Беглрад Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/beglrad/ За подобро да се разбереме Sun, 27 Aug 2023 13:10:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Беглрад Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/beglrad/ 32 32 БГНЕС тврди: Белград се вклучи во пропагандата против уставните измени во Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/bgnes-tvrdi-belgrad-se-vkluchi-vo-propagandata-protiv-ustavnite-izmeni-vo-makedonija/ Sun, 27 Aug 2023 14:53:20 +0000 https://republika.mk/?p=676333

Српската државна телевизија РТС  отворено се вклучи во пропагандата против уставните измени во  Македонија кои се задолжителен услов за почеток на преговори во Скопје за членство во ЕУ, пишува денес БГНЕС од Белград.

Во опширниот извештај, кој беше насловен „Дали Македонците ќе станат малцинство во татковината“ РТС , според БГНЕС, сугерира  дека „Бугарите го оспоруваат идентитетот на
Македонците”.

„Пред 5 години РСМ го смени името како услов да продолжи со евроинтеграцијата, но сега Бугарија постави бариера и сака Бугарите да бидат регистрирани како малцинство во преамбулата на уставот, а претставуваат само 0,19 отсто од населението“, се вели во извештајот, кој веднаш беше препечатен од весникопт „Политика“.

Во информациите на РТС, покрај „опасноста од Бугарите, не е испуштена и другиот дежурен  непријател – Албанците кои го загрозуваат интегритетот на државата“, пишува БГНЕС. На самиот почеток репортерот на РТС го цитира поранешниот премиер Зоран Заев, кој го прашал Бојко Борисов „како тоа сите на светот настанале од мајмунот, само ние Македонците од Бугарите“.

Таква забелешка, според БГНЕС, никогаш не била упатена на Борисов и била за локална публика. Извештајот завршува со потсетување дека„РСМ во 2019 година направи отстапки пред Албанците и така албанскиот јазик стана службен јазик во државата“.

„Аргументите против „опасните измени на Уставот“ на РТС целосно се поклопуваат со
пропагандата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој ги плаши сонародниците
дека „бугарскиот диктат“ секој ден по донесувањето на т.н „француски предлог“ кој
го отвора патот на земјата за преговори за членство во ЕУ., коментира БГНЕС.

 


The post БГНЕС тврди: Белград се вклучи во пропагандата против уставните измени во Македонија appeared first on Република.

]]>

Српската државна телевизија РТС  отворено се вклучи во пропагандата против уставните измени во  Македонија кои се задолжителен услов за почеток на преговори во Скопје за членство во ЕУ, пишува денес БГНЕС од Белград. Во опширниот извештај, кој беше насловен „Дали Македонците ќе станат малцинство во татковината“ РТС , според БГНЕС, сугерира  дека „Бугарите го оспоруваат идентитетот на Македонците”. „Пред 5 години РСМ го смени името како услов да продолжи со евроинтеграцијата, но сега Бугарија постави бариера и сака Бугарите да бидат регистрирани како малцинство во преамбулата на уставот, а претставуваат само 0,19 отсто од населението“, се вели во извештајот, кој веднаш беше препечатен од весникопт „Политика“. Во информациите на РТС, покрај „опасноста од Бугарите, не е испуштена и другиот дежурен  непријател – Албанците кои го загрозуваат интегритетот на државата“, пишува БГНЕС. На самиот почеток репортерот на РТС го цитира поранешниот премиер Зоран Заев, кој го прашал Бојко Борисов „како тоа сите на светот настанале од мајмунот, само ние Македонците од Бугарите“. Таква забелешка, според БГНЕС, никогаш не била упатена на Борисов и била за локална публика. Извештајот завршува со потсетување дека„РСМ во 2019 година направи отстапки пред Албанците и така албанскиот јазик стана службен јазик во државата“. „Аргументите против „опасните измени на Уставот“ на РТС целосно се поклопуваат со пропагандата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој ги плаши сонародниците дека „бугарскиот диктат“ секој ден по донесувањето на т.н „француски предлог“ кој го отвора патот на земјата за преговори за членство во ЕУ., коментира БГНЕС.  

The post БГНЕС тврди: Белград се вклучи во пропагандата против уставните измени во Македонија appeared first on Република.

]]>