бегство од затвор Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/begstvo-od-zatvor/ За подобро да се разбереме Fri, 12 Apr 2024 10:45:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png бегство од затвор Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/begstvo-od-zatvor/ 32 32 Филмско бегство се подговувало во Идризово – пронајдени два тунела низ кои затворениците требало да избегаат https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/filmsko-begstvo-se-podgovuvalo-vo-idrizovo-pronajdeni-dva-tunela-niz-koi-zatvorenitsite-trebalo-da-izbegaat/ Thu, 11 Apr 2024 21:19:38 +0000 https://republika.mk/?p=765156

Филмско бегство се подговувало во најголемиот македонски затвор КПД Идризово. Во затворот се откриени два тунела кои требало да бидат употребени за бегство на непознат број затвореници. Бекството е спречено, а полицијата вршела претрес во затворот, пренесува „360 степени“.

Во единственото официјално соопштение од Обвинителството што е објавено досега, потврдено е дека имало претрес во КПД Идризово со цел, како што е наведено „за обезбедување доказен материјал“.

Во акција координирана од Основното јавно обвинителство Скопје, поради сомневања за кривично-правни дејствија, утрово се извршени претреси во КПУ ’Идризово’ – Скопје со цел обезбедување доказен материјал“ – соопштија од Обвинителството.

Претресот во повеќе простории на затворот Идризово потврден е и од МВР.

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека денеска (11.4.2024 г.) под координација на ОЈО Скопје и по барање на КПУ ’Идризово’, даде асистенција на затворот во вршење на претреси на повеќе простории со цел обезбедување доказен материјал поради сомневања за кривичноправни дејствија. Претресите се завршени и сите активности поминаа без никакви проблеми“ – соопштија од МВР.

The post Филмско бегство се подговувало во Идризово – пронајдени два тунела низ кои затворениците требало да избегаат appeared first on Република.

]]>

Филмско бегство се подговувало во најголемиот македонски затвор КПД Идризово. Во затворот се откриени два тунела кои требало да бидат употребени за бегство на непознат број затвореници. Бекството е спречено, а полицијата вршела претрес во затворот, пренесува „360 степени“. Во единственото официјално соопштение од Обвинителството што е објавено досега, потврдено е дека имало претрес во КПД Идризово со цел, како што е наведено „за обезбедување доказен материјал“.
Во акција координирана од Основното јавно обвинителство Скопје, поради сомневања за кривично-правни дејствија, утрово се извршени претреси во КПУ ’Идризово’ – Скопје со цел обезбедување доказен материјал“ – соопштија од Обвинителството.
Претресот во повеќе простории на затворот Идризово потврден е и од МВР.
Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека денеска (11.4.2024 г.) под координација на ОЈО Скопје и по барање на КПУ ’Идризово’, даде асистенција на затворот во вршење на претреси на повеќе простории со цел обезбедување доказен материјал поради сомневања за кривичноправни дејствија. Претресите се завршени и сите активности поминаа без никакви проблеми“ – соопштија од МВР.

The post Филмско бегство се подговувало во Идризово – пронајдени два тунела низ кои затворениците требало да избегаат appeared first on Република.

]]>
Во Велес фатен затвореник избеган од Идризово https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/vo-veles-faten-zatvorenik-izbegan-od-idrizovo/ Thu, 04 Apr 2024 08:00:52 +0000 https://republika.mk/?p=761989

Во Велес синоќа во 21:30 часот полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода велешанецот Х.Б.(48), кој бил баран од Казнено – поправната установа Затвор Идризово – Отворено одделение Велес поради бегство од установата, соопштија денеска од МВР.

Имено, околу 19:30 часот од установата било пријавено дека Х.Б. не се вратил во установата и по преземени мерки, после два часа, тој бил пронајден и лишен од слобода. При преглед кај него биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја и пари. Исто така, неговата 43 – годишна сопруга пријавила дека околу 20.00 часот, додека бил во домот, физички ја нападнал, се појаснува во соопштението.

Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Идризово за доиздржување на казната, а по целосно расчистување и документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

The post Во Велес фатен затвореник избеган од Идризово appeared first on Република.

Убиец избеган од затвор денеска фатен во Крушево https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/ubiets-izbegan-od-zatvor-deneska-faten-vo-krushevo/ Fri, 05 Jan 2024 17:10:28 +0000 https://republika.mk/?p=730172

Министерството за внатрешни работи известува дека приведен е бегалец од затвор кој бил баран со централна потерница по наредба на КПУ Идризово. 62 годишното лице од Крушево е осудено на 15 години затворска казна и има уште околу седум години за доиздржување.

Денеска (05.01.2024) од страна на полициски службеници за РЦГР ЈУГ и СВР Битола лишен од слобода е Б.М. (62) од Крушево, кој бил баран со централна потерница по наредба на КПУ Идризово поради бегство од затворот. Б.М. е осуден на 15 години казна затвор по чл.123 од КЗ на РСМ, а за доиздржување има 7 години 5 месеци и 7 дена, се вели во соопштението на МВР.

Оттаму исто така информираат дека лицето ќе биде спроведено во казнено поправната установа.

The post Убиец избеган од затвор денеска фатен во Крушево appeared first on Република.

Фатен скопјанец избеган од затвор, осуден на 13 години https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/faten-skopjanets-izbegan-od-zatvor-osuden-na-13-godini/ Wed, 22 Nov 2023 07:52:30 +0000 https://republika.mk/?p=714946

Полицијата синоќа го лишила од слобода М.Д.(42) од Скопје, кој бил баран со потерница поради бегство од затворот во Куманово.

Како што соопшти МВР, М.Д. бил баран за доиздржување на казна затвор од девет месеци и 26 дена, а бил осуден на казна затвор од 13 години и три месеци.

The post Фатен скопјанец избеган од затвор, осуден на 13 години appeared first on Република.

]]>

Полицијата синоќа го лишила од слобода М.Д.(42) од Скопје, кој бил баран со потерница поради бегство од затворот во Куманово. Како што соопшти МВР, М.Д. бил баран за доиздржување на казна затвор од девет месеци и 26 дена, а бил осуден на казна затвор од 13 години и три месеци.

The post Фатен скопјанец избеган од затвор, осуден на 13 години appeared first on Република.

]]>
Три години затвор за командирот кој помогна во филмското бегство од Идризово https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/tri-godini-zatvor-za-komandirot-koj-pomogna-vo-filmskoto-begstvo-od-idrizovo/ Fri, 01 Sep 2023 10:10:19 +0000 https://republika.mk/?p=677849

Три години затворска казна му е пресудена денеска на полицискиот командир Срѓан Димитриевски филмското бегство од затвор на осуденикот Беким Мемети, осуден на над 20 години затвор. И командирот и тројцата полицајци од КПД „Идризово“ признаа вина.

Затворскиот полицаец Трајче Ацковски, исто така доби три години затвор, додека И.А., кој исто така учествувал во планот за бегство – казна затвор од 1 година и шест месеци.

За вработениот во „Идризово“, Т.П. пресудено е условна казна.

Обвинителството и одбраната можат да ја обжалат пресудата на Апелација

The post Три години затвор за командирот кој помогна во филмското бегство од Идризово appeared first on Република.

]]>

Три години затворска казна му е пресудена денеска на полицискиот командир Срѓан Димитриевски филмското бегство од затвор на осуденикот Беким Мемети, осуден на над 20 години затвор. И командирот и тројцата полицајци од КПД „Идризово“ признаа вина. Затворскиот полицаец Трајче Ацковски, исто така доби три години затвор, додека И.А., кој исто така учествувал во планот за бегство – казна затвор од 1 година и шест месеци. За вработениот во „Идризово“, Т.П. пресудено е условна казна. Обвинителството и одбраната можат да ја обжалат пресудата на Апелација

The post Три години затвор за командирот кој помогна во филмското бегство од Идризово appeared first on Република.

]]>
Фатен затвореник кој од „Идризово“ избегал во 2015 година https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/faten-zatvorenik-koj-od-idrizovo-izbegal-vo-2015-godina/ Thu, 08 Jun 2023 08:13:46 +0000 https://republika.mk/?p=649070

На подрачје на Аеродром синоќа околу 22:40 часот  полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка – Отсек потраги го лишиле од слобода М.П.(34) од скопското село Мојанци.

Од МВР денеска соопштија дека тој бил осуден на казна затвор од пет години за сторено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик (Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори), а бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Казнено-поправната установа Затвор Идризово заради бегство од затворот во 2015 година.

