 отсто во 2025 година. Овој раст ќе се должи, според „Фич“, на нето приливите од странските директни инвестиции.

„Фич“ прогнозра дека растот во следниот период ќе може да се потпре и на потрошувачката која ќе расте затоа што реалните плати се враќаат во позитивната зона. Потрошувачката особено ќе забрза, смета „Фич“, по интензивирањето на активностите на „Бехтел и Енка“ на автопатите, како и заради приватните инвестиции во енергетскиот сектор.

Проектот на „Бехтел и Енка“ ќе „јаде“ два отсто од буџетот во следните пет години

Освен позитивниот ефект, „Фич“ предупредува и на можните негативни последици од проектот за изградба на автопатите по должината на Коридорот 8 и 10д.

Имено, тешко ќе биде остварлива владината цел за буџетски дефицит од 3,4 отсто од БДП во текот на 2024 година заради дополнителните трошоци. Агенцијата препорачува прилагодување на трошоците и нови мерки.

Loading...
„Опсегот за дополнителни трошоци поврзани со изборите во 2024 година е ограничен со правилата од Законот за буџети, но „Фич“ гледа поголеми фискални ризици од потенцијалното прекумерно трошење на проектот за автопатите 8/10и (се очекува да чини околу два отсто од БДП годишно во текот на петте години на градба)“, се наведува во соопштението.

„Прогнозираме дефицит од 3,8 отсто во 2024 година и 3,5 отсто во 2025 година, бидејќи приходите растат во согласност со неодамнешните даночни реформи, зголемената наплата и посилен економски раст“, велат од „Фич“.

Во однос на инфлацијата „Фич“ соопшти дека од рекордните 19,8 отсто во октовмри лани, се намалила на едноцифрено ниво во август годинава.

„Бачината инфлација исто така се намалува, но побавно затоа што цените на храната и натаму се високи заради што Владата ги замрзна цените во септември. „Фич“ очекува инфлацијата и натаму да се намалува заради замрзнатите цени и затегнатата монетана политика на НБРМ, иако прераспределбата на средства во буџетот за зголемување на платите во јавниот сектор и покачените пензии ќе имаат влијание на цените“, стои во соопштението.

„Фич“ прогнозира дека инфлацијата ќе се врати на ниски едноцифрени нивоа во текот на 2024 година. Агенцијата претпоставува дека НБРМ се доближува до крајот на зголемувањето на каматните стапки.

Извор: Блумберг адриа

The post „Фич“: Автопатите на „Бехтел и Енка“ се ризик за буџетот во 2024 година appeared first on Република.

]]>

Рејтинг агенцијата „Фич“ го потврди кредитниот рејтинг на земјава, ББ+ со стабилен изглед, што значи дека рејтингот на земата сеуште не е инвестициски, пишува Блумберг адриа. Фич предупредува и на можни негативни последици од проектот за изградба на автопатите по должината на Коридорот 8 и 10д, пишува Блумберг адриа на македонски јазик. Рејтинг агенцијата „Фич“ го потврди кредитниот рејтинг на земјава, ББ+ со стабилен изглед. Ова значи дека рејтингот на земјава се уште не е инвестициски. Агенцијата во соопштението во кое детално ја оценува македонската економија напиша дека „стабилниот рејтинг е поддржан од кредибилните и конзистентни макроекономски политики поткрепени од долгогодишната поврзаност на девизниот курс со еврото“. За оваа година „Фич“ проектира дека БДП ќе порасне до 1,9 отсто на годишно ниво. Забрзување до 3,5 се очекува за следната , а до 3,9 отсто во 2025 година. Овој раст ќе се должи, според „Фич“, на нето приливите од странските директни инвестиции. „Фич“ прогнозра дека растот во следниот период ќе може да се потпре и на потрошувачката која ќе расте затоа што реалните плати се враќаат во позитивната зона. Потрошувачката особено ќе забрза, смета „Фич“, по интензивирањето на активностите на „Бехтел и Енка“ на автопатите, како и заради приватните инвестиции во енергетскиот сектор. Проектот на „Бехтел и Енка“ ќе „јаде“ два отсто од буџетот во следните пет години Освен позитивниот ефект, „Фич“ предупредува и на можните негативни последици од проектот за изградба на автопатите по должината на Коридорот 8 и 10д. Имено, тешко ќе биде остварлива владината цел за буџетски дефицит од 3,4 отсто од БДП во текот на 2024 година заради дополнителните трошоци. Агенцијата препорачува прилагодување на трошоците и нови мерки. Loading... „Опсегот за дополнителни трошоци поврзани со изборите во 2024 година е ограничен со правилата од Законот за буџети, но „Фич“ гледа поголеми фискални ризици од потенцијалното прекумерно трошење на проектот за автопатите 8/10и (се очекува да чини околу два отсто од БДП годишно во текот на петте години на градба)“, се наведува во соопштението. „Прогнозираме дефицит од 3,8 отсто во 2024 година и 3,5 отсто во 2025 година, бидејќи приходите растат во согласност со неодамнешните даночни реформи, зголемената наплата и посилен економски раст“, велат од „Фич“. Во однос на инфлацијата „Фич“ соопшти дека од рекордните 19,8 отсто во октовмри лани, се намалила на едноцифрено ниво во август годинава. „Бачината инфлација исто така се намалува, но побавно затоа што цените на храната и натаму се високи заради што Владата ги замрзна цените во септември. „Фич“ очекува инфлацијата и натаму да се намалува заради замрзнатите цени и затегнатата монетана политика на НБРМ, иако прераспределбата на средства во буџетот за зголемување на платите во јавниот сектор и покачените пензии ќе имаат влијание на цените“, стои во соопштението. „Фич“ прогнозира дека инфлацијата ќе се врати на ниски едноцифрени нивоа во текот на 2024 година. Агенцијата претпоставува дека НБРМ се доближува до крајот на зголемувањето на каматните стапки. Извор: Блумберг адриа  

