бебиња Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bebinja/ За подобро да се разбереме Sat, 16 Nov 2024 07:59:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png бебиња Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bebinja/ 32 32 10 бебиња изгореа во пожар во болница во Индија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/10-bebina-izgorea-vo-pozhar-vo-bolnitsa-vo-indija/ Sat, 16 Nov 2024 07:59:52 +0000 https://republika.mk/?p=838366

Десет бебиња изгореа, а 16 се повредени во пожарот што се случил во петокот вечерта во болница во градот Џанси, во сојузната држава Утар Прадеш, Индија, јавуваат медиумите. Официјални лица изјавија дека пожарот брзо се проширил низ одделението каде што се лекуваат 55 бебиња.

„Четириесет и пет бебиња се спасени и добиваат медицинска помош“, изјави локалниот функционер Бимал Кумар Дубеј и потврди дека се уште не е јасно што го предизвикало пожарот.

Брајеш Патак, вицепремиер на Утар Прадеш денеска ја посетил болницата, се сретнал со семејствата на жртвите, ветил поддршка од владата на семејствата на жртвите и темелна истрага.

„Ќе ги идентификуваме одговорните за оваа трагедија и ќе преземеме строги мерки. Владата е со семејствата во овој тежок момент“, рече тој.

Кога пожарникарите пристигнале да го изгаснат пожарот, морале да ги скршат прозорците за да дојдат до доенчињата, а очевидци велат дека спасувачката операција започнала околу 30 минути по избувнувањето на пожарот, што ја забавило евакуацијата.

The post 10 бебиња изгореа во пожар во болница во Индија appeared first on Република.

]]>

Две бебиња заболени од голема кашлица https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/dve-bebina-zaboleni-od-golema-kashlitsa/ Sat, 09 Nov 2024 10:48:46 +0000 https://republika.mk/?p=835822

Три нови случаi на болеста голема кашлица се регистрирани во земјава во периодот од 1 до 7 ноември, објави Институт за јавно здравје.

Пријавени се два случаја во Скопје и еден од Кратово.

Два од случаите се на возраст под 1 година, невакцинирани и еден над 50 години со непознат вакцинален статус, велат од ИЈЗ и додаваат дека двајца се хоспитализирани.

Во 2024 година се регистрирани 1.154 лица, заболени од голема кашлица.

Најголем број од заболени лица се регистрирани на територијата на Скопје (70,5%), а заболени се регистрирани и во 22 други градови низ Македонија.

Од вкупниот број на регистрирани случаи (1.154), 731 случаи (односно 63,3%) не биле вакцинирани, не се комплетно вакцинирани согласно возраста или нема доказ за вакцинација, стои во известувањето од Институтот за јавно здравје.

The post Две бебиња заболени од голема кашлица appeared first on Република.

]]>

Три нови случаi на болеста голема кашлица се регистрирани во земјава во периодот од 1 до 7 ноември, објави Институт за јавно здравје.
Пријавени се два случаја во Скопје и еден од Кратово.
Два од случаите се на возраст под 1 година, невакцинирани и еден над 50 години со непознат вакцинален статус, велат од ИЈЗ и додаваат дека двајца се хоспитализирани.
Во 2024 година се регистрирани 1.154 лица, заболени од голема кашлица. Најголем број од заболени лица се регистрирани на територијата на Скопје (70,5%), а заболени се регистрирани и во 22 други градови низ Македонија.
Од вкупниот број на регистрирани случаи (1.154), 731 случаи (односно 63,3%) не биле вакцинирани, не се комплетно вакцинирани согласно возраста или нема доказ за вакцинација, стои во известувањето од Институтот за јавно здравје.

The post Две бебиња заболени од голема кашлица appeared first on Република.

]]>
Во Хрватска лани родени 32.170 деца, најмалку од 1991 година https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vo-hrvatska-lani-rodeni-32-170-detsa-najmalku-od-1991-godina/ Wed, 16 Oct 2024 10:45:26 +0000 https://republika.mk/?p=827585

Во Хрватска минатата година се родени најмалку деца од 1991 година, а животниот век е за три години пократок од просекот на ЕУ, покажуваат податоците на Хрватскиот завод за јавно здравје (ХЗЈЗ) за природното движење на населението во 2023 година.

Според овие податоци, минатата година во Хрватска се родени 32.170 деца. Хрватска во последните три децении е една од земјите со низок наталитет - во 1997 година, на пример, во таа земја се родиле 55.501 дете, во 2000 година имало 43.746 новороденчиња, а од 2013 година и влезот на Хрватска во ЕУ, тој број падна под 40.000 и продолжи да се намалува.

Лани, според истите податоци, паднала и смртноста - имало 51.275 умрени, за 5.704 помалку од 2022.

Стапката на природниот прираст била негативна и изнесувала -5,0, односно имало 19.105 умрени повеќе од родени.

Речиси сите окрузи имаат негативен природен прираст, со најлоша состојба во Личко-Сењска, Приморје-Горски Котар и Карловац, а најдобра е во округот Меѓумурје.

Според податоците на Евростат, очекуваниот животен век кај мажите се зголемил од 74,6 на 75,4 години, додека кај жените од 80,8 на 81,8 години. Очекуваниот животен век во Хрватска е три години пократок од просекот на ЕУ, па така лани во Хрватска просекот за двата пола бил 78,6 години, а во ЕУ 81,5 години.

ХЗЈЗ објави и извештај за абортуси во здравствените установи во 2023 година, според кој се евидентирани 3.015 легално предизвикани абортуси или 9,3 абортуси на сто раѓања. Бројот на абортуси минатата година во Хрватска бил за 23 помалку од 2022 година.

The post Во Хрватска лани родени 32.170 деца, најмалку од 1991 година appeared first on Република.

]]>

Во Хрватска минатата година се родени најмалку деца од 1991 година, а животниот век е за три години пократок од просекот на ЕУ, покажуваат податоците на Хрватскиот завод за јавно здравје (ХЗЈЗ) за природното движење на населението во 2023 година. Според овие податоци, минатата година во Хрватска се родени 32.170 деца. Хрватска во последните три децении е една од земјите со низок наталитет - во 1997 година, на пример, во таа земја се родиле 55.501 дете, во 2000 година имало 43.746 новороденчиња, а од 2013 година и влезот на Хрватска во ЕУ, тој број падна под 40.000 и продолжи да се намалува. Лани, според истите податоци, паднала и смртноста - имало 51.275 умрени, за 5.704 помалку од 2022. Стапката на природниот прираст била негативна и изнесувала -5,0, односно имало 19.105 умрени повеќе од родени. Речиси сите окрузи имаат негативен природен прираст, со најлоша состојба во Личко-Сењска, Приморје-Горски Котар и Карловац, а најдобра е во округот Меѓумурје. Според податоците на Евростат, очекуваниот животен век кај мажите се зголемил од 74,6 на 75,4 години, додека кај жените од 80,8 на 81,8 години. Очекуваниот животен век во Хрватска е три години пократок од просекот на ЕУ, па така лани во Хрватска просекот за двата пола бил 78,6 години, а во ЕУ 81,5 години. ХЗЈЗ објави и извештај за абортуси во здравствените установи во 2023 година, според кој се евидентирани 3.015 легално предизвикани абортуси или 9,3 абортуси на сто раѓања. Бројот на абортуси минатата година во Хрватска бил за 23 помалку од 2022 година.

The post Во Хрватска лани родени 32.170 деца, најмалку од 1991 година appeared first on Република.

]]>
Три бебиња починаа за 24 часа во српската општина Младеновац, наредена истрага https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/tri-bebina-pochinaa-za-24-chasa-vo-srpskata-opshtina-mladenovats-naredena-istraga/ Sat, 24 Aug 2024 08:02:18 +0000 https://republika.mk/?p=809631

Три бебиња од територијата на српската општина Младеновац починале во рок од 24 часа, а од МВР на Србија утринава најавија истрага.

Наредена е обдукција во Институтот за судска медицина, а информирано е и Вишото јавно обвинителство во Белград.

Според првите информации, на телата на бебињата нема траги на насилство, а истрагата е во тек, јави Бета.

The post Три бебиња починаа за 24 часа во српската општина Младеновац, наредена истрага appeared first on Република.

