Беград Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/begrad/ За подобро да се разбереме Fri, 21 Jun 2024 09:47:24 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Беград Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/begrad/ 32 32 Почна кoнститутивната седница на град Белград https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/pochna-konstitutivnata-sednitsa-na-grad-belgrad/ Fri, 21 Jun 2024 09:47:24 +0000 https://republika.mk/?p=789163

Во зградата на градскиот парламент денеска почна конститутивната седница на Собранието на град Белград.

Прва точка на дневен ред е потврдување на мандатот на одборниците кои беа избрани на изборите во Белград на 2 јуни и избор на претседател на собранието и именување секретари на собранието, како и нивни заменици.

Седницата ја закажа Привремената управа на чело со Александар Шапиќ, кој е и кандидат на листата „Александар Вучиќ - Белград утре“ за градоначалник на Белград. Функционерот на СПС, Никола Никодијевиќ, повторно ќе биде предложен за претседател на Собранието, што би бил негов четврти последователен мандат, пишува весникот „Данас“. Според изборните резултати, движењето Тргни-Промени на Саво Манојловиќ освои најмногу мандати по СНС - 21, додека коалицијата „Бирамо Београд“ доби 14. СНС ќе има 64 мандати од вкупно 110.

Во градскиот парламент девет советнички мандати ќе има листата на д-р Бранимир Неесторовиќ „Ние сме силата на народот“, како и Руската партија со двајца советници. Манојловиќ рече дека советниците на тоа движење ќе ги верификуваат советничките мандати, а потоа во знак на протест ќе ја напуштат седницата на белградското Собрание.

Белградски медиуми јавија дека не се знае засега кои од опозициските претставници ќе учествуваат на седницата.

The post Почна кoнститутивната седница на град Белград appeared first on Република.

]]>

Во зградата на градскиот парламент денеска почна конститутивната седница на Собранието на град Белград. Прва точка на дневен ред е потврдување на мандатот на одборниците кои беа избрани на изборите во Белград на 2 јуни и избор на претседател на собранието и именување секретари на собранието, како и нивни заменици. Седницата ја закажа Привремената управа на чело со Александар Шапиќ, кој е и кандидат на листата „Александар Вучиќ - Белград утре“ за градоначалник на Белград. Функционерот на СПС, Никола Никодијевиќ, повторно ќе биде предложен за претседател на Собранието, што би бил негов четврти последователен мандат, пишува весникот „Данас“. Според изборните резултати, движењето Тргни-Промени на Саво Манојловиќ освои најмногу мандати по СНС - 21, додека коалицијата „Бирамо Београд“ доби 14. СНС ќе има 64 мандати од вкупно 110. Во градскиот парламент девет советнички мандати ќе има листата на д-р Бранимир Неесторовиќ „Ние сме силата на народот“, како и Руската партија со двајца советници. Манојловиќ рече дека советниците на тоа движење ќе ги верификуваат советничките мандати, а потоа во знак на протест ќе ја напуштат седницата на белградското Собрание. Белградски медиуми јавија дека не се знае засега кои од опозициските претставници ќе учествуваат на седницата.

The post Почна кoнститутивната седница на град Белград appeared first on Република.

]]>
Вучиќ ја откажа меѓународната ,,Еуропрајд” парада, организаторите инсистираат дека настанот ќе се одржи https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vuchikj-ja-otkaza-megjunarodnata-europrajd-parada-organizatorite-insistiraat-deka-nastanot-kje-se-odrzi/ Sat, 27 Aug 2022 14:17:13 +0000 https://republika.mk/?p=544716

Српскиот претседател Александар Вучиќ го откажа меѓународниот настан „Еуропрајд“ што требаше да се одржи во Белград од 12 до 18 септември, додека организаторите на настанот ветија дека ќе се одвива според планираното

На прес-конференција во Белград, Вучиќ изјави дека правата на сексуалните малцинства се загрозени во Србија, но изјави дека владата била под силен притисок од десничарските групи и претставници на Српската православна црква да го откаже настанот.

Не е прашање дали тие притисоци се посилни, едноставно во одреден момент не можете да постигнете сè, и тоа е тоа - кусо изјави Вучиќ.

Тој најави дека е можно настанот да се одложи, односно да се одржи подоцна во друг термин.

Настанот на кој се промовираат основните права на лезбејска, геј, бисексуална, трансродова и интерсексуална гордост на пан-европско ниво секоја година се одржува во различен европски град и во него е вклучена и Парада на гордоста.

Кристине Гарина, претседателка на Европската асоцијација на организатори на гордоста, која го лиценцира „Еуропрајд“, објави соопштение во кое се вели дека настанот нема да биде откажан и покрај забелешките на Вучиќ.

Правото на „Прајд Парада“ е прогласено од Европскиот суд за човекови права како основно човеково право - порача Гарина, додавајќи дека секоја забрана ќе ја прекрши Европската конвенција за човекови права.

Таа изјави дека „Еуропрајд“ во Белград нема да биде откажан и ќе собере илјадници ЛГБТИ+ луѓе од цела Европа. Гарина ги повика српските власти „цврсто да застанат против овие насилници и да го заштитат настанот“.

Марко Михаиловиќ, активист на „Београд Прајд“, на Твитер објави дека одлуката на Вучиќ да ја откаже парадата е „јасно кршење на уставот”.

Тој вети дека парадата ќе продолжи според планираното на 17 септември.

The post Вучиќ ја откажа меѓународната ,,Еуропрајд” парада, организаторите инсистираат дека настанот ќе се одржи appeared first on Република.

]]>

Српскиот претседател Александар Вучиќ го откажа меѓународниот настан „Еуропрајд“ што требаше да се одржи во Белград од 12 до 18 септември, додека организаторите на настанот ветија дека ќе се одвива според планираното На прес-конференција во Белград, Вучиќ изјави дека правата на сексуалните малцинства се загрозени во Србија, но изјави дека владата била под силен притисок од десничарските групи и претставници на Српската православна црква да го откаже настанот.
Не е прашање дали тие притисоци се посилни, едноставно во одреден момент не можете да постигнете сè, и тоа е тоа - кусо изјави Вучиќ.
Тој најави дека е можно настанот да се одложи, односно да се одржи подоцна во друг термин. Настанот на кој се промовираат основните права на лезбејска, геј, бисексуална, трансродова и интерсексуална гордост на пан-европско ниво секоја година се одржува во различен европски град и во него е вклучена и Парада на гордоста. Кристине Гарина, претседателка на Европската асоцијација на организатори на гордоста, која го лиценцира „Еуропрајд“, објави соопштение во кое се вели дека настанот нема да биде откажан и покрај забелешките на Вучиќ.
Правото на „Прајд Парада“ е прогласено од Европскиот суд за човекови права како основно човеково право - порача Гарина, додавајќи дека секоја забрана ќе ја прекрши Европската конвенција за човекови права.
Таа изјави дека „Еуропрајд“ во Белград нема да биде откажан и ќе собере илјадници ЛГБТИ+ луѓе од цела Европа. Гарина ги повика српските власти „цврсто да застанат против овие насилници и да го заштитат настанот“. Марко Михаиловиќ, активист на „Београд Прајд“, на Твитер објави дека одлуката на Вучиќ да ја откаже парадата е „јасно кршење на уставот”. Тој вети дека парадата ќе продолжи според планираното на 17 септември.

The post Вучиќ ја откажа меѓународната ,,Еуропрајд” парада, организаторите инсистираат дека настанот ќе се одржи appeared first on Република.

]]>