The post „Фич“: Автопатите на „Бехтел и Енка“ се ризик за буџетот во 2024 година appeared first on Република.

]]>
Желба има за градење, но не и работници: До „Бехтел и Енка“ стигнале само 360 сивија за 2.000 работни места https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/zhelba-ima-za-gradene-no-ne-i-rabotnitsi-do-behtel-i-enka-stignale-samo-360-sivija-za-2-000-rabotni-mesta/ Thu, 14 Sep 2023 16:39:05 +0000 https://republika.mk/?p=682003

По повод официјалниот почеток на градежните активности на делницата Прилеп – Битола како дел од Коридорот 10д, надлежните оценуваат дека е мал бројот на македонски работници кои до сега аплицирале за вработување во конзорциумот „Бехтел и Енка“ за изградба на патните коридори во земјава.

Бехтел и Енка во моментов разгледуваат 360 сивија од македонски граѓани од сите различни профили. И тоа е малку, бидејќи во моментов на конзорциумот му се потребни 2.000 работници - истакна денеска премиерот Димитар Ковачевски.

Планот е да се организираат саеми за вработување за да се најдат работници.

До сега саеми за вработување се одржаа во Тетово, Гостивар и во Битола. Вакви саеми ќе бидат организирани и во други градови од државата со цел да бидат пополнат позициите.

Во текот на продолжување на градбата на автопатските делници, потребата од работници ќе се искачи до 8.000 работници на патните правци кои што ги работи „Бехтел и Енка“.

Премиерот Димитар Ковачевски денеска по повод официјалниот почеток на градежните активности на делницата Прилеп – Битола како дел од Коридорот 10д, оцени дека е мал бројот на македонски граѓани кои до сега аплицирале за вработување во конзорциумот „Бехтел и Енка“ за изградба на патните коридори во земјава

The post Желба има за градење, но не и работници: До „Бехтел и Енка“ стигнале само 360 сивија за 2.000 работни места appeared first on Република.

]]>

По повод официјалниот почеток на градежните активности на делницата Прилеп – Битола како дел од Коридорот 10д, надлежните оценуваат дека е мал бројот на македонски работници кои до сега аплицирале за вработување во конзорциумот „Бехтел и Енка“ за изградба на патните коридори во земјава.
Бехтел и Енка во моментов разгледуваат 360 сивија од македонски граѓани од сите различни профили. И тоа е малку, бидејќи во моментов на конзорциумот му се потребни 2.000 работници - истакна денеска премиерот Димитар Ковачевски.
Планот е да се организираат саеми за вработување за да се најдат работници. До сега саеми за вработување се одржаа во Тетово, Гостивар и во Битола. Вакви саеми ќе бидат организирани и во други градови од државата со цел да бидат пополнат позициите. Во текот на продолжување на градбата на автопатските делници, потребата од работници ќе се искачи до 8.000 работници на патните правци кои што ги работи „Бехтел и Енка“. Премиерот Димитар Ковачевски денеска по повод официјалниот почеток на градежните активности на делницата Прилеп – Битола како дел од Коридорот 10д, оцени дека е мал бројот на македонски граѓани кои до сега аплицирале за вработување во конзорциумот „Бехтел и Енка“ за изградба на патните коридори во земјава  

The post Желба има за градење, но не и работници: До „Бехтел и Енка“ стигнале само 360 сивија за 2.000 работни места appeared first on Република.