Лицето било спроведено во казнено-поправната установа за доиздржување на две години и шест месеци од казната.

The post Фатен затвореник кој од „Идризово“ избегал во 2015 година appeared first on Република.

]]>

На подрачје на Аеродром синоќа околу 22:40 часот  полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка – Отсек потраги го лишиле од слобода М.П.(34) од скопското село Мојанци. Од МВР денеска соопштија дека тој бил осуден на казна затвор од пет години за сторено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик (Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори), а бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Казнено-поправната установа Затвор Идризово заради бегство од затворот во 2015 година. Лицето било спроведено во казнено-поправната установа за доиздржување на две години и шест месеци од казната.

The post Фатен затвореник кој од „Идризово“ избегал во 2015 година appeared first on Република.

]]>
Затворски чувар помогнал во бегство на затвореник, кој подоцна изврши вооружен грабеж https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/zatvorski-chuvar-pomognal-vo-begstvo-na-zatvorenik-koj-podotsna-izvrshi-vooruzhen-grabezh/ Thu, 25 May 2023 11:17:56 +0000 https://republika.mk/?p=644555

Единицата за корупција при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал (ОСОСК) денеска до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против Ј.Ј.(47) од Скопје, за сторено кривично дело „противзаконито ослободување на лице лишено од слобода“, предвидено и казниво по член 373 од Кривичниот законик.

Тој, во својство на службено лице – вработен во Затворска полиција во КПУ-КПД Идризово Скопје, го ослободил осуденото лице Д.К. од Куманово, овозможувајќи му да избега од установата, информираат од МВР.

Имено, Ј.Ј. на 20 мај, во саботата, додека бил на смена, го ослободил Д.К., осуден на издржување казна затвор до 2027 година за сторени кривични дела по чл. 237 ст. 1 и чл. 396 ст. 1 од Кривичниот законик, кој имал затворен третман од категорија Б2.

Осуденикот, искористувајќи ја довербата на Ј.Ј., му ја побарал службената магнетна картичка за отворање на безбедносната врата од Отвореното одделение, со образложение дека ќе оди во друг дел од одделението каде претходно бил работно ангажиран. Откако осуденото лице ја отворило безбедносната врата, му ја вратило картичката на сопственикот, а потоа се оддалечило кон „зелената капија“. Нешто подоцна, при извршена проверка на бројната состојба, било констатирано дека осуденото лице недостасува, односно дека побегнало од затворот, велат од МВР.

Истиот ден, околу 09.16 часот во казино на ул„Благоја Стефковски“, осуденикот извршил разбојништво со закана со пиштол, при што од вработениот одзел пари и избегал. За кусо време бил пронајден од страна на полициски службеници и лишен од слобода, а кај него биле пронајдени предмети кои потекнуваат од кривичното дело и еден пиштол „Чешка Зброевка ЦЗ 85“.

The post Затворски чувар помогнал во бегство на затвореник, кој подоцна изврши вооружен грабеж appeared first on Република.

Бегалец од затвор фатен во Гостивар https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/begalets-od-zatvor-faten-vo-gostivar/ Fri, 28 Apr 2023 14:52:36 +0000 https://republika.mk/?p=635063

На улица „Никола Парапунов“ во Гостивар, вчера околу 15.15 часот полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар го привеле 29-годишниот З.И. од гостиварско Дебреше.

Од МВР денеска информираа дека тој бил осуден на казна затвор од три години за сторени кривични дела по член 235 и член 236 од Кривичниот законик, а бил баран по потерница врз основа на судска наредба за доиздржување на затворска казна од една година и девет месеци.

Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Идризово за доиздржување на казната.

The post Бегалец од затвор фатен во Гостивар appeared first on Република.

]]>

На улица „Никола Парапунов“ во Гостивар, вчера околу 15.15 часот полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар го привеле 29-годишниот З.И. од гостиварско Дебреше. Од МВР денеска информираа дека тој бил осуден на казна затвор од три години за сторени кривични дела по член 235 и член 236 од Кривичниот законик, а бил баран по потерница врз основа на судска наредба за доиздржување на затворска казна од една година и девет месеци. Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Идризово за доиздржување на казната.

The post Бегалец од затвор фатен во Гостивар appeared first on Република.

]]>
Од затвор не избегал само тој што не пробал: Ново бегство, ова е систем, не инцидент https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/od-zatvor-ne-izbega-samo-toj-shto-ne-proba-novo-begstvo-ova-e-sistem-ne-intsident/ Thu, 02 Feb 2023 11:19:40 +0000 https://republika.mk/?p=603783

СДСи ДУИ не само што молчат за познатите бегства од затвор, туку и кријат дека има ново бегство од Идризово. По она крваво сценарио пред две недели и наводно преземање мерки, нов бегалец од Идризово. Целосен дебакл, oбјави ВМРО-ДПМНЕ.

Ова повеќе не е систем за казна и ресоцијализација, ова е целосно мафијашко решето.
СДС и ДУИ мора да сносат одговорност за оваа состојба. Министерство за правда мора да сноси одговорност за епидемијата од бегства од затвор. Очигледно ова е добро организиран мафијашки систем, којшто не би можел да функционира без поддршка од власта.

Се работи за организирана банда. Очекуваме одговор од Владата. Нема веќе простор за криење и молк, нагласува Наум Стоилковски.

Дали зад бегството повторно стои партиската парамилиција на СДС вработена во затворите? Дали избеганиот со иницијали Р.К. , етнички Албанец, кај себе поседува фотоалбум овојпат за блискост со ДУИ? Дали се работи за организирана група блиска до ДУИ?
Затворите станаа одморалиште, сиот систем се претвори во гротеска, СДС и ДУИ го претворија правото во баналност.

Секој што има врска со нив излегува кога сака. Затворите очигледно служат само за неистомислениците на СДС и на ДУИ.

The post Од затвор не избегал само тој што не пробал: Ново бегство, ова е систем, не инцидент appeared first on Република.

]]>

СДСи ДУИ не само што молчат за познатите бегства од затвор, туку и кријат дека има ново бегство од Идризово. По она крваво сценарио пред две недели и наводно преземање мерки, нов бегалец од Идризово. Целосен дебакл, oбјави ВМРО-ДПМНЕ. Ова повеќе не е систем за казна и ресоцијализација, ова е целосно мафијашко решето. СДС и ДУИ мора да сносат одговорност за оваа состојба. Министерство за правда мора да сноси одговорност за епидемијата од бегства од затвор. Очигледно ова е добро организиран мафијашки систем, којшто не би можел да функционира без поддршка од власта.
Се работи за организирана банда. Очекуваме одговор од Владата. Нема веќе простор за криење и молк, нагласува Наум Стоилковски.
Дали зад бегството повторно стои партиската парамилиција на СДС вработена во затворите? Дали избеганиот со иницијали Р.К. , етнички Албанец, кај себе поседува фотоалбум овојпат за блискост со ДУИ? Дали се работи за организирана група блиска до ДУИ? Затворите станаа одморалиште, сиот систем се претвори во гротеска, СДС и ДУИ го претворија правото во баналност.
Секој што има врска со нив излегува кога сака. Затворите очигледно служат само за неистомислениците на СДС и на ДУИ.

The post Од затвор не избегал само тој што не пробал: Ново бегство, ова е систем, не инцидент appeared first on Република.

]]>
Се бега само со помош од внатре, вели Стојановиќ откривајќи дека уште тројца полицајци се суспендирани за бегството на Мемети https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/se-bega-samo-so-pomosh-od-vnatre-veli-stojanovik-otkrivajki-deka-ushte-trojtsa-politsajtsi-se-suspendirani-za-begstvoto-na-memeti/ Wed, 01 Feb 2023 19:58:29 +0000 https://republika.mk/?p=603547

Уште тројца вработени во затворот Идризово се суспендирани, поради спектакуларното бегство на затвореникот Беким Мемети, кој среде ноќ беше транспортиран од болница и успеа да им избега на чуварите, открива Јовица Стојановиќ, в.д. директорот на Управата за извршување санкции, во вечерашната Топ тема. Со ова, бројот на суспендирани се зголемува на седум, откако е направена детална анализа поврзана со бегството на Мемети.

Два и пол часа се проверувал видео надзорот во Идризово, вели, Стојановиќ. Тој самиот бил дел од поставувањето на камерите и точно знаел што гледа, а потоа со тимот уште 4 часа дополнителна анализа со вработените и разговори со сите кои биле на смена.

Новите тројца суспендирани не се одговорни само за бегството, туку и за функционирањето на целата зграда, вели Стојановиќ.