]]>

Три бебиња од територијата на српската општина Младеновац починале во рок од 24 часа, а од МВР на Србија утринава најавија истрага. Наредена е обдукција во Институтот за судска медицина, а информирано е и Вишото јавно обвинителство во Белград. Според првите информации, на телата на бебињата нема траги на насилство, а истрагата е во тек, јави Бета.

The post Три бебиња починаа за 24 часа во српската општина Младеновац, наредена истрага appeared first on Република.

]]>
17 имиња инспирирани од морето за вашите летни новороденчиња https://arhiva3.republika.mk/zivot/semejstvo/17-imina-inspirirani-od-moreto-za-vashite-letni-novorodenchina/ Mon, 12 Aug 2024 19:09:20 +0000 https://republika.mk/?p=803454

Предлог имиња со значење поврзано со морето за сите новороденчиња кои ќе пристигнат во лето, но и за оние чии родители го обожаваат морето:

Женски имиња инспирирани од морето:

  1. Адријана (од латинското Адриа, град во северна Италија по кого е наречено Јадранското Море)
  2. Дарија (море на персиски)
  3. Марина (од латинско потекло, значи пристаниште)
  4. Дорис (дериват на името Дорида, морска нимфа од грчката митологија, мажена за грчкиот морски бог Нереј)
  5. Каилани (хавајско име, што значи море и небо)
  6. Корделија (име со велшки корени, што значи морски скапоцен камен)
  7. Маре (море на италијански)
  8. Марис (море или од морето на латински)
  9. Мери (море на фински)
  10. Нериса (грчка морска нимфа)
  11. Талиса (од индијанското женско име Талиса што значи убава вода)

Имиња за момчиња инспирирани од морето:

  1. Адријан (од латинското Адриа, град во северна Италија по кого е наречено Јадранското Море)
  2. Гал (име од хебрејско потекло, што значи бран)
  3. Вал (исто така значи бран, но на хрватски)
  4. Хали (име од грчко потекло што значи море)
  5. Лир (ирски бог на морето)
  6. Каи (море на хавајски)

The post 17 имиња инспирирани од морето за вашите летни новороденчиња appeared first on Република.

Препораки од Институтот за јавно здравје за заштита на бебињата и децата од сонце https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/preporaki-od-institutot-za-javno-zdravje-za-zashtita-na-bebinata-i-detsata-od-sontse/ Thu, 18 Jul 2024 12:35:47 +0000 https://republika.mk/?p=798100

Инстутотот за јавно здравје (ИЗЈ) објави препораки за заштита на доенчињата и децата од сонце. Македонија и регионот се во портокалова и црвена фаза поради високите температури на воздухот.

Од 0 до 6 месеци

Доенчињата на возраст под 6 месеци треба да се чуваат подалеку од директна сончева светлина.

Избегнувајте користење крем за сончање. Младата кожа на бебето нема способност да метаболизира и излачува хемикалии кои често се наоѓаат во кремите за сончање.

Облечете го бебето во лесна сончева облека – заштитна облека што дише и ги покрива рацете и нозете.

Секогаш заштитувајте ги главата, лицето, ушите и вратот на вашето бебе со капа со широк обод и/или чадор. Бебето кое носи капа во првите неколку месеци ќе се навикне да ја носи.

Користете очила за сонце со UVA/UVB заштита. Очите се погодени од изложеноста на зраците на УВ зрачењето.

Прошетајте рано наутро пред 10 часот или после 17 часот и користете светлобојна количка со заштитна покривка од сонце.

UV-апсорбирачки заштитен слој за прозорци во автомобилите.

6-12 месеци:

Сите методи на заштита објаснети погоре важат и за оваа категорија, но, сега, може да се вклучи употребата на креми за сончање.

Одберете крем за сончање наменета за детска кожа во консултација со Вашиот лекар или фармацевт.

Нанесете крем за сончање со широк спектар со минимум 30 фактор на сончева заштита, особено местата непокриени, како што се рацете, вратот, ушите и нозете на бебето.

Што е најважно, кремот за сончање мора да се нанесува 30 минути пред да излезете надвор и повторно да се нанесува на секои два часа или по пливање или прекумерно потење.

Предучилишна возраст:

Сите методи на заштита објаснети погоре важат и за оваа категорија.

Заштитата на малите деца од сонцето бара малку повеќе размислување и труд. Важно е да гo едуцирате вашето дете и старателите.

Проверете го просторот на отворено каде што вашето дете игра за да се уверите дека има соодветна сенка.

Погрижете се малите деца да бидат покриени. Облеката од памук со долги ракави, светлобојна, удобна, а истовремено и високозаштитна.

The post Препораки од Институтот за јавно здравје за заштита на бебињата и децата од сонце appeared first on Република.

]]>

Инстутотот за јавно здравје (ИЗЈ) објави препораки за заштита на доенчињата и децата од сонце. Македонија и регионот се во портокалова и црвена фаза поради високите температури на воздухот. Од 0 до 6 месеци Доенчињата на возраст под 6 месеци треба да се чуваат подалеку од директна сончева светлина. Избегнувајте користење крем за сончање. Младата кожа на бебето нема способност да метаболизира и излачува хемикалии кои често се наоѓаат во кремите за сончање. Облечете го бебето во лесна сончева облека – заштитна облека што дише и ги покрива рацете и нозете. Секогаш заштитувајте ги главата, лицето, ушите и вратот на вашето бебе со капа со широк обод и/или чадор. Бебето кое носи капа во првите неколку месеци ќе се навикне да ја носи. Користете очила за сонце со UVA/UVB заштита. Очите се погодени од изложеноста на зраците на УВ зрачењето. Прошетајте рано наутро пред 10 часот или после 17 часот и користете светлобојна количка со заштитна покривка од сонце. UV-апсорбирачки заштитен слој за прозорци во автомобилите. 6-12 месеци: Сите методи на заштита објаснети погоре важат и за оваа категорија, но, сега, може да се вклучи употребата на креми за сончање. Одберете крем за сончање наменета за детска кожа во консултација со Вашиот лекар или фармацевт. Нанесете крем за сончање со широк спектар со минимум 30 фактор на сончева заштита, особено местата непокриени, како што се рацете, вратот, ушите и нозете на бебето. Што е најважно, кремот за сончање мора да се нанесува 30 минути пред да излезете надвор и повторно да се нанесува на секои два часа или по пливање или прекумерно потење. Предучилишна возраст: Сите методи на заштита објаснети погоре важат и за оваа категорија. Заштитата на малите деца од сонцето бара малку повеќе размислување и труд. Важно е да гo едуцирате вашето дете и старателите. Проверете го просторот на отворено каде што вашето дете игра за да се уверите дека има соодветна сенка. Погрижете се малите деца да бидат покриени. Облеката од памук со долги ракави, светлобојна, удобна, а истовремено и високозаштитна.

The post Препораки од Институтот за јавно здравје за заштита на бебињата и децата од сонце appeared first on Република.

]]>
Седум бебиња загинаа во пожар во болница во Њу Делхи, сопственикот на болницата во бегство https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/sedum-bebina-zaginaa-vo-pozhar-vo-bolnitsa-vo-nu-delhi-sopstvenikot-na-bolnitsata-vo-begstvo/ Sun, 26 May 2024 08:19:48 +0000 https://republika.mk/?p=781754

Седум бебиња загинаа во голем пожар во болница во источниот дел на Њу Делхи, а пет се спасени и префрлени во друга болница, соопштија денеска локалните власти.

Сопственикот на болницата за бебиња во која избувна пожарот во саботата е во бегство, соопшти полицијата.

Како што пренесе Тајмс оф Индија, пожарот е ставен под контрола, а истрагата за причините за несреќата е во тек.

The post Седум бебиња загинаа во пожар во болница во Њу Делхи, сопственикот на болницата во бегство appeared first on Република.

]]>

Седум бебиња загинаа во голем пожар во болница во источниот дел на Њу Делхи, а пет се спасени и префрлени во друга болница, соопштија денеска локалните власти. Сопственикот на болницата за бебиња во која избувна пожарот во саботата е во бегство, соопшти полицијата. Како што пренесе Тајмс оф Индија, пожарот е ставен под контрола, а истрагата за причините за несреќата е во тек.

The post Седум бебиња загинаа во пожар во болница во Њу Делхи, сопственикот на болницата во бегство appeared first on Република.