]]>
„Бехтел и Енка“ денеска ќе почнат со градежни активности на Коридорот 8 https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/behtel-i-enka-deneska-ke-pochnat-so-gradezhni-aktivnosti-na-koridorot-8/ Tue, 12 Sep 2023 07:55:19 +0000 https://republika.mk/?p=681113

Првиот вицепремиер Артан Груби денеска ќе има свое обраќање по кое со минирање во близина на селото Горна Бањица, на потегот меѓу Гостивар и Кичево ќе биде означен стартот на теренските работи од изградбата на Коридорот 8 кој ќе го гради американско – турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“ врз основа на договор кој македонската влада го попиша пред шест месеци и со кој се предвидува изградба на автопатска делница на потегот Гостивар – Букојчани. Предвидено е да се се работи и на делниците Требеништа – Ќафасан и Тетово – Гостивар.

Неофицијално, како подизведувачи се јавуваат компаниите „АК инвест“, „Еуровиа“ и „Стентон градба“ како дел од најавените домашни компании на кои изведувачот им го има доверено извршувањето на дел од работите.

Тетовската компанија „Ак инвест“ има сериозно портфолио со голем број проекти.

„Еуровиа“ е фирмата која го доби тендерот за пренамена на спортскиот центар Борис Трајковски за конференцијата на министерскиот совет на ОБСЕ.

Битолската фирма „Стентон градба“ е една од најзвучните во градот под Пелистер, во последните 12 месеци има добиено 21 тендер

The post „Бехтел и Енка“ денеска ќе почнат со градежни активности на Коридорот 8 appeared first on Република.

]]>

Првиот вицепремиер Артан Груби денеска ќе има свое обраќање по кое со минирање во близина на селото Горна Бањица, на потегот меѓу Гостивар и Кичево ќе биде означен стартот на теренските работи од изградбата на Коридорот 8 кој ќе го гради американско – турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“ врз основа на договор кој македонската влада го попиша пред шест месеци и со кој се предвидува изградба на автопатска делница на потегот Гостивар – Букојчани. Предвидено е да се се работи и на делниците Требеништа – Ќафасан и Тетово – Гостивар. Неофицијално, како подизведувачи се јавуваат компаниите „АК инвест“, „Еуровиа“ и „Стентон градба“ како дел од најавените домашни компании на кои изведувачот им го има доверено извршувањето на дел од работите. Тетовската компанија „Ак инвест“ има сериозно портфолио со голем број проекти. „Еуровиа“ е фирмата која го доби тендерот за пренамена на спортскиот центар Борис Трајковски за конференцијата на министерскиот совет на ОБСЕ. Битолската фирма „Стентон градба“ е една од најзвучните во градот под Пелистер, во последните 12 месеци има добиено 21 тендер

The post „Бехтел и Енка“ денеска ќе почнат со градежни активности на Коридорот 8 appeared first on Република.

]]>
Груби повикува на Саем за вработување организиран од „Бехтел и Енка“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/grubi-povikuva-na-saem-za-vrabotuvane-organiziran-od-behtel-i-enka/ Tue, 15 Aug 2023 09:34:57 +0000 https://republika.mk/?p=672237

Конзорциумот „Бехтел и Енка“, кој ќе ги гради Коридорите 8 и 10д, организира Саем за вработување, информира вицепремиерот и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби.

Градиме за новите генерации, модерна инфраструктура која го поврзува регионот со Европа и ја развива економијата на нашата земјата. Со задоволство ве информирам дека конзорциумот „Бехтел и Енка“ кој ги гради Коридорот 8 и 10д оваа недела го организира „Саемот за вработување“. Сите заинтересирани за работа ќе имаат можност да се запознаат со можностите што ги нуди овој конзорциум при изградбата на автопатските делници на Коридорите во следните пет години, пишува на Фејсбук профилот на Груби кој е координатор за изградба на коридорите.