Што точно се случило, не би знаел да кажам, но затворот е добро обезбеден со камери, ѕидови, жици и единствен начин да се излезе е со медицинска помош или со поддршка на дел од вработени, вели Стојановиќ.

The post Се бега само со помош од внатре, вели Стојановиќ откривајќи дека уште тројца полицајци се суспендирани за бегството на Мемети appeared first on Република.

]]>

Уште тројца вработени во затворот Идризово се суспендирани, поради спектакуларното бегство на затвореникот Беким Мемети, кој среде ноќ беше транспортиран од болница и успеа да им избега на чуварите, открива Јовица Стојановиќ, в.д. директорот на Управата за извршување санкции, во вечерашната Топ тема. Со ова, бројот на суспендирани се зголемува на седум, откако е направена детална анализа поврзана со бегството на Мемети. Два и пол часа се проверувал видео надзорот во Идризово, вели, Стојановиќ. Тој самиот бил дел од поставувањето на камерите и точно знаел што гледа, а потоа со тимот уште 4 часа дополнителна анализа со вработените и разговори со сите кои биле на смена. Новите тројца суспендирани не се одговорни само за бегството, туку и за функционирањето на целата зграда, вели Стојановиќ. Што точно се случило, не би знаел да кажам, но затворот е добро обезбеден со камери, ѕидови, жици и единствен начин да се излезе е со медицинска помош или со поддршка на дел од вработени, вели Стојановиќ.

The post Се бега само со помош од внатре, вели Стојановиќ откривајќи дека уште тројца полицајци се суспендирани за бегството на Мемети appeared first on Република.

]]>
Ковачки до Ковачевски: Дали знаете дека во вашиот партиски штаб се договараат бегствата на затворениците од затворите? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachki-do-kovachevski-dali-znaete-deka-vo-vashiot-partiski-shtab-se-dogovaraat-begstvata-na-zatvorenitsite-od-zatvorite/ Thu, 26 Jan 2023 14:33:49 +0000 https://republika.mk/?p=601341

Имам две пратенички прашања, првото прашање е упатено до министерот за внатрешни работи, станува збор за една фирма која што добила тендер за храна од Mинистерството за внатрешни работи. И која исто така добила грант од државата за изградба на фабрика од оваа Влада. И исто така оваа фирма добива тендери во рекордни 13 милиони евра. Значи почитувана јавност во касарните односно во објектите на министерството за внатрешни работи конкретно во Ѓорче Петров во касарната имаме потполно нов објект изграден пред десетина години, а токму кога во периодот е министер за внатрешни работи Оливер Спасовски тој објект дополнително се осовременува и се набавува најсовремена кујна. Значи по сите хасап стандарди. Истото е и со Центарот за обука во Идризово. Значи имаме нови кујни со нова најсовремена опрема за приготвување и складирање на храна. Кујни во кои досега вреден и искусен персонал подготвуваше храна за полициските службеници. Но овој пат внимавајте за првпат во независна Македонија полициските службеници сместени во овие објекти што ги спомнав ќе конзумираат храна која ќе биде набавена од приватна фирма. И тоа не било од која фирма туку од фирма која е основана токму со поддршка од Владата на ДУИ во која партиципира и Социјалдемократскиот сојуз. Значи МВР изградило нови објекти како кујнско трепезариски блокови односно набавила скапа нова опрема, но услугите за исхрана ги дало на фирма која добила грант од 1.6 милиони евра од Владата, истакна Драган Ковачки, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на денешната собраниска седница за пратенички прашања.

Ковачки додаде дека на поставувањето на камен темелникот на погонот на фабриката на истата во Гази Баба бил присутен и министерот за внатрешни работи. Со двата тендери на МВР од речиси 13 милиони евра од кои за период од 36 месеци компанијата „Индустри сервис“ во просек може да наплати до 4.5 милиони евра. И тоа е речиси за една третина повеќе пари во однос на минатата година кога МВР дало односно потрошило околу 3.3 милиони евра за храна. Ваквиот начин на набавка на храна во МВР, институцијата ќе ја чини многу повеќе пари отколку да се готви храната во кујните на МВР.

Од договорите на МВР со оваа компанија се гледа дека истите се полни со конзерви и со сува храна. Дури гулашот и гравот во спецификацијата доставена од МВР до фирмата се во конзерви. Значи се од други производители, а не се од фирмата која што ги доставува. Да заклучам ова значи дека фирмата „Индустри сервис“ само ставиле своја маржа на конзервите и сувата храна како последица на тоа МВР плаќа повеќе отколку кога самите би произведувале и би набавувале во одвоени постапки нешто што Законот го дозволува. Значи моето прашање до министерот за внатрешни работи е следно, колку проценти од таа маржа на фирмата со која склучивте договор ви припаѓаат вам лично, го запраша Ковачки министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

Пратеникот посочи дека неговото второ прашање се однесува до премиерот. Значи во изминатиот период граѓаните имаа можност да видат како се случуваат бегства од затворите како на филм, значи со добро вооружени лица, со употреба на огнено оружје, со помош од внатре.

Македонија е во моментов земја со најголем број на бегства од затворите во Европа на просек од 10.000 затвореници имаме околу 700. Само за споредба Албанија има нула, Црна Гора има нула, Словенија има нула, Шпанија има 2, Бугарија има 8 итн. А, ние имаме 690, односно околу 700. Значи имаме тотална нефункционалност на системот поради корупција или неспособност, или пак комбинација од овие двете. Нема безбедносен скандал во Македонија, нема криминал, нема криминалец кој што нема конекција со Социјалдемократскиот сојуз. Системот за казни и ресоцијализација е продолжена рака на корумпираното МВР и министерството за правда. Последното актуелно бегство на затвореник, ладнокрвен убиец се случува со насилство, пукање, ранети полицајци и неминовно во дослух со службите, рече пратеникот.

Тој укажа дека командир на смена на затворската полиција, лице кое е претходно избркано од МВР поради корупција е блиско на Социјалдемократскиот сојуз. Без никакви безбедносни проверки повторно го Правда и го унапредуваат во командир. Во јавност излегоа снимки на истиот тој командир кој на само неколку дена на настанот објавува слика на социјалните мрежи со генералниот секретар на Социјалдемократскиот сојуз, Миле Зечевиќ. Но, пред два дена медиумите објавија уште едно бегство од затвор, овој пат од Шутка, а институциите десет дена молчеа и не известуваа за тој настан па мораше новинарите да откријат што се случило. И повторно станува збор за лице кое наменски било преместено во полуотворен оддел за да може да избега. А, истото тоа лице може да се види на фотографии по социјалните мрежи со актуелни и поранешни политичари.

Моето прашање до премиерот е следното, дали знаете дека во вашиот партиски штаб се договараат бегствата на затворениците од затворите, го запраша Ковачки Димитар Ковачевски.

The post Ковачки до Ковачевски: Дали знаете дека во вашиот партиски штаб се договараат бегствата на затворениците од затворите? appeared first on Република.

