Бегај Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/begaj/ За подобро да се разбереме Thu, 13 Jun 2024 14:41:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Бегај Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/begaj/ 32 32 Средба Џафери-Бегај: Процесот на евроинтеграции да се заокружи со успех https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sredba-dhaferi-begaj-protsesot-na-evrointegratsii-da-se-zaokruzhi-so-uspeh/ Thu, 13 Jun 2024 14:33:48 +0000 https://republika.mk/?p=787258

Претседателот на Владата на Република Македонија, Талат Џафери,  денеска оствари средба со претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај, кој што е  во земјава  во рамките на учеството на Парламентарно собрание на Процесот за соработка во Југоисточна Европа што се одржува во Собранието на Република Македонија.

На средбата, премиерот Џафери му посака топло добредојде на претседателот Бегај, изразувајќи задоволство од континуираниот политички дијалог, како и развојот на билатералните односи меѓу двете држави, кои се карактеризираат со пријателски и братски однос кој е повеќе од само добрососедски однос. Единствено економската размена  со Република Албанија не го рефлектира  тој одличен однос и затоа соговорниците се согласија дека таа треба да биде приоритет и за актуелните Влади на двете земји, и секако имајќи го предвид очекуваниот избор на новиот владин состав во земјава по одржаните парламентарни избори, и за идната Влада на Република Македонија.  Премиерот Џафери истакна дека е важно да се продолжи со реформи за исполнување на зацртаниот пат на двете земји, кои веќе се сојузници во НАТО, со надеж дека и процесот на евроинтеграции ќе  се заокружи со успех.

Претседателот Бегај, изрази задоволство од можноста да се сретне  со Премиерот Џафери, на кого му се заблагодари за ангажманот, професионалноста, гордоста и достоинството со кое ја исполни уставната надлежност на Премиер на земјава, а што претставува додадена вредност за него и за Република Македонија. Важно е, истакна тој, „да се задржи и надгради уште повеќе тоа што е постигнато во Република Македонија, а  што е во однос на однос на правата и обврските на заедниците.“  Се согласи со констатациите на премиерот Џафери во однос на тоа дека евроинтеграциите се приоритет за просперитетот, стабилноста и безбедноста на регионот и на евроатлантската заедница во регионот, и дека е добро што и двете држави се на иста линија со Европската Унија што се однесува на надворешната и безбедносната политика на Унијата.

Соговорниците се согласија дека ќе продолжат да ја интензивираат и збогатуваат взаемната соработка во сите полиња од взаемен интерес и во полза на граѓаните на двете земји.

The post Средба Џафери-Бегај: Процесот на евроинтеграции да се заокружи со успех appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Владата на Република Македонија, Талат Џафери,  денеска оствари средба со претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај, кој што е  во земјава  во рамките на учеството на Парламентарно собрание на Процесот за соработка во Југоисточна Европа што се одржува во Собранието на Република Македонија. На средбата, премиерот Џафери му посака топло добредојде на претседателот Бегај, изразувајќи задоволство од континуираниот политички дијалог, како и развојот на билатералните односи меѓу двете држави, кои се карактеризираат со пријателски и братски однос кој е повеќе од само добрососедски однос. Единствено економската размена  со Република Албанија не го рефлектира  тој одличен однос и затоа соговорниците се согласија дека таа треба да биде приоритет и за актуелните Влади на двете земји, и секако имајќи го предвид очекуваниот избор на новиот владин состав во земјава по одржаните парламентарни избори, и за идната Влада на Република Македонија.  Премиерот Џафери истакна дека е важно да се продолжи со реформи за исполнување на зацртаниот пат на двете земји, кои веќе се сојузници во НАТО, со надеж дека и процесот на евроинтеграции ќе  се заокружи со успех. Претседателот Бегај, изрази задоволство од можноста да се сретне  со Премиерот Џафери, на кого му се заблагодари за ангажманот, професионалноста, гордоста и достоинството со кое ја исполни уставната надлежност на Премиер на земјава, а што претставува додадена вредност за него и за Република Македонија. Важно е, истакна тој, „да се задржи и надгради уште повеќе тоа што е постигнато во Република Македонија, а  што е во однос на однос на правата и обврските на заедниците.“  Се согласи со констатациите на премиерот Џафери во однос на тоа дека евроинтеграциите се приоритет за просперитетот, стабилноста и безбедноста на регионот и на евроатлантската заедница во регионот, и дека е добро што и двете држави се на иста линија со Европската Унија што се однесува на надворешната и безбедносната политика на Унијата. Соговорниците се согласија дека ќе продолжат да ја интензивираат и збогатуваат взаемната соработка во сите полиња од взаемен интерес и во полза на граѓаните на двете земји.

