Бауер Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bauer/ За подобро да се разбереме Mon, 19 Feb 2024 16:56:11 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Бауер Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bauer/ 32 32 Адмирал Роб Бауер, претседател на Воениот комитет на НАТО: Западот беше „премногу оптимист“ за текот на руската војна против Украина во 2023 година https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/admiral-rob-bauer-pretsedatel-na-voeniot-komitet-na-nato-zapadot-beshe-premnogu-optimist-za-tekot-na-ruskata-vojna-protiv-ukraina-vo-2023-godina/ Mon, 19 Feb 2024 19:53:51 +0000 https://republika.mk/?p=745824

Адмиралот Роб Бауер, претседател на Воениот комитет на НАТО, изјави дека Западот бил „премногу оптимист“ за текот на руската војна против Украина во 2023 година.

Бауер рече дека Западот верувал дека „ако им ги дадеме на Украинците муницијата и обуката што им се потребни, тие ќе победат“.

Сега, тој додаде дека „мора да внимаваме да не бидеме премногу песимисти во 2024 година“.

„Извонреден е самиот факт дека Украина сè уште е суверена држава и дека Украинците си вратија 50 отсто од она што Русите го зедоа во 2022 година“, додаде Бауер.

Блумберг претходно објави дека членките на НАТО сега приватно зборуваат за потенцијална руска агресија врз блокот како закана што бара итна реакција, бидејќи расте сомнежот дека САД ќе ја задржат својата традиционална улога да ја бранат Европа како дел од Алијансата.

The post Адмирал Роб Бауер, претседател на Воениот комитет на НАТО: Западот беше „премногу оптимист“ за текот на руската војна против Украина во 2023 година appeared first on Република.

]]>

Адмиралот Роб Бауер, претседател на Воениот комитет на НАТО, изјави дека Западот бил „премногу оптимист“ за текот на руската војна против Украина во 2023 година. Бауер рече дека Западот верувал дека „ако им ги дадеме на Украинците муницијата и обуката што им се потребни, тие ќе победат“. Сега, тој додаде дека „мора да внимаваме да не бидеме премногу песимисти во 2024 година“. „Извонреден е самиот факт дека Украина сè уште е суверена држава и дека Украинците си вратија 50 отсто од она што Русите го зедоа во 2022 година“, додаде Бауер. Блумберг претходно објави дека членките на НАТО сега приватно зборуваат за потенцијална руска агресија врз блокот како закана што бара итна реакција, бидејќи расте сомнежот дека САД ќе ја задржат својата традиционална улога да ја бранат Европа како дел од Алијансата.

The post Адмирал Роб Бауер, претседател на Воениот комитет на НАТО: Западот беше „премногу оптимист“ за текот на руската војна против Украина во 2023 година appeared first on Република.

]]>
Мандатот на Бауер на чело на Воениот комитет на НАТО продолжен за шест месеци, Драгоне избран за негов наследник https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/mandatot-na-bauer-na-chelo-na-voeniot-komitet-na-nato-prodolzhen-za-shest-mesetsi-dragone-izbran-za-negov-naslednik/ Sun, 17 Sep 2023 19:11:46 +0000 https://republika.mk/?p=682697

Началниците на генералштабовите на армиите на земјите членки на НАТО го продолжија мандатот на актуелниот претседавач на Воениот комитет на Алијансата, холандскиот адмирал Роб Бауер за уште шест месеци до декември 2024 и го избраа нивниот италијански колега, адмирал Џузепе Каво Драгоне за негов наследник.

Како што јави специјалниот известувач на МИА од Брисел, ваквата одлука е донесена на денеска завршената Конференција на Воениот комитет на НАТО во Осло, со образложение дека во моментов на нестабилна безбедносна клима и во услови на најголемо засилување на колективната одбрана на Алијансата по Студената војна, потребен е континуитет на лидерство, а со тоа и ќе му се овозможи на Драгоне да го заврши својот мандат како началник на Генералштабот на италијанските Вооружени сили, кој истекува во ноември 2024 година.

Адмирал Бауер изјави дека е почестен со изразената доверба од страна на членовите на Воениот комитет на НАТО со ваквата нивна одлука.