]]>

Имам две пратенички прашања, првото прашање е упатено до министерот за внатрешни работи, станува збор за една фирма која што добила тендер за храна од Mинистерството за внатрешни работи. И која исто така добила грант од државата за изградба на фабрика од оваа Влада. И исто така оваа фирма добива тендери во рекордни 13 милиони евра. Значи почитувана јавност во касарните односно во објектите на министерството за внатрешни работи конкретно во Ѓорче Петров во касарната имаме потполно нов објект изграден пред десетина години, а токму кога во периодот е министер за внатрешни работи Оливер Спасовски тој објект дополнително се осовременува и се набавува најсовремена кујна. Значи по сите хасап стандарди. Истото е и со Центарот за обука во Идризово. Значи имаме нови кујни со нова најсовремена опрема за приготвување и складирање на храна. Кујни во кои досега вреден и искусен персонал подготвуваше храна за полициските службеници. Но овој пат внимавајте за првпат во независна Македонија полициските службеници сместени во овие објекти што ги спомнав ќе конзумираат храна која ќе биде набавена од приватна фирма. И тоа не било од која фирма туку од фирма која е основана токму со поддршка од Владата на ДУИ во која партиципира и Социјалдемократскиот сојуз. Значи МВР изградило нови објекти како кујнско трепезариски блокови односно набавила скапа нова опрема, но услугите за исхрана ги дало на фирма која добила грант од 1.6 милиони евра од Владата, истакна Драган Ковачки, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на денешната собраниска седница за пратенички прашања. Ковачки додаде дека на поставувањето на камен темелникот на погонот на фабриката на истата во Гази Баба бил присутен и министерот за внатрешни работи. Со двата тендери на МВР од речиси 13 милиони евра од кои за период од 36 месеци компанијата „Индустри сервис“ во просек може да наплати до 4.5 милиони евра. И тоа е речиси за една третина повеќе пари во однос на минатата година кога МВР дало односно потрошило околу 3.3 милиони евра за храна. Ваквиот начин на набавка на храна во МВР, институцијата ќе ја чини многу повеќе пари отколку да се готви храната во кујните на МВР.
Од договорите на МВР со оваа компанија се гледа дека истите се полни со конзерви и со сува храна. Дури гулашот и гравот во спецификацијата доставена од МВР до фирмата се во конзерви. Значи се од други производители, а не се од фирмата која што ги доставува. Да заклучам ова значи дека фирмата „Индустри сервис“ само ставиле своја маржа на конзервите и сувата храна како последица на тоа МВР плаќа повеќе отколку кога самите би произведувале и би набавувале во одвоени постапки нешто што Законот го дозволува. Значи моето прашање до министерот за внатрешни работи е следно, колку проценти од таа маржа на фирмата со која склучивте договор ви припаѓаат вам лично, го запраша Ковачки министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.
Пратеникот посочи дека неговото второ прашање се однесува до премиерот. Значи во изминатиот период граѓаните имаа можност да видат како се случуваат бегства од затворите како на филм, значи со добро вооружени лица, со употреба на огнено оружје, со помош од внатре.
Македонија е во моментов земја со најголем број на бегства од затворите во Европа на просек од 10.000 затвореници имаме околу 700. Само за споредба Албанија има нула, Црна Гора има нула, Словенија има нула, Шпанија има 2, Бугарија има 8 итн. А, ние имаме 690, односно околу 700. Значи имаме тотална нефункционалност на системот поради корупција или неспособност, или пак комбинација од овие двете. Нема безбедносен скандал во Македонија, нема криминал, нема криминалец кој што нема конекција со Социјалдемократскиот сојуз. Системот за казни и ресоцијализација е продолжена рака на корумпираното МВР и министерството за правда. Последното актуелно бегство на затвореник, ладнокрвен убиец се случува со насилство, пукање, ранети полицајци и неминовно во дослух со службите, рече пратеникот.
Тој укажа дека командир на смена на затворската полиција, лице кое е претходно избркано од МВР поради корупција е блиско на Социјалдемократскиот сојуз. Без никакви безбедносни проверки повторно го Правда и го унапредуваат во командир. Во јавност излегоа снимки на истиот тој командир кој на само неколку дена на настанот објавува слика на социјалните мрежи со генералниот секретар на Социјалдемократскиот сојуз, Миле Зечевиќ. Но, пред два дена медиумите објавија уште едно бегство од затвор, овој пат од Шутка, а институциите десет дена молчеа и не известуваа за тој настан па мораше новинарите да откријат што се случило. И повторно станува збор за лице кое наменски било преместено во полуотворен оддел за да може да избега. А, истото тоа лице може да се види на фотографии по социјалните мрежи со актуелни и поранешни политичари.
Моето прашање до премиерот е следното, дали знаете дека во вашиот партиски штаб се договараат бегствата на затворениците од затворите, го запраша Ковачки Димитар Ковачевски.
 
The post Ковачки до Ковачевски: Дали знаете дека во вашиот партиски штаб се договараат бегствата на затворениците од затворите? appeared first on Република.

]]>
Бегство од затворот Шутка: Другарот Нафи Абдиовски го нема од 14 јануари https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/begstvo-od-zatvorot-shutka-drugarot-nafi-abdiovski-go-nema-od-14-januari/ Tue, 24 Jan 2023 07:16:57 +0000 https://republika.mk/?p=600224

Од затворите во земјава се бега како никогаш досега. По бегството на затвореникот од затворот „Идризово“, јавноста дознава за уште едно бегство. Овојпат од затворот „Шутка“.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/chulev-gi-apsi-kriminalcite-na-sdsm-dodeka-spasovski-go-baral-abdioski-se-fotografiral-so-ministerot-premierot-i-pretsedatelot/

На 14 јануари од затворот избегал Нафи Абдиовски, осуден за измама на 8 месеци.

Информациите на Алсат ги потврдува и затворската управа. Заменик-директорот Садуш Арифи вели дека избегал околу 17.00 часот.

Не беа направени никакви отстапки во текот на постапките од неговото доаѓање од притвор врз основа на одлуката на правосилната казна изречена од Основниот суд Скопје од 8 месеци затвор, од кои тој имаше издржано речиси 3 месеци. Врз основа на досието, од страна на класификацијата во Секторот за ресоцијализација, му бил одреден третман со група Б (полуслободно). Истото лице имало и повеќе други кривични дела во постапките во различни судови во државата, вели Садуш Арифи, заменик-директор на затворот Шутка за Алсат.

Од МВР велат дека се информирани за бегството и ги преземаат сите мерки за негово пронаоѓање.

Лицето издржувало затворска казна во траење од 8 месеци во Затвор Скопје за сторено кривично дело измама по чл.247, стр. 3. По наредба на КПУ Затвор Скопје од 16.01.2023 година, распишана е централна потерница за бегство од затвор, за издржување казна во траење од 7 месеци и 15 дена, велат од МВР.

Инаку, бегалецот Абдиовски има богат фотоалбум со спомени од заедничките моменти со актуелни владини, но и поранешни функционери. Тој важеше за еден од најверните поддржувачи на поранешниот премиер Зоран Заев од Охрид.

https://republika.mk/vesti/makedonija/ovaa-partija-vekje-ne-smee-da-pobedi-taa-e-zlo-za-makedonija-revoltirani-chlenovi-na-sdsm-gi-palat-chlenskite-knishki/

The post Бегство од затворот Шутка: Другарот Нафи Абдиовски го нема од 14 јануари appeared first on Република.

]]>

Од затворите во земјава се бега како никогаш досега. По бегството на затвореникот од затворот „Идризово“, јавноста дознава за уште едно бегство. Овојпат од затворот „Шутка“. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/chulev-gi-apsi-kriminalcite-na-sdsm-dodeka-spasovski-go-baral-abdioski-se-fotografiral-so-ministerot-premierot-i-pretsedatelot/ На 14 јануари од затворот избегал Нафи Абдиовски, осуден за измама на 8 месеци.         Информациите на Алсат ги потврдува и затворската управа. Заменик-директорот Садуш Арифи вели дека избегал околу 17.00 часот.
Не беа направени никакви отстапки во текот на постапките од неговото доаѓање од притвор врз основа на одлуката на правосилната казна изречена од Основниот суд Скопје од 8 месеци затвор, од кои тој имаше издржано речиси 3 месеци. Врз основа на досието, од страна на класификацијата во Секторот за ресоцијализација, му бил одреден третман со група Б (полуслободно). Истото лице имало и повеќе други кривични дела во постапките во различни судови во државата, вели Садуш Арифи, заменик-директор на затворот Шутка за Алсат.
Од МВР велат дека се информирани за бегството и ги преземаат сите мерки за негово пронаоѓање.
Лицето издржувало затворска казна во траење од 8 месеци во Затвор Скопје за сторено кривично дело измама по чл.247, стр. 3. По наредба на КПУ Затвор Скопје од 16.01.2023 година, распишана е централна потерница за бегство од затвор, за издржување казна во траење од 7 месеци и 15 дена, велат од МВР.
Инаку, бегалецот Абдиовски има богат фотоалбум со спомени од заедничките моменти со актуелни владини, но и поранешни функционери. Тој важеше за еден од најверните поддржувачи на поранешниот премиер Зоран Заев од Охрид. https://republika.mk/vesti/makedonija/ovaa-partija-vekje-ne-smee-da-pobedi-taa-e-zlo-za-makedonija-revoltirani-chlenovi-na-sdsm-gi-palat-chlenskite-knishki/

The post Бегство од затворот Шутка: Другарот Нафи Абдиовски го нема од 14 јануари appeared first on Република.

]]>
Не само еден, туку повеќе чекори биле прекршени при преносот на Беким во болница, покажа вонредниот надзор во „Идризово“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/ne-samo-eden-tuku-poveke-chekori-bile-prekrsheni-pri-prenosot-na-bekim-vo-bolnitsa-pokazha-vonredniot-nadzor-vo-idrizovo/ Mon, 16 Jan 2023 13:36:20 +0000 https://republika.mk/?p=597557

Од Управата за извршување на санкциите информираат дека на 13 јануари спровеле вонреден стручен надзор во КПД Идризово со цел да се утврдат сите околности кои довеле до тоа да се случи бекството на осуденото лице Беким Мемети, за кој настан информираа уште во текот на истиот ден.