The post Средба Џафери-Бегај: Процесот на евроинтеграции да се заокружи со успех appeared first on Република.

]]>
Бегај во Косово: Да се бориме против внатреалбанските делби и раздори https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/begaj-vo-kosovo-da-se-borime-protiv-vnatrealbanskite-delbi-i-razdori/ Sat, 10 Jun 2023 16:05:11 +0000 https://republika.mk/?p=649958

Претседателот на Албанија, Бајрам Бегај ги повика лидерите на Албанците да се борат против внатреалбанските делби и раздори и порача дека Албанците како нација треба да се потпрат на нивните стратешки партнери, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во неговото обраќање на манифестацијата по повод 145-та годишнина од Призренската лига, Бегај рече дека иднината на албанската нација „ќе биде сé посветла“ доколку не се заборави минатото и „доколку се пренесат на новите генерации вредностите на домољубието и пријателството“.

Имаме среќа што нашите претци, освен јазикот и културата, ни ги оставија во наследство и старите пријателства и доверливите стратешки партнери, кај кои можеме да се потпреме во секое време. Не секогаш работите биле лесни, но иднината на нашата нација ќе биде сé посветла доколку се бориме против делбите и раздорите меѓу нас, доколку го зачуваме нашиот морален интегритет и доколку се пренесат на новите генерации вредностите на домољубието и пријателството, вредностите на мирот и единството, изјави Бегај.

На манифестацијата во Призрен, на која присуствуваше комплетниот државен врв на Косово, вклучително претседателката Вјоса Османи, собранискиот спикер Глаук Коњуфца и премиерот Албин Курти, Бегај беше највисокиот државен претставник на Република Албанија.

Медиумите во Приштина забележуваат дека пораките на Бегај доаѓаат во момент кога косовското раководство, пред сé премиерот Курти, се конфронтира со западните сојузници, односно со САД и Европската унија, но и со албанскиот премиер Еди Рама, во однос на нивните барања и предлози за смирување на состојбата во северно Косово, каде мнозинското српско население пред две недели започна протести против новоизбраните градоначалници Албанци во тамошните четири општини.

The post Бегај во Косово: Да се бориме против внатреалбанските делби и раздори appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Албанија, Бајрам Бегај ги повика лидерите на Албанците да се борат против внатреалбанските делби и раздори и порача дека Албанците како нација треба да се потпрат на нивните стратешки партнери, јави дописникот на МИА од Приштина. Во неговото обраќање на манифестацијата по повод 145-та годишнина од Призренската лига, Бегај рече дека иднината на албанската нација „ќе биде сé посветла“ доколку не се заборави минатото и „доколку се пренесат на новите генерации вредностите на домољубието и пријателството“.
Имаме среќа што нашите претци, освен јазикот и културата, ни ги оставија во наследство и старите пријателства и доверливите стратешки партнери, кај кои можеме да се потпреме во секое време. Не секогаш работите биле лесни, но иднината на нашата нација ќе биде сé посветла доколку се бориме против делбите и раздорите меѓу нас, доколку го зачуваме нашиот морален интегритет и доколку се пренесат на новите генерации вредностите на домољубието и пријателството, вредностите на мирот и единството, изјави Бегај.
На манифестацијата во Призрен, на која присуствуваше комплетниот државен врв на Косово, вклучително претседателката Вјоса Османи, собранискиот спикер Глаук Коњуфца и премиерот Албин Курти, Бегај беше највисокиот државен претставник на Република Албанија. Медиумите во Приштина забележуваат дека пораките на Бегај доаѓаат во момент кога косовското раководство, пред сé премиерот Курти, се конфронтира со западните сојузници, односно со САД и Европската унија, но и со албанскиот премиер Еди Рама, во однос на нивните барања и предлози за смирување на состојбата во северно Косово, каде мнозинското српско население пред две недели започна протести против новоизбраните градоначалници Албанци во тамошните четири општини.

The post Бегај во Косово: Да се бориме против внатреалбанските делби и раздори appeared first on Република.

]]>