Бегемот Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/begemot/ За подобро да се разбереме Wed, 01 Mar 2023 12:21:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Бегемот Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/begemot/ 32 32 „Бегемот“ го издаде второто издание на „Урбани легенди“ од Васко Марковски https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/begemot-go-izdade-vtoroto-izdanie-na-urbani-legendi-od-vasko-markovski/ Wed, 01 Mar 2023 12:09:10 +0000 https://republika.mk/?p=614643

Издавачката куќа „Бегемот“ од Скопје го издаде второто издание на книгата „Урбани легенди“ од Васко Марковски, која првично беше објавена во 2018 година.

„Урбани легенди“ содржи приказни за 50-тина урбани легенди, главно од Скопје, но и од Охрид, Струга, Битола и хронолошки тие опфаќаат период од педесетина години, од катастрофалниот земјотрес на Скопје во 1963 година па до денес.

Второто издание веќе е дистрибуирано во книжарниците, дополнето со неколку пост-скриптуми и мали корекции во текстот и има нов дизајн на корицата која е дело на Наталија Лукомска, полска илустраторка и графичка дизајнерка која живее во Скопје.

Зи-Зи (топ)“, „Ван Гог“, „Круг“, „Сабвеј“. Сале Арарат, Зоки Панкер („Балет“), Роки, Силва и Ѓоко, Соња Андерграунд, Деко, Панде (МКЦ), Миле и Драги („Пони“ и „Браво“) , Реџеп Пампур Ружниот, Рокабилите, Ситна, „Океан Пацифик“, Замокот во Црниче, Коцка, …Тоа се луѓето, местата, феномените кои Марковски ги опиша во „Урбани легенди“.

Васко Марковски е туристички водич, патеписец, фотограф, писател и литературен преведувач. Дипломирал на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, студии по турски јазик и книжевност со чешки јазик и книжевност. Најголемиот дел од професионалната кариера работи како новинар во петнаесетина медиуми: радио, дневни и неделни весници, мултимедија. Од 2018 година се посветил на професијата туристички водич.

 

 

The post „Бегемот“ го издаде второто издание на „Урбани легенди“ од Васко Марковски appeared first on Република.

]]>

Издавачката куќа „Бегемот“ од Скопје го издаде второто издание на книгата „Урбани легенди“ од Васко Марковски, која првично беше објавена во 2018 година. „Урбани легенди“ содржи приказни за 50-тина урбани легенди, главно од Скопје, но и од Охрид, Струга, Битола и хронолошки тие опфаќаат период од педесетина години, од катастрофалниот земјотрес на Скопје во 1963 година па до денес. Второто издание веќе е дистрибуирано во книжарниците, дополнето со неколку пост-скриптуми и мали корекции во текстот и има нов дизајн на корицата која е дело на Наталија Лукомска, полска илустраторка и графичка дизајнерка која живее во Скопје. Зи-Зи (топ)“, „Ван Гог“, „Круг“, „Сабвеј“. Сале Арарат, Зоки Панкер („Балет“), Роки, Силва и Ѓоко, Соња Андерграунд, Деко, Панде (МКЦ), Миле и Драги („Пони“ и „Браво“) , Реџеп Пампур Ружниот, Рокабилите, Ситна, „Океан Пацифик“, Замокот во Црниче, Коцка, …Тоа се луѓето, местата, феномените кои Марковски ги опиша во „Урбани легенди“. Васко Марковски е туристички водич, патеписец, фотограф, писател и литературен преведувач. Дипломирал на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, студии по турски јазик и книжевност со чешки јазик и книжевност. Најголемиот дел од професионалната кариера работи како новинар во петнаесетина медиуми: радио, дневни и неделни весници, мултимедија. Од 2018 година се посветил на професијата туристички водич.    

The post „Бегемот“ го издаде второто издание на „Урбани легенди“ од Васко Марковски appeared first on Република.

]]>
Изложба, книжевни промоции, музика и перформанс на шестото издание на фестивалот „АртАреа/Артерија“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/izlozba-knizevni-promocii-muzika-i-performans-na-shestoto-izdanie-na-festivalot-artarea-arterija/ Wed, 07 Sep 2022 10:14:28 +0000 https://republika.mk/?p=548244

Издавачката куќа „Бегемот“ го најавува шестото издание на фестивалот „АртАреа/ Артерија“, што ќе се одржи од 9 до 11 септември во кафе-книжарницата „Буква“.

Станува збор за мултимедијален фестивал што ја поттикнува и промовира современата парадигма на интегративно и интерактивно културно дејствување.

Фестивалот ја пресретнува јасната општествена потреба за формирање и одржување зони на пресек на различните културно-уметнички полиња. Според своите план и програма, фестивалот претставува тридневен комплекс од јавни културни настани, обединети околу културната интермедијалност, односно поврзувањето на различните уметнички јазици, медиуми и практики: книжевност, музика, изведбени уметности (театар, перформанс), визуелни уметности (фотографија, филм, илустрација, цртеж, плакат, анимација), ракотворство итн.“, најавуваат од „Бегемот“.