Со оглед на фактот што учесниците во настанот кои се припадници на затворската полиција (освен повредениот затворски полицаец) уште во текот на ноќта морале да се упатат во просториите на надлежниот сектор на МВР, а со нив и Командирот на одделение кој го координира настанот, службените лица од Управата не беа во можност со истите да разговараат, туку за текот на настанот беа информирани од директорот на КПД Идризово и од Заповедникот на затворската полиција во оваа установа, велат оттаму.

Со ова соопштение oд УИС сакаат да нотираат во кој дел не е постапено во согласност со Правилникот за овластувањата на затворската полиција, начинот на вооружување и вршење на работите на затворската полиција врз основа на кој е пропишана и постапката за спроведување вон установата.

Имено, за да биде едно осудено лице спроведено за интервенција до здравствена установа, за неговата здравствена состојба мора да се подготви упат од здравствен работник, т.е. лекар во установата, или вон работното време со констатација и напатствие дадено од екипа на итна медицинска помош која во овој случај не била повикана. Одлуката за да може осудениот да биде спроведен до Клинички центар ја донел Командирот на одделение и ја потпишал Наредбата за да се изврши спроводот. За да ја потпише оваа наредба, Командирот мора претходно да го извести директорот на установата, што во овој случај не е направено, а директорот откако ќе биде запознаен со здравствениот проблем усно ќе даде овластување наредбата да биде потпишана.

Следното правило што не е испочитувано е што осуденото лице наместо да биде сместено во специјално обезбедениот дел од возилото, истото по предлог на командирот било сместено во вториот дел на седиштата помеѓу два припадника на затворската полиција. Притоа, затворскиот полицаец кој седел до осуденото лице воопшто немал со себе огнено оружје кое бил должен да го носи, а вториот затворски полицаец од кого е одземен пиштолот со кој е пукано во возилото, не се однесувал со должно внимание и не го спречил дејствието при кое пиштолот му е одземен, се вели во нивното соопштение.

Управата за извршување на санкциите информира дека Командирот на одделение и припадниците на затворската полиција кои го вршеле спроводот со одлука на директорот на КПД Идризово, истиот ден се суспендирани од своите работни места.

The post Не само еден, туку повеќе чекори биле прекршени при преносот на Беким во болница, покажа вонредниот надзор во „Идризово“ appeared first on Република.

]]>

Од Управата за извршување на санкциите информираат дека на 13 јануари спровеле вонреден стручен надзор во КПД Идризово со цел да се утврдат сите околности кои довеле до тоа да се случи бекството на осуденото лице Беким Мемети, за кој настан информираа уште во текот на истиот ден.
Со оглед на фактот што учесниците во настанот кои се припадници на затворската полиција (освен повредениот затворски полицаец) уште во текот на ноќта морале да се упатат во просториите на надлежниот сектор на МВР, а со нив и Командирот на одделение кој го координира настанот, службените лица од Управата не беа во можност со истите да разговараат, туку за текот на настанот беа информирани од директорот на КПД Идризово и од Заповедникот на затворската полиција во оваа установа, велат оттаму.
Со ова соопштение oд УИС сакаат да нотираат во кој дел не е постапено во согласност со Правилникот за овластувањата на затворската полиција, начинот на вооружување и вршење на работите на затворската полиција врз основа на кој е пропишана и постапката за спроведување вон установата.
Имено, за да биде едно осудено лице спроведено за интервенција до здравствена установа, за неговата здравствена состојба мора да се подготви упат од здравствен работник, т.е. лекар во установата, или вон работното време со констатација и напатствие дадено од екипа на итна медицинска помош која во овој случај не била повикана. Одлуката за да може осудениот да биде спроведен до Клинички центар ја донел Командирот на одделение и ја потпишал Наредбата за да се изврши спроводот. За да ја потпише оваа наредба, Командирот мора претходно да го извести директорот на установата, што во овој случај не е направено, а директорот откако ќе биде запознаен со здравствениот проблем усно ќе даде овластување наредбата да биде потпишана. Следното правило што не е испочитувано е што осуденото лице наместо да биде сместено во специјално обезбедениот дел од возилото, истото по предлог на командирот било сместено во вториот дел на седиштата помеѓу два припадника на затворската полиција. Притоа, затворскиот полицаец кој седел до осуденото лице воопшто немал со себе огнено оружје кое бил должен да го носи, а вториот затворски полицаец од кого е одземен пиштолот со кој е пукано во возилото, не се однесувал со должно внимание и не го спречил дејствието при кое пиштолот му е одземен, се вели во нивното соопштение.
Управата за извршување на санкциите информира дека Командирот на одделение и припадниците на затворската полиција кои го вршеле спроводот со одлука на директорот на КПД Идризово, истиот ден се суспендирани од своите работни места.

The post Не само еден, туку повеќе чекори биле прекршени при преносот на Беким во болница, покажа вонредниот надзор во „Идризово“ appeared first on Република.

]]>
Ковачевски ќе го менува директорот на Управата за извршување на санкции https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/kovachevski-ke-go-menuva-direktorot-na-upravata-za-izvrshuvane-na-sanktsii/ Mon, 16 Jan 2023 12:38:45 +0000 https://republika.mk/?p=597503

Не сум задоволен од работата на Управата за извршување анкции при Министерството за правда и веќе почнав процес на селекција на нов директор, изјави премиерот Димитар Ковачевски одговарајќи на прашање за корупција во затворите во врска бегството на затвореникот Беким Мемети за што на вработени од „Идризово“ им е определен притвор осомничени дека го овозможиле бегството.

Промената на директорската функција во Управата, како што појасни, нема да биде на седница на Владата утре туку на некоја од наредните седници.

https://republika.mk/vesti/makedonija/stoilkovski-begstvoto-od-zatvor-go-organiziraat-srgan-dimitrievski-od-sds-i-idriz-asani-zatvorski-politsaets-od-dui/

За затворот „Идризово“, рече Ковачевски, новиот директор е назначен пред неколку месеци, а претходниот бил сменет врз основа на консултации што ги имал со меѓународни институции во областа за управување затворски систем и на институции кои финансираат унапредување на затворски систем.

Врз основа на тие консултации и разговори што ги имав тогаш направивме промена на директорот на затворот „Идризово“. Сега, врз основа на неколкуте пропусти што се направени, ќе имаме нов директор на Управата за извршување санкции, додаде Ковачевски.

За случајот со бегството на осуденикот Мемети рече не би образложувал повеќе затоа што е во надлежност на Обвинителството, но се заблагодари на Министерството за внатрешни работи што ја завршило својата работа, реагирало брзо и го санкционирало случајот.

Единицата за корупција во Секторот за криминалистички истраги при Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал при МВР до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција веќе поднесе кривична пријава против четворица затворски полицајци – командир и надзорници вработени во КПУ „Идризово“, рече премиерот Ковачевски одговарајќи на прашања на прес-конференција.

The post Ковачевски ќе го менува директорот на Управата за извршување на санкции appeared first on Република.

]]>

Не сум задоволен од работата на Управата за извршување анкции при Министерството за правда и веќе почнав процес на селекција на нов директор, изјави премиерот Димитар Ковачевски одговарајќи на прашање за корупција во затворите во врска бегството на затвореникот Беким Мемети за што на вработени од „Идризово“ им е определен притвор осомничени дека го овозможиле бегството. Промената на директорската функција во Управата, како што појасни, нема да биде на седница на Владата утре туку на некоја од наредните седници. https://republika.mk/vesti/makedonija/stoilkovski-begstvoto-od-zatvor-go-organiziraat-srgan-dimitrievski-od-sds-i-idriz-asani-zatvorski-politsaets-od-dui/ За затворот „Идризово“, рече Ковачевски, новиот директор е назначен пред неколку месеци, а претходниот бил сменет врз основа на консултации што ги имал со меѓународни институции во областа за управување затворски систем и на институции кои финансираат унапредување на затворски систем.
Врз основа на тие консултации и разговори што ги имав тогаш направивме промена на директорот на затворот „Идризово“. Сега, врз основа на неколкуте пропусти што се направени, ќе имаме нов директор на Управата за извршување санкции, додаде Ковачевски.
За случајот со бегството на осуденикот Мемети рече не би образложувал повеќе затоа што е во надлежност на Обвинителството, но се заблагодари на Министерството за внатрешни работи што ја завршило својата работа, реагирало брзо и го санкционирало случајот.
Единицата за корупција во Секторот за криминалистички истраги при Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал при МВР до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција веќе поднесе кривична пријава против четворица затворски полицајци – командир и надзорници вработени во КПУ „Идризово“, рече премиерот Ковачевски одговарајќи на прашања на прес-конференција.