]]>
За една недела 43 нови случаи на голема кашлица, четири бебиња се хоспитализирани https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/za-edna-nedela-43-novi-sluchai-na-golema-kashlitsa-chetiri-bebina-se-hospitalizirani/ Fri, 15 Mar 2024 14:22:59 +0000 https://republika.mk/?p=755170

Од 8 до 14 март пријавени се 43 нови случаи на голема кашлица, со 14 отсто намалување споредено со претходниот седмодневен период, објави во денешниот извештај Институтот за јавно здравје. Најголем дел се во рамките на епидемијата во Скопје, а пријавени се случаи и во Тетово, Гостивар и во Битола. Возраста на заболените се движи до 40 години. Најголем број случаи се од возрасните групи деца од 10 до 14 години.

Од новите случаи, пет се хоспитализирани. Станува збор за четири деца на возраст под една година и едно од возрасната група од една до четири години, се наведува во најновиот седмичен извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), објавен попладнево.

Заклучно со 14 март во Република Македонија се регистрирани вкупно 216 случаи на голема кашлица, со инциденца од 11,8/100 000 жители. По однос на место на живеење, најголем број лица живеат во Скопје – 190 или 88,0 проценти во четиринаесет различни општини, осум лица се од Тетово, петмина живеат во Куманово, во Гостивар три и по еден случај е регистриран од Струга, Струмица, Дебар, Крива Паланка, Битола, Кавадарци и од Кочани – појаснуваат од ИЈЗ.

Од вкупниот број регистрирани случаи, 122 случаи или 50,05 отсто не биле вакцинирани, не се комплетно вакцинирани согласно возраста или нема доказ за вакцинација. Од случаите кои се комплетно вакцинирани, просечно поминато време од последната доза на вакцина до заболување изнесува 12,7 години. Од заболените, регистрирани се 36 лица со хоспитализација – 16,7 проценти и тоа 31 или 86,1 отсто од нив на возраст до четири години.

Кога станува збор за Скопје и бројот на вакцинирани лица од 18 јануари до 14 март, согласно податоците доставени од ЈЗУ Здравствен дом – Скопје, од Службите за вакцинација – Гази Баба, Чаир, Карпош, Кисела Вода и Центар, беше утврдено дека се пронајдени 14.388 деца пропуштени за вакцинација. Од нив вакцинирани се 7.151 или 49,7 проценти. Од вакцинираните, најголем број и процент примиле прва ревакцина – 3.796 или 55,6 проценти. Согласно возраста и Календарот за редовна вакцинација, вакцинирани се 9.084 деца на возраст до седум години, а најголем број и процент 5.390 или 59,3 отсто од вакцинираните деца, примиле прва, втора или трета доза на примовакцинација. Вкупниот број дози вакцина што содржи компонента против голема кашлица, дадени како примовакцинација – прва, втора, трета доза или ревакцинација – прва, втора ревакцина, на територија на Скопје во периодот од 18 јануари до 14 март изнесува 16.235“, пишува во извештајот.

Без Скопје од 18 јануари до 14 март, од доставените податоци од центрите за јавно здравје, пронајдени се 7.702 деца пропуштени за вакцинација, од нив се вакцинирани 3.328 или 43,2 отсто. Од вакцинираните, најголем број и процент примиле прва ревакцина 1.705 или 51,3 проценти.

Согласно возраста и Календарот за редовна вакцинација, вакцинирани се 9.451 дете на возраст до седум години, а најголем број и процент 4.905 или 51,9 отсто од вакцинираните примиле прва или втора доза на ревакцина. Вкупниот број дози вакцина што содржи компонента против голема кашлица, дадени како примовакцинација – прва, втора, трета доза или ревакцинација – прва, втора ревакцина, во периодот од 18 јануари до 14 март изнесува 12.779“, покажуваат податоците на Институтот.

The post За една недела 43 нови случаи на голема кашлица, четири бебиња се хоспитализирани appeared first on Република.

]]>

Од 8 до 14 март пријавени се 43 нови случаи на голема кашлица, со 14 отсто намалување споредено со претходниот седмодневен период, објави во денешниот извештај Институтот за јавно здравје. Најголем дел се во рамките на епидемијата во Скопје, а пријавени се случаи и во Тетово, Гостивар и во Битола. Возраста на заболените се движи до 40 години. Најголем број случаи се од возрасните групи деца од 10 до 14 години. Од новите случаи, пет се хоспитализирани. Станува збор за четири деца на возраст под една година и едно од возрасната група од една до четири години, се наведува во најновиот седмичен извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), објавен попладнево.
Заклучно со 14 март во Република Македонија се регистрирани вкупно 216 случаи на голема кашлица, со инциденца од 11,8/100 000 жители. По однос на место на живеење, најголем број лица живеат во Скопје – 190 или 88,0 проценти во четиринаесет различни општини, осум лица се од Тетово, петмина живеат во Куманово, во Гостивар три и по еден случај е регистриран од Струга, Струмица, Дебар, Крива Паланка, Битола, Кавадарци и од Кочани – појаснуваат од ИЈЗ.
Од вкупниот број регистрирани случаи, 122 случаи или 50,05 отсто не биле вакцинирани, не се комплетно вакцинирани согласно возраста или нема доказ за вакцинација. Од случаите кои се комплетно вакцинирани, просечно поминато време од последната доза на вакцина до заболување изнесува 12,7 години. Од заболените, регистрирани се 36 лица со хоспитализација – 16,7 проценти и тоа 31 или 86,1 отсто од нив на возраст до четири години.
Кога станува збор за Скопје и бројот на вакцинирани лица од 18 јануари до 14 март, согласно податоците доставени од ЈЗУ Здравствен дом – Скопје, од Службите за вакцинација – Гази Баба, Чаир, Карпош, Кисела Вода и Центар, беше утврдено дека се пронајдени 14.388 деца пропуштени за вакцинација. Од нив вакцинирани се 7.151 или 49,7 проценти. Од вакцинираните, најголем број и процент примиле прва ревакцина – 3.796 или 55,6 проценти. Согласно возраста и Календарот за редовна вакцинација, вакцинирани се 9.084 деца на возраст до седум години, а најголем број и процент 5.390 или 59,3 отсто од вакцинираните деца, примиле прва, втора или трета доза на примовакцинација. Вкупниот број дози вакцина што содржи компонента против голема кашлица, дадени како примовакцинација – прва, втора, трета доза или ревакцинација – прва, втора ревакцина, на територија на Скопје во периодот од 18 јануари до 14 март изнесува 16.235“, пишува во извештајот.
Без Скопје од 18 јануари до 14 март, од доставените податоци од центрите за јавно здравје, пронајдени се 7.702 деца пропуштени за вакцинација, од нив се вакцинирани 3.328 или 43,2 отсто. Од вакцинираните, најголем број и процент примиле прва ревакцина 1.705 или 51,3 проценти.
Согласно возраста и Календарот за редовна вакцинација, вакцинирани се 9.451 дете на возраст до седум години, а најголем број и процент 4.905 или 51,9 отсто од вакцинираните примиле прва или втора доза на ревакцина. Вкупниот број дози вакцина што содржи компонента против голема кашлица, дадени како примовакцинација – прва, втора, трета доза или ревакцинација – прва, втора ревакцина, во периодот од 18 јануари до 14 март изнесува 12.779“, покажуваат податоците на Институтот.
 
The post За една недела 43 нови случаи на голема кашлица, четири бебиња се хоспитализирани appeared first on Република.

]]>
Сè помалку бебиња се раѓаат во Јапонија https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/se-pomalku-bebina-se-ragaat-vo-japonija/ Tue, 27 Feb 2024 11:51:26 +0000 https://republika.mk/?p=748867

Бројот на бебиња родени во Јапонија падна на ново рекордно ниско ниво осма година по ред во 2023 година, покажаа прелиминарните владини податоци.

Бројот на новороденчиња е намален за 5,1 отсто во однос на претходната година на 758.631, додека бројот на склучени бракови е намален за 5,9 отсто на 489.281, што е прв пат во 90 години бројот да падне под 500.000. Се очекува населението дополнително да се намалува бидејќи децата родени вонбрачно се ретки во Јапонија.

Портпаролот на јапонската влада рече дека владата ќе преземе „невидени чекори“ за справување со намалената стапка на наталитет, како што се промовирање на зголемување на платите за помладите работници и проширување на можностите за грижа за децата за вработените родители.

Главниот секретар на јапонскиот кабинет, Јошимаса Хајаши, истакна дека следните шест години ќе бидат последна шанса да се промени ситуацијата со падот на наталитетот, бидејќи се очекува до 2030 година да се намали бројот на млади во земјата.

Имајќи го предвид потенцијалното социјално и економско влијание, како и притисокот на јавните финансии, премиерот Фумио Кишида го нарече овој тренд „најтешката криза со која се соочува земјата“ и претстави низа чекори за поддршка на семејствата кон крајот на минатата година.

Населението на Јапонија веројатно да падне за околу 30 проценти, на 87 милиони, до 2070 година, кога Националниот институт за население и социјално осигурување проценува дека четири од секои 10 луѓе ќе имаат 65 или повеќе години.

The post Сè помалку бебиња се раѓаат во Јапонија appeared first on Република.

]]>

Бројот на бебиња родени во Јапонија падна на ново рекордно ниско ниво осма година по ред во 2023 година, покажаа прелиминарните владини податоци. Бројот на новороденчиња е намален за 5,1 отсто во однос на претходната година на 758.631, додека бројот на склучени бракови е намален за 5,9 отсто на 489.281, што е прв пат во 90 години бројот да падне под 500.000. Се очекува населението дополнително да се намалува бидејќи децата родени вонбрачно се ретки во Јапонија. Портпаролот на јапонската влада рече дека владата ќе преземе „невидени чекори“ за справување со намалената стапка на наталитет, како што се промовирање на зголемување на платите за помладите работници и проширување на можностите за грижа за децата за вработените родители. Главниот секретар на јапонскиот кабинет, Јошимаса Хајаши, истакна дека следните шест години ќе бидат последна шанса да се промени ситуацијата со падот на наталитетот, бидејќи се очекува до 2030 година да се намали бројот на млади во земјата. Имајќи го предвид потенцијалното социјално и економско влијание, како и притисокот на јавните финансии, премиерот Фумио Кишида го нарече овој тренд „најтешката криза со која се соочува земјата“ и претстави низа чекори за поддршка на семејствата кон крајот на минатата година. Населението на Јапонија веројатно да падне за околу 30 проценти, на 87 милиони, до 2070 година, кога Националниот институт за население и социјално осигурување проценува дека четири од секои 10 луѓе ќе имаат 65 или повеќе години.

The post Сè помалку бебиња се раѓаат во Јапонија appeared first on Република.

]]>
Се расчистуваат вакциналните картони на бебињата и се повикуваат оние кои не се вакцинирале со „Ди-те-пер“ по двата случаи на голема кашлица, рече Меџити https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/se-raschistuvaat-vaktsinalnite-kartoni-na-bebinata-i-se-povikuvaat-onie-koi-ne-se-vaktsinirale-so-di-te-per-po-dvata-sluchai-na-golema-kashlitsa-reche-medhiti/ Thu, 11 Jan 2024 12:27:32 +0000 https://republika.mk/?p=731924

Од вчера е дадена наредба да се расчистат сите вакцинални картони на бебињата, за да можат да се повикаат оние кои досега не се вакцинирале со „Ди-те-пер“, по двата случаи на голема кашлица кои се појавија годинава во Македонија.

За само неколку дена има два неповрзани случаи на голема кашлица. Едниот случај е од Кичево, а вториот случај е шестмесечно бебе од Скопје кое веќе е хоспитализирано во „Козле“. И двете се невакцинирани со Ди-Те-Пер.

Вакцината за заштита од дифтерија, тетанус и пертусус (голема кашлца) најпрво се прима на три и пол месеци, па на шест. Потоа следува ревакцинација на 18 месеци, на 4 годин , на 7 години и последната ревакцинација на 14 години.

Крајно време е да се смени тој ментален склоп кај нас, нашата иднина се нашите деца. Секое вакцинирање значи спас на живот или утре тоа дете да не добие некоја болест. Ќе апелирам за доброто на децата, да превенираме некои работи, затоа што имаме доволен број на вакцини. Спремни сме во тој поглед. Апелирам до сите родители, ги молиме како министерство за здравство, и јас лично да се вакцинираат. Секое вакцинирање значи спас на живот, изјави денеска министерот за здравство Фатмир Меџити, кој присустуваше на отворањето на реновираната операциона сала на Клиниката за ортопедски болести.

Министерот кажа дека нема да има дефицит на лекови за онколошките пациенти, а во однос на тоа дали е распишан тендерот рече дека не знае во моментот.

Ако има некој дефицит на некоја материја веднаш ќе излеземе пред вас и ќе кажеме. Но секогаш постојат замени, додаде министерот.

Во однос на мерките против пушењето министерот извести дека до крајот на месецот ќе се потпише меморандум, а конкретните мерки ќе се знаат по потпишувањето.

Како што кажав не ние, туку како Западен Балкан, ќе бидеме принудени да потпишеме меморандум и ќе мораме сите да се придржуваме. Кога ќе дојде до некоја болест, лекувањето е многу скапо. Повикувам сите да ги почитуваат систематските прегледи. Со ова ќе се намали бројот на овие злочудни заболувања. Кои ќе бидат конкретните мерки ќе знаеме по потпишувањето на меморандумот. Ова ќе треба сите заедно, инспекции и министерства, заедно да се организираме. Ова е токсично, ова е отров и од ова треба да се одвикнеме“, објасни министерот.

https://republika.mk/zivot/zdravje/komisijata-za-zarazni-bolesti-zasega-nema-da-zasedava-upaten-apel-detsata-da-se-vaktsiniraat/

https://republika.mk/zivot/zdravje/od-slednata-godina-i-momchinata-da-vaktsiniraat-protiv-hpv-virusot-predlaga-komisijata-za-imunizatsija-koja-odobri-i-19-godishni-devojki-da-se-vaktsiniraat/

https://republika.mk/zivot/zdravje/se-somnevaat-vo-vaktsinite-a-nikoj-ne-prashuva-kakov-e-kvalitetot-na-vaktsina-za-zholta-treska-bidejki-treba-na-maldivi-da-se-patuva-veli-prof-d-r-grozdanova/

The post Се расчистуваат вакциналните картони на бебињата и се повикуваат оние кои не се вакцинирале со „Ди-те-пер“ по двата случаи на голема кашлица, рече Меџити appeared first on Република.

]]>

Од вчера е дадена наредба да се расчистат сите вакцинални картони на бебињата, за да можат да се повикаат оние кои досега не се вакцинирале со „Ди-те-пер“, по двата случаи на голема кашлица кои се појавија годинава во Македонија. За само неколку дена има два неповрзани случаи на голема кашлица. Едниот случај е од Кичево, а вториот случај е шестмесечно бебе од Скопје кое веќе е хоспитализирано во „Козле“. И двете се невакцинирани со Ди-Те-Пер. Вакцината за заштита од дифтерија, тетанус и пертусус (голема кашлца) најпрво се прима на три и пол месеци, па на шест. Потоа следува ревакцинација на 18 месеци, на 4 годин , на 7 години и последната ревакцинација на 14 години.
Крајно време е да се смени тој ментален склоп кај нас, нашата иднина се нашите деца. Секое вакцинирање значи спас на живот или утре тоа дете да не добие некоја болест. Ќе апелирам за доброто на децата, да превенираме некои работи, затоа што имаме доволен број на вакцини. Спремни сме во тој поглед. Апелирам до сите родители, ги молиме како министерство за здравство, и јас лично да се вакцинираат. Секое вакцинирање значи спас на живот, изјави денеска министерот за здравство Фатмир Меџити, кој присустуваше на отворањето на реновираната операциона сала на Клиниката за ортопедски болести.
Министерот кажа дека нема да има дефицит на лекови за онколошките пациенти, а во однос на тоа дали е распишан тендерот рече дека не знае во моментот.
Ако има некој дефицит на некоја материја веднаш ќе излеземе пред вас и ќе кажеме. Но секогаш постојат замени, додаде министерот.
Во однос на мерките против пушењето министерот извести дека до крајот на месецот ќе се потпише меморандум, а конкретните мерки ќе се знаат по потпишувањето.
Како што кажав не ние, туку како Западен Балкан, ќе бидеме принудени да потпишеме меморандум и ќе мораме сите да се придржуваме. Кога ќе дојде до некоја болест, лекувањето е многу скапо. Повикувам сите да ги почитуваат систематските прегледи. Со ова ќе се намали бројот на овие злочудни заболувања. Кои ќе бидат конкретните мерки ќе знаеме по потпишувањето на меморандумот. Ова ќе треба сите заедно, инспекции и министерства, заедно да се организираме. Ова е токсично, ова е отров и од ова треба да се одвикнеме“, објасни министерот.
https://republika.mk/zivot/zdravje/komisijata-za-zarazni-bolesti-zasega-nema-da-zasedava-upaten-apel-detsata-da-se-vaktsiniraat/ https://republika.mk/zivot/zdravje/od-slednata-godina-i-momchinata-da-vaktsiniraat-protiv-hpv-virusot-predlaga-komisijata-za-imunizatsija-koja-odobri-i-19-godishni-devojki-da-se-vaktsiniraat/ https://republika.mk/zivot/zdravje/se-somnevaat-vo-vaktsinite-a-nikoj-ne-prashuva-kakov-e-kvalitetot-na-vaktsina-za-zholta-treska-bidejki-treba-na-maldivi-da-se-patuva-veli-prof-d-r-grozdanova/

The post Се расчистуваат вакциналните картони на бебињата и се повикуваат оние кои не се вакцинирале со „Ди-те-пер“ по двата случаи на голема кашлица, рече Меџити appeared first on Република.

]]>
Млекото за бебиња во Грција поскапо и до 213 отсто https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/mlekoto-za-bebina-vo-grtsija-poskapo-i-do-213-otsto/ Wed, 03 Jan 2024 09:56:40 +0000 https://republika.mk/?p=729245

Цената на млекото за бебиња е од 30 до 213 отсто поскапо на грчкиот пазар во споредба со други европски земји, рече министерот за развој на Грција Костас Скрекас во интервјуто за грчката телевизија ЕРТ, потврдувајќи ги податоците од Комисијата за конкурентност што ги објавуваат медиумите во Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Според истражувањето на Комисијата, во ноември, млекото за бебиња до шест месеци и од шест до 12 месеци е најскапо во Грција споредено со другите земји од Европската Унија, но и е за 213 отсто поскапо во споредба со цените на истиот производ во Шведска.

Скрекас посочи дека целта е цената на бебешкото млеко да се приближи до европскиот просек, но и да се извршат контроли во случај да постои профитерство од компаниите.

За цените на основните продукти во Грција, министерот за развој рече дека за 1.300 производи е стабилизирана цената со попуст од пет отсто и ќе важи во следните шест месеци.

The post Млекото за бебиња во Грција поскапо и до 213 отсто appeared first on Република.

]]>

Цената на млекото за бебиња е од 30 до 213 отсто поскапо на грчкиот пазар во споредба со други европски земји, рече министерот за развој на Грција Костас Скрекас во интервјуто за грчката телевизија ЕРТ, потврдувајќи ги податоците од Комисијата за конкурентност што ги објавуваат медиумите во Грција, јави дописничката на МИА од Атина. Според истражувањето на Комисијата, во ноември, млекото за бебиња до шест месеци и од шест до 12 месеци е најскапо во Грција споредено со другите земји од Европската Унија, но и е за 213 отсто поскапо во споредба со цените на истиот производ во Шведска. Скрекас посочи дека целта е цената на бебешкото млеко да се приближи до европскиот просек, но и да се извршат контроли во случај да постои профитерство од компаниите. За цените на основните продукти во Грција, министерот за развој рече дека за 1.300 производи е стабилизирана цената со попуст од пет отсто и ќе важи во следните шест месеци.

The post Млекото за бебиња во Грција поскапо и до 213 отсто appeared first on Република.

]]>
Министерство во Газа: 37 предвремено родени бебиња се во опасност од смрт https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ministerstvo-vo-gaza-37-predvremeno-rodeni-bebina-se-vo-opasnost-od-smrt/ Sun, 12 Nov 2023 10:20:11 +0000 https://republika.mk/?p=700689

Најмалку 37 предвремено родени бебиња кои се згрижени во болницата Ал-Шифа се во опасност од смрт поради израелското ембарго за гориво, според Министерството за здравство предводено од Хамас.

Канцеларијата на Министерството за здравство на Газа првично објави поголем број бебиња во опасност од смрт, но соопшти дека едно од нив починало порано денеска. Останатите бебиња кои се лекуваат во најголемата болница во енклавата се во опасност од смрт во секој момент, соопшти канцеларијата.

Претходно денеска, се појави фотографија од Ал Шифа на која се прикажани 15 новородени бебиња како делат два кревети (насловна фотографија на објавата).

Операциите во болницата беа прекинати вчера, откако објектот остана без гориво, соопшти Министерството.

Во текот на ноќта, израелските копнени сили се бореле со милитантите на Хамас во близина додека продолжуваат нападите во Појасот.

Здравствените власти соопштија дека илјадници лекари, пациенти, бегалци останале заробени без електрична енергија, а снабдувањето е при крај.

Израел тврди дека Хамас ја користи областа под болницата како команден центар, што милитантната група го негира.

Израелските одбранбени сили соопштија дека ќе помогнат да се преместат бебињата во друг објект подоцна денеска, но не објавија дополнителни детали.

The post Министерство во Газа: 37 предвремено родени бебиња се во опасност од смрт appeared first on Република.

]]>

Најмалку 37 предвремено родени бебиња кои се згрижени во болницата Ал-Шифа се во опасност од смрт поради израелското ембарго за гориво, според Министерството за здравство предводено од Хамас. Канцеларијата на Министерството за здравство на Газа првично објави поголем број бебиња во опасност од смрт, но соопшти дека едно од нив починало порано денеска. Останатите бебиња кои се лекуваат во најголемата болница во енклавата се во опасност од смрт во секој момент, соопшти канцеларијата. Претходно денеска, се појави фотографија од Ал Шифа на која се прикажани 15 новородени бебиња како делат два кревети (насловна фотографија на објавата). Операциите во болницата беа прекинати вчера, откако објектот остана без гориво, соопшти Министерството. Во текот на ноќта, израелските копнени сили се бореле со милитантите на Хамас во близина додека продолжуваат нападите во Појасот. Здравствените власти соопштија дека илјадници лекари, пациенти, бегалци останале заробени без електрична енергија, а снабдувањето е при крај. Израел тврди дека Хамас ја користи областа под болницата како команден центар, што милитантната група го негира. Израелските одбранбени сили соопштија дека ќе помогнат да се преместат бебињата во друг објект подоцна денеска, но не објавија дополнителни детали.

The post Министерство во Газа: 37 предвремено родени бебиња се во опасност од смрт appeared first on Република.

]]>
Криминалната организација на Крит тргувала со бебиња и нелегални посвојувања, притворени 4 лица https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/kriminalnata-organizatsija-na-krit-trguvala-so-bebina-i-nelegalni-posvojuvana-pritvoreni-4-litsa/ Mon, 14 Aug 2023 07:20:44 +0000 https://republika.mk/?p=671829

Мерка притвор им е одреден на четворица од осумтемина уапсени на грчкиот остров Крит за криминалната организација која злоупотребувала жени како донори на јајце клетки или сурогат мајки, за измами на пациенти преку лажни ин витро и за посредување при нелегални посвојувања на бебиња, јави дописничката на МИА од Атина.

Криминалната организација беше разбиена минатата седмица, а уапсените вчера беа изведени пред истражен судија на Крит.

Според грчката новинска агенција АНА-МПА, меѓу притворените е и лекарот, сопственик на приватната клинка за асистирана репродукција.

Како што објави МИА минатата седмица, од грчката полиција соопштија дека од декември 2022 година, биле евидентирани најмалку 182 случаи на експлоатација на жени со отстранување на јајце клетки и сурогат мајчинство, а биле откриени над 400 случаи на измами преку лажни ин витро.

Криминалната организација дејствувала преку регрутирање жени од Крит , Солун, но и од странство, кои имале улога на посреднички и биле задолжени за пронаоѓање жени, странски државјанки кои се во ранливи положби за да ги користат како донори на јајце клетки или сурогат мајки за „клиентите“ на организацијата од целиот свет, односно парови кои не можат да имаат деца или истополови парови кои законски не ги исполнуваат условите за посвојување

The post Криминалната организација на Крит тргувала со бебиња и нелегални посвојувања, притворени 4 лица appeared first on Република.

]]>

Мерка притвор им е одреден на четворица од осумтемина уапсени на грчкиот остров Крит за криминалната организација која злоупотребувала жени како донори на јајце клетки или сурогат мајки, за измами на пациенти преку лажни ин витро и за посредување при нелегални посвојувања на бебиња, јави дописничката на МИА од Атина. Криминалната организација беше разбиена минатата седмица, а уапсените вчера беа изведени пред истражен судија на Крит. Според грчката новинска агенција АНА-МПА, меѓу притворените е и лекарот, сопственик на приватната клинка за асистирана репродукција. Како што објави МИА минатата седмица, од грчката полиција соопштија дека од декември 2022 година, биле евидентирани најмалку 182 случаи на експлоатација на жени со отстранување на јајце клетки и сурогат мајчинство, а биле откриени над 400 случаи на измами преку лажни ин витро. Криминалната организација дејствувала преку регрутирање жени од Крит , Солун, но и од странство, кои имале улога на посреднички и биле задолжени за пронаоѓање жени, странски државјанки кои се во ранливи положби за да ги користат како донори на јајце клетки или сурогат мајки за „клиентите“ на организацијата од целиот свет, односно парови кои не можат да имаат деца или истополови парови кои законски не ги исполнуваат условите за посвојување

The post Криминалната организација на Крит тргувала со бебиња и нелегални посвојувања, притворени 4 лица appeared first on Република.

]]>
Дванесет имиња за деца кои значат убав(а) https://arhiva3.republika.mk/zivot/semejstvo/dvaneset-imina-za-detsa-koi-znachat-ubav-a/ Sun, 23 Apr 2023 17:19:13 +0000 https://republika.mk/?p=632092

Доколку сакате уникатно име за вашето новороденче, погледнете ги овие имиња од различни страни на светот кои имаат една убава заедничка особина - значат убав или убава:

1. Розалинда – Во преносно значење е „убава ружа“. Вилијам Шекспир е виновникот зашто ова е популарно, поради хероината Розалинда во неговото дело „Како ви се допаѓа?

2. Меи – преслатко кинеско име кое врвот на популарноста го доживеа во 80-те години на минатиот век.

3. Ромео – популарно италијанско име кое означува привлечна и страствена машка личнност. Викторија Бекам на својот втор син му го даде името Ромео и оттогаш тоа има повторно стана популарно во Британија.

4. Јамила – женска форма на Јамил кој на арапски и свахили значи „убав“.

5. Адонис – според грчката митологија Адонис бил преубав млад пастир вљубен во божицата Афродита. Денес со ова име се врзува дефиницијата за машката убавина.

6. Калиста – во преносна смила значи „најубава“.

7. Жоли – француско име кое буквално значи „убав (а)“. Според нумерологијата, луѓето со ова име се вистински хуманитарци и сакаат да работат за други за да се постигне мир.

8. Венус (Венера) – според римската митологија Венера била божица на убавината и љубовта.

9. Бо – машко популарно име во САД и води француско потекло значи „убав“.

10. Арабела – многу родители за своите девојчиња сакаат поинаква варијанта од честото име Изабела, а всушност Арабела е еден од најпопуларните алтернативи.

11. Кенет – во Шкотска и Ирска ова машко има значење „убав и создаден од пламен“.

12. Бони – шкотско име со француско потекло се врати на сцената благодарејќи на филмот „Однесено со виорот“ во кој легендарните ликови Скарлет и Рит на својата ќерка и го даваат прекарот Бони.

The post Дванесет имиња за деца кои значат убав(а) appeared first on Република.

]]>

Доколку сакате уникатно име за вашето новороденче, погледнете ги овие имиња од различни страни на светот кои имаат една убава заедничка особина - значат убав или убава: 1. Розалинда – Во преносно значење е „убава ружа“. Вилијам Шекспир е виновникот зашто ова е популарно, поради хероината Розалинда во неговото дело „Како ви се допаѓа? 2. Меи – преслатко кинеско име кое врвот на популарноста го доживеа во 80-те години на минатиот век. 3. Ромео – популарно италијанско име кое означува привлечна и страствена машка личнност. Викторија Бекам на својот втор син му го даде името Ромео и оттогаш тоа има повторно стана популарно во Британија. 4. Јамила – женска форма на Јамил кој на арапски и свахили значи „убав“. 5. Адонис – според грчката митологија Адонис бил преубав млад пастир вљубен во божицата Афродита. Денес со ова име се врзува дефиницијата за машката убавина. 6. Калиста – во преносна смила значи „најубава“. 7. Жоли – француско име кое буквално значи „убав (а)“. Според нумерологијата, луѓето со ова име се вистински хуманитарци и сакаат да работат за други за да се постигне мир. 8. Венус (Венера) – според римската митологија Венера била божица на убавината и љубовта. 9. Бо – машко популарно име во САД и води француско потекло значи „убав“. 10. Арабела – многу родители за своите девојчиња сакаат поинаква варијанта од честото име Изабела, а всушност Арабела е еден од најпопуларните алтернативи. 11. Кенет – во Шкотска и Ирска ова машко има значење „убав и создаден од пламен“. 12. Бони – шкотско име со француско потекло се врати на сцената благодарејќи на филмот „Однесено со виорот“ во кој легендарните ликови Скарлет и Рит на својата ќерка и го даваат прекарот Бони.

The post Дванесет имиња за деца кои значат убав(а) appeared first on Република.

]]>
Авионски лет за 16 бебиња: Го преживеја земјотресот, но останаа без родители https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/avionski-let-za-16-bebina-go-prezhiveja-zemjotresot-no-ostanaa-bez-roditeli/ Thu, 09 Feb 2023 07:40:22 +0000 https://republika.mk/?p=606724

Турскиот претседателски авион превезе 16 бебиња од Кахраманмарас кои го преживеаја земјотресот, јавува Anadolu Agency.

За жал, по разорниот земјотрес останаа без родители. Нивниот идентитет не е познат, а се работи за бебиња на возраст до една година.

Откако авионот слетал на аеродромот Есенбога, бебињата биле прифатени од претставници на Министерството за семејство и социјална заштита и префрлени во градската болница во Етлик.

Страшни земјотреси со јачина од 7,8 и 7,5 степени според Рихтеровата скала ги погодија во понеделникот Турција и Сирија. Во нив загинаа повеќе од 16.000 луѓе, а над 62.000 се повредени. Спасувачите се уште очајнички трагаат по преживеани.

The post Авионски лет за 16 бебиња: Го преживеја земјотресот, но останаа без родители appeared first on Република.

]]>

Турскиот претседателски авион превезе 16 бебиња од Кахраманмарас кои го преживеаја земјотресот, јавува Anadolu Agency. За жал, по разорниот земјотрес останаа без родители. Нивниот идентитет не е познат, а се работи за бебиња на возраст до една година. Откако авионот слетал на аеродромот Есенбога, бебињата биле прифатени од претставници на Министерството за семејство и социјална заштита и префрлени во градската болница во Етлик. Страшни земјотреси со јачина од 7,8 и 7,5 степени според Рихтеровата скала ги погодија во понеделникот Турција и Сирија. Во нив загинаа повеќе од 16.000 луѓе, а над 62.000 се повредени. Спасувачите се уште очајнички трагаат по преживеани.

The post Авионски лет за 16 бебиња: Го преживеја земјотресот, но останаа без родители appeared first on Република.

]]>
Две машки, две женски: На ГАК во новогодишната ноќ се родиле четири бебиња https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dve-mashki-dve-zhenski-na-gak-vo-novogodishnata-nok-se-rodile-chetiri-bebina/ Sun, 01 Jan 2023 10:37:16 +0000 https://republika.mk/?p=592453

Во текот на новогодишната ноќ на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во Скопје се родиле четири бебиња. Првото бебе е машко и се роди една минута по полноќ, по што на свет дошле уште едно машко и две женски бебиња.

Директорката на ГАК Викторија Јовановска соопшти дека породувањето за првото бебе е направено со царски рез.

Една минута по 12 се породи пацинетка и донесе на свет живо и здраво мако детенце, тешко 3.720 грама со 51 сантиметар. Мајката е првородка со повеќе ризици препратена тука од Кочани на клиника и е завршена со царски рез. По 12 часот се родија уште три бебиња и имаме две машки и две женски, изјави Јовановска.

https://republika.mk/vesti/makedonija/prvoto-bebe-vo-2023-godina-e-kochanchanche-rodeno-vo-skopje/

Министрите за здравство Беким Сали и за труд и социјална политика Јована Тренчевска изутрина го посетија првото бебе и му подарија златник, а на родителите им честитаа за првата рожба.

Сали порача дека се надева оти целата година, како што рече, ќе ни биде здрава. Се заблагодари и за ангажманот на здравствените работници кои дале се од себе во изминатиот период да профункционира здравствениот систем.

Среќни сме што годината ја почнавме со убава приказна, здраво машко дете и се надевам дека така здраво ќе ни помине целата година. Сакам да се заблагодарам на сите граѓани, а секако и на сите здравствени работници кои изминатиот период дадоа се од себе да профункционира здравствениот систем и се надевам дека така ќе продолжиме, најпрвин чувајќи го личното здравје и давајќи придонес за здравјето на сите граѓани и оваа година да ја поминеме така, изјави Сали.

Министерката Тренчевска во име Министерство за труд и социјална политика на првороденото бебе традиционално му подари златник и упати честитки за Новата година, со желба за здравје, среќа и љубов во секој дом.

Како МТСП ја продолжуваме традицијата и на првото родено дете во Новата година му подаруваме златник. Така и оваа година, ни се роди здраво машко дете. Им честитаме на среќните родители на кои им е прва рожба. Им посакуваме многу здравје, живо и здраво да им е детето и само радости да им носи, изјави Тренчевска.

The post Две машки, две женски: На ГАК во новогодишната ноќ се родиле четири бебиња appeared first on Република.

]]>

Во текот на новогодишната ноќ на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во Скопје се родиле четири бебиња. Првото бебе е машко и се роди една минута по полноќ, по што на свет дошле уште едно машко и две женски бебиња. Директорката на ГАК Викторија Јовановска соопшти дека породувањето за првото бебе е направено со царски рез.
Една минута по 12 се породи пацинетка и донесе на свет живо и здраво мако детенце, тешко 3.720 грама со 51 сантиметар. Мајката е првородка со повеќе ризици препратена тука од Кочани на клиника и е завршена со царски рез. По 12 часот се родија уште три бебиња и имаме две машки и две женски, изјави Јовановска.
https://republika.mk/vesti/makedonija/prvoto-bebe-vo-2023-godina-e-kochanchanche-rodeno-vo-skopje/ Министрите за здравство Беким Сали и за труд и социјална политика Јована Тренчевска изутрина го посетија првото бебе и му подарија златник, а на родителите им честитаа за првата рожба. Сали порача дека се надева оти целата година, како што рече, ќе ни биде здрава. Се заблагодари и за ангажманот на здравствените работници кои дале се од себе во изминатиот период да профункционира здравствениот систем.
Среќни сме што годината ја почнавме со убава приказна, здраво машко дете и се надевам дека така здраво ќе ни помине целата година. Сакам да се заблагодарам на сите граѓани, а секако и на сите здравствени работници кои изминатиот период дадоа се од себе да профункционира здравствениот систем и се надевам дека така ќе продолжиме, најпрвин чувајќи го личното здравје и давајќи придонес за здравјето на сите граѓани и оваа година да ја поминеме така, изјави Сали.
Министерката Тренчевска во име Министерство за труд и социјална политика на првороденото бебе традиционално му подари златник и упати честитки за Новата година, со желба за здравје, среќа и љубов во секој дом.
Како МТСП ја продолжуваме традицијата и на првото родено дете во Новата година му подаруваме златник. Така и оваа година, ни се роди здраво машко дете. Им честитаме на среќните родители на кои им е прва рожба. Им посакуваме многу здравје, живо и здраво да им е детето и само радости да им носи, изјави Тренчевска.
 
The post Две машки, две женски: На ГАК во новогодишната ноќ се родиле четири бебиња appeared first on Република.

]]>
Уапсена жена во селото Бедоин откако во нејзиниот замрзнувач биле пронајдени две мртви бебиња https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/uapsena-zena-vo-seloto-bedoin-otkako-vo-nejziniot-zamrznuvach-bile-pronajdeni-dve-mrtvi-bebinja/ Fri, 02 Dec 2022 16:07:24 +0000 https://republika.mk/?p=581008

Полицијата во јужна Франција уапсила 41-годишна жена откако пронашла две мртви бебиња во нејзиниот замрзнувач.

Едно лице ја известило полицијата за страшното откритие во француското село Бедоин ден претходно и полициската истрага е во тек. Врската меѓу уапсената жена и бебињата се уште не е јасна, пренесува ДПА.

Жената ќе остане во полициски притвор, соопшти денеска обвинителката Хелен Мургес во блискиот град Карпентрас. Мургес не кажа дали таа сведочела во полиција или дала изјава.

Весникот Ла Прованс објави дека 16-годишната ќерка на жената посочила дека нејзината мајка родила дете сама дома пред три години. Жената живеела со три деца во домот каде што биле пронајдени бебињата.

The post Уапсена жена во селото Бедоин откако во нејзиниот замрзнувач биле пронајдени две мртви бебиња appeared first on Република.

]]>

Полицијата во јужна Франција уапсила 41-годишна жена откако пронашла две мртви бебиња во нејзиниот замрзнувач. Едно лице ја известило полицијата за страшното откритие во француското село Бедоин ден претходно и полициската истрага е во тек. Врската меѓу уапсената жена и бебињата се уште не е јасна, пренесува ДПА. Жената ќе остане во полициски притвор, соопшти денеска обвинителката Хелен Мургес во блискиот град Карпентрас. Мургес не кажа дали таа сведочела во полиција или дала изјава. Весникот Ла Прованс објави дека 16-годишната ќерка на жената посочила дека нејзината мајка родила дете сама дома пред три години. Жената живеела со три деца во домот каде што биле пронајдени бебињата.

The post Уапсена жена во селото Бедоин откако во нејзиниот замрзнувач биле пронајдени две мртви бебиња appeared first on Република.

]]>
ВМРО-ДПМНЕ: Тренчевска да ги врати ингеренциите за градинките на општина Гевгелија, нејзините кадри кријат насилство врз бебиња https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vmro-dpmne-trenchevska-da-gi-vrati-ingerenciite-za-gradinkite-na-opshtina-gevgelija-nejzinite-kadri-krijat-nasilstvo-vrz-bebinja/ Fri, 25 Nov 2022 09:01:17 +0000 https://republika.mk/?p=578096

Јована Тренчевска им ги одзема ингеренциите за градинките на општините за да може да поставува директори од СДС, за кои постојат низа скандали и немили настани. Инцидентот со бруталното насилство врз 10 месечно бебе во Гевгелија е последен во низата, каде директорка назначена од Тренчевска крие насилство и не пријавува во Полиција, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Ова е втор ваков случај на истата директорка, на која очигледно градинката и децата во неа не и се приоритет.

И наместо да има одговорност и разрешување, Тренчевска формира комисија по примерот на комисиите на Филипче за сите КОВИД скандали, за Јилдиз, за старецот од Кратовско, кои не видоа епилог.

Наместо да измислуваат тела и комисии кои ќе завршат без епилог и одговорност, Тренчевска да ја разреши директорката на детската градинка од Гевгелија и веднаш потоа да ги врати ингеренциите врз градинките на општина Гевгелија, се наведува во соопштението.

The post ВМРО-ДПМНЕ: Тренчевска да ги врати ингеренциите за градинките на општина Гевгелија, нејзините кадри кријат насилство врз бебиња appeared first on Република.

]]>

Јована Тренчевска им ги одзема ингеренциите за градинките на општините за да може да поставува директори од СДС, за кои постојат низа скандали и немили настани. Инцидентот со бруталното насилство врз 10 месечно бебе во Гевгелија е последен во низата, каде директорка назначена од Тренчевска крие насилство и не пријавува во Полиција, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
Ова е втор ваков случај на истата директорка, на која очигледно градинката и децата во неа не и се приоритет. И наместо да има одговорност и разрешување, Тренчевска формира комисија по примерот на комисиите на Филипче за сите КОВИД скандали, за Јилдиз, за старецот од Кратовско, кои не видоа епилог. Наместо да измислуваат тела и комисии кои ќе завршат без епилог и одговорност, Тренчевска да ја разреши директорката на детската градинка од Гевгелија и веднаш потоа да ги врати ингеренциите врз градинките на општина Гевгелија, се наведува во соопштението.

The post ВМРО-ДПМНЕ: Тренчевска да ги врати ингеренциите за градинките на општина Гевгелија, нејзините кадри кријат насилство врз бебиња appeared first on Република.

]]>
Тепани, држени со главата под вода за да престанат да плачат, насилно хранење: Бебиња биле малтретирани во белгиска градинка https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/tepani-drzeni-so-glavata-pod-voda-za-da-prestanat-da-plachat-nasilno-hranenje-bebinja-bile-maltretirani-vo-belgiska-gradinka/ Tue, 15 Nov 2022 12:20:03 +0000 https://republika.mk/?p=574048

Брутален третман на бебиња кои биле тепани, држени со главата под вода за да престанат да плачат, насилно хранење кога одбивале да јадат, скандалот во оваа градинка го потврди Одделот за детство во северниот дел на Белгија.

Како што јави дописничката на МИА од Брисел, градинката е затворена минатата недела по итна постапка откако родителите пријавиле дека нивните деца биле малтретирани и злоставувани, а дел од вработените дале отказ.

Грозоморните случаи се откриени во градинка во Фландрија, северниот регион на Белгија, открија медиумите. Двомесечно бебе било затворено во кујната затоа што “премногу плачело“, други бебиња и деца биле тепани, некои од нив насилно се држеле под студена вода за да престанат да плачат или насилно им се давало храна. Идентификувани се случаи на деца кои, кога ставале раце во тоалетот, им се буткала главата во ВЦ школката и се пуштала вода врз нив.

Истрагата е отворена во октомври минатата година, по повеќе поднесени жалби, од родители и од вработени, а инспекции имало во март и април оваа година.

Градинката беше конечно „итно“ затворена минатиот четврток.

Според белгиските медиуми, еден од раководителите во градинката изјавил дека „вистина некогаш ги држиме одзади децата за да им помогнеме да јадат“, одговарајќи на обвинувањето дека насилно се хранеле децата држејќи им ги главите превртени наназад во скутот на „негувателите“.

Политичките партии бараат одговори и темелна истрага и бараат присуство на надлежната министерка на парламентарна седница за прашања.

The post Тепани, држени со главата под вода за да престанат да плачат, насилно хранење: Бебиња биле малтретирани во белгиска градинка appeared first on Република.

]]>

Брутален третман на бебиња кои биле тепани, држени со главата под вода за да престанат да плачат, насилно хранење кога одбивале да јадат, скандалот во оваа градинка го потврди Одделот за детство во северниот дел на Белгија. Како што јави дописничката на МИА од Брисел, градинката е затворена минатата недела по итна постапка откако родителите пријавиле дека нивните деца биле малтретирани и злоставувани, а дел од вработените дале отказ. Грозоморните случаи се откриени во градинка во Фландрија, северниот регион на Белгија, открија медиумите. Двомесечно бебе било затворено во кујната затоа што “премногу плачело“, други бебиња и деца биле тепани, некои од нив насилно се држеле под студена вода за да престанат да плачат или насилно им се давало храна. Идентификувани се случаи на деца кои, кога ставале раце во тоалетот, им се буткала главата во ВЦ школката и се пуштала вода врз нив. Истрагата е отворена во октомври минатата година, по повеќе поднесени жалби, од родители и од вработени, а инспекции имало во март и април оваа година. Градинката беше конечно „итно“ затворена минатиот четврток. Според белгиските медиуми, еден од раководителите во градинката изјавил дека „вистина некогаш ги држиме одзади децата за да им помогнеме да јадат“, одговарајќи на обвинувањето дека насилно се хранеле децата држејќи им ги главите превртени наназад во скутот на „негувателите“. Политичките партии бараат одговори и темелна истрага и бараат присуство на надлежната министерка на парламентарна седница за прашања.

The post Тепани, држени со главата под вода за да престанат да плачат, насилно хранење: Бебиња биле малтретирани во белгиска градинка appeared first on Република.

]]>
Српски бебиња примаат бугарски вакцини против туберкулоза https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/srpski-bebinja-primaat-bugarski-vakcini-protiv-tuberkuloza/ Fri, 04 Nov 2022 07:05:37 +0000 https://republika.mk/?p=569375

Поранешниот раководител на Одделот за производство во српскиот Институтот „Торлак“, Мирослав Стајиќ, тврди дека новородените бебиња во Србија во изминатите три месеци примаат бугарски БСЖ вакцини, против туберкулоза, пренесе Бета.

Како што изјави за порталот Нова.рс, „целосно исправниот“ погон во Институтот за вирусологија, вакцини и серуми „Торлак“ за производство на тие вакцини е „неупотреблив“, бидејќи сите стручњаци го напуштиле одделението за туберкулоза, а младите кои неодамна се вработиле не знаат да работат.

„Кога сфатија дека немаат стручњаци кои ќе ја произведуваат вакцината БСЖ, раководството на Торлак под итно поднесе барање за увоз на вакцини против туберкулоза од Бугарија. Имено, целиот регион, Црна Гора, Република Српска, се снабдува со вакцини од Торлак. Но, на почетокот на годината и на пролетта имаше недостиг од таа вакцина во породилиштата во регионот, бидејќи производството беше прекинато во Торлак“, рече Стајиќ.

Тој изјави дека биолошкото производство на тие вакцини е ризично и дека бара експерти кои ќе го надгледуваат.

„Очигледно е дека Торлак поради некоја причина не успеал да направи доволно количества вакцини, па во јули нарачале БСЖ од Бугарија. Торлак директно тоа го платил. За жал, во текот на изминатите 20 години, многу лекари, биолози и речиси сите искусни техничари ја напуштиле таа установа. Се надевам дека Торлак повторно ќе може да ја произведе вакцината против туберкулоза, но некој мора да го научи подмладениот тим што го донесоа. Таму нема повеќе експерти и нема од кого да учат“, истакна Стајиќ.

Тој оцени дека ако има проблем со погоните, тогаш јавноста мора да знае за тоа, нагласувајќи дека Торлак не е приватна компанија.

Министерката за здравство на Србија, Даница Грујичиќ, минатата недела изјави дека на Гинеколошко-акушерската клиника во Белград 600 бебиња добиле физиолошки раствор наместо БСЖ вакцина

The post Српски бебиња примаат бугарски вакцини против туберкулоза appeared first on Република.

]]>

Поранешниот раководител на Одделот за производство во српскиот Институтот „Торлак“, Мирослав Стајиќ, тврди дека новородените бебиња во Србија во изминатите три месеци примаат бугарски БСЖ вакцини, против туберкулоза, пренесе Бета. Како што изјави за порталот Нова.рс, „целосно исправниот“ погон во Институтот за вирусологија, вакцини и серуми „Торлак“ за производство на тие вакцини е „неупотреблив“, бидејќи сите стручњаци го напуштиле одделението за туберкулоза, а младите кои неодамна се вработиле не знаат да работат. „Кога сфатија дека немаат стручњаци кои ќе ја произведуваат вакцината БСЖ, раководството на Торлак под итно поднесе барање за увоз на вакцини против туберкулоза од Бугарија. Имено, целиот регион, Црна Гора, Република Српска, се снабдува со вакцини од Торлак. Но, на почетокот на годината и на пролетта имаше недостиг од таа вакцина во породилиштата во регионот, бидејќи производството беше прекинато во Торлак“, рече Стајиќ. Тој изјави дека биолошкото производство на тие вакцини е ризично и дека бара експерти кои ќе го надгледуваат. „Очигледно е дека Торлак поради некоја причина не успеал да направи доволно количества вакцини, па во јули нарачале БСЖ од Бугарија. Торлак директно тоа го платил. За жал, во текот на изминатите 20 години, многу лекари, биолози и речиси сите искусни техничари ја напуштиле таа установа. Се надевам дека Торлак повторно ќе може да ја произведе вакцината против туберкулоза, но некој мора да го научи подмладениот тим што го донесоа. Таму нема повеќе експерти и нема од кого да учат“, истакна Стајиќ. Тој оцени дека ако има проблем со погоните, тогаш јавноста мора да знае за тоа, нагласувајќи дека Торлак не е приватна компанија. Министерката за здравство на Србија, Даница Грујичиќ, минатата недела изјави дека на Гинеколошко-акушерската клиника во Белград 600 бебиња добиле физиолошки раствор наместо БСЖ вакцина

The post Српски бебиња примаат бугарски вакцини против туберкулоза appeared first on Република.

]]>