И оваа година, во три фестивалски денови ќе се вкрстат различни креативни медиуми. Ќе има изложба на фотографии, неколку книжевни промоции, дискусии, театарски перформанс, концерт, музика и дружење.

Целосната програма во продолжение:

(9–11 септември 2022)
Кафе-книжарница „Буква“

Изложба на фотографии: „Discrepancity“, Божин Трпевски

09.09

19:00 Промоција на романот „Естом“ од Николина Андова Шопова („Или-или“, 2022); промотор Владимир Јанковски

20:30 Промоција на книгата „Скопски улици“ од Васко Марковски („Бегемот“, 2022); промотор Ѓоко Здравески

21.30 Марсо ќе пушта музика

10.09

19:00 Панел дискусија (организатор издавачка куќа „Сказнувалка“)

Предизвикот на културолошкиот контекст во преведувањето книжевност за деца и млади
Положбата на книжевниот преведувач во македонското општество

Учесници: Милан Дамјаноски (модератор); Катерина Сотирова (книжевен преведувач); Александра Јуруковска (книжевен критичар); Искра Димковска (уредник)

20:30 Промоција на книгата „Илегален Парнас“ од Бојан Бабиќ („Бегемот“, 2021); промотор Иван Шопов, Бојан Бабиќ (автор)

21.30 Џез концерт – Букршлиев/Теодосиев/Мирческа

11.09

19:00 Дискусија: Редефинирање на (не)зависната театарска сцена

20:30 Промоција на книгата „Век со Конески, мигови со Блаже“ од Владимир Мартиновски („Бегемот“, 2022), промотор Душко Крстевски

21:30 Театарски перформанс – монодрама „Срам“ (aвторка и изведувачка: Ангела Стојановска)

Фестивалот се одржува со поддршка од Министерството за култура и кафе-книжарницата „Буква“, каде што ќе се одвива целата фестивалска програма.

 

The post Изложба, книжевни промоции, музика и перформанс на шестото издание на фестивалот „АртАреа/Артерија“ appeared first on Република.

]]>

Издавачката куќа „Бегемот“ го најавува шестото издание на фестивалот „АртАреа/ Артерија“, што ќе се одржи од 9 до 11 септември во кафе-книжарницата „Буква“. Станува збор за мултимедијален фестивал што ја поттикнува и промовира современата парадигма на интегративно и интерактивно културно дејствување.
Фестивалот ја пресретнува јасната општествена потреба за формирање и одржување зони на пресек на различните културно-уметнички полиња. Според своите план и програма, фестивалот претставува тридневен комплекс од јавни културни настани, обединети околу културната интермедијалност, односно поврзувањето на различните уметнички јазици, медиуми и практики: книжевност, музика, изведбени уметности (театар, перформанс), визуелни уметности (фотографија, филм, илустрација, цртеж, плакат, анимација), ракотворство итн.“, најавуваат од „Бегемот“.
И оваа година, во три фестивалски денови ќе се вкрстат различни креативни медиуми. Ќе има изложба на фотографии, неколку книжевни промоции, дискусии, театарски перформанс, концерт, музика и дружење. Целосната програма во продолжение: (9–11 септември 2022) Кафе-книжарница „Буква“ Изложба на фотографии: „Discrepancity“, Божин Трпевски 09.09 19:00 Промоција на романот „Естом“ од Николина Андова Шопова („Или-или“, 2022); промотор Владимир Јанковски 20:30 Промоција на книгата „Скопски улици“ од Васко Марковски („Бегемот“, 2022); промотор Ѓоко Здравески 21.30 Марсо ќе пушта музика 10.09 19:00 Панел дискусија (организатор издавачка куќа „Сказнувалка“) Предизвикот на културолошкиот контекст во преведувањето книжевност за деца и млади Положбата на книжевниот преведувач во македонското општество Учесници: Милан Дамјаноски (модератор); Катерина Сотирова (книжевен преведувач); Александра Јуруковска (книжевен критичар); Искра Димковска (уредник) 20:30 Промоција на книгата „Илегален Парнас“ од Бојан Бабиќ („Бегемот“, 2021); промотор Иван Шопов, Бојан Бабиќ (автор) 21.30 Џез концерт – Букршлиев/Теодосиев/Мирческа 11.09 19:00 Дискусија: Редефинирање на (не)зависната театарска сцена 20:30 Промоција на книгата „Век со Конески, мигови со Блаже“ од Владимир Мартиновски („Бегемот“, 2022), промотор Душко Крстевски 21:30 Театарски перформанс – монодрама „Срам“ (aвторка и изведувачка: Ангела Стојановска) Фестивалот се одржува со поддршка од Министерството за култура и кафе-книжарницата „Буква“, каде што ќе се одвива целата фестивалска програма.  

The post Изложба, книжевни промоции, музика и перформанс на шестото издание на фестивалот „АртАреа/Артерија“ appeared first on Република.

]]>