The post Ковачевски ќе го менува директорот на Управата за извршување на санкции appeared first on Република.

]]>
Стоилковски: Дали последното бегство од затвор е договорено со СДС? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/stoilkovski-dali-poslednoto-begstvo-od-zatvor-e-dogovoreno-so-sds/ Sun, 15 Jan 2023 12:10:06 +0000 https://republika.mk/?p=597089

Затворот во Македонија постои само за оние коишто немаат врска со власта, СДС, организираниот криминал и корупцијата! Овозможувањето на ладнокрвен убиец да избега од затвор уште еднаш ја потврдува оваа теза! Рече на денешната прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

-Последното бегство на затвореник, ладнокрвен убиец, се случува со насилство, пукање, ранети полицајци, и веројатно неминовно во дослух со затворските служби. Командир на смената на затворската полиција, којшто и претходно има досие за поткупливост, е човек близок на СДС! И тоа е факт! Толку близок што на фотографија со генералниот секретар на СДС, Миле Зечевиќ, пред неколку недели порачува „со шефот до крај“.

Ова е таа фотографија!

Со оглед на оваа фотографија и оваа порака, Миле Зечевиќ мора да ја објасни пораката, за каков крај пишува командирот на затворската смена? Дали и што било договарано пред да настане оваа фотографија и пред да биде напишана оваа порака? Дали спектакуларното бегство било дел од некаква планирана стратегија? Дали е ова цената за враќањето на докажано поткуплив службеник на работа и неговото поставување на позицијата во затворската полиција? И последно, но можеби најважно, зошто, кои се мотивите за вакво организирано бегство во веројатен дослух со член на СДС верен како што вели „со шефот до крај“? Дали бегството е договорено со СДС? Праша Стоилковски.

Нема безбедносен скандал во Македонија, нема криминал, нема криминалец којшто нема конекција со СДС, системот за казни и ресоцијализација е продолжена рака на корумпираното МВР и Правда. Во затвор остануваат и отслужуваат казна само оние коишто не се во дослух со СДС и владејачката коалиција на криминалот и корупцијата! Само избори се излез од оваа состојба во која што не втурна СДС, додаде Стоилковски.

https://www.youtube.com/watch?v=9TWrhpgtbTI

The post Стоилковски: Дали последното бегство од затвор е договорено со СДС? appeared first on Република.

]]>

Затворот во Македонија постои само за оние коишто немаат врска со власта, СДС, организираниот криминал и корупцијата! Овозможувањето на ладнокрвен убиец да избега од затвор уште еднаш ја потврдува оваа теза! Рече на денешната прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски. -Последното бегство на затвореник, ладнокрвен убиец, се случува со насилство, пукање, ранети полицајци, и веројатно неминовно во дослух со затворските служби. Командир на смената на затворската полиција, којшто и претходно има досие за поткупливост, е човек близок на СДС! И тоа е факт! Толку близок што на фотографија со генералниот секретар на СДС, Миле Зечевиќ, пред неколку недели порачува „со шефот до крај“. Ова е таа фотографија! Со оглед на оваа фотографија и оваа порака, Миле Зечевиќ мора да ја објасни пораката, за каков крај пишува командирот на затворската смена? Дали и што било договарано пред да настане оваа фотографија и пред да биде напишана оваа порака? Дали спектакуларното бегство било дел од некаква планирана стратегија? Дали е ова цената за враќањето на докажано поткуплив службеник на работа и неговото поставување на позицијата во затворската полиција? И последно, но можеби најважно, зошто, кои се мотивите за вакво организирано бегство во веројатен дослух со член на СДС верен како што вели „со шефот до крај“? Дали бегството е договорено со СДС? Праша Стоилковски. Нема безбедносен скандал во Македонија, нема криминал, нема криминалец којшто нема конекција со СДС, системот за казни и ресоцијализација е продолжена рака на корумпираното МВР и Правда. Во затвор остануваат и отслужуваат казна само оние коишто не се во дослух со СДС и владејачката коалиција на криминалот и корупцијата! Само избори се излез од оваа состојба во која што не втурна СДС, додаде Стоилковски. https://www.youtube.com/watch?v=9TWrhpgtbTI

The post Стоилковски: Дали последното бегство од затвор е договорено со СДС? appeared first on Република.

]]>
Ковачки: Малку е еден тим за корупција од САД да ни дојде, на Македонија ѝ е потребен генерален ремонт https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachki-malku-e-eden-tim-za-koruptsija-od-sad-da-ni-dojde-na-makedonija-e-potreben-generalen-remont/ Sat, 14 Jan 2023 15:28:41 +0000 https://republika.mk/?p=596843

Во врска со бегството на затвореникот, а како потврда дека системот е целосно распаднат и дека Македонија нема институции, ќе споделиме со јавноста дека попладнето во затворот работел "доктор" кој е осуденик и кој издржува казна затвор и внимавајте - истиот нема никаква врска со медицина. Ниту средно медицинско нема.

Значи, "доктор" затвореник дал налог да се носи друг затвореник во болница.

Во племенски заедници има подобра организација на власт.

Ова не е власт, ова е најтешка форма на клептократија.

Малку е 1 тим за корупција од САД да ни дојде. На Македонија ѝ е потребен генерален ремонт. Или ќе расчистиме со бандитите во власта и во институциите, или за кратко време ќе немаме држава, објави на ФБ Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ.

The post Ковачки: Малку е еден тим за корупција од САД да ни дојде, на Македонија ѝ е потребен генерален ремонт appeared first on Република.

]]>

Во врска со бегството на затвореникот, а како потврда дека системот е целосно распаднат и дека Македонија нема институции, ќе споделиме со јавноста дека попладнето во затворот работел "доктор" кој е осуденик и кој издржува казна затвор и внимавајте - истиот нема никаква врска со медицина. Ниту средно медицинско нема.
Значи, "доктор" затвореник дал налог да се носи друг затвореник во болница. Во племенски заедници има подобра организација на власт. Ова не е власт, ова е најтешка форма на клептократија. Малку е 1 тим за корупција од САД да ни дојде. На Македонија ѝ е потребен генерален ремонт. Или ќе расчистиме со бандитите во власта и во институциите, или за кратко време ќе немаме држава, објави на ФБ Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ.

The post Ковачки: Малку е еден тим за корупција од САД да ни дојде, на Македонија ѝ е потребен генерален ремонт appeared first on Република.

]]>
ОЈО и МВР: Бегството на Мемети било договорено со полицајците, детали од тоа како течела целата „акција“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/ojo-i-mvr-begstvoto-na-memeti-bilo-dogovoreno-so-politsajtsite-detali-od-toa-kako-techela-tselata-aktsija/ Sat, 14 Jan 2023 15:17:45 +0000 https://republika.mk/?p=596839

Доцна вечерта во четвртокот (12 јануари 2023 година), попрецизно околку 22:50 часот, осудениот за убиство и затвореник во Идризово, Беким Мемети, пријавува повреда до затворските служби. Како што истрагата ќе заклучи подоцна, всушност се самоповредил. Станува збор за расекотина на левата дланка, по што бил упатен во домската амбуланта.

А таму, во домската амбуланта не го прегледува лекар, туку друг осуденик кој е „работно ангажиран“ во амбулантата.

Бегството на Беким Мемети било помогнато од затворската полиција на Идризово. Ова го покажале доказите на истражните органи и МВР до Обвинителството поднесе кривични пријави против четворица полициски службеници, тројца што учествуваа во спроводот и командирот на смена, кој кажал кои затворски полицајци да го пренесат Мемети до Ургентниот центар. Тие се гонат за незаконско ослободување на затвореник.

Од утринава командирот и двајца затворски полицајци се во притвор, кој им го одреди Кривичниот суд, а на еден му е одземен пасошот.

Обвинителството излезе со детали за случајот во кои наведува дека главниот осомничен е командирот на смена кој давал насоки како затворските полицајци да му го овозможат бегството на Мемети.

Првите пропусти се регистрирани во домската амбуланта, каде се упатил Мемети откако сам си ја пробол левата рака. Затвореникот Мемети бил прегледан од друг осуденик кој бил работно ангажиран во амбулантата. Тој препорачал затвореникот да се однесе во Ургентниот центар. За ова бил запознаен и дежурниот командир на смена кој го наредил спроводот наместо да повика брза помош за да провери дали повредите може да се санираат во самиот затвор.