- Ќе дадам се од себе за да го продолжам обединувањето на северот, југот, истокот и западот и на големите и малите во рамките на нашата Алијанса и НАТО активно да пристапува до партнерите ширум светот, секогаш надградувајќи го фундаменталното верување дека има многу повеќе работи што не обединуваат, отколку што не делат и дека заедно сме навистина посилни, изјави Бауер, кој е претседавач на Воениот комитет на НАТО до јуни 2021 година.

Драгоне изрази благодарност за укажаната доверба во свое и во име на Италија.

- Ми претставува длабока чест што ја добив оваа престижна задача, што ќе ја извршувам со безрезервна посветеност на успехот на Атлантската алијанса и на афирмацијата на нејзините основни вредности, слободата и демократијата, изјави Драгоне.

Тој нагласи дека НАТО ќе има капацитети да ја понуди својата целосна поддршка на Украина и да се справи со предизвиците што се наѕираат на меѓународно ниво.

- Ја користам оваа прилика да му се заблагодарам на адмиралот Бауер за извонредната работа што ја работи и која ќе ме инспирира, додаде Драгоне.

Според одредбите на НАТО, претседавачот на Воениот комитет ги застапува ставовите усвоени со консензус од страна на неговите членови и има својство на главен воен советник на генералниот секретар на Алијансата, на Северноатлантскиот совет и останатите високи тела на Пактот. Во негова надлежност е да раководи со Воениот комитет и да работи на усогласување на различните национални позиции или политички разлики по одредени прашања.

The post Мандатот на Бауер на чело на Воениот комитет на НАТО продолжен за шест месеци, Драгоне избран за негов наследник appeared first on Република.

]]>

Началниците на генералштабовите на армиите на земјите членки на НАТО го продолжија мандатот на актуелниот претседавач на Воениот комитет на Алијансата, холандскиот адмирал Роб Бауер за уште шест месеци до декември 2024 и го избраа нивниот италијански колега, адмирал Џузепе Каво Драгоне за негов наследник. Како што јави специјалниот известувач на МИА од Брисел, ваквата одлука е донесена на денеска завршената Конференција на Воениот комитет на НАТО во Осло, со образложение дека во моментов на нестабилна безбедносна клима и во услови на најголемо засилување на колективната одбрана на Алијансата по Студената војна, потребен е континуитет на лидерство, а со тоа и ќе му се овозможи на Драгоне да го заврши својот мандат како началник на Генералштабот на италијанските Вооружени сили, кој истекува во ноември 2024 година. Адмирал Бауер изјави дека е почестен со изразената доверба од страна на членовите на Воениот комитет на НАТО со ваквата нивна одлука. - Ќе дадам се од себе за да го продолжам обединувањето на северот, југот, истокот и западот и на големите и малите во рамките на нашата Алијанса и НАТО активно да пристапува до партнерите ширум светот, секогаш надградувајќи го фундаменталното верување дека има многу повеќе работи што не обединуваат, отколку што не делат и дека заедно сме навистина посилни, изјави Бауер, кој е претседавач на Воениот комитет на НАТО до јуни 2021 година. Драгоне изрази благодарност за укажаната доверба во свое и во име на Италија. - Ми претставува длабока чест што ја добив оваа престижна задача, што ќе ја извршувам со безрезервна посветеност на успехот на Атлантската алијанса и на афирмацијата на нејзините основни вредности, слободата и демократијата, изјави Драгоне. Тој нагласи дека НАТО ќе има капацитети да ја понуди својата целосна поддршка на Украина и да се справи со предизвиците што се наѕираат на меѓународно ниво. - Ја користам оваа прилика да му се заблагодарам на адмиралот Бауер за извонредната работа што ја работи и која ќе ме инспирира, додаде Драгоне. Според одредбите на НАТО, претседавачот на Воениот комитет ги застапува ставовите усвоени со консензус од страна на неговите членови и има својство на главен воен советник на генералниот секретар на Алијансата, на Северноатлантскиот совет и останатите високи тела на Пактот. Во негова надлежност е да раководи со Воениот комитет и да работи на усогласување на различните национални позиции или политички разлики по одредени прашања.

The post Мандатот на Бауер на чело на Воениот комитет на НАТО продолжен за шест месеци, Драгоне избран за негов наследник appeared first on Република.

]]>