Саемот за вработување ќе се одржи утре со почеток во 16 часот, во Агенција за вработување во Гостивар, а потоа ќе продолжи со презентација и во другите градови.

The post Груби повикува на Саем за вработување организиран од „Бехтел и Енка“ appeared first on Република.

„Брако“ се јави на повикот на конзорциумот „Бехтел и Енка“ за изградба на камп во близина на Гостивар https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/brako-se-javi-na-povikot-na-konzortsiumot-behtel-i-enka-za-izgradba-na-kamp-vo-blizina-na-gostivar/ Mon, 14 Aug 2023 08:20:02 +0000 https://republika.mk/?p=671865

Велешката фабрика „Брако“ се јави на повикот на конзорциумот „Бехтел и Енка“ за изградба на камп во близина на Гостивар за сместување на повеќе од илјада работници кои ќе го градат автопатот 10.

„Брако“ даде понуда за набавка на 104 објекти од монтажен, префабрикуван и контејнерски модуларен систем за групно домување, работни простории и други објекти за потребите на работниот камп, кој ќе се протега на површина од над 300.000 метри квадратни, како и за сите потребни елементи: греење, ладење, опрема и мебел, противпожарен алармен систем, ИТ систем, внатрешни инсталации, водовод, канализација, електро инсталации и опрема, системи на вентилација итн., како и транспорт на добрата до локација.

Од „Брако“ сметаат дека македонски компании и македонски работници треба да добијат најголем дел од работите при изградбата на автопатот 10, како што Владата му вети на македонското стопанство, и наведуваат дека како домашна фирма ќе се борат да ја добијат работата.

Од компанијата сметаат дека Македонија има капацитет да одговори на секој проект и дека македонските фирми не треба да бидат во втор план, зад странските.

Пред три години „Брако“ ги обезбеди префабрикуваните контејнерски системи за здравствените објекти во ковид кризата, т.н. модуларни болници кои државата итно ги побаруваше, а потоа изгради и нови современи амбуланти во Скопје кои ги заменија старите дрвени бараки поставени пред 60 години.

„Брако“ вчера соопшти и дека е регистриран од НАТО за нивен потенцијален снабдувач и дека ќе се обиде да ѝ продаде македонски производи на Алијансата.

The post „Брако“ се јави на повикот на конзорциумот „Бехтел и Енка“ за изградба на камп во близина на Гостивар appeared first on Република.

]]>

Велешката фабрика „Брако“ се јави на повикот на конзорциумот „Бехтел и Енка“ за изградба на камп во близина на Гостивар за сместување на повеќе од илјада работници кои ќе го градат автопатот 10. „Брако“ даде понуда за набавка на 104 објекти од монтажен, префабрикуван и контејнерски модуларен систем за групно домување, работни простории и други објекти за потребите на работниот камп, кој ќе се протега на површина од над 300.000 метри квадратни, како и за сите потребни елементи: греење, ладење, опрема и мебел, противпожарен алармен систем, ИТ систем, внатрешни инсталации, водовод, канализација, електро инсталации и опрема, системи на вентилација итн., како и транспорт на добрата до локација. Од „Брако“ сметаат дека македонски компании и македонски работници треба да добијат најголем дел од работите при изградбата на автопатот 10, како што Владата му вети на македонското стопанство, и наведуваат дека како домашна фирма ќе се борат да ја добијат работата.
Од компанијата сметаат дека Македонија има капацитет да одговори на секој проект и дека македонските фирми не треба да бидат во втор план, зад странските. Пред три години „Брако“ ги обезбеди префабрикуваните контејнерски системи за здравствените објекти во ковид кризата, т.н. модуларни болници кои државата итно ги побаруваше, а потоа изгради и нови современи амбуланти во Скопје кои ги заменија старите дрвени бараки поставени пред 60 години. „Брако“ вчера соопшти и дека е регистриран од НАТО за нивен потенцијален снабдувач и дека ќе се обиде да ѝ продаде македонски производи на Алијансата.

The post „Брако“ се јави на повикот на конзорциумот „Бехтел и Енка“ за изградба на камп во близина на Гостивар appeared first on Република.