Иако процедурите налагаат доколку осуденикот треба да се третира во здравствена установа, затворската служба да побара асистенција од Министерството за внатрешни работи и возилото за спровод на осуденикот да биде придружувано од полициска патрола, тие не го сториле тоа што претходно било случај кога истото осудено лице било спроведувано до одредена здравствена установа, соопштија од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

Пропусти имало и при спроводот.

Дежурниот командир наредил, а затворските полицајци го сместиле осуденикот Мемети во средниот ред на затворското комбе, иако тоа не е место за затвореници, туку според оперативните процедури местото на Мемети требало да биде во посебен дел од комбето.

Вториот пропуст во спроводот е тоа што еден од затворските полицајци не носел службен пиштол, иако тоа му било обврска.

Пред да тргнат, еден од затворските полицајци, а сега второосомничен, дал насока до колегата кој го возел комбето – да одат кон Скопје по автопат. Кога се приближиле до бензиската пумпа на Лукоил, истиот полицаец кој дал насоки за движење, прави нов „потег“.

Кога се приближиле до бензинска пумпа на Лукоил, второосомничениот кој седел помеѓу осуденикот и третоосомничениот, започнал да се преместува и свесно му овозможил на осуденикот да го искористи моментот и со лисици на рацете да успее да му го земе службениот пиштол од закопчаната футрола, се вели во соопштението на ОЈО за ГОКК.

Третиот пропуст во комбето е што иако затвореникот Мемети бил врзан со лисици сепак му било овозможено да земе пиштолот на еден од затворските полицајци и тогаш истрелал куршум.

Иако намерата за пукањето со пиштолот во кровот на возилото била да го оправда овозможувањето на бегството од страна на затворските полицајци, зрното од куршумот се одбило од кровот и случајно го погодило затворскиот полицаец И.Х. во долниот дел од стомакот. Наведените противзаконски дејствија се извршени откако службеното затворско возило било пресретнато и му било попречен патот од страна на друго возило марка „ауди“ и притоа овластените службени лица за спровод – затворските полицајци не преземале никакви дејствија во однос на нивно присилното запирање, а осуденото лице по настанот влегло во возилото „ауди“ и заминало од лице местото, изјави портпаролот на МВР, Тони Ангеловски.

Во соопштението на обвинителството се вели дека Мемети почнал да пука со пиштолот, додека во соопштението на МВР дека бил испукан само еден куршум. Затвореникот не се обидел да ги застрела затворските полицајци, туку барал да го запрат комбето, пукајќи во кровот на возилото.

36-годишниот Беким Мемети од Тетово се бара со меѓународна потерница. Тој е осуден на вкупно 21 година затвор за убиство и поседување дрога. Во затвор требало да биде до 2040 година.

The post ОЈО и МВР: Бегството на Мемети било договорено со полицајците, детали од тоа како течела целата „акција“ appeared first on Република.

]]>

Доцна вечерта во четвртокот (12 јануари 2023 година), попрецизно околку 22:50 часот, осудениот за убиство и затвореник во Идризово, Беким Мемети, пријавува повреда до затворските служби. Како што истрагата ќе заклучи подоцна, всушност се самоповредил. Станува збор за расекотина на левата дланка, по што бил упатен во домската амбуланта. А таму, во домската амбуланта не го прегледува лекар, туку друг осуденик кој е „работно ангажиран“ во амбулантата. Бегството на Беким Мемети било помогнато од затворската полиција на Идризово. Ова го покажале доказите на истражните органи и МВР до Обвинителството поднесе кривични пријави против четворица полициски службеници, тројца што учествуваа во спроводот и командирот на смена, кој кажал кои затворски полицајци да го пренесат Мемети до Ургентниот центар. Тие се гонат за незаконско ослободување на затвореник. Од утринава командирот и двајца затворски полицајци се во притвор, кој им го одреди Кривичниот суд, а на еден му е одземен пасошот. Обвинителството излезе со детали за случајот во кои наведува дека главниот осомничен е командирот на смена кој давал насоки како затворските полицајци да му го овозможат бегството на Мемети. Првите пропусти се регистрирани во домската амбуланта, каде се упатил Мемети откако сам си ја пробол левата рака. Затвореникот Мемети бил прегледан од друг осуденик кој бил работно ангажиран во амбулантата. Тој препорачал затвореникот да се однесе во Ургентниот центар. За ова бил запознаен и дежурниот командир на смена кој го наредил спроводот наместо да повика брза помош за да провери дали повредите може да се санираат во самиот затвор.
Иако процедурите налагаат доколку осуденикот треба да се третира во здравствена установа, затворската служба да побара асистенција од Министерството за внатрешни работи и возилото за спровод на осуденикот да биде придружувано од полициска патрола, тие не го сториле тоа што претходно било случај кога истото осудено лице било спроведувано до одредена здравствена установа, соопштија од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.
Пропусти имало и при спроводот. Дежурниот командир наредил, а затворските полицајци го сместиле осуденикот Мемети во средниот ред на затворското комбе, иако тоа не е место за затвореници, туку според оперативните процедури местото на Мемети требало да биде во посебен дел од комбето. Вториот пропуст во спроводот е тоа што еден од затворските полицајци не носел службен пиштол, иако тоа му било обврска. Пред да тргнат, еден од затворските полицајци, а сега второосомничен, дал насока до колегата кој го возел комбето – да одат кон Скопје по автопат. Кога се приближиле до бензиската пумпа на Лукоил, истиот полицаец кој дал насоки за движење, прави нов „потег“.
Кога се приближиле до бензинска пумпа на Лукоил, второосомничениот кој седел помеѓу осуденикот и третоосомничениот, започнал да се преместува и свесно му овозможил на осуденикот да го искористи моментот и со лисици на рацете да успее да му го земе службениот пиштол од закопчаната футрола, се вели во соопштението на ОЈО за ГОКК.
Третиот пропуст во комбето е што иако затвореникот Мемети бил врзан со лисици сепак му било овозможено да земе пиштолот на еден од затворските полицајци и тогаш истрелал куршум.
Иако намерата за пукањето со пиштолот во кровот на возилото била да го оправда овозможувањето на бегството од страна на затворските полицајци, зрното од куршумот се одбило од кровот и случајно го погодило затворскиот полицаец И.Х. во долниот дел од стомакот. Наведените противзаконски дејствија се извршени откако службеното затворско возило било пресретнато и му било попречен патот од страна на друго возило марка „ауди“ и притоа овластените службени лица за спровод – затворските полицајци не преземале никакви дејствија во однос на нивно присилното запирање, а осуденото лице по настанот влегло во возилото „ауди“ и заминало од лице местото, изјави портпаролот на МВР, Тони Ангеловски.
Во соопштението на обвинителството се вели дека Мемети почнал да пука со пиштолот, додека во соопштението на МВР дека бил испукан само еден куршум. Затвореникот не се обидел да ги застрела затворските полицајци, туку барал да го запрат комбето, пукајќи во кровот на возилото. 36-годишниот Беким Мемети од Тетово се бара со меѓународна потерница. Тој е осуден на вкупно 21 година затвор за убиство и поседување дрога. Во затвор требало да биде до 2040 година.

The post ОЈО и МВР: Бегството на Мемети било договорено со полицајците, детали од тоа како течела целата „акција“ appeared first on Република.

]]>
Потерница за избеганиот Беким Мемети, кој требало да излезе од „Идризово“ во април 2040 година https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/poternitsa-za-izbeganiot-bekim-memeti-koj-trebalo-da-izleze-od-idrizovo-vo-april-2040-godina/ Fri, 13 Jan 2023 09:59:33 +0000 https://republika.mk/?p=596488

Управата за извршување на санкции, по синоќешниот случај во кој осуденик пукал во затворски полицаец и побегнал додека го носеле во болница, најави дека ќе направи вонреден надзор во КПУ Идризово и за сите утврдени неправилности ќе преземе соодветни мерки со цел да се утврди зошто не била обезбедена полициска асистенција за спровод до болница. Ќе се утврдува дали постои одговорност за организацијата на спроведувањето на осуденикот, како и за пропустите кои довеле до ваква разврска на целиот настан. Издадена е и наредба за распишување на централна потерница.

УИС во соопштение наведе дека синоќа околу 23,20 часот при спровод на осуденото лице Б.М. (36) од КПУ Идризово во Ургентниот центар „Мајка Тереза“ поради повреда на десната рака, на автопатот кон Скопје кај бензиската пимпа на Лукоил, службено возило било пресретнато од возило марка „ауди” со сива боја без регистерски таблички кое им го блокирало патот.