]]>
Уставен формираше предмет за измените во работните часови поради договорите со „Бехтел и Енка“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ustaven-formirashe-predmet-za-izmenite-vo-rabotnite-chasovi-poradi-dogovorite-so-behtel-i-enka/ Thu, 03 Aug 2023 11:32:01 +0000 https://republika.mk/?p=668257

Од Уставниот суд информираат дека се формирани предмети за законските измени на Законот за работни односи и измената на ДУП Буњаковец 2.

Хелсиншки комитет за човекови права поднел иницијатива за член 1, 2 и 3 од Законот за изменување и дополнување на Законот за работните односи („Службен весник на Република Македонија“ бр.111/23).

Со оспорените членови, како што е наведено во иницијативата, се напушта нивотo на заштита кое го нудат позитивните законски прописи и меѓународните конвенции и е обид да се наметне механизам за заобиколување на веке поставените правила.

Подносителите наведуваат дека се создава опасност од нееднаков третман на работниците и дискриминација од страна на министерот за финансии кој во согласност со министерот за труд и социјална политика, го пропишува начинот и местото на исплата на работниците кои работат на проекти од стратешко национално значење утврдено со закон. Дополнително оспорениот член со кој се предвидува исклучок од траењето на прекувремената работа подолго од 8 часа неделно и 190 часа годишно за работење на проекти од стратешко и национално значење според подносителите создава правна несигурост и простор за толкување и манипулација со вкупното времетраење на прекувремената работа без да се утврди горна граница.

Од Уставниот суд информираат дека е оспорена и Одлуката бр.07-9331/10 од 10.12.2012г. за изменување и дополнување ДУП Буњаковец 2, плански период 2011-2016.

Подносител на иницијативата е Сузана Јошевска, адвокатка и Граѓанска иницијатива „Шанса за Центар”.

Во иницијативата се тврди дека оспорената одлука за конкретни измени на ДУП Буњаковец 2 е во спротивност со Генералниот урбанистички план, односно дека границата на ДУП-от не е усогласена со опфатот на градската четврт планирана со ГУП, како и дека нумеричките податоци на ДУП-от се неусогласени со оние од ГУП-от. Подносителите наведуваат дека поради овие околности се прави груба повреда на член 11 став 7 и член 15-б од Законот за просторно и урбанистичко планирање.

Подносителите во иницијативата наведуваат дека донесената одлука за ДУП е во спротивност со владеењето на правото содржано во членот 8 од Уставот, како и дека е во спротивност со членови од Законот за просторно и урбанистичко планирање.

Овие предмети, како што велат од Уставен суд, се предадени на работа кај тимови од советници и судии и се во почетна фаза од работењето, односно во претходна постапка. Уставниот суд допрва ќе ги испитува наводите во иницијативите и барањата и ќе оформи реферати кои ќе содржат предлози за гласање на седница.

The post Уставен формираше предмет за измените во работните часови поради договорите со „Бехтел и Енка“ appeared first on Република.

]]>

Од Уставниот суд информираат дека се формирани предмети за законските измени на Законот за работни односи и измената на ДУП Буњаковец 2. Хелсиншки комитет за човекови права поднел иницијатива за член 1, 2 и 3 од Законот за изменување и дополнување на Законот за работните односи („Службен весник на Република Македонија“ бр.111/23). Со оспорените членови, како што е наведено во иницијативата, се напушта нивотo на заштита кое го нудат позитивните законски прописи и меѓународните конвенции и е обид да се наметне механизам за заобиколување на веке поставените правила. Подносителите наведуваат дека се создава опасност од нееднаков третман на работниците и дискриминација од страна на министерот за финансии кој во согласност со министерот за труд и социјална политика, го пропишува начинот и местото на исплата на работниците кои работат на проекти од стратешко национално значење утврдено со закон. Дополнително оспорениот член со кој се предвидува исклучок од траењето на прекувремената работа подолго од 8 часа неделно и 190 часа годишно за работење на проекти од стратешко и национално значење според подносителите создава правна несигурост и простор за толкување и манипулација со вкупното времетраење на прекувремената работа без да се утврди горна граница. Од Уставниот суд информираат дека е оспорена и Одлуката бр.07-9331/10 од 10.12.2012г. за изменување и дополнување ДУП Буњаковец 2, плански период 2011-2016. Подносител на иницијативата е Сузана Јошевска, адвокатка и Граѓанска иницијатива „Шанса за Центар”. Во иницијативата се тврди дека оспорената одлука за конкретни измени на ДУП Буњаковец 2 е во спротивност со Генералниот урбанистички план, односно дека границата на ДУП-от не е усогласена со опфатот на градската четврт планирана со ГУП, како и дека нумеричките податоци на ДУП-от се неусогласени со оние од ГУП-от. Подносителите наведуваат дека поради овие околности се прави груба повреда на член 11 став 7 и член 15-б од Законот за просторно и урбанистичко планирање. Подносителите во иницијативата наведуваат дека донесената одлука за ДУП е во спротивност со владеењето на правото содржано во членот 8 од Уставот, како и дека е во спротивност со членови од Законот за просторно и урбанистичко планирање. Овие предмети, како што велат од Уставен суд, се предадени на работа кај тимови од советници и судии и се во почетна фаза од работењето, односно во претходна постапка. Уставниот суд допрва ќе ги испитува наводите во иницијативите и барањата и ќе оформи реферати кои ќе содржат предлози за гласање на седница.

The post Уставен формираше предмет за измените во работните часови поради договорите со „Бехтел и Енка“ appeared first on Република.

]]>
Се отвара простор за манипулација со работните часови на автопатите: Уставен оформи предмет https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/se-otvara-prostor-za-manipulatsija-so-rabotnite-chasovi-na-avtopatite-ustaven-oformi-predmet/ Thu, 03 Aug 2023 11:07:46 +0000 https://republika.mk/?p=668241

Уставниот суд оформи предмет во кој ќе ја разгледува уставноста на Законот за изменување и дополнување на Законот за работните односи и оспорените членови 1,2 и 3 во иницијативата која ја поднесе Хелсиншки комитет за човекови права.

Во иницијативата на Хелсинсшки се наведува дека со оспорените членови се напушта нивото на заштита кое го нудат позитивните законски прописи и меѓународните конвенции и е обид да се наметне механизам за заобиколување на веќе поставените правила.

Подносителите наведуваат дека се создава опасност од нееднаков третман на работниците и дискриминација од страна на министерот за финансии кој во согласност со министерот за труд и социјална политика, го пропишува начинот и местото на исплата на работниците кои работат на проекти од стратешко национално значење утврдено со закон. Дополнително оспорениот член со кој се предвидува исклучок од траењето на прекувремената работа подолго од 8 часа неделно и 190 часа годишно за работење на проекти од стратешко и национално значење според подносителите создава правна несигурност и простор за толкување и манипулација со вкупното времетраење на прекувремената работа без да се утврди горна граница, стои во иницијативата.

Предметот е предаден на работа кај тимови од советници и судии и е во почетна фаза од работењето, односно во претходна постапка. Уставниот суд допрва ќе ги испитува наводите во иницијативата и ќе оформи реферати кои ќе содржат предлози за гласање на седница.

The post Се отвара простор за манипулација со работните часови на автопатите: Уставен оформи предмет appeared first on Република.

]]>

Уставниот суд оформи предмет во кој ќе ја разгледува уставноста на Законот за изменување и дополнување на Законот за работните односи и оспорените членови 1,2 и 3 во иницијативата која ја поднесе Хелсиншки комитет за човекови права. Во иницијативата на Хелсинсшки се наведува дека со оспорените членови се напушта нивото на заштита кое го нудат позитивните законски прописи и меѓународните конвенции и е обид да се наметне механизам за заобиколување на веќе поставените правила. Подносителите наведуваат дека се создава опасност од нееднаков третман на работниците и дискриминација од страна на министерот за финансии кој во согласност со министерот за труд и социјална политика, го пропишува начинот и местото на исплата на работниците кои работат на проекти од стратешко национално значење утврдено со закон. Дополнително оспорениот член со кој се предвидува исклучок од траењето на прекувремената работа подолго од 8 часа неделно и 190 часа годишно за работење на проекти од стратешко и национално значење според подносителите создава правна несигурност и простор за толкување и манипулација со вкупното времетраење на прекувремената работа без да се утврди горна граница, стои во иницијативата. Предметот е предаден на работа кај тимови од советници и судии и е во почетна фаза од работењето, односно во претходна постапка. Уставниот суд допрва ќе ги испитува наводите во иницијативата и ќе оформи реферати кои ќе содржат предлози за гласање на седница.

The post Се отвара простор за манипулација со работните часови на автопатите: Уставен оформи предмет appeared first on Република.

]]>