Осуденото лице во тој момент му го одзел службениот пиштол од футрола на затворскиот полицаец И.Х., кој го возел комбето, пукало во него и го повредило во долниот дел на стомакот. Поради повредата, возачот го запрел возилото, а осуденото лице се дало во бегство со патничкото возило „ауди”. Вработените во затворската полиција го пријавиле случајот во СВР Скопје, појаснуваат од УИС.

Повредениот затворски полицаец е префрлен во болница на натамошно лекување, а со учесниците на настанот извршени се разговори од страна на надлежните на МВР.

Осуденото лице Б.М. од Тетово било осудено на вкупна казна од 21 година затвор, од кои 19 за убиство и две за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори. Казната ја издржува од 28.12.2020 година, а истекува на 17.04.2040 година.

The post Потерница за избеганиот Беким Мемети, кој требало да излезе од „Идризово“ во април 2040 година appeared first on Република.

]]>

Управата за извршување на санкции, по синоќешниот случај во кој осуденик пукал во затворски полицаец и побегнал додека го носеле во болница, најави дека ќе направи вонреден надзор во КПУ Идризово и за сите утврдени неправилности ќе преземе соодветни мерки со цел да се утврди зошто не била обезбедена полициска асистенција за спровод до болница. Ќе се утврдува дали постои одговорност за организацијата на спроведувањето на осуденикот, како и за пропустите кои довеле до ваква разврска на целиот настан. Издадена е и наредба за распишување на централна потерница. УИС во соопштение наведе дека синоќа околу 23,20 часот при спровод на осуденото лице Б.М. (36) од КПУ Идризово во Ургентниот центар „Мајка Тереза“ поради повреда на десната рака, на автопатот кон Скопје кај бензиската пимпа на Лукоил, службено возило било пресретнато од возило марка „ауди” со сива боја без регистерски таблички кое им го блокирало патот.
Осуденото лице во тој момент му го одзел службениот пиштол од футрола на затворскиот полицаец И.Х., кој го возел комбето, пукало во него и го повредило во долниот дел на стомакот. Поради повредата, возачот го запрел возилото, а осуденото лице се дало во бегство со патничкото возило „ауди”. Вработените во затворската полиција го пријавиле случајот во СВР Скопје, појаснуваат од УИС.
Повредениот затворски полицаец е префрлен во болница на натамошно лекување, а со учесниците на настанот извршени се разговори од страна на надлежните на МВР. Осуденото лице Б.М. од Тетово било осудено на вкупна казна од 21 година затвор, од кои 19 за убиство и две за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори. Казната ја издржува од 28.12.2020 година, а истекува на 17.04.2040 година.

The post Потерница за избеганиот Беким Мемети, кој требало да излезе од „Идризово“ во април 2040 година appeared first on Република.

]]>
Избеганиот затвореник Беким Мемети осуден за убиство во Мала Речица, бил екстрадиран од Германија пред 2 и пол години https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/izbeganiot-zatvorenik-bekim-memeti-osuden-za-ubistvo-vo-mala-rechitsa-bil-ekstradiran-od-germanija-pred-2-i-pol-godini/ Fri, 13 Jan 2023 09:17:45 +0000 https://republika.mk/?p=596475

Затвореникот Беким Мемети, кој синоќа рани затворски полицаец на пат кон болница и избега бил осуден на затворска казна за убиство извршено во 2016 година во тетовска Мала Речица, открива Телма.

Мемети првично бил осуден во отсуство, а во 2020-тата година бил уапсен во Берлин во Германија по што бил екстрадиран. Му била повторена постапката во суд и повторно е осуден на долгогодишна затворска казна.

Во септември 2016 година на улица 188 во Мала Речица имало расправика меѓу две групи при што едно лице загинало, за што бил обвинет и осуден Мемети, кој сега повторно е во бегство.

МВР тогаш објави детали за убиството со следното соопштение:

Во пресметката учествувале А.Б. (33) и Б.М. (30) од една страна и Х.М. (37), М. Х. (34) и Х.К. (39) сите од Тетово. Б.М. со огнено оружје почнал да пука кон Х.М., М.Х. и Х.К.

Х.М. починал на самото место, а Х.К. и М.Х. добиле прострелни рани.

Телото на починатиот е предадено на обдукција. Тетовската полиција презема мерки за пронаоѓање на сторителите и целосно расчистување и документирање на случајот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава.

Бегалецот Мемети беше најден во Германија, а синоќа во чудни околности успеа да избега од комбе на затворската полиција на пат кон болница. Пријавено е дека Мемети успеал да го земе пиштолот од возачот на комбето покрај уште тројца затворски полицајци, да го рани затворскиот чувар со неговото службено оружје и да избега со автомобил кој бил во близина на местото на инцидентот. Бегството е прикавено во 23:30 синоќа.

The post Избеганиот затвореник Беким Мемети осуден за убиство во Мала Речица, бил екстрадиран од Германија пред 2 и пол години appeared first on Република.

]]>

Затвореникот Беким Мемети, кој синоќа рани затворски полицаец на пат кон болница и избега бил осуден на затворска казна за убиство извршено во 2016 година во тетовска Мала Речица, открива Телма. Мемети првично бил осуден во отсуство, а во 2020-тата година бил уапсен во Берлин во Германија по што бил екстрадиран. Му била повторена постапката во суд и повторно е осуден на долгогодишна затворска казна. Во септември 2016 година на улица 188 во Мала Речица имало расправика меѓу две групи при што едно лице загинало, за што бил обвинет и осуден Мемети, кој сега повторно е во бегство. МВР тогаш објави детали за убиството со следното соопштение: Во пресметката учествувале А.Б. (33) и Б.М. (30) од една страна и Х.М. (37), М. Х. (34) и Х.К. (39) сите од Тетово. Б.М. со огнено оружје почнал да пука кон Х.М., М.Х. и Х.К. Х.М. починал на самото место, а Х.К. и М.Х. добиле прострелни рани. Телото на починатиот е предадено на обдукција. Тетовската полиција презема мерки за пронаоѓање на сторителите и целосно расчистување и документирање на случајот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава. Бегалецот Мемети беше најден во Германија, а синоќа во чудни околности успеа да избега од комбе на затворската полиција на пат кон болница. Пријавено е дека Мемети успеал да го земе пиштолот од возачот на комбето покрај уште тројца затворски полицајци, да го рани затворскиот чувар со неговото службено оружје и да избега со автомобил кој бил во близина на местото на инцидентот. Бегството е прикавено во 23:30 синоќа.

The post Избеганиот затвореник Беким Мемети осуден за убиство во Мала Речица, бил екстрадиран од Германија пред 2 и пол години appeared first on Република.

]]>
Полицаецот ранет во грабнувањето на затвореник пренесен на КАРИЛ https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/politsaetsot-ranet-vo-grabnuvaneto-na-zatvorenik-prenesen-na-karil/ Fri, 13 Jan 2023 07:40:42 +0000 https://republika.mk/?p=596403

Полицаецот кој беше ранет при филмското грабнување на затвореник кој отслужувал затворска казна во Идризово е пренесен на КАРИЛ.

Се работи за потешка повреда, ранет е во ногата, но и во бешиката.

Околу полноќ на патот Скопје - Велес беше пресретнато затворско комбе кое пренесувало затвореник кој бил на лекување. Напаѓачите биле вооружени, раниле еден полицаец и го грабнале затвореникот, кој во КПД „Идризово“ одлежувал казна затвор од 20 годони заради убиство.

Станува збор за лице со иницијали М.Б. од Тетово.

The post Полицаецот ранет во грабнувањето на затвореник пренесен на КАРИЛ appeared first on Република.

]]>

Полицаецот кој беше ранет при филмското грабнување на затвореник кој отслужувал затворска казна во Идризово е пренесен на КАРИЛ. Се работи за потешка повреда, ранет е во ногата, но и во бешиката. Околу полноќ на патот Скопје - Велес беше пресретнато затворско комбе кое пренесувало затвореник кој бил на лекување. Напаѓачите биле вооружени, раниле еден полицаец и го грабнале затвореникот, кој во КПД „Идризово“ одлежувал казна затвор од 20 годони заради убиство. Станува збор за лице со иницијали М.Б. од Тетово.

The post Полицаецот ранет во грабнувањето на затвореник пренесен на КАРИЛ appeared first on Република